ограда Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ograda/ За подобро да се разбереме Wed, 03 Jul 2024 08:43:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ограда Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ograda/ 32 32 Оградата околу владината зграда се враќа, но била несоодветно чувана, па можеби ќе треба нова (ФОТО) https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ogradata-okolu-vladinata-zgrada-se-vraka-no-bila-nesoodvetno-chuvana-pa-mozhebi-ke-treba-nova-foto/ Tue, 02 Jul 2024 15:58:34 +0000 https://republika.mk/?p=792843

Владата на седница ја задолжи Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) да почне постапка за враќање на оградата на владината зграда, која веќе еднаш беше поставена.

Со оглед на тоа што досега објектот на Владата е опркужен со нефункционална и нерепрезентативна ограда во сопственост на МВР, Владата ја задолжи Службата за општи и заеднички работи СОЗР да започне постапка за враќање на оградата на Владата која веќе еднаш беше поставена, се вели во владиното соопштение.

Истовремено, како што потенцираат од Владата, директорот на СОЗР Ивица Томовски информирал оти оградата била несоодветно чувана под надворешни влијанија во објектот на касарната Илинден, за што ќе направат и дополнителна проценка.

Владата ја задолжи Службата за заеднички и општи работи да ја врати оградата која беше поставена околу владината зграда, но насилно извадена од страна на претходната власт и заменета со дотраени полициски огради наменети за разбивање на граѓански собири.

Оградата е лоцирана и истата е во незавидна состојба, што може да се види и од фотографиите. Она што е посебно фрапантно е акутната негрижа кон државниот имот.

СОЗР ќе направи напори со сопствени сили да ја стави оградата на нејзиното вистинско место во најкус период, вели Томовски.

The post Оградата околу владината зграда се враќа, но била несоодветно чувана, па можеби ќе треба нова (ФОТО) appeared first on Република.

]]>

Владата на седница ја задолжи Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) да почне постапка за враќање на оградата на владината зграда, која веќе еднаш беше поставена.
Со оглед на тоа што досега објектот на Владата е опркужен со нефункционална и нерепрезентативна ограда во сопственост на МВР, Владата ја задолжи Службата за општи и заеднички работи СОЗР да започне постапка за враќање на оградата на Владата која веќе еднаш беше поставена, се вели во владиното соопштение.
Истовремено, како што потенцираат од Владата, директорот на СОЗР Ивица Томовски информирал оти оградата била несоодветно чувана под надворешни влијанија во објектот на касарната Илинден, за што ќе направат и дополнителна проценка.
Владата ја задолжи Службата за заеднички и општи работи да ја врати оградата која беше поставена околу владината зграда, но насилно извадена од страна на претходната власт и заменета со дотраени полициски огради наменети за разбивање на граѓански собири. Оградата е лоцирана и истата е во незавидна состојба, што може да се види и од фотографиите. Она што е посебно фрапантно е акутната негрижа кон државниот имот. СОЗР ќе направи напори со сопствени сили да ја стави оградата на нејзиното вистинско место во најкус период, вели Томовски.

The post Оградата околу владината зграда се враќа, но била несоодветно чувана, па можеби ќе треба нова (ФОТО) appeared first on Република.

]]>
Владата одлучи да се врати оградата околу владината зграда https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vladata-odluchi-da-se-vrati-ogradata-okolu-vladinata-zgrada/ Tue, 02 Jul 2024 15:06:08 +0000 https://republika.mk/?p=792830

Владата денеска на седница ја задолжи Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) да почне постапка за враќање на оградата на владината зграда, која веќе еднаш беше поставена.

-Со оглед на тоа што досега објектот на Владата е опркужен со нефункционална и нерепрезентативна ограда во сопственост на МВР, Владата ја задолжи Службата за општи и заеднички работи СОЗР да започне постапка за враќање на оградата на Владата која веќе еднаш беше поставена, се вели во владиното соопштение.

