одмор Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/odmor/ За подобро да се разбереме Wed, 21 Aug 2024 08:10:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png одмор Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/odmor/ 32 32 Пониски цени, помала гужва – само дел од причините да се летува во септември https://arhiva3.republika.mk/zivot/patuvanja/poniski-tseni-pomala-guzhva-samo-del-od-prichinite-da-se-letuva-vo-septemvri/ Wed, 21 Aug 2024 08:10:10 +0000 https://republika.mk/?p=808534

Имаме долго и жешко лето, па годинава без страв може да резервирате летен аранжман и во септември. Постојат многу причини зошто, а сајтот посветен на грчките туристички места „Никана.гр“, споделува само дел од нив.

Она што е најбитно е што цените се вонсезонски, па со помалку пари може да летувате во подобро сместување или, пак, да уплатите повеќе денови. Изборот на сместувачки единици е поголем, па неретко може да пронајдете и доста поволен смештај, а со поглед на море или пак во близина на плажата.

https://republika.mk/zivot/patuvanja/pet-grchki-ostrovi-idealni-za-odmor-vo-septemvri/

Температурите сè уште се летни, но со малку посвежи утра и ноќи, што за многумина е идеална комбинација. Ова значи дека покрај посетата на плажа, може да имате различни спортски активности или пак да посетите дел од археолошките локалитети или атракции во близина. Температурите на морето, пак, се уште високи, па може да уживате во капењето како во сред сезона.

Гужвите на популарните плажи се непостоечки, па може да ја доживеете нивната убавина во целост. И лежалките се поевтини, а не мора да му ја мислите ни за паркинг.

https://republika.mk/zivot/patuvanja/so-najtoplo-more-i-najniski-tseni-ova-e-najdobro-mesto-za-odmor-vo-septemvri-vo-grtsija/

Затоа што има помалку туристи, и самата услуга во рестораните е подобра. Често угостителите ги спуштаат сезонаските цени, па може да јадете убаво, а поевтино. И продавничињата знаат да ги спуштат цените на сувенирите.

 

The post Пониски цени, помала гужва – само дел од причините да се летува во септември appeared first on Република.

]]>

Имаме долго и жешко лето, па годинава без страв може да резервирате летен аранжман и во септември. Постојат многу причини зошто, а сајтот посветен на грчките туристички места „Никана.гр“, споделува само дел од нив. Она што е најбитно е што цените се вонсезонски, па со помалку пари може да летувате во подобро сместување или, пак, да уплатите повеќе денови. Изборот на сместувачки единици е поголем, па неретко може да пронајдете и доста поволен смештај, а со поглед на море или пак во близина на плажата. https://republika.mk/zivot/patuvanja/pet-grchki-ostrovi-idealni-za-odmor-vo-septemvri/ Температурите сè уште се летни, но со малку посвежи утра и ноќи, што за многумина е идеална комбинација. Ова значи дека покрај посетата на плажа, може да имате различни спортски активности или пак да посетите дел од археолошките локалитети или атракции во близина. Температурите на морето, пак, се уште високи, па може да уживате во капењето како во сред сезона. Гужвите на популарните плажи се непостоечки, па може да ја доживеете нивната убавина во целост. И лежалките се поевтини, а не мора да му ја мислите ни за паркинг. https://republika.mk/zivot/patuvanja/so-najtoplo-more-i-najniski-tseni-ova-e-najdobro-mesto-za-odmor-vo-septemvri-vo-grtsija/ Затоа што има помалку туристи, и самата услуга во рестораните е подобра. Често угостителите ги спуштаат сезонаските цени, па може да јадете убаво, а поевтино. И продавничињата знаат да ги спуштат цените на сувенирите.  

The post Пониски цени, помала гужва – само дел од причините да се летува во септември appeared first on Република.

]]>
Собранието до 2 септември ќе заседава само за итни потреби, пратениците од утре на одмор https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sobranieto-do-2-septemvri-ke-zasedava-samo-za-itni-potrebi-pratenitsite-od-utre-na-odmor/ Wed, 14 Aug 2024 09:28:50 +0000 https://republika.mk/?p=806407

Од утре до 2 септември пратениците официјално ќе го користат годишниот одмор, кој годинава е со задоцнување поради ребалансот на Буџетот. Вообичаено пратениците секоја година се на одмор од 1 август до почетокот на септември.

Пратениците ќе бидат на одмор од 15 август до 2 септември, но бидејќи Собранието е во постојано заседание не се исклучува можноста да се свикаат седници на работните тела или пленарна седница доколку се работи за некој итен случај, велат за МИА од Кабинетот на претседателот на Собранието Африм Гаши.

Од почетокот на работата на овој параламентерен состав на 28 мај се одржани десетина седници, а последната беше вчера кога беа донесени измените на Законот за здравствена заштита и се укинаа економските директори.

The post Собранието до 2 септември ќе заседава само за итни потреби, пратениците од утре на одмор appeared first on Република.

]]>

Од утре до 2 септември пратениците официјално ќе го користат годишниот одмор, кој годинава е со задоцнување поради ребалансот на Буџетот. Вообичаено пратениците секоја година се на одмор од 1 август до почетокот на септември.
Пратениците ќе бидат на одмор од 15 август до 2 септември, но бидејќи Собранието е во постојано заседание не се исклучува можноста да се свикаат седници на работните тела или пленарна седница доколку се работи за некој итен случај, велат за МИА од Кабинетот на претседателот на Собранието Африм Гаши.
Од почетокот на работата на овој параламентерен состав на 28 мај се одржани десетина седници, а последната беше вчера кога беа донесени измените на Законот за здравствена заштита и се укинаа економските директори.

The post Собранието до 2 септември ќе заседава само за итни потреби, пратениците од утре на одмор appeared first on Република.

]]>
Ги има и такви: Хороскопски знаци што не сакаат да одат на одмор https://arhiva3.republika.mk/zivot/astro/gi-ima-i-takvi-horoskopski-znatsi-shto-ne-sakaat-da-odat-na-odmor/ Tue, 02 Jul 2024 11:14:58 +0000 https://republika.mk/?p=792740

Повеќето луѓе едвај чекаат да се тргнат од секојдневните обврски и да уживаат во безгрижноста на годишниот одмор, но има и такви кои не можат целосно да го исклучат мозокот и да престанат да размислуваат за работа.

Овие хороскопски знаци се вистински работници, посветени на својата работа до тој степен што ниту сонцето, морето и песокот не можат да ги одвлечат од работните задачи.

Јарец

Јарците се познати по својата неверојатна работна етика и посветеност на работата. Тешко им е да се опуштат, дури и кога се на одмор, бидејќи нивните мисли секогаш се насочени кон постигнување на целите и напредок во кариерата. Тие веруваат дека клучот за успехот е постојан напор и постојано подобрување.

Тие се природни лидери и стратези, кои секогаш го планираат следниот чекор. На одмор, додека другите уживаат во коктели и сончање, Јарците размислуваат за деловни проекти, рокови и како да ги подобрат своите вештини. Нивната амбициозна природа не им дозволува целосно да се исклучат затоа што се плашат дека би можеле да пропуштат важна шанса или да изгубат чекор со конкуренцијата.

И додека пријателите се обидуваат да ги убедат да се опуштат, Јарците секогаш гледаат во далечината, замислувајќи нови деловни победи.

Девица

Девиците се аналитичари и се стремат кон совршенство. Тешко им е да се опуштат бидејќи постојано размислуваат за сите детали од работата што треба да се заврши. Девиците се неверојатно посветени на својата работа и секогаш бараат начини да ги подобрат своите перформанси и ефикасност. Луѓето родени во овој знак не можат целосно да го „исклучат“ мозокот кога се на одмор.

Нивните умови се зафатени со размислување за деловни задачи, анализа на податоци и планирање на идни проекти. Нивната предност за организација и ред ги прави неспособни да се предадат на хаосот на релаксација. Тие веруваат дека секогаш има нешто што може да се подобри, па дури и на одмор размислуваат како да ги оптимизираат работните процеси и да бидат уште попродуктивни кога ќе се вратат на работа.

The post Ги има и такви: Хороскопски знаци што не сакаат да одат на одмор appeared first on Република.

]]>

Повеќето луѓе едвај чекаат да се тргнат од секојдневните обврски и да уживаат во безгрижноста на годишниот одмор, но има и такви кои не можат целосно да го исклучат мозокот и да престанат да размислуваат за работа. Овие хороскопски знаци се вистински работници, посветени на својата работа до тој степен што ниту сонцето, морето и песокот не можат да ги одвлечат од работните задачи.

Јарец

Јарците се познати по својата неверојатна работна етика и посветеност на работата. Тешко им е да се опуштат, дури и кога се на одмор, бидејќи нивните мисли секогаш се насочени кон постигнување на целите и напредок во кариерата. Тие веруваат дека клучот за успехот е постојан напор и постојано подобрување. Тие се природни лидери и стратези, кои секогаш го планираат следниот чекор. На одмор, додека другите уживаат во коктели и сончање, Јарците размислуваат за деловни проекти, рокови и како да ги подобрат своите вештини. Нивната амбициозна природа не им дозволува целосно да се исклучат затоа што се плашат дека би можеле да пропуштат важна шанса или да изгубат чекор со конкуренцијата. И додека пријателите се обидуваат да ги убедат да се опуштат, Јарците секогаш гледаат во далечината, замислувајќи нови деловни победи.

