офицерски дом Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/oficerski-dom/ За подобро да се разбереме Fri, 16 Aug 2024 08:25:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png офицерски дом Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/oficerski-dom/ 32 32 Концерт на Трио Џентлемен“ на летната сцена на Офицерскиот дом Битола https://arhiva3.republika.mk/scena/kontsert-na-trio-dhentlemen-na-letnata-stsena-na-ofitserskiot-dom-bitola/ Fri, 16 Aug 2024 12:19:02 +0000 https://republika.mk/?p=807093

Во недела на 18 август, со почеток во 20.00 часот на летната сцена на Офицерскиот дом-КИЦ Битола, ќе настапат „Трио Џентлемен“ во рамките на Бит фест.

Трио Џентлмен е составено од тројца професионални оперски пеачи: Дејан Стоев-тенор, Кристијан Антовски-баритон и Јане Дунимаглоски-тенор.

По урнекот на светските поп-класични состави се трудат тој жанр на пеење за прв пат да го презентираат и на нашите простори.

На нивниот репертоар освен класичните композиции се наоѓаат и најголемите светски поп хитови изведени во поп-класичен манир,наполитански канцони,шпански песни,руски романси и секако македонското творештво.Имаат настапувано низ низ сите поголеми и помали градови во Македонија како и надвор од нашите граници, со свои целовечерни концерти, музички фестивали, гала концерти, дел од поголеми значајни манифестации итн. Нивните настапи се познати по тоа што секогаш нудат нешто ново нешто не видено на нашите простори.

Различни ги прави тоа што прават спој на операта,оперското пеење со различни жанрови како поп,латино,џез,рок композиции и сето тоа во еден нов и специфичен звук,тризвук итрепетиран од тројца оперски пеачи.

The post Концерт на Трио Џентлемен“ на летната сцена на Офицерскиот дом Битола appeared first on Република.

]]>

Во недела на 18 август, со почеток во 20.00 часот на летната сцена на Офицерскиот дом-КИЦ Битола, ќе настапат „Трио Џентлемен“ во рамките на Бит фест. Трио Џентлмен е составено од тројца професионални оперски пеачи: Дејан Стоев-тенор, Кристијан Антовски-баритон и Јане Дунимаглоски-тенор. По урнекот на светските поп-класични состави се трудат тој жанр на пеење за прв пат да го презентираат и на нашите простори. На нивниот репертоар освен класичните композиции се наоѓаат и најголемите светски поп хитови изведени во поп-класичен манир,наполитански канцони,шпански песни,руски романси и секако македонското творештво.Имаат настапувано низ низ сите поголеми и помали градови во Македонија како и надвор од нашите граници, со свои целовечерни концерти, музички фестивали, гала концерти, дел од поголеми значајни манифестации итн. Нивните настапи се познати по тоа што секогаш нудат нешто ново нешто не видено на нашите простори. Различни ги прави тоа што прават спој на операта,оперското пеење со различни жанрови како поп,латино,џез,рок композиции и сето тоа во еден нов и специфичен звук,тризвук итрепетиран од тројца оперски пеачи.

The post Концерт на Трио Џентлемен“ на летната сцена на Офицерскиот дом Битола appeared first on Република.

]]>
КИЦ-Битола: Политичките партии своите настани во иднина не ќе можат да ги одржуваат во Офицерскиот дом https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/kits-bitola-politichkite-partii-svoite-nastani-vo-idnina-ne-ke-mozhat-da-gi-odrzhuvaat-vo-ofitserskiot-dom/ Sat, 25 Feb 2023 15:54:16 +0000 https://republika.mk/?p=613138

Политичките партии своите настани во иднина не ќе можат да ги одржуваат во Офицерскиот дом во Битола, кој стана средиште на културните збиднувања во градот, туку ќе бидат пренасочени во киното „Манаки“. Вака одлучи Културно-информативниот центар (КИЦ) кој управува со двата објекти во Битола, а по сугестија на советниците од општинскиот Совет.

Имаме и сугестии од страна на Советот настаните што ги организираат политичките партии да ги пренасочиме во Киното ‘Манаки’. Политичките партии си плаќаат за нивните настани и ги сметаме за комерцијални настани, а понекогаш тие се и настани од културата погодни за во салите во Офицерски. Но, ги слушаме сугестиите и ќе ги пренасочиме, вели директорката на КИЦ Лили Бошевска.

