Познатиот македонски уметник со светско реноме Киро Урдин е одликуван со орден „Витез во редот на уметноста и книжевноста“ на Француската Република, за придонес во развојот на пријателството и културните врски меѓу Франција и Македонија.
На свеченоста во француската резиденција, синоќа во Скопје во присуство на негови блиски, пријатели и почитувачи орденот на Урдин му го врачи амбасадорот на Република Франција Сирил Бомгартнер кој се осврна на неговиот плодотворен и уникатен творечки пат. Од почетоците кога како несуден адвокат со завршен правен факултет на Универзитетот во Белград заминува за Париз во 70-те години, градот на светлината и колевката на уметноста, преку работата во најразлични простори на сите пет континенти се до денешни дни, стекнувајќи меѓународен углед, амбасадорот Бомгартнер посебно се задржа на „планетаризмот“, движење основано од Урдин.
The post Киро Урдин одликуван со „Витез во редот на уметноста и книжевноста“ од Француската Република appeared first on Република.
]]>The post Киро Урдин одликуван со „Витез во редот на уметноста и книжевноста“ од Француската Република appeared first on Република.
]]>