ограничување Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ogranichuvanje/ За подобро да се разбереме Tue, 03 Sep 2024 19:24:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ограничување Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ogranichuvanje/ 32 32 Мицкоски: Владата донесе одлука за ограничување на највисоката трговска маржа на училишниот прибор, со ова ќе се намалат трошоците на илјадници семејства https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-vladata-donese-odluka-za-ogranichuvane-na-najvisokata-trgovska-marzha-na-uchilishniot-pribor-so-ova-ke-se-namalat-troshotsite-na-iljadnitsi-semejstva/ Tue, 03 Sep 2024 12:36:52 +0000 https://republika.mk/?p=812711

„Помалку трошоци - повеќе за тебе“ е мерката која денеска е донесена на седница на Владата. Владата донесе одлука за помош на сите семејства што имаат ученици со цел да се намалат трошоците за набавка на училишен прибор.

Оваа мерка е директно насочена кон подобрување на животниот стандард и економската состојба на илјадници македонски семејства.

Со оваа одлука се ограничува највисоката трговска т.е. профитна маржа на училишниот прибор, како што се тетратки, ранци, боици, пластелин, подлоги, фломастери, маркери, мрсни боици, акрилни, водени бои и четки, линеари и дидактички материјали, острилки и гуми за бришење, детски ножици, футроли и училишни додатоци, шестари, дигитрони, компаси, креди, табли, чаши за прибор и држачи и други производи потребни за учениците, што ќе значи пониски цени и пристапност за сите наши граѓани, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Како што кажа Мицкоски, на големо, маржата ќе биде ограничена на 5%, додека на мало до 10%.

За разлика од минатите години кога се соочувавме со протести и кога учениците немаа учебници, оваа учебна година започна без проблеми, а Владата со решителни мерки го поддржува образовниот систем. Одлуките кои ги носиме се во директна спротивност со политиките на претходната влада која дозволи големи трошоци за семејствата и недостаток на потребните учебници и материјали.

Нашата цел е јасна: да создадеме стабилна и просперитетна иднина за сите граѓани. Владата ќе продолжи да работи посветено за подобрување на условите за живот, секојдневно демонстрирајќи дека сме различни и многу поодговорни од нашите претходници, кажа Мицкоски.

Премиерот кажа дека биле анализирани увозни царински декларации на дел од производите и оние кои што се цени во малопродажбата и било заклучено дека многу производи денеска се предмет на монопол или дуопол. И монополот и дуополот си се договараат, ако се дуопол и монопол си прави што сака и практично цените некогаш се двојно поголеми од тие коишто се увозни.

Имаме да речеме увозна цена, пример еден, за маркери којашто е 60,1 денар, во малопродажба е 130 денари. Потоа, имаме цена, да речеме, јаглен за цртање од 300 пакувања, увозната цена е 68,6 денари, а во малопродажба е 200 денари.

Боиците, ако увозната цена е 69,5 се продаваат од 120 до 150. Кај моливите имаме цена која што е увозна од 54,1 денар, се продаваат по 120 денари. Тетратки А4, увозна цена 40,1 денар, малопродажна цена 85 денари.

Значи минимум два пати, а во некои моменти и повеќе од увозните декларации, така што цениме дека со ова драматично на пола, би рекле, би се намалил трошокот, изјави Мицкоски.

Премиерот најави дека и понатаму ќе има ваков тип на ограничувања на маржите и профитот на поединци коишто на ваков начин генерираат високи профити, а со тоа стимулираат инфлација и работат спротивно на интересите на граѓаните.

 

The post Мицкоски: Владата донесе одлука за ограничување на највисоката трговска маржа на училишниот прибор, со ова ќе се намалат трошоците на илјадници семејства appeared first on Република.

