охис Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ohis/ За подобро да се разбереме Wed, 23 Oct 2024 09:49:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png охис Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ohis/ 32 32 Дополнителни 400.000 eвра за чистење на депонијата во ОХИС обезбедени од Владата и https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/dopolnitelni-400-000-evra-za-chistene-na-deponijata-vo-ohis-obezbedeni-od-vladata-i/ Wed, 23 Oct 2024 10:29:55 +0000 https://republika.mk/?p=830093

Владата на вчерашната седница донесе Одлука, Министерството за животна средина и просторно планирање да ги префрли средствата наменети за чистење на контаминираната локација во ОХИС на сметката на Мулти-партнерскиот фонд за животна средина, во висина од 24 453 000 денари.

Со ова, нашата држава ги исполнува обврските за обезбедување средства на годишно ниво, согласно одлуката на Владата од 2013, на која се обврза дека со постепено одвојување средства ќе го поддржи елиминирањето ка контаминираниот материјал од кругот на ОХИС, наведува МЖСПП.

Според Министерството, Мулти-партнерскиот фонд за животна средина е формиран од Владата за да се мобилизираат средства од повеќе извори за решавање на долгогодишниот проблем со историскиот отпад во кругот на ОХИС. За администрирање со средствата од овој фонд е задолжен УНОПС како имплементациона агенција која исто така има обврска да мобилизира дополнителни средства за комплетна ремедијација на малата депонија и изнаоѓање решенија за големата депонија, што е наведено во договорот за формирање на фондот помеѓу Владата на Република Македонија и УНОПС.

Досега се транспортирани и уништени 1 932,35 тони високо концентриран HCH отпад и 586,37 тони почва контаминирана со HCH. Досега се спроведени активности за чистење на малата депонија распределени на ЛОТ 1, ЛОТ 2, ЛОТ 3 и ЛОТ 4, согласно процедурите од јавна набавка објавена од страна на УНИДО и УНОПС. Активностите на ЛОТ 1 започнаа во септември 2021 година, на ЛОТ 2 во јуни 2022 година, на ЛОТ 3 во јуни 2023 година и ЛОТ 4 во март 2024 година. Собраниот високо концентриран HCH отпад е транспортиран и уништен во погоните на Треди во Франција додека почвата контаминирана со HCH се транспортира во постројката Индавер во Германија, соопшти МЖСПП.

За реализација на активностите се изработени планови за ремедијација за секој поединечен ЛОТ, доставени од страна на компанијата „Polyeco“ од Р. Грција, компанија кoja е избрана од страна на УНИДО и УНОПС преку постапка за јавна набавка. Според досегашните испитувања, треба да се отстранат уште 300 тона високо концентриран HCH отпад и 1 500 тони почва контаминирана со HCH изомери.

The post Дополнителни 400.000 eвра за чистење на депонијата во ОХИС обезбедени од Владата и appeared first on Република.

]]>

Пожар во поранешената фабрика „ОХИС” https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/pozhar-vo-poraneshenata-fabrika-ohis/ Fri, 15 Sep 2023 11:43:48 +0000 https://republika.mk/?p=682140

Центарот за управување со кризи (ЦУК) добил пријава за пожар во поранешената фабрика „ОХИС".

Според пријавата преку бројот за итни повици Е-112, како што информира ЦУК, опожарени се оџак и дрвна маса во еден од објектите.

За пожарот е извесетана Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје

The post Пожар во поранешената фабрика „ОХИС” appeared first on Република.

]]>

Центарот за управување со кризи (ЦУК) добил пријава за пожар во поранешената фабрика „ОХИС". Според пријавата преку бројот за итни повици Е-112, како што информира ЦУК, опожарени се оџак и дрвна маса во еден од објектите. За пожарот е извесетана Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје

The post Пожар во поранешената фабрика „ОХИС” appeared first on Република.

]]>
Гори трева позади „Охис“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/gori-treva-pozadi-ohis/ Tue, 29 Aug 2023 20:01:04 +0000 https://republika.mk/?p=677144

Во 21:10 часот избувнал пожар, гори сува трева, позади пунктот на фабриката Охис во општина Кисела Вода и во моментот се интервенираа со 1 ПП возило и 4 пожарникари, информираат од РЦУК Скопје.

Повеќе информации се очекуваат во текот на утрешниот ден

The post Гори трева позади „Охис“ appeared first on Република.

