оглас Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/oglas/ За подобро да се разбереме Tue, 06 Feb 2024 14:28:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png оглас Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/oglas/ 32 32 Поради големиот број барања: Се затвора огласот за доделување на ваучер за инвертер-клими https://arhiva3.republika.mk/vesti/poradi-golemiot-broj-barana-se-zatvora-oglasot-za-dodeluvane-na-vaucher-za-inverter-klimi/ Tue, 06 Feb 2024 13:25:08 +0000 https://republika.mk/?p=741049

Поради големиот број на апликации Министерството за економија гo затвора огласот за доделување на ваучер за инвертер-клими за домаќинствата, за ранливите категории останува рокот за аплицирање до 15 февруари

Поради големиот број на пристигнати апликации, Министерството за економија донесе одлука, заклучно со крајот на денешниот ден 06.02.2024 година до 15.30 часот, да го затвори Јавниот оглас за доделување на потврда-ваучер за купување и вградување високоефикасни инвертер клима уреди во домаќинствата за 2024 година.

Граѓаните ќе можат да аплицираат само за Јавниот оглас за стекнување со финансиска поддршка преку доделување на потврда-ваучер за купување и вградување високоефикасни инвертер клима уреди за лица кои спаѓаат во категоријата ранливи потрошувачи на енергија за 2024 година. Крајниот рок за овој оглас е 15 февруари.

Двата јавни огласи беа објавени на веб-страната на Министерството за економија на 1 февруари 2024 година.

Во Архивата на Министерството за економија за само четири дена откако беа објавени јавните -повици пристигнати се над 9.000 апликации по Јавниот оглас за доделување на потврда-ваучер за купување и вградување високоефикасни инвертер клима уреди во домаќинствата за 2024 година, (директно во Архивата на Министерството за економија и по пошта), за што ја надминува проценетата бројка од над 78.000 домаќинства кои може да добијат ваучер за инвертер клима уред согласно предвидените средства, информираат од Министерството.

За доделување на ваучери за инвертер -клима уреди согласно Програмата за поттикнување енергетска ефикасност на домаќинствата за 2024 година предвидени се 210.000.000 денари.

Додека за доделување на ваучери за инвертер-клима уреди согласно Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија за 2024 година во Буџетот на Министерството за економија се предвидени 45.000.000 денари.

Односно вкупно за доделување на ваучери за инвертер-клима уреди предвидени се вкупно 255.000.000 денари или 4,1 милион евра по сите категории во двата јавни-повици.

Согласно Јавниот оглас за стекнување со финансиска поддршка преку доделување на потврда-ваучер за купување и вградување високоефикасни инвертер клима уреди за лица кои спаѓаат во категоријата ранливи потрошувачи на енергија за 2024 година, беа предвидени ваучери за инвертер клима уреди од 27.000 денари за лицата со ниски примања за самец (вкупни приходи до 21.000 денари), домаќинство со два члена (вкупни приходи од 30.000) и домаќинство со три члена (вкупни приходи од 35.000 денари), а ваучер од 30.000 денари беше предвиден за лицата со ниски примања за домаќинство со четири члена (вкупен приход од 40.000 денари) и домаќинство со пет члена и повеќе (вкупен приход од 45.000 денари).

Согласно Јавниот оглас за доделување на потврда-ваучер за купување и вградување високоефикасни инвертер клима уреди во домаќинствата за 2024, ваучер во вредност од 25.0000 денари по домаќинство, беше предвиден за домаќинствата кои живеат на територијата на општините на Пелагонискиот регион (Битола, Демир Хисар, Кривогаштани, Крушево, Могила, Прилеп, Ресен, Новаци, Долнени) и Југо-Западниот регион (Вевчани, Дебар, Дебарца, Кичево, Македонски Брод, Охрид, Пласница, Струга, Центар Жупа), за што се предвидени вкупно 100 милиони денари (1,62 милиони евра). Додека ваучер од 23.000 денари беше предвиден за домаќинствата во останатата територија на Република Македонија, односно во Скопскиот, Источниот, Југоисточниот, Североисточниот, Вардарскиот и Полошкиот регион.

The post Поради големиот број барања: Се затвора огласот за доделување на ваучер за инвертер-клими appeared first on Република.

]]>

Поради големиот број на апликации Министерството за економија гo затвора огласот за доделување на ваучер за инвертер-клими за домаќинствата, за ранливите категории останува рокот за аплицирање до 15 февруари Поради големиот број на пристигнати апликации, Министерството за економија донесе одлука, заклучно со крајот на денешниот ден 06.02.2024 година до 15.30 часот, да го затвори Јавниот оглас за доделување на потврда-ваучер за купување и вградување високоефикасни инвертер клима уреди во домаќинствата за 2024 година. Граѓаните ќе можат да аплицираат само за Јавниот оглас за стекнување со финансиска поддршка преку доделување на потврда-ваучер за купување и вградување високоефикасни инвертер клима уреди за лица кои спаѓаат во категоријата ранливи потрошувачи на енергија за 2024 година. Крајниот рок за овој оглас е 15 февруари. Двата јавни огласи беа објавени на веб-страната на Министерството за економија на 1 февруари 2024 година. Во Архивата на Министерството за економија за само четири дена откако беа објавени јавните -повици пристигнати се над 9.000 апликации по Јавниот оглас за доделување на потврда-ваучер за купување и вградување високоефикасни инвертер клима уреди во домаќинствата за 2024 година, (директно во Архивата на Министерството за економија и по пошта), за што ја надминува проценетата бројка од над 78.000 домаќинства кои може да добијат ваучер за инвертер клима уред согласно предвидените средства, информираат од Министерството. За доделување на ваучери за инвертер -клима уреди согласно Програмата за поттикнување енергетска ефикасност на домаќинствата за 2024 година предвидени се 210.000.000 денари. Додека за доделување на ваучери за инвертер-клима уреди согласно Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија за 2024 година во Буџетот на Министерството за економија се предвидени 45.000.000 денари. Односно вкупно за доделување на ваучери за инвертер-клима уреди предвидени се вкупно 255.000.000 денари или 4,1 милион евра по сите категории во двата јавни-повици. Согласно Јавниот оглас за стекнување со финансиска поддршка преку доделување на потврда-ваучер за купување и вградување високоефикасни инвертер клима уреди за лица кои спаѓаат во категоријата ранливи потрошувачи на енергија за 2024 година, беа предвидени ваучери за инвертер клима уреди од 27.000 денари за лицата со ниски примања за самец (вкупни приходи до 21.000 денари), домаќинство со два члена (вкупни приходи од 30.000) и домаќинство со три члена (вкупни приходи од 35.000 денари), а ваучер од 30.000 денари беше предвиден за лицата со ниски примања за домаќинство со четири члена (вкупен приход од 40.000 денари) и домаќинство со пет члена и повеќе (вкупен приход од 45.000 денари). Согласно Јавниот оглас за доделување на потврда-ваучер за купување и вградување високоефикасни инвертер клима уреди во домаќинствата за 2024, ваучер во вредност од 25.0000 денари по домаќинство, беше предвиден за домаќинствата кои живеат на територијата на општините на Пелагонискиот регион (Битола, Демир Хисар, Кривогаштани, Крушево, Могила, Прилеп, Ресен, Новаци, Долнени) и Југо-Западниот регион (Вевчани, Дебар, Дебарца, Кичево, Македонски Брод, Охрид, Пласница, Струга, Центар Жупа), за што се предвидени вкупно 100 милиони денари (1,62 милиони евра). Додека ваучер од 23.000 денари беше предвиден за домаќинствата во останатата територија на Република Македонија, односно во Скопскиот, Источниот, Југоисточниот, Североисточниот, Вардарскиот и Полошкиот регион.

The post Поради големиот број барања: Се затвора огласот за доделување на ваучер за инвертер-клими appeared first on Република.

]]>
Костадиновска Стојчевска: Отворен е оглас за директор на Агенцијата за филм, сите заинтересирани да се пријават https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/kostadinovska-stojchevska-otvoren-e-oglas-za-direktor-na-agentsijata-za-film-site-zainteresirani-da-se-prijavat/ Wed, 31 Jan 2024 11:32:59 +0000 https://republika.mk/?p=738973

Министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска денеска одговорајќи на новинарско прашање посочи оти не е запознаена со наводните шпекулации за повторно назначување на Бојан Лазаревски за в.д. директор на Агенцијата за филм откако ќе му заврши мандатот. Како што рече, има активен оглас за директор на Агенцијата, и ги охрабри сите заинтересирани да се пријават.

