оговорот за стратешко партнерство со САД Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ogovorot-za-strateshko-partnerstvo-so-sad/ За подобро да се разбереме Wed, 01 Jun 2022 06:25:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png оговорот за стратешко партнерство со САД Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ogovorot-za-strateshko-partnerstvo-so-sad/ 32 32 Брнс: САД и Македонија имаат широки можности за проширување на партнерството https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/brns-sad-i-severna-makedonija-imaat-shiroki-moznosti-za-proshiruvanje-na-partnerstvoto/ Wed, 01 Jun 2022 06:25:53 +0000 https://republika.mk/?p=509547

Амбасадорката на САД во земјава Кејт Мери Брнс во своето вечерашно гостување во „Емисија 200“ на Алсат, говорејќи за стратешкиот дијалог помеѓу Македонија и САД, што треба да се одржи на 2 јуни во Вашингтон, претстави дел од темите коишто се очекува да се најдат на агендата на состанокот.

Агендата е сѐ уште во подготовка, но идејата е да се опфатат повеќе теми од економски просперитет, јакнење на демократските институции, одбраната и безбедноста, како и донесување експерти кои би разговарале за приоритетите на секоја страна. Министерот за надворешни, Османи, ќе ја предводи делегацијата од Македонија, листата за останатите претставници сѐ уште се финализира. Од наша страна, помошникот секретар, Карен Донфрид, која неодамна ја посети Македонија, ќе биде официјален домаќин, но ќе има можности за средби и со други официјални лица, рече амбасадорката Брнс.

Стратешкиот дијалог е добра можност за континуирана соработка помеѓу двете земји и е одличен патоказ за продолжување на партнерството помеѓу САД и Македонија, рече амбасадорката одговарајќи на прашањето – каква порака би ѝ пренела на нејзината наследничка во Скопје.

Намерата за Стратешкиот дијалог е да се разгледаат областите коишто сѐ уште ги немаме потполно истражено. Сѐ уште има простор да се работи на прашања од областа на одбраната и безбедноста, но и на многу други области како економија, енергетика, климатски промени, работа со младите, културна размена, едукација… мислам дека Стратешкиот дијалог нуди интересни можности за во иднина и испраќа сигнал дека САД сакаат уште повеќе да вложат во него. Тоа може да е добар патоказ двете земји да продолжат да го градат своето партнерство, рече амбасадорката Брнс.

The post Брнс: САД и Македонија имаат широки можности за проширување на партнерството appeared first on Република.

]]>