]]>

Во 21:10 часот избувнал пожар, гори сува трева, позади пунктот на фабриката Охис во општина Кисела Вода и во моментот се интервенираа со 1 ПП возило и 4 пожарникари, информираат од РЦУК Скопје. Повеќе информации се очекуваат во текот на утрешниот ден

The post Гори трева позади „Охис“ appeared first on Република.

]]>
МЖСПП: Уште 80 тони опасен отпад од ОХИС се испратени на уништување во Франција https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mzhspp-ushte-80-toni-opasen-otpad-od-ohis-se-isprateni-na-unishtuvane-vo-frantsija/ Thu, 06 Jul 2023 08:20:16 +0000 https://republika.mk/?p=658576

Чистењето на малата (делта) HCH депонија во ОХИС продолжува со ремедијација на Лот 3, со кој ќе се отстранат 525 тони на HCH отпад и 210 тони на земја контаминирана со HCH, соопштуваат од Министерство за животна средина и просторно планирање, додавајќи дека во рамките на досегашните активности спроведени за ремедијација на третиот лот, ископани и спаковани се 210 тони на земја контаминирана со HCH чиј извоз е планиран за следните 2 месеци и ископани и спаковани се 231 тон на HCH отпад, од кој околу 80 тони, во текот на вчерашниот ден се извезени на уништување во Франција.

[caption id="attachment_658579" align="aligncenter" width="1600"] (Фото: МЖСПП)[/caption]

Како подготвителна активност, Министерството за животна средина и просторно планирање на 9 јуни 2023 година донесе Решение за одобрување на планот за ремедијација за Лот 3 кој е доставен од страна на изведувачот на чистењето, компанијата Polyeco, по што истата од 12 јуни 2023 година продолжи со работа. Во претходниот период, како резултат на активностите поврзани со чистење на првите два лота од малата (делта) HCH депонија во ОХИС, се извезени и уништени 957 тони на HCH отпад и 127 тони на земја контаминирана со HCH, соопштија од МЖСПП.

The post МЖСПП: Уште 80 тони опасен отпад од ОХИС се испратени на уништување во Франција appeared first on Република.

]]>

Чистењето на малата (делта) HCH депонија во ОХИС продолжува со ремедијација на Лот 3, со кој ќе се отстранат 525 тони на HCH отпад и 210 тони на земја контаминирана со HCH, соопштуваат од Министерство за животна средина и просторно планирање, додавајќи дека во рамките на досегашните активности спроведени за ремедијација на третиот лот, ископани и спаковани се 210 тони на земја контаминирана со HCH чиј извоз е планиран за следните 2 месеци и ископани и спаковани се 231 тон на HCH отпад, од кој околу 80 тони, во текот на вчерашниот ден се извезени на уништување во Франција. [caption id="attachment_658579" align="aligncenter" width="1600"] (Фото: МЖСПП)[/caption]
Како подготвителна активност, Министерството за животна средина и просторно планирање на 9 јуни 2023 година донесе Решение за одобрување на планот за ремедијација за Лот 3 кој е доставен од страна на изведувачот на чистењето, компанијата Polyeco, по што истата од 12 јуни 2023 година продолжи со работа. Во претходниот период, како резултат на активностите поврзани со чистење на првите два лота од малата (делта) HCH депонија во ОХИС, се извезени и уништени 957 тони на HCH отпад и 127 тони на земја контаминирана со HCH, соопштија од МЖСПП.
 
The post МЖСПП: Уште 80 тони опасен отпад од ОХИС се испратени на уништување во Франција appeared first on Република.

]]>
Првиот контејнер со контамирана земја од ОХИС замина за Германија https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/prviot-kontejner-so-kontamirana-zemja-od-ohis-zamina-za-germanija/ Thu, 01 Dec 2022 14:36:29 +0000 https://republika.mk/?p=580559

Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини направи обиколка на локацијата во „ОХИС“ каде што е спакувана контаминираната земја со HCH од малата депонија.

По комплетирањето на сите потребни дозволи за извоз, компанијата „Polyeco“ денеска го почна транспортот на 126 тони земја контаминирана со HCH, спакувана во седум контејнери. Крајна дестинација на контаминираната земја е Германија, каде ќе биде испорачана во постројка лиценцирана за третман на ваков тип отпад.