Културно-информативниот центар од Битола беше домаќини на повеќе од четиристотини културни и други јавни настани за само десет месеци активна работа во 2022, при што прими преку 65.000 публика, а на сценските простори на КИЦ во Офицерски дом и кино „Манаки“, настапија преку 500 изведувачи од сите културни сегменти, како музичари, актери, поети, сликари, фотографи, мултимедијални артисти и други.

The post КИЦ-Битола: Политичките партии своите настани во иднина не ќе можат да ги одржуваат во Офицерскиот дом appeared first on Република.

Саем на креативни индустрии утре во Офицерски дом во Битола https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/saem-na-kreativni-industrii-utre-vo-oficerski-dom-vo-bitola/ Tue, 22 Nov 2022 09:21:42 +0000 https://republika.mk/?p=576825

Саем на креативни индустрии - Место за вашите креативни идеи!

Офицерски дом - 23/11 од 11.00 - 19.00 ч.

Станува збор за настан каде што ќе ги претставиме креативните индустрии, на едно место, во еден изложбен простор за да го прикажеме нивниот потенцијал и што се креативноста може да создаде. На саемот ќе изложуваат повеќе претставници од креативните индустрии од Битола и околината и тоа мода, уметност, музика, дизајн, видео игри, филмови, аугментирана реалност, гастрономски производи, уникатни креации, литература и повеќе.

Може да присуствуваат сите заинтересирани групи ученици, а влезот е бесплатен. Фокусот е пред се деца и млади и е од едукативен карактер.

Сметаме дека би било интересно сите деца да го проследат настанот на кој ќе има многу изненадувања за нив и ќе бидат анимирани од самите изложувачи со кусо претставување на производите што се презентираат, велат организаторите.

The post Саем на креативни индустрии утре во Офицерски дом во Битола appeared first on Република.

Прекрасна музичка ноќ во Офицерски дом во Битола https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/prekrasna-muzichka-nokj-vo-oficerski-dom-vo-bitola/ Thu, 21 Jul 2022 09:39:42 +0000 https://republika.mk/?p=531732

Во рамките на “Бит фест“ синоќа во Битола, во концертната сала на Офицерскиот дом, се одржа концерт за глас, кларинет и пијано со Весна Гиновска – Илкова-сопран, Ристо Ѓоревски-кларинет и Елена Атанасовска – Ивановска – пијано.

Нивната програма беше исполнета со дела од P. Шуман за кларинет и пијано, арија од операта “Gianni Schicchi” од Џ. Пучини, дела од В. А. Моцарт, А. Гргин, Б. Ковач, Ф. Шуберт и А. Пјацола.

Македонскиот сопран Весна Гиновска Илкова, за неа велат дека го има најсофистицираното пијано и специфична вокална креација по која се препознава секоја нејзина изведба и интерпретација на музичко сценско дело.

Елена Атанасовска – Ивановска е една од најуспешните и најафирмираните пијанисти во Република Македонија и работи како доцент по корепетиција и практика на Факултетот за музичка уметност- Скопје.

Ристо Ѓоревски во 2018 заврши специјализација за изведба на кларинет на Музичкиот универзитет Шопен во Варшава, Полска и истата година на Интернационалниот фестивал Клариманиа во Вроцлав, Полска учествуваше како прв учесник од Македонија каде што се претстави со рецитал, предавање и мастерклас.

The post Прекрасна музичка ноќ во Офицерски дом во Битола appeared first on Република.

]]>

Во рамките на “Бит фест“ синоќа во Битола, во концертната сала на Офицерскиот дом, се одржа концерт за глас, кларинет и пијано со Весна Гиновска – Илкова-сопран, Ристо Ѓоревски-кларинет и Елена Атанасовска – Ивановска – пијано. Нивната програма беше исполнета со дела од P. Шуман за кларинет и пијано, арија од операта “Gianni Schicchi” од Џ. Пучини, дела од В. А. Моцарт, А. Гргин, Б. Ковач, Ф. Шуберт и А. Пјацола. Македонскиот сопран Весна Гиновска Илкова, за неа велат дека го има најсофистицираното пијано и специфична вокална креација по која се препознава секоја нејзина изведба и интерпретација на музичко сценско дело. Елена Атанасовска – Ивановска е една од најуспешните и најафирмираните пијанисти во Република Македонија и работи како доцент по корепетиција и практика на Факултетот за музичка уметност- Скопје. Ристо Ѓоревски во 2018 заврши специјализација за изведба на кларинет на Музичкиот универзитет Шопен во Варшава, Полска и истата година на Интернационалниот фестивал Клариманиа во Вроцлав, Полска учествуваше како прв учесник од Македонија каде што се претстави со рецитал, предавање и мастерклас.

