огласи Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/oglasi/ За подобро да се разбереме Tue, 22 Oct 2024 12:29:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png огласи Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/oglasi/ 32 32 Огласите за вработувања во јавната администрација ќе се довршат, но без балансерот https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/oglasite-za-vrabotuvana-vo-javnata-administratsija-ke-se-dovrshat-no-bez-balanserot/ Tue, 22 Oct 2024 12:29:16 +0000 https://republika.mk/?p=829877

Постапките за вработување во институциите во јавниот сектор ќе продолжат и ќе се довршат во согласност со законите кои важеа во моментот кога се распишани огласите за вработување, соопшти Министерството за јавната администрација.

Минатиот месец министерството ги сопре сите вработувања во јавната администрација откако Уставниот суд реши да ја испитува уставноста и законитоста на механизмот балансер, со кој се обезбедуваше правична застапеност на заедниците во вработувањата. Минатата недела Судот го укина балансерот, односно укина повеќе одредби од Законот за вработените во јавниот сектор во кои се споменува терминот „припадник на заедницата“.

Од Министерството за јавна администрација појаснуваат дека огласите ќе се довршат, но во постапките нема да се применуваат укинатите законски одредби.

The post Огласите за вработувања во јавната администрација ќе се довршат, но без балансерот appeared first on Република.

]]>

Постапките за вработување во институциите во јавниот сектор ќе продолжат и ќе се довршат во согласност со законите кои важеа во моментот кога се распишани огласите за вработување, соопшти Министерството за јавната администрација. Минатиот месец министерството ги сопре сите вработувања во јавната администрација откако Уставниот суд реши да ја испитува уставноста и законитоста на механизмот балансер, со кој се обезбедуваше правична застапеност на заедниците во вработувањата. Минатата недела Судот го укина балансерот, односно укина повеќе одредби од Законот за вработените во јавниот сектор во кои се споменува терминот „припадник на заедницата“. Од Министерството за јавна администрација појаснуваат дека огласите ќе се довршат, но во постапките нема да се применуваат укинатите законски одредби.

The post Огласите за вработувања во јавната администрација ќе се довршат, но без балансерот appeared first on Република.

]]>
Меѓу Нова година и Божиќ објавени огласи за вработување во администрација: Владата бара дури 60 нови административци https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/megu-nova-godina-i-bozhik-objaveni-oglasi-za-vrabotuvane-vo-administratsija-vladata-bara-duri-60-novi-administrativtsi/ Fri, 05 Jan 2024 13:59:07 +0000 https://republika.mk/?p=730084

Помеѓу празниците отворени позиции објави Владата која бара дури над 60 нови административци.

Регулаторната комисија за енергетика вработува тројца, Дирекцијата за заштита и спасување 25 луѓе, Центарот за управување со кризи 28. Огласи за вработување објавија и Агенцијата за храна и ветеринарство, Министерството за земјоделство, Министерството за финансии, Агенцијата за државни пасишта, Јавното претпријатие за државни патишта и други државни институции. Дури и Агенцијата за вработување ќе вработува, бара 18 административци.

 

The post Меѓу Нова година и Божиќ објавени огласи за вработување во администрација: Владата бара дури 60 нови административци appeared first on Република.

]]>

Помеѓу празниците отворени позиции објави Владата која бара дури над 60 нови административци. Регулаторната комисија за енергетика вработува тројца, Дирекцијата за заштита и спасување 25 луѓе, Центарот за управување со кризи 28. Огласи за вработување објавија и Агенцијата за храна и ветеринарство, Министерството за земјоделство, Министерството за финансии, Агенцијата за државни пасишта, Јавното претпријатие за државни патишта и други државни институции. Дури и Агенцијата за вработување ќе вработува, бара 18 административци.  

The post Меѓу Нова година и Божиќ објавени огласи за вработување во администрација: Владата бара дури 60 нови административци appeared first on Република.

]]>
Внимавајте ако сте огласиле возило за продажба: Чудни купувачи доаѓаат ноќе, се врткаат околу автомобилот и прашуваат за другите коли на паркингот https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/vnimavajte-ako-ste-oglasile-vozilo-za-prodazhba-chudni-kupuvachi-doagaat-noke-se-vrtkaat-okolu-avtomobilot-i-prashuvaat-za-drugite-koli-na-parkingot/ Mon, 27 Feb 2023 16:52:32 +0000 https://republika.mk/?p=613877

Граѓаните кои овие денови ги огласиле своите возила за продажба треба да внимаваат бидејќи постои една организирана група низ Скопје која има добро развиена шема да ги принудат сопствениците на автомобилите да ги продадаат што е можно побрзо и за цена помала од наведената на огласот.

Како функционира оваа група ни објасни еден читател кој имал искуство со овие луѓе.

Веднаш штом заитересираниот ќе го огласи своето возило на еден од двата најпознати сајтови за продажба, оваа група добива нотификации на мобилните дека има нов „клиент“ на пазарот.

