odzemeni Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/odzemeni/ За подобро да се разбереме Mon, 18 Dec 2023 08:24:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png odzemeni Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/odzemeni/ 32 32 По шокантниот документарец за Жерар Депардје каде што тој навредливо коментира за жените, одземени му се признанијата https://arhiva3.republika.mk/scena/film/po-shokantniot-dokumentarets-za-zherar-depardje-kade-shto-toj-navredlivo-komentira-za-zhenite-odzemeni-mu-se-priznanijata/ Mon, 18 Dec 2023 12:12:38 +0000 https://republika.mk/?p=724179

Некогаш славниот француски актер Жерар Депардје, кој беше обвинет за силување пред три години, остана без признание од Белгија и канадската држава Квебек поради шокантен документарец кој изобилува со неговите мизогински коментари, поради кои може да остане и без орденот на Легијата на честа.

Депардје во саботата потврди, преку неговите адвокати, дека ја ставил на располагање високата француска награда на министерката за култура Рима Абдул Малек, која најави дисциплинска постапка против поранешната филмска ѕвезда поради навредливи коментари за жените.

Во петокот, францускиата министерка ги нарече „одвратни“ коментарите на актерот во телевизиски прилог за неговото патување во Северна Кореја во 2018 година. Во филмот прикажан на почетокот на декември, Депардје ги навредува жените нарекувајќи ги со погрдни имиња и не штеди ни мало девојче со своите непристојни коментари.

Жерар Депардје, кој во 1996 година беше одликуван со Легијата на честа од тогашниот француски претседател Жак Ширак, веќе ја загуби титулата почесен граѓанин на белгиската општина Естаимпуи, која беше негова привремена резиденција. Во средата го загуби и признавањето на Националниот ред на Квебек.

Депардје веќе е под истрага поради обвинение за силување поднесено во 2020 година, а во септември беше поднесено ново обвинение за сексуален напад против поранешниот водечки француски филмски актер, поврзано со настани во 2007 година. Неколку жени го обвинија наградуваниот актер, кој се појави во повеќе од 200 филмови, за сексуално вознемирување. Депардје целосно ги отфрла сите обвинувања.

The post По шокантниот документарец за Жерар Депардје каде што тој навредливо коментира за жените, одземени му се признанијата appeared first on Република.

]]>

Некогаш славниот француски актер Жерар Депардје, кој беше обвинет за силување пред три години, остана без признание од Белгија и канадската држава Квебек поради шокантен документарец кој изобилува со неговите мизогински коментари, поради кои може да остане и без орденот на Легијата на честа. Депардје во саботата потврди, преку неговите адвокати, дека ја ставил на располагање високата француска награда на министерката за култура Рима Абдул Малек, која најави дисциплинска постапка против поранешната филмска ѕвезда поради навредливи коментари за жените. Во петокот, францускиата министерка ги нарече „одвратни“ коментарите на актерот во телевизиски прилог за неговото патување во Северна Кореја во 2018 година. Во филмот прикажан на почетокот на декември, Депардје ги навредува жените нарекувајќи ги со погрдни имиња и не штеди ни мало девојче со своите непристојни коментари. Жерар Депардје, кој во 1996 година беше одликуван со Легијата на честа од тогашниот француски претседател Жак Ширак, веќе ја загуби титулата почесен граѓанин на белгиската општина Естаимпуи, која беше негова привремена резиденција. Во средата го загуби и признавањето на Националниот ред на Квебек. Депардје веќе е под истрага поради обвинение за силување поднесено во 2020 година, а во септември беше поднесено ново обвинение за сексуален напад против поранешниот водечки француски филмски актер, поврзано со настани во 2007 година. Неколку жени го обвинија наградуваниот актер, кој се појави во повеќе од 200 филмови, за сексуално вознемирување. Депардје целосно ги отфрла сите обвинувања.  

The post По шокантниот документарец за Жерар Депардје каде што тој навредливо коментира за жените, одземени му се признанијата appeared first on Република.

