одржување Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/odrzuvanje/ За подобро да се разбереме Tue, 02 Jul 2024 09:46:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png одржување Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/odrzuvanje/ 32 32 Четири видови овошје кои помагаат во борбата против вишокот килограми https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/chetiri-vidovi-ovoshje-koi-pomagaat-vo-borbata-protiv-vishokot-kilogrami/ Tue, 02 Jul 2024 09:46:14 +0000 https://republika.mk/?p=792693

Некои овошја се богати со хранливи материи кои промовираат слабеење и можат да помогнат да се ослободите од насобраните килограми.

Сите знаеме дека овошјето и зеленчукот се богати со важни хранливи материи и треба да бидат дел од нашата секојдневна исхрана, а со тоа се согласуваат и нутриционистите. Луѓето кои се на диета често го избегнуваат овошјето затоа што содржи шеќер, но добрата вест е дека постојат некои видови на овошје кои всушност можат да помогнат при губење на тежината.

Од боровинки до јагоди, во продолжение ви откриваме четири типа овошје што треба што почесто да ги има во нашата чинија бидејќи се извор на одлични хранливи материи и истовремено спречуваат дебелеење.

Боровинки

Научниците открија дека боровинките се одличен извор на антиоксиданси наречени флавоноиди кои можат да спречат зголемување на телесната тежина. Не е целосно разбрано како точно флавоноидите спречуваат зголемување на телесната тежина, но консумирањето храна богата со флавоноиди ни помага да се чувствуваме посити и да избегнуваме друга помалку здрава храна која може да доведе до зголемување на телесната тежина, истакнаа експертите. Како што откри д-р Кери Петерсон, боровинките се богати со растителни влакна, па затоа се многу заситувачки и се меѓу најздравите овошја за јадење, па дефинитивно треба да ги вклучиме во исхраната.

Јаболка

Добро позната поговорка вели: „Со едно јаболко на ден си подалеку од посета на лекар“. Покрај доброто здравје, дополнителен бонус е тоа што јаболкото може да ни помогне и да останеме фит. Јаболката се богати со флавоноидни полимери, а исто така се преполни со влакна, што ги прави едно од најздравите плодови за слабеење. Најдобро е да ги јадете нелупени бидејќи лушпата содржи најмногу влакна и антиоксиданси. Тие помагаат и во контрола на шеќерот во крвта, што ја намалува желбата за храна и прејадување и ризикот од развој на дијабетес.

Круши

Крушите исто така можат да спречат зголемување на телесната тежина бидејќи се богати со флавоноидни полимери и влакна. Овошјето кое содржи влакна е одличен избор за луѓето кои имаат проблеми со вишокот килограми, бидејќи влакната не заситуваат и создаваат чувство на ситост.

Јагоди

Јагодите помагаат во одржување на тежината од истата причина како и боровинките: тие се богати со антиоксиданси. Експертите препорачуваат една шолја јагоди дневно, а најдобро е да ги консумирате за појадок или како ужина, со јогурт со малку маснотии или овесна каша.

 

The post Четири видови овошје кои помагаат во борбата против вишокот килограми appeared first on Република.