Јас не знам каков е тој обид за негово повторно назначување. Знам дека има активен оглас за в.д. директор на Агенција за филм и ги охрабрувам сите заинтересирани да се пријават. Тоа е директорско место кое што се бира на ниво на Влада. Сите што се заинтересирани за тоа место можат слободно да се пријават. Комисијата ќе си одлучи по документите, односно кој е најдобриот кандидат и ќе се избере директор, изјави денеска Костадиновска Стојчевска во одговор на новинарско прашање, по потпишување на Меморандумот со Универзитетското собрание при УКИМ во Скопје.

Инаку, мандатот на сегашниот в.д директор истекува деновиве и има активен оглас распишан од страна на Владата.

Костадиновска Стојчевска потсети и дека Министерството за култура имаше негативен извештај во однос на целокупното работење на Агенцијата за филм.

Извештајот не е за работење на директорот Бојан Лазаревски, туку на целокупното работење на Агенција за филм затоа што имаше одредени извештаи кои што не биле поднесувани. Ние како Министерство за култура, кое е надлежно да врши надзор на нивната работа се произнесе и тоа си влезе во владина процедура, додаде Костадиновска Стојчевска.

The post Костадиновска Стојчевска: Отворен е оглас за директор на Агенцијата за филм, сите заинтересирани да се пријават appeared first on Република.

]]>

Министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска денеска одговорајќи на новинарско прашање посочи оти не е запознаена со наводните шпекулации за повторно назначување на Бојан Лазаревски за в.д. директор на Агенцијата за филм откако ќе му заврши мандатот. Како што рече, има активен оглас за директор на Агенцијата, и ги охрабри сите заинтересирани да се пријават.
Јас не знам каков е тој обид за негово повторно назначување. Знам дека има активен оглас за в.д. директор на Агенција за филм и ги охрабрувам сите заинтересирани да се пријават. Тоа е директорско место кое што се бира на ниво на Влада. Сите што се заинтересирани за тоа место можат слободно да се пријават. Комисијата ќе си одлучи по документите, односно кој е најдобриот кандидат и ќе се избере директор, изјави денеска Костадиновска Стојчевска во одговор на новинарско прашање, по потпишување на Меморандумот со Универзитетското собрание при УКИМ во Скопје.
Инаку, мандатот на сегашниот в.д директор истекува деновиве и има активен оглас распишан од страна на Владата. Костадиновска Стојчевска потсети и дека Министерството за култура имаше негативен извештај во однос на целокупното работење на Агенцијата за филм.
Извештајот не е за работење на директорот Бојан Лазаревски, туку на целокупното работење на Агенција за филм затоа што имаше одредени извештаи кои што не биле поднесувани. Ние како Министерство за култура, кое е надлежно да врши надзор на нивната работа се произнесе и тоа си влезе во владина процедура, додаде Костадиновска Стојчевска.

The post Костадиновска Стојчевска: Отворен е оглас за директор на Агенцијата за филм, сите заинтересирани да се пријават appeared first on Република.

]]>
Кинотека објавува оглас за лого и логотип со текст – „50 години Кинотека“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/kinoteka-objavuva-oglas-za-logo-i-logotip-so-tekst-50-godini-kinoteka/ Fri, 22 Dec 2023 10:50:19 +0000 https://republika.mk/?p=725618

Кинотека, во чест на јубилејот „50 години Кинотека на Македонија“ кој што ќе се одбележи во 2024 година – има во план да изработи специјално јубилејно лого со логотип со текст за употреба во текот на целата 2024 година. За таа цел и по тој повод, Директорот на Кинотека распишува конкурс за лого и логотип со текст – „50 години Кинотека“.

Конкурсот трае до 31.01.2024 година. Резултатите ќе бидат објавени најдоцна 15 дена по завршувањето на Конкурсот, а неизбраните решенија ќе им бидат вратени на авторите.

1. Главни елементи што треба да ги содржат понудените решенија за идејно-графичкото решение на логото „50 години Кинотека“:

- Предложеното решение мора да е оригинално авторско дело т.е. да не содржи елементи од други авторства – освен од приложеното (веќе постоечко и актуелно) лого на Кинотеката.

- Логото да може да се имплементира и самостојнo и како дел од графички распоред (layout).

- Логото може, но не мора во себе да го содржи логотипот што Кинотеката го користи во сегашните претставувања.

- „50 години Кинотека“ не е обврзувачки текст. Доколку понуденото решение содржи текст, истото мора да биде изведено во три јазични верзии (македонски, албански и англиски јазик).

- Логото треба да содржи графички распоред (layout) за најава на поединечните настани и административна коренсподенција.

- Логото треба да се изработи во векторски формат, во боја (CMYK) и во црно-бела верзија.

- Логото треба да има дефиниран избор на комбинација на бои;

- Логото треба да има дефиниран уникоден фонт и/или група на комбинација на уникодни фонтови со кирилична поддршка.

- Предложените решенија треба да овозможат континуиран графички манир за сите настани, објави и административни коренсподенции на Кинотеката преку цела 2024 година.

- Предлог-решенијата треба да се претстават како примери аплицирани на мокап-модели за постер за настан (вертикална ориентација), рол-банер и билборд (хоризонтална ориентација), Фејсбук и Инстаграм слика, лајвстрим видеонастан (телоп/воден жиг), коверт и меморандум и дизајн на производ, пример пенкала, чаши, маица, торба или шал.

2. Услови за учество на Конкурсот:

- - Право на пријава на конкурсот имаат сите локални, македонски дизајнери, уметници и креативци, самостојно или здружено.

- - Секој учесник може да поднесе едно до најмногу три идејни решенија.

- - Решенијата ќе ги оценува Комисија од стручни и компетентни лица, именувана од страна на Директорот на Н.У. Кинотека на РСМ;

- - На авторот на избраното решение му припаѓа авторски надоместок од реализацијата на аудио-визуелниот документарен запис – за ексклузивното пренесување на авторските материјални права за прикажување и дистрибуција; наградата за добитничкото дело е во износ од 30.000 мкд.

- Авторските права ќе се уредат на начин што ќе се склучи договор за откупување на правото на трајно и неограничено користење на авторското дело од страна на Кинотеката на Република Македонија за избраното идејно решение, без никакви обврски спрема авторот освен утврдената награда.

- По завршување на Конкурсот, избраниот автор на идејното решение писмено ќе се извести и истиот ќе биде обврзан во рок од 3 (три) работни дена по добивање на известувањето да достави Изјава заверена кај Нотар за гаранција за оригиналноста на идејното решение.

- Комисијата го задржува правото да не избере ниту едно решение од поднесените пријави.

- Пријавените решенија треба да се достават во затворен плик, во три примероци, со назнака: Решение за изработка на специјално јубилејно лого со логотип со текст и со шифра од најмногу 5 знаци – букви или броеви. Во пликот, освен решението, треба да се приложи и посебен затворен плик, означен со истата шифра, во кој ќе бидат содржани податоците за авторот (име, презиме, адреса и контакт-телефон);

- Решенијата да се поднесат во А4 формат на кој било од следните начини:

(а) по пошта (на адреса: Н.У. Кинотека на РСМ, ул. Никола Русински бр.1, 1000 Скопје),

(б) директно во Архивата на Кинотеката (ул. Никола Русински бр.1, Скопје).

- Решенијата треба да се достават до Н.У. Кинотека на РСМ – најдоцна до 15 часот на последниот ден од Конкурсот.

- Дополнителни информации на тел. 02 / 3071814, 3065968.

 

The post Кинотека објавува оглас за лого и логотип со текст – „50 години Кинотека“ appeared first on Република.

