одлуки Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/odluki/ За подобро да се разбереме Tue, 14 Nov 2023 19:55:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png одлуки Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/odluki/ 32 32 Владата даде поддршка за проектот „Воведување брз автобуски превоз во Скопје“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/vladata-dade-poddrshka-za-proektot-voveduvane-brz-avtobuski-prevoz-vo-skopje/ Tue, 14 Nov 2023 19:55:19 +0000 https://republika.mk/?p=701572

Владата на денешната седница, на предлог на Министерството за транспорт и врски, ја разгледа и усвои Информацијата во врска со продолжување на постапката за реализација на проектот „Воведување брз автобуски превоз во град Скопје“, со Предлог договор за имплементација и даде поддршка проектот да продолжи да се реализира, соопшти владината прес-служба.

Според Информацијата од ресорното министерство, во текот на месец септември, од Град Скопје е соопштено дека се планира продолжување на проектот, за којшто на 21 април 2021 година Град Скопје и ЕБОР случија Проектен договор за реализација на проектот „Воведување брз автобуски превоз во град Скопје“.

Предлог Договорот за имплементација на проектот согласно Проектниот договор, треба да го склучат Министерството за финансии, Министерството за транспорт и врски и Град Скопје.

The post Владата даде поддршка за проектот „Воведување брз автобуски превоз во Скопје“ appeared first on Република.

]]>

Владата на денешната седница, на предлог на Министерството за транспорт и врски, ја разгледа и усвои Информацијата во врска со продолжување на постапката за реализација на проектот „Воведување брз автобуски превоз во град Скопје“, со Предлог договор за имплементација и даде поддршка проектот да продолжи да се реализира, соопшти владината прес-служба. Според Информацијата од ресорното министерство, во текот на месец септември, од Град Скопје е соопштено дека се планира продолжување на проектот, за којшто на 21 април 2021 година Град Скопје и ЕБОР случија Проектен договор за реализација на проектот „Воведување брз автобуски превоз во град Скопје“. Предлог Договорот за имплементација на проектот согласно Проектниот договор, треба да го склучат Министерството за финансии, Министерството за транспорт и врски и Град Скопје.

The post Владата даде поддршка за проектот „Воведување брз автобуски превоз во Скопје“ appeared first on Република.

]]>
Превентивни мерки по известувањето за зголемено присуство на мечки во Маврово и Ростуше https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/preventivni-merki-po-izvestuvaneto-za-zgolemeno-prisustvo-na-mechki-vo-mavrovo-i-rostushe/ Tue, 03 Oct 2023 16:03:27 +0000 https://republika.mk/?p=687566

Владата, на денешната седница, го разгледа и Записникот од седница на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот на управување со кризи, со којшто членовите на Владата се запознаени со состојбите за зголемено присуство на мечки во населените места на Општина Маврово и Ростуше.

Владата ги разгледа превентивните мерки предложени од страна на надлежните министерства, Министерството за животна средина и просторно планирање и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, пришто е изразено очекување за ефикасна примена на мерките.

Односно, во најкраток временски период да бидат отстранети сите помали и поголеми ѓубришта коишто се во непосредна близина на населените места или во самите населени места, коишто претставуваат извор на привлекување на мечката. За таа цел, локалната самоуправа, во соработка со Јавната установа Национален парк Маврово, согласно нивните надлежности, треба да пристапат кон решавање на прашањето, со цел навремено чистење на сметот (дивите депонии) од сите населени места, како и од локалните патишта.

Со утврдените превентивни мерки е предвидена и контрола на сите придружни објекти во коишто се чува храна, коишто може да бидат лесно достапни и коишто се во близина на местото на домување; затворање со соодветна безбедносна метална ограда на сите места за одлагање комунален отпад; обезбедување посебни хранилишта за мечки надвор од населени места; обезбедување на имотите, посебно на местата каде што се чува добиток, пчели и друго, со стандардизирана опрема со електричен напон; успивање и дислоцирање мечки, во соработка со државни органи и научни институции; употреба превентивни средства за заплашување и одвраќање, како и организирана употреба на средства за заплашување на мечките.

Неопходните превентивните мерки, како што е соопштено од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање се предложени и преземени, во координација со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, со оглед дека кафеавата мечка (Ursus arctos), согласно Законот за ловство, е вид за којшто е пропишана трајна забрана за ловење. Активностите се преземени по доставено известување од страна на Јавната установа Национален парк Маврово, за зачестено присуство на кафеавата мечка на територијата на НП Маврово, каде, според информацијата, има причинети штети по добиток, пчелни семејства, имот.