Девица

Девиците се аналитичари и се стремат кон совршенство. Тешко им е да се опуштат бидејќи постојано размислуваат за сите детали од работата што треба да се заврши. Девиците се неверојатно посветени на својата работа и секогаш бараат начини да ги подобрат своите перформанси и ефикасност. Луѓето родени во овој знак не можат целосно да го „исклучат“ мозокот кога се на одмор. Нивните умови се зафатени со размислување за деловни задачи, анализа на податоци и планирање на идни проекти. Нивната предност за организација и ред ги прави неспособни да се предадат на хаосот на релаксација. Тие веруваат дека секогаш има нешто што може да се подобри, па дури и на одмор размислуваат како да ги оптимизираат работните процеси и да бидат уште попродуктивни кога ќе се вратат на работа.

The post Ги има и такви: Хороскопски знаци што не сакаат да одат на одмор appeared first on Република.

]]>
Не помислувајте со овие возила да тргнете на одмор во Грција: Земјата воведува нов закон за летување https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/ne-pomisluvajte-so-ovie-vozila-da-trgnete-na-odmor-vo-grtsija-zemjata-voveduva-nov-zakon-za-letuvane/ Tue, 14 May 2024 13:15:57 +0000 https://republika.mk/?p=777797

Во Грција стапи на сила нов закон кој се однесува на електрични, хибридни и други возила кои користат алтернативни горива како течен или природен гас кои користат фериботи или бродски услуги за време на патувањето.

Соопштението на Nikana.gr на социјалните мрежи и на веб-страницата Anek.gr ги известува возачите кои патуваат во Грција со автомобили и користат фериботи и бродови дека „стапи на сила нов закон на Министерството за поморство и крајбрежната стража и се однесува на електричен и хибридни возила, како и возила кои користат други алтернативни горива, како течен или природен гас“.

Кои услови треба да се исполнат за да се почитува законот?

Според новиот закон во Грција:

Од безбедносни причини, батериите на електричните и хибридните возила не смеат да се полнат повеќе од 40 проценти од вкупниот капацитет, со задолжителна контрола на температурата, а полнењето на акумулаторот на брод или траект е забрането

За автомобили кои користат течен или природен гас, законот налага резервоарите да не се полнат повеќе од 50 проценти од вкупниот капацитет

На возачите не им е јасно како ќе изгледа проверката

Заедно со објавата има коментари меѓу кои возачите напишале дека не разбираат како ќе функционира, додека поединци тврдат дека „оваа регулатива е многу оптоварена“.

Како ќе утврдат колку плин има во боцата…? На Тасос бензинот беше значително поскап отколку на копното, а тоа е причината… – вели возачот на автомобил на гас од Србија.

Сигурно пред да влезете на траектот, две колони ќе го мерат волуменот на плин и батерија – претпоставува читател од Србија.

The post Не помислувајте со овие возила да тргнете на одмор во Грција: Земјата воведува нов закон за летување appeared first on Република.

]]>

Во Грција стапи на сила нов закон кој се однесува на електрични, хибридни и други возила кои користат алтернативни горива како течен или природен гас кои користат фериботи или бродски услуги за време на патувањето. Соопштението на Nikana.gr на социјалните мрежи и на веб-страницата Anek.gr ги известува возачите кои патуваат во Грција со автомобили и користат фериботи и бродови дека „стапи на сила нов закон на Министерството за поморство и крајбрежната стража и се однесува на електричен и хибридни возила, како и возила кои користат други алтернативни горива, како течен или природен гас“. Кои услови треба да се исполнат за да се почитува законот? Според новиот закон во Грција: Од безбедносни причини, батериите на електричните и хибридните возила не смеат да се полнат повеќе од 40 проценти од вкупниот капацитет, со задолжителна контрола на температурата, а полнењето на акумулаторот на брод или траект е забрането За автомобили кои користат течен или природен гас, законот налага резервоарите да не се полнат повеќе од 50 проценти од вкупниот капацитет На возачите не им е јасно како ќе изгледа проверката Заедно со објавата има коментари меѓу кои возачите напишале дека не разбираат како ќе функционира, додека поединци тврдат дека „оваа регулатива е многу оптоварена“. Како ќе утврдат колку плин има во боцата…? На Тасос бензинот беше значително поскап отколку на копното, а тоа е причината… – вели возачот на автомобил на гас од Србија. Сигурно пред да влезете на траектот, две колони ќе го мерат волуменот на плин и батерија – претпоставува читател од Србија.

The post Не помислувајте со овие возила да тргнете на одмор во Грција: Земјата воведува нов закон за летување appeared first on Република.

]]>
Еден милион туристи од Македонија ја посетиле Грција во 2023-та година! https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/eden-milion-turisti-od-makedonija-ja-posetile-grtsija-vo-2023-ta-godina/ Tue, 07 May 2024 19:21:39 +0000 https://republika.mk/?p=774951

Минатата година Грција ја посетиле 1.128.000 туристи од Македонија, бројка што е нешто помалку од двојно поголема споредбено со 2022 година, согласно податоците од Институтот на Асоцијацијата на грчки туристички бизниси (ИНСЕТЕ), јави дописничката на МИА од Атина.

Во истражувањето „Кој каде оди? Колку долго останува? Колку троши?“, ИНСЕТЕ ги анализира официјалните податоци на Банката на Грција за туризмот и туристите во земјата во 2023 година, а поконкретно се фокусира на секој од 13-те грчки региони.

Македонија и овој пат е меѓу првите 15 држави според бројот на туристи и останува без промени на 11-та позиција, иако драстично е зголемен бројот на посетители од нашата земја.

Првите 15 земји со најголем број посети и посетители на Грција се Германија, Велика Британија, Бугарија, Италија, Франција, САД, Романија, Холандија, Полска, Албанија,  Македонија, Турција, Австрија, Белгија и Србија.

Конкретно за Македонија, минатата година, за 46,5 отсто се зголемил бројот на посетители споредбено со една година претходно, односно имало 1.128.000 посетители во 2023 година, наспроти 770.000 во 2022 година.

Во однос на посетите од нашата земја, во 2023 имало 1.132.000 посети, а пред две години 771.000, додека пак мнозинството посети се во северниот дел на Грција.

Во однос на перифериите, што е и предмет на анализата, најпосетена е областа Атика, поширокиот регион на Атина, потоа се островите во јужниот дел на Егејското море, а на третата позиција е централниот дел од северна Грција – регионот во кој спаѓаат Солун и Халкидики, каде што посетителите од Македонија се меѓу првите три земји.

-На трето место е регионот централна Македонија со 6.566.000 посети, а мнозинството посети се од Бугарија (1.821.000). Потоа следат посети Македонија (1.079.000) и од Германија (917.000), пишува во анализата.

Сепак, иако Македонија е меѓу првите три земји по бројот на посети во конкретниот регион, сепак не е во топ трите држави според бројот на ноќевања и според направените трошоци за време на престојот.

The post Еден милион туристи од Македонија ја посетиле Грција во 2023-та година! appeared first on Република.

]]>

Минатата година Грција ја посетиле 1.128.000 туристи од Македонија, бројка што е нешто помалку од двојно поголема споредбено со 2022 година, согласно податоците од Институтот на Асоцијацијата на грчки туристички бизниси (ИНСЕТЕ), јави дописничката на МИА од Атина. Во истражувањето „Кој каде оди? Колку долго останува? Колку троши?“, ИНСЕТЕ ги анализира официјалните податоци на Банката на Грција за туризмот и туристите во земјата во 2023 година, а поконкретно се фокусира на секој од 13-те грчки региони. Македонија и овој пат е меѓу првите 15 држави според бројот на туристи и останува без промени на 11-та позиција, иако драстично е зголемен бројот на посетители од нашата земја. Првите 15 земји со најголем број посети и посетители на Грција се Германија, Велика Британија, Бугарија, Италија, Франција, САД, Романија, Холандија, Полска, Албанија,  Македонија, Турција, Австрија, Белгија и Србија. Конкретно за Македонија, минатата година, за 46,5 отсто се зголемил бројот на посетители споредбено со една година претходно, односно имало 1.128.000 посетители во 2023 година, наспроти 770.000 во 2022 година. Во однос на посетите од нашата земја, во 2023 имало 1.132.000 посети, а пред две години 771.000, додека пак мнозинството посети се во северниот дел на Грција. Во однос на перифериите, што е и предмет на анализата, најпосетена е областа Атика, поширокиот регион на Атина, потоа се островите во јужниот дел на Егејското море, а на третата позиција е централниот дел од северна Грција – регионот во кој спаѓаат Солун и Халкидики, каде што посетителите од Македонија се меѓу првите три земји. -На трето место е регионот централна Македонија со 6.566.000 посети, а мнозинството посети се од Бугарија (1.821.000). Потоа следат посети Македонија (1.079.000) и од Германија (917.000), пишува во анализата. Сепак, иако Македонија е меѓу првите три земји по бројот на посети во конкретниот регион, сепак не е во топ трите држави според бројот на ноќевања и според направените трошоци за време на престојот.

The post Еден милион туристи од Македонија ја посетиле Грција во 2023-та година! appeared first on Република.

]]>
Цените на аранжманите во Грција повисоки за 30 отсто оваа година https://arhiva3.republika.mk/zivot/patuvanja/tsenite-na-aranzhmanite-vo-grtsija-povisoki-za-30-otsto-ovaa-godina/ Thu, 22 Feb 2024 21:41:51 +0000 https://republika.mk/?p=747185

Оваа година Грција очекува рекордна бројка од 35 милиони туристи од целиот свет.

