ОДИХР Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/odihr/ За подобро да се разбереме Wed, 05 Jun 2024 07:17:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ОДИХР Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/odihr/ 32 32 Шидер: На изборите во Србија не се почитуваа препораките на мисијата на ОДИХР https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/shider-na-izborite-vo-srbija-ne-se-pochituvaa-preporakite-na-misijata-na-odihr/ Wed, 05 Jun 2024 07:17:04 +0000 https://republika.mk/?p=784818

Андреас Шидер, главниот кандидат на Социјалдемократската партија на Австрија на изборите за Европскиот парламент и набљудувач на декемвриските избори во Србија, денеска изјави дека е жално да се види дека на повторените неделни локални избори во Србока не беа испочитувани и имплементирани препораките на мисијата на ОДИХР за подобрување на изборните услови, како и дека претседателот на државата Александар Вучиќ е сојузник на рускиот претседател Владимир Путин.

Ова е жално, особено ако се има предвид дека во последните години политичкиот систем во Србија станува сè понестабилен и се повеќе се карактеризира со авторитарни тенденции. Изборите сега се можност претседателот Александар Вучиќ и неговата партија да покажат во која насока сакаат да се развива земјата“, изјави Шидер за весникот Данас.

Се надеваме дека Србија ќе најде начин да се врати назад на конструктивниот реформски пат за владеење на правото и демократијата, рече тој.

Шидер додаде дека Србија, „како најголема земја во регионот, има голема одговорност да обезбеди стабилност и мир на Западен Балкан“.

Актуелната влада во Србија оди по пат кој секако не води поблиску до Европската унија (ЕУ). Не само што гледаме негативна реакција во однос на демократијата и владеењето на правото, туку и сојузникот на Путин кој владее во Србија. Доколку Вучиќ продолжи да води политика на овој начин, обидувајќи се да го дестабилизира целиот регион, треба да ги земеме предвид последиците како што е замрзнувањето на процесот на проширување на ЕУ, рече Шидер.

The post Шидер: На изборите во Србија не се почитуваа препораките на мисијата на ОДИХР appeared first on Република.

]]>

Андреас Шидер, главниот кандидат на Социјалдемократската партија на Австрија на изборите за Европскиот парламент и набљудувач на декемвриските избори во Србија, денеска изјави дека е жално да се види дека на повторените неделни локални избори во Србока не беа испочитувани и имплементирани препораките на мисијата на ОДИХР за подобрување на изборните услови, како и дека претседателот на државата Александар Вучиќ е сојузник на рускиот претседател Владимир Путин. Ова е жално, особено ако се има предвид дека во последните години политичкиот систем во Србија станува сè понестабилен и се повеќе се карактеризира со авторитарни тенденции. Изборите сега се можност претседателот Александар Вучиќ и неговата партија да покажат во која насока сакаат да се развива земјата“, изјави Шидер за весникот Данас. Се надеваме дека Србија ќе најде начин да се врати назад на конструктивниот реформски пат за владеење на правото и демократијата, рече тој. Шидер додаде дека Србија, „како најголема земја во регионот, има голема одговорност да обезбеди стабилност и мир на Западен Балкан“. Актуелната влада во Србија оди по пат кој секако не води поблиску до Европската унија (ЕУ). Не само што гледаме негативна реакција во однос на демократијата и владеењето на правото, туку и сојузникот на Путин кој владее во Србија. Доколку Вучиќ продолжи да води политика на овој начин, обидувајќи се да го дестабилизира целиот регион, треба да ги земеме предвид последиците како што е замрзнувањето на процесот на проширување на ЕУ, рече Шидер.

The post Шидер: На изборите во Србија не се почитуваа препораките на мисијата на ОДИХР appeared first on Република.

]]>
ОДИХР со над 300 набљудувачи на гласачките места низ земјава, заклучоците ќе ги соопшти утре https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/odihr-so-nad-300-nabluduvachi-na-glasachkite-mesta-niz-zemjava-zakluchotsite-ke-gi-soopshti-utre/ Wed, 08 May 2024 10:38:09 +0000 https://republika.mk/?p=775428

Мисијата на ОДИХР за набљудување на изборите има повеќе од 300 набљудувачи на гласачки места низ државава за следење на процесот на вториот круг од Претседателските избори и на Парламентарните избори.

