одрони на патот Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/odroni-na-patot/ За подобро да се разбереме Sat, 05 Feb 2022 16:07:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png одрони на патот Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/odroni-na-patot/ 32 32 Уште стои одронот на автопатот Миладиновци – Штип, се бара фирма што ќе го отстрани квалитетно https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/ushte-stoi-odronot-na-avtopatot-miladinovci-shtip-se-bara-firma-shto-kje-go-otstrani-kvalitetno/ Sat, 05 Feb 2022 16:07:21 +0000 https://republika.mk/?p=454547

Јавното претпријатие за државни патишта спроведува јавна набавка за избор на компанија која ќе изврши санација на одроните од карпи на автопатот Миладиновци – Штип и по нејзиното завршување до средината на месецов, ќе се реализираат градежните работи.

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски информираше дека на расчистување се чекало подолг период за да се обезбеди соодветно заштита на локациите и да се спречи повторување на свлечиштата.

Не смееме да пристапиме кон брзо решение што може да биде штетно и да предизвика поголем одрон од косините на автопатот. Стручни лица и професори од Градежниот факултет направија увид и испитувања на состојбата на терен. Патот е прооден само по едната коловозна лента, но сакаме она што ќе биде санирано да биде темелно завршено и да не се повторуваат слични одрони на овие позиции, истакна министерот Бочварски.

Одронот од карпи на автопатот кон источниот регион на државата се случи по обилните врнежи од дожд на почетокот на декември минатата година. Поголеми карпи прекрија половина од коловозот од правецот на Штип, на 10 километри пред Миладиновци, поради што сообраќајот се пренасочува на една коловозна лента во должина од 150 метри.

The post Уште стои одронот на автопатот Миладиновци – Штип, се бара фирма што ќе го отстрани квалитетно appeared first on Република.

]]>

Јавното претпријатие за државни патишта спроведува јавна набавка за избор на компанија која ќе изврши санација на одроните од карпи на автопатот Миладиновци – Штип и по нејзиното завршување до средината на месецов, ќе се реализираат градежните работи. Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски информираше дека на расчистување се чекало подолг период за да се обезбеди соодветно заштита на локациите и да се спречи повторување на свлечиштата.