Истовремено, како што потенцираат од Владата, директорот на СОЗР Ивица Томовски информирал оти оградата била несоодветно чувана под надворешни влијанија во објектот на касарната Илинден, за што ќе направат и дополнителна проценка.

The post Владата одлучи да се врати оградата околу владината зграда appeared first on Република.

]]>

Владата денеска на седница ја задолжи Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) да почне постапка за враќање на оградата на владината зграда, која веќе еднаш беше поставена.
-Со оглед на тоа што досега објектот на Владата е опркужен со нефункционална и нерепрезентативна ограда во сопственост на МВР, Владата ја задолжи Службата за општи и заеднички работи СОЗР да започне постапка за враќање на оградата на Владата која веќе еднаш беше поставена, се вели во владиното соопштение.
Истовремено, како што потенцираат од Владата, директорот на СОЗР Ивица Томовски информирал оти оградата била несоодветно чувана под надворешни влијанија во објектот на касарната Илинден, за што ќе направат и дополнителна проценка.

The post Владата одлучи да се врати оградата околу владината зграда appeared first on Република.

]]>
ЕУ ќе ја финансира изградбата на оградата кај Еврос во Грција https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/eu-ke-ja-finansira-izgradbata-na-ogradata-kaj-evros-vo-grtsija/ Wed, 19 Apr 2023 16:12:35 +0000 https://republika.mk/?p=632181

Европскиот парламент ја поддржа можноста за финансирање од ЕУ за продолжување и проширување на оградата во Еврос, порача портпаролот на грчката Влада Јанис Иконому по гласање во ЕП за амандманот на Европската народна партија (ЕПП) за финансирање на инфраструктурата на надворешните граници на Унијата, јави дописничката на МИА од Атина.

Европскиот парламент го отфрлил амандманот на европратеникот од СИРИЗА и потпретседател на ЕП Парламент Димитрис Пападимулис за забраната да се користат европски фондови за изградба на огради на надворешните граници на Унијата, со што се отвори патот за финансирање на изградбата на оградата кај Еврос.

Иконому вели дека „паднал тажниот обид на Пападимулис и СИРИЗА да го отежнат продолжувањето на оградата во Еврос, преку која се зајакнува чувањето на границите на Грција и следствено на ЕУ“

Министерот за миграција и азил на Грција, Нотис Митаракис, преку Твитер коментираше дека ЕПП и ЕУ дале одговор.

Ги чуваме нашите граници, ја промовираме миграцијата со правила. Нова демократија во ЕП и грчката Влада во Советот, координирано и со план се справивме со мигрантската криза, напиша Митаракис.

Продолжувањето на изградбата и проширувањето на оградата на границата на Грција со Турција, во изминатиот период беше една од темите за кои постоеја препукувања меѓу власта и опозицијата во Грција, а грчкиот премиер порача дека „со или без европски пари, оградата кај Еврос ќе биде изградена“.

Пред 20 дена, токму во Еврос беше потпишан и договорот за изградба на дополнителни 35 километри од оградата.

Како што тогаш објави МИА, според информациите од грчката Влада, изградбата чини 99,2 милиони евра, а новата ограда „ќе ја зајакне ефикасноста на постоечката ограда од 37,5 километри долж грчко-турската граница“, додека пак планирано е во иднина да достигне до 140 километри.

The post ЕУ ќе ја финансира изградбата на оградата кај Еврос во Грција appeared first on Република.

