огномет Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ognomet/ За подобро да се разбереме Mon, 07 Oct 2024 10:44:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png огномет Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ognomet/ 32 32 Звицер организирал огномет на стадионот на Партизан за да објави дека „Шкаљарците“ со македонски пасош се ликвидирани https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/zvitser-organiziral-ognomet-na-stadionot-na-partizan-za-da-objavi-deka-shkalartsite-so-makedonski-pasosh-se-likvidirani/ Tue, 08 Oct 2024 06:44:32 +0000 https://republika.mk/?p=817775

Радоје Звицер по убиството на Алан Кожар и Дамир Хаџиќ во дворот на изнајмена вила на островот Крф организирал огномет во бункерот на стадионот на Партизан,

Кожар и Хаџиќ беа убиени на 23 јули 2020 година, неколку месеци откако нивните соработници Игор Дедовиќ и Стеван Стаматовиќ беа ликвидирани во Атина. За нас е интересно што Дедовиќ и Стаматовиќ во моментот на ликвидација поседуваa македонски пасош издаден од претходната власт.

[caption id="attachment_817773" align="alignnone" width="640"] foto Kurir.rs[/caption]

Сиве овие убиства и успешно завршена работа Звицер ги прославил со спектакуларен огномет кој се слушал и гледал низ цел Белград.

 

The post Звицер организирал огномет на стадионот на Партизан за да објави дека „Шкаљарците“ со македонски пасош се ликвидирани appeared first on Република.

]]>

Радоје Звицер по убиството на Алан Кожар и Дамир Хаџиќ во дворот на изнајмена вила на островот Крф организирал огномет во бункерот на стадионот на Партизан, Кожар и Хаџиќ беа убиени на 23 јули 2020 година, неколку месеци откако нивните соработници Игор Дедовиќ и Стеван Стаматовиќ беа ликвидирани во Атина. За нас е интересно што Дедовиќ и Стаматовиќ во моментот на ликвидација поседуваa македонски пасош издаден од претходната власт. [caption id="attachment_817773" align="alignnone" width="640"] foto Kurir.rs[/caption] Сиве овие убиства и успешно завршена работа Звицер ги прославил со спектакуларен огномет кој се слушал и гледал низ цел Белград.  

The post Звицер организирал огномет на стадионот на Партизан за да објави дека „Шкаљарците“ со македонски пасош се ликвидирани appeared first on Република.

]]>
Незгода во Батинци: Од огномет во дворот му изгореа 500 бали сено https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/nezgoda-vo-batintsi-od-ognomet-vo-dvorot-mu-izgorea-500-bali-seno/ Mon, 12 Aug 2024 15:59:47 +0000 https://republika.mk/?p=805909

На 11.08.2024 во 16.14 часот во СВР Скопје, Р.Џ.(37) од с.Елево, општина Студеничани, пријавил дека во с.Батинци, општина Студеничани, настанал пожар на сува трева, кој се проширил и на нива му биле опожарени 500 бали со сено.

Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. На местото каде настанал пожарот била пронајдена кутија од искористен огномет. Увид бил извршен и се работи на расчистување на случајот.

The post Незгода во Батинци: Од огномет во дворот му изгореа 500 бали сено appeared first on Република.

]]>

На 11.08.2024 во 16.14 часот во СВР Скопје, Р.Џ.(37) од с.Елево, општина Студеничани, пријавил дека во с.Батинци, општина Студеничани, настанал пожар на сува трева, кој се проширил и на нива му биле опожарени 500 бали со сено. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. На местото каде настанал пожарот била пронајдена кутија од искористен огномет. Увид бил извршен и се работи на расчистување на случајот.

The post Незгода во Батинци: Од огномет во дворот му изгореа 500 бали сено appeared first on Република.

]]>
Предновогодишен хаос во „Лидл“: Буквално „борба“ за еден производ https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/prednovogodishen-haos-vo-lidl-bukvalno-borba-za-eden-proizvod/ Sun, 31 Dec 2023 11:57:11 +0000 https://republika.mk/?p=728362

Во пресрет на доаѓањето на Нова година, во „Лидл“ во Германија настана вистински хаос за набавка на огномет. Снимки објавени на социјалната мрежа Тикток го покажуваат обемот на побарувачката.

Како што може да се види на едно од видеата, нетрпеливите потрошувачи стојат и ги подаваат рацете за работникот да им подаде кутија со огномет. А работниците, бидејќи нема ред, ги даваат производите по случаен избор.

@barrelo_twitch♬ Originalton - Barrelo

Како што пишува германски „Билд“, во филијалата на „Лидл“ во Хесен, полиците за огномет се испразнети за само неколку минути.

