офицери Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/oficeri/ За подобро да се разбереме Tue, 22 Mar 2022 07:56:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png офицери Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/oficeri/ 32 32 Србија: Од почетокот на годинава војската ја напуштиле 71 офицер https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/srbija-od-pochetokot-na-godinava-vojskata-ja-napushtile-71-oficer/ Tue, 22 Mar 2022 07:56:18 +0000 https://republika.mk/?p=476418

Воениот сојуз на Србија денеска соопшти дека, според официјално достапните податоци на Министерството за одбрана, од почетокот на 2022 година српската војска ја напуштиле 47 офицери и 24 подофицери, додека само 19 се примени во служба.

Особено загрижува фактот што повеќе од половина се офицери до чин мајор и што во оваа група има четворица претежно млади пилоти, велат од синдикатот.

Според нивните податоци, приливот на кадри „долго не може да го достигне одливот“, поради стекнување право на пензија и напуштање на службата на професионалните припадници на армијата, што е, како што наведоа, „поради целосен недостаток на совест и државна грижа“.

Од оваа година, потенцијалот за прилив на кадри во армијата е уште помал, бидејќи најмладиот кандидат кој имал обврска да служи воен рок е престар за да се пријави во воениот рок, како професионален војник, пишува во соопштението.

Тие оценија дека обуката што во моментов се спроведува со војниците на доброволно служење воен рок „повеќе наликува на обука за работа во комунално претпријатие“.

The post Србија: Од почетокот на годинава војската ја напуштиле 71 офицер appeared first on Република.

]]>

Воениот сојуз на Србија денеска соопшти дека, според официјално достапните податоци на Министерството за одбрана, од почетокот на 2022 година српската војска ја напуштиле 47 офицери и 24 подофицери, додека само 19 се примени во служба. Особено загрижува фактот што повеќе од половина се офицери до чин мајор и што во оваа група има четворица претежно млади пилоти, велат од синдикатот. Според нивните податоци, приливот на кадри „долго не може да го достигне одливот“, поради стекнување право на пензија и напуштање на службата на професионалните припадници на армијата, што е, како што наведоа, „поради целосен недостаток на совест и државна грижа“. Од оваа година, потенцијалот за прилив на кадри во армијата е уште помал, бидејќи најмладиот кандидат кој имал обврска да служи воен рок е престар за да се пријави во воениот рок, како професионален војник, пишува во соопштението. Тие оценија дека обуката што во моментов се спроведува со војниците на доброволно служење воен рок „повеќе наликува на обука за работа во комунално претпријатие“.

The post Србија: Од почетокот на годинава војската ја напуштиле 71 офицер appeared first on Република.

]]>