]]>

Европскиот парламент ја поддржа можноста за финансирање од ЕУ за продолжување и проширување на оградата во Еврос, порача портпаролот на грчката Влада Јанис Иконому по гласање во ЕП за амандманот на Европската народна партија (ЕПП) за финансирање на инфраструктурата на надворешните граници на Унијата, јави дописничката на МИА од Атина. Европскиот парламент го отфрлил амандманот на европратеникот од СИРИЗА и потпретседател на ЕП Парламент Димитрис Пападимулис за забраната да се користат европски фондови за изградба на огради на надворешните граници на Унијата, со што се отвори патот за финансирање на изградбата на оградата кај Еврос. Иконому вели дека „паднал тажниот обид на Пападимулис и СИРИЗА да го отежнат продолжувањето на оградата во Еврос, преку која се зајакнува чувањето на границите на Грција и следствено на ЕУ“ Министерот за миграција и азил на Грција, Нотис Митаракис, преку Твитер коментираше дека ЕПП и ЕУ дале одговор.
Ги чуваме нашите граници, ја промовираме миграцијата со правила. Нова демократија во ЕП и грчката Влада во Советот, координирано и со план се справивме со мигрантската криза, напиша Митаракис.
Продолжувањето на изградбата и проширувањето на оградата на границата на Грција со Турција, во изминатиот период беше една од темите за кои постоеја препукувања меѓу власта и опозицијата во Грција, а грчкиот премиер порача дека „со или без европски пари, оградата кај Еврос ќе биде изградена“. Пред 20 дена, токму во Еврос беше потпишан и договорот за изградба на дополнителни 35 километри од оградата. Како што тогаш објави МИА, според информациите од грчката Влада, изградбата чини 99,2 милиони евра, а новата ограда „ќе ја зајакне ефикасноста на постоечката ограда од 37,5 километри долж грчко-турската граница“, додека пак планирано е во иднина да достигне до 140 километри.

The post ЕУ ќе ја финансира изградбата на оградата кај Еврос во Грција appeared first on Република.

]]>
Грција планира да одвои 100 милиони евра за ограда на границата со Турција https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/grtsija-planira-da-odvoi-100-milioni-evra-za-ograda-na-granitsata-so-turtsija/ Mon, 20 Feb 2023 08:12:27 +0000 https://republika.mk/?p=610888

Грција сака да ја продолжи веќе постоечката ограда долж границата со Турција за 35 километри, изјави грчкиот министер за цивилна заштита Такис ​​Теодорикакос за телевизијата Скај.

Според него, проектот ќе чини околу 100 милиони евра, а парите ќе бидат издвоени од грчкиот буџет.

„Европската унија се уште не го одобрила барањето на Атина за финансирање на изградбата на продолжувањето на оградата. Работите за продолжување на оградата треба да бидат завршени за десет месеци“, додаде Теодорикакос, пренесе ДПА.

Во последните неколку години Атина изгради 37,5 километри челична ограда висока околу пет метри по плиткиот дел на граничната река Марица, која Грците ја нарекуваат Еврос, а Турците Мерич.

Според официјалните податоци, грчките граничари спречиле околу 256.000 мигранти да ја преминат реката и да влезат во земјата. Исто така, уапсени се 1.300 шверцери.

The post Грција планира да одвои 100 милиони евра за ограда на границата со Турција appeared first on Република.

]]>

Грција сака да ја продолжи веќе постоечката ограда долж границата со Турција за 35 километри, изјави грчкиот министер за цивилна заштита Такис ​​Теодорикакос за телевизијата Скај. Според него, проектот ќе чини околу 100 милиони евра, а парите ќе бидат издвоени од грчкиот буџет. „Европската унија се уште не го одобрила барањето на Атина за финансирање на изградбата на продолжувањето на оградата. Работите за продолжување на оградата треба да бидат завршени за десет месеци“, додаде Теодорикакос, пренесе ДПА. Во последните неколку години Атина изгради 37,5 километри челична ограда висока околу пет метри по плиткиот дел на граничната река Марица, која Грците ја нарекуваат Еврос, а Турците Мерич. Според официјалните податоци, грчките граничари спречиле околу 256.000 мигранти да ја преминат реката и да влезат во земјата. Исто така, уапсени се 1.300 шверцери.

The post Грција планира да одвои 100 милиони евра за ограда на границата со Турција appeared first on Република.