Генерално, побарувачката за огномет е исто така многу голема оваа година. Колегите добро се подготвија и брзо ги наполнија полиците со огномет во согласност со законските прописи“, изјавила портпаролката на „Лидл“ за германскиот весник.

Таа појаснува дека продажбата на огномет подлежи на строги законски барања. Затоа, најверојатно, ќе се појави на полиците само во ограничени количини. Вработените потоа постепено повторно ќе ја расчистат областа.

@grgorxo #fyp #kiefersfelden #lidl #feuerwerk ♬ Originalton - .

Минатата година оваа индустрија имаше рекордна продажба: Германците околу Нова година истурија 180 милиони евра во касата на производителите на пиротехника. Индустријата е оптимист и за оваа година, заклучува Билд.

The post Предновогодишен хаос во „Лидл“: Буквално „борба“ за еден производ appeared first on Република.

]]>

Во пресрет на доаѓањето на Нова година, во „Лидл“ во Германија настана вистински хаос за набавка на огномет. Снимки објавени на социјалната мрежа Тикток го покажуваат обемот на побарувачката. Како што може да се види на едно од видеата, нетрпеливите потрошувачи стојат и ги подаваат рацете за работникот да им подаде кутија со огномет. А работниците, бидејќи нема ред, ги даваат производите по случаен избор.
@barrelo_twitch♬ Originalton - Barrelo
Како што пишува германски „Билд“, во филијалата на „Лидл“ во Хесен, полиците за огномет се испразнети за само неколку минути.
Генерално, побарувачката за огномет е исто така многу голема оваа година. Колегите добро се подготвија и брзо ги наполнија полиците со огномет во согласност со законските прописи“, изјавила портпаролката на „Лидл“ за германскиот весник.
Таа појаснува дека продажбата на огномет подлежи на строги законски барања. Затоа, најверојатно, ќе се појави на полиците само во ограничени количини. Вработените потоа постепено повторно ќе ја расчистат областа.
@grgorxo #fyp #kiefersfelden #lidl #feuerwerk ♬ Originalton - .
Минатата година оваа индустрија имаше рекордна продажба: Германците околу Нова година истурија 180 милиони евра во касата на производителите на пиротехника. Индустријата е оптимист и за оваа година, заклучува Билд.

The post Предновогодишен хаос во „Лидл“: Буквално „борба“ за еден производ appeared first on Република.

]]>
Нема да има огномет за Нова година на плоштад „Македонија“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/nema-da-ima-ognomat-za-nova-godina-na-ploshtad-makedonija/ Sat, 30 Dec 2023 17:54:16 +0000 https://republika.mk/?p=728279

Македонски музичари ќе настапат за пречекот на Нова година на градскиот плоштад „Македонија“. Публиката ќе ги слушне Тин Камп, Скопје Лејдис Оркестра, Пауза за ракија, Тринити Стрингс, Слаткар, Дарио, Мерак Меана со Сузана Гавазова, Влатко Миладиновски, Стојне Николова, Душко Георгиевски и Блага Петреска.

Новата Година треба да биде надеж за подобро утре за сите. Затоа, оваа година средствата наместо за огномет повторно се пренасочени кон хуманитарни цели. Со тоа продолжуваме со поддршка на сите хуманитарни, граѓански и невладини организации со надеж дека ќе успееме да направиме новата 2024 година да донесе нова надеж кај сите граѓани, соопшти Град Скопје.

Под мотото „Градот убав ве кани сите“, на 25 декември 2023 година на плоштадот „Македонија“ во Скопје почнаа предновогодишните настани насловени „Празнична приказна“, во организација на Град Скопје и Комората на музичката индустрија.

 

The post Нема да има огномет за Нова година на плоштад „Македонија“ appeared first on Република.

]]>

Македонски музичари ќе настапат за пречекот на Нова година на градскиот плоштад „Македонија“. Публиката ќе ги слушне Тин Камп, Скопје Лејдис Оркестра, Пауза за ракија, Тринити Стрингс, Слаткар, Дарио, Мерак Меана со Сузана Гавазова, Влатко Миладиновски, Стојне Николова, Душко Георгиевски и Блага Петреска.
Новата Година треба да биде надеж за подобро утре за сите. Затоа, оваа година средствата наместо за огномет повторно се пренасочени кон хуманитарни цели. Со тоа продолжуваме со поддршка на сите хуманитарни, граѓански и невладини организации со надеж дека ќе успееме да направиме новата 2024 година да донесе нова надеж кај сите граѓани, соопшти Град Скопје.
Под мотото „Градот убав ве кани сите“, на 25 декември 2023 година на плоштадот „Македонија“ во Скопје почнаа предновогодишните настани насловени „Празнична приказна“, во организација на Град Скопје и Комората на музичката индустрија.  

