Охрид трчаТ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ohrid-trchat/ За подобро да се разбереме Sun, 02 Jun 2024 10:47:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Охрид трчаТ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ohrid-trchat/ 32 32 Дарио Ивановски победник на 8. издание на „Охрид трчат“ https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/dario-ivanovski-pobednik-na-8-izdanie-na-ohrid-trchat/ Sun, 02 Jun 2024 10:47:48 +0000 https://republika.mk/?p=784113

Македонскиот атлетичар Дарио Ивановски победи на главната трка на 21 километар на 8. издание на Атлетскиот викенд „Охрид трчаТ“, што се одржа денеска низ улиците на Охрид.

Дарио полумаратонот го истрча за 1 час 10 минути и 1 секунда. На второто и третото место се пласираа атлетичарите од Бугарија Михаил Валковски (1:14:00ч.) и Николај Николов (1:15:44).

Победникот Ивановски покрај парична награда од 300 евра од Општина Охрид доби ваучер за десетдневни подготовки во Охрид пред настапот на Европското првенство и Олимпијадата, што ќе се одржат ова лето.

Најдобар резултат во женска конкуренција во трката на 21 километар оствари Милјана Ристиќ со резултат 1:30:01 ч., Јована Шубатлија од Србија заврши втора(1:30:40ч.), а трета финишираше Фросина Михајловска (1:31:35ч.).

Во трката на 5 километри победи Мирослав Спасов од Бугарија со време 18:11 минути, пред тркачите од Македонија Александар Арсов (19: 16м.) и Ријат Шеипи (19:32м.).

Во женска конкуренција на 5 километри најбрза беше Емили Иваноска од Македонија со време 24:25 минути, пред сонародничката Дарија Крстевска (24:28м.) и Весела Панчева од Бугарија (25:21м.).

Во штафетната трка на 21 километар најбрза беше екипата на Делта од Скопје, Македонија со време 1:15:55 часа, пред АК Аеродром (1:33:08ч.) и Стребениотес1 од Грција (1:34:02).

Наградите на најдобрите атлетичари им ги врачија претседателката на Македонија Гордана Сиљановска Давкова и градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков.

На „Охрид трчаТ“ оваа година учество зедоа рекордни 2200 натпреварувачи од 31 земја. За организацијата и безбедноста на настанот кој мина во одлична атмосфера се погрижија 500 волонтери и припадници на полицијата.

The post Дарио Ивановски победник на 8. издание на „Охрид трчат“ appeared first on Република.

]]>

Македонскиот атлетичар Дарио Ивановски победи на главната трка на 21 километар на 8. издание на Атлетскиот викенд „Охрид трчаТ“, што се одржа денеска низ улиците на Охрид. Дарио полумаратонот го истрча за 1 час 10 минути и 1 секунда. На второто и третото место се пласираа атлетичарите од Бугарија Михаил Валковски (1:14:00ч.) и Николај Николов (1:15:44). Победникот Ивановски покрај парична награда од 300 евра од Општина Охрид доби ваучер за десетдневни подготовки во Охрид пред настапот на Европското првенство и Олимпијадата, што ќе се одржат ова лето. Најдобар резултат во женска конкуренција во трката на 21 километар оствари Милјана Ристиќ со резултат 1:30:01 ч., Јована Шубатлија од Србија заврши втора(1:30:40ч.), а трета финишираше Фросина Михајловска (1:31:35ч.). Во трката на 5 километри победи Мирослав Спасов од Бугарија со време 18:11 минути, пред тркачите од Македонија Александар Арсов (19: 16м.) и Ријат Шеипи (19:32м.). Во женска конкуренција на 5 километри најбрза беше Емили Иваноска од Македонија со време 24:25 минути, пред сонародничката Дарија Крстевска (24:28м.) и Весела Панчева од Бугарија (25:21м.). Во штафетната трка на 21 километар најбрза беше екипата на Делта од Скопје, Македонија со време 1:15:55 часа, пред АК Аеродром (1:33:08ч.) и Стребениотес1 од Грција (1:34:02). Наградите на најдобрите атлетичари им ги врачија претседателката на Македонија Гордана Сиљановска Давкова и градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков. На „Охрид трчаТ“ оваа година учество зедоа рекордни 2200 натпреварувачи од 31 земја. За организацијата и безбедноста на настанот кој мина во одлична атмосфера се погрижија 500 волонтери и припадници на полицијата.

The post Дарио Ивановски победник на 8. издание на „Охрид трчат“ appeared first on Република.

]]>
Дарио Ивановски на „Охрид трчаТ“ 2024 https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/dario-ivanovski-na-ohrid-trchat-2024/ Wed, 29 May 2024 12:30:11 +0000 https://republika.mk/?p=782807

На 8. Издание на најголемата спортска манифестација во градот покрај Охридското Езеро, Атлетскиот викенд „Охрид трчаТ“, што оваа година ќе се одржи од 31 мај до 2 јуни, ќе трча Дарио Ивановски, засега единствениот учесник од Македонија на Летните Олимписки Игри во Париз.

Улиците на Охрид претстојниот викенд ќе бидат олимписки благодарение на нашиот Олимпиец, кој токму во Охрид ќе ја бруси формата за настапот на ЛОИ во Париз. Тоа подразбира и олимписко однесување на сите нас, а Охрид и охриѓани отсекогаш знаеле да ги ценат врвните спортисти и вистинските вредности кои придонесуваат за позитивниот имиџ на градот. Освен масовноста на настанот, се очекува и масовно присуство на граѓаните покрај патеката на која ќе се одвиваат трките на „Охрид трчаТ“, да им дадат поддршка на натпреварувачите меѓу кои ќе биде и македонскиот oлимпиец Ивановски.

Атлетскиот викенд „Охрид трчаТ“, што го организира АК „Охрид трчаТ“, почнува на 31 мај, петок, со Експо. Денот ќе продолжи со работилница со „Strech Well“ – Србија, а ќе заврши со Ноќна трка чиј старт е предвиден во 21 часот по што следи концерт на „Камелеон“.

Во сабота, 1 јуни, продолжува експото, а предвидени се рекреативни разгледи на градот и знаменитостите околу Охридското Езеро на гостинските делегации. На пладне ќе се одржи „Warm Up“ со Имлек протеин, а во 17 часот ќе се одржи панел дискусија „Децата и спортот“.