]]>

„Помалку трошоци - повеќе за тебе“ е мерката која денеска е донесена на седница на Владата. Владата донесе одлука за помош на сите семејства што имаат ученици со цел да се намалат трошоците за набавка на училишен прибор. Оваа мерка е директно насочена кон подобрување на животниот стандард и економската состојба на илјадници македонски семејства.
Со оваа одлука се ограничува највисоката трговска т.е. профитна маржа на училишниот прибор, како што се тетратки, ранци, боици, пластелин, подлоги, фломастери, маркери, мрсни боици, акрилни, водени бои и четки, линеари и дидактички материјали, острилки и гуми за бришење, детски ножици, футроли и училишни додатоци, шестари, дигитрони, компаси, креди, табли, чаши за прибор и држачи и други производи потребни за учениците, што ќе значи пониски цени и пристапност за сите наши граѓани, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски.
Како што кажа Мицкоски, на големо, маржата ќе биде ограничена на 5%, додека на мало до 10%.
За разлика од минатите години кога се соочувавме со протести и кога учениците немаа учебници, оваа учебна година започна без проблеми, а Владата со решителни мерки го поддржува образовниот систем. Одлуките кои ги носиме се во директна спротивност со политиките на претходната влада која дозволи големи трошоци за семејствата и недостаток на потребните учебници и материјали. Нашата цел е јасна: да создадеме стабилна и просперитетна иднина за сите граѓани. Владата ќе продолжи да работи посветено за подобрување на условите за живот, секојдневно демонстрирајќи дека сме различни и многу поодговорни од нашите претходници, кажа Мицкоски.
Премиерот кажа дека биле анализирани увозни царински декларации на дел од производите и оние кои што се цени во малопродажбата и било заклучено дека многу производи денеска се предмет на монопол или дуопол. И монополот и дуополот си се договараат, ако се дуопол и монопол си прави што сака и практично цените некогаш се двојно поголеми од тие коишто се увозни.
Имаме да речеме увозна цена, пример еден, за маркери којашто е 60,1 денар, во малопродажба е 130 денари. Потоа, имаме цена, да речеме, јаглен за цртање од 300 пакувања, увозната цена е 68,6 денари, а во малопродажба е 200 денари. Боиците, ако увозната цена е 69,5 се продаваат од 120 до 150. Кај моливите имаме цена која што е увозна од 54,1 денар, се продаваат по 120 денари. Тетратки А4, увозна цена 40,1 денар, малопродажна цена 85 денари. Значи минимум два пати, а во некои моменти и повеќе од увозните декларации, така што цениме дека со ова драматично на пола, би рекле, би се намалил трошокот, изјави Мицкоски.
Премиерот најави дека и понатаму ќе има ваков тип на ограничувања на маржите и профитот на поединци коишто на ваков начин генерираат високи профити, а со тоа стимулираат инфлација и работат спротивно на интересите на граѓаните.  

The post Мицкоски: Владата донесе одлука за ограничување на највисоката трговска маржа на училишниот прибор, со ова ќе се намалат трошоците на илјадници семејства appeared first on Република.

]]>
Посетите на Акропол ќе бидат ограничени од следниот месец на максимум 20.000 дневно https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/posetite-na-akropol-ke-bidat-ogranicheni-od-sledniot-mesets-na-maksimum-20-000-dnevno/ Thu, 03 Aug 2023 09:55:22 +0000 https://republika.mk/?p=668206

Посетите на Акрополот во Атина, најпопуларното археолошко наоѓалиште во Грција ќе бидат ограничени од следниот месец на максимум 20.000 дневно и ќе подлежат на различни ограничувања за влез на час, соопшти вчера грчката влада, јавува Екатимерини.

Министерката за култура Лина Мендони рече дека контролите се потребни за да се спречат тесните грла и пренатрупаноста на Акрополот кој е прогласен за светско наследство на УНЕСКО.

Околу 23.000 луѓе дневно го посетуваат споменикот, воглавно во поголеми групи кои го посетуваат пред пладне.

Тоа е огромна бројка. Очигледно туризмот е посакуван за земјата, за сите нас. Но, мора да најдеме начин како прекумерниот туризам да не му наштети на споменикот“, рече Мендони во интервју за радиото „Real FM“.

Новите ограничувања најпрво ќе се пробни и ќе започнат од 4 септември, а трајно ќе стапат на сила од 1 април 2024 година, рече министерката.

Нема да има ограничување за тоа колку долго може да траат посетите, иако Мендони рече дека луѓето кои доаѓаат со организирани тури или од бродови за крстарење, кои сочинуваат околу 50% од дневниот број на посетители, поминуваат во просек 45 минути на локацијата.

The post Посетите на Акропол ќе бидат ограничени од следниот месец на максимум 20.000 дневно appeared first on Република.