]]>
Скопјанец тешко повреден откако во 4 наутро се забил во ограда со автомобилот https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/skopjanec-teshko-povreden-otkako-vo-4-nautro-se-zabil-vo-ograda-so-avtomobilot/ Fri, 18 Nov 2022 14:16:30 +0000 https://republika.mk/?p=575488

Вчера во 04.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Горно Лисиче“ во Скопје, патничко возило „опел астра“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.К.(24) од с.Долно Лисиче, удрило во ограда.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

 

The post Скопјанец тешко повреден откако во 4 наутро се забил во ограда со автомобилот appeared first on Република.

]]>

Вчера во 04.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Горно Лисиче“ во Скопје, патничко возило „опел астра“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.К.(24) од с.Долно Лисиче, удрило во ограда. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.  

The post Скопјанец тешко повреден откако во 4 наутро се забил во ограда со автомобилот appeared first on Република.

]]>
Финска ќе издвои 139 милиони евра за ставање ограда на делови од границата со Русија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/finska-kje-izdvoi-139-milioni-evra-za-stavanje-ograda-na-delovi-od-granicata-so-rusija/ Thu, 17 Nov 2022 16:23:52 +0000 https://republika.mk/?p=575039

Финската влада предложи да се изгради ограда долж делови од границата на Финска со Русија, проект вреден 139 милиони евра, исполнувајќи го ветувањето дадено по почетокот на војната во Украина во февруари.

Финска, која аплицираше за членство во НАТО, има историја на војување со Русија, но 1.300 километри долгата граница покриена со шуми меѓу двете земји сè уште е главно обележана само со знаци и пластични ознаки.

Финска во јуни соопшти дека ќе крене ограда долж делови од границата со Русија за да ја зголеми подготвеноста за евентуални хибридните закани, како што е потенцијалниот масовен прилив на мигранти.

Финската гранична стража соопшти дека планира да изгради огради од 130 до 260 километри, покривајќи 10 до 20 отсто од границата, фокусирајќи се првенствено на граничните премини и околните области во југоисточниот дел на земјата.

Финската влада на левиот центар се соочува со избори на почетокот на следната година.

The post Финска ќе издвои 139 милиони евра за ставање ограда на делови од границата со Русија appeared first on Република.

]]>

Финската влада предложи да се изгради ограда долж делови од границата на Финска со Русија, проект вреден 139 милиони евра, исполнувајќи го ветувањето дадено по почетокот на војната во Украина во февруари. Финска, која аплицираше за членство во НАТО, има историја на војување со Русија, но 1.300 километри долгата граница покриена со шуми меѓу двете земји сè уште е главно обележана само со знаци и пластични ознаки. Финска во јуни соопшти дека ќе крене ограда долж делови од границата со Русија за да ја зголеми подготвеноста за евентуални хибридните закани, како што е потенцијалниот масовен прилив на мигранти. Финската гранична стража соопшти дека планира да изгради огради од 130 до 260 километри, покривајќи 10 до 20 отсто од границата, фокусирајќи се првенствено на граничните премини и околните области во југоисточниот дел на земјата. Финската влада на левиот центар се соочува со избори на почетокот на следната година.

The post Финска ќе издвои 139 милиони евра за ставање ограда на делови од границата со Русија appeared first on Република.

]]>
Словенија почна да ја отстранува оградата на границата со Хрватска https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/slovenija-pochna-da-ja-otstranuva-ogradata-na-granicata-so-hrvatska/ Fri, 15 Jul 2022 16:40:25 +0000 https://republika.mk/?p=529422

Помала единица на словенечката армија, на границата на земјата со Хрватска, близу малиот граничен премин Виводина – Крмачина, кај градот Метлика, почна со отстранување на жичената ограда поставена против мигранти.

На настанот беше присутна и министерката за внатрешни работи, Татјана Бобнар, препишувајќи му на овој чекор големо симболично значење.