Главниот настан во недела, 2 јуни, почнува во 07:45 часот. Стартот на трката на 21 километар е во 08:15 часот, додека трката на 5 км стартува во 9 часот. Предвидена е и богата забавна програма за учесниците со диџеи, фан зони и зони за освежување. За безбедноста и сигурноста на учесниците ќе се грижат бројни волонтери и припадници на охридската полиција и Службата за спасување на планини и непристапен терен на Црвениот крст Охрид.

За време на трките во недела, во делови од Охрид на сила ќе биде посебен режим на сообраќај.

Ги молиме граѓаните за разбирање и трпеливост и ги покануваме да бидат дел од настаните на Атлетскиот викенд „Охрид трчаТ“, заедно да придонесеме за уште една успешна охридска приказна.

Деталите за осмото издание на на Атлетскиот викенд „Охрид трчаТ“, ќе бидат соопштени на прес конференција во петок.

 

The post Дарио Ивановски на „Охрид трчаТ“ 2024 appeared first on Република.

]]>

На 8. Издание на најголемата спортска манифестација во градот покрај Охридското Езеро, Атлетскиот викенд „Охрид трчаТ“, што оваа година ќе се одржи од 31 мај до 2 јуни, ќе трча Дарио Ивановски, засега единствениот учесник од Македонија на Летните Олимписки Игри во Париз.
Улиците на Охрид претстојниот викенд ќе бидат олимписки благодарение на нашиот Олимпиец, кој токму во Охрид ќе ја бруси формата за настапот на ЛОИ во Париз. Тоа подразбира и олимписко однесување на сите нас, а Охрид и охриѓани отсекогаш знаеле да ги ценат врвните спортисти и вистинските вредности кои придонесуваат за позитивниот имиџ на градот. Освен масовноста на настанот, се очекува и масовно присуство на граѓаните покрај патеката на која ќе се одвиваат трките на „Охрид трчаТ“, да им дадат поддршка на натпреварувачите меѓу кои ќе биде и македонскиот oлимпиец Ивановски.
Атлетскиот викенд „Охрид трчаТ“, што го организира АК „Охрид трчаТ“, почнува на 31 мај, петок, со Експо. Денот ќе продолжи со работилница со „Strech Well“ – Србија, а ќе заврши со Ноќна трка чиј старт е предвиден во 21 часот по што следи концерт на „Камелеон“. Во сабота, 1 јуни, продолжува експото, а предвидени се рекреативни разгледи на градот и знаменитостите околу Охридското Езеро на гостинските делегации. На пладне ќе се одржи „Warm Up“ со Имлек протеин, а во 17 часот ќе се одржи панел дискусија „Децата и спортот“. Главниот настан во недела, 2 јуни, почнува во 07:45 часот. Стартот на трката на 21 километар е во 08:15 часот, додека трката на 5 км стартува во 9 часот. Предвидена е и богата забавна програма за учесниците со диџеи, фан зони и зони за освежување. За безбедноста и сигурноста на учесниците ќе се грижат бројни волонтери и припадници на охридската полиција и Службата за спасување на планини и непристапен терен на Црвениот крст Охрид. За време на трките во недела, во делови од Охрид на сила ќе биде посебен режим на сообраќај.
Ги молиме граѓаните за разбирање и трпеливост и ги покануваме да бидат дел од настаните на Атлетскиот викенд „Охрид трчаТ“, заедно да придонесеме за уште една успешна охридска приказна.
Деталите за осмото издание на на Атлетскиот викенд „Охрид трчаТ“, ќе бидат соопштени на прес конференција во петок.  

The post Дарио Ивановски на „Охрид трчаТ“ 2024 appeared first on Република.

]]>
Пецаков на „Охрид трчаТ“ за поддршка на ретките болести https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/petsakov-na-ohrid-trchat-za-poddrshka-na-retkite-bolesti/ Sun, 04 Jun 2023 18:38:46 +0000 https://republika.mk/?p=647735

И оваа година трчавме за поддршка на Ги Запознаваме Ретките Болести .

Одлично издание на Охрид трчаТ . Премногу позитивна енергија и премногу потрошени калории.

Честитки до организаторите за успешното издание, а пред се честитки до сите учесници, напиша на својот фејсбук профил, градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков.

The post Пецаков на „Охрид трчаТ“ за поддршка на ретките болести appeared first on Република.

]]>

И оваа година трчавме за поддршка на Ги Запознаваме Ретките Болести .

Одлично издание на Охрид трчаТ . Премногу позитивна енергија и премногу потрошени калории.

Честитки до организаторите за успешното издание, а пред се честитки до сите учесници, напиша на својот фејсбук профил, градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков.

The post Пецаков на „Охрид трчаТ“ за поддршка на ретките болести appeared first on Република.

]]>
Дарио Ивановски и Билшерин Сулејман се победници на полумаратонот на „Охрид трчаТ“ https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/dario-ivanovski-i-bilsherin-sulejman-se-pobednitsi-na-polumaratonot-na-ohrid-trchat/ Sun, 04 Jun 2023 10:26:10 +0000 https://republika.mk/?p=647612

Македонскиот атлетичар Дарио Ивановски, кој е и балкански шампион во полумаратон, годинава победи на 21. километарската патека во Охрид на атлетската манифестација „Охрид трчаТ“. Ивановски патеката ја мина за 1 час 11 минути и 18 секунди. Во женска конкуренција најдобра беше Билшерин Сулејман од Бугарија.

Втори на целта пристигнаа Тирон Мамуша од Албанија и Билјана Кираџиева, додека трети беа Муџаид Мислими и Марина Домазетоска од Македонија.

Наградниот фонд за победниците на 21 километар е 300, 200 и 100 евра во машка и женска конкуренција, а тие добија и бисери од Филеви.

Во трката на пет километри победија Михаил Вулковски од Бугарија со време 18:52 минути од мажите и Аделина Павлова од Бугарија со време 22:29 минути во женска конкуренција.

Втори беа Жорит ван дер Рат од Холандија и Николина Милевска Велјановска од Македонија, додека трети во машка, односно женска конкуренција беа Атила Расим од Бугарија и Бојана Наумовска од Македонија.

На штафетната трка од 21 километар во машка конкуренција тримфираше АК Делта, пред Битолски бавни тркачи и „Poetry Run“ . Во женска конкуренција првото место го освои штафетата „Сакаме тартан во Битола“ пред „Ohrid running team girls“.

 

The post Дарио Ивановски и Билшерин Сулејман се победници на полумаратонот на „Охрид трчаТ“ appeared first on Република.

