Охрид-Водици 2022 Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ohrid-vodici-2022/ За подобро да се разбереме Mon, 17 Jan 2022 08:11:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Охрид-Водици 2022 Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ohrid-vodici-2022/ 32 32 Десетто издание на Меѓународната научна конференција „Охрид-Водици 2022“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/desetto-izdanie-na-megjunarodnata-nauchna-konferencija-ohrid-vodici-2022/ Mon, 17 Jan 2022 07:53:01 +0000 https://republika.mk/?p=445554

„Глобалните трендови и предизвици поврзани со идентитетите, културното наследство, животната средина, креативните заедници, туризмот и одржливиот локален/регионален развој“ ќе биде фокусот на дискусиите на десетата Меѓународна научна конференција „Охрид-Водици 2022“, што од денеска ќе се одржува во Охрид.

На собирот организиран од Центарот за напредни истражувања, заедно со Социјалната организација за поддршка на проучувањето на културното наследство од Баку (МИРАС), Универзитетот „Ајдин Аднан Мендерес“ од Турција, московското списание „Руски политички науки“ и Журналот за глобални процеси од Мајами, најавено е учество на над седумдесет учесници, научни работници, експерти од единаесет земји.

Отворањето на конференцијата е предвидено за денеска во амфитеатарот на Институтот за Филм-Филмската академија во Охрид, а свои поздравни обраќања пред учесниците ќе имаат градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, како и Роберт Алаѓозовски, националниот координатор за „Едно општество и интеркултурализам“ при Владата.

Поради наметнатата ситуација предизвикана од корона вирусот, годинашната конференција ќе се одржува хибридно, со физичко присуство и „онлајн“ преку платформата „Зум“.

На научниот собир најавена е презентација на повеќе од 40 научни труда.

The post Десетто издание на Меѓународната научна конференција „Охрид-Водици 2022“ appeared first on Република.

]]>

„Глобалните трендови и предизвици поврзани со идентитетите, културното наследство, животната средина, креативните заедници, туризмот и одржливиот локален/регионален развој“ ќе биде фокусот на дискусиите на десетата Меѓународна научна конференција „Охрид-Водици 2022“, што од денеска ќе се одржува во Охрид. На собирот организиран од Центарот за напредни истражувања, заедно со Социјалната организација за поддршка на проучувањето на културното наследство од Баку (МИРАС), Универзитетот „Ајдин Аднан Мендерес“ од Турција, московското списание „Руски политички науки“ и Журналот за глобални процеси од Мајами, најавено е учество на над седумдесет учесници, научни работници, експерти од единаесет земји. Отворањето на конференцијата е предвидено за денеска во амфитеатарот на Институтот за Филм-Филмската академија во Охрид, а свои поздравни обраќања пред учесниците ќе имаат градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, како и Роберт Алаѓозовски, националниот координатор за „Едно општество и интеркултурализам“ при Владата. Поради наметнатата ситуација предизвикана од корона вирусот, годинашната конференција ќе се одржува хибридно, со физичко присуство и „онлајн“ преку платформата „Зум“. На научниот собир најавена е презентација на повеќе од 40 научни труда.

The post Десетто издание на Меѓународната научна конференција „Охрид-Водици 2022“ appeared first on Република.

]]>