Како што е познато, светската економска клима не беше поволна за туристичкиот сектор. Инфлацијата остави белег на сè, вклучувајќи ги и трошоците за одмор.

Цените на туристичките аранжмани за Грција, според шефот на грчката управа за туризам Милтиадис Николау, годинава се за 20-30 отсто повисоки во споредба со претходните години. Сепак, интересот не стивнува, што говори за неспорниот квалитет и убавина што ги нуди оваа земја.

„За оние кои планираат патување на Халкидики, важно е да се напомене дека, според проценките, за едно четиричлено семејство дневните трошоци за живот ќе бидат околу 40 до 50 евра“, рече шефот на грчката управа за туризам Милтиадис Николау за B92.net.

Иако цените на пакетите се повисоки поради глобалната инфлација, очекувањата се големи и се укажува на уште една успешна туристичка сезона во Грција.

The post Цените на аранжманите во Грција повисоки за 30 отсто оваа година appeared first on Република.

]]>

Оваа година Грција очекува рекордна бројка од 35 милиони туристи од целиот свет. Како што е познато, светската економска клима не беше поволна за туристичкиот сектор. Инфлацијата остави белег на сè, вклучувајќи ги и трошоците за одмор. Цените на туристичките аранжмани за Грција, според шефот на грчката управа за туризам Милтиадис Николау, годинава се за 20-30 отсто повисоки во споредба со претходните години. Сепак, интересот не стивнува, што говори за неспорниот квалитет и убавина што ги нуди оваа земја.
„За оние кои планираат патување на Халкидики, важно е да се напомене дека, според проценките, за едно четиричлено семејство дневните трошоци за живот ќе бидат околу 40 до 50 евра“, рече шефот на грчката управа за туризам Милтиадис Николау за B92.net.
Иако цените на пакетите се повисоки поради глобалната инфлација, очекувањата се големи и се укажува на уште една успешна туристичка сезона во Грција.

The post Цените на аранжманите во Грција повисоки за 30 отсто оваа година appeared first on Република.

]]>
Поскапува одморот: Грција воведува нова такса за туристите https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/poskapuva-odmorot-grtsija-voveduva-nova-taksa-za-turistite/ Wed, 03 Jan 2024 12:17:43 +0000 https://republika.mk/?p=729307

Таксата за престој во туристичките објекти, од 1 јануари Грција ја замени со нова такса за отпорност на климатската криза во висина од 50 центи до 10 евра од ден, во зависност од видот на сместувањето и временскиот период од годината, јави дописничката на МИА од Атина.

Согласно министерската одлука што е објавена во „Службениот весник“ на Грција, таксата ќе ја плаќаат гостите на крајот од нивниот престој и се однесува на дневно користење по соба или стан, а ќе важи и за „Ербиенби“ сместувањето.

Во текот на туристичката сезона, односно во периодот од март до октомври, таксата е 1,50 евра за хотелите со една и две ѕвезди, за собите за изнајмување и за сместувањето преку „Ербиенби“.

За хотелите со три ѕвезди, таксата е 3 евра, за оние со четири ѕвезди се зголемува на 7 евра, а за хотелите со пет ѕвезди и за вилите е 10 евра.

Во периодот од ноември до февруари висината на таксата е пониска, почнува од половина евро за хотелите со една и две ѕвезди, за собите за изнајмување и за сместувањето преку Ербиенби, 1,50 за хотелите со три ѕвезди, три евра, за оние со четири ѕвезди и достигнува до 4 евра за хотелите со пет ѕвезди и за вилите.

Досега во Грција се плаќаше такса за престој, воведена во 2016 година, и беше меѓу 50 центи и 4 евра во зависност од туристичкиот објект.

The post Поскапува одморот: Грција воведува нова такса за туристите appeared first on Република.

]]>

Таксата за престој во туристичките објекти, од 1 јануари Грција ја замени со нова такса за отпорност на климатската криза во висина од 50 центи до 10 евра од ден, во зависност од видот на сместувањето и временскиот период од годината, јави дописничката на МИА од Атина. Согласно министерската одлука што е објавена во „Службениот весник“ на Грција, таксата ќе ја плаќаат гостите на крајот од нивниот престој и се однесува на дневно користење по соба или стан, а ќе важи и за „Ербиенби“ сместувањето. Во текот на туристичката сезона, односно во периодот од март до октомври, таксата е 1,50 евра за хотелите со една и две ѕвезди, за собите за изнајмување и за сместувањето преку „Ербиенби“. За хотелите со три ѕвезди, таксата е 3 евра, за оние со четири ѕвезди се зголемува на 7 евра, а за хотелите со пет ѕвезди и за вилите е 10 евра. Во периодот од ноември до февруари висината на таксата е пониска, почнува од половина евро за хотелите со една и две ѕвезди, за собите за изнајмување и за сместувањето преку Ербиенби, 1,50 за хотелите со три ѕвезди, три евра, за оние со четири ѕвезди и достигнува до 4 евра за хотелите со пет ѕвезди и за вилите. Досега во Грција се плаќаше такса за престој, воведена во 2016 година, и беше меѓу 50 центи и 4 евра во зависност од туристичкиот објект.

The post Поскапува одморот: Грција воведува нова такса за туристите appeared first on Република.

]]>
Џо Бајден над една третина од годината ја поминал на одмор https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/dho-bajden-nad-edna-tretina-od-godinata-ja-pominal-na-odmor/ Tue, 02 Jan 2024 08:39:00 +0000 https://republika.mk/?p=728863

Њујорк пост“ проценува дека американскиот претседател Џо Бајден, повеќе од една третина од минатата година ја поминал на одмор.

Според весникот, Бајден одморал 138 дена (37% од сите денови во годината). Неговото омилено место за одмор било неговата резиденција во државата Делавер.

Првиот човек на Белата куќа, исто така, поминувал време во Кемп Дејвид (Мериленд), на островот Сент Кроа (Американски Девствени Острови) во Карипското Море и на езерото Тахо (Невада).

За споредба, поранешниот американски претседател Доналд Трамп секоја година поминувал во просек 26% од своето време надвор од Белата куќа.

The post Џо Бајден над една третина од годината ја поминал на одмор appeared first on Република.

]]>

Њујорк пост“ проценува дека американскиот претседател Џо Бајден, повеќе од една третина од минатата година ја поминал на одмор. Според весникот, Бајден одморал 138 дена (37% од сите денови во годината). Неговото омилено место за одмор било неговата резиденција во државата Делавер. Првиот човек на Белата куќа, исто така, поминувал време во Кемп Дејвид (Мериленд), на островот Сент Кроа (Американски Девствени Острови) во Карипското Море и на езерото Тахо (Невада). За споредба, поранешниот американски претседател Доналд Трамп секоја година поминувал во просек 26% од своето време надвор од Белата куќа.

The post Џо Бајден над една третина од годината ја поминал на одмор appeared first on Република.

]]>
Поскапува одморот во Грција https://arhiva3.republika.mk/zivot/patuvanja/poskapuva-odmorot-vo-grtsija/ Thu, 21 Sep 2023 16:41:52 +0000 https://republika.mk/?p=683872

Грција планира значително да ја зголеми цената на таксата за престој за престој во приватно сместување и хотели, а парите од овие давачки ќе бидат насочени кон фонд за борба против последиците од климатските промени. Тоа всушност значи дека летувањето во Грција ќе биде поскапо следната сезона.

Според грчката телевизија ЕРТ, таксите ќе се движат од 1,5 до 10 евра по соба, во зависност од категоријата за сместување.

Премиерот на Грција, Киријакос Мицотакис изјави дека фондот за санација на елементарни непогоди ќе се зголеми на 600 милиони евра и поради оваа причина ќе се зголеми и данокот за престој.

Тој оцени дека Грција во текот на летото е погодена од најсериозните пожари и поплави во нејзината историја и дека поради климатските промени се соочува со војна во мирно време.

Нови и претходни цени на данок по сместувачка единица на ден:

1,5 евра на ден за приватни соби, студија и апартмани како и хотели со 1-2 ѕвезди (стара цена 0,5 евра)

3 евра по соба на ден за хотели со три ѕвезди (стара цена 1,5 евра)

7 евра по соба за хотели со четири ѕвезди (стара цена 3 евра)

10 евра по соба за хотели со пет ѕвезди (стара цена 4 евра)

Од зголемувањето на дневната туристичка такса ќе се обезбедат дополнителни 300 милиони евра“, рече Мицотакис.

Исто така, оние што ќе изнајмат повеќе од три објекти ќе имаат обврска да плаќаат ДДВ и данок на добивка.

 

The post Поскапува одморот во Грција appeared first on Република.

]]>

Грција планира значително да ја зголеми цената на таксата за престој за престој во приватно сместување и хотели, а парите од овие давачки ќе бидат насочени кон фонд за борба против последиците од климатските промени. Тоа всушност значи дека летувањето во Грција ќе биде поскапо следната сезона. Според грчката телевизија ЕРТ, таксите ќе се движат од 1,5 до 10 евра по соба, во зависност од категоријата за сместување. Премиерот на Грција, Киријакос Мицотакис изјави дека фондот за санација на елементарни непогоди ќе се зголеми на 600 милиони евра и поради оваа причина ќе се зголеми и данокот за престој. Тој оцени дека Грција во текот на летото е погодена од најсериозните пожари и поплави во нејзината историја и дека поради климатските промени се соочува со војна во мирно време. Нови и претходни цени на данок по сместувачка единица на ден: 1,5 евра на ден за приватни соби, студија и апартмани како и хотели со 1-2 ѕвезди (стара цена 0,5 евра) 3 евра по соба на ден за хотели со три ѕвезди (стара цена 1,5 евра) 7 евра по соба за хотели со четири ѕвезди (стара цена 3 евра) 10 евра по соба за хотели со пет ѕвезди (стара цена 4 евра) Од зголемувањето на дневната туристичка такса ќе се обезбедат дополнителни 300 милиони евра“, рече Мицотакис. Исто така, оние што ќе изнајмат повеќе од три објекти ќе имаат обврска да плаќаат ДДВ и данок на добивка.  