]]>

Македонскиот атлетичар Дарио Ивановски, кој е и балкански шампион во полумаратон, годинава победи на 21. километарската патека во Охрид на атлетската манифестација „Охрид трчаТ“. Ивановски патеката ја мина за 1 час 11 минути и 18 секунди. Во женска конкуренција најдобра беше Билшерин Сулејман од Бугарија. Втори на целта пристигнаа Тирон Мамуша од Албанија и Билјана Кираџиева, додека трети беа Муџаид Мислими и Марина Домазетоска од Македонија. Наградниот фонд за победниците на 21 километар е 300, 200 и 100 евра во машка и женска конкуренција, а тие добија и бисери од Филеви. Во трката на пет километри победија Михаил Вулковски од Бугарија со време 18:52 минути од мажите и Аделина Павлова од Бугарија со време 22:29 минути во женска конкуренција. Втори беа Жорит ван дер Рат од Холандија и Николина Милевска Велјановска од Македонија, додека трети во машка, односно женска конкуренција беа Атила Расим од Бугарија и Бојана Наумовска од Македонија. На штафетната трка од 21 километар во машка конкуренција тримфираше АК Делта, пред Битолски бавни тркачи и „Poetry Run“ . Во женска конкуренција првото место го освои штафетата „Сакаме тартан во Битола“ пред „Ohrid running team girls“.  

The post Дарио Ивановски и Билшерин Сулејман се победници на полумаратонот на „Охрид трчаТ“ appeared first on Република.

]]>
Почна седмото издание на „Охрид трчаТ“ https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/pochna-sedmoto-izdanie-na-ohrid-trchat/ Sun, 04 Jun 2023 07:31:36 +0000 https://republika.mk/?p=647545

Скоро 2.000 натпреварувачи тргнаа од целта на „Кеј Македонија“ на седмото издание на спортската манифестација „Охрид трчаТ“.

Тркачите, во машка и женска конкуренција, ќе се натпреваруваат на полумаратон од 21 километар, штафетна и пет километарска трка.

Горан Момироски од прес-службата на „Охрид трчаТ“ информира дека трката на 21 километар во индивидуална конкуренција и штафети, стартувала точно во 8 часот и 30 минути, а пет минути подоцна, според планираното почнала и трката на 5 километри.

На седмото издание на „Охрид трча“ учествуваат близу 2.000 натпреварувачи од 28 земји. Наградниот фонд за победниците на 21 километар е 300, 200 и 100 евра во машка и женска конкуренција. Тие ќе добијат и бисери од Филеви, истакна Момироски.

За реализација на настанот ангажирани се над 250 волонтери, а за регуларноста на трката ќе се грижат 50 судии. Осум медицински екипи ќе се грижат за учесниците на пунктови, а ќе има и мобилни медицински екипи на велосипед. Долж трката ќе бидат поставени 12 освежителни пункта.

Штафетниот полумаратон и трката на 21 километар ќе трчаат два круга од кеј „Македонија“ по улиците „Македонски Просветители“, и „Партизанска“, се врти лево кај Гимназијата, по улицата „Димитар Влахов“ повторно се излегува на „Македонски Просветители“, па на булевар „Туристичка“, лево кон Горна Порта, по „Илинденска“ се спушта надолу, по Кејот и се продолжува до кружниот тек пред плажата „Горица 2“. Се враќаат назад, преку мостот кај хотел „Ројал“, се врти десно и се оди повторно кај Гимназија. Се врти уште еден таков круг и третиот пат се оди на финиш, по „Димитар Влахов“ на „Македонски Просветители“ до целта на Кеј.

Поради непречено одвивање на трките, низ дел од охридските улици има времен сообраќаен режим до 11 часот и 30 минути. Затворени за сообраќај се улиците „Кеј Македонија“, „Македонски Просветители“, „Партизанска“, „Јане Сандански“, „Димитар Влахов“, „Туристичка“, „Абас Емин“, „Кирил и Методиј“, „Илинденска“, „Коста Абраш“, „Св. Наум Охридски“ и патеката Студенчишта.

The post Почна седмото издание на „Охрид трчаТ“ appeared first on Република.

]]>

Скоро 2.000 натпреварувачи тргнаа од целта на „Кеј Македонија“ на седмото издание на спортската манифестација „Охрид трчаТ“. Тркачите, во машка и женска конкуренција, ќе се натпреваруваат на полумаратон од 21 километар, штафетна и пет километарска трка. Горан Момироски од прес-службата на „Охрид трчаТ“ информира дека трката на 21 километар во индивидуална конкуренција и штафети, стартувала точно во 8 часот и 30 минути, а пет минути подоцна, според планираното почнала и трката на 5 километри.
На седмото издание на „Охрид трча“ учествуваат близу 2.000 натпреварувачи од 28 земји. Наградниот фонд за победниците на 21 километар е 300, 200 и 100 евра во машка и женска конкуренција. Тие ќе добијат и бисери од Филеви, истакна Момироски.
За реализација на настанот ангажирани се над 250 волонтери, а за регуларноста на трката ќе се грижат 50 судии. Осум медицински екипи ќе се грижат за учесниците на пунктови, а ќе има и мобилни медицински екипи на велосипед. Долж трката ќе бидат поставени 12 освежителни пункта. Штафетниот полумаратон и трката на 21 километар ќе трчаат два круга од кеј „Македонија“ по улиците „Македонски Просветители“, и „Партизанска“, се врти лево кај Гимназијата, по улицата „Димитар Влахов“ повторно се излегува на „Македонски Просветители“, па на булевар „Туристичка“, лево кон Горна Порта, по „Илинденска“ се спушта надолу, по Кејот и се продолжува до кружниот тек пред плажата „Горица 2“. Се враќаат назад, преку мостот кај хотел „Ројал“, се врти десно и се оди повторно кај Гимназија. Се врти уште еден таков круг и третиот пат се оди на финиш, по „Димитар Влахов“ на „Македонски Просветители“ до целта на Кеј. Поради непречено одвивање на трките, низ дел од охридските улици има времен сообраќаен режим до 11 часот и 30 минути. Затворени за сообраќај се улиците „Кеј Македонија“, „Македонски Просветители“, „Партизанска“, „Јане Сандански“, „Димитар Влахов“, „Туристичка“, „Абас Емин“, „Кирил и Методиј“, „Илинденска“, „Коста Абраш“, „Св. Наум Охридски“ и патеката Студенчишта.

The post Почна седмото издание на „Охрид трчаТ“ appeared first on Република.