Веднаш му се јавуваат и објаснуваат дека го виделе возилото на огласот и оти се сериозно заинтересирани да го купат. Огласувачот отпрвин мисли дека навистина сакаат да го купат неговото возило па не ни помислува дека станува збор за добро организирана дружина и веднаш се согласува да го покаже автомобилот кој сака да го продаде .

Оваа група се јавува исклучително ноќе во вечерните часови и бара веднаш да го види возилото. Доаѓаат неколкумина со ламби и кружат околу автомобилот а од сопственикот дури и не бараат да го запали возилото да видат како работи што е вообичаено при продажба.

Веднаш почнуваат со муабет дека возилото е лошо и дека можат да понудат половина од сумата која ја има сопственикот на возилото наведено во огласот. Откако газдата ќе им каже дека не прифаќа тие не се откажуваат и веднаш се распрашуваат за другите возила на паркингот дали се за продажба и со ламбата гледаат внатре во автомобилите.

Откако ќе си заминат, по десетина минути звони друг заинтересиран од различен број со истата приказна дека е на поминување и дека сака веднаш да го види возилото и оти е спремен да остави дури и капар. Очигледно е дека овие луѓе не доаѓаат за да купат возило кое чини 1.000-2000 евра кога излегуваат од џип од 30.000 евра и оти се работи за организирана шема.

Механичарите кои поправаат т.н мали возила велат дека се работи за добро разработена група од едно скопско село кои имаат за цел да купат вакви возила што е можно поевтино кои потоа ги „шминкаат“ и ги препродаваат за двојно повисока цена или пак вадат делови од кои можат добро да заработат.

Платината од катализаторот вреди како злато

Во Скопје зачестени се кражбите на катализатори на возило кои возат на бензин. Причина за кражбите на овој дел кој се наоѓа на задниот дел од возилото се благородните метали како платина и паладиум.Така на пример, цената на паладиумот, порасна неколкупати во последните пет години, при што во март годинава достигна рекордни 3000 евра за унца. Платината пак достигнува 58.000 евра килорам.

The post Внимавајте ако сте огласиле возило за продажба: Чудни купувачи доаѓаат ноќе, се врткаат околу автомобилот и прашуваат за другите коли на паркингот appeared first on Република.

]]>

Граѓаните кои овие денови ги огласиле своите возила за продажба треба да внимаваат бидејќи постои една организирана група низ Скопје која има добро развиена шема да ги принудат сопствениците на автомобилите да ги продадаат што е можно побрзо и за цена помала од наведената на огласот. Како функционира оваа група ни објасни еден читател кој имал искуство со овие луѓе. Веднаш штом заитересираниот ќе го огласи своето возило на еден од двата најпознати сајтови за продажба, оваа група добива нотификации на мобилните дека има нов „клиент“ на пазарот. Веднаш му се јавуваат и објаснуваат дека го виделе возилото на огласот и оти се сериозно заинтересирани да го купат. Огласувачот отпрвин мисли дека навистина сакаат да го купат неговото возило па не ни помислува дека станува збор за добро организирана дружина и веднаш се согласува да го покаже автомобилот кој сака да го продаде . Оваа група се јавува исклучително ноќе во вечерните часови и бара веднаш да го види возилото. Доаѓаат неколкумина со ламби и кружат околу автомобилот а од сопственикот дури и не бараат да го запали возилото да видат како работи што е вообичаено при продажба. Веднаш почнуваат со муабет дека возилото е лошо и дека можат да понудат половина од сумата која ја има сопственикот на возилото наведено во огласот. Откако газдата ќе им каже дека не прифаќа тие не се откажуваат и веднаш се распрашуваат за другите возила на паркингот дали се за продажба и со ламбата гледаат внатре во автомобилите. Откако ќе си заминат, по десетина минути звони друг заинтересиран од различен број со истата приказна дека е на поминување и дека сака веднаш да го види возилото и оти е спремен да остави дури и капар. Очигледно е дека овие луѓе не доаѓаат за да купат возило кое чини 1.000-2000 евра кога излегуваат од џип од 30.000 евра и оти се работи за организирана шема. Механичарите кои поправаат т.н мали возила велат дека се работи за добро разработена група од едно скопско село кои имаат за цел да купат вакви возила што е можно поевтино кои потоа ги „шминкаат“ и ги препродаваат за двојно повисока цена или пак вадат делови од кои можат добро да заработат.

Платината од катализаторот вреди како злато

Во Скопје зачестени се кражбите на катализатори на возило кои возат на бензин. Причина за кражбите на овој дел кој се наоѓа на задниот дел од возилото се благородните метали како платина и паладиум.Така на пример, цената на паладиумот, порасна неколкупати во последните пет години, при што во март годинава достигна рекордни 3000 евра за унца. Платината пак достигнува 58.000 евра килорам.

The post Внимавајте ако сте огласиле возило за продажба: Чудни купувачи доаѓаат ноќе, се врткаат околу автомобилот и прашуваат за другите коли на паркингот appeared first on Република.