]]>

Кинотека, во чест на јубилејот „50 години Кинотека на Македонија“ кој што ќе се одбележи во 2024 година – има во план да изработи специјално јубилејно лого со логотип со текст за употреба во текот на целата 2024 година. За таа цел и по тој повод, Директорот на Кинотека распишува конкурс за лого и логотип со текст – „50 години Кинотека“. Конкурсот трае до 31.01.2024 година. Резултатите ќе бидат објавени најдоцна 15 дена по завршувањето на Конкурсот, а неизбраните решенија ќе им бидат вратени на авторите. 1. Главни елементи што треба да ги содржат понудените решенија за идејно-графичкото решение на логото „50 години Кинотека“: - Предложеното решение мора да е оригинално авторско дело т.е. да не содржи елементи од други авторства – освен од приложеното (веќе постоечко и актуелно) лого на Кинотеката. - Логото да може да се имплементира и самостојнo и како дел од графички распоред (layout). - Логото може, но не мора во себе да го содржи логотипот што Кинотеката го користи во сегашните претставувања. - „50 години Кинотека“ не е обврзувачки текст. Доколку понуденото решение содржи текст, истото мора да биде изведено во три јазични верзии (македонски, албански и англиски јазик). - Логото треба да содржи графички распоред (layout) за најава на поединечните настани и административна коренсподенција. - Логото треба да се изработи во векторски формат, во боја (CMYK) и во црно-бела верзија. - Логото треба да има дефиниран избор на комбинација на бои; - Логото треба да има дефиниран уникоден фонт и/или група на комбинација на уникодни фонтови со кирилична поддршка. - Предложените решенија треба да овозможат континуиран графички манир за сите настани, објави и административни коренсподенции на Кинотеката преку цела 2024 година. - Предлог-решенијата треба да се претстават како примери аплицирани на мокап-модели за постер за настан (вертикална ориентација), рол-банер и билборд (хоризонтална ориентација), Фејсбук и Инстаграм слика, лајвстрим видеонастан (телоп/воден жиг), коверт и меморандум и дизајн на производ, пример пенкала, чаши, маица, торба или шал. 2. Услови за учество на Конкурсот: - - Право на пријава на конкурсот имаат сите локални, македонски дизајнери, уметници и креативци, самостојно или здружено. - - Секој учесник може да поднесе едно до најмногу три идејни решенија. - - Решенијата ќе ги оценува Комисија од стручни и компетентни лица, именувана од страна на Директорот на Н.У. Кинотека на РСМ; - - На авторот на избраното решение му припаѓа авторски надоместок од реализацијата на аудио-визуелниот документарен запис – за ексклузивното пренесување на авторските материјални права за прикажување и дистрибуција; наградата за добитничкото дело е во износ од 30.000 мкд. - Авторските права ќе се уредат на начин што ќе се склучи договор за откупување на правото на трајно и неограничено користење на авторското дело од страна на Кинотеката на Република Македонија за избраното идејно решение, без никакви обврски спрема авторот освен утврдената награда. - По завршување на Конкурсот, избраниот автор на идејното решение писмено ќе се извести и истиот ќе биде обврзан во рок од 3 (три) работни дена по добивање на известувањето да достави Изјава заверена кај Нотар за гаранција за оригиналноста на идејното решение. - Комисијата го задржува правото да не избере ниту едно решение од поднесените пријави. - Пријавените решенија треба да се достават во затворен плик, во три примероци, со назнака: Решение за изработка на специјално јубилејно лого со логотип со текст и со шифра од најмногу 5 знаци – букви или броеви. Во пликот, освен решението, треба да се приложи и посебен затворен плик, означен со истата шифра, во кој ќе бидат содржани податоците за авторот (име, презиме, адреса и контакт-телефон); - Решенијата да се поднесат во А4 формат на кој било од следните начини: (а) по пошта (на адреса: Н.У. Кинотека на РСМ, ул. Никола Русински бр.1, 1000 Скопје), (б) директно во Архивата на Кинотеката (ул. Никола Русински бр.1, Скопје). - Решенијата треба да се достават до Н.У. Кинотека на РСМ – најдоцна до 15 часот на последниот ден од Конкурсот. - Дополнителни информации на тел. 02 / 3071814, 3065968.  

The post Кинотека објавува оглас за лого и логотип со текст – „50 години Кинотека“ appeared first on Република.

]]>
Објавен оглас за избор на нови членови на ДКСК, старите без право на реизбор https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/objaven-oglas-za-izbor-na-novi-chlenovi-na-dksk-starite-bez-pravo-na-reizbor/ Wed, 08 Nov 2023 09:20:52 +0000 https://republika.mk/?p=699427

Објавен е јавен оглас за избор на претседател и членови на Државната комисија за спречување на корупцијата-ДКСК, и според одлуката донесена од Собранието на Република Македонија, акутелните членови на ДКСК се без право на реизбор.

Според конкурсните услови, лица кои во кој било мандат ја вршеле функцијата претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата, или биле членови на ДКСК, без оглед на траењето на мандатот, не може да бидат избрани повеќе ниту за претседател, ниту за член на Државната комисија.

Секој кандидат за претседател мора да има најмалку десет години работно искуство по завршување на високото образование, од кои најмалку осум години работно искуство во областите на на откривање или спречување на корупцијата, владеење на правото или добро управување, додека за член на ДКСК освен десет годишно работно искуство, доволни се шест години работно искуство во областите на откривање или спречување корупција.

Согласно Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, Собранието на Република Македонија истовремено објави Повик до здруженија на новинари, други здруженија и фондации за учество во интервјуто на кандидатите кои ги исполнуваат условите за именување на претседател и членови на Државната комисија за спречување на корупцијата.

Сите здруженија на новинари кои се основани согласно закон, односно регистрирани повеќе од пет години и секое здружение или фондација регистрирани согласно закон и со искуство од најмалку пет години во областа на спречување на корупцијата, владеење на правото или добро управување имаат право да се пријават на повикот и да учествуваат во интервјуто.

Покана за номинирање на свои претставници кои ќе учествуваат во интервјуто на кандидатите кои ги исполнуваат условите за именување на претседател и членови на Државната комисија за спречување на корупцијата е испратена и до Народниот правобранител, МАНУ и Интеруниверзитетската конферренција.

Како што е познато, во составот на ДКСК се избира претседател и шест членови на Државната комисија за спречување на корупцијата.

The post Објавен оглас за избор на нови членови на ДКСК, старите без право на реизбор appeared first on Република.

]]>

Објавен е јавен оглас за избор на претседател и членови на Државната комисија за спречување на корупцијата-ДКСК, и според одлуката донесена од Собранието на Република Македонија, акутелните членови на ДКСК се без право на реизбор. Според конкурсните услови, лица кои во кој било мандат ја вршеле функцијата претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата, или биле членови на ДКСК, без оглед на траењето на мандатот, не може да бидат избрани повеќе ниту за претседател, ниту за член на Државната комисија. Секој кандидат за претседател мора да има најмалку десет години работно искуство по завршување на високото образование, од кои најмалку осум години работно искуство во областите на на откривање или спречување на корупцијата, владеење на правото или добро управување, додека за член на ДКСК освен десет годишно работно искуство, доволни се шест години работно искуство во областите на откривање или спречување корупција. Согласно Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, Собранието на Република Македонија истовремено објави Повик до здруженија на новинари, други здруженија и фондации за учество во интервјуто на кандидатите кои ги исполнуваат условите за именување на претседател и членови на Државната комисија за спречување на корупцијата. Сите здруженија на новинари кои се основани согласно закон, односно регистрирани повеќе од пет години и секое здружение или фондација регистрирани согласно закон и со искуство од најмалку пет години во областа на спречување на корупцијата, владеење на правото или добро управување имаат право да се пријават на повикот и да учествуваат во интервјуто. Покана за номинирање на свои претставници кои ќе учествуваат во интервјуто на кандидатите кои ги исполнуваат условите за именување на претседател и членови на Државната комисија за спречување на корупцијата е испратена и до Народниот правобранител, МАНУ и Интеруниверзитетската конферренција. Како што е познато, во составот на ДКСК се избира претседател и шест членови на Државната комисија за спречување на корупцијата.

The post Објавен оглас за избор на нови членови на ДКСК, старите без право на реизбор appeared first on Република.

]]>
Хит оглас: Босанец бара девојка, мајка му вели дека е симпатичен https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/hit-oglas-bosanets-bara-devojka-majka-mu-veli-deka-e-simpatichen/ Sun, 03 Sep 2023 12:55:14 +0000 https://republika.mk/?p=678372

Во денешно време се потешко е спонтано да се најде емотивен партнер за живот и да се живее, поради што младите се повеќе прибегнуваат кон барање сродна душа преку Интернет, што го правел и едно момче од Босна (27). Тој реши да ја објави својата реклама за барање на социјалната мрежа „Редит“. За разлика од рекламите кои се полни со барања за тоа што другиот мора да го има, ова момче само се опиша себеси, па затоа многумина се согласија дека ја заслужува најдобрата девојка.