]]>
Утре времен и изменет сообраќаен режим во Охрид https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/utre-vremen-i-izmenet-soobrakaen-rezhim-vo-ohrid/ Sat, 03 Jun 2023 16:08:27 +0000 https://republika.mk/?p=647461

Низ дел од охридските улици утре ќе биде воведен времен сообраќаен режим во периодот од 8 до 11:30 часот поради одржување на трките од седмото издание на спортската манифестација „Охрид трчаТ“.

„Ве повикуваме да бидете дел од нашата визија и заедно да покажеме почит и разбирање кон сите оние кои одлучиле да дојдат во Охрид да трчаат и уживаат во неговите убавини. Ве молиме да имате разбирање и да го почитувате времениот сообраќаен режим“, апелира организаторот.

Сопствениците на возила ги замолуваат да ги паркираат возилата на соодветно место, од каде ќе можат да ги користат доколку имаат потреба во тој период и да ги почитуваат насоките на редарите, волонтерите, судиите, сообраќајната полиција и поставената сигнализација.

За време на манифестацијата затворени за сообраќај ќе бидат улиците „Кеј Македонија“, „Македонски Просветители“, „Партизанска“, „Јане Сандански“, „Димитар Влахов“, „Туристичка“, „Абас Емин“, „Кирил и Методиј“, „Илинденска“, „Коста Абраш“, „Св. Наум Охридски“ и патеката Студенчишта.

Како алтернативни паркинг простори организаторите на настанот ги посочуваат паркингот кај Горна Порта, позади Центарот за култура „Григор Прличев“, како и просторот кај поранешниот спортски полигон.

Седмото издание на спортскиот викенд „Охрид трчаТ“ почна вчера со официјална прес конференција и експо. Синоќа се одржа ноќна рекреативна трка, концерт со охридски изведувачи и паста забава. За денеска предвидена е посета на Свети Наум, ноќно крстарење низ Охридското езеро и панел дискусија на тема „Регионалната соработка VS спортските настани“.

На годинашното издание ќе трчаат 1.930 учесници од 28 држави на трките од 21 и пет километри, како и штафетната трка.

Насловната фотографија е од синоќешниот почеток на спортската манифестација со ноќната трка низ Охрид.

 

The post Утре времен и изменет сообраќаен режим во Охрид appeared first on Република.

]]>

Низ дел од охридските улици утре ќе биде воведен времен сообраќаен режим во периодот од 8 до 11:30 часот поради одржување на трките од седмото издание на спортската манифестација „Охрид трчаТ“. „Ве повикуваме да бидете дел од нашата визија и заедно да покажеме почит и разбирање кон сите оние кои одлучиле да дојдат во Охрид да трчаат и уживаат во неговите убавини. Ве молиме да имате разбирање и да го почитувате времениот сообраќаен режим“, апелира организаторот. Сопствениците на возила ги замолуваат да ги паркираат возилата на соодветно место, од каде ќе можат да ги користат доколку имаат потреба во тој период и да ги почитуваат насоките на редарите, волонтерите, судиите, сообраќајната полиција и поставената сигнализација. За време на манифестацијата затворени за сообраќај ќе бидат улиците „Кеј Македонија“, „Македонски Просветители“, „Партизанска“, „Јане Сандански“, „Димитар Влахов“, „Туристичка“, „Абас Емин“, „Кирил и Методиј“, „Илинденска“, „Коста Абраш“, „Св. Наум Охридски“ и патеката Студенчишта. Како алтернативни паркинг простори организаторите на настанот ги посочуваат паркингот кај Горна Порта, позади Центарот за култура „Григор Прличев“, како и просторот кај поранешниот спортски полигон. Седмото издание на спортскиот викенд „Охрид трчаТ“ почна вчера со официјална прес конференција и експо. Синоќа се одржа ноќна рекреативна трка, концерт со охридски изведувачи и паста забава. За денеска предвидена е посета на Свети Наум, ноќно крстарење низ Охридското езеро и панел дискусија на тема „Регионалната соработка VS спортските настани“. На годинашното издание ќе трчаат 1.930 учесници од 28 држави на трките од 21 и пет километри, како и штафетната трка. Насловната фотографија е од синоќешниот почеток на спортската манифестација со ноќната трка низ Охрид.  

The post Утре времен и изменет сообраќаен режим во Охрид appeared first on Република.

]]>
Времен сообраќаен режим за „Охрид трчаТ“ утре во Охрид https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/vremen-soobrakaen-rezhim-za-ohrid-trchat-utre-vo-ohrid/ Sat, 03 Jun 2023 09:48:03 +0000 https://republika.mk/?p=647348

Низ дел од охридските улици утре ќе биде воведен времен сообраќаен режим во периодот од 8 до 11:30 часот поради одржување на трките од седмото издание на спортската манифестација „Охрид трчаТ“.

- Ве повикуваме да бидете дел од нашата визија и заедно да покажеме почит и разбирање кон сите оние кои одлучиле да дојдат во Охрид да трчаат и уживаат во неговите убавини. Ве молиме да имате разбирање и да го почитувате времениот сообраќаен режим, апелира организаторот.

Сопствениците на возила ги замолуваат да ги паркираат возилата на соодветно место, од каде ќе можат да ги користат доколку имаат потреба во тој период и да ги почитуваат насоките на редарите, волонтерите, судиите, сообраќајната полиција и поставената сигнализација.

За време на манифестацијата затворени за сообраќај ќе бидат улиците „Кеј Македонија“, „Македонски Просветители“, „Партизанска“, „Јане Сандански“, „Димитар Влахов“, „Туристичка“, „Абас Емин“, „Кирил и Методиј“, „Илинденска“, „Коста Абраш“, „Св. Наум Охридски“ и патеката Студенчишта.

Како алтернативни паркинг простори организаторите на настанот ги посочуваат паркингот кај Горна Порта, позади Центарот за култура „Григор Прличев“, како и просторот кај поранешниот спортски полигон.

Седмото издание на спортскиот викенд „Охрид трчаТ“ почна вчера со официјална прес конференција и експо. Синоќа се одржа ноќна рекреативна трка, концерт со охридски изведувачи и паста забава. За денеска предвидена е посета на Свети Наум, ноќно крстарење низ Охридското езеро и панел дискусија на тема „Регионалната соработка VS спортските настани“.

На годинашното издание ќе трчаат 1.930 учесници од 28 држави на трките од 21 и пет километри, како и штафетната трка.

The post Времен сообраќаен режим за „Охрид трчаТ“ утре во Охрид appeared first on Република.