]]>
Се раскинуваат договорите за концесија за седум мали хидроцентрали во НП Шар Планина https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/se-raskinuvaat-dogovorite-za-koncesija-za-sedum-mali-hidrocentrali-vo-np-shar-planina/ Tue, 04 Oct 2022 13:16:15 +0000 https://republika.mk/?p=557266

На иницијатива на министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини денеска на владина седница беше усвоена информацијата во врска со статусот на договорите за концесија на малите хидроелектрични централи лоцирани во зоните на строга заштита и на активно управување на Национален парк Шар Планина. Со информацијата се опфатени шест мали хидроелектрични централи, кои нема да се реализираат, информира Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП).

Опфатени се шест мали хидроелектрични централи лоцирани во зоните на строга заштита и на активно управување во Националниот парк Шар Планина, кои нема да се реализираат. Се работи за МХЕ Љуботенска бр.66, МХЕ Љуботенска бр.67, Беловишка бр.107, Пена бр.82, МХЕЦ Лешочка 100 и Лешочка 101, се вели во соопштението.

Со посебна информација, како што информира Министерството, доставен е и предлог за спогодбено раскинување на Договорот за концесија за МХЕЦ Шеличе со реф.бр. 91, лоцирана на подрачјето на НП Шар Планина, во зоната на одржливо користење, при што е постигната согласност на Концесионерот да му се врати уплатениот концесиски надоместок.

The post Се раскинуваат договорите за концесија за седум мали хидроцентрали во НП Шар Планина appeared first on Република.

Во Охридското Езеро одземени 17 рибарски мрежи со околу 680 парчиња рибен улов https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/vo-ohridskoto-ezero-odzemeni-17-ribarski-mrezi-so-okolu-680-parchinja-riben-ulov/ Sat, 30 Jul 2022 17:11:58 +0000 https://republika.mk/?p=535149

Во Охридското Езеро се пронајдени и одземени 17 рибарски мрежи со околу 680 парчиња рибен улов, при зајакнати мерки и активности што ги спровела вчера полицијата од сливот на река Сатеска до село Радожда, струшко.

-На 29.07.2022 во периодот од 01:00 до 15:00 часот од страна на полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“ преземени се зајакнати мерки и активности во водите на Охридското Езеро, од сливот на реката Сатеска до с.Радожда, струшко, при што биле пронајдени и одземени 17 рибарски мрежи, со вкупна должина од 3.400 метри и улов од 667 парчиња охридска белвица со вкупна тежина од 66 килограми и 12 парчиња охридска пастрмка, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.

Како што информираат, констатиран е и прекршок по членовите 23 и 25 од Законот за внатрешна пловидба, односно управување на скутер за време на забрана, и по чл.68 – за непоседување на пловидбена дозвола и уверение за управување на пловен објект за време на контролата и против сторителот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

The post Во Охридското Езеро одземени 17 рибарски мрежи со околу 680 парчиња рибен улов appeared first on Република.

]]>

Во Охридското Езеро се пронајдени и одземени 17 рибарски мрежи со околу 680 парчиња рибен улов, при зајакнати мерки и активности што ги спровела вчера полицијата од сливот на река Сатеска до село Радожда, струшко. -На 29.07.2022 во периодот од 01:00 до 15:00 часот од страна на полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“ преземени се зајакнати мерки и активности во водите на Охридското Езеро, од сливот на реката Сатеска до с.Радожда, струшко, при што биле пронајдени и одземени 17 рибарски мрежи, со вкупна должина од 3.400 метри и улов од 667 парчиња охридска белвица со вкупна тежина од 66 килограми и 12 парчиња охридска пастрмка, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи. Како што информираат, констатиран е и прекршок по членовите 23 и 25 од Законот за внатрешна пловидба, односно управување на скутер за време на забрана, и по чл.68 – за непоседување на пловидбена дозвола и уверение за управување на пловен објект за време на контролата и против сторителот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

The post Во Охридското Езеро одземени 17 рибарски мрежи со околу 680 парчиња рибен улов appeared first on Република.

]]>