 „Барам девојка. Релативно згоден и добар тип (така ми кажа мајка ми) бара, девојка. Универзитетски образован, живеам сам во Бања Лука,малку ќелав Сакам да се дружам да зборува за смислата на животот (кога пијам премногу), да оди во театар и кино, на концерти.  Сакам и да читам. Не сум  премногу активен во спортот, но практикува рекреативно трчање (најчесто кога некаде доцнам, што е ретко). Сакам да готвам (знам добро да сечкам кромид). Добар домаќин сум (така ми е кажано)

 

The post Хит оглас: Босанец бара девојка, мајка му вели дека е симпатичен appeared first on Република.

]]>

Во денешно време се потешко е спонтано да се најде емотивен партнер за живот и да се живее, поради што младите се повеќе прибегнуваат кон барање сродна душа преку Интернет, што го правел и едно момче од Босна (27). Тој реши да ја објави својата реклама за барање на социјалната мрежа „Редит“. За разлика од рекламите кои се полни со барања за тоа што другиот мора да го има, ова момче само се опиша себеси, па затоа многумина се согласија дека ја заслужува најдобрата девојка.
 „Барам девојка. Релативно згоден и добар тип (така ми кажа мајка ми) бара, девојка. Универзитетски образован, живеам сам во Бања Лука,малку ќелав Сакам да се дружам да зборува за смислата на животот (кога пијам премногу), да оди во театар и кино, на концерти.  Сакам и да читам. Не сум  премногу активен во спортот, но практикува рекреативно трчање (најчесто кога некаде доцнам, што е ретко). Сакам да готвам (знам добро да сечкам кромид). Добар домаќин сум (така ми е кажано)
 

The post Хит оглас: Босанец бара девојка, мајка му вели дека е симпатичен appeared first on Република.

]]>
Да не пие газирано, да носи дo бр. 40: Огласот на Јовица за невеста e уште подобар кога ќе го видите на слика https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/da-ne-pie-gazirano-da-nosi-do-br-40-oglasot-na-jovitsa-za-nevesta-e-ushte-podobar-koga-ke-go-vidite-na-slika/ Wed, 30 Aug 2023 18:19:38 +0000 https://republika.mk/?p=676966

Огласот на Јовица, преку кој тој бара жена, ги запали социјалните мрежи, не затоа што на овој начин бара животна сопатничка, туку поради условите кои мора да ги исполни неговата идна сопруга.

Барам сериозна жена за брак, од 25 до 35 години. Потребно е да се достави фотографија од лична карта, извод не постар од шест месеци, државјанство, диплома од четиригодишно училиште или факултет, пет фотографии од целата фигура, потврда дека не е осудувана. Пожелно е да биде бринета, гради четворка, задник во облик на јаболко, висина од 165-175см, килограми до 80. Да носи чевли до број 40, да нема вештачки нокти, коса, дека не ги кубе веѓите, бара Јовица.

Услов е и до сега да не е мажена, да има возачка дозвола и д знае некои боречки вештини.

Пожелно е да е од Нови Сад или неговата околина, задолжително да знае руски јазик, да сака животни, особено кучиња, да не спие до 10 часот и да не лежи по 23 часот. Да не гледа турски и индиски серии, само домашни снимени пред 2000 година, бара младоженецот.

Јовица додава дека невестата мора да сака природно цвеќе, да не пие газирани пијалоци и  никогаш да не била во „Мекдоналдс“.

Би ги замолил заинтересираните дами да направат детален лекарски преглед и тест за бременост и да ми ги испратат резултатите, би сакал ако е можно таа да биде невина, што е тешко. Дами, доколку исполнувате 70 проценти од овие услови, стапете во контакт, ги знаете моите квалитети, пишува Јовица.

Авторот на огласот, Јовица Кукиќ:

The post Да не пие газирано, да носи дo бр. 40: Огласот на Јовица за невеста e уште подобар кога ќе го видите на слика appeared first on Република.

]]>

Огласот на Јовица, преку кој тој бара жена, ги запали социјалните мрежи, не затоа што на овој начин бара животна сопатничка, туку поради условите кои мора да ги исполни неговата идна сопруга.
Барам сериозна жена за брак, од 25 до 35 години. Потребно е да се достави фотографија од лична карта, извод не постар од шест месеци, државјанство, диплома од четиригодишно училиште или факултет, пет фотографии од целата фигура, потврда дека не е осудувана. Пожелно е да биде бринета, гради четворка, задник во облик на јаболко, висина од 165-175см, килограми до 80. Да носи чевли до број 40, да нема вештачки нокти, коса, дека не ги кубе веѓите, бара Јовица.
Услов е и до сега да не е мажена, да има возачка дозвола и д знае некои боречки вештини.
Пожелно е да е од Нови Сад или неговата околина, задолжително да знае руски јазик, да сака животни, особено кучиња, да не спие до 10 часот и да не лежи по 23 часот. Да не гледа турски и индиски серии, само домашни снимени пред 2000 година, бара младоженецот.
Јовица додава дека невестата мора да сака природно цвеќе, да не пие газирани пијалоци и  никогаш да не била во „Мекдоналдс“.
Би ги замолил заинтересираните дами да направат детален лекарски преглед и тест за бременост и да ми ги испратат резултатите, би сакал ако е можно таа да биде невина, што е тешко. Дами, доколку исполнувате 70 проценти од овие услови, стапете во контакт, ги знаете моите квалитети, пишува Јовица.
Авторот на огласот, Јовица Кукиќ:

The post Да не пие газирано, да носи дo бр. 40: Огласот на Јовица за невеста e уште подобар кога ќе го видите на слика appeared first on Република.

]]>
„Ролинг стоунс“ преку оглас во весник го најавија новиот албум по 20 години https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/roling-stouns-preku-oglas-vo-vesnik-go-najavija-noviot-album-po-20-godini/ Fri, 25 Aug 2023 15:46:31 +0000 https://republika.mk/?p=675835

„Ролинг стоунс“ го најавија новиот албум на прилично необичен начин – со оглас во печатот. Сегашните членови, сега во нивните 70-ти и 80-ти години од животот, го избраа лондонскиот весник „Хакни газет“ за подробностите за новиот албум.

Површно, рекламата може да изгледа како обично известување за нова продавница. „Хакни дајмондс, специјалисти за поправка на стакло, отворање во септември 2023 година“, вели известувањето на страница 3 од весникот. Под тој текст, следи описот со многу клучни зборови.

„Нашиот тим ви ветува задоволство („satisfaction“). Кога ќе речете – дајте ми засолниште („Gimme Shelter“), ќе ви ги поправиме искршените прозорци“, стои во објавата, меѓу другото.

„Загатката“ со зборови од познатите песни на „Ролинг стоунс“ вели дека ова е всушност најава за нивниот 31. студиски албум.

А пак, на телефонскиот број наведен во огласот, се слуша гласовна порака: „Добредојдовте во ’Хакни дајмондс’, специјалисти за поправка на стакло. Не се лутете, дајте го на поправка“, вели машки глас со препознатливот англиски „Кокни“ нагласок.

Така, претпоставките говорат оти „Хакни дајмондс“ („Hackney Diamonds“) е всушност насловот на новиот албум. Ова би бил прв ваков материјал на рок-составот по речиси 20 години – последниот беше „A Bigger Bang“ од 2005 година. Новиот албум ќе биде и првиот без тапанарот Чарли Вотс, кој почина во 2021 година.

The post „Ролинг стоунс“ преку оглас во весник го најавија новиот албум по 20 години appeared first on Република.