]]>

Низ дел од охридските улици утре ќе биде воведен времен сообраќаен режим во периодот од 8 до 11:30 часот поради одржување на трките од седмото издание на спортската манифестација „Охрид трчаТ“. - Ве повикуваме да бидете дел од нашата визија и заедно да покажеме почит и разбирање кон сите оние кои одлучиле да дојдат во Охрид да трчаат и уживаат во неговите убавини. Ве молиме да имате разбирање и да го почитувате времениот сообраќаен режим, апелира организаторот. Сопствениците на возила ги замолуваат да ги паркираат возилата на соодветно место, од каде ќе можат да ги користат доколку имаат потреба во тој период и да ги почитуваат насоките на редарите, волонтерите, судиите, сообраќајната полиција и поставената сигнализација. За време на манифестацијата затворени за сообраќај ќе бидат улиците „Кеј Македонија“, „Македонски Просветители“, „Партизанска“, „Јане Сандански“, „Димитар Влахов“, „Туристичка“, „Абас Емин“, „Кирил и Методиј“, „Илинденска“, „Коста Абраш“, „Св. Наум Охридски“ и патеката Студенчишта. Како алтернативни паркинг простори организаторите на настанот ги посочуваат паркингот кај Горна Порта, позади Центарот за култура „Григор Прличев“, како и просторот кај поранешниот спортски полигон. Седмото издание на спортскиот викенд „Охрид трчаТ“ почна вчера со официјална прес конференција и експо. Синоќа се одржа ноќна рекреативна трка, концерт со охридски изведувачи и паста забава. За денеска предвидена е посета на Свети Наум, ноќно крстарење низ Охридското езеро и панел дискусија на тема „Регионалната соработка VS спортските настани“. На годинашното издание ќе трчаат 1.930 учесници од 28 држави на трките од 21 и пет километри, како и штафетната трка.

The post Времен сообраќаен режим за „Охрид трчаТ“ утре во Охрид appeared first on Република.

]]>
Привршуваат подготовките на седмото издание на „Охрид трчаТ“ https://arhiva3.republika.mk/zivot/privrshuvaat-podgotovkite-na-sedmoto-izdanie-na-ohrid-trchat/ Wed, 31 May 2023 18:11:25 +0000 https://republika.mk/?p=646557

Во завршна фаза се подготовките за седмото издание на спортската манифестација, атлетскиот викенд „Охрид трчаТ 2023“, што ќе се одржи од 2 до 4 јуни во Охрид.

- Годинава на „Охрид трчаТ“ ќе учествуваат рекорден број натпреварувачи во трките на 5 и 21 километар во индивидуална конкуренција и штафета. За нив ќе се погрижат стотици волонтери од разни профили, помагатели и спортски професионалци, кои интензивно работат организацијата на настанот и овој пат да биде на највисоко ниво, што е препознатлив белег на „Охрид трчаТ“, соопшти прес-служба на „Охрид трчаТ“.

Во рамки на манифестацијата в петок ќе биде отворено Експо, а, според информацијата, попладнето предвидено е загревање со „Стречвел Србија“, како увертира во ноќната трка на два километри, која стартува во 20 часот, по што следи забава.

В сабота ќе се одржи панел дискусија на која учество ќе земат претставници на етаблирани маратони од регионот и Европа. Главниот настан е во недела кога ќе се одржат предвидените трки во натпреварувачка конкуренција. Почетокот е закажан во 8 часот.

The post Привршуваат подготовките на седмото издание на „Охрид трчаТ“ appeared first on Република.

]]>

Во завршна фаза се подготовките за седмото издание на спортската манифестација, атлетскиот викенд „Охрид трчаТ 2023“, што ќе се одржи од 2 до 4 јуни во Охрид. - Годинава на „Охрид трчаТ“ ќе учествуваат рекорден број натпреварувачи во трките на 5 и 21 километар во индивидуална конкуренција и штафета. За нив ќе се погрижат стотици волонтери од разни профили, помагатели и спортски професионалци, кои интензивно работат организацијата на настанот и овој пат да биде на највисоко ниво, што е препознатлив белег на „Охрид трчаТ“, соопшти прес-служба на „Охрид трчаТ“. Во рамки на манифестацијата в петок ќе биде отворено Експо, а, според информацијата, попладнето предвидено е загревање со „Стречвел Србија“, како увертира во ноќната трка на два километри, која стартува во 20 часот, по што следи забава. В сабота ќе се одржи панел дискусија на која учество ќе земат претставници на етаблирани маратони од регионот и Европа. Главниот настан е во недела кога ќе се одржат предвидените трки во натпреварувачка конкуренција. Почетокот е закажан во 8 часот.

The post Привршуваат подготовките на седмото издание на „Охрид трчаТ“ appeared first on Република.

]]>
Седмото издание на Охрид трчаТ од 2-4 јуни https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/sedmoto-izdanie-na-ohrid-trchat-od-2-4-juni/ Sat, 05 Nov 2022 13:21:51 +0000 https://republika.mk/?p=570036

Официјално, од вчера, стартуваше пријавувањето за учество на седмото издание на Охрид трчаТ. Охрид трчаТ 2023 или Ohrid running weekend 2023 ќе се одржи првиот викенд во јуни, односно од 2 до 4 јуни 2023 .

Љубителите на трчањето и спортот имаат три опции за пријавување. Првата опција и вистински предизвик е трката на 21 километар, втората опција е трката на 5 километри и додека третата опција е штафетниот полумаратон, 2 пати по 10 километри и 550 метри. Стартен пакет на 21 километар чини 1 200 денари и е промотивна цена која ќе трае до 31 декември, за петкилометарската трка изнесува 700 денари додека за штафетниот полумаратон е 2400 денари. Во склоп на трките на 21к и 5к традиционално составен дел ќе бидат и тим билдинг трките.

Како и за секоја година и за оваа подготвуваме богат стартен пакет за сите оние кои ќе се пријават на една од нашите трки. Секако за сите учесници, гости, граѓани на Охрид подготвуваме викенд програма која ќе содржи многу активности (спортски, социјални, едукативни, промотивни) за сите возрасти.

Местата за пријавување се ограничени така што би ги повикале сите они кои сакаат да се дел од седмото издание да побрзаат и да се пријават на една од нашите трки. Посебно би ги повикале сите полумаратонци сите рекреативци кои имаат предизвик да ја трчаат полумаратонската трка да се пријават најкасно до 31 декември како би ја искористиле промотивната цена за учество на трката. За подетални информации околу се што е поврзано со пријавувањето и трката можете да најдете на интернет страната на АК Охрид трчаТ, „Ohridtrcat.mk“.

