одложено рочиште Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/odlozeno-rochishte/ За подобро да се разбереме Tue, 28 Feb 2023 10:19:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png одложено рочиште Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/odlozeno-rochishte/ 32 32 Пендиков не се појави на рочиштето, одложено е за еден месец https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/pendikov-ne-se-pojavi-na-rochishteto-odlozheno-e-za-eden-mesets/ Tue, 28 Feb 2023 10:17:32 +0000 https://republika.mk/?p=614141

Основниот суд во Охрид денеска одлучи да го одложи првото рочишта за нападот врз Христијан Пендиков, секретар на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“. Судот го прифати барањето на одбраната на обвинетите за одложување, затоа што во судот не беше пристигнат оштетениот, односно Пендиков.

„Не знаеме кога ќе може да присуствува Пендиков поради медицински причини, се зависи од рочиштето“, одговориле обвинителите во предметот.
Судот следното рочиште го закажа за 5 април.

Од охридското обвинителство изјавија дека се обидуваат да стапат во контакт со Пендиков, кој сега живее во Бугарија под заштита на таа земја.

За нападот обвинет е Илија Спасески кој беше уапсен неколку дена по нападот врз Пендиков. На 22 февруари беше пуштен од притвор, а истиот ден беше приведен вториот напаѓач на Пендиков, битолчанецот Б.А. На битолчанецот судот му го одзеде пасошот.

Според обвинителството, делото е извршено од омраза поради национална и етничката припадност.

На 19 јануари, осомничениот битолчанец, заедно со уште едно лице против кое веќе се води постапка и е поднесено обвинение, од омраза поради националната и етничката припадност нападнале еден оштетен кој се изјаснувал како Бугарин, го удирале со раце и нозе по главата и телото и тешко телесно го повредиле, се вели во соопштениото од Обвинителството.

Како што посочуваат во соопштението, во тек е собирање докази за проверка на наводите изнесени во поднесената кривична пријава против осомничениот, за што, во својство на сведок, неопходно е да учествува и Пендиков.

The post Пендиков не се појави на рочиштето, одложено е за еден месец appeared first on Република.

]]>

Основниот суд во Охрид денеска одлучи да го одложи првото рочишта за нападот врз Христијан Пендиков, секретар на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“. Судот го прифати барањето на одбраната на обвинетите за одложување, затоа што во судот не беше пристигнат оштетениот, односно Пендиков. „Не знаеме кога ќе може да присуствува Пендиков поради медицински причини, се зависи од рочиштето“, одговориле обвинителите во предметот. Судот следното рочиште го закажа за 5 април. Од охридското обвинителство изјавија дека се обидуваат да стапат во контакт со Пендиков, кој сега живее во Бугарија под заштита на таа земја. За нападот обвинет е Илија Спасески кој беше уапсен неколку дена по нападот врз Пендиков. На 22 февруари беше пуштен од притвор, а истиот ден беше приведен вториот напаѓач на Пендиков, битолчанецот Б.А. На битолчанецот судот му го одзеде пасошот. Според обвинителството, делото е извршено од омраза поради национална и етничката припадност. На 19 јануари, осомничениот битолчанец, заедно со уште едно лице против кое веќе се води постапка и е поднесено обвинение, од омраза поради националната и етничката припадност нападнале еден оштетен кој се изјаснувал како Бугарин, го удирале со раце и нозе по главата и телото и тешко телесно го повредиле, се вели во соопштениото од Обвинителството. Како што посочуваат во соопштението, во тек е собирање докази за проверка на наводите изнесени во поднесената кривична пријава против осомничениот, за што, во својство на сведок, неопходно е да учествува и Пендиков.

The post Пендиков не се појави на рочиштето, одложено е за еден месец appeared first on Република.

]]>
„Шпански скали“ се одложи зошто почина еден од обвинетите, судијката бараше доказ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/shpanski-skali-se-odlozi-zoshto-pochina-eden-od-obvinetite-sudijkata-barashe-dokaz/ Wed, 30 Nov 2022 09:46:34 +0000 https://republika.mk/?p=579942

Денешното рочиште за случајот „Шпански скали“ се одложи, поради смртта на една од обвинетите, Емилија Радојкова. Судијката Фанка Јанчулева Михаиловска рече дека усно ја добила оваа тажна вест, но оти ќе ѝ биде потребен и официјален документ за смртта.

Случајот се наоѓа во доказна постапка, а следното рочиште е закажано за 21 декември.

Во случајот „Шпански скали“, покрај Радојкова, обвинети се и поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, Димитар Димовски, Билјана Дејановска-Димитровска, Виолета Самарџиска, Анета Јорданова, Дејан Митевски, Снежана Крстевска, Ристо Папазов, Лидија Смиљановска и Марјан Јованов.

Тие се товарат дека со незаконската продажба на парцелите пред зградата на ЕВН на плоштадот во Скопје ја оштетиле државата за 2,6 милиони евра.

The post „Шпански скали“ се одложи зошто почина еден од обвинетите, судијката бараше доказ appeared first on Република.

]]>

Денешното рочиште за случајот „Шпански скали“ се одложи, поради смртта на една од обвинетите, Емилија Радојкова. Судијката Фанка Јанчулева Михаиловска рече дека усно ја добила оваа тажна вест, но оти ќе ѝ биде потребен и официјален документ за смртта. Случајот се наоѓа во доказна постапка, а следното рочиште е закажано за 21 декември. Во случајот „Шпански скали“, покрај Радојкова, обвинети се и поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, Димитар Димовски, Билјана Дејановска-Димитровска, Виолета Самарџиска, Анета Јорданова, Дејан Митевски, Снежана Крстевска, Ристо Папазов, Лидија Смиљановска и Марјан Јованов. Тие се товарат дека со незаконската продажба на парцелите пред зградата на ЕВН на плоштадот во Скопје ја оштетиле државата за 2,6 милиони евра.

The post „Шпански скали“ се одложи зошто почина еден од обвинетите, судијката бараше доказ appeared first on Република.

]]>