Со тоа завршуваат активностите во кои како имплементациона агенција учествуваше UNIDO. Во реализацијата на вториот лот е вклучена имплементационата агенција UNOPS со средствата обезбедени во Повеќе-партнерскиот фонд за животна средина и веќе се ископани, спаковани и транспортирани до крајната дестинација за уништување 480 тони на HCH отпад од вториот лот. Во наредниот период се очекува да започнат активности за чистење на третиот лот за што во завршна фаза е евалуацијата по огласот за избор на изведувач за чистењето и се очекува во најскоро време постапката да заврши и избраниот изведувач да потпише договор со UNOPS, информира Министерството за животна средина.

Досега се вкупно ископани, спакувани и извезени 960 тони HCH отпад од првиот и вториот лот, од кои 480 тони се веќе спалени.

The post Првиот контејнер со контамирана земја од ОХИС замина за Германија appeared first on Република.

]]>

Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини направи обиколка на локацијата во „ОХИС“ каде што е спакувана контаминираната земја со HCH од малата депонија. По комплетирањето на сите потребни дозволи за извоз, компанијата „Polyeco“ денеска го почна транспортот на 126 тони земја контаминирана со HCH, спакувана во седум контејнери. Крајна дестинација на контаминираната земја е Германија, каде ќе биде испорачана во постројка лиценцирана за третман на ваков тип отпад. Со тоа завршуваат активностите во кои како имплементациона агенција учествуваше UNIDO. Во реализацијата на вториот лот е вклучена имплементационата агенција UNOPS со средствата обезбедени во Повеќе-партнерскиот фонд за животна средина и веќе се ископани, спаковани и транспортирани до крајната дестинација за уништување 480 тони на HCH отпад од вториот лот. Во наредниот период се очекува да започнат активности за чистење на третиот лот за што во завршна фаза е евалуацијата по огласот за избор на изведувач за чистењето и се очекува во најскоро време постапката да заврши и избраниот изведувач да потпише договор со UNOPS, информира Министерството за животна средина. Досега се вкупно ископани, спакувани и извезени 960 тони HCH отпад од првиот и вториот лот, од кои 480 тони се веќе спалени.

The post Првиот контејнер со контамирана земја од ОХИС замина за Германија appeared first on Република.

]]>
Се истражува загаденоста на Пеленица, според прелиминарните резултати линданот е присутен во почвата https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/se-istrazuva-zagadenosta-na-pelenica-spored-preliminarnite-rezultati-lindanot-e-prisuten-vo-pochvata-2/ Thu, 10 Nov 2022 09:08:55 +0000 https://republika.mk/?p=572154

Со години се зборува дека освен во малата и големата депонија во ОХИС, каде е закопана огромна количина на линдан, истиот е присутен и на локацијата Пеленица, во населба Драчево. Од таа причина Министерството за животна средина и просторно планирање одлучи да одвои околу три милиони денари со цел да се направи истражување за тоа дали и колку се контаминирани почвата и подземните води на тоа место.

Според информациите, компанијата ОХИС на оваа локација во 1976 година депонирала одредена количина на HCH- отпад и отпадот бил спакуван во метални буриња и истите биле депонирани во две јами ископани на локалитетот, кој бил обележани со бетонски ѕидови, но она што го увидовме на терен беше дека линданот, кој, според првичните информации е присутен таму, воопшто не бил складиран во буриња, туку само бил исфрлен во јамите, кои потоа биле затрупани со земја.

Резултати од истражувањето, според информациите од Министерството за животна средина и просторно планирање ќе бидат готови до крајот на годината, но според информациите кои ги добивме од луѓето кои работат на терен, од мерењата со ХРФ анализаторот, кој веднаш индикативно, приближно ги покажува добрите вредности на хемискиот состав на почвата, се забележува присуство на хексахлороциклохексан.

Целта на истражувањето, е да се направи проценка на обемот и степенот на контаминација, да се предложат опции за ремедијација на локацијата и да се проценат трошоците за предложените опции за ремедијација.

Врз основа на планот за истражување по кој се постапува, се копаат контролни сонди, ќе се инсталираат бушотини, се поставија два мониторинг бунари за мониторирање на подземните води, уште еден сега е во фаза на поставување, ќе се земат примероци, ќе се анализираат примероците и како краен заклучок ќе се направат пресметки за обемот и степенот на радијација, ќе се предложат мерки за ремедијација и ќе се дадат пресметки, односно проценки за потребните средства за сите тие опциии за ремедијација, нагласи за МИА Александар Мицковски, од Канцеларијата на POPs, при МЖСПП.