Џилијан Стирк, која ја предводи мисијата на ОДИХР, по посета на гласачко место во основното училиште „Јохан Хајнрих Песталоци“ во Центар, изјави дека заклучоците ќе ги соопштат откако ќе ги добијат резултатите од нивните набљудувачи распоредени низ државава и дека мисијата ОДИХР ги оценува изборите во согласност со меѓународните обврски и домашното законодавство.

Избирачкото место каде што сме утрово е секако само едно од многуте во земјава. Ќе ги разгледаме другите резултати како што пристигнуваат од целата земја, а потоа ќе ги донесеме нашите заклучоци базирани на набљудувањата кои ни се обезбедени од нашите многубројни набљудувачи, изјави Стирк.

Првичните резултати од набљудувањето мисијата ќе ги соопшти утре во 15 часот во х. „Александар палас“.

Претставничката на ОДИХР со нејзиниот тим е во Скопје од 20 март и, како што рече, имаат и долгорочни набљудувачи распоредени низ целата земја на девет различни локации следејќи ги сите аспекти во подготовките за овие избори.

The post ОДИХР со над 300 набљудувачи на гласачките места низ земјава, заклучоците ќе ги соопшти утре appeared first on Република.

]]>

Мисијата на ОДИХР за набљудување на изборите има повеќе од 300 набљудувачи на гласачки места низ државава за следење на процесот на вториот круг од Претседателските избори и на Парламентарните избори. Џилијан Стирк, која ја предводи мисијата на ОДИХР, по посета на гласачко место во основното училиште „Јохан Хајнрих Песталоци“ во Центар, изјави дека заклучоците ќе ги соопштат откако ќе ги добијат резултатите од нивните набљудувачи распоредени низ државава и дека мисијата ОДИХР ги оценува изборите во согласност со меѓународните обврски и домашното законодавство. Избирачкото место каде што сме утрово е секако само едно од многуте во земјава. Ќе ги разгледаме другите резултати како што пристигнуваат од целата земја, а потоа ќе ги донесеме нашите заклучоци базирани на набљудувањата кои ни се обезбедени од нашите многубројни набљудувачи, изјави Стирк. Првичните резултати од набљудувањето мисијата ќе ги соопшти утре во 15 часот во х. „Александар палас“. Претставничката на ОДИХР со нејзиниот тим е во Скопје од 20 март и, како што рече, имаат и долгорочни набљудувачи распоредени низ целата земја на девет различни локации следејќи ги сите аспекти во подготовките за овие избори.

The post ОДИХР со над 300 набљудувачи на гласачките места низ земјава, заклучоците ќе ги соопшти утре appeared first on Република.

]]>
ОДИХР првичните резултати за изборниот ден ќе ги презентира утре https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/odihr-prvichnite-rezultati-za-izborniot-den-ke-gi-prezentira-utre/ Wed, 24 Apr 2024 10:14:56 +0000 https://republika.mk/?p=770006

По посета на две избирачки места претпладнево, претставничката на меѓународната мисијата за набљудување на изборите ОДИХР, оцени дека почетокот е добар, но целосна проценка за тоа како се одвива изборниот процес ќе имаат откако на крајот на денот ќе ги соберат податоците од гласачки места низ целата држава.

Досега посетив само две избирачки места и од утрово таму сè се одвиваше непречено. Но, ова се само две од многуте избирачки места, така што навистина не можеме да извлечеме заклучоци до крајот на денот - изјави Џилијан Стирк, која ја предводи мисијата за набљудување на изборите на ОДИХР во земјава.

Соопшти дека денеска имаат повеќе од 200 набљудувачи распоредени низ сите региони во државава, како и долгорочни набљудувачи кои се тука од отворањето на мисијата, на крајот на март. Посочи дека ги набљудуваат изборите во Македонија оценувајќи ги според меѓународните обврски и домашното законодавство.

Колективно го оценуваме целиот изборен процес, од законодавната рамка до самото спроведување на изборите, вклучувајќи го и финансирањето на кампањата и, секако, улогата на медиумите. Утре ќе ги презентираме нашите првични резултати, ќе одржиме прес-конференција, сите сте добредојдени да ни се придружите таму и ќе има можност за новинарски прашања по кратката изјава што ќе ја дадам јас како и нашите партнери од Советот на Европа - рече Стирк.