The post Нема да има огномет за Нова година на плоштад „Македонија“ appeared first on Република.

]]>
Наместо со огномет, Битола ќе ја пречека Новата година со светлосни ефекти и 3Д мапинг https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/namesto-so-ognomet-bitola-ke-ja-precheka-novata-godina-so-svetlosni-efekti-i-3d-maping/ Thu, 14 Dec 2023 10:51:50 +0000 https://republika.mk/?p=722860

Општина Битола нема да организира огномет на новогодишната ноќ, соопштија од тамошната локална самоуправа.

Годинава на полноќ и за време на реализацијата на забавната програма, дочекот на 2024 година ќе се збогати со светлосни ефекти и 3 Д мапинг, информираа од Општина Битола.

Дочекот на новата година ќе се реализира со почитување на еколошките стандарди, заштитата на животната средина и еднаква грижа за сите граѓани и затоа нема да организираме огномет на новогодишната ноќ. Програмата, „Зимската приказна“ ќе биде збогатена со соодветни содржини, нагласија од секторот за односи со јавност на Општина Битола.

The post Наместо со огномет, Битола ќе ја пречека Новата година со светлосни ефекти и 3Д мапинг appeared first on Република.

]]>

Општина Битола нема да организира огномет на новогодишната ноќ, соопштија од тамошната локална самоуправа. Годинава на полноќ и за време на реализацијата на забавната програма, дочекот на 2024 година ќе се збогати со светлосни ефекти и 3 Д мапинг, информираа од Општина Битола.
Дочекот на новата година ќе се реализира со почитување на еколошките стандарди, заштитата на животната средина и еднаква грижа за сите граѓани и затоа нема да организираме огномет на новогодишната ноќ. Програмата, „Зимската приказна“ ќе биде збогатена со соодветни содржини, нагласија од секторот за односи со јавност на Општина Битола.

The post Наместо со огномет, Битола ќе ја пречека Новата година со светлосни ефекти и 3Д мапинг appeared first on Република.

]]>
Казни од 100 до 250 евра за продажба, купување и употреба на петарди и други пиротехнички средства https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/kazni-od-100-do-250-evra-za-prodazhba-kupuvane-i-upotreba-na-petardi-i-drugi-pirotehnichki-sredstva/ Mon, 11 Dec 2023 16:06:47 +0000 https://republika.mk/?p=721855

Секторот за внатрешни работи Тетово ги засили контролните и други активности поврзани со навремено откривање и спречување продажба и употреба на петарди и други пиротехнички средства, а кои наредните денови уште повеќе ќе се интензивираат.

Во таа насока, на трговците, родителите и учениците (основци и средношколци) повторно им се укажува дека продавањето, односно купувањето и активирањето на петарди на јавни места, на улица, во дворови, влезови на станбени згради и слично, претставува законски прекршок, за кој согласно член 31 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир е предвидена глоба од 100 до 250 евра во денарска противвредност. Нивното набавување и дистрибуирање на пазарот во поголеми количини е спротивно на Кривичниот законик на Република Македонија и за тоа дело е предвидена казна затвор од најмалку пет години, соопштиja од СВР Тетово.

Од таму апелираат, пред се до учениците од основните училишта, подалеку од ваквите опасни играчки, кои неретко можат да предизвикаат и сериозни последици по нивното здравје, односно повреди на рацете, очите и другите делови од телото.

Секторот за внатрешни работи Тетово ги потсетува граѓаните (член 32 од ЗППЈРМ) дека со парична глоба од 100 до 250 евра во денарска противвредност ќе се санкционираат и сите оние кои на јавно место неовластено приредуваат огномети, факелијади или слични приредби и не ги преземат потребните заштитни мерки согласно соодветната законска регулатива, како и оние кои со огнено оружје пукаат на свадбени или други семејни свечености.

 

The post Казни од 100 до 250 евра за продажба, купување и употреба на петарди и други пиротехнички средства appeared first on Република.