]]>

„Ролинг стоунс“ го најавија новиот албум на прилично необичен начин – со оглас во печатот. Сегашните членови, сега во нивните 70-ти и 80-ти години од животот, го избраа лондонскиот весник „Хакни газет“ за подробностите за новиот албум. Површно, рекламата може да изгледа како обично известување за нова продавница. „Хакни дајмондс, специјалисти за поправка на стакло, отворање во септември 2023 година“, вели известувањето на страница 3 од весникот. Под тој текст, следи описот со многу клучни зборови. „Нашиот тим ви ветува задоволство („satisfaction“). Кога ќе речете – дајте ми засолниште („Gimme Shelter“), ќе ви ги поправиме искршените прозорци“, стои во објавата, меѓу другото. „Загатката“ со зборови од познатите песни на „Ролинг стоунс“ вели дека ова е всушност најава за нивниот 31. студиски албум. А пак, на телефонскиот број наведен во огласот, се слуша гласовна порака: „Добредојдовте во ’Хакни дајмондс’, специјалисти за поправка на стакло. Не се лутете, дајте го на поправка“, вели машки глас со препознатливот англиски „Кокни“ нагласок. Така, претпоставките говорат оти „Хакни дајмондс“ („Hackney Diamonds“) е всушност насловот на новиот албум. Ова би бил прв ваков материјал на рок-составот по речиси 20 години – последниот беше „A Bigger Bang“ од 2005 година. Новиот албум ќе биде и првиот без тапанарот Чарли Вотс, кој почина во 2021 година.

The post „Ролинг стоунс“ преку оглас во весник го најавија новиот албум по 20 години appeared first on Република.

]]>
Здравствен дом – Скопје објави оглас за 40 вработувања https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/zdravstven-dom-skopje-objavi-oglas-za-40-vrabotuvana/ Mon, 29 May 2023 11:46:42 +0000 https://republika.mk/?p=645748

Објавен е оглас со којшто во Здравствен дом - Скопје наскоро ќе бидат вработени околу 40 здравствени работници, кадар што ќе биде ангажиран во Брзата помош и превентивните пунктови, најави директорот на оваа здравствена установа, Виктор Исјановски.

При денешната посета на новата амбуланта во општина Бутел Исјановски соопшти дека огласот е објавен во весниците „Слободен печат“ и „Коха“ и ќе трае пет работни дена.

Ќе бидат примени 22 општи лекари, четворица специјалисти, потоа дефектолози, логопеди, психолози. Бројката е околу 40 и нешто вработувања во Здравствен дом – Скопје и ќе гледаме со тој кадар да се надополни во Брза помош и во превентивните пунктови каде што најмногу ни се потребни, изјави Исјановски, споделувајќи информација и дека добиле допис од Министерството за здравство дека ќе добијат седум нови санитетски возила за Брза помош за Град Скопје.

The post Здравствен дом – Скопје објави оглас за 40 вработувања appeared first on Република.

]]>

Објавен е оглас со којшто во Здравствен дом - Скопје наскоро ќе бидат вработени околу 40 здравствени работници, кадар што ќе биде ангажиран во Брзата помош и превентивните пунктови, најави директорот на оваа здравствена установа, Виктор Исјановски. При денешната посета на новата амбуланта во општина Бутел Исјановски соопшти дека огласот е објавен во весниците „Слободен печат“ и „Коха“ и ќе трае пет работни дена.
Ќе бидат примени 22 општи лекари, четворица специјалисти, потоа дефектолози, логопеди, психолози. Бројката е околу 40 и нешто вработувања во Здравствен дом – Скопје и ќе гледаме со тој кадар да се надополни во Брза помош и во превентивните пунктови каде што најмногу ни се потребни, изјави Исјановски, споделувајќи информација и дека добиле допис од Министерството за здравство дека ќе добијат седум нови санитетски возила за Брза помош за Град Скопје.

The post Здравствен дом – Скопје објави оглас за 40 вработувања appeared first on Република.

]]>
Oбјавeн оглас за вработување работници за изградба на коридорите 8 и 10д https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/objaven-oglas-za-vrabotuvane-rabotnitsi-za-izgradba-na-koridorite-8-i-10d/ Wed, 19 Apr 2023 10:07:38 +0000 https://republika.mk/?p=632029

Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) објави оглас за вработување работници за изградбата на коридорите 8 и 10д, кои треба да го гради конзорциумот „Бехтел и Енка“ во партнерство со државата.

Огласот трае до 25 април, а договорот е до 22 јануари 2028 година, односно до завршување на проектот.

На огласот се бараат високообразовни кадри од градежништвото, административни работници и возачи. Работниците, како што е наведено во огласот, ќе работат во една смена, 40 часови во неделата, а ќе добиваат основна плата од 29.866 до 70.052 денари зависно од работната позиција.

Најплатена позиција на огласот е помошник на главниот и одговорен координатор на проектот, кој треба да биде градежен инженер, со искуство од најмалку шест години. За оваа позиција е предвидена плата од 70.052 денари со осумчасовно работно време во прва смена.

За местото координатор на единицата за техничка изведба на проектот, кандидатот треба да биде градежен инженер и е предвидена плата од 65.029 денари.

Координаторот на единицата за подготовка на проектот ќе има месечна нето плата од 60.005 денари, а за оваа позиција потребна е диплома од некој од факултетите за општествени науки.

На огласот се бараат и четворица специјалисти за експропријација на имот. За ова место кандидатите треба да имаат завршено факултет од општествените науки. И тие ќе работно време од 40 часа во неделата, а ќе добиваат основна плата од 45.045 денари.

На огласот се бара и по еден преведувач и по еден „известувач“ за проектот за плата од 45.045 денари, како и двајца администратори кои може да имаат средно образование, а ќе добиваат нето плата од 30.000 денари.

За плата 30.000 денари се бараат и двајца возачи со најмалку средно образование.

Градежните инженери со искуство од три години може да се пријават за пет работни позиции предвидени во огласот. Специјалист за инвестиции и градба на патишта за плата од 55.037 денари. Оваа плата е наменета и за позициите урбанист, геодет, електроинженер и сообраќаен инженер.

На 2 февруари годинава во Владата беше потпишан договор со италијанската ИРД инжинеринг за надзор и правен трансакциски советник за четирите автопатски делници во должина од над 120 километри на коридорите 8 и 10д. Треба да се градат автопатските делници на Коридорот 8: Требеништа – Струга – Ќафасан (22,5 километри) Гостивар – Букојчани (30,1 километар), Тетово – Гостивар ( 27 километри) и на делницата Прилеп – Битола (43,4 километри) од Коридорот 10- д.

Проектот за изградба на делниците ќе ја чини државата 1,3 милијарди евра.

Деновиве во Парламентот се води расправа за измени на Законот за работни односи предложен од група пратеници, со кој се предвидува работниците на проекти од значење за државата да можат да бидат ангажирани прекувремено подолго од предвиденото со закон, односно да работат по 60 часови во текот на неделата.

The post Oбјавeн оглас за вработување работници за изградба на коридорите 8 и 10д appeared first on Република.

]]>

Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) објави оглас за вработување работници за изградбата на коридорите 8 и 10д, кои треба да го гради конзорциумот „Бехтел и Енка“ во партнерство со државата. Огласот трае до 25 април, а договорот е до 22 јануари 2028 година, односно до завршување на проектот. На огласот се бараат високообразовни кадри од градежништвото, административни работници и возачи. Работниците, како што е наведено во огласот, ќе работат во една смена, 40 часови во неделата, а ќе добиваат основна плата од 29.866 до 70.052 денари зависно од работната позиција. Најплатена позиција на огласот е помошник на главниот и одговорен координатор на проектот, кој треба да биде градежен инженер, со искуство од најмалку шест години. За оваа позиција е предвидена плата од 70.052 денари со осумчасовно работно време во прва смена. За местото координатор на единицата за техничка изведба на проектот, кандидатот треба да биде градежен инженер и е предвидена плата од 65.029 денари. Координаторот на единицата за подготовка на проектот ќе има месечна нето плата од 60.005 денари, а за оваа позиција потребна е диплома од некој од факултетите за општествени науки. На огласот се бараат и четворица специјалисти за експропријација на имот. За ова место кандидатите треба да имаат завршено факултет од општествените науки. И тие ќе работно време од 40 часа во неделата, а ќе добиваат основна плата од 45.045 денари. На огласот се бара и по еден преведувач и по еден „известувач“ за проектот за плата од 45.045 денари, како и двајца администратори кои може да имаат средно образование, а ќе добиваат нето плата од 30.000 денари. За плата 30.000 денари се бараат и двајца возачи со најмалку средно образование. Градежните инженери со искуство од три години може да се пријават за пет работни позиции предвидени во огласот. Специјалист за инвестиции и градба на патишта за плата од 55.037 денари. Оваа плата е наменета и за позициите урбанист, геодет, електроинженер и сообраќаен инженер. На 2 февруари годинава во Владата беше потпишан договор со италијанската ИРД инжинеринг за надзор и правен трансакциски советник за четирите автопатски делници во должина од над 120 километри на коридорите 8 и 10д. Треба да се градат автопатските делници на Коридорот 8: Требеништа – Струга – Ќафасан (22,5 километри) Гостивар – Букојчани (30,1 километар), Тетово – Гостивар ( 27 километри) и на делницата Прилеп – Битола (43,4 километри) од Коридорот 10- д. Проектот за изградба на делниците ќе ја чини државата 1,3 милијарди евра. Деновиве во Парламентот се води расправа за измени на Законот за работни односи предложен од група пратеници, со кој се предвидува работниците на проекти од значење за државата да можат да бидат ангажирани прекувремено подолго од предвиденото со закон, односно да работат по 60 часови во текот на неделата.

