Офицерски дом Битола Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/oficerski-dom-bitola/ За подобро да се разбереме Thu, 27 Apr 2023 13:30:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Офицерски дом Битола Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/oficerski-dom-bitola/ 32 32 Избрани композициите за битолскиот фестивал „Ех, таа серенада“ 2023 https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/izbrani-kompozitsiite-za-bitolskiot-festival-eh-taa-serenada-2023/ Thu, 27 Apr 2023 13:30:46 +0000 https://republika.mk/?p=634719

Културно информативниот центар Битола ги објави резултатите од годинешниот конкурс за избор на композиции (музика и текст) за фестивалот „Ех, таа серенада“, кој годинава ќе се одржи во август во Битола.

Комисијата составена од седум членови, истакнати професионалци од областа на музиката и уметноста, селектираа 17 од пристигнатите 73 композиции. На конкурсот се пријавија еминентни автори и изведувачи што за комисијата претставуваше сериозен предизвик и одговорност.
Во понатамошна постапка организаторот ќе направи избор на изведувачи и на аранжери за избраните композиции, соопштија од КИЦ Битола.

Фестивалот ќе се одржи на 24 август на платото на Офицерски дом - КИЦ Битола.

The post Избрани композициите за битолскиот фестивал „Ех, таа серенада“ 2023 appeared first on Република.

]]>

Културно информативниот центар Битола ги објави резултатите од годинешниот конкурс за избор на композиции (музика и текст) за фестивалот „Ех, таа серенада“, кој годинава ќе се одржи во август во Битола. Комисијата составена од седум членови, истакнати професионалци од областа на музиката и уметноста, селектираа 17 од пристигнатите 73 композиции. На конкурсот се пријавија еминентни автори и изведувачи што за комисијата претставуваше сериозен предизвик и одговорност. Во понатамошна постапка организаторот ќе направи избор на изведувачи и на аранжери за избраните композиции, соопштија од КИЦ Битола. Фестивалот ќе се одржи на 24 август на платото на Офицерски дом - КИЦ Битола.

The post Избрани композициите за битолскиот фестивал „Ех, таа серенада“ 2023 appeared first on Република.

]]>
Отворен ден во Офицерски дом Битола и богата културна програма овој викенд https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/otvoren-den-vo-oficerski-dom-bitola-i-bogata-kulturna-programa-ovoj-vikend/ Fri, 04 Nov 2022 09:28:25 +0000 https://republika.mk/?p=569464

Како дел од одбележувањето на 4 Ноември, Денот на ослободувањето на Битола, утре во Офицерскиот дом ќе има отворен ден за сите граѓани и посетители.

Вратите на Офицерски дом, ќе бидат широко отворени за сите посетители, кои ќе можат да слушнат за историјата на Офицерски, да ја разгледаат внатрешноста и изложбите како онаа на Благој Мицевски - „ОпераДрамаБалет“- костими и фотографии“ во Кристалната сала,„Звукот на Битола“- посебно мултимедијално доживување во Свечената сала, репрезентативната поставката на „Битолска современа уметност“ во Западната Галерија, да уживаат во музичкиот маратон „Со љубов за Битола“, да ја дознаат историјата на музиката во нашиот град преку книгата „Музика“ на Александар Стерјовски или едноставно да прошетаат и да уживаат во убавината на нашата гордост Офицерски дом. Изборот е Ваш, а ние сме тука да го направиме Вашиот престој попријатен, велат оттаму.

Воедно, овој викенд КИЦ Битола е средиште на бројни културни случувања.

The post Отворен ден во Офицерски дом Битола и богата културна програма овој викенд appeared first on Република.

Прекрасна музичка ноќ во Офицерски дом во Битола https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/prekrasna-muzichka-nokj-vo-oficerski-dom-vo-bitola/ Thu, 21 Jul 2022 09:39:42 +0000 https://republika.mk/?p=531732

Во рамките на “Бит фест“ синоќа во Битола, во концертната сала на Офицерскиот дом, се одржа концерт за глас, кларинет и пијано со Весна Гиновска – Илкова-сопран, Ристо Ѓоревски-кларинет и Елена Атанасовска – Ивановска – пијано.

Нивната програма беше исполнета со дела од P. Шуман за кларинет и пијано, арија од операта “Gianni Schicchi” од Џ. Пучини, дела од В. А. Моцарт, А. Гргин, Б. Ковач, Ф. Шуберт и А. Пјацола.

Македонскиот сопран Весна Гиновска Илкова, за неа велат дека го има најсофистицираното пијано и специфична вокална креација по која се препознава секоја нејзина изведба и интерпретација на музичко сценско дело.

Елена Атанасовска – Ивановска е една од најуспешните и најафирмираните пијанисти во Република Македонија и работи како доцент по корепетиција и практика на Факултетот за музичка уметност- Скопје.

Ристо Ѓоревски во 2018 заврши специјализација за изведба на кларинет на Музичкиот универзитет Шопен во Варшава, Полска и истата година на Интернационалниот фестивал Клариманиа во Вроцлав, Полска учествуваше како прв учесник од Македонија каде што се претстави со рецитал, предавање и мастерклас.

The post Прекрасна музичка ноќ во Офицерски дом во Битола appeared first on Република.