The post ОДИХР првичните резултати за изборниот ден ќе ги презентира утре appeared first on Република.

Изборите ќе ги следат 915 домашни и 544 странски набљудувачи https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/izborite-ke-gi-sledat-915-domashni-i-544-stranski-nabluduvachi/ Wed, 24 Apr 2024 06:42:34 +0000 https://republika.mk/?p=769841

Вкупно 1601 набљудувач, странски новинари и преведувачи се акредитирани за следење на денешните Претседателски избори.

Како што соопшти Државната изборна комисија (ДИК) акредитирани се 915 домашни и 544 странски набљудувачи, како и 84 преведувачи и 58 странски новинари.

Од домашните, најбројни се набљудувачите на Здружението за развој на општествено-социјални новации Ваке уп – Скопје 752 набљудувачи, како и од мисијата на ОБСЕ/ОДИХР со 344 набљудувачи.

Освен овие организации акредитирани за набљудување на Изборите за претседател 2024 се Здружението на граѓани ЦИВИЛ – Центар за слобода – Скопје, Здружението за промоција и развој на инклузивно општество Инклузива Куманово, Фондацијата Ромите за демократија – Скопје, Парламентарното Собрание на Советот на Европа – ад хок комисија за набљудување претседателските избори во Република  Македонија, Националниот демократски институт за Надворешни работи, Вашингтон САД – подружница Република  Македонија, Центарот за развој на изборни системи, реформи и обука (тренинг центар) на Централна Изборна Комисија на Грузија, Амбасадата на Република Словачка во Скопје, Центарот за развој на изборни системи, реформи и обука (тренинг центар) на Централна Изборна Комисија на Грузија и Европската асоцијација за дијалог и демократија – Берген, Норвешка.

Изборите за шеф на државата ќе ги следат и 58 странски новинари, меѓу кои и од агенциите Ројтерс и Франс прес, Еуроњуз Албанија, Европската прес фото агенција – ЕПА, Ал Џазира Балкан, Гласот на Америка – македонска редакција, Топ Канал Албанија – отсек Косово и други.

Седмите претседателски избори во земјава ќе се одржат на 24 април, а евентуалниот втор круг заедно со парламентарните на 8 мај.

The post Изборите ќе ги следат 915 домашни и 544 странски набљудувачи appeared first on Република.

]]>

Вкупно 1601 набљудувач, странски новинари и преведувачи се акредитирани за следење на денешните Претседателски избори. Како што соопшти Државната изборна комисија (ДИК) акредитирани се 915 домашни и 544 странски набљудувачи, како и 84 преведувачи и 58 странски новинари. Од домашните, најбројни се набљудувачите на Здружението за развој на општествено-социјални новации Ваке уп – Скопје 752 набљудувачи, како и од мисијата на ОБСЕ/ОДИХР со 344 набљудувачи. Освен овие организации акредитирани за набљудување на Изборите за претседател 2024 се Здружението на граѓани ЦИВИЛ – Центар за слобода – Скопје, Здружението за промоција и развој на инклузивно општество Инклузива Куманово, Фондацијата Ромите за демократија – Скопје, Парламентарното Собрание на Советот на Европа – ад хок комисија за набљудување претседателските избори во Република  Македонија, Националниот демократски институт за Надворешни работи, Вашингтон САД – подружница Република  Македонија, Центарот за развој на изборни системи, реформи и обука (тренинг центар) на Централна Изборна Комисија на Грузија, Амбасадата на Република Словачка во Скопје, Центарот за развој на изборни системи, реформи и обука (тренинг центар) на Централна Изборна Комисија на Грузија и Европската асоцијација за дијалог и демократија – Берген, Норвешка. Изборите за шеф на државата ќе ги следат и 58 странски новинари, меѓу кои и од агенциите Ројтерс и Франс прес, Еуроњуз Албанија, Европската прес фото агенција – ЕПА, Ал Џазира Балкан, Гласот на Америка – македонска редакција, Топ Канал Албанија – отсек Косово и други. Седмите претседателски избори во земјава ќе се одржат на 24 април, а евентуалниот втор круг заедно со парламентарните на 8 мај.