The post Поскапува одморот во Грција appeared first on Република.

]]>
Ќе работиме ли четири дена во неделата? https://arhiva3.republika.mk/zivot/kariera/ke-rabotime-li-chetiri-dena-vo-nedelata/ Tue, 05 Sep 2023 10:27:25 +0000 https://republika.mk/?p=678879

Голем меѓународен експеримент со четиридневна работна недела покажа дека таквиот концепт на работа им се исплати и на работодавачите и на вработените, така што огромното мнозинство на компании кои учествуваа во него одлучија да не се вратат на стариот систем.

Дополнително, се покажа дека вработените кои работеа според овој концепт во продолжението на експериментот, кој беше продолжен од шест месеци на една година, можеа успешно да ги завршат сите зададени задачи со дополнително намалување на работното време.

Колку подолго траеше експериментот, толку повеќе се скратуваше работното време

Со други зборови, колку подолго луѓето работеа на нови, поефикасни начини, толку нивните работни недели стануваа пократки.

По шест месеци работниците изјавиле дека се помалку исцрпени, дека нивното здравје е подобрено и дека се позадоволни од работата, а просечното работно време го намалиле за околу четири часа, на 34 часа неделно.

Оние кои продолжиле со истиот распоред за цели 12 месеци дополнително го намалиле работното време на околу 33 часа неделно, тврдат истражувачите. Во исто време, тие продолжија да известуваат за подобро ментално и физичко здравје и рамнотежа помеѓу работата и животот.

Ова го покажаа резултатите од експериментите спроведени во изминатите 18 месеци во САД, Канада, Велика Британија и Ирска, а го потврдија искуствата од Австралија и Нов Зеланд.

Различни компании од различни индустрии учествуваа во новите експерименти, од непрофитни организации до агенции за дизајн до производители.

100% задачи за четири дена за иста плата

Концептот на четиридневна работна недела во која вработените добиваат 100% плата за 80% од вообичаените часови додека одржуваат 100% продуктивност стана сè попопуларен ширум светот во последниве години.

Непрофитната организација 4 Day Week Global, која спроведува тестови на овој концепт и работи со владите за да им помогне да креираат соодветни политики, неодамна ја објави четвртата фаза од своето истражување, која се фокусираше на долгорочното влијание на овие експерименти.

Петдневната работна недела е стара конвенција

Звонимир Галиќ од Катедрата за психологија на Филозофскиот факултет во Загреб, ко-раководител на студијата за управување со човечки ресурси на Универзитетот во Загреб, смета дека четиридневната работна недела веројатно е иднината на работењето.

„Сегашната 40-часовна работна недела е општествена конвенција која е создадена пред речиси сто години во индустриската економија и прашање е колку е таа соодветна за сегашната ситуација“, вели Галиќ.

„На пример, интересно е да се забележи дека во западниот свет по Втората светска војна, продуктивноста се зголеми многукратно и дека бројот на работни часови остана повеќе или помалку константен и се движи околу 40 часа постигнати во петдневна работна недела. Дефинитивно не се остварија прогнозите на познатиот британски економист Џ.М.Кејнс, кој во 1930-тите веруваше дека силниот технолошки развој ќе доведе до скратување на работната недела на 15 часа, а остатокот ќе го искористиме за личен раст и развој. Сто години подоцна, четиридневната работна недела може да биде чекор во таа насока“, додава Галиќ.

Првото истражување подолго од половина година

Ова е прво истражување кое следело ваков систем на работа 12 месеци наместо шест месеци. Слични резултати даваа и претходно полугодишните анкети, но постоеше сомнеж дека позитивните ефекти се должат на тоа што се работи за новитет, дека со текот на времето може да исчезнат или да се намалат.

Истражувањето опфати повратни информации од 988 луѓе кои работеа во 41 компанија во САД и Канада кои се префрлија на четиридневна работна недела минатата година.

„Испитувањата се позитивни насекаде, со овој нов доказ кој помага да се отфрли загриженоста дека претходните успеси се резултат на новитет и не може да се одржат на долг рок“, пишуваат авторите во извештајот.

По 12 месеци дополнително го скратија работното време

Освен тоа, истражувањето утврди дека продолжувањето на работата според новиот систем резултирало со дополнително подобрување на физичката и менталната благосостојба на вработените и истовремено зголемување на продуктивноста.

„Резултатите по 12 месеци се исклучително позитивни и придонесуваат за градење силни докази кои ги покажуваат трајните позитивни ефекти од скратеното работно време“, велат во извештајот основачите на 4 Day Week Global, Шарлот Локхарт и Ендрју Барнс.

„Овие резултати покажуваат понатамошни позитивни трендови во деловните придобивки, придобивките за здравјето и благосостојбата, како и влијанијата врз животната средина обезбедуваат солидна основа за широко усвојување на четиридневната работна недела“, додаваат тие.

Истражувањето покажа дека првичните намалувања на исцрпеноста забележани по воведувањето на четиридневната работна недела во голема мера, се одржани по 12 месеци. Според самопроценките на тестираните, физичкото и менталното здравје продолжило да им се подобрува во текот на целата година.

Огромно мнозинство од вработените сакаат да продолжат да работат така

Од учесниците во студијата, 95% сакале да продолжат со новиот концепт, речиси 70% доживеале намалување на исцрпеноста, 40% чувствувале помалку стрес, а анксиозноста се намалила кај 39% од испитаниците.

Мерено на скала на проценка од еден до пет, каде пет е најдобар резултат, менталното здравје на учесниците во експериментот се зголеми од 2,92 пред почетокот на експериментот на 3,42 по една година, додека нивното физичко здравје се подобри од 3,05 на 3,41.

Имаше и голем пораст на продуктивноста.

Истражувањето покажа дека вработените кои се префрлаат на 4-дневна работна недела продолжуваат да работат поефикасно наместо да се обидуваат да брзаат и да ја збијат петдневната работа во четири дена.

Потврдени познати психолошки истражувања

Галиќ вели дека резултатите од истражувањето ги потврдуваат претходните психолошки истражувања.

„Што се однесува до задоволството, односно субјективната благосостојба, ситуацијата е релативно јасна. Покрај работата, сите ние имаме и други животни улоги, а нивната континуирана координација предизвикува стрес, а во полоши случаи, „прегорување“, што може да има долгорочни последици и врз здравјето и продуктивноста. Четиридневната работна недела ни помага подобро да ја балансираме работата и другите улоги, но и подобро да се одвоиме од работата за време на продолжениот викенд. Интересно е што истражувањата покажаа дека редовното психолошко одвојување од работата е навика на високопродуктивните луѓе бидејќи им овозможува подолгорочна мотивација и продуктивност, вели Галиќ.

„Во однос на продуктивноста, има една очигледна работа што би сакал да ја подвлечам - продуктивноста зависи од условите во кои работат луѓето и од нивната мотивација. Факторот во равенката што се менува при скратувањето на работната недела е мотивацијата на луѓето. Со други зборови, кога се позадоволни и помотивирани, луѓето завршуваат повеќе работа за помалку време. Претпоставката дека среќните работници се попродуктивни е јасно научно потврдена“, објаснува тој.

Задоволни се и повеќето компании

Посебно е интересно што компаниите кои учествуваа во истражувањето многу позитивно го оценија целокупното искуство, со просечна оценка од 8,7 од 10.

Некои од клучните придобивки беа подобрување на продуктивноста и квалитетот, привлекување нови вработени и намалување на заминувањето на старите.

Приходите на вклучените компании се зголемиле во просек за 15%, додека вработените за 32% помалку размислувале да ја напуштат својата работа.

Ниту една од вклучените компании не изрази намера да се врати на петдневната работна недела. Дури 89% од нив одлучиле дека дефинитивно ќе продолжат со концептот на четиридневна работна недела, а 11% најавиле дека многу веројатно ќе го направат тоа.

Пандемијата помогна во експериментирањето

Галиќ вели дека еден фактор кој секако влијаел на популарноста на овие промени кај работодавците е неодамнешната пандемија во која значителен дел од вработените работеа од дома.

„Во овие променети услови, дел од менаџментот сфати дека концептот на работно време е бесмислен на некои работни места и услови, па со право почнаа да се фокусираат на тоа колку работат луѓето. Покрај тоа, сите работодавци во западниот свет се занимаваат со проблемот со недостиг на работна сила, па се интересираа за иновации кои ги прават привлечни за работниците, односно повеќе се грижат за задоволството на работниците“, вели Галиќ.

Слични искуства во Австралија и Нов Зеланд

Овие резултати се совпаѓаат со искуствата на 19 австралиски и новозеландски компании кои учествуваа во експериментот во втората половина на 2022 година. Тој покажа дека вработените во компаниите кои усвоиле пократка работна недела биле позадоволни од својата работа, помалку исцрпени и помалку склони кон земање боледување и слободни денови.