The post Прекрасна музичка ноќ во Офицерски дом во Битола appeared first on Република.

]]>
„Профундис“ со солистите Владимир Костов, Ана Контраденко и Ѓурѓица Дашиќ како диригент вечерва во Офицерскиот дом во Битола https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/profundis-so-solistite-vladimir-kostov-ana-kontradenko-i-gjurgjica-dashikj-kako-dirigent-vecherva-vo-oficerskiot-dom-vo-bitola/ Sun, 17 Jul 2022 14:10:32 +0000 https://republika.mk/?p=530355

На 17.јули во недела, со почеток од 21 часот, во Офицерскиот дом во рамките на Бит фест, Камерниот оркестар „Профундис“ ќе одржи концерт. Солисти на концертот ќе бидат Владимир Костов, Ана Контраденко и Ѓурѓица Дашиќ како диригент.

„Профундис“ е уметнички состав, кој постои веќе три години и чии цели се промоција на квалитетот и особеноста на изразот со посебен акцент на оригиналноста на сите концертни изведувања. Во него членуваат едни од најистакнатите македонски инструменталисти што се дел од двата професионални оркестри во државата, Македонската опера и балет и Македонската филхармонија. Покрај класичниот репертоар, кој опфаќа музичко творештво од епохата на барокот па сè до денес, камерниот оркестар „Профундис“ се стреми кон развојот и на други начини на презентација (дигитални концерти, 3 де-мапинг, учество и презентација на нови технологии). Квалитетот на оркестарот составен од веќе докажани имиња и неговата флексибилност во сите стилски епохи, под уметничко водство на диригентката Ѓурѓица Дашиќ, го дефинираат како уметнички ансамбл на 21 век, способен да одговори на сите барања на музичката продукција.

Интенцијата да се создаде висококвалитетен камерен ансамбл вроди со плод кој е евидентен во настапите на домашната и на меѓународната сцена. За многу кратко време од основањето, „Профундис“ успева да реализира исклучително успешни, високоуметнички проекти и соработки со реномирани домашни и странски солисти. Забележителен е  настапот во рамките на фестивалите „Есенски музички свечености“, „Златна лира“ и „Денови на македонската музика“, како и соработката со нашите реномирани солисти Љубиша Кировски, Марија Ѓошевска, Благој Нацоски, Славица Мицовска, Наде Талевска, МаријаЈанчулевска, Стојанче Косовски, како и со концертмајсторите на Македонската филхармонија Ана Кондратенко и Владимир Костов. Исклучителна чест и можност претставуваше соработката со еден од најистакнатите српски виолинисти,Јован Богосављевиќ со кого се реализираа концерти во Националната филхармонија и во Р.Србија .

Исклучителен проект, кој претставува гордост на „Профундис“, е реализацијата на целовечерениот концерт во чест на еден од најистакнатите современи композитори, естонскиот композитор Арво Перт, поддржан од естонската амбасада. Исто така, камерниот оркестар „Профундис“ е првиот оркестар од Македонија што настапува во Италија и остварува минитурнеја со настапи во Соренто и во Перуџа и соработки со истакнатиот италијански пијанист Маурицио Мастрини, гитаристот Даниеле Ајело и диригентот Паоло Шибиља.

На програмата ќе бидат делата : Камерна симфонија оп.110/а   во c-moll на Д.Шостакович, ,, Табула раса ‘’  за две виолини и препариран клавир на Арво Перт.

The post „Профундис“ со солистите Владимир Костов, Ана Контраденко и Ѓурѓица Дашиќ како диригент вечерва во Офицерскиот дом во Битола appeared first on Република.