The post Изборите ќе ги следат 915 домашни и 544 странски набљудувачи appeared first on Република.

]]>
Брнабиќ: Препораките на ОДИХР укажуваат дека изборите биле фер и чесни https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/brnabik-preporakite-na-odihr-ukazhuvaat-deka-izborite-bile-fer-i-chesni/ Wed, 28 Feb 2024 10:53:21 +0000 https://republika.mk/?p=749216

Српската премиерка Ана Брнабиќ за извештајот на ОДИХР на прес конференција, кажа дека тој конечно става крај на сите лаги и глупости и приказни за кражба на избори кои се појавија во јавноста по изборите во Србија на 17 декември минатата година, јави дописникот на МИА од Белград.

-Владата ќе продолжи да работи со ОДИХР и ОБСЕ со спроведување на препораките, извештајот е неспоредливо пообјективен од некои други набљудувачки мисии, не постојат докази или критики за она што некои го нарекоа изборна кражба, кажа Брнабиќ.

Како што додаде, во извештајот на ОДИХР сега има 25 препораки, што е помалку од изборите во 2022 година, што значи дека сме работеле и дека ситуацијата е многу подобра, дека е јасно дека во Србија имало фер, чесни и транспарентни избори.

-Во извештајот на ОДИХР има седум приоритетни препораки, но ниту еден збор не спомнува меѓународната истрага или било што поврзано со неа, заклучи Брнабиќ.

Таа наведе дека вкупниот број на претежно спроведени препораки е осум, а вкупниот број на делумно спроведени препораки е 33.

-Продолжуваме да работиме со ОДИХР и продолжуваме со имплементација на сите препораки на одборот во согласност со практиката што ја воведовме во Република Србија во 2019 година, од кога постои владина работна група за соработка со ОДИХР. Го цениме одборот. Дали се согласуваме со сè во овој извештај? Сигурно не. Но, продолжуваме да работиме на имплементација на препораките, рече Брнабиќ.

Таа порача дека кој и да ја предводи идната српска влада треба да соработува со ОДИХР, со оглед на тоа што Србија се обврза дека е посветена на понатамошна работа со ОДИХР.

-Го испративме тоа писмо и отидовме чекор подалеку и ја поканивме набљудувачката мисија на ОДИХР, да дојде и да ги набљудува локалните избори што треба да се одржат во Република Србија подоцна оваа година, изјави српската премиерка.

Во врска со т.н. „босански автобус“ Брнабиќ кажа дека во „извештајот на ОДИХР се наведува дека во текот на денот на изборите се ширеле тврдења за гласачи од странство, и во извештајот нема докази дека овие тврдења се точни, како и во Резолуцијата на ЕП, бидејќи не се точни“.

-Владата на Србија најостро ги осудува сите оние кои ги злоупотребиле јавните ресурси и ги злоупотребувале медиумите и, благодарение на постоењето на различни геополитички интереси, го искористиле сето тоа во последните месеци за да ја нападнат сопствената земја, затоа што тоа се случи, оцени таа.

Според премиерката, кога ќе се прочита извештајот и ќе се видат препораките, може да се види дека нема докази, нема критика за она што некои го нарекоа изборна кражба.

-Кога ќе ги погледнете препораките, јасно е дека во Србија имаше фер, чесни и транспарентни избори. Оттука, покажува дека изборите биле транспарентни, фер и во согласност со демократските норми, нагласи премиерката.

The post Брнабиќ: Препораките на ОДИХР укажуваат дека изборите биле фер и чесни appeared first on Република.

Дачиќ: Србија е благодарна што набљудувачите на ОДХИР ќе ги следат изборите https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/dachik-srbija-e-blagodarna-shto-nabluduvachite-na-odhir-ke-gi-sledat-izborite/ Thu, 30 Nov 2023 13:49:40 +0000 https://republika.mk/?p=718044

Србија е благодарна што набљудувачите на Канцеларијата на ОБСЕ за демократски институции и човекови права (ОДХИР) ќе ги следат претстојните парламентарни избори на 17 декември во Србија, шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ денеска во Скопје.