The post Oбјавeн оглас за вработување работници за изградба на коридорите 8 и 10д appeared first on Република.

]]>
Денеска завршува вториот оглас на Град Скопје за избор на приватни превозници https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/deneska-zavrshuva-vtoriot-oglas-na-grad-skopje-za-izbor-na-privatni-prevoznitsi/ Tue, 17 Jan 2023 09:23:18 +0000 https://republika.mk/?p=597758

Денеска завршува вториот јавен повик на Град Скопје за автобуските линии 9, 11 и 12. На првиот повик за линиите 20 и 22 не се пријави ниту еден приватен превозник.

Во меѓувреме Слобода превоз и Макекспрес ја очекуваат долгонајавуваната средба со премиерот Димитар Ковачевски.

УЈП изготви извештај за работењето на јавниот превоз.

Граѓаните се револтирани поради доцнењето на превозот а Град Скопје уверува дека ЈСП ги надополнува линиите што ги покриваа приватните превозници.

 

The post Денеска завршува вториот оглас на Град Скопје за избор на приватни превозници appeared first on Република.

]]>

Денеска завршува вториот јавен повик на Град Скопје за автобуските линии 9, 11 и 12. На првиот повик за линиите 20 и 22 не се пријави ниту еден приватен превозник. Во меѓувреме Слобода превоз и Макекспрес ја очекуваат долгонајавуваната средба со премиерот Димитар Ковачевски. УЈП изготви извештај за работењето на јавниот превоз. Граѓаните се револтирани поради доцнењето на превозот а Град Скопје уверува дека ЈСП ги надополнува линиите што ги покриваа приватните превозници.  

The post Денеска завршува вториот оглас на Град Скопје за избор на приватни превозници appeared first on Република.

]]>
Објавен огласот за избор на Основен јавен обвинител на ОЈО ГОКК, гласањето на 7 ноември https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/objaven-oglasot-za-izbor-na-osnoven-javen-obvinitel-na-ojo-gokk-glasanjeto-na-7-noemvri/ Thu, 06 Oct 2022 10:42:55 +0000 https://republika.mk/?p=557959

Советот на јавните обвинители објави оглас за избор на обвинители во повеќе обвинителства како и Основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција-Скопје.

Ова прв ваков избор по измените на Законот за јавни обвинители, каде согласно член 66 Основен јавен обвинител на ОЈО ГОКК се избира од страна на Советот на јавни обвинители по спроведено гласање од страна на сите јавни обвинители во Република Македонија.

Како што информира за МИА претседателот на Советот на ЈО Антонио Јолевски, на 7 ноември обвинителите ќе гласаат, по што се доствавуваат резултатите, а Советот во рок од седум дена по гласањето треба да одржи седница на која ќе донесе одлука за именување на јавниот обвинител што добил најмногу гласови од листата на пријавени кандидати.

Мандатот на суспендираната шефица на ОЈО ГОКК Вилма Русковска трае до 14-ти ноември, а за нејзина времена замена на 29 август беше назначен обвинителот Трајче Пеливанов.

Со одлука на републичкиот јавен обвинител врз основа на член 81 од Законот за јавното обвинителство, минатиот месец донесе Решение за оддалечување од функцијата на шефицата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Вилма Русковска додека трае кривичната постапка поведена по поднесена кривична пријава против неа, а по претресот во Управата за финансиска полиција од страна на ОЈО ГОКК.

Основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција се избира за време од четири години, од редот на избраните јавни обвинители со право на повторен избор.

Советот на ЈО објави оглас за избор и на јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство Скопје, Виш јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство Гостивар, Основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Битола, Основното јавно обвинителство Кавадарци, Основното јавно обвинителство Куманово, Основното јавно обвинителство Гостивар и Основното јавно обвинителство Велес.

The post Објавен огласот за избор на Основен јавен обвинител на ОЈО ГОКК, гласањето на 7 ноември appeared first on Република.

]]>

Советот на јавните обвинители објави оглас за избор на обвинители во повеќе обвинителства како и Основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција-Скопје. Ова прв ваков избор по измените на Законот за јавни обвинители, каде согласно член 66 Основен јавен обвинител на ОЈО ГОКК се избира од страна на Советот на јавни обвинители по спроведено гласање од страна на сите јавни обвинители во Република Македонија. Како што информира за МИА претседателот на Советот на ЈО Антонио Јолевски, на 7 ноември обвинителите ќе гласаат, по што се доствавуваат резултатите, а Советот во рок од седум дена по гласањето треба да одржи седница на која ќе донесе одлука за именување на јавниот обвинител што добил најмногу гласови од листата на пријавени кандидати. Мандатот на суспендираната шефица на ОЈО ГОКК Вилма Русковска трае до 14-ти ноември, а за нејзина времена замена на 29 август беше назначен обвинителот Трајче Пеливанов. Со одлука на републичкиот јавен обвинител врз основа на член 81 од Законот за јавното обвинителство, минатиот месец донесе Решение за оддалечување од функцијата на шефицата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Вилма Русковска додека трае кривичната постапка поведена по поднесена кривична пријава против неа, а по претресот во Управата за финансиска полиција од страна на ОЈО ГОКК. Основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција се избира за време од четири години, од редот на избраните јавни обвинители со право на повторен избор. Советот на ЈО објави оглас за избор и на јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство Скопје, Виш јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство Гостивар, Основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Битола, Основното јавно обвинителство Кавадарци, Основното јавно обвинителство Куманово, Основното јавно обвинителство Гостивар и Основното јавно обвинителство Велес.

The post Објавен огласот за избор на Основен јавен обвинител на ОЈО ГОКК, гласањето на 7 ноември appeared first on Република.

]]>
Преку оглас бараат снајперист: Несекојдневен конкурс на министерството за одбрана на Црна Гора https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/preku-oglas-baraat-snajperist-nesekojdneven-konkurs-na-ministerstvoto-za-odbrana-na-crna-gora/ Wed, 22 Jun 2022 12:11:40 +0000 https://republika.mk/?p=518448

Министерството за одбрана на Црна Гора објави оглас преку кој нуди работа на невработен снајперист во општина Пљевља. Огласот на Министерството е дел од распишаниот конкурс за прием на 70 војници со едногодишен договор со можност за продолжување, соопштија од тој ресор.

Како што се наведува, кандидатите за оваа позиција треба да ги исполнуваат потребните услови, вклучувајќи црногорско државјанство, исполнување физички и психолошки критериуми и безбедносен скрининг за прием во армијата на Црна Гора.

Заинтересираните можат да се пријават за работа во 1. пешадиски баталјон, морнарица, воздухопловство, баталјон за борбена поддршка, чета за комуникации и електронско војување, како и во Центарот за обука - се наведува во соопштението, во кое се додава дека оние кои ќе бидат прифатени ќе бидат испратени на основна воена обука, а потоа и на дообука во нивните единици.

The post Преку оглас бараат снајперист: Несекојдневен конкурс на министерството за одбрана на Црна Гора appeared first on Република.

]]>

Министерството за одбрана на Црна Гора објави оглас преку кој нуди работа на невработен снајперист во општина Пљевља. Огласот на Министерството е дел од распишаниот конкурс за прием на 70 војници со едногодишен договор со можност за продолжување, соопштија од тој ресор. Како што се наведува, кандидатите за оваа позиција треба да ги исполнуваат потребните услови, вклучувајќи црногорско државјанство, исполнување физички и психолошки критериуми и безбедносен скрининг за прием во армијата на Црна Гора.
Заинтересираните можат да се пријават за работа во 1. пешадиски баталјон, морнарица, воздухопловство, баталјон за борбена поддршка, чета за комуникации и електронско војување, како и во Центарот за обука - се наведува во соопштението, во кое се додава дека оние кои ќе бидат прифатени ќе бидат испратени на основна воена обука, а потоа и на дообука во нивните единици.