]]>

Секторот за внатрешни работи Тетово ги засили контролните и други активности поврзани со навремено откривање и спречување продажба и употреба на петарди и други пиротехнички средства, а кои наредните денови уште повеќе ќе се интензивираат.
Во таа насока, на трговците, родителите и учениците (основци и средношколци) повторно им се укажува дека продавањето, односно купувањето и активирањето на петарди на јавни места, на улица, во дворови, влезови на станбени згради и слично, претставува законски прекршок, за кој согласно член 31 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир е предвидена глоба од 100 до 250 евра во денарска противвредност. Нивното набавување и дистрибуирање на пазарот во поголеми количини е спротивно на Кривичниот законик на Република Македонија и за тоа дело е предвидена казна затвор од најмалку пет години, соопштиja од СВР Тетово.
Од таму апелираат, пред се до учениците од основните училишта, подалеку од ваквите опасни играчки, кои неретко можат да предизвикаат и сериозни последици по нивното здравје, односно повреди на рацете, очите и другите делови од телото. Секторот за внатрешни работи Тетово ги потсетува граѓаните (член 32 од ЗППЈРМ) дека со парична глоба од 100 до 250 евра во денарска противвредност ќе се санкционираат и сите оние кои на јавно место неовластено приредуваат огномети, факелијади или слични приредби и не ги преземат потребните заштитни мерки согласно соодветната законска регулатива, како и оние кои со огнено оружје пукаат на свадбени или други семејни свечености.  

The post Казни од 100 до 250 евра за продажба, купување и употреба на петарди и други пиротехнички средства appeared first on Република.

]]>
Ова е моментот кога свадбарскиот огномет предизвика трагедија во која загинаа најмалку 100 сватови https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ova-e-momentot-koga-svadbarskiot-ognomet-predizvika-tragedija-vo-koja-zaginaa-najmalku-100-svatovi/ Wed, 27 Sep 2023 08:30:29 +0000 https://republika.mk/?p=685475

Најмалку 100 лица загинаа, а 150 се повредени во пожар што избувна на свадба во северен Ирак.

Би-би-си јави дека на свадбата во местото Ал-Хамданија, во провинцијата Ниневија, во северен Ирак, имало стотици гости кога доцна синоќа избувна пожар и го зафати објектот каде се одржуваше прославата.

Причината за пожарот се уште не е утврдена, но првичните информации укажуваат дека пожарот настанал по палење на огномет.

Во првичните извештаи на ирачките медиуми се наведуваше дека и невестата и младоженецот загинале во пожарот, но подоцна агенцијата Нина јави дека тие преживеале, но се сместени во болница со изгореници.

Пожарот предизвика уривање на делови од салата во која се славеше, бидејќи таа била изградена од многу запаливи, евтини градежни материјали што се урнаа за неколку минути по пожарот, соопшти ирачката Управа за цивилна одбрана.

Државната новинска агенција ИНА наведува дека најмалку 100 загинале, а 150 се повредени.

Заменик-гувернерот на Ниневија, Хасан ал Алак, за британските медиуми изјави дека е потврдена смртта на 113 лица.

Сите повредени се префрлени во болниците низ провинцијата, изјави гувернерот за ИНА и предупреди дека бројот на загинати и повредени не е конечен и може да се зголеми.

The post Ова е моментот кога свадбарскиот огномет предизвика трагедија во која загинаа најмалку 100 сватови appeared first on Република.

]]>

Најмалку 100 лица загинаа, а 150 се повредени во пожар што избувна на свадба во северен Ирак. Би-би-си јави дека на свадбата во местото Ал-Хамданија, во провинцијата Ниневија, во северен Ирак, имало стотици гости кога доцна синоќа избувна пожар и го зафати објектот каде се одржуваше прославата. Причината за пожарот се уште не е утврдена, но првичните информации укажуваат дека пожарот настанал по палење на огномет. Во првичните извештаи на ирачките медиуми се наведуваше дека и невестата и младоженецот загинале во пожарот, но подоцна агенцијата Нина јави дека тие преживеале, но се сместени во болница со изгореници.
Пожарот предизвика уривање на делови од салата во која се славеше, бидејќи таа била изградена од многу запаливи, евтини градежни материјали што се урнаа за неколку минути по пожарот, соопшти ирачката Управа за цивилна одбрана.
Државната новинска агенција ИНА наведува дека најмалку 100 загинале, а 150 се повредени. Заменик-гувернерот на Ниневија, Хасан ал Алак, за британските медиуми изјави дека е потврдена смртта на 113 лица. Сите повредени се префрлени во болниците низ провинцијата, изјави гувернерот за ИНА и предупреди дека бројот на загинати и повредени не е конечен и може да се зголеми.

The post Ова е моментот кога свадбарскиот огномет предизвика трагедија во која загинаа најмалку 100 сватови appeared first on Република.

]]>
Огномет на свадба предизвика пожар: Загинаа најмалку 100 луѓе, меѓу нив и младоженците https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ognomet-na-svadba-predizvika-pozhar-zaginaa-najmalku-100-luge-megu-niv-i-mladozhentsite/ Wed, 27 Sep 2023 07:19:45 +0000 https://republika.mk/?p=685482

Најмалку 114 лица загинаа, а 200 се повредени во пожар на свадбена прослава во северната ирачка провинција Ниневија, објавија рано утринава ирачките државни медиуми. Меѓу загинатите се и двајцата младоженци, соопштија властите.