]]>

Во рамките на “Бит фест“ синоќа во Битола, во концертната сала на Офицерскиот дом, се одржа концерт за глас, кларинет и пијано со Весна Гиновска – Илкова-сопран, Ристо Ѓоревски-кларинет и Елена Атанасовска – Ивановска – пијано. Нивната програма беше исполнета со дела од P. Шуман за кларинет и пијано, арија од операта “Gianni Schicchi” од Џ. Пучини, дела од В. А. Моцарт, А. Гргин, Б. Ковач, Ф. Шуберт и А. Пјацола. Македонскиот сопран Весна Гиновска Илкова, за неа велат дека го има најсофистицираното пијано и специфична вокална креација по која се препознава секоја нејзина изведба и интерпретација на музичко сценско дело. Елена Атанасовска – Ивановска е една од најуспешните и најафирмираните пијанисти во Република Македонија и работи како доцент по корепетиција и практика на Факултетот за музичка уметност- Скопје. Ристо Ѓоревски во 2018 заврши специјализација за изведба на кларинет на Музичкиот универзитет Шопен во Варшава, Полска и истата година на Интернационалниот фестивал Клариманиа во Вроцлав, Полска учествуваше како прв учесник од Македонија каде што се претстави со рецитал, предавање и мастерклас.

The post Прекрасна музичка ноќ во Офицерски дом во Битола appeared first on Република.

]]>
Офицерскиот дом во Битола e прогласен за културно наследство со големо значење https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/oficerskiot-dom-vo-bitola-e-proglasen-za-kulturno-nasledstvo-so-golemo-znachenje/ Fri, 01 Jul 2022 17:21:54 +0000 https://republika.mk/?p=522288

На предлог на Управата за заштита на културното наследство и мислењето на Националниот совет за културно наследство, Владата на Македонија го прогласи Офицерскиот дом во Битола за културно наследство од особено значење, поткатегорија големо значење.

Значењето и вредноста на овој објект конечно беше валоризирано минатата година во мандaтот на оваа Влада откако беа усвоени ревалоризацијата на предметното добро од установа НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј Битола, а потоа и ревизијата на актот за ревалоризација што го изврши Комисија формирана од Управата за заштита на културното наследство, истакна министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска.

Офицерскиот дом изграден во 1912 година, претставува споменик на културата, а со овој највисок степен на заштита, трајно ќе биде зачуван овој редок архитектонски објект кој сам по себе говори за практикувањето на архитектура од јавен и монументален карактер кај нас во периодот на неговото настанување.

Реставрацијата на Офицерскиот дом е изведена во рамките на проектот „Зголемена туристичка понуда на Пелагонискиот Регион преку реставрирање и адаптирање на Офицерскиот дом со партерно уредување“, за кој Општина Битола за време на претходната локална власт доби средства од европските ИПА фондови.

Вкупната вредност е 58.792.610 денари, од кои Општината обезбеди над 5,8 милиони денари. Дополнително, од локалната самоуправа се вложени два милиони денари во атмосферска и фекална канализација, која ќе биде приклучена кон главната улична одводна каналска мрежа.

Со содржините кои почнаа да се одвиваат во овој магичен простор на Широк сокак, како генерација продолжуваме да ги негуваме и спомените за златното време на Битола, да го негуваме културно-историското значење на објектот, но и да создаваме нови уметнички вредности кои ќе остават траги за актуелниот културен и општествен живот на Битола и на целата држава, додаде министерката Костадиновска-Стојчевска.

Највисок режим на заштита подразбира трајно зачувување на Офицерскиот дом во изворна состојба; создавање на поволни услови за опстанок на Офицерскиот дом и задржување на интегритетот на сите податоци што тој ги носи со себе како сведоштво; ширење на сознанијата за вредностите и значењето на Офицерскиот дом и за неговата улога во културната идентификација; оспособување на Офицерскиот дом според неговата намена и значење, заради задоволување на културните, научните, едукативните, естетските, економските, туристичките и другите потреби на граѓаните и општеството и спречување дејствија, појави и влијанија со кои се врши или може да настане оштетување или деградирање.

The post Офицерскиот дом во Битола e прогласен за културно наследство со големо значење appeared first on Република.

]]>

На предлог на Управата за заштита на културното наследство и мислењето на Националниот совет за културно наследство, Владата на Македонија го прогласи Офицерскиот дом во Битола за културно наследство од особено значење, поткатегорија големо значење.
Значењето и вредноста на овој објект конечно беше валоризирано минатата година во мандaтот на оваа Влада откако беа усвоени ревалоризацијата на предметното добро од установа НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј Битола, а потоа и ревизијата на актот за ревалоризација што го изврши Комисија формирана од Управата за заштита на културното наследство, истакна министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска.
Офицерскиот дом изграден во 1912 година, претставува споменик на културата, а со овој највисок степен на заштита, трајно ќе биде зачуван овој редок архитектонски објект кој сам по себе говори за практикувањето на архитектура од јавен и монументален карактер кај нас во периодот на неговото настанување. Реставрацијата на Офицерскиот дом е изведена во рамките на проектот „Зголемена туристичка понуда на Пелагонискиот Регион преку реставрирање и адаптирање на Офицерскиот дом со партерно уредување“, за кој Општина Битола за време на претходната локална власт доби средства од европските ИПА фондови. Вкупната вредност е 58.792.610 денари, од кои Општината обезбеди над 5,8 милиони денари. Дополнително, од локалната самоуправа се вложени два милиони денари во атмосферска и фекална канализација, која ќе биде приклучена кон главната улична одводна каналска мрежа.