ограничување на цена Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ogranichuvanje-na-cena/ За подобро да се разбереме Thu, 01 Dec 2022 19:12:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ограничување на цена Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ogranichuvanje-na-cena/ 32 32 ЕУ постигна начелен договор да ја ограничи руската нафта на 60 долари за барел https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/eu-postigna-nachelen-dogovor-da-ja-ogranichi-ruskata-nafta-na-60-dolari-za-barel/ Thu, 01 Dec 2022 19:37:56 +0000 https://republika.mk/?p=580613

Владите на земјите од Европската Унија начелно се договорија да ја ограничат цената на руската нафта која доаѓа по морски пат на 60 долари за барел, јави „Ројтерс“ повикувајќи се на изјава на неименуван дипломат од ЕУ.

Според дипломатот, ценовната граница би се имплементирала со примена на механизам за корекција што треба да ја задржи горната граница на цената на 5,0 отсто под пазарната цена.

Полска, која се залага за многу построга граница на цените, има рок до 15:00 часот по Гринич да го прифати договорот, кој потоа ќе биде одобрен од сите влади на ЕУ во писмена процедура до петок, додава изворот на „Ројтерс“.

„Блумберг“, исто така, објави дека е постигнат рамковен договор за ограничување на цената на 60 долари.

Њујоршката агенција забележува дека ЕУ е во ќорсокак по ова прашање од минатата недела, бидејќи Полска, Естонија и Литванија инсистираа дека првично предложената граница од 65-70 долари за барел е „премногу дарежлива“ за Русија и наместо тоа, треба да се постави на 30 долари.

Од друга страна, големите поморски земји, вклучувајќи ги Грција, Малта и Кипар, се залагаа лимитот да биде поставен на околу 70 долари за барел.

The post ЕУ постигна начелен договор да ја ограничи руската нафта на 60 долари за барел appeared first on Република.

]]>

Владите на земјите од Европската Унија начелно се договорија да ја ограничат цената на руската нафта која доаѓа по морски пат на 60 долари за барел, јави „Ројтерс“ повикувајќи се на изјава на неименуван дипломат од ЕУ. Според дипломатот, ценовната граница би се имплементирала со примена на механизам за корекција што треба да ја задржи горната граница на цената на 5,0 отсто под пазарната цена. Полска, која се залага за многу построга граница на цените, има рок до 15:00 часот по Гринич да го прифати договорот, кој потоа ќе биде одобрен од сите влади на ЕУ во писмена процедура до петок, додава изворот на „Ројтерс“. „Блумберг“, исто така, објави дека е постигнат рамковен договор за ограничување на цената на 60 долари. Њујоршката агенција забележува дека ЕУ е во ќорсокак по ова прашање од минатата недела, бидејќи Полска, Естонија и Литванија инсистираа дека првично предложената граница од 65-70 долари за барел е „премногу дарежлива“ за Русија и наместо тоа, треба да се постави на 30 долари. Од друга страна, големите поморски земји, вклучувајќи ги Грција, Малта и Кипар, се залагаа лимитот да биде поставен на околу 70 долари за барел.

The post ЕУ постигна начелен договор да ја ограничи руската нафта на 60 долари за барел appeared first on Република.

]]>
САД ќе и забранат на Русија морски транспорт на нафта ако не ја продава по ограничена цена https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/sad-kje-i-zabranat-na-rusija-morski-transport-na-nafta-ako-ne-ja-prodava-po-ogranichena-cena/ Sat, 10 Sep 2022 10:30:21 +0000 https://republika.mk/?p=549383

САД, заедно со своите сојузници од Г7 и Европската Унија, ќе воведат забрана за поморски транспорт на руска нафта од 5 декември, а нафтени деривати од 5 февруари следната година, потврди американското Министерство за финансии.

Испораките што се во согласност со ценовните ограничувања утврдени од сојузниците ќе бидат изземени од забраната - се вели во соопштението.

Минатата недела министрите за финансии на „големата седумка“ (Велика Британија, Германија, Италија, Канада, САД, Франција, Јапонија) го потврдија планот за воведување „ценовна граница“ за руската нафта и забрана на услугите за поморски транспорт на нафта и нафтените деривати од Русија, ако не бидат продавани по ограничена цена.

The post САД ќе и забранат на Русија морски транспорт на нафта ако не ја продава по ограничена цена appeared first on Република.