Пожарот се случил во претежно христијанска област во близина на градот Мосул. Пожарот, соопшти локалната цивилна одбрана, ја зафатил големата сала во која се одржувала венчавката, откако за време на прославата бил запален огномет.

Првичните информации покажуваат дека зградата била направена од високо запаливи и евтини градежни материјали, што придонело за брзо уривање на објектот, објавија ирачките државни медиуми, а очевидци на настанот сведочат дека за време на несреќата во објектот имало околу 900 гости. Пожарот најпрво го зафатил таванот, а брзо потоа се проширил низ целата сала. Дел од загинатите или изгореле живи, а дел од задушување.

The post Огномет на свадба предизвика пожар: Загинаа најмалку 100 луѓе, меѓу нив и младоженците appeared first on Република.

]]>

Најмалку 114 лица загинаа, а 200 се повредени во пожар на свадбена прослава во северната ирачка провинција Ниневија, објавија рано утринава ирачките државни медиуми. Меѓу загинатите се и двајцата младоженци, соопштија властите. Пожарот се случил во претежно христијанска област во близина на градот Мосул. Пожарот, соопшти локалната цивилна одбрана, ја зафатил големата сала во која се одржувала венчавката, откако за време на прославата бил запален огномет. Првичните информации покажуваат дека зградата била направена од високо запаливи и евтини градежни материјали, што придонело за брзо уривање на објектот, објавија ирачките државни медиуми, а очевидци на настанот сведочат дека за време на несреќата во објектот имало околу 900 гости. Пожарот најпрво го зафатил таванот, а брзо потоа се проширил низ целата сала. Дел од загинатите или изгореле живи, а дел од задушување.

The post Огномет на свадба предизвика пожар: Загинаа најмалку 100 луѓе, меѓу нив и младоженците appeared first on Република.

]]>
Бразилка загина на новогодишна прослава, огнометот ѝ се заглави во облеката https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/brazilka-zagina-na-novogodishna-proslava-ognometot-se-zaglavi-vo-oblekata/ Tue, 03 Jan 2023 10:31:37 +0000 https://republika.mk/?p=593088

Бразилка, мајка на две деца загина за време на новогодишна прослава, откако огномет и заглави во облеката.

Елизангела Тинем (38) загина кога и експлодираше огномет на бразилска плажа среде собир, пренесува Дејли мејл.

На социјалните мрежи се појави видео од 24 секунди на кое се прикажани моментите пред смртта на туристката на плажата во Праја Гранде, Сао Паоло.

На вознемирувачката снимка може да се види толпа луѓе кои стојат во областа и гледаат огномет на небото над нив.

Одеднаш, камерата се врти наоколу за да покаже блесоци на светлина поблиску до земјата, проследени со силен тресок.

Голем број луѓе скокаат од експлозијата, додека други, меѓу кои и оној кој го снимил немилиот настан, почнуваат да бегаат. Кога камерата се враќа назад, се гледа тело кое лежи на земја.

Двете деца на Елизангела биле сведоци на смртта на нивната мајка, а нејзиниот погреб треба да се одржи попладнево во нејзиниот роден град Сао Паоло, пишува Дејли мејл.

Очевидецот Луиза Фереира (20) за локалниот весник изјави дека на плажата биле поставени неколку неовластени огномети.

„Видов голем блесок само што удри на полноќ и ја гушкав мајка ми, а потоа сите почнаа да врескаат. Видов жена како лежи на земја и крвареше кога отидов да погледнам, а момчето што беше со неа исто така беше на земја“ – изјави Луиза, која беше сведок на ужасната сцена.

Тој наведува дека другите лица истрчале да побегнат од областа.

Наводно, 41-годишниот роднина на жртвата и рекол на полицијата дека огнометот експлодирал откако се заглавил во нејзината облека.

Потврдено е дека пиротехничкото средство не го активирало семејството и сега е во тек истрага која се очекува да доведе до обвинение за убиство од небрежност, доколку се најде лицето кое го испукало огнометот во воздух.

The post Бразилка загина на новогодишна прослава, огнометот ѝ се заглави во облеката appeared first on Република.