The post Превентивни мерки по известувањето за зголемено присуство на мечки во Маврово и Ростуше appeared first on Република.

]]>

Владата, на денешната седница, го разгледа и Записникот од седница на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот на управување со кризи, со којшто членовите на Владата се запознаени со состојбите за зголемено присуство на мечки во населените места на Општина Маврово и Ростуше. Владата ги разгледа превентивните мерки предложени од страна на надлежните министерства, Министерството за животна средина и просторно планирање и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, пришто е изразено очекување за ефикасна примена на мерките. Односно, во најкраток временски период да бидат отстранети сите помали и поголеми ѓубришта коишто се во непосредна близина на населените места или во самите населени места, коишто претставуваат извор на привлекување на мечката. За таа цел, локалната самоуправа, во соработка со Јавната установа Национален парк Маврово, согласно нивните надлежности, треба да пристапат кон решавање на прашањето, со цел навремено чистење на сметот (дивите депонии) од сите населени места, како и од локалните патишта. Со утврдените превентивни мерки е предвидена и контрола на сите придружни објекти во коишто се чува храна, коишто може да бидат лесно достапни и коишто се во близина на местото на домување; затворање со соодветна безбедносна метална ограда на сите места за одлагање комунален отпад; обезбедување посебни хранилишта за мечки надвор од населени места; обезбедување на имотите, посебно на местата каде што се чува добиток, пчели и друго, со стандардизирана опрема со електричен напон; успивање и дислоцирање мечки, во соработка со државни органи и научни институции; употреба превентивни средства за заплашување и одвраќање, како и организирана употреба на средства за заплашување на мечките. Неопходните превентивните мерки, како што е соопштено од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање се предложени и преземени, во координација со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, со оглед дека кафеавата мечка (Ursus arctos), согласно Законот за ловство, е вид за којшто е пропишана трајна забрана за ловење. Активностите се преземени по доставено известување од страна на Јавната установа Национален парк Маврово, за зачестено присуство на кафеавата мечка на територијата на НП Маврово, каде, според информацијата, има причинети штети по добиток, пчелни семејства, имот.

The post Превентивни мерки по известувањето за зголемено присуство на мечки во Маврово и Ростуше appeared first on Република.

]]>
Беловска: Одлуките на Уставен суд се конечни и треба да се почитуваат, меѓутоа Собранието може да направи законски измени https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/belovska-odlukite-na-ustaven-sud-se-konechni-i-treba-da-se-pochituvaat-megutoa-sobranieto-mozhe-da-napravi-zakonski-izmeni/ Wed, 05 Apr 2023 17:25:29 +0000 https://republika.mk/?p=627672

Одлуките на Уставен суд се конечни и треба да се почитуваат, меѓутоа овие одлуки не забрануваат законодавецот, односно Собранието да направи законски измени кои потоа извршната власт ќе ги применува. Улогата на Уставниот суд е да изврши оценка дали законите се во согласност со Уставот, изјави портпаролката на Уставен суд Христина Беловска.

За реакциите во јавноста по донесената одлука со која се зголемуваат платите на функционерите, Беловска рече дека од Уставниот суд едноставно се барало оценка на уставноста на членовите 4 и членот 1, а не членот 11 од Законот за плата и други надоместоци на избраните и именувани лица и дека воопшто не било поставено прашањето според кој процент ќе се зголемат или намалат платите.

Уставниот суд оцени дека постои неусогласеност со Уставот, односно дека се повредува владеењето на правото, затоа што во истиот закон постоеше двојство, контрадикторни одредби кои што доведуваа до нејасна и збунувачка примена. Членот 4 и членот 1, кои што сега се веќе укинати предвидуваа фиксна основица од 26 755 денари, додека од друга страна членот 11 предвидува дека пресметката на плата се прави според множење на коефициентот со просечната плата која што била исплатена во текот на минатата година – изјави Беловска.

Во однос на тоа зошто не е укинат членот 11, туку членовите 4 и 1, Беловска рече дека тој член не бил оспорен, туку единствено оспорени биле двата члена кои што се укинати, како и дека членот 11 е основен и ниту еднаш досега не бил менуван, за разлика од членот 4 и членот 1, кај кои во минатото е интервенирано 15 пати.

Со објавувањето на одлуката во Службен весник на 23 март таа е конечна и од тогаш почнуваат пресметките по членот 11, кои, како што посочи Беловска, важи и за платите на Уставните судии.

Се разбира тука се опфатени и уставните судии, затоа што тие се избрани во Собранието. Меѓутоа, Уставниот суд е единствен орган на државата, кој што има надлежност да одлучува по вакви прашања и затоа и тука беше поставено тоа прашање и тука беше одлучено – изјави Беловска.