The post Преку оглас бараат снајперист: Несекојдневен конкурс на министерството за одбрана на Црна Гора appeared first on Република.

]]>
Мицковски: Владата има решение за кризата – ги укина антикризните мерки и вработи 600 полицајци https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mickovski-vladata-ima-reshenie-za-krizata-gi-ukina-antikriznite-merki-i-vraboti-600-policajci/ Mon, 06 Jun 2022 10:19:34 +0000 https://republika.mk/?p=511685

Владата има решение за историската економска криза така што ќе ги откаже антикризните мерки и ќе вработи 600 полицајци, иронично коментира Ивор Мицковски.

Влада: Се соочуваме со историска економска и геополитичка криза.
Решение:
1. Откажи антикризни мерки
2. Три дена слави роденден на ДУИ
3. Вработи нови 600 полицајци, пишува тој.

The post Мицковски: Владата има решение за кризата – ги укина антикризните мерки и вработи 600 полицајци appeared first on Република.

]]>

Владата има решение за историската економска криза така што ќе ги откаже антикризните мерки и ќе вработи 600 полицајци, иронично коментира Ивор Мицковски.
Влада: Се соочуваме со историска економска и геополитичка криза. Решение: 1. Откажи антикризни мерки 2. Три дена слави роденден на ДУИ 3. Вработи нови 600 полицајци, пишува тој.

The post Мицковски: Владата има решение за кризата – ги укина антикризните мерки и вработи 600 полицајци appeared first on Република.

]]>
МВР објави оглас за 600 нови полицајци https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mvr-objavi-oglas-za-600-novi-policajci/ Mon, 06 Jun 2022 07:44:23 +0000 https://republika.mk/?p=511617

Министерството за внатрешни работи објави оглас за вработување на 600 полицајци.

Во Секторот за внатрешни работи Скопје се бараат 100 полицајци, Струмица, Охрид, Битола, Велес и Куманово по 40, додека, во Сектор за внатрешни работи Тетово – 60, а во Штип 70. По 40 полицајци се бараат и во Регионалните центри за гранични работи Запад, Југ и Исток, додека, во Регионалниот центар за гранични работи Север се бараат 50 полицајци.

1. Кандидатите треба да ги исполнуваат следните општи услови:

– да е државјанин на Република Македонија;

– да е полнолетен, а да не наполнил 25 години живот ако за првпат заснова работен однос на работно место во Министерството за кое е предвидено средно образование;

– активно да го користи македонскиот јазик и неговото кирилско писмо;

– со безбедносна проверка да е утврдено дека не постои безбедносен ризик од вработување на кандидатот;

– да има завршено најмалку четиригодишно средно образование;

– да е здравствено и психофизички способен;

– со правосилна пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност;

– да не е член на политичка партија или член на органи и тела на политичка партија и

– да има положено тест за интегритет.

2. Кандидатите треба да ги исполнуваат следните посебни услови:

– потребна телесна висина од најмалку 175 см. (маж), односно 165 см. (жена)

– висока лична физичка подготвеност.

3. Заинтересираните кандидати задолжително да достават докази за исполнување на потребните услови за работното место, во оригинал или копија заверена на нотар и тоа:

– извод од матична книга на родените,

– диплома за завршено четиригодишно средно образование и

– две фотографии, со димензии 3,5 см х 4,5 см.

Кон пријавата, кандидатот задолжително доставува своерачно потпишана изјава со која потврдува дека истиот не е член на политичка партија или член на органи и тела на политичка партија.

Пријавата со потребната документација, кандидатот е должен да ја поднесе ЛИЧНО во едно од определените места за пријавување, и тоа:

– Сектор за внатрешни работи Скопје:

– Полициска станица од општа надлежност-Гази Баба,

– Полициска станица од општа надлежност-Бит Пазар и

– Полициска станица од општа надлежност-Карпош.

– Сектор за внатрешни работи Битола;

– Сектор за внатрешни работи Велес;

– Сектор за внатрешни работи Куманово;

– Сектор за внатрешни работи Тетово;

– Сектор за внатрешни работи Охрид;

– Сектор за внатрешни работи Струмица,

– Сектор за внатрешни работи Штип.

При поднесување на пријавата кандидатот го наведува бројот на организациската единица за работно место за кое се пријавува согласно точка I од огласот.

Кандидатот е должен при поднесување на потребните документи, со себе да носи лична карта или пасош за идентификација.

Потребната документација од точка 3, кандидатите ја доставуваат секој работен ден во определениот рок, во текот на работното време (08,00-16,00 часот).

4. При поднесување на пријава кандидатот потпишува изјава за доброволно пристапување кон селекција за избор на кандидат за полицаец со неможност за барање на отштета од Министерството во случај на повреда за време на спроведување на селекцијата.

5. Постапката за селекција на кандидатите ја спроведува Комисија за избор на кандидат за полицаец формирана од страна на министерот која го определува редоследот на фазите за селекција. Селекцијата се спроведува во следните фази:

– Административна селекција на поднесената документација (утврдување на навременост и потполност на поднесената документација, како и исполнетост на пропишаните услови);

-Проверка на моторички способности (за мажи: најмалку 9 „склекови“ во интервал од 10 секунди, најмалку 16 „стомачни подигања“ во интервал од 30 секунди, „скок во далечина од место“ со минимална должина на скокот од 220см, „спринт на 20 метри“ за најмалку 3,35 секунди, „спринт на 100 метри“ за најмалку 15 секунди и „трчање на 1500 метри“ за најмалку 5,25 минути и за жени: најмалку 6 „склекови“ во интервал од 10 секунди, најмалку 12 „стомачни подигања“ во интервал од 30 секунди, „скок во далечина од место“ со минимална должина на скокот од 160см, „спринт на 20 метри“ за најмалку 3,50 секунди, „спринт на 100 метри“ за најмалку 18 секунди и „трчање на 800 метри“ за најмалку 3 минути, и други физички проверки определени од страна на Комисијата),

-Психолошко тестирање (тест за интегритет и психолошки тест)

-Писмено тестирање (општо – образовен тест),

-Интервју (поединечен устен разговор со пријавеното лице),

-Безбедносна проверка и

-Здравствени прегледи (проверка на здравствените и психофизичките способности на кандидатите).

6. За пријавените кандидати се врши безбедносна проверка врз основа на нивна претходна писмена согласност. Доколку лицето ја одбива безбедносната проверка, се смета дека не ги исполнува условите за засновање на работен однос во Министерството.

7. Здравствените прегледи во постапката за селекција за проверка на здравствените и психофизичките способности на кандидатите се утврдуваат од страна на Здравствена комисија формирана од министерот за внатрешни работи.

8. При спроведување на селекцијата на пријавените кандидати им се овозможува под еднакви услови да ги демонстрираат своите способности, независно од полот, расата, бојата на кожата, националното и социјалното потекло, верско уверување, имотна и општествена положба.

9. По спроведената постапка за селекција, избраните кандидати за полицаец склучуваат договор за основна обука за полицаец во времетраење од 1 (една) година, која ќе се спроведе во Центарот за обука во Министерството за внатрешни работи и на истата се упатуваат за 10% поголем број кандидати за полицаец од бројот на слободни места за кои е распишан овој оглас, односно во Центарот за обука ќе бидат упатени вкупно 660 кандидати.

10. По завршување на основната обука Министерството за внатрешни работи и кандидатот за полицаец, кој ја завршил основната обука за полицаец и кој врз основа на постигнатите резултати соодветно е внесен во ранг листата склучува Договор за вработување во Министерството, со кој кандидатот за полицаец се стекнува со статус „полицаец – приправник”.

Со договорот за вработување се уредуваат меѓусебните права и обврски и се утврдува дека полицаецот е должен да остане на работа во Министерството најмалку пет години сметано од денот на склучувањето на договорот за вработување. Во спротивно, истиот е должен да ги надомести трошоците направени за неговата обука зголемени за три пати.

11. Рокот за доставување на пријавите изнесува 15 (петнаесет) дена, сметано од наредниот ден од денот на објавување на јавниот оглас (не сметајќи го денот на самото објавување).