]]>

Бразилка, мајка на две деца загина за време на новогодишна прослава, откако огномет и заглави во облеката. Елизангела Тинем (38) загина кога и експлодираше огномет на бразилска плажа среде собир, пренесува Дејли мејл. На социјалните мрежи се појави видео од 24 секунди на кое се прикажани моментите пред смртта на туристката на плажата во Праја Гранде, Сао Паоло. На вознемирувачката снимка може да се види толпа луѓе кои стојат во областа и гледаат огномет на небото над нив. Одеднаш, камерата се врти наоколу за да покаже блесоци на светлина поблиску до земјата, проследени со силен тресок. Голем број луѓе скокаат од експлозијата, додека други, меѓу кои и оној кој го снимил немилиот настан, почнуваат да бегаат. Кога камерата се враќа назад, се гледа тело кое лежи на земја. Двете деца на Елизангела биле сведоци на смртта на нивната мајка, а нејзиниот погреб треба да се одржи попладнево во нејзиниот роден град Сао Паоло, пишува Дејли мејл. Очевидецот Луиза Фереира (20) за локалниот весник изјави дека на плажата биле поставени неколку неовластени огномети. „Видов голем блесок само што удри на полноќ и ја гушкав мајка ми, а потоа сите почнаа да врескаат. Видов жена како лежи на земја и крвареше кога отидов да погледнам, а момчето што беше со неа исто така беше на земја“ – изјави Луиза, која беше сведок на ужасната сцена. Тој наведува дека другите лица истрчале да побегнат од областа. Наводно, 41-годишниот роднина на жртвата и рекол на полицијата дека огнометот експлодирал откако се заглавил во нејзината облека. Потврдено е дека пиротехничкото средство не го активирало семејството и сега е во тек истрага која се очекува да доведе до обвинение за убиство од небрежност, доколку се најде лицето кое го испукало огнометот во воздух.

The post Бразилка загина на новогодишна прослава, огнометот ѝ се заглави во облеката appeared first on Република.

]]>
Скопјани не го видоа огнометот од маглата https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/skopjani-ne-go-vidoa-ognometot-od-maglata/ Sat, 31 Dec 2022 23:57:31 +0000 https://republika.mk/?p=592381

2023 година за скопјани доаѓа невообичаено по многу нешта.

Првпат откако се прославува органзирано на плоштадот, Градот реши да не учествува во прославата. Првпат за новогодишната ноќ градот е проголтан од густа магла, првпат е толку пусто, тивко...

Стотината жители на главниот град кои одлучија новогодишната ноќ да ја поминат на плоштадот Македонија ги забавуваа естради уметници организирани од Здружението на естрадни уметници „Естрада”, кое се нафати да биде организатор на новогодишната забава.

Мерак Меана, Наум Петрески, Благица Павловска, Ферус Мустафов, Зуица Лазова, Ленче и Горан Кукиќ, за на крајот скопјани да одбројуваат со Елена Ристеска. 3, 2, 1... Среќна Нова година им посака главната ѕвезда на вечерта, а потоа следуваше неколкуминутен огномет, кој, за жал, остана невиден од маглата.

Да се надеваме дека годината која започна како сцена од „Подземје“ на Кустурица, ќе го разбие малерот и конечно силно ќе ни светне ден.

The post Скопјани не го видоа огнометот од маглата appeared first on Република.

]]>

2023 година за скопјани доаѓа невообичаено по многу нешта. Првпат откако се прославува органзирано на плоштадот, Градот реши да не учествува во прославата. Првпат за новогодишната ноќ градот е проголтан од густа магла, првпат е толку пусто, тивко... Стотината жители на главниот град кои одлучија новогодишната ноќ да ја поминат на плоштадот Македонија ги забавуваа естради уметници организирани од Здружението на естрадни уметници „Естрада”, кое се нафати да биде организатор на новогодишната забава. Мерак Меана, Наум Петрески, Благица Павловска, Ферус Мустафов, Зуица Лазова, Ленче и Горан Кукиќ, за на крајот скопјани да одбројуваат со Елена Ристеска. 3, 2, 1... Среќна Нова година им посака главната ѕвезда на вечерта, а потоа следуваше неколкуминутен огномет, кој, за жал, остана невиден од маглата. Да се надеваме дека годината која започна како сцена од „Подземје“ на Кустурица, ќе го разбие малерот и конечно силно ќе ни светне ден.

The post Скопјани не го видоа огнометот од маглата appeared first on Република.

]]>
Во Загреб нема да има огномет за Нова година https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vo-zagreb-nema-da-ima-ognomet-za-nova-godina/ Thu, 29 Dec 2022 12:06:41 +0000 https://republika.mk/?p=591457

Хрватскиот главен град Загреб ја прифати иницијативата на здружението „Пријатели на животните” и за прославата на Нова година нема да организира огномет. Наместо тоа, граѓаните на централниот плоштад ќе ја дочекаат Новата година со шарени конфети, визуелни ефекти и богата музичка програма.

Со оваа одлука, градот Загреб ја прифати иницијативата, која претходно ја поддржаа повеќе хрватски градови, меѓу кои Осијек, Риека, Пула, Опатија, Самобор и други.