Британскиот мултинационален Унилевер го продолжи своето четиридневно пробно тестирање на персоналот во Австралија по успешниот 18-месечен пилот проект во Нов Зеланд. Во експериментот во Нов Зеланд, кој траеше од декември 2020 година до јуни 2022 година, 80 вработени работеа четири дена во неделата со 100% од нивната плата, обврзувајќи се на 100% од нивниот работен напор.

Компанијата објави силни резултати во исполнувањето на деловните цели, додека отсуството од работа се намали за 34%, а анкетираниот персонал пријави 33% намалување на стресот и 67% намалување на конфликтот помеѓу работата и животот. Компанијата исто така најави дека ќе го продолжи проектот во Нов Зеланд и ќе го прошири во Австралија на 12 месеци.

Австралиските политичари предложија национална пилот програма

Поволните резултати доведоа до иницијативи концептот на четиридневна работна недела да биде пошироко прифатен во Австралија. Комитет на австралискиот Сенат препорача да се спроведе пилот-проект на концептот во јавните служби. Владата и сенаторите на Зелените го поддржаа повикот, велејќи дека доказите за неговата ефикасност се значајни.

Повеќето компании веројатно ќе продолжат по старо

И покрај овие позитивни резултати, експертите претпоставуваат дека огромното мнозинство на компании најверојатно ќе продолжат да се држат до конвенционалниот распоред за петдневна работна недела во догледна иднина.

Имено, треба да се истакне дека компаниите кои пробуваат пократки недели се претежно мали, а не големи и дека некои работници во експериментите сепак пријавиле дека имале проблеми сите работни обврски да ги извршуваат во скратена работна недела.

ВИ може да игра важна улога

Галиќ вели дека четиридневната работна недела, и покрај тоа што сега изгледа револуционерна, може релативно брзо да се „фати“ како нов цивилизациски стандард.

„На нејзиното прифаќање може да влијае и силниот развој на вештачката интелигенција, за која се проценува дека би можела значително да влијае на 30 до 70% од работните места, од кои некои ќе исчезнат, а други ќе бидат значително променети. Тука не треба да се биде „катастрофичар“, но очигледно е дека пазарот на труд би можел значително да се промени поради растот на продуктивноста поради поголема употреба на ВИ.

Секако, посебно прашање е дали придобивките од зголемената продуктивност ќе останат само кај сопствениците на иновациите или тие ќе се прелеат и во интервенции насочени кон зголемен квалитетот на живот на сите луѓе“, вели Галиќ.

Проблемот со недостиг на работна сила

Тој смета дека ќе биде интересно и да се види како да се усогласат овие трендови со моменталната состојба на пазарот на трудот.

„И Хрватска и другите западни земји се карактеризираат со недостиг на работна сила што е последица на демографските трендови, односно фактот што групите луѓе кои го напуштаат пазарот на трудот се значително помали од оние што влегуваат во него. Оваа ситуација во Хрватска дополнително се влошува со емиграцијата по приклучување кон ЕУ.

Во такви околности тешко ќе може брзо да се очекува воведување на ваков тип на работна организација на значителен број работни места, бидејќи смените едвај се совпаѓаат со постоечкиот број работници.

Повторувам, четиридневната работна недела има смисла како компензација за зголемена продуктивност и ќе биде тешко да се зборува за тоа во околности на застарени организации во кои работното време е сè уште важно, т.е. во кои зголемувањето на продуктивноста нема се случува“, заклучува Галиќ.

The post Ќе работиме ли четири дена во неделата? appeared first on Република.

]]>

Голем меѓународен експеримент со четиридневна работна недела покажа дека таквиот концепт на работа им се исплати и на работодавачите и на вработените, така што огромното мнозинство на компании кои учествуваа во него одлучија да не се вратат на стариот систем. Дополнително, се покажа дека вработените кои работеа според овој концепт во продолжението на експериментот, кој беше продолжен од шест месеци на една година, можеа успешно да ги завршат сите зададени задачи со дополнително намалување на работното време. Колку подолго траеше експериментот, толку повеќе се скратуваше работното време Со други зборови, колку подолго луѓето работеа на нови, поефикасни начини, толку нивните работни недели стануваа пократки. По шест месеци работниците изјавиле дека се помалку исцрпени, дека нивното здравје е подобрено и дека се позадоволни од работата, а просечното работно време го намалиле за околу четири часа, на 34 часа неделно.
Оние кои продолжиле со истиот распоред за цели 12 месеци дополнително го намалиле работното време на околу 33 часа неделно, тврдат истражувачите. Во исто време, тие продолжија да известуваат за подобро ментално и физичко здравје и рамнотежа помеѓу работата и животот.
Ова го покажаа резултатите од експериментите спроведени во изминатите 18 месеци во САД, Канада, Велика Британија и Ирска, а го потврдија искуствата од Австралија и Нов Зеланд. Различни компании од различни индустрии учествуваа во новите експерименти, од непрофитни организации до агенции за дизајн до производители. 100% задачи за четири дена за иста плата Концептот на четиридневна работна недела во која вработените добиваат 100% плата за 80% од вообичаените часови додека одржуваат 100% продуктивност стана сè попопуларен ширум светот во последниве години. Непрофитната организација 4 Day Week Global, која спроведува тестови на овој концепт и работи со владите за да им помогне да креираат соодветни политики, неодамна ја објави четвртата фаза од своето истражување, која се фокусираше на долгорочното влијание на овие експерименти. Петдневната работна недела е стара конвенција Звонимир Галиќ од Катедрата за психологија на Филозофскиот факултет во Загреб, ко-раководител на студијата за управување со човечки ресурси на Универзитетот во Загреб, смета дека четиридневната работна недела веројатно е иднината на работењето. „Сегашната 40-часовна работна недела е општествена конвенција која е создадена пред речиси сто години во индустриската економија и прашање е колку е таа соодветна за сегашната ситуација“, вели Галиќ. „На пример, интересно е да се забележи дека во западниот свет по Втората светска војна, продуктивноста се зголеми многукратно и дека бројот на работни часови остана повеќе или помалку константен и се движи околу 40 часа постигнати во петдневна работна недела. Дефинитивно не се остварија прогнозите на познатиот британски економист Џ.М.Кејнс, кој во 1930-тите веруваше дека силниот технолошки развој ќе доведе до скратување на работната недела на 15 часа, а остатокот ќе го искористиме за личен раст и развој. Сто години подоцна, четиридневната работна недела може да биде чекор во таа насока“, додава Галиќ. Првото истражување подолго од половина година Ова е прво истражување кое следело ваков систем на работа 12 месеци наместо шест месеци. Слични резултати даваа и претходно полугодишните анкети, но постоеше сомнеж дека позитивните ефекти се должат на тоа што се работи за новитет, дека со текот на времето може да исчезнат или да се намалат. Истражувањето опфати повратни информации од 988 луѓе кои работеа во 41 компанија во САД и Канада кои се префрлија на четиридневна работна недела минатата година. „Испитувањата се позитивни насекаде, со овој нов доказ кој помага да се отфрли загриженоста дека претходните успеси се резултат на новитет и не може да се одржат на долг рок“, пишуваат авторите во извештајот. По 12 месеци дополнително го скратија работното време Освен тоа, истражувањето утврди дека продолжувањето на работата според новиот систем резултирало со дополнително подобрување на физичката и менталната благосостојба на вработените и истовремено зголемување на продуктивноста. „Резултатите по 12 месеци се исклучително позитивни и придонесуваат за градење силни докази кои ги покажуваат трајните позитивни ефекти од скратеното работно време“, велат во извештајот основачите на 4 Day Week Global, Шарлот Локхарт и Ендрју Барнс. „Овие резултати покажуваат понатамошни позитивни трендови во деловните придобивки, придобивките за здравјето и благосостојбата, како и влијанијата врз животната средина обезбедуваат солидна основа за широко усвојување на четиридневната работна недела“, додаваат тие. Истражувањето покажа дека првичните намалувања на исцрпеноста забележани по воведувањето на четиридневната работна недела во голема мера, се одржани по 12 месеци. Според самопроценките на тестираните, физичкото и менталното здравје продолжило да им се подобрува во текот на целата година. Огромно мнозинство од вработените сакаат да продолжат да работат така Од учесниците во студијата, 95% сакале да продолжат со новиот концепт, речиси 70% доживеале намалување на исцрпеноста, 40% чувствувале помалку стрес, а анксиозноста се намалила кај 39% од испитаниците. Мерено на скала на проценка од еден до пет, каде пет е најдобар резултат, менталното здравје на учесниците во експериментот се зголеми од 2,92 пред почетокот на експериментот на 3,42 по една година, додека нивното физичко здравје се подобри од 3,05 на 3,41. Имаше и голем пораст на продуктивноста. Истражувањето покажа дека вработените кои се префрлаат на 4-дневна работна недела продолжуваат да работат поефикасно наместо да се обидуваат да брзаат и да ја збијат петдневната работа во четири дена. Потврдени познати психолошки истражувања Галиќ вели дека резултатите од истражувањето ги потврдуваат претходните психолошки истражувања. „Што се однесува до задоволството, односно субјективната благосостојба, ситуацијата е релативно јасна. Покрај работата, сите ние имаме и други животни улоги, а нивната континуирана координација предизвикува стрес, а во полоши случаи, „прегорување“, што може да има долгорочни последици и врз здравјето и продуктивноста. Четиридневната работна недела ни помага подобро да ја балансираме работата и другите улоги, но и подобро да се одвоиме од работата за време на продолжениот викенд. Интересно е што истражувањата покажаа дека редовното психолошко одвојување од работата е навика на високопродуктивните луѓе бидејќи им овозможува подолгорочна мотивација и продуктивност, вели Галиќ. „Во однос на продуктивноста, има една очигледна работа што би сакал да ја подвлечам - продуктивноста зависи од условите во кои работат луѓето и од нивната мотивација. Факторот во равенката што се менува при скратувањето на работната недела е мотивацијата на луѓето. Со други зборови, кога се позадоволни и помотивирани, луѓето завршуваат повеќе работа за помалку време. Претпоставката дека среќните работници се попродуктивни е јасно научно потврдена“, објаснува тој. Задоволни се и повеќето компании Посебно е интересно што компаниите кои учествуваа во истражувањето многу позитивно го оценија целокупното искуство, со просечна оценка од 8,7 од 10. Некои од клучните придобивки беа подобрување на продуктивноста и квалитетот, привлекување нови вработени и намалување на заминувањето на старите. Приходите на вклучените компании се зголемиле во просек за 15%, додека вработените за 32% помалку размислувале да ја напуштат својата работа. Ниту една од вклучените компании не изрази намера да се врати на петдневната работна недела. Дури 89% од нив одлучиле дека дефинитивно ќе продолжат со концептот на четиридневна работна недела, а 11% најавиле дека многу веројатно ќе го направат тоа. Пандемијата помогна во експериментирањето Галиќ вели дека еден фактор кој секако влијаел на популарноста на овие промени кај работодавците е неодамнешната пандемија во која значителен дел од вработените работеа од дома. „Во овие променети услови, дел од менаџментот сфати дека концептот на работно време е бесмислен на некои работни места и услови, па со право почнаа да се фокусираат на тоа колку работат луѓето. Покрај тоа, сите работодавци во западниот свет се занимаваат со проблемот со недостиг на работна сила, па се интересираа за иновации кои ги прават привлечни за работниците, односно повеќе се грижат за задоволството на работниците“, вели Галиќ. Слични искуства во Австралија и Нов Зеланд Овие резултати се совпаѓаат со искуствата на 19 австралиски и новозеландски компании кои учествуваа во експериментот во втората половина на 2022 година. Тој покажа дека вработените во компаниите кои усвоиле пократка работна недела биле позадоволни од својата работа, помалку исцрпени и помалку склони кон земање боледување и слободни денови. Британскиот мултинационален Унилевер го продолжи своето четиридневно пробно тестирање на персоналот во Австралија по успешниот 18-месечен пилот проект во Нов Зеланд. Во експериментот во Нов Зеланд, кој траеше од декември 2020 година до јуни 2022 година, 80 вработени работеа четири дена во неделата со 100% од нивната плата, обврзувајќи се на 100% од нивниот работен напор.
Компанијата објави силни резултати во исполнувањето на деловните цели, додека отсуството од работа се намали за 34%, а анкетираниот персонал пријави 33% намалување на стресот и 67% намалување на конфликтот помеѓу работата и животот. Компанијата исто така најави дека ќе го продолжи проектот во Нов Зеланд и ќе го прошири во Австралија на 12 месеци.
Австралиските политичари предложија национална пилот програма Поволните резултати доведоа до иницијативи концептот на четиридневна работна недела да биде пошироко прифатен во Австралија. Комитет на австралискиот Сенат препорача да се спроведе пилот-проект на концептот во јавните служби. Владата и сенаторите на Зелените го поддржаа повикот, велејќи дека доказите за неговата ефикасност се значајни. Повеќето компании веројатно ќе продолжат по старо И покрај овие позитивни резултати, експертите претпоставуваат дека огромното мнозинство на компании најверојатно ќе продолжат да се држат до конвенционалниот распоред за петдневна работна недела во догледна иднина. Имено, треба да се истакне дека компаниите кои пробуваат пократки недели се претежно мали, а не големи и дека некои работници во експериментите сепак пријавиле дека имале проблеми сите работни обврски да ги извршуваат во скратена работна недела. ВИ може да игра важна улога Галиќ вели дека четиридневната работна недела, и покрај тоа што сега изгледа револуционерна, може релативно брзо да се „фати“ како нов цивилизациски стандард. „На нејзиното прифаќање може да влијае и силниот развој на вештачката интелигенција, за која се проценува дека би можела значително да влијае на 30 до 70% од работните места, од кои некои ќе исчезнат, а други ќе бидат значително променети. Тука не треба да се биде „катастрофичар“, но очигледно е дека пазарот на труд би можел значително да се промени поради растот на продуктивноста поради поголема употреба на ВИ. Секако, посебно прашање е дали придобивките од зголемената продуктивност ќе останат само кај сопствениците на иновациите или тие ќе се прелеат и во интервенции насочени кон зголемен квалитетот на живот на сите луѓе“, вели Галиќ. Проблемот со недостиг на работна сила Тој смета дека ќе биде интересно и да се види како да се усогласат овие трендови со моменталната состојба на пазарот на трудот.
„И Хрватска и другите западни земји се карактеризираат со недостиг на работна сила што е последица на демографските трендови, односно фактот што групите луѓе кои го напуштаат пазарот на трудот се значително помали од оние што влегуваат во него. Оваа ситуација во Хрватска дополнително се влошува со емиграцијата по приклучување кон ЕУ.
Во такви околности тешко ќе може брзо да се очекува воведување на ваков тип на работна организација на значителен број работни места, бидејќи смените едвај се совпаѓаат со постоечкиот број работници. Повторувам, четиридневната работна недела има смисла како компензација за зголемена продуктивност и ќе биде тешко да се зборува за тоа во околности на застарени организации во кои работното време е сè уште важно, т.е. во кои зголемувањето на продуктивноста нема се случува“, заклучува Галиќ.

