Охрид-Водици Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ohrid-vodici/ За подобро да се разбереме Fri, 19 Jan 2024 17:18:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Охрид-Водици Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ohrid-vodici/ 32 32 Се скрши крстот во Охрид https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/se-skrshi-krstot-vo-ohrid/ Fri, 19 Jan 2024 17:18:35 +0000 https://republika.mk/?p=734759

Никола Јакимоски од Охрид денеска беше најсреќен меѓу охриѓани. Тој беше највешт меѓу неколкуте стотини верници и успеа да го извади Чесниот крст од осветените води на Охридското Езеро.

Нo, на преносот на телевизија се виде дека иако Никола стигна прв до крстот, друго лице се обиде да му го истргне од рацете па така крстот се скрши, поголемиот дел остана во рацете на вистинскиот фаќач, а еден помал дел кај оној што насила сакаше да му го земе.

Скокам по крстот од својата 15-та година и како сите имав желба да го фатам. Оваа година среќата ме посака мене. Секогаш е тешко да се влезе во студените води, ама желбата е поголема од тешкотиите. Посакувам здравје, среќа, љубов, свадби, дечиња, напредок на сите полиња, рече 29-годишниот Јакимоски.

Традиционално, најсреќниот и оваа година беше даруван. Владиката дебарско-кичевски Тимотеј го даруваше со златен ланец со крст, а градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков му подари икона и крст изработен во филигран.

Инаку, како и секоја година празникот Водици во Охрид се одбележува масовно, со присуство на илјадници верници, како и стотици и илјадници капачи кои влегуваат во осветените езерски води.

Верскиот дел од чествувањата по повод Богојавленскиот водосвет ќе биде заокружен точно на пладне на Сараиште, со масовно крштевање во осветените езерски води.

За бројните верници и гости кои се тука во Охрид, прославувањето на големиот празник продолжува со концерт на групата „Некст тајм“ на Градскиот плоштад.

Празнувањата на Водици во Охрид продолжуваат и утре со „Денот на рибарите“ на самиот празник посветен на Свети Јован Крстител. Традиционалното капење на рибарите и годинава ќе се одржи на месноста „Сараиште“ и истата ќе биде надополнета со повеќе културни и забавни содржини. Оваа година ќе биде послужена и храна карактеристична за трпезите на овој празник, греана ракија, вино, пивтија.

The post Се скрши крстот во Охрид appeared first on Република.

]]>

Никола Јакимоски од Охрид денеска беше најсреќен меѓу охриѓани. Тој беше највешт меѓу неколкуте стотини верници и успеа да го извади Чесниот крст од осветените води на Охридското Езеро. Нo, на преносот на телевизија се виде дека иако Никола стигна прв до крстот, друго лице се обиде да му го истргне од рацете па така крстот се скрши, поголемиот дел остана во рацете на вистинскиот фаќач, а еден помал дел кај оној што насила сакаше да му го земе.
Скокам по крстот од својата 15-та година и како сите имав желба да го фатам. Оваа година среќата ме посака мене. Секогаш е тешко да се влезе во студените води, ама желбата е поголема од тешкотиите. Посакувам здравје, среќа, љубов, свадби, дечиња, напредок на сите полиња, рече 29-годишниот Јакимоски.
Традиционално, најсреќниот и оваа година беше даруван. Владиката дебарско-кичевски Тимотеј го даруваше со златен ланец со крст, а градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков му подари икона и крст изработен во филигран. Инаку, како и секоја година празникот Водици во Охрид се одбележува масовно, со присуство на илјадници верници, како и стотици и илјадници капачи кои влегуваат во осветените езерски води. Верскиот дел од чествувањата по повод Богојавленскиот водосвет ќе биде заокружен точно на пладне на Сараиште, со масовно крштевање во осветените езерски води. За бројните верници и гости кои се тука во Охрид, прославувањето на големиот празник продолжува со концерт на групата „Некст тајм“ на Градскиот плоштад. Празнувањата на Водици во Охрид продолжуваат и утре со „Денот на рибарите“ на самиот празник посветен на Свети Јован Крстител. Традиционалното капење на рибарите и годинава ќе се одржи на месноста „Сараиште“ и истата ќе биде надополнета со повеќе културни и забавни содржини. Оваа година ќе биде послужена и храна карактеристична за трпезите на овој празник, греана ракија, вино, пивтија.