]]>

На 17.јули во недела, со почеток од 21 часот, во Офицерскиот дом во рамките на Бит фест, Камерниот оркестар „Профундис“ ќе одржи концерт. Солисти на концертот ќе бидат Владимир Костов, Ана Контраденко и Ѓурѓица Дашиќ како диригент. „Профундис“ е уметнички состав, кој постои веќе три години и чии цели се промоција на квалитетот и особеноста на изразот со посебен акцент на оригиналноста на сите концертни изведувања. Во него членуваат едни од најистакнатите македонски инструменталисти што се дел од двата професионални оркестри во државата, Македонската опера и балет и Македонската филхармонија. Покрај класичниот репертоар, кој опфаќа музичко творештво од епохата на барокот па сè до денес, камерниот оркестар „Профундис“ се стреми кон развојот и на други начини на презентација (дигитални концерти, 3 де-мапинг, учество и презентација на нови технологии). Квалитетот на оркестарот составен од веќе докажани имиња и неговата флексибилност во сите стилски епохи, под уметничко водство на диригентката Ѓурѓица Дашиќ, го дефинираат како уметнички ансамбл на 21 век, способен да одговори на сите барања на музичката продукција. Интенцијата да се создаде висококвалитетен камерен ансамбл вроди со плод кој е евидентен во настапите на домашната и на меѓународната сцена. За многу кратко време од основањето, „Профундис“ успева да реализира исклучително успешни, високоуметнички проекти и соработки со реномирани домашни и странски солисти. Забележителен е  настапот во рамките на фестивалите „Есенски музички свечености“, „Златна лира“ и „Денови на македонската музика“, како и соработката со нашите реномирани солисти Љубиша Кировски, Марија Ѓошевска, Благој Нацоски, Славица Мицовска, Наде Талевска, МаријаЈанчулевска, Стојанче Косовски, како и со концертмајсторите на Македонската филхармонија Ана Кондратенко и Владимир Костов. Исклучителна чест и можност претставуваше соработката со еден од најистакнатите српски виолинисти,Јован Богосављевиќ со кого се реализираа концерти во Националната филхармонија и во Р.Србија . Исклучителен проект, кој претставува гордост на „Профундис“, е реализацијата на целовечерениот концерт во чест на еден од најистакнатите современи композитори, естонскиот композитор Арво Перт, поддржан од естонската амбасада. Исто така, камерниот оркестар „Профундис“ е првиот оркестар од Македонија што настапува во Италија и остварува минитурнеја со настапи во Соренто и во Перуџа и соработки со истакнатиот италијански пијанист Маурицио Мастрини, гитаристот Даниеле Ајело и диригентот Паоло Шибиља. На програмата ќе бидат делата : Камерна симфонија оп.110/а   во c-moll на Д.Шостакович, ,, Табула раса ‘’  за две виолини и препариран клавир на Арво Перт.

The post „Профундис“ со солистите Владимир Костов, Ана Контраденко и Ѓурѓица Дашиќ како диригент вечерва во Офицерскиот дом во Битола appeared first on Република.

]]>
Изложбата „Современата уметност во Битола“ од денеска во Офицерскиот дом во Битола https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/izlozbata-sovremenata-umetnost-vo-bitola-od-deneska-vo-oficerskiot-dom-vo-bitola/ Wed, 13 Jul 2022 11:34:02 +0000 https://republika.mk/?p=528069

Во Офицерски дом во Битола денеска ќе биде отворена ликовна изложба „Современата уметност во Битола“ претставува единствен ваков пресек на автори и дела поврзани со Битола.

На изложбата учествуваат со свои дела уметниците кои работат и творат во Битола, ченовите на ДЛУБ , уметниците кои се родени или потекнуваат од Битола и околината, но и оние кои живееле и работеле на овие простори и своите дела ги инспирале од пределите, луѓето и настаните во овој град, како и наследниците на уметниците кои веќе не се помеѓу нас, но како завештание ги чуваат нивните дела.

Со оваа изложба за прв пат се промовира и галерискиот простор во Палатата на културата – Офицерски дом при ЈОУ Културен и Информативен центар – Битола.

The post Изложбата „Современата уметност во Битола“ од денеска во Офицерскиот дом во Битола appeared first on Република.

Концерт на Дино Имери за Денот на Европа во Офицерскиот дом во Битола https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/koncert-na-dino-imeri-za-denot-na-evropa-vo-oficerskiot-dom-vo-bitola/ Mon, 09 May 2022 08:32:27 +0000 https://republika.mk/?p=499802

Денот на Европа во Битола ќе биде одбележан со целовечерен концерт на маестро Дино Имери, што ќе се одржи во концертната сала на Палатата Офицерски дом.