Тој додаде дека според информациите добиени од лица кои работеле во ОХИС или живеат во околината на Пеленица, на местото се закопани околу 8.000 тони линдан.

Предмет на истражувањето е да се види обемот и степенот на контаминација како вертикална, така и хоризонтална, ќе се одредат површините, ќе се одреди волуменот, тежината и сходно на тоа и опциите за ремедијација ќе бидат предложени. Кога во иднина би се правело анализа на ризикот ќе се земат примероци на поголема оддалеченост од овде да се види дали има депонорано од прашината и на тие локации, меѓутоа во тој контекст земавме и направивме и два бунари за мониторинг на подземни води, малку подоле од локацијата, да се види дали подземните води се афектирани од оваа контаминација, а со оглед на конфигурацијата на теренот која што наведува дека движењето на подземните води е во таа насока, појасни Мицковски, осврнувајќи се на тоа дали е контаминирана и околината на локацијата.

Тој нагласи дека во примероците од почвата чии вредности се измерени со ХРФ анализаторот се забележува голема концентрација на хлор.

Се уште примероците не се испратени за лабараториска анализа, значи контролните сонди се отворени, бушотините се уште не се направени, така да кога ќе се заврши сето тоа, кога ќе се подготват примероците, кога ќе се испратат во лабараторијата и таа ќе каже дефинитивно, нели во поглед на концентрацијата, меѓутоа како прелиминарна мерка во поглед нели ете и на нас да ни даде насоки како да постапиме понатаму во поглед на премерувањето, се користи ХРФ анализаторот, кој што го мери присуството на елементите во почвата, така да може да се каже дека во неколку контролни сонди концентрацијата на хлор е многу голема, што укажува на тоа дека станува збор за хексахлороциклохексан кој е депониран тука, истакна Мицковски.

Тој наведе дека се направени околу 20 контролни сонди и ќе се направат четири бушотини.

Контролните сонди се направени, бушотините ќе се направат, еве пи-изометрите се поставуваат и потоа како крајна фаза ќе следи мапирање на целиот овој предел со употреба на дронови, така да сите овие контролни сонди, местата од каде што се земаше примероци ќе бидат евидентирани на мапа, а исто така ќе се направи и 3Д моделирање, не само на конфигурацијата на површината на земјата, туку и во внатрешноста на земјата со тие изеконцентрациони линии и ќе се види како се движи отпадот и како е распореден внатре, наведе Мицковски.

Тој потенцираше дека откако ќе се добијат резултатите од истражувањето, односно степенот на контаминација, како и предлозите и пресметките за чистење на локацијата, треба да се обезбедат средства за ремедијација.

До крајот на годината ќе ги имаме резултатите ќе ги имаме сите пресметки и сите предлози како да се постапи понатаму со проценети трошоци и потоа следува обезбедувањето на средства за чистење на локацијата. Обезбедувањето на средства не е толку брза и наивна работа, потребно е да се подготвни документација, проект, да се најдат донатори, така да тоа е слично како и чистењето сега што го спроведуваме кај депониите во ОХИС, нагласи Мицковски.

И покрај тоа што со години здруженијата кои се занимаваат со заштита на животната средина, како и граѓаните кои живеат во околината на ОХИС, апелираат за опасноста од затрупаниот линдан, беа потребни години за државата да преземе чекори со цел истиот да биде отстранет. МЖСПП во моментов ја чисти малата депонија во ОХИС, а сега се спроведува истражување за загаденоста на Пеленица. Потребни се уште многу средства за целосно да биде исчистен линданот и да се направи ремедијација на околината.

Извор: МИА/Симона Митровска  Фото: Дарко Попов  Видео: Срѓан Крстиќ

The post Се истражува загаденоста на Пеленица, според прелиминарните резултати линданот е присутен во почвата appeared first on Република.