Во врска времетраењето на постапката, Беловска рече дека е поднесена во ноември 2022 година и предметот е решен за четири месеци, што не е исклучок, со оглед дека просекот на времетраење на една постапка пред Уставен во 2022 година бил четири месеци.

Очигледно во сите изминати години ова прашање не било поставено. Првпат се поднесува како иницијатива до Уставниот суд од страна на адвокат, кој што претходно има оспорувано и други закони – изјави Беловска.

The post Беловска: Одлуките на Уставен суд се конечни и треба да се почитуваат, меѓутоа Собранието може да направи законски измени appeared first on Република.

]]>

Одлуките на Уставен суд се конечни и треба да се почитуваат, меѓутоа овие одлуки не забрануваат законодавецот, односно Собранието да направи законски измени кои потоа извршната власт ќе ги применува. Улогата на Уставниот суд е да изврши оценка дали законите се во согласност со Уставот, изјави портпаролката на Уставен суд Христина Беловска. За реакциите во јавноста по донесената одлука со која се зголемуваат платите на функционерите, Беловска рече дека од Уставниот суд едноставно се барало оценка на уставноста на членовите 4 и членот 1, а не членот 11 од Законот за плата и други надоместоци на избраните и именувани лица и дека воопшто не било поставено прашањето според кој процент ќе се зголемат или намалат платите.
Уставниот суд оцени дека постои неусогласеност со Уставот, односно дека се повредува владеењето на правото, затоа што во истиот закон постоеше двојство, контрадикторни одредби кои што доведуваа до нејасна и збунувачка примена. Членот 4 и членот 1, кои што сега се веќе укинати предвидуваа фиксна основица од 26 755 денари, додека од друга страна членот 11 предвидува дека пресметката на плата се прави според множење на коефициентот со просечната плата која што била исплатена во текот на минатата година – изјави Беловска.
Во однос на тоа зошто не е укинат членот 11, туку членовите 4 и 1, Беловска рече дека тој член не бил оспорен, туку единствено оспорени биле двата члена кои што се укинати, како и дека членот 11 е основен и ниту еднаш досега не бил менуван, за разлика од членот 4 и членот 1, кај кои во минатото е интервенирано 15 пати. Со објавувањето на одлуката во Службен весник на 23 март таа е конечна и од тогаш почнуваат пресметките по членот 11, кои, како што посочи Беловска, важи и за платите на Уставните судии.
Се разбира тука се опфатени и уставните судии, затоа што тие се избрани во Собранието. Меѓутоа, Уставниот суд е единствен орган на државата, кој што има надлежност да одлучува по вакви прашања и затоа и тука беше поставено тоа прашање и тука беше одлучено – изјави Беловска.
Во врска времетраењето на постапката, Беловска рече дека е поднесена во ноември 2022 година и предметот е решен за четири месеци, што не е исклучок, со оглед дека просекот на времетраење на една постапка пред Уставен во 2022 година бил четири месеци.
Очигледно во сите изминати години ова прашање не било поставено. Првпат се поднесува како иницијатива до Уставниот суд од страна на адвокат, кој што претходно има оспорувано и други закони – изјави Беловска.

The post Беловска: Одлуките на Уставен суд се конечни и треба да се почитуваат, меѓутоа Собранието може да направи законски измени appeared first on Република.

]]>
Штрајкот продолжува, СОНК утре на седница ќе ги анализира владините ставови https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/shtrajkot-prodolzuva-sonk-utre-na-sednica-kje-gi-analizira-vladinite-stavovi/ Tue, 19 Apr 2022 17:06:48 +0000 https://republika.mk/?p=490745

СОНК очекува да ги добие денешните заклучоци на Владата, а во врска со генералниот штрајк на вработените во детските градинки, основните и средни училишта, информираат од Синдикатот.

Советот на СОНК во текот на утрешниот ден ќе одржи седница на која што детално ќе го проанализираат ставот на Владата и ќе се произнесе по него. Дотогаш, односно додека членовите на СОНК не се произнесат поинаку, штрајкот продолжува, истакна првиот човек на СОНК, Јаким Неделков.

The post Штрајкот продолжува, СОНК утре на седница ќе ги анализира владините ставови appeared first on Република.

]]>

СОНК очекува да ги добие денешните заклучоци на Владата, а во врска со генералниот штрајк на вработените во детските градинки, основните и средни училишта, информираат од Синдикатот.
Советот на СОНК во текот на утрешниот ден ќе одржи седница на која што детално ќе го проанализираат ставот на Владата и ќе се произнесе по него. Дотогаш, односно додека членовите на СОНК не се произнесат поинаку, штрајкот продолжува, истакна првиот човек на СОНК, Јаким Неделков.