Од Културен и информативен центар – Битола, домаќини и организатори на концертот, информираат дека по подолго време, тоа ќе биде прв пијано концерт на концертниот клавир „Bösendorfer“  и воедно промоција на концертната сала во Офицерскиот дом.

Концертот почнува во 20 часот, а на програмата се дела од Шопен, Лист, Џамбазов, Имери, Завков, и Ѓумар.

The post Концерт на Дино Имери за Денот на Европа во Офицерскиот дом во Битола appeared first on Република.

]]>

Денот на Европа во Битола ќе биде одбележан со целовечерен концерт на маестро Дино Имери, што ќе се одржи во концертната сала на Палатата Офицерски дом. Од Културен и информативен центар – Битола, домаќини и организатори на концертот, информираат дека по подолго време, тоа ќе биде прв пијано концерт на концертниот клавир „Bösendorfer“  и воедно промоција на концертната сала во Офицерскиот дом. Концертот почнува во 20 часот, а на програмата се дела од Шопен, Лист, Џамбазов, Имери, Завков, и Ѓумар.

The post Концерт на Дино Имери за Денот на Европа во Офицерскиот дом во Битола appeared first on Република.

]]>
Битолскиот камерен оркестар ја воодушеви публиката во Офицерски дом https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/bitolskiot-kameren-orkestar-ja-voodushevi-publikata-vo-oficerski-dom/ Tue, 19 Apr 2022 15:58:43 +0000 https://republika.mk/?p=490626

Синоќа во Битола, во изведба на Камерниот oркестар•••IWConnect прозвучи извонредното дело „Стабат Матер" на Перголези, а повод беше Велигденскиот концерт кој овој оркестар за прв пат го направи во реновираното здание на Офицерскиот дом.

Како солисти настапија сопранистката Билјана Јосифов, контратенорот, инаку гостин од Србија Бојан Булатовиќ, а оркестарот настапи под водство на уметничкиот директор и диригент на овој ансамбл Владимир Димовски.

Кантата на Перголези, која често се изведува на вакви наменски претпразнични концерти низ светот, е само доказ колку талентот на овој извонреден композитор е генијален, а ќе создаваше уште многу ако не завршеше неговиот живот во 26-тата година. Многумина сметаат дека, во само 10 годишниот музички опус создал генијални дела кои се едначат со она што го создавале Моцарт и Бах.

Офицерски дом со својата акустика, синоќа беше само доказ колку таа сала е иделна за вакви камерни концерти на класична музика и колку истиот тој простор недостигаше, со оглед на годините во кои беше тотално запуштен.

На програмата вечерта се најде и концертот за две виолини од Антонио Вивалди, каде солисти беа виолинистите Валентин Наумов и Владимир Цветковски. Фото - Ивана Христова.

The post Битолскиот камерен оркестар ја воодушеви публиката во Офицерски дом appeared first on Република.

]]>

Синоќа во Битола, во изведба на Камерниот oркестар•••IWConnect прозвучи извонредното дело „Стабат Матер" на Перголези, а повод беше Велигденскиот концерт кој овој оркестар за прв пат го направи во реновираното здание на Офицерскиот дом. Како солисти настапија сопранистката Билјана Јосифов, контратенорот, инаку гостин од Србија Бојан Булатовиќ, а оркестарот настапи под водство на уметничкиот директор и диригент на овој ансамбл Владимир Димовски. Кантата на Перголези, која често се изведува на вакви наменски претпразнични концерти низ светот, е само доказ колку талентот на овој извонреден композитор е генијален, а ќе создаваше уште многу ако не завршеше неговиот живот во 26-тата година. Многумина сметаат дека, во само 10 годишниот музички опус создал генијални дела кои се едначат со она што го создавале Моцарт и Бах. Офицерски дом со својата акустика, синоќа беше само доказ колку таа сала е иделна за вакви камерни концерти на класична музика и колку истиот тој простор недостигаше, со оглед на годините во кои беше тотално запуштен. На програмата вечерта се најде и концертот за две виолини од Антонио Вивалди, каде солисти беа виолинистите Валентин Наумов и Владимир Цветковски. Фото - Ивана Христова.

The post Битолскиот камерен оркестар ја воодушеви публиката во Офицерски дом appeared first on Република.

