одисеј Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/odisej/ За подобро да се разбереме Sat, 24 Feb 2024 19:42:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png одисеј Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/odisej/ 32 32 Бајден: Америка повторно го води човештвото на Месечината https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/bajden-amerika-povtorno-go-vodi-choveshtvoto-na-mesechinata/ Sat, 24 Feb 2024 19:42:47 +0000 https://republika.mk/?p=747943

Американскиот претседател Џо Бајден излезе со изјава по повод успешното слетување на американската сонда „Одисеј“ на површината на Месечината.

Ова е првиот приватен вселенски апарат кој успешно стигна на површината на Месечината.

Во четврток вечерта за прв пат по 50 години, американски вселенски брод слета на Месечината, што стана возбудлив чекор напред во една нова ера на истражување на вселената, се вели во изјавата на Бајден.

Автоматската сонда за слетување на Месечината наречена „Одисеј“, стартуваше на 15 февруари од космодромот на Вселенскиот центар Кенеди на НАСА на Флорида. Во четвртокот таа испрати снимки од Месечината наоѓајќи се на ниска орбита околу неа, пред да слета недалеку од Јужниот пол.

Бајден истакна дека мисијата направила важен исчекор како прво слетување на Месечината од американска компанија.

„Одисеј“ е јавно-приватно партнерство меѓу НАСА и американската компанија „Интуитив машинс“. Тој успех стана реалност благодарејќи на американската генијалност, иновација и љубопитност. Тоа е првата од следните државни и приватни вселенски мисии во рамките на програмата „Артемида“ кој ги обединува напорите на меѓународните и комерцијалните партнери во мисии за враќање на луѓето на Месечината за првпат по десетици години. Америка одново го носи човештвото на Месечината, истакна Бајден.

Програмата за испраќање на луѓето на Месечината, што во 1962 година ја објави претседателот Џон Кенеди, стана реалност само седум години подоцна за време на вселенска трка со Советскиот Сојуз, кога САД успееја да ги испратат првите луѓе на Месечината, кои потоа и успешно се вратија на Земјата.

The post Бајден: Америка повторно го води човештвото на Месечината appeared first on Република.

]]>

Американскиот претседател Џо Бајден излезе со изјава по повод успешното слетување на американската сонда „Одисеј“ на површината на Месечината. Ова е првиот приватен вселенски апарат кој успешно стигна на површината на Месечината.
Во четврток вечерта за прв пат по 50 години, американски вселенски брод слета на Месечината, што стана возбудлив чекор напред во една нова ера на истражување на вселената, се вели во изјавата на Бајден.
Автоматската сонда за слетување на Месечината наречена „Одисеј“, стартуваше на 15 февруари од космодромот на Вселенскиот центар Кенеди на НАСА на Флорида. Во четвртокот таа испрати снимки од Месечината наоѓајќи се на ниска орбита околу неа, пред да слета недалеку од Јужниот пол. Бајден истакна дека мисијата направила важен исчекор како прво слетување на Месечината од американска компанија.