Маглата во Скопје го отежнува авионскиот и патниот сообраќај. Дел од летовите на Меѓународниот аеродром во Скопје се откажани или одложени. Поради маглата намалена и видливоста и на неколку патни правци низ државата.
Според информациите на веб страницата на Меѓународниот аеродром, откажани се летовите од Бремен и Дортмунд, а одложен е летот од Истанбул. Единствено, на скопскиот аеродром слетал авионот од Виена. За околу четири часа е одложено и полетувањето за Истанбул и за околу 50 минути летот за Лондон.
Во делот на патниот сообраќај, Авто мото сојузот на Македонија утринава информираше дека намалена видливост има на неколку патни правци во државата. Намалена видливост до 40 м има на патните правци Тетово – Групчин и Кочани-Виница-Македонска Каменица, а видливост од 50м до 100м на патните правци Битола-Прилеп,Скпје-Кумануво,Скопје-Велес , Велес-Катланово и Кочани-Штип.
The post Маглата го отежнува авионскиот сообраќај, одложени и откажани летови од скопскиот аеродром appeared first on Република.
]]>The post Маглата го отежнува авионскиот сообраќај, одложени и откажани летови од скопскиот аеродром appeared first on Република.
]]>Обилниот снег и снежните виулици одложија илјадници летови на источниот брег на САД. Поради лошите временски услови илјадници домаќинства останаа без струја.
Снежната бура доведе до торнадо на Флорида. Околу 120.000 луѓе останаа без електрична енергија, а најголеми проблеми со струјата има во Западна Вирџинија, Северна и Јужна Каролина и Џорџија.
Метеоролозите предвидуваат дека снегот ќе продолжи да паѓа во сојузните држави Њујорк и Њу Ингланд. Снежната покривка во Охајо изнесува 70 сантиметри.
Во многу делови на канадските провинции Квебек и Онтарио се издадени предупредувања за виулици, а голем број училишта се затворени.
The post Илјадници летови во САД и Канада се одложени поради снежно невреме appeared first on Република.
]]>The post Илјадници летови во САД и Канада се одложени поради снежно невреме appeared first on Република.
]]>