The post Ќе работиме ли четири дена во неделата? appeared first on Република.

]]>
Не им се брза за уставните измени: Пратениците го продолжија одморот до последната недела од август https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ne-im-se-brza-za-ustavnite-izmeni-pratenitsite-go-prodolzhija-odmorot-do-poslednata-nedela-od-avgust/ Mon, 21 Aug 2023 10:03:01 +0000 https://republika.mk/?p=674129

По одржувањето на седницата за утврдување на потребата за носење на уставните измени за што заврши само општата расправа, во Собранието според информациите објавени на собранискиот сајт, не се закажани седници на работните тела или пленарни седници. Денеска се одржаа само две прес-конференции и тоа на пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ.

Од Кабинетот на претседателот на Собранието Талат Џафери велат дека тој е на работа и дека одржува состаноци и средби во рамки на работниот ангажман.

На координацијата што се одржала на 17-ти август било договорено активностите и одржувањето на седниците на комисиите и работните тела да продолжат во последната недела од август. А првата наредна седница, според информациите од Џафери, ќе биде закажана за 5-ти септември.

Пратениците се вратија на работа само за седницата закажана за 18-ти август што се однесуваше на уставните измени, а официјално годишниот одмор го започнаа по Илинден.

The post Не им се брза за уставните измени: Пратениците го продолжија одморот до последната недела од август appeared first on Република.

]]>

По одржувањето на седницата за утврдување на потребата за носење на уставните измени за што заврши само општата расправа, во Собранието според информациите објавени на собранискиот сајт, не се закажани седници на работните тела или пленарни седници. Денеска се одржаа само две прес-конференции и тоа на пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ. Од Кабинетот на претседателот на Собранието Талат Џафери велат дека тој е на работа и дека одржува состаноци и средби во рамки на работниот ангажман. На координацијата што се одржала на 17-ти август било договорено активностите и одржувањето на седниците на комисиите и работните тела да продолжат во последната недела од август. А првата наредна седница, според информациите од Џафери, ќе биде закажана за 5-ти септември. Пратениците се вратија на работа само за седницата закажана за 18-ти август што се однесуваше на уставните измени, а официјално годишниот одмор го започнаа по Илинден.

The post Не им се брза за уставните измени: Пратениците го продолжија одморот до последната недела од август appeared first on Република.

]]>
Пратениците го продолжија одморот до последната недела од август https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pratenitsite-go-prodolzhija-odmorot-do-poslednata-nedela-od-avgust/ Mon, 21 Aug 2023 10:00:28 +0000 https://republika.mk/?p=674134

По одржувањето на седницата за утврдување на потребата за носење на уставните измени за што заврши само општата расправа, во Собранието според информациите објавени на собранискиот сајт, не се закажани седници на работните тела или пленарни седници. Денеска се одржаа само две прес-конференции и тоа на пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ.

Од Кабинетот на претседателот на Собранието Талат Џафери велат дека тој е на работа и дека одржува состаноци и средби во рамки на работниот ангажман.

На координацијата што се одржала на 17-ти август било договорено активностите и одржувањето на седниците на комисиите и работните тела да продолжат во последната недела од август. А првата наредна седница, според информациите од Џафери, ќе биде закажана за 5-ти септември.

Пратениците се вратија на работа само за седницата закажана за 18-ти август што се однесуваше на уставните измени, а официјално годишниот одмор го започнаа по Илинден.

The post Пратениците го продолжија одморот до последната недела од август appeared first on Република.