Бобнар изјави дека отстранувањето е знак на промена на политиката на новата Влада кон мигрантите и бегалците, бидејќи таа се обврзала на најголема почит на човековите права и забрзување на обработката на барањата за азил.

Според Бобнар, на границата кон Хрватска сега има поставено околу 51 километар жилет жица, а војската дневно може да отстрани од 150 до 200 метри. Проценето е дека на војската ќе ѝ бидат потребни најмалку 150 работни дена.

Нашата намера е прво да ја отстраниме жицата - истакна министерката.

Таа додаде дека потоа ќе почне „постепеното отстранување“ на металната ограда, во соработка и добра комуникација со локалните заедници.

Како што додаде Бобнар, месните заедници се заинтересирани да ја преземат панелната ограда, со што таа нема да се уништи.

Војската нема да ја отстранува панел оградата. За тоа, како што информираше министерката, засега резервирани се околу 2,5 милиони евра.

Роберт Голоб за антимигрантските пречки подвлече дека се нехумани и оти не служат за она за што се поставени.

Словенија кон Хрватска постави вкупно 135.372 метри панелна ограда и 60.595 метри жилет жица, покажуваат податоците објавени неодамна од словенечкото Министерство за внатрешни работи.

Кон крајот на 2015 година, поради страв од влошување на мигрантската криза, жицата ја постави тогашната словенечка влада, водена од Миро Церар.

The post Словенија почна да ја отстранува оградата на границата со Хрватска appeared first on Република.

]]>

Помала единица на словенечката армија, на границата на земјата со Хрватска, близу малиот граничен премин Виводина – Крмачина, кај градот Метлика, почна со отстранување на жичената ограда поставена против мигранти. На настанот беше присутна и министерката за внатрешни работи, Татјана Бобнар, препишувајќи му на овој чекор големо симболично значење. Бобнар изјави дека отстранувањето е знак на промена на политиката на новата Влада кон мигрантите и бегалците, бидејќи таа се обврзала на најголема почит на човековите права и забрзување на обработката на барањата за азил. Според Бобнар, на границата кон Хрватска сега има поставено околу 51 километар жилет жица, а војската дневно може да отстрани од 150 до 200 метри. Проценето е дека на војската ќе ѝ бидат потребни најмалку 150 работни дена.
Нашата намера е прво да ја отстраниме жицата - истакна министерката.
Таа додаде дека потоа ќе почне „постепеното отстранување“ на металната ограда, во соработка и добра комуникација со локалните заедници. Како што додаде Бобнар, месните заедници се заинтересирани да ја преземат панелната ограда, со што таа нема да се уништи. Војската нема да ја отстранува панел оградата. За тоа, како што информираше министерката, засега резервирани се околу 2,5 милиони евра. Роберт Голоб за антимигрантските пречки подвлече дека се нехумани и оти не служат за она за што се поставени. Словенија кон Хрватска постави вкупно 135.372 метри панелна ограда и 60.595 метри жилет жица, покажуваат податоците објавени неодамна од словенечкото Министерство за внатрешни работи. Кон крајот на 2015 година, поради страв од влошување на мигрантската криза, жицата ја постави тогашната словенечка влада, водена од Миро Церар.

The post Словенија почна да ја отстранува оградата на границата со Хрватска appeared first on Република.

]]>
Финска ќе гради нови, посилни огради на границата со Русија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/finska-kje-gradi-novi-posilni-ogradi-na-granicata-so-rusija/ Fri, 10 Jun 2022 18:01:43 +0000 https://republika.mk/?p=513633

Финска планира да изгради нови посилни огради на некои делови од границата со Русија, во очекување на „хибридни напади“ од Русија по кандидатурата на земјата за членство во НАТО.

Плашејќи се дека Москва би можела да ги искористи мигрантите за политички притисок, Хелсинки планира нов закон за зајакнување на оградите на некои делови од 1.300 километри долгата граница со Русија. Се очекува проектот да се реализира во најкраток можен рок.

