одмори Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/odmori/ За подобро да се разбереме Wed, 07 Aug 2024 12:48:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png одмори Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/odmori/ 32 32 Нема колективен одмор за Владата: Мицкоски некој ден во Црна Гора, Николоски за викенди во Охрид… https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nema-kolektiven-odmor-za-vladata-mitskoski-nekoj-den-vo-tsrna-gora-nikoloski-za-vikendi-vo-ohrid/ Wed, 07 Aug 2024 12:48:47 +0000 https://republika.mk/?p=804238

Владата нема да оди на колективен одмор туку министрите ќе користат парцијално годишен одмор, пренесува „Вечер“.

Премиерот Христијан Мицкоски ова лето поголемиот дел останува работно ангажиран, и само кус период од 8 до 11-ти месецов ќе се приклучи на одморот на неговото семејство, сопругата Рози и двете деца, кои стандардно и веќе традиционално се во Црна Гора. Поради обврските со владата и работна координација, премиерот ќе искористи само дел од одморот, но, како што вели за „Вечер“ и тие неколку дена поминати со семејството се доволни и драгоцени за него.

Министерот за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски веќе го искористил својот одмор, додека министерката за финансии Гордана Димитриевска Кочовска ова лето одморот ќе го искористи во втората половина од август.

Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација најверојатно ќе замине на 2-3 дена до Црна Гора.

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски ќе искористи можност во слободни викенди да замине до Охрид од каде и потекнува.

Вицепремиерот и министер за етнички заедници Иван Стоилковиќ практично нема да има одмор, бидејќи, како што вели, се сели од град во село, и за тоа ќе го искористи одморот кој иако краток, ќе биде со работни прекини во два наврати.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски веќе требало да биде на одмор со семејството во Турција, но поради обврските се надева дека ќе успее да им се придружи барем на два-три дена.

Министерот за јавна администрација Горан Минчев сеуште нема испланирано и договорено летен одмор.

Вицепремиерот и министер за екологија Изет Меџити веќе користи неколку дена одмор во Грција, исто како и министерот за здравство Арбен Таравари.

Министрите кои доаѓаа од коалицијата Вреди, според информациите на весникот, во најголем дел ќе одат на неколкудневен одмор во Албанија или на турското крајбрежје.

The post Нема колективен одмор за Владата: Мицкоски некој ден во Црна Гора, Николоски за викенди во Охрид… appeared first on Република.

]]>

Владата нема да оди на колективен одмор туку министрите ќе користат парцијално годишен одмор, пренесува „Вечер“. Премиерот Христијан Мицкоски ова лето поголемиот дел останува работно ангажиран, и само кус период од 8 до 11-ти месецов ќе се приклучи на одморот на неговото семејство, сопругата Рози и двете деца, кои стандардно и веќе традиционално се во Црна Гора. Поради обврските со владата и работна координација, премиерот ќе искористи само дел од одморот, но, како што вели за „Вечер“ и тие неколку дена поминати со семејството се доволни и драгоцени за него. Министерот за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски веќе го искористил својот одмор, додека министерката за финансии Гордана Димитриевска Кочовска ова лето одморот ќе го искористи во втората половина од август. Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација најверојатно ќе замине на 2-3 дена до Црна Гора. Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски ќе искористи можност во слободни викенди да замине до Охрид од каде и потекнува. Вицепремиерот и министер за етнички заедници Иван Стоилковиќ практично нема да има одмор, бидејќи, како што вели, се сели од град во село, и за тоа ќе го искористи одморот кој иако краток, ќе биде со работни прекини во два наврати. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски веќе требало да биде на одмор со семејството во Турција, но поради обврските се надева дека ќе успее да им се придружи барем на два-три дена. Министерот за јавна администрација Горан Минчев сеуште нема испланирано и договорено летен одмор. Вицепремиерот и министер за екологија Изет Меџити веќе користи неколку дена одмор во Грција, исто како и министерот за здравство Арбен Таравари. Министрите кои доаѓаа од коалицијата Вреди, според информациите на весникот, во најголем дел ќе одат на неколкудневен одмор во Албанија или на турското крајбрежје.

The post Нема колективен одмор за Владата: Мицкоски некој ден во Црна Гора, Николоски за викенди во Охрид… appeared first on Република.

]]>
Летните одмори сезонава поскапи за 20-30% https://arhiva3.republika.mk/zivot/patuvanja/letnite-odmori-sezonava-poskapi-za-20-30/ Thu, 16 Jun 2022 17:28:55 +0000 https://republika.mk/?p=516065

Летните одмори сеознава ќе ве чинат околу 20 – 30% поскапо, зависно од дестинацијата за која ќе се одлучите и стилот на одмор.

По корона пандемијата и тековната воената состојба на Истокот од Европа, ценовниот шок со кој се соочува светот несомнено ќе се одрази и на цената на годишниот одмор, а и од туристичките агенции потврдуваат дека цената на аранжманите е поскапена.

Оние кои планираат да заминат на море, без оглед дали ќе патуваат преку туристичка агенција или во сопствена орагизација, ќе се соочат со поскапувања.

Поскапите горива ги поскапеа и авио-билетите. Доколку патувате со автомобил или автобус, секако ќе имате зголемен трошок за патување.

Од туристичките агенции велат дека голем е интересот за Албанија, Турција и Египет.

За во Албанија сезонава поскапувањата на услугите за сместување, храна, забава и слично, се очекува да бидат до 20%.

И понудите за Турција и Египед, во екот на летната сезона, се поскапени во однос на минатата година.

Во Будва, поскапо ќе поминете за 10-30%.

Во Грција, на повеќето плажи, од сезонава, ќе имате и дополнителен трошок , за wi-fi мрежа за Интернет.

The post Летните одмори сезонава поскапи за 20-30% appeared first on Република.

]]>

Летните одмори сеознава ќе ве чинат околу 20 – 30% поскапо, зависно од дестинацијата за која ќе се одлучите и стилот на одмор. По корона пандемијата и тековната воената состојба на Истокот од Европа, ценовниот шок со кој се соочува светот несомнено ќе се одрази и на цената на годишниот одмор, а и од туристичките агенции потврдуваат дека цената на аранжманите е поскапена.
Оние кои планираат да заминат на море, без оглед дали ќе патуваат преку туристичка агенција или во сопствена орагизација, ќе се соочат со поскапувања. Поскапите горива ги поскапеа и авио-билетите. Доколку патувате со автомобил или автобус, секако ќе имате зголемен трошок за патување. Од туристичките агенции велат дека голем е интересот за Албанија, Турција и Египет. За во Албанија сезонава поскапувањата на услугите за сместување, храна, забава и слично, се очекува да бидат до 20%. И понудите за Турција и Египед, во екот на летната сезона, се поскапени во однос на минатата година. Во Будва, поскапо ќе поминете за 10-30%. Во Грција, на повеќето плажи, од сезонава, ќе имате и дополнителен трошок , за wi-fi мрежа за Интернет.

The post Летните одмори сезонава поскапи за 20-30% appeared first on Република.

]]>