Ве молиме да ја посетите нашата веб страна www.ohridtrcat.mk како и нашите социјални мрежи на фејсбук https://www.facebook.com/ohridrunningweekend , инстаграм https://www.instagram.com/ohridrunningweekend/ и твитер https://twitter.com/OhridtrcaT како би се запознале повеќе со нас и би не пратиле како медиум во претстојните месеци околу сите активности кои ги планираме и ќе ги реализираме во име на Охрид трчаТ, соопштија организаторите.

 

The post Седмото издание на Охрид трчаТ од 2-4 јуни appeared first on Република.

]]>

Официјално, од вчера, стартуваше пријавувањето за учество на седмото издание на Охрид трчаТ. Охрид трчаТ 2023 или Ohrid running weekend 2023 ќе се одржи првиот викенд во јуни, односно од 2 до 4 јуни 2023 . Љубителите на трчањето и спортот имаат три опции за пријавување. Првата опција и вистински предизвик е трката на 21 километар, втората опција е трката на 5 километри и додека третата опција е штафетниот полумаратон, 2 пати по 10 километри и 550 метри. Стартен пакет на 21 километар чини 1 200 денари и е промотивна цена која ќе трае до 31 декември, за петкилометарската трка изнесува 700 денари додека за штафетниот полумаратон е 2400 денари. Во склоп на трките на 21к и 5к традиционално составен дел ќе бидат и тим билдинг трките.
Како и за секоја година и за оваа подготвуваме богат стартен пакет за сите оние кои ќе се пријават на една од нашите трки. Секако за сите учесници, гости, граѓани на Охрид подготвуваме викенд програма која ќе содржи многу активности (спортски, социјални, едукативни, промотивни) за сите возрасти. Местата за пријавување се ограничени така што би ги повикале сите они кои сакаат да се дел од седмото издание да побрзаат и да се пријават на една од нашите трки. Посебно би ги повикале сите полумаратонци сите рекреативци кои имаат предизвик да ја трчаат полумаратонската трка да се пријават најкасно до 31 декември како би ја искористиле промотивната цена за учество на трката. За подетални информации околу се што е поврзано со пријавувањето и трката можете да најдете на интернет страната на АК Охрид трчаТ, „Ohridtrcat.mk“. Ве молиме да ја посетите нашата веб страна www.ohridtrcat.mk како и нашите социјални мрежи на фејсбук https://www.facebook.com/ohridrunningweekend , инстаграм https://www.instagram.com/ohridrunningweekend/ и твитер https://twitter.com/OhridtrcaT како би се запознале повеќе со нас и би не пратиле како медиум во претстојните месеци околу сите активности кои ги планираме и ќе ги реализираме во име на Охрид трчаТ, соопштија организаторите.
 

The post Седмото издание на Охрид трчаТ од 2-4 јуни appeared first on Република.

]]>
Градоначалникот Пецаков и претседателот на Советот, Донев беа дел од тимбилдингот на ретките болести на Охрид ТрчаТ https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/gradonachalnikot-pecakov-i-pretsedatelot-na-sovetot-donev-bea-del-od-timbildingot-na-retkite-bolesti-na-ohrid-trchat/ Sun, 05 Jun 2022 17:47:09 +0000 https://republika.mk/?p=511513

Заедно со претседателот на Советот на Општина Охрид, Сашо Донев, сме дел од тимбилдингот на ретките болести кој по шестти пат трча на Охрид ТрчаТ, објави градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, на својата официјална Фејсбук страница.

За тимбидингот на лицата со ретки болести на Охрид трчаТ трчаат учесници меѓу кои и сами пациенти со ретки болести како што се Алпорт синдром, Ихтиоза ХАЕ, Хистиоцтоза на лангерхансови клетки, нивни семејства, но и нивни поддржувачи.

На Охрид Трчат трчаме за еднаков и правичен пристап до дијагноза, лекување, здравствена и социјална нега и можности на лицата со ретки болести, напиша градоначалникот Пецаков.

The post Градоначалникот Пецаков и претседателот на Советот, Донев беа дел од тимбилдингот на ретките болести на Охрид ТрчаТ appeared first on Република.

]]>

Заедно со претседателот на Советот на Општина Охрид, Сашо Донев, сме дел од тимбилдингот на ретките болести кој по шестти пат трча на Охрид ТрчаТ, објави градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, на својата официјална Фејсбук страница.
За тимбидингот на лицата со ретки болести на Охрид трчаТ трчаат учесници меѓу кои и сами пациенти со ретки болести како што се Алпорт синдром, Ихтиоза ХАЕ, Хистиоцтоза на лангерхансови клетки, нивни семејства, но и нивни поддржувачи. На Охрид Трчат трчаме за еднаков и правичен пристап до дијагноза, лекување, здравствена и социјална нега и можности на лицата со ретки болести, напиша градоначалникот Пецаков.

The post Градоначалникот Пецаков и претседателот на Советот, Донев беа дел од тимбилдингот на ретките болести на Охрид ТрчаТ appeared first on Република.

]]>
Адријана Поп Арсова и Дарио Ивановски победници на шестото издание на „Охрид трчаТ“ https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/adrijana-pop-arsova-i-dario-ivanovski-pobednici-na-shestoto-izdanie-na-ohrid-trchat/ Sun, 05 Jun 2022 11:48:54 +0000 https://republika.mk/?p=511378

Балканските рекордери и македонски прваци Адријана Поп Арсова во женска и Дарио Ивановски во машка конкуренција се победници на полумаратонот од 21 километар на шестото издание на спортската манифестација „Охрид трчаТ“, што денеска се одржуваше низ охридските улици.

Второто место во машка конкуренција му припадна на американецот Џастин Фриман, а трет беше Тирон Мамуша од Косово. Во женска конкуренција втора до целта стигна Биљана Кираџиева, а трета беше Миљана Ристиќ, и двете македонски атлетичарки.

На петкилометарската трка најдобра беше Јана Стефановска, втора Бојана Наумовска, а трета Андријана Богдановска. Во машка конкуренција најбрз беше Кристијан Наумовски, втор Мартин Даески, а трет Наум Танески.

Директор на атлетската манифестација „Охрид трчаТ“, Иван Цветкоски водејќи се по девизата дека „секогаш може подобро“ изрази задоволство од тридневната атмосфера.

За нас се најбитни референците од тркачите. Оние што имаат искуство околу трчањето во однос на патеката и организацијата овие три дена се воодушевени - забележа Цветкоски.

