одговор Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/odgovor/ За подобро да се разбереме Mon, 18 Nov 2024 10:26:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png одговор Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/odgovor/ 32 32 Русите подготвуваат крвава одмазда по одлуката на Западот: Одговорот е неизбежен https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/rusite-podgotvuvaat-krvava-odmazda-po-odlukata-na-zapadot-odgovorot-e-neizbezhen/ Mon, 18 Nov 2024 10:08:07 +0000 https://republika.mk/?p=839071

Удари на војната инфраструктура на Украина, вклучувајќи ги аеродромите и складиштата за оружје, ќе го спречат лансирањето на тактички проектили насочени длабоко во Руската Федерација. Ова го најави шефот на Комитетот за одбрана на Државната дума, Андреј Картаполов, коментирајќи ја одлуката на западните земји да дозволат удари со далекудометно оружје на Русија.

Мораме да извлечеме заклучоци, сега мораме да продолжиме со удари по аеродромите како би се исклучила можноста за полетување на авионите. Тоа значи дека ракетите кои се испалуваат од воздух, нема да бидат користени - забележал Картаполов.

Мораме да дознаеме каде се залихите на овие проектили, па да удриме по транспортот, складиштата и инфраструктурата- додал тој.

Според Картаполов, одговор на одлуката на западните земји е неизбежен.

The post Русите подготвуваат крвава одмазда по одлуката на Западот: Одговорот е неизбежен appeared first on Република.

]]>

Удари на војната инфраструктура на Украина, вклучувајќи ги аеродромите и складиштата за оружје, ќе го спречат лансирањето на тактички проектили насочени длабоко во Руската Федерација. Ова го најави шефот на Комитетот за одбрана на Државната дума, Андреј Картаполов, коментирајќи ја одлуката на западните земји да дозволат удари со далекудометно оружје на Русија. Мораме да извлечеме заклучоци, сега мораме да продолжиме со удари по аеродромите како би се исклучила можноста за полетување на авионите. Тоа значи дека ракетите кои се испалуваат од воздух, нема да бидат користени - забележал Картаполов. Мораме да дознаеме каде се залихите на овие проектили, па да удриме по транспортот, складиштата и инфраструктурата- додал тој. Според Картаполов, одговор на одлуката на западните земји е неизбежен.

The post Русите подготвуваат крвава одмазда по одлуката на Западот: Одговорот е неизбежен appeared first on Република.

]]>
Тошковски му одговори на Кривичниот суд: Определивме куќен притвор за странец https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/toshkovski-mu-odgovori-na-krivichniot-sud-opredelivme-kuken-pritvor-za-stranets/ Mon, 19 Aug 2024 14:02:30 +0000 https://republika.mk/?p=807992

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски одговори по прозивката од Кривичниот суд кој топката ја префрли кај МВР.

„Факт број 1: Кривичниот суд определи куќен притвор за странец кој беше уапсен по меѓународна потерница од Интерпол.

Факт број 2: Согласно член 163 став 5 од Законот за кривична постапка, „судот врши надзор над куќниот притвор, а надзорот може да го довери на полицијата, определувајќи го и начинот на неговото извршување“.

Факт број 3: Во овој случај, во решението за куќен притвор на предметното лице, судот определил дека надзорот над куќниот притвор се доверува на МВР, СВР Скопје, ПС ОН Чаир, притоа не определувајќи го начинот на извршување, иако тоа е законска обврска согласно горенаведената одредба од членот 163.

Факт број 4: Во моето повеќегодишно искуство како адвокат, се имам сретнато со решенија за определување на куќен притвор каде прецизно било определено на кој начин да се извршува надзорот од страна на полицијата.

Факт број 5: Согласно досегашната воспоставена пракса, добропозната за Судот, при извршување на мерка “куќен притвор“, полицијата не го обезбедува 24 часа домот каде се извршува мерката, туку повремено, во определени временски интервали, ненајавено го проверува присуството на лицето во неговиот дом. И покрај тоа што судот не го определил начинот на вршење надзор, од страна на СВР Скопје во повеќе наврати биле вршени проверки, при што последната проверка е извршена на 13.08.2024 година, кога лицето било на предметната адреса, за што од страна на полициските службеници е изготвен и соодветен службен материјал.

Ја повикувам јавноста, особено стручната фела, внимателно да го следи овој случај, бидејќи неговиот исход ќе биде од суштинско значење за воспоставувањето на правдата и довербата во судскиот систем во Македонија.“, вели Тошковски.

The post Тошковски му одговори на Кривичниот суд: Определивме куќен притвор за странец appeared first on Република.

]]>

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски одговори по прозивката од Кривичниот суд кој топката ја префрли кај МВР. „Факт број