]]>

Со години се зборува дека освен во малата и големата депонија во ОХИС, каде е закопана огромна количина на линдан, истиот е присутен и на локацијата Пеленица, во населба Драчево. Од таа причина Министерството за животна средина и просторно планирање одлучи да одвои околу три милиони денари со цел да се направи истражување за тоа дали и колку се контаминирани почвата и подземните води на тоа место. Според информациите, компанијата ОХИС на оваа локација во 1976 година депонирала одредена количина на HCH- отпад и отпадот бил спакуван во метални буриња и истите биле депонирани во две јами ископани на локалитетот, кој бил обележани со бетонски ѕидови, но она што го увидовме на терен беше дека линданот, кој, според првичните информации е присутен таму, воопшто не бил складиран во буриња, туку само бил исфрлен во јамите, кои потоа биле затрупани со земја. Резултати од истражувањето, според информациите од Министерството за животна средина и просторно планирање ќе бидат готови до крајот на годината, но според информациите кои ги добивме од луѓето кои работат на терен, од мерењата со ХРФ анализаторот, кој веднаш индикативно, приближно ги покажува добрите вредности на хемискиот состав на почвата, се забележува присуство на хексахлороциклохексан. Целта на истражувањето, е да се направи проценка на обемот и степенот на контаминација, да се предложат опции за ремедијација на локацијата и да се проценат трошоците за предложените опции за ремедијација.
Врз основа на планот за истражување по кој се постапува, се копаат контролни сонди, ќе се инсталираат бушотини, се поставија два мониторинг бунари за мониторирање на подземните води, уште еден сега е во фаза на поставување, ќе се земат примероци, ќе се анализираат примероците и како краен заклучок ќе се направат пресметки за обемот и степенот на радијација, ќе се предложат мерки за ремедијација и ќе се дадат пресметки, односно проценки за потребните средства за сите тие опциии за ремедијација, нагласи за МИА Александар Мицковски, од Канцеларијата на POPs, при МЖСПП.
Тој додаде дека според информациите добиени од лица кои работеле во ОХИС или живеат во околината на Пеленица, на местото се закопани околу 8.000 тони линдан.
Предмет на истражувањето е да се види обемот и степенот на контаминација како вертикална, така и хоризонтална, ќе се одредат површините, ќе се одреди волуменот, тежината и сходно на тоа и опциите за ремедијација ќе бидат предложени. Кога во иднина би се правело анализа на ризикот ќе се земат примероци на поголема оддалеченост од овде да се види дали има депонорано од прашината и на тие локации, меѓутоа во тој контекст земавме и направивме и два бунари за мониторинг на подземни води, малку подоле од локацијата, да се види дали подземните води се афектирани од оваа контаминација, а со оглед на конфигурацијата на теренот која што наведува дека движењето на подземните води е во таа насока, појасни Мицковски, осврнувајќи се на тоа дали е контаминирана и околината на локацијата.
Тој нагласи дека во примероците од почвата чии вредности се измерени со ХРФ анализаторот се забележува голема концентрација на хлор.
Се уште примероците не се испратени за лабараториска анализа, значи контролните сонди се отворени, бушотините се уште не се направени, така да кога ќе се заврши сето тоа, кога ќе се подготват примероците, кога ќе се испратат во лабараторијата и таа ќе каже дефинитивно, нели во поглед на концентрацијата, меѓутоа како прелиминарна мерка во поглед нели ете и на нас да ни даде насоки како да постапиме понатаму во поглед на премерувањето, се користи ХРФ анализаторот, кој што го мери присуството на елементите во почвата, така да може да се каже дека во неколку контролни сонди концентрацијата на хлор е многу голема, што укажува на тоа дека станува збор за хексахлороциклохексан кој е депониран тука, истакна Мицковски.
Тој наведе дека се направени околу 20 контролни сонди и ќе се направат четири бушотини.
Контролните сонди се направени, бушотините ќе се направат, еве пи-изометрите се поставуваат и потоа како крајна фаза ќе следи мапирање на целиот овој предел со употреба на дронови, така да сите овие контролни сонди, местата од каде што се земаше примероци ќе бидат евидентирани на мапа, а исто така ќе се направи и 3Д моделирање, не само на конфигурацијата на површината на земјата, туку и во внатрешноста на земјата со тие изеконцентрациони линии и ќе се види како се движи отпадот и како е распореден внатре, наведе Мицковски.
Тој потенцираше дека откако ќе се добијат резултатите од истражувањето, односно степенот на контаминација, како и предлозите и пресметките за чистење на локацијата, треба да се обезбедат средства за ремедијација.
До крајот на годината ќе ги имаме резултатите ќе ги имаме сите пресметки и сите предлози како да се постапи понатаму со проценети трошоци и потоа следува обезбедувањето на средства за чистење на локацијата. Обезбедувањето на средства не е толку брза и наивна работа, потребно е да се подготвни документација, проект, да се најдат донатори, така да тоа е слично како и чистењето сега што го спроведуваме кај депониите во ОХИС, нагласи Мицковски.
И покрај тоа што со години здруженијата кои се занимаваат со заштита на животната средина, како и граѓаните кои живеат во околината на ОХИС, апелираат за опасноста од затрупаниот линдан, беа потребни години за државата да преземе чекори со цел истиот да биде отстранет. МЖСПП во моментов ја чисти малата депонија во ОХИС, а сега се спроведува истражување за загаденоста на Пеленица. Потребни се уште многу средства за целосно да биде исчистен линданот и да се направи ремедијација на околината. Извор: МИА/Симона Митровска  Фото: Дарко Попов  Видео: Срѓан Крстиќ