Хрватското здружение „Пријатели на животните” претходно го повикаа Градот Загреб да не организира огномет за новогодишната ноќ, велејќи дека огнометот има негативни ефекти врз животната средина, влијае на респираторните и кардиоваскуларни проблеми кај луѓето и предизвикува паничен страв кај многу животни.

 

The post Во Загреб нема да има огномет за Нова година appeared first on Република.

]]>

Хрватскиот главен град Загреб ја прифати иницијативата на здружението „Пријатели на животните” и за прославата на Нова година нема да организира огномет. Наместо тоа, граѓаните на централниот плоштад ќе ја дочекаат Новата година со шарени конфети, визуелни ефекти и богата музичка програма. Со оваа одлука, градот Загреб ја прифати иницијативата, која претходно ја поддржаа повеќе хрватски градови, меѓу кои Осијек, Риека, Пула, Опатија, Самобор и други. Хрватското здружение „Пријатели на животните” претходно го повикаа Градот Загреб да не организира огномет за новогодишната ноќ, велејќи дека огнометот има негативни ефекти врз животната средина, влијае на респираторните и кардиоваскуларни проблеми кај луѓето и предизвикува паничен страв кај многу животни.  

The post Во Загреб нема да има огномет за Нова година appeared first on Република.

]]>
Со огномет и развиорени знамиња во Доњецк се слави одлуката на Путин за признавање независност https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/so-ognomet-i-razvioreni-znaminja-vo-donjeck-se-slavi-odlukata-na-putin-za-priznavanje-nezavisnost/ Mon, 21 Feb 2022 20:55:50 +0000 https://republika.mk/?p=461664

Рускиот претседател Владимир Путин вечерва го потшиша указот за независност на Донбас, истакнувајќи дека Русија ја признава независноста на двата отцепени региона на истокот на Украина.

Веднаш по потпишување на одлуката, луѓето излегоа на улиците на Доњецк да ја прослават одлуката на Путин за признавање на самопрогласените Доњецка и Луганска Народна Република за суверени нации, наведува РИА Новости.

По одлуката на Путин, граѓаните излегоа на улици со развиорени руски знамиња и прават огномет.

Путин претходно се обрати на граѓаните на Русија и ја наведе неопходноста за признавање на Доњецка и Луганска Народна Република. Рускиот претседател смета дека ситуацијата во Донбас е критична и го замоли парламентот да ги ратификува документите.

https://youtu.be/whFrIbK2LwQ

The post Со огномет и развиорени знамиња во Доњецк се слави одлуката на Путин за признавање независност appeared first on Република.

]]>

Рускиот претседател Владимир Путин вечерва го потшиша указот за независност на Донбас, истакнувајќи дека Русија ја признава независноста на двата отцепени региона на истокот на Украина. Веднаш по потпишување на одлуката, луѓето излегоа на улиците на Доњецк да ја прослават одлуката на Путин за признавање на самопрогласените Доњецка и Луганска Народна Република за суверени нации, наведува РИА Новости. По одлуката на Путин, граѓаните излегоа на улици со развиорени руски знамиња и прават огномет. Путин претходно се обрати на граѓаните на Русија и ја наведе неопходноста за признавање на Доњецка и Луганска Народна Република. Рускиот претседател смета дека ситуацијата во Донбас е критична и го замоли парламентот да ги ратификува документите. https://youtu.be/whFrIbK2LwQ

The post Со огномет и развиорени знамиња во Доњецк се слави одлуката на Путин за признавање независност appeared first on Република.

]]>
Спектакл поголем од Дубаи: Огнометот во Белград го остави регионот без здив https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/spektakl-pogolem-od-dubai-ognometot-vo-belgrad-go-ostavi-regionot-bez-zdiv/ Sun, 02 Jan 2022 10:22:54 +0000 https://republika.mk/?p=439519

Центар на новогодишната забава во регионот годинава беше Белград. Илјадници туристи од регионот решија продолжениот викенд да го поминат во главниот град на Србија и да бидат сведоци на најспектакуларниот огномет. Некои велат, поспектакуларен и од огнометите во Дубаи.

Дочекот на Новата 2022 година во Белград беше организиран пред Народното собрание и на шеталиштето Сава. Главни гости на новогодишната прослава беа Горан Бреговиќ и Бјело дугмe, кои одржаа концерт во Белград на вода. Но, сепак, регионот пишува за огнометот.

За пречекот во Србија извести и Вечерњи со текст со наслов „Огномет подобар од Дубаи, најдобар досега“.

Големиот огномет беше организиран со ласерска проекција, а беше проследен и со музика специјално составена за овој настан.

Спектаклот на небото на Белград траеше цели осум минути. Одбројувањето до Новата година се одржа кај Белградската кула.