]]>
Се огласи Обвинителството за инцидентот со македонското знаме во Торино https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/se-oglasi-obvinitelstvoto-za-incidentot-so-makedonskoto-zname-vo-torino/ Mon, 09 May 2022 11:16:49 +0000 https://republika.mk/?p=499880

Основното јавно обвинителство до овој момент нема отворено предмет за настанот кој ја разбранува македонската јавност, а кој се однесува на евровизиската претставничка Андреа Коевска која го фрли државното знаме на подот при фотографирањето синоќа во Торино, Италија.

До овој момент нема индиции дека во настанот имало намера државното знаме да се изложи на подбив и исмејување, велат од Обвинителството за „Слободен печат“.

Македонската евровизиска претставничка Андреа Коевска уште еднаш се обрати до јавноста, овојпат преку „Инстаграм“.

 

https://republika.mk/scena/muzika/andrea-se-obrati-preku-stori-makedonskoto-zname-kje-prodolzam-da-go-veam-gordo-kako-do-sega/

The post Се огласи Обвинителството за инцидентот со македонското знаме во Торино appeared first on Република.

]]>

Основното јавно обвинителство до овој момент нема отворено предмет за настанот кој ја разбранува македонската јавност, а кој се однесува на евровизиската претставничка Андреа Коевска која го фрли државното знаме на подот при фотографирањето синоќа во Торино, Италија.
До овој момент нема индиции дека во настанот имало намера државното знаме да се изложи на подбив и исмејување, велат од Обвинителството за „Слободен печат“.
Македонската евровизиска претставничка Андреа Коевска уште еднаш се обрати до јавноста, овојпат преку „Инстаграм“.   https://republika.mk/scena/muzika/andrea-se-obrati-preku-stori-makedonskoto-zname-kje-prodolzam-da-go-veam-gordo-kako-do-sega/

The post Се огласи Обвинителството за инцидентот со македонското знаме во Торино appeared first on Република.

]]>
Се вработуваат над 220 нови административци во три министерства предводени од ДУИ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/se-vrabotuvaat-nad-220-novi-administrativci-vo-tri-ministerstva-predvodeni-od-dui/ Wed, 05 Jan 2022 14:34:54 +0000 https://republika.mk/?p=441064

Изминатиот период, во само три министерства предвони со министер од редовите на ДУИ, се распишани огласи за вработување на повеќе од 220 луѓе, анализира Антропол.

Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците е апсолутен рекордер по бројот на лица што планира да ги вработи. Расорот што го предводи вицепремиерот Артан Груби, кој не редко во критиките од опозицијата е нарекуван „Премиер“, распишал оглас за дури 166 вработувања. 83 од овие вработувања треба да бидат помлади соработници за унапредување на употребата на јазиците на етничките заедници, коишто ќе работат за плата од 22 илјади денари месечно. Уште 83-ца треба да бидат помлади соработници за превод, лекторирање и редакција, исто така, за плата од 22 илјади денари.

Засега ова министерство нема образложено до јавноста, од каде се појавува потребата за вакво зголемување на бројот на вработените, веројатно е дека управуваните министерства од ДУИ сметаат дека не и должат објаснување на јавноста, единствено е јасно дека за нивната заработувачка народот ќе плати.

Нови вработувања бара и Министерството за финансии. Со него управува Фатмир Бесими, а неговиот пан е да се вработат речиси 70 луѓе. 17 за во самиот ресор (советници, соработници, референти, но и раководители на одделенија) и уште 51 извршител во Царинската управа. Финансии распиша оглас за цариници на Богородица, Блаце, на скопскиот аеродром, цариници во Битола, но и советници за во Централа.

Повеќе на Антропол

The post Се вработуваат над 220 нови административци во три министерства предводени од ДУИ appeared first on Република.

]]>

Изминатиот период, во само три министерства предвони со министер од редовите на ДУИ, се распишани огласи за вработување на повеќе од 220 луѓе, анализира Антропол. Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците е апсолутен рекордер по бројот на лица што планира да ги вработи. Расорот што го предводи вицепремиерот Артан Груби, кој не редко во критиките од опозицијата е нарекуван „Премиер“, распишал оглас за дури 166 вработувања. 83 од овие вработувања треба да бидат помлади соработници за унапредување на употребата на јазиците на етничките заедници, коишто ќе работат за плата од 22 илјади денари месечно. Уште 83-ца треба да бидат помлади соработници за превод, лекторирање и редакција, исто така, за плата од 22 илјади денари.
Засега ова министерство нема образложено до јавноста, од каде се појавува потребата за вакво зголемување на бројот на вработените, веројатно е дека управуваните министерства од ДУИ сметаат дека не и должат објаснување на јавноста, единствено е јасно дека за нивната заработувачка народот ќе плати. Нови вработувања бара и Министерството за финансии. Со него управува Фатмир Бесими, а неговиот пан е да се вработат речиси 70 луѓе. 17 за во самиот ресор (советници, соработници, референти, но и раководители на одделенија) и уште 51 извршител во Царинската управа. Финансии распиша оглас за цариници на Богородица, Блаце, на скопскиот аеродром, цариници во Битола, но и советници за во Централа. Повеќе на Антропол

The post Се вработуваат над 220 нови административци во три министерства предводени од ДУИ appeared first on Република.

]]>