]]>

По одржувањето на седницата за утврдување на потребата за носење на уставните измени за што заврши само општата расправа, во Собранието според информациите објавени на собранискиот сајт, не се закажани седници на работните тела или пленарни седници. Денеска се одржаа само две прес-конференции и тоа на пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ. Од Кабинетот на претседателот на Собранието Талат Џафери велат дека тој е на работа и дека одржува состаноци и средби во рамки на работниот ангажман. На координацијата што се одржала на 17-ти август било договорено активностите и одржувањето на седниците на комисиите и работните тела да продолжат во последната недела од август. А првата наредна седница, според информациите од Џафери, ќе биде закажана за 5-ти септември. Пратениците се вратија на работа само за седницата закажана за 18-ти август што се однесуваше на уставните измени, а официјално годишниот одмор го започнаа по Илинден.

The post Пратениците го продолжија одморот до последната недела од август appeared first on Република.

]]>
Мелони ја плати сметката за Италијанци, кои избегале од ресторан во Албанија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/meloni-ja-plati-smetkata-za-italijantsi-koi-izbegale-od-restoran-vo-albanija/ Sat, 19 Aug 2023 12:32:05 +0000 https://republika.mk/?p=673695

Италијанската премиерка Џорџа Мелони, која се приклучи на сè поголемиот број Италијанци кои летуваат во Албанија, лично се погрижи да биде платена сметката во локален ресторан откако група нејзини сонародници избегале без да платат.
Мелони со семејството помина неколку дена во Албанија како гостинка на албанскиот премиер Еди Рама, но кога веста и видео снимка дека неколку Италијанци избегале без да платат во градот Берат стана вирална на социјалните мрежи, таа му наредила на италијанскиот амбасадор да ја плати сметката..

„Одете и платете ја сметката за овие идиоти, ве молам“, ја цитирал албанскиот премиер Еди Рама италијанската колешка за „La stampa..“ Италијанскиот министер за земјоделие, кој исто така бил во Албанија оценил дека се работи за национална гордост.

Таа се понуди да ја плати сметката. „Амбасадорот беше на пат назад за Тирана и можеше да го направи тоа. Неколку нечесни индивидуи не смеат да ја посрамотат целата нација“, изјавил тој.

The post Мелони ја плати сметката за Италијанци, кои избегале од ресторан во Албанија appeared first on Република.

]]>

Италијанската премиерка Џорџа Мелони, која се приклучи на сè поголемиот број Италијанци кои летуваат во Албанија, лично се погрижи да биде платена сметката во локален ресторан откако група нејзини сонародници избегале без да платат. Мелони со семејството помина неколку дена во Албанија како гостинка на албанскиот премиер Еди Рама, но кога веста и видео снимка дека неколку Италијанци избегале без да платат во градот Берат стана вирална на социјалните мрежи, таа му наредила на италијанскиот амбасадор да ја плати сметката.. „Одете и платете ја сметката за овие идиоти, ве молам“, ја цитирал албанскиот премиер Еди Рама италијанската колешка за „La stampa..“ Италијанскиот министер за земјоделие, кој исто така бил во Албанија оценил дека се работи за национална гордост. Таа се понуди да ја плати сметката. „Амбасадорот беше на пат назад за Тирана и можеше да го направи тоа. Неколку нечесни индивидуи не смеат да ја посрамотат целата нација“, изјавил тој.

The post Мелони ја плати сметката за Италијанци, кои избегале од ресторан во Албанија appeared first on Република.

]]>
Семејство вратено од границата со Македонија поради неплатени сметки https://arhiva3.republika.mk/zivot/patuvanja/semejstvo-vrateno-od-granitsata-so-makedonija-poradi-neplateni-smetki/ Fri, 11 Aug 2023 13:20:40 +0000 https://republika.mk/?p=671168

Семејство од соседна Србија кое тргнало на одмор во Грција со автомобил се соочило се непријатно изненадување на границата со Македонија во Прешево, од каде биле приморани да се вратат бидејќи имале неплатена казна во еден од 44-те судови за прекршоци во Србија, пишува српски „Блиц“.

Според весникот, поради канза од општинската полиција, сообраќајната полиција и „Паркинг службата“ кои не оставаат казни за непрописно паркирање на автомобилите, голем дел од граѓаните дури на граница дознаваат дека имаат неплатен прекршочен налог, односно неплатена казна.  Поради ваквата состојба, има повеќе примери на граѓани кои се вратени од граничната полиција, а имало ситуации кога патници биле „отстранети“ од лет поради неплатена казна.

Се случи целото семејство да замине со автомобил на одмор во Грција и да биде запрено во Прешево и вратено назад поради неплатена казна во еден од 44-те судови за прекршоци во Србија. Тоа семејство потоа мораше прво да најде суд каде има казна, па дури потоа да ја плати казната, за врз основа на доказот за плаќање на казната, наредбата да биде укината, раскажа претседателката на Прекршочниот суд, Оливера Ристановиќ.

The post Семејство вратено од границата со Македонија поради неплатени сметки appeared first on Република.

]]>

Семејство од соседна Србија кое тргнало на одмор во Грција со автомобил се соочило се непријатно изненадување на границата со Македонија во Прешево, од каде биле приморани да се вратат бидејќи имале неплатена казна во еден од 44-те судови за прекршоци во Србија, пишува српски „Блиц“. Според весникот, поради канза од општинската полиција, сообраќајната полиција и „Паркинг службата“ кои не оставаат казни за непрописно паркирање на автомобилите, голем дел од граѓаните дури на граница дознаваат дека имаат неплатен прекршочен налог, односно неплатена казна.  Поради ваквата состојба, има повеќе примери на граѓани кои се вратени од граничната полиција, а имало ситуации кога патници биле „отстранети“ од лет поради неплатена казна. Се случи целото семејство да замине со автомобил на одмор во Грција и да биде запрено во Прешево и вратено назад поради неплатена казна во еден од 44-те судови за прекршоци во Србија. Тоа семејство потоа мораше прво да најде суд каде има казна, па дури потоа да ја плати казната, за врз основа на доказот за плаќање на казната, наредбата да биде укината, раскажа претседателката на Прекршочниот суд, Оливера Ристановиќ.

The post Семејство вратено од границата со Македонија поради неплатени сметки appeared first on Република.

]]>
Каролина во женско друштво на одмор во Хрватска https://arhiva3.republika.mk/scena/estrada/karolina-vo-zhensko-drushtvo-na-odmor-vo-hrvatska/ Thu, 10 Aug 2023 18:18:40 +0000 https://republika.mk/?p=670894

Каролина Гочева има традиција редовно да издвојува време за жените во нејзиното семејство.

43-годишната пејачка беше на летен одмор со мајка ѝ Светлана, сестра ѝ Александра и преслатките внуки, Луција и Инес.

Сплит, Трогир и Каштел Суќурац беа дестинациите на расположеното семејство.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Karolina Goceva (@karolinagocheva)

The post Каролина во женско друштво на одмор во Хрватска appeared first on Република.

]]>

Каролина Гочева има традиција редовно да издвојува време за жените во нејзиното семејство. 43-годишната пејачка беше на летен одмор со мајка ѝ Светлана, сестра ѝ Александра и преслатките внуки, Луција и Инес. Сплит, Трогир и Каштел Суќурац беа дестинациите на расположеното семејство.
 
View this post on Instagram
 

A post shared by Karolina Goceva (@karolinagocheva)

The post Каролина во женско друштво на одмор во Хрватска appeared first on Република.

]]>
Новак е поголемо дете од Стефан и Тара заедно: Ноле лудуваше на вода https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/novak-e-pogolemo-dete-od-stefan-i-tara-zaedno-nole-luduvashe-na-voda/ Sun, 23 Jul 2023 07:22:46 +0000 https://republika.mk/?p=664349

Новак Ѓоковиќ реши да замине на заслужен летен одмор по загубениот финален меч на Вимблдон од Шпанецот Карлос Алкараз. Популарниот Ноле најпрво одмораше во Црна Гора, а сега е „уловен“ во хрватските води, поточно во познатиот туристички град, Дубровник.

Српскиот тенисер патува низ јадранското море со својата приватна јахта, а навистина е интересно нејзиното име.

Јахтата е наречена Тара, што е всушност името на неговата ќерка, а заедно со Новак се секако и синот Стефан и сопругата Јелена. Како и секогаш, Ѓоковиќ беше расположен за дружење со сите кои сакаа да се фотографираат со него, делеше автограми и сосема слободно се шеташе низ улиците, како најобичен човек.

Вториот светски рекет се забавуваше и во аква-паркот во Дубровник, а фотографиите сведочат за тоа дека Ѓоковиќ секогаш е приземјен, нормален и обичен човек кој едноставно сака да ужива во секој слободен момент, особено кога до него е неговото семејство.

The post Новак е поголемо дете од Стефан и Тара заедно: Ноле лудуваше на вода appeared first on Република.

]]>

Новак Ѓоковиќ реши да замине на заслужен летен одмор по загубениот финален меч на Вимблдон од Шпанецот Карлос Алкараз. Популарниот Ноле најпрво одмораше во Црна Гора, а сега е „уловен“ во хрватските води, поточно во познатиот туристички град, Дубровник. Српскиот тенисер патува низ јадранското море со својата приватна јахта, а навистина е интересно нејзиното име. Јахтата е наречена Тара, што е всушност името на неговата ќерка, а заедно со Новак се секако и синот Стефан и сопругата Јелена. Како и секогаш, Ѓоковиќ беше расположен за дружење со сите кои сакаа да се фотографираат со него, делеше автограми и сосема слободно се шеташе низ улиците, како најобичен човек. Вториот светски рекет се забавуваше и во аква-паркот во Дубровник, а фотографиите сведочат за тоа дека Ѓоковиќ секогаш е приземјен, нормален и обичен човек кој едноставно сака да ужива во секој слободен момент, особено кога до него е неговото семејство.