На социјалните мрежи се појави досега невидено и дефинитивно најдобро видео од огнометот во Белград.

Огнометот се пукал од дури 250 позиции. Целиот настап беше проследен со музика специјално составена за оваа пригода.

Сето ова чинело 42 илјади евра
Секретаријатот за одбрана и вонредни состојби во Белград купил над 13.000 чаури за огномет, кои ги платил 5 милиони динари (околу 42.500 евра), според Решението за доделување на договорот. Како што соопшти Нова економија, одлуката е донесена два дена пред новогодишната прослава, на 29 декември.

Набавени се над 11.000 кутиски батерии (поединечни патрони), како и неколку стотици други видови огномети и пиротехнички средства.

The post Спектакл поголем од Дубаи: Огнометот во Белград го остави регионот без здив appeared first on Република.

]]>

Центар на новогодишната забава во регионот годинава беше Белград. Илјадници туристи од регионот решија продолжениот викенд да го поминат во главниот град на Србија и да бидат сведоци на најспектакуларниот огномет. Некои велат, поспектакуларен и од огнометите во Дубаи. Дочекот на Новата 2022 година во Белград беше организиран пред Народното собрание и на шеталиштето Сава. Главни гости на новогодишната прослава беа Горан Бреговиќ и Бјело дугмe, кои одржаа концерт во Белград на вода. Но, сепак, регионот пишува за огнометот. За пречекот во Србија извести и Вечерњи со текст со наслов „Огномет подобар од Дубаи, најдобар досега“. Големиот огномет беше организиран со ласерска проекција, а беше проследен и со музика специјално составена за овој настан. Спектаклот на небото на Белград траеше цели осум минути. Одбројувањето до Новата година се одржа кај Белградската кула. На социјалните мрежи се појави досега невидено и дефинитивно најдобро видео од огнометот во Белград. Огнометот се пукал од дури 250 позиции. Целиот настап беше проследен со музика специјално составена за оваа пригода. Сето ова чинело 42 илјади евра Секретаријатот за одбрана и вонредни состојби во Белград купил над 13.000 чаури за огномет, кои ги платил 5 милиони динари (околу 42.500 евра), според Решението за доделување на договорот. Како што соопшти Нова економија, одлуката е донесена два дена пред новогодишната прослава, на 29 декември. Набавени се над 11.000 кутиски батерии (поединечни патрони), како и неколку стотици други видови огномети и пиротехнички средства.

The post Спектакл поголем од Дубаи: Огнометот во Белград го остави регионот без здив appeared first on Република.

]]>
12-годишно момче загина од огномет во Холандија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/12-godishno-momche-zagina-od-ognomet-vo-holandija/ Sat, 01 Jan 2022 17:09:29 +0000 https://republika.mk/?p=439372

Момче на 12-годишна возраст загина, а уште едно дете е повредено во инцидент со огномет во Холандија. До несреќата дошло во Хаксберген, мал град на истокот од земјата, во близина на границата со Германија, додека децата набљудувале маж како испукува огномет со помош на уреди изработени во домашни услови, објави Гардијан. Прославата со огномети во оваа земја веќе втора година по ред е забранета.

Њујорк ја прослави Новата година на Тајмс Сквер, каде насобраните луѓе, беа многу помалку од претходните години пред пандемијата. Во Њујорк, 15.000 луѓе, како што беше пропишано со епидемиолошките мерки, во студената ноќ гледале како топката тешка 6 тони се спушта, опкружена со речиси 2.700 кристали. Градските власти инсистирале да се одржи новогодишна прослава, за разлика од минатата година, со цел да ја покажат отпорноста на градот дури и во времето на повторното појавување на коронавирусот.

The post 12-годишно момче загина од огномет во Холандија appeared first on Република.

]]>

Момче на 12-годишна возраст загина, а уште едно дете е повредено во инцидент со огномет во Холандија. До несреќата дошло во Хаксберген, мал град на истокот од земјата, во близина на границата со Германија, додека децата набљудувале маж како испукува огномет со помош на уреди изработени во домашни услови, објави Гардијан. Прославата со огномети во оваа земја веќе втора година по ред е забранета. Њујорк ја прослави Новата година на Тајмс Сквер, каде насобраните луѓе, беа многу помалку од претходните години пред пандемијата. Во Њујорк, 15.000 луѓе, како што беше пропишано со епидемиолошките мерки, во студената ноќ гледале како топката тешка 6 тони се спушта, опкружена со речиси 2.700 кристали. Градските власти инсистирале да се одржи новогодишна прослава, за разлика од минатата година, со цел да ја покажат отпорноста на градот дури и во времето на повторното појавување на коронавирусот.

The post 12-годишно момче загина од огномет во Холандија appeared first on Република.

]]>