The post Штрајкот продолжува, СОНК утре на седница ќе ги анализира владините ставови appeared first on Република.

]]>
Владата утврди кризна состојба за снабдување со топлинска енергија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vladata-utvrdi-krizna-sostojba-za-snabduvanje-so-toplinska-energija/ Mon, 17 Jan 2022 22:08:36 +0000 https://republika.mk/?p=446080

Владата на Република  Македонија на денешната втора, редовна седница, којашто се одржа преку видео конференциска врска, донесе одлука почетокот на второто полугодие на учебната година за основните и средните училишта да се одложи, односно наставата со физичко присуство да продолжи на 1 февруари, согласно заклучокот од Главниот координативен кризен ковид-19 штаб и согласно епидемиолошките информации дека земјата се наоѓа во пик на заразата.

Одлуката второто полугодие да продолжи на 1 февруари нема да влијае на крајот на учебната година и таа ќе заврши на 10 јуни како што е предвидено во календарот за настаната програма за основно и средно образование, со соодветна адаптација на наставните планови.

Како дел од одлуката за одложување на стартот на второто полугодие на учебната година се и задолженијата и укажувањата за Министерството за здравство, Министерството за образование и наука, Секторот за односи со јавност во Владата на Република  Македонија, Јавното претпријатие МРТ да упатуваат апели до учениците и родителите максимално да се придржуваат до мерките и препораките за заштита од ковид-19, во домашни услови и на отворено.

На оваа втора седница е донесена и Одлука за постоење на кризна состојба во снабдувањето со топлинска енергија.

Со оваа одлука, донесена на предлог на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи, се утврдува постоење на кризна состојба во снабдувањето со топлинска енергија на подрачјето на град Скопје, заради недостиг на топлинска енергија, можноста за користење на алтернативно гориво и состојбите на пазарот на топлинска енергија.

Со денот на влегувањето во сила на оваа одлука, на предлог на Комисијата за следење на состојбите со снабдување со топлинска енергија која што ја формираше Министерството за економија, ќе се преземат мерки и активности во врска со обезбедување дополнителни количини на топлинска енергија согласно утврдената кризна состојба, согласно Законот за енергетика и Уредбата за критериумите и условите за прогласување на кризна состојба во случаи на временски и природни непогоди, хаварии и нарушувања на пазари на топлинска енергија.

The post Владата утврди кризна состојба за снабдување со топлинска енергија appeared first on Република.

]]>

Владата на Република  Македонија на денешната втора, редовна седница, којашто се одржа преку видео конференциска врска, донесе одлука почетокот на второто полугодие на учебната година за основните и средните училишта да се одложи, односно наставата со физичко присуство да продолжи на 1 февруари, согласно заклучокот од Главниот координативен кризен ковид-19 штаб и согласно епидемиолошките информации дека земјата се наоѓа во пик на заразата. Одлуката второто полугодие да продолжи на 1 февруари нема да влијае на крајот на учебната година и таа ќе заврши на 10 јуни како што е предвидено во календарот за настаната програма за основно и средно образование, со соодветна адаптација на наставните планови. Како дел од одлуката за одложување на стартот на второто полугодие на учебната година се и задолженијата и укажувањата за Министерството за здравство, Министерството за образование и наука, Секторот за односи со јавност во Владата на Република  Македонија, Јавното претпријатие МРТ да упатуваат апели до учениците и родителите максимално да се придржуваат до мерките и препораките за заштита од ковид-19, во домашни услови и на отворено. На оваа втора седница е донесена и Одлука за постоење на кризна состојба во снабдувањето со топлинска енергија. Со оваа одлука, донесена на предлог на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи, се утврдува постоење на кризна состојба во снабдувањето со топлинска енергија на подрачјето на град Скопје, заради недостиг на топлинска енергија, можноста за користење на алтернативно гориво и состојбите на пазарот на топлинска енергија. Со денот на влегувањето во сила на оваа одлука, на предлог на Комисијата за следење на состојбите со снабдување со топлинска енергија која што ја формираше Министерството за економија, ќе се преземат мерки и активности во врска со обезбедување дополнителни количини на топлинска енергија согласно утврдената кризна состојба, согласно Законот за енергетика и Уредбата за критериумите и условите за прогласување на кризна состојба во случаи на временски и природни непогоди, хаварии и нарушувања на пазари на топлинска енергија.

The post Владата утврди кризна состојба за снабдување со топлинска енергија appeared first on Република.

]]>