The post Новак е поголемо дете од Стефан и Тара заедно: Ноле лудуваше на вода appeared first on Република.

]]>
Половина Косовци не можат да си дозволат ни одмор во Албанија https://arhiva3.republika.mk/zivot/patuvanja/polovina-kosovtsi-ne-mozhat-da-si-dozvolat-ni-odmor-vo-albanija/ Thu, 20 Jul 2023 15:53:30 +0000 https://republika.mk/?p=663658

Официјални статистички податоци на Косово покажуваат дека повеќе од половината Косовци годинава не можат да си дозволат барем еднонеделен годишен одмор, јави дописникот на МИА од Приштина.

Претставникот на Агенцијата за статистики на Косово (АСК), Хиди Морина вели дека 57 отсто од Косовците немаат пари за годишен одмор, како последица на големиот пораст на животните трошоци.

- Околу 57 отсто од домаќинствата не можат да си дозволат еднонеделен одмор надвор од дома, на море, на планина или каде било. Немаат буџетски простор за да имаат една недела одмор, изјави Морина за приштинската КТВ.

Според него, енормно се зголемени трошоците на семејните стопанства, но не и заработувачките, а 55 отсто од приходите на домаќинствата одат за основна потрошувачка.

- Условите за живот зависат од приходите. Приходите во семејните економии во Косово се извонредно малку зголемени, додека трошоците се зголемени екстремно, посебно во потрошувачката. Основната потрошувачка зафаќа 55 отсто од приходите на домаќинствата“, рече Морина.

Тој потенцира дека речиси две третини од домаќинствата исто така имаат големи потешкотии во плаќањето кредити и други долгови.

- Големи тешкотии за враќање на кредитите имаат 63,3 отсто (домаѓинства, додека за различни долгови процентот е поголем, околу 85 отсто“, рече Морина, додадавајќи дека има семејства кои земаат кредити за да одат на одмор, но оти за таа работа нема статистика.

The post Половина Косовци не можат да си дозволат ни одмор во Албанија appeared first on Република.

]]>

Официјални статистички податоци на Косово покажуваат дека повеќе од половината Косовци годинава не можат да си дозволат барем еднонеделен годишен одмор, јави дописникот на МИА од Приштина. Претставникот на Агенцијата за статистики на Косово (АСК), Хиди Морина вели дека 57 отсто од Косовците немаат пари за годишен одмор, како последица на големиот пораст на животните трошоци.
- Околу 57 отсто од домаќинствата не можат да си дозволат еднонеделен одмор надвор од дома, на море, на планина или каде било. Немаат буџетски простор за да имаат една недела одмор, изјави Морина за приштинската КТВ.
Според него, енормно се зголемени трошоците на семејните стопанства, но не и заработувачките, а 55 отсто од приходите на домаќинствата одат за основна потрошувачка.
- Условите за живот зависат од приходите. Приходите во семејните економии во Косово се извонредно малку зголемени, додека трошоците се зголемени екстремно, посебно во потрошувачката. Основната потрошувачка зафаќа 55 отсто од приходите на домаќинствата“, рече Морина.
Тој потенцира дека речиси две третини од домаќинствата исто така имаат големи потешкотии во плаќањето кредити и други долгови.
- Големи тешкотии за враќање на кредитите имаат 63,3 отсто (домаѓинства, додека за различни долгови процентот е поголем, околу 85 отсто“, рече Морина, додадавајќи дека има семејства кои земаат кредити за да одат на одмор, но оти за таа работа нема статистика.

The post Половина Косовци не можат да си дозволат ни одмор во Албанија appeared first on Република.

]]>
Девојка го прегази таткa си со глисер, морале да му ја ампутираат ногата https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/devojka-go-pregazi-tatka-si-so-gliser-morale-da-mu-ja-amputiraat-nogata/ Mon, 10 Jul 2023 11:58:00 +0000 https://republika.mk/?p=659715

Одморот во Италија заврши трагично за маж од Велика Британија на кој морале да му ја ампутираат ногата откако бил прегазен од глисер управуван од неговата ќерка, која наводно го ставила возилото во рикверц наместо да тргне напред.

Инцидентот се случил во популарниот туристички град Канигионе на Сардинија.

Во целосен шок, таткото бил итно пренесен во болницата Сасари, каде лекарите констатирале сериозна рана на левата нога.

За жал, медицинскиот персонал немал друг избор освен да изврши полуампутација бидејќи ногата му била целосно распарчена, јавуваат локалните медиуми.

 

The post Девојка го прегази таткa си со глисер, морале да му ја ампутираат ногата appeared first on Република.

]]>

Одморот во Италија заврши трагично за маж од Велика Британија на кој морале да му ја ампутираат ногата откако бил прегазен од глисер управуван од неговата ќерка, која наводно го ставила возилото во рикверц наместо да тргне напред. Инцидентот се случил во популарниот туристички град Канигионе на Сардинија. Во целосен шок, таткото бил итно пренесен во болницата Сасари, каде лекарите констатирале сериозна рана на левата нога. За жал, медицинскиот персонал немал друг избор освен да изврши полуампутација бидејќи ногата му била целосно распарчена, јавуваат локалните медиуми.  

The post Девојка го прегази таткa си со глисер, морале да му ја ампутираат ногата appeared first on Република.

]]>
Место за уживање: Клиника за „напорен одмор“ лекува стрес https://arhiva3.republika.mk/zivot/kariera/mesto-za-uzhivane-klinika-za-naporen-odmor-lekuva-stres/ Mon, 24 Apr 2023 09:09:29 +0000 https://republika.mk/?p=633475

Колку пати ви се случило да не ви е добро и да си речете: Ах, тоа е поради стресот. Многу луѓе лесно ги сфаќаат околностите под кои живеат или работат, како и условите што им се случуваат

Онесвестувањето било „аларм“ за Џени Греам. Оваа 38-годишна жена, заедно со ко-основачот Џени Морис, ќе го отворат „домот“ Deep Rest (длабок одмор), како прв во низата планирани.

Тоа е синџир од одморалишта чија цел - експлицитно - е да ги лекува луѓето кои страдаат од специфични симптоми на исцрпеност на работното место. Затоа, тоа не е само СПА центар каде што ќе ги „полните батериите“, туку специјализирано исцелително место, со најсовремени медицински третмани.

Идејата е напорната работа да се замени со „напорен“ одмор, и да се опуштиме во елитните клиники за рехабилитација

The post Место за уживање: Клиника за „напорен одмор“ лекува стрес appeared first on Република.

]]>

Колку пати ви се случило да не ви е добро и да си речете: Ах, тоа е поради стресот. Многу луѓе лесно ги сфаќаат околностите под кои живеат или работат, како и условите што им се случуваат Онесвестувањето било „аларм“ за Џени Греам. Оваа 38-годишна жена, заедно со ко-основачот Џени Морис, ќе го отворат „домот“ Deep Rest (длабок одмор), како прв во низата планирани. Тоа е синџир од одморалишта чија цел - експлицитно - е да ги лекува луѓето кои страдаат од специфични симптоми на исцрпеност на работното место. Затоа, тоа не е само СПА центар каде што ќе ги „полните батериите“, туку специјализирано исцелително место, со најсовремени медицински третмани. Идејата е напорната работа да се замени со „напорен“ одмор, и да се опуштиме во елитните клиники за рехабилитација

The post Место за уживање: Клиника за „напорен одмор“ лекува стрес appeared first on Република.

]]>
Девојка силувана на одмор во Грција: Полицијата два дена го бркала насилникот https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/devojka-siluvana-na-odmor-vo-grcija-policijata-dva-dena-go-brkala-nasilnikot/ Mon, 22 Aug 2022 09:06:24 +0000 https://republika.mk/?p=542768

Девојка од Велика Британија пријавила дека била силувана за време на одмор во Грција, а локалната полиција привела маж (26) во областа Акти Воница на западот од земјата.

Британката во петокот го пријавила силувањето во полиција, објаснувајќи дека нападот се случил во близина на бар во Палерос. Локалните медиуми јавуваат дека мажот бил многу насилен кон неа.

Полицијата веднаш почнала да трага по напаѓачот. Тој бил пронајден и уапсен во неделата.

Против младото момче беше покренато обвинение за силување откако беше сослушан во обвинителството во Лефкада.

Жртвата е однесена на лекар, а вештаците од судска медицина треба да земат докази од нејзиното тело.

The post Девојка силувана на одмор во Грција: Полицијата два дена го бркала насилникот appeared first on Република.

]]>

Девојка од Велика Британија пријавила дека била силувана за време на одмор во Грција, а локалната полиција привела маж (26) во областа Акти Воница на западот од земјата. Британката во петокот го пријавила силувањето во полиција, објаснувајќи дека нападот се случил во близина на бар во Палерос. Локалните медиуми јавуваат дека мажот бил многу насилен кон неа. Полицијата веднаш почнала да трага по напаѓачот. Тој бил пронајден и уапсен во неделата. Против младото момче беше покренато обвинение за силување откако беше сослушан во обвинителството во Лефкада. Жртвата е однесена на лекар, а вештаците од судска медицина треба да земат докази од нејзиното тело.

The post Девојка силувана на одмор во Грција: Полицијата два дена го бркала насилникот appeared first on Република.

]]>