]]>

Посетите на Акрополот во Атина, најпопуларното археолошко наоѓалиште во Грција ќе бидат ограничени од следниот месец на максимум 20.000 дневно и ќе подлежат на различни ограничувања за влез на час, соопшти вчера грчката влада, јавува Екатимерини. Министерката за култура Лина Мендони рече дека контролите се потребни за да се спречат тесните грла и пренатрупаноста на Акрополот кој е прогласен за светско наследство на УНЕСКО. Околу 23.000 луѓе дневно го посетуваат споменикот, воглавно во поголеми групи кои го посетуваат пред пладне.
Тоа е огромна бројка. Очигледно туризмот е посакуван за земјата, за сите нас. Но, мора да најдеме начин како прекумерниот туризам да не му наштети на споменикот“, рече Мендони во интервју за радиото „Real FM“.
Новите ограничувања најпрво ќе се пробни и ќе започнат од 4 септември, а трајно ќе стапат на сила од 1 април 2024 година, рече министерката. Нема да има ограничување за тоа колку долго може да траат посетите, иако Мендони рече дека луѓето кои доаѓаат со организирани тури или од бродови за крстарење, кои сочинуваат околу 50% од дневниот број на посетители, поминуваат во просек 45 минути на локацијата.

The post Посетите на Акропол ќе бидат ограничени од следниот месец на максимум 20.000 дневно appeared first on Република.

]]>
Од 2023 година, ЕУ ќе почне да ни го ограничува безвизниот режим https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/od-2023-godina-eu-ke-pochne-da-ni-go-ogranichuva-bezvizniot-rezhim/ Tue, 27 Dec 2022 18:44:45 +0000 https://republika.mk/?p=590689

Почнувајќи од 2023 година, се очекува Европската Унија да почне да го применува системот ЕТИАС. Овој систем, доколку биде комплетиран, ќе претставува чекор назад за балканските земји и други држави од светот кои сега имаат слободен, безвизен режим на патување до земјите членки на ЕУ.

Според ЕТИАС, патниците ќе мора да поднесат потврда за својот идентитет, да испратат копија од патната исправа и да одговорат на низа прашања за причината за патување и прашања поврзани со нивниот имотен, сеемен статус, кривично минато, престој во конфликтни држави и на други чувствителни теми. Ќе се наплати и такса од 7 евра за сите патници на возраст од 18 до 70 години.

За разлика од сегашниот модел, каде државјаните на Македонија и другите балкански држави - освен Косово - генерално слободно можат да ги поминат границите на членките на ЕУ, според моделот ЕТИАС, ќе мораме да чекаме одговор од земјата во која сакаме да патуваме, кој може да биде и негативен. Еднаш добиената ЕТИАС виза потоа ќе биде валидна за три години.

Во Брисел се уште не се сигурни кога овој систем ќе биде пуштен во дејство, бидејќи Унијата се соочува со силен притисок од држави кои сакаат да ја избегнат оваа мерка - вклучително и од Британија, која стравува дека и нејзините граѓани ќе бидат ставени на истата листа со Балканците.

Оваа мерка е едно од ограничувањата кое земјите кои се чувствуваат загрозени од големиот наплив на мигранти, како Холандија, ги бараат за да се ограничи пристапот на балкански државјани до ЕУ. Системот ќе важи и за соседните држави, како Бугарија и Грција, како и за земји кои не се членки на ЕУ како Норвешка и Швајцарија. Системот ќе се однесува за граѓаните на преку 60 држави кои сега имаат слободен, безвизен режим на патување во ЕУ.

The post Од 2023 година, ЕУ ќе почне да ни го ограничува безвизниот режим appeared first on Република.