Финска, која аплицираше за влез во НАТО, стравува од „хибридни одмазднички мерки“ како што се кибер-напади или невоени операции за дестабилизација.

Целта на овој предлог-закон е да се подобри оперативниот капацитет на граничарите како одговор на хибридните закани. Ова прашање стана итно поради војната во Украина - изјави Ен Иханус, советничка во Министерството за внатрешни работи.

The post Финска ќе гради нови, посилни огради на границата со Русија appeared first on Република.

]]>

Финска планира да изгради нови посилни огради на некои делови од границата со Русија, во очекување на „хибридни напади“ од Русија по кандидатурата на земјата за членство во НАТО. Плашејќи се дека Москва би можела да ги искористи мигрантите за политички притисок, Хелсинки планира нов закон за зајакнување на оградите на некои делови од 1.300 километри долгата граница со Русија. Се очекува проектот да се реализира во најкраток можен рок. Финска, која аплицираше за влез во НАТО, стравува од „хибридни одмазднички мерки“ како што се кибер-напади или невоени операции за дестабилизација.
Целта на овој предлог-закон е да се подобри оперативниот капацитет на граничарите како одговор на хибридните закани. Ова прашање стана итно поради војната во Украина - изјави Ен Иханус, советничка во Министерството за внатрешни работи.

The post Финска ќе гради нови, посилни огради на границата со Русија appeared first on Република.

]]>
Украдена железна ограда од мост https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/ukradena-zelezna-ograda-od-most/ Wed, 23 Mar 2022 13:30:45 +0000 https://republika.mk/?p=477212

Четворица штипјани на возраст од 20 до 33 години ја извадиле и ја земале оградата на мостот на реката Крива Лакавица.

Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова информира дека вчера на регионалниот пат Штип – село Драгоево, полициски службеници од Полициската станица Штип ги лишиле од слобода 20- годишниот Е.С, 33-годишниот Е.С, 32-годишниот Е.Д.и 30-годишниот Е.С., сите од Штип, бидејќи околу 13.50 часот со употреба на сила демонтирале и одзеле метална ограда од мост меѓу Казнено поправната установа Штип и с.Драгоево. Украдените предмети се пронајдени и ќе бидат вратени. По комплетирање на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.

Полициските службеници вчера на лице место фатиле малолетен крадец во куќа.

Полициски службеници од полициската станица Штип лишиле од слобода малолетник од Штип бидејќи во двор од куќа на улица „Тодор Чучков“ во Штип одзел предмет. Украдениот предмет бил пронајден и вратен на сопственикот. По комплетирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, се вели во соопштението на СВР-Штип.

The post Украдена железна ограда од мост appeared first on Република.

]]>

Четворица штипјани на возраст од 20 до 33 години ја извадиле и ја земале оградата на мостот на реката Крива Лакавица. Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова информира дека вчера на регионалниот пат Штип – село Драгоево, полициски службеници од Полициската станица Штип ги лишиле од слобода 20- годишниот Е.С, 33-годишниот Е.С, 32-годишниот Е.Д.и 30-годишниот Е.С., сите од Штип, бидејќи околу 13.50 часот со употреба на сила демонтирале и одзеле метална ограда од мост меѓу Казнено поправната установа Штип и с.Драгоево. Украдените предмети се пронајдени и ќе бидат вратени. По комплетирање на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава. Полициските службеници вчера на лице место фатиле малолетен крадец во куќа.
Полициски службеници од полициската станица Штип лишиле од слобода малолетник од Штип бидејќи во двор од куќа на улица „Тодор Чучков“ во Штип одзел предмет. Украдениот предмет бил пронајден и вратен на сопственикот. По комплетирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, се вели во соопштението на СВР-Штип.

The post Украдена железна ограда од мост appeared first on Република.

]]>