12. Ненавремената и непотполната документација нема да се разгледува.

The post МВР објави оглас за 600 нови полицајци appeared first on Република.

]]>

Министерството за внатрешни работи објави оглас за вработување на 600 полицајци. Во Секторот за внатрешни работи Скопје се бараат 100 полицајци, Струмица, Охрид, Битола, Велес и Куманово по 40, додека, во Сектор за внатрешни работи Тетово – 60, а во Штип 70. По 40 полицајци се бараат и во Регионалните центри за гранични работи Запад, Југ и Исток, додека, во Регионалниот центар за гранични работи Север се бараат 50 полицајци.

1. Кандидатите треба да ги исполнуваат следните општи услови:

– да е државјанин на Република Македонија; – да е полнолетен, а да не наполнил 25 години живот ако за првпат заснова работен однос на работно место во Министерството за кое е предвидено средно образование; – активно да го користи македонскиот јазик и неговото кирилско писмо; – со безбедносна проверка да е утврдено дека не постои безбедносен ризик од вработување на кандидатот; – да има завршено најмалку четиригодишно средно образование; – да е здравствено и психофизички способен; – со правосилна пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност; – да не е член на политичка партија или член на органи и тела на политичка партија и – да има положено тест за интегритет.

2. Кандидатите треба да ги исполнуваат следните посебни услови:

– потребна телесна висина од најмалку 175 см. (маж), односно 165 см. (жена) – висока лична физичка подготвеност. 3. Заинтересираните кандидати задолжително да достават докази за исполнување на потребните услови за работното место, во оригинал или копија заверена на нотар и тоа: – извод од матична книга на родените, – диплома за завршено четиригодишно средно образование и – две фотографии, со димензии 3,5 см х 4,5 см. Кон пријавата, кандидатот задолжително доставува своерачно потпишана изјава со која потврдува дека истиот не е член на политичка партија или член на органи и тела на политичка партија. Пријавата со потребната документација, кандидатот е должен да ја поднесе ЛИЧНО во едно од определените места за пријавување, и тоа: – Сектор за внатрешни работи Скопје: – Полициска станица од општа надлежност-Гази Баба, – Полициска станица од општа надлежност-Бит Пазар и – Полициска станица од општа надлежност-Карпош. – Сектор за внатрешни работи Битола; – Сектор за внатрешни работи Велес; – Сектор за внатрешни работи Куманово; – Сектор за внатрешни работи Тетово; – Сектор за внатрешни работи Охрид; – Сектор за внатрешни работи Струмица, – Сектор за внатрешни работи Штип. При поднесување на пријавата кандидатот го наведува бројот на организациската единица за работно место за кое се пријавува согласно точка I од огласот. Кандидатот е должен при поднесување на потребните документи, со себе да носи лична карта или пасош за идентификација. Потребната документација од точка 3, кандидатите ја доставуваат секој работен ден во определениот рок, во текот на работното време (08,00-16,00 часот). 4. При поднесување на пријава кандидатот потпишува изјава за доброволно пристапување кон селекција за избор на кандидат за полицаец со неможност за барање на отштета од Министерството во случај на повреда за време на спроведување на селекцијата. 5. Постапката за селекција на кандидатите ја спроведува Комисија за избор на кандидат за полицаец формирана од страна на министерот која го определува редоследот на фазите за селекција. Селекцијата се спроведува во следните фази: – Административна селекција на поднесената документација (утврдување на навременост и потполност на поднесената документација, како и исполнетост на пропишаните услови); -Проверка на моторички способности (за мажи: најмалку 9 „склекови“ во интервал од 10 секунди, најмалку 16 „стомачни подигања“ во интервал од 30 секунди, „скок во далечина од место“ со минимална должина на скокот од 220см, „спринт на 20 метри“ за најмалку 3,35 секунди, „спринт на 100 метри“ за најмалку 15 секунди и „трчање на 1500 метри“ за најмалку 5,25 минути и за жени: најмалку 6 „склекови“ во интервал од 10 секунди, најмалку 12 „стомачни подигања“ во интервал од 30 секунди, „скок во далечина од место“ со минимална должина на скокот од 160см, „спринт на 20 метри“ за најмалку 3,50 секунди, „спринт на 100 метри“ за најмалку 18 секунди и „трчање на 800 метри“ за најмалку 3 минути, и други физички проверки определени од страна на Комисијата), -Психолошко тестирање (тест за интегритет и психолошки тест) -Писмено тестирање (општо – образовен тест), -Интервју (поединечен устен разговор со пријавеното лице), -Безбедносна проверка и -Здравствени прегледи (проверка на здравствените и психофизичките способности на кандидатите). 6. За пријавените кандидати се врши безбедносна проверка врз основа на нивна претходна писмена согласност. Доколку лицето ја одбива безбедносната проверка, се смета дека не ги исполнува условите за засновање на работен однос во Министерството. 7. Здравствените прегледи во постапката за селекција за проверка на здравствените и психофизичките способности на кандидатите се утврдуваат од страна на Здравствена комисија формирана од министерот за внатрешни работи. 8. При спроведување на селекцијата на пријавените кандидати им се овозможува под еднакви услови да ги демонстрираат своите способности, независно од полот, расата, бојата на кожата, националното и социјалното потекло, верско уверување, имотна и општествена положба. 9. По спроведената постапка за селекција, избраните кандидати за полицаец склучуваат договор за основна обука за полицаец во времетраење од 1 (една) година, која ќе се спроведе во Центарот за обука во Министерството за внатрешни работи и на истата се упатуваат за 10% поголем број кандидати за полицаец од бројот на слободни места за кои е распишан овој оглас, односно во Центарот за обука ќе бидат упатени вкупно 660 кандидати. 10. По завршување на основната обука Министерството за внатрешни работи и кандидатот за полицаец, кој ја завршил основната обука за полицаец и кој врз основа на постигнатите резултати соодветно е внесен во ранг листата склучува Договор за вработување во Министерството, со кој кандидатот за полицаец се стекнува со статус „полицаец – приправник”. Со договорот за вработување се уредуваат меѓусебните права и обврски и се утврдува дека полицаецот е должен да остане на работа во Министерството најмалку пет години сметано од денот на склучувањето на договорот за вработување. Во спротивно, истиот е должен да ги надомести трошоците направени за неговата обука зголемени за три пати. 11. Рокот за доставување на пријавите изнесува 15 (петнаесет) дена, сметано од наредниот ден од денот на објавување на јавниот оглас (не сметајќи го денот на самото објавување). 12. Ненавремената и непотполната документација нема да се разгледува.

The post МВР објави оглас за 600 нови полицајци appeared first on Република.

]]>
Јавен оглас за рецензенти на учебници https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/javen-oglas-za-recenzenti-na-uchebnici/ Wed, 13 Apr 2022 07:59:10 +0000 https://republika.mk/?p=487682

Министерството за образование и наука објави оглас за рецензенти на учебници за предмети во прво, второ, четврто и петто одделение во основното образование.

Кандидатите што ќе се пријават за рецензирање на учебниците треба да бидат наставници од наставничките факултети за наставниот предмет за кој е наменет учебникот, да бидат наставници од основно училиште соодветни за конкретниот предмет и со најмалку 10 години работно искуство во настава.

Рокот за аплицирање на повикот е 11 мај 2022. Пријавата е достапна на веб-страницата на МОН (mon.gov.mk). Во објавениот оглас се наведени условите кои треба да ги исполнуваат заинтересираните, документите што треба да ги достават и начинот на аплицирањето.

The post Јавен оглас за рецензенти на учебници appeared first on Република.

]]>

Министерството за образование и наука објави оглас за рецензенти на учебници за предмети во прво, второ, четврто и петто одделение во основното образование. Кандидатите што ќе се пријават за рецензирање на учебниците треба да бидат наставници од наставничките факултети за наставниот предмет за кој е наменет учебникот, да бидат наставници од основно училиште соодветни за конкретниот предмет и со најмалку 10 години работно искуство во настава. Рокот за аплицирање на повикот е 11 мај 2022. Пријавата е достапна на веб-страницата на МОН (mon.gov.mk). Во објавениот оглас се наведени условите кои треба да ги исполнуваат заинтересираните, документите што треба да ги достават и начинот на аплицирањето.

The post Јавен оглас за рецензенти на учебници appeared first on Република.

]]>