Тој истакна дека како организатори, посебно се горди на пофалбите добиени од публиката што остана покрај патеката да ги бодри натпреварувачите.

Она што сега го добиваме како информација што ни е особено мило и стануваме горди се сите оние пофалби што ги добивме за тие што беа покрај патеката. Трките се трчаат во строгиот центар и нас ни и особено драго што граѓаните веќе го препознаваат настанот како свој, излегуваат на улица ги бодрат луѓето и се однесуваат според сите европски вредносит и култура кога се организира еден ваков настан - истакна Цветкоски.

На шестото издание на манифестацијата „Охрид трчаТ“ учествуваа околу 1.300 атлетичари, спортисти и рекреативци 18 земји меѓу кои од Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Косово, Албанија, Бугарија, Полска…, а поголемиот дел од нив најавиле присуство и за идната година.

Настанот е во организација на атлетскиот клуб „Охрид трчаТ“ со поддршка на Општина Охрид и неколку општествено одговорни компании. За првите три места на трката од 21 километар беа доделени парични награди од 300, 200 и 100 евра, додека останатите добија медали, дипломи и симболични подароци. 

The post Адријана Поп Арсова и Дарио Ивановски победници на шестото издание на „Охрид трчаТ“ appeared first on Република.

]]>

Балканските рекордери и македонски прваци Адријана Поп Арсова во женска и Дарио Ивановски во машка конкуренција се победници на полумаратонот од 21 километар на шестото издание на спортската манифестација „Охрид трчаТ“, што денеска се одржуваше низ охридските улици. Второто место во машка конкуренција му припадна на американецот Џастин Фриман, а трет беше Тирон Мамуша од Косово. Во женска конкуренција втора до целта стигна Биљана Кираџиева, а трета беше Миљана Ристиќ, и двете македонски атлетичарки. На петкилометарската трка најдобра беше Јана Стефановска, втора Бојана Наумовска, а трета Андријана Богдановска. Во машка конкуренција најбрз беше Кристијан Наумовски, втор Мартин Даески, а трет Наум Танески. Директор на атлетската манифестација „Охрид трчаТ“, Иван Цветкоски водејќи се по девизата дека „секогаш може подобро“ изрази задоволство од тридневната атмосфера.
За нас се најбитни референците од тркачите. Оние што имаат искуство околу трчањето во однос на патеката и организацијата овие три дена се воодушевени - забележа Цветкоски.
Тој истакна дека како организатори, посебно се горди на пофалбите добиени од публиката што остана покрај патеката да ги бодри натпреварувачите.
Она што сега го добиваме како информација што ни е особено мило и стануваме горди се сите оние пофалби што ги добивме за тие што беа покрај патеката. Трките се трчаат во строгиот центар и нас ни и особено драго што граѓаните веќе го препознаваат настанот како свој, излегуваат на улица ги бодрат луѓето и се однесуваат според сите европски вредносит и култура кога се организира еден ваков настан - истакна Цветкоски.
На шестото издание на манифестацијата „Охрид трчаТ“ учествуваа околу 1.300 атлетичари, спортисти и рекреативци 18 земји меѓу кои од Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Косово, Албанија, Бугарија, Полска…, а поголемиот дел од нив најавиле присуство и за идната година. Настанот е во организација на атлетскиот клуб „Охрид трчаТ“ со поддршка на Општина Охрид и неколку општествено одговорни компании. За првите три места на трката од 21 километар беа доделени парични награди од 300, 200 и 100 евра, додека останатите добија медали, дипломи и симболични подароци. 

The post Адријана Поп Арсова и Дарио Ивановски победници на шестото издание на „Охрид трчаТ“ appeared first on Република.

]]>
Шесто издание на „Охрид трчаТ” https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/shesto-izdanie-na-ohrid-trchat/ Sun, 05 Jun 2022 07:06:36 +0000 https://republika.mk/?p=511287

Над 1.300 атлетичари, спортисти и рекреативци од 18 земји денеска ќе трчаат на шестото издание на спортската манифестација „Охрид Трчат".

Стартот на првата трка од 21 километар е од 8 часот и 30 минути на кеј „Македонија" пред хотел Палас, каде се пријавени 330 учесници, додека трката од пет километри ќе почне пет инути подоцна, а пријавени се 980 учесници.

На настанот, кој е во организација на атлетскиот клуб „Охрид трчаТ" со поддршка на Општина Охрид и неколку општествено одговорни компании најавено е учество на македонските атлетски реордери Андријана Поп Арсова и Дарио Ивановски.

Манифестацијата почна во петокот со ЕКСПО, каде беа доделени стартните пакети а вечерта се одржа ноќната трка со над 500 рекреативци и вљубеници. Стартни пакети натпреварувачите ожеа да подигнат и вчера кога беа претставени и спортско – туристичките содржини.

За време на трката низ охридските улици ќе има посебен сообраќаен режим на одредени сообраќајници во градот. Се заобиколува дел од улицата „Македонски Просветители" и се трча кон „Мите Богоевски" и „Даме Груев". Се трча по улиците „Кеј Македонија", „Македонски Просветители", „Партизанска", „Јане Сандански", „Димитар Влахов", „Мите Богоевски", „Даме Груев", „Туристичка", „Абас Емин", „Кирил и Методиј", „Илинденска", „Коста Абраш", „Свети Наум Охридски", „Кузман Јосифовски" и патека Студенчишта. Трката ќе се одвива во централното градско подрачје во стариот дел на градот и оди кон патеката Студенчишта и повторно се враќа назад, полумаратонците ќе трчаат два круга За првите три места на трката од 21 километар предвидени се парични награди од 300, 200 и 100 евра додека за сите други трки имаме медали, дипломи, подароци од партнерите.

The post Шесто издание на „Охрид трчаТ” appeared first on Република.