]]>

Почнувајќи од 2023 година, се очекува Европската Унија да почне да го применува системот ЕТИАС. Овој систем, доколку биде комплетиран, ќе претставува чекор назад за балканските земји и други држави од светот кои сега имаат слободен, безвизен режим на патување до земјите членки на ЕУ. Според ЕТИАС, патниците ќе мора да поднесат потврда за својот идентитет, да испратат копија од патната исправа и да одговорат на низа прашања за причината за патување и прашања поврзани со нивниот имотен, сеемен статус, кривично минато, престој во конфликтни држави и на други чувствителни теми. Ќе се наплати и такса од 7 евра за сите патници на возраст од 18 до 70 години. За разлика од сегашниот модел, каде државјаните на Македонија и другите балкански држави - освен Косово - генерално слободно можат да ги поминат границите на членките на ЕУ, според моделот ЕТИАС, ќе мораме да чекаме одговор од земјата во која сакаме да патуваме, кој може да биде и негативен. Еднаш добиената ЕТИАС виза потоа ќе биде валидна за три години. Во Брисел се уште не се сигурни кога овој систем ќе биде пуштен во дејство, бидејќи Унијата се соочува со силен притисок од држави кои сакаат да ја избегнат оваа мерка - вклучително и од Британија, која стравува дека и нејзините граѓани ќе бидат ставени на истата листа со Балканците. Оваа мерка е едно од ограничувањата кое земјите кои се чувствуваат загрозени од големиот наплив на мигранти, како Холандија, ги бараат за да се ограничи пристапот на балкански државјани до ЕУ. Системот ќе важи и за соседните држави, како Бугарија и Грција, како и за земји кои не се членки на ЕУ како Норвешка и Швајцарија. Системот ќе се однесува за граѓаните на преку 60 држави кои сега имаат слободен, безвизен режим на патување во ЕУ.

The post Од 2023 година, ЕУ ќе почне да ни го ограничува безвизниот режим appeared first on Република.

]]>
Владата го ограничи извозот на одделни житарици, брашно, сончоглед и сончогледови масла https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vladata-go-ogranichi-izvozot-na-oddelni-zitarici-brashno-sonchogled-i-sonchogledovi-masla/ Fri, 11 Mar 2022 08:26:32 +0000 https://republika.mk/?p=471119

Владата на Република Македонија на својата 26-та седница донесе Одлука за ограничување на извозот на одделни стоки.

Според оваа одлука се ограничува извозот на пченица и наполица, јачмен, пченка, брашно од пченица и наполица, семе на сончоглед, како и масла од семе од сончоглед.

Владата на Македонија одлуката за ограничување на извозот на овие стоки ја донесе како превентива за да се избегнат шпекулативни дејствија на трговците и производителите и за заштита на домашното производство, домашниот пазар и граѓаните.

Оваа одлука е донесена како реципрочен одговор на сличните мерки што ги донесоа земјите во регионот.

Во образложението за оваа одлука Владата напоменува дека во Република Македонија, количини на пченица и пченка во приватните млинови, кои се различни од стоковите резерви, има доволно. Тука станува збор за количини за покривање на домашните потреби, односно во млиновите во земјата има преку 50.000 тони залихи од пченица, преку 10.000 тони пченка и над 8.000 тони јачмен, што се должи и на растот на домашното производство на пченица од 195 илјади тони во 2017 година, на 253 илјади тони во 2021 година.

Воедно, Владата на Република Македонија напоменува дека стоковите резерви на основните производи како што се пченица, пченка, јачмен, сончогледово масло, нафтени деривати, и другите производи, ги има во доволни количини и нема потреба од дополнителна интервенција.

The post Владата го ограничи извозот на одделни житарици, брашно, сончоглед и сончогледови масла appeared first on Република.

]]>

Владата на Република Македонија на својата 26-та седница донесе Одлука за ограничување на извозот на одделни стоки. Според оваа одлука се ограничува извозот на пченица и наполица, јачмен, пченка, брашно од пченица и наполица, семе на сончоглед, како и масла од семе од сончоглед. Владата на Македонија одлуката за ограничување на извозот на овие стоки ја донесе како превентива за да се избегнат шпекулативни дејствија на трговците и производителите и за заштита на домашното производство, домашниот пазар и граѓаните. Оваа одлука е донесена како реципрочен одговор на сличните мерки што ги донесоа земјите во регионот. Во образложението за оваа одлука Владата напоменува дека во Република Македонија, количини на пченица и пченка во приватните млинови, кои се различни од стоковите резерви, има доволно. Тука станува збор за количини за покривање на домашните потреби, односно во млиновите во земјата има преку 50.000 тони залихи од пченица, преку 10.000 тони пченка и над 8.000 тони јачмен, што се должи и на растот на домашното производство на пченица од 195 илјади тони во 2017 година, на 253 илјади тони во 2021 година. Воедно, Владата на Република Македонија напоменува дека стоковите резерви на основните производи како што се пченица, пченка, јачмен, сончогледово масло, нафтени деривати, и другите производи, ги има во доволни количини и нема потреба од дополнителна интервенција.

The post Владата го ограничи извозот на одделни житарици, брашно, сончоглед и сончогледови масла appeared first on Република.

]]>