]]>

Некои овошја се богати со хранливи материи кои промовираат слабеење и можат да помогнат да се ослободите од насобраните килограми. Сите знаеме дека овошјето и зеленчукот се богати со важни хранливи материи и треба да бидат дел од нашата секојдневна исхрана, а со тоа се согласуваат и нутриционистите. Луѓето кои се на диета често го избегнуваат овошјето затоа што содржи шеќер, но добрата вест е дека постојат некои видови на овошје кои всушност можат да помогнат при губење на тежината. Од боровинки до јагоди, во продолжение ви откриваме четири типа овошје што треба што почесто да ги има во нашата чинија бидејќи се извор на одлични хранливи материи и истовремено спречуваат дебелеење. Боровинки Научниците открија дека боровинките се одличен извор на антиоксиданси наречени флавоноиди кои можат да спречат зголемување на телесната тежина. Не е целосно разбрано како точно флавоноидите спречуваат зголемување на телесната тежина, но консумирањето храна богата со флавоноиди ни помага да се чувствуваме посити и да избегнуваме друга помалку здрава храна која може да доведе до зголемување на телесната тежина, истакнаа експертите. Како што откри д-р Кери Петерсон, боровинките се богати со растителни влакна, па затоа се многу заситувачки и се меѓу најздравите овошја за јадење, па дефинитивно треба да ги вклучиме во исхраната. Јаболка Добро позната поговорка вели: „Со едно јаболко на ден си подалеку од посета на лекар“. Покрај доброто здравје, дополнителен бонус е тоа што јаболкото може да ни помогне и да останеме фит. Јаболката се богати со флавоноидни полимери, а исто така се преполни со влакна, што ги прави едно од најздравите плодови за слабеење. Најдобро е да ги јадете нелупени бидејќи лушпата содржи најмногу влакна и антиоксиданси. Тие помагаат и во контрола на шеќерот во крвта, што ја намалува желбата за храна и прејадување и ризикот од развој на дијабетес. Круши Крушите исто така можат да спречат зголемување на телесната тежина бидејќи се богати со флавоноидни полимери и влакна. Овошјето кое содржи влакна е одличен избор за луѓето кои имаат проблеми со вишокот килограми, бидејќи влакната не заситуваат и создаваат чувство на ситост. Јагоди Јагодите помагаат во одржување на тежината од истата причина како и боровинките: тие се богати со антиоксиданси. Експертите препорачуваат една шолја јагоди дневно, а најдобро е да ги консумирате за појадок или како ужина, со јогурт со малку маснотии или овесна каша.  

The post Четири видови овошје кои помагаат во борбата против вишокот килограми appeared first on Република.

]]>
Кој од власта дозволил фирма со фалсификуванa лиценца да издава лажни сертификати за безбедност лифтови на државни институции? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/koj-od-vlasta-dozvolil-firma-so-falsifikuvana-licenca-da-izdava-lazni-sertifikati-za-bezbednost-liftovi-na-drzavni-institucii/ Thu, 17 Mar 2022 08:24:09 +0000 https://republika.mk/?p=474075

Кој од власта дозволил фирма со фалсификуванa лиценца да издава лажни сертификати за безбедност на лифтови на државни институции, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Над 90 тендери добила фирма за лифтови, која имала сертификати за безбедност кои биле фалсификат.

 

Фирма од Скопје издавала лажни сертификати за исполнување на ИСО стандарди на фирма за лифтови, која добила над 90 тендери на државни институции во период од 2017 до 2021 година.

 

Како властите дозволиле оваа фирма за лажно сертифицирање да работи 4 години и да издава сертификати?

 

За што уште издавала сертификати оваа фирма и кој се е оштетен?

 

Дали се пуштани цели процеси на производство во функција со лажни сертификати?

 

Како институциите каде биле прикажувани сертификатите не ги провериле истите? И зошто ниту една институција не го пријавила случајот?

 

Дали зад целиот случај стои врвот на власта и дали тоа е причината што 4 години се издавале лажни сертификати за безбедност на лифтови во државни институции? - се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

https://republika.mk/vesti/makedonija/nepostoechka-firma-za-liftovi-dobila-okolu-90-tenderi-vo-javni-institucii/

The post Кој од власта дозволил фирма со фалсификуванa лиценца да издава лажни сертификати за безбедност лифтови на државни институции? appeared first on Република.

]]>

Кој од власта дозволил фирма со фалсификуванa лиценца да издава лажни сертификати за безбедност на лифтови на државни институции, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Над 90 тендери добила фирма за лифтови, која имала сертификати за безбедност кои биле фалсификат.   Фирма од Скопје издавала лажни сертификати за исполнување на ИСО стандарди на фирма за лифтови, која добила над 90 тендери на државни институции во период од 2017 до 2021 година.   Како властите дозволиле оваа фирма за лажно сертифицирање да работи 4 години и да издава сертификати?   За што уште издавала сертификати оваа фирма и кој се е оштетен?   Дали се пуштани цели процеси на производство во функција со лажни сертификати?   Како институциите каде биле прикажувани сертификатите не ги провериле истите? И зошто ниту една институција не го пријавила случајот?   Дали зад целиот случај стои врвот на власта и дали тоа е причината што 4 години се издавале лажни сертификати за безбедност на лифтови во државни институции? - се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
https://republika.mk/vesti/makedonija/nepostoechka-firma-za-liftovi-dobila-okolu-90-tenderi-vo-javni-institucii/

The post Кој од власта дозволил фирма со фалсификуванa лиценца да издава лажни сертификати за безбедност лифтови на државни институции? appeared first on Република.

]]>