]]>
КИЦ-Битола најави богата културна програма во Кино „Манаки“ и во Офицерскиот дом https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/kic-bitola-najavi-bogata-kulturna-programa-vo-kino-manaki-i-vo-oficerskiot-dom/ Tue, 18 Jan 2022 12:06:40 +0000 https://republika.mk/?p=446341

ЈОУ Културен и Информативен Центар-Битола, институција основана пред неколку месеци во 2021 година, најави богата културна програма што ќе ја реализира оваа година. Програмските активности ќе се одржат во два објекти со кои располага таа општинска установа, односно Кино „Манаки“ и Офицерски дом во Битола,

Во делот на музичка дејност, а со одлука на Советот на Општина Битола, КИЦ-Битола ќе може да го возобнови фестивалот Серенада фест и да организира музички смотри со хорски настапи. Во танцовата и балетска дејност планиран е натпревар за модерен танц и модерен балет, а театарската дејност ќе биде збогатена со летен отворен театар, Моно-дуо драми и детски театар.

ЈОУ КИЦ-Битола на платото пред Офицерскиот дом ќе ги врати и за публиката ќе организира модна ревија, настани кои пред неколку децении предизвикуваа голем интерес и посетеност во тој град, а се очекува и претставувања на модни креатори и нивните креации.

Според утврдената програма за работа на КИЦ-Битола, соодветно внимание ќе биде посветено на филмската дејност, ликовната дејност, музејска дејност но и занаетчиската дејност за што планирани се изложби на уметнички накит, луксузен накит и изложба на ракотворби.

The post КИЦ-Битола најави богата културна програма во Кино „Манаки“ и во Офицерскиот дом appeared first on Република.

]]>

ЈОУ Културен и Информативен Центар-Битола, институција основана пред неколку месеци во 2021 година, најави богата културна програма што ќе ја реализира оваа година. Програмските активности ќе се одржат во два објекти со кои располага таа општинска установа, односно Кино „Манаки“ и Офицерски дом во Битола, Во делот на музичка дејност, а со одлука на Советот на Општина Битола, КИЦ-Битола ќе може да го возобнови фестивалот Серенада фест и да организира музички смотри со хорски настапи. Во танцовата и балетска дејност планиран е натпревар за модерен танц и модерен балет, а театарската дејност ќе биде збогатена со летен отворен театар, Моно-дуо драми и детски театар. ЈОУ КИЦ-Битола на платото пред Офицерскиот дом ќе ги врати и за публиката ќе организира модна ревија, настани кои пред неколку децении предизвикуваа голем интерес и посетеност во тој град, а се очекува и претставувања на модни креатори и нивните креации. Според утврдената програма за работа на КИЦ-Битола, соодветно внимание ќе биде посветено на филмската дејност, ликовната дејност, музејска дејност но и занаетчиската дејност за што планирани се изложби на уметнички накит, луксузен накит и изложба на ракотворби.

The post КИЦ-Битола најави богата културна програма во Кино „Манаки“ и во Офицерскиот дом appeared first on Република.

]]>
Публиката воодушевена од Божиќниот концерт во Офицерскиот дом https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/publikata-voodushevena-od-bozikjniot-koncert-vo-oficerskiot-dom/ Mon, 10 Jan 2022 20:58:47 +0000 https://republika.mk/?p=442774

Во Офицерскиот дом се одржа Божиќниот концерт во организација на Општина Битола, а по повод големиот христијански празник Божиќ.

Присутните имаа можност да го проследат настапот на машкиот хор “Свети Нектариј Битолски“ и женскиот хор “Света  Макрина“ од Битола.

Хорот “Св. Нектариј Битолски“ , настапи под диригентска палка на Игор Гулевски. Тие ги изведоа: Тропар на Раѓањето Христово, Тропар на Св. Нектариј Битолски, Воскресни тропари, Задостојник на Раѓање Богородично, Задостојник на Раѓање Христово, Божикна катавасија, “Достојно е“, “Свети Боже“ и “Света Дево“.

Хорот “Света Макрина“ ги изведе црковните песни: Тропар на Раѓањето Христово, “Дева денес“, Псалм 33, Причесен 150 псалм, “Царице Небеснаја“, “Вечниот Бог“, “Слава Богу за все“ и “Света Дево, а со истиот диригираше Мери Чекуткова.

На Божиќниот концерт присуствуваше Владиката Петар, градоначалникот на Битола, Тони Коњановски и љубители на црковната музика.

The post Публиката воодушевена од Божиќниот концерт во Офицерскиот дом appeared first on Република.