Дачиќ на маргините на министерскиот состанок на ОБСЕ имаше средба со директорот на ОДИХР, Матео Меккачи.

Србија ќе продолжи да работи на унапредување на изборниот процес во согласност со препораките на ОДИХР и очекува да продолжи соработката и на други теми.

Дачиќ и Меккачи, како што се наведува во соопштението на српското Министерство за надворешни работи, оцениле дека „досегашната соработка меѓу Србија и ОДИХР била пријателска и партнерска, со заемна доверба, со цел да се подобри изборниот процес, да се зајакнат демократските институции и да се спроведат реформи во приоритетните области“.

The post Дачиќ: Србија е благодарна што набљудувачите на ОДХИР ќе ги следат изборите appeared first on Република.

]]>

Србија е благодарна што набљудувачите на Канцеларијата на ОБСЕ за демократски институции и човекови права (ОДХИР) ќе ги следат претстојните парламентарни избори на 17 декември во Србија, шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ денеска во Скопје. Дачиќ на маргините на министерскиот состанок на ОБСЕ имаше средба со директорот на ОДИХР, Матео Меккачи. Србија ќе продолжи да работи на унапредување на изборниот процес во согласност со препораките на ОДИХР и очекува да продолжи соработката и на други теми. Дачиќ и Меккачи, како што се наведува во соопштението на српското Министерство за надворешни работи, оцениле дека „досегашната соработка меѓу Србија и ОДИХР била пријателска и партнерска, со заемна доверба, со цел да се подобри изборниот процес, да се зајакнат демократските институции и да се спроведат реформи во приоритетните области“.

The post Дачиќ: Србија е благодарна што набљудувачите на ОДХИР ќе ги следат изборите appeared first on Република.

]]>
Мекачи: Зголемен е бројот на политичари кои го користат холокаустот за политички поени https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mekachi-zgolemen-e-brojot-na-politichari-koi-go-koristat-holokaustot-za-politichki-poeni/ Mon, 06 Feb 2023 17:53:47 +0000 https://republika.mk/?p=605610

Постојат различни историски мислења за холокаустот во различни земји, а можевме да посведочиме и на зголемување на бројот на политичари кои го користат холокаустот за свои политички поени. Не сум тука да коментирам што кажала една или друга држава, но важно е да се проценат фактите и она што се случувало во минатото, рече на денешната прес-конференција директорот на ОДИХР, Матео Мекачи, во одговор на новинарско прашање.

Прашан за став во врска со изјавите на денешни политичари, на држава која денес негира дека воопшто испратила Евреи во логорите во Германија и Полска, Мекачи одговори дека ОДИХР не е историска институција, но целта е на конструктивен начин да се придонесе за заедничко разбирање на она што се случувало и да се избегне учество во вакви политички дискусии.

Овде сме за да зборуваме за борбата против антисемитизмот. Пред само неколку дена бев во Аушвиц по повод Меѓународниот ден на сеќавањата на жртвите од холокаустот, каде со свои очи можев да видам колку многу Евреи од сите места од Европа биле депортирани. Мислам дека е важно за нас да се обидеме да продолжиме да го шириме знаењето за тоа што се случило тогаш, и да продолжиме да соработуваме на конструктивен начин со сите соговорници, за да се справиме со ова. Како што споменав, образованието е клучна алатка за да се направи тоа, рече Мекачи.

The post Мекачи: Зголемен е бројот на политичари кои го користат холокаустот за политички поени appeared first on Република.

]]>

Постојат различни историски мислења за холокаустот во различни земји, а можевме да посведочиме и на зголемување на бројот на политичари кои го користат холокаустот за свои политички поени. Не сум тука да коментирам што кажала една или друга држава, но важно е да се проценат фактите и она што се случувало во минатото, рече на денешната прес-конференција директорот на ОДИХР, Матео Мекачи, во одговор на новинарско прашање. Прашан за став во врска со изјавите на денешни политичари, на држава која денес негира дека воопшто испратила Евреи во логорите во Германија и Полска, Мекачи одговори дека ОДИХР не е историска институција, но целта е на конструктивен начин да се придонесе за заедничко разбирање на она што се случувало и да се избегне учество во вакви политички дискусии.