The post Се скрши крстот во Охрид appeared first on Република.

]]>
Утре во Охрид почнува меѓународната научна конференција „Охрид- Водици 2022“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/utre-vo-ohrid-pochnuva-megjunarodnata-nauchna-konferencija-ohrid-vodici-2022/ Sun, 16 Jan 2022 14:22:22 +0000 https://republika.mk/?p=445299

Од 17 до 19 јануари 2022 по јубилеен 10-ти пат ќе се одржи меѓународната научна конференција „Охрид- Водици 2022“, во организација на Центарот за напредни истражувања, а во партнерство со „MIRAS“ – Социјалната Организација за Поддршка на проучувањето на културното наследство од Баку, Азербејџан,  Универзитетот Ајдин Аднан Мендерес од Турција списанието Руски политички науки од Москва, Русија, како и списанието Журнал за Глобални процеси од Мајами, Флорида, САД.

Поради светската пандемија на КОВИД-19, оваа година конференцијата ќе се одржи хибридно со физичко присустви и  on-line преку платформата ZOOM. Тематски фокус на оваа конференцијата ќе биде посветена на „Глобалните трендови и предизвици поврзани со идентитетите, културното наследство, животната средина, креативните заедници, туризмот и одржливиот локален/регионален развој“.  На конференцијата ќе бидат презентирани 42 труда, од 71 учесник и 11 земји, информира Д-р Рубин Земон, претседател на Програмскиот Комитет на конференцијата.

Отворањето на конференцијата ќе биде на 17 јануари 2022, со почеток во 11 часот, во анфитеатарот на Институтот за Филм- Филмската академија Охрид, т.е. Универзетитетот Св. Апостол Павле во Охрид.

Конференцијата ќе ја поздрави и градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков и Националниот координатор за Едно општество и интеркултурализам при Владата на Република Македонија, Роберт Алаѓозовски.

The post Утре во Охрид почнува меѓународната научна конференција „Охрид- Водици 2022“ appeared first on Република.

]]>

Од 17 до 19 јануари 2022 по јубилеен 10-ти пат ќе се одржи меѓународната научна конференција „Охрид- Водици 2022“, во организација на Центарот за напредни истражувања, а во партнерство со „MIRAS“ – Социјалната Организација за Поддршка на проучувањето на културното наследство од Баку, Азербејџан,  Универзитетот Ајдин Аднан Мендерес од Турција списанието Руски политички науки од Москва, Русија, како и списанието Журнал за Глобални процеси од Мајами, Флорида, САД.
Поради светската пандемија на КОВИД-19, оваа година конференцијата ќе се одржи хибридно со физичко присустви и  on-line преку платформата ZOOM. Тематски фокус на оваа конференцијата ќе биде посветена на „Глобалните трендови и предизвици поврзани со идентитетите, културното наследство, животната средина, креативните заедници, туризмот и одржливиот локален/регионален развој“.  На конференцијата ќе бидат презентирани 42 труда, од 71 учесник и 11 земји, информира Д-р Рубин Земон, претседател на Програмскиот Комитет на конференцијата.
Отворањето на конференцијата ќе биде на 17 јануари 2022, со почеток во 11 часот, во анфитеатарот на Институтот за Филм- Филмската академија Охрид, т.е. Универзетитетот Св. Апостол Павле во Охрид. Конференцијата ќе ја поздрави и градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков и Националниот координатор за Едно општество и интеркултурализам при Владата на Република Македонија, Роберт Алаѓозовски.

The post Утре во Охрид почнува меѓународната научна конференција „Охрид- Водици 2022“ appeared first on Република.

]]>