The post Се истражува загаденоста на Пеленица, според прелиминарните резултати линданот е присутен во почвата appeared first on Република.

]]>
Линданот од Охис тргна кон Франција https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/lindanot-od-ohis-trgna-kon-francija/ Tue, 05 Jul 2022 09:18:05 +0000 https://republika.mk/?p=524083

Со посебно задоволство ја објавивме веста дека првите седум контејнери со чист HCH, секој од нив тежок по 22-26 тони, вчера попладне излегоа од Охис и тргнаа на пат кон Солунското пристаниште од каде ќе заминат за Франција.

Со ова започна транспортот на опасниот историски отпад од малата депонија од пораншниот индустриски гигант Охис.

Како што беше посветено посебно внимание на безбедноста на самиот процес на ископување на линаданот и неговите изомери складирани во малата депонија на поранешниот гигант Охис, исто така координирано, прецизно и крајно внимателно, со особено залагање на искусни професионалци кои си ја знаат својата работа до најситен детал, беше извршана подготовката за транспорт што подразбира пакување и товарање и самото транспортирање.

Целиот процес се водеше со посебна внимателност и почитување на меѓународната регулатива за прекуграничен транспорт на опасен отпад по Базелска Конвенција и сега е најважно оваа пратка да стигне безбедно до крајната дестинација.

Во наредниот период уште 20 контејнери ќе бидат товарени и транспортиртани од државата со што завршуваат активностите опфатни со ГЕФ проектот што се реализаира преку УНИДО. Но, ископот во континуитет ќе продолжи со користење на средства од Повеќепартнерскиот фонд за животна средина специјално формиран за чистење на контаминацијата во кругот на ОХИС во сорабoтка со UNOPS.

The post Линданот од Охис тргна кон Франција appeared first on Република.

]]>

Со посебно задоволство ја објавивме веста дека првите седум контејнери со чист HCH, секој од нив тежок по 22-26 тони, вчера попладне излегоа од Охис и тргнаа на пат кон Солунското пристаниште од каде ќе заминат за Франција. Со ова започна транспортот на опасниот историски отпад од малата депонија од пораншниот индустриски гигант Охис. Како што беше посветено посебно внимание на безбедноста на самиот процес на ископување на линаданот и неговите изомери складирани во малата депонија на поранешниот гигант Охис, исто така координирано, прецизно и крајно внимателно, со особено залагање на искусни професионалци кои си ја знаат својата работа до најситен детал, беше извршана подготовката за транспорт што подразбира пакување и товарање и самото транспортирање. Целиот процес се водеше со посебна внимателност и почитување на меѓународната регулатива за прекуграничен транспорт на опасен отпад по Базелска Конвенција и сега е најважно оваа пратка да стигне безбедно до крајната дестинација. Во наредниот период уште 20 контејнери ќе бидат товарени и транспортиртани од државата со што завршуваат активностите опфатни со ГЕФ проектот што се реализаира преку УНИДО. Но, ископот во континуитет ќе продолжи со користење на средства од Повеќепартнерскиот фонд за животна средина специјално формиран за чистење на контаминацијата во кругот на ОХИС во сорабoтка со UNOPS.

The post Линданот од Охис тргна кон Франција appeared first on Република.

]]>