]]>

Над 1.300 атлетичари, спортисти и рекреативци од 18 земји денеска ќе трчаат на шестото издание на спортската манифестација „Охрид Трчат". Стартот на првата трка од 21 километар е од 8 часот и 30 минути на кеј „Македонија" пред хотел Палас, каде се пријавени 330 учесници, додека трката од пет километри ќе почне пет инути подоцна, а пријавени се 980 учесници. На настанот, кој е во организација на атлетскиот клуб „Охрид трчаТ" со поддршка на Општина Охрид и неколку општествено одговорни компании најавено е учество на македонските атлетски реордери Андријана Поп Арсова и Дарио Ивановски. Манифестацијата почна во петокот со ЕКСПО, каде беа доделени стартните пакети а вечерта се одржа ноќната трка со над 500 рекреативци и вљубеници. Стартни пакети натпреварувачите ожеа да подигнат и вчера кога беа претставени и спортско – туристичките содржини. За време на трката низ охридските улици ќе има посебен сообраќаен режим на одредени сообраќајници во градот. Се заобиколува дел од улицата „Македонски Просветители" и се трча кон „Мите Богоевски" и „Даме Груев". Се трча по улиците „Кеј Македонија", „Македонски Просветители", „Партизанска", „Јане Сандански", „Димитар Влахов", „Мите Богоевски", „Даме Груев", „Туристичка", „Абас Емин", „Кирил и Методиј", „Илинденска", „Коста Абраш", „Свети Наум Охридски", „Кузман Јосифовски" и патека Студенчишта. Трката ќе се одвива во централното градско подрачје во стариот дел на градот и оди кон патеката Студенчишта и повторно се враќа назад, полумаратонците ќе трчаат два круга За првите три места на трката од 21 километар предвидени се парични награди од 300, 200 и 100 евра додека за сите други трки имаме медали, дипломи, подароци од партнерите.

The post Шесто издание на „Охрид трчаТ” appeared first on Република.

]]>
Во тимот на Ретки болести на „Охрид трчаТ“ ќе трчаат пациенти со Алпорт синдром, Ихтиоза ХАЕ, Хистиоцтоза на лангерхансови клетки и нивните семејства https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/vo-timot-na-retki-bolesti-na-ohrid-trchat-kje-trchaat-pacienti-so-alport-sindrom-ihtioza-hae-histioctoza-na-langerhansovi-kletki-i-nivnite-semejstva/ Sat, 04 Jun 2022 11:31:57 +0000 https://republika.mk/?p=511029

В недела, на петти јуни, тимбилдингот на ретките болести по шестти пат на Охрид ТрчаТ е спремен да ја поддржи заедницата на ретките пациенти и нивните семејства.

Оваа година, ќе трчаме за еднаков и правичен пристап до дијагноза, лекување, здравствена и социјална нега и можности, навремено објавување на тендерите за лекови за ретки болести, но и комплицирани процедури за регистрација на лекови сираци, како и вклучување на Македонија во експериментални студии за ретки болести кои годиниве наназад ја одбегнуваат нашата земја, вели Гордана Лолеска претседател на здружение за ретки болести „Ретко е да си редок“ - Охрид.

300 милиони луѓе ширум светот кои живеат со ретка болест, како и нивните семејства, се соочуваат со заеднички предизвици во секојдневниот живот. Соочени се со социјална изолација, поради тоа што се сметаат за ранлива и занемарлива популација.

Постојат повеќе од 8.000 ретки болести кои се хронични, прогресивни, дегенеративни, оневозможувачки и често животозагрозувачки. Поради реткоста на секоја индивидуална болест и расеаната популација низ целиот свет, експертизата и информациите за секоја од нив се оскудни. Во здравствените системи кои се дизајнирани само за честите болести, пациентите се соочуваат со неправичност во пристап до дијагноза, нега и третман.

За тимбидингот на лицата со ретки болести на Охрид трчаТ ќе трчаат учесници мегу кои и сами пациенти со ретки болести како што се Алпорт синдром, Ихтиоза ХАЕ, Хистиоцтоза на лангерхансови клетки и нивни семејства, но и нивни поддржувачи, а благодарение на спонзорите обезбедени се маички, беџови, налепници и со логото на ретките болести, вели Лолеска.

Лолеска додава дека посебна чест и задоволство им претставува што Тимбилдингот на ретките болести оваа година е поддржан со видео порака од првата дама на Македонија Проф. д-р Елизабета Георгиевска која е еден од нашите најголеми поддржувачи, а рамо до рамо со лицата со ретки болести во тимбилдингот ке трчаат и Градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков, како и претседателот на совет на Општина Охрид, Сашо Донев.

 

The post Во тимот на Ретки болести на „Охрид трчаТ“ ќе трчаат пациенти со Алпорт синдром, Ихтиоза ХАЕ, Хистиоцтоза на лангерхансови клетки и нивните семејства appeared first on Република.

]]>

В недела, на петти јуни, тимбилдингот на ретките болести по шестти пат на Охрид ТрчаТ е спремен да ја поддржи заедницата на ретките пациенти и нивните семејства.
Оваа година, ќе трчаме за еднаков и правичен пристап до дијагноза, лекување, здравствена и социјална нега и можности, навремено објавување на тендерите за лекови за ретки болести, но и комплицирани процедури за регистрација на лекови сираци, како и вклучување на Македонија во експериментални студии за ретки болести кои годиниве наназад ја одбегнуваат нашата земја, вели Гордана Лолеска претседател на здружение за ретки болести „Ретко е да си редок“ - Охрид.
300 милиони луѓе ширум светот кои живеат со ретка болест, како и нивните семејства, се соочуваат со заеднички предизвици во секојдневниот живот. Соочени се со социјална изолација, поради тоа што се сметаат за ранлива и занемарлива популација. Постојат повеќе од 8.000 ретки болести кои се хронични, прогресивни, дегенеративни, оневозможувачки и често животозагрозувачки. Поради реткоста на секоја индивидуална болест и расеаната популација низ целиот свет, експертизата и информациите за секоја од нив се оскудни. Во здравствените системи кои се дизајнирани само за честите болести, пациентите се соочуваат со неправичност во пристап до дијагноза, нега и третман.
За тимбидингот на лицата со ретки болести на Охрид трчаТ ќе трчаат учесници мегу кои и сами пациенти со ретки болести како што се Алпорт синдром, Ихтиоза ХАЕ, Хистиоцтоза на лангерхансови клетки и нивни семејства, но и нивни поддржувачи, а благодарение на спонзорите обезбедени се маички, беџови, налепници и со логото на ретките болести, вели Лолеска.
Лолеска додава дека посебна чест и задоволство им претставува што Тимбилдингот на ретките болести оваа година е поддржан со видео порака од првата дама на Македонија Проф. д-р Елизабета Георгиевска која е еден од нашите најголеми поддржувачи, а рамо до рамо со лицата со ретки болести во тимбилдингот ке трчаат и Градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков, како и претседателот на совет на Општина Охрид, Сашо Донев.  

The post Во тимот на Ретки болести на „Охрид трчаТ“ ќе трчаат пациенти со Алпорт синдром, Ихтиоза ХАЕ, Хистиоцтоза на лангерхансови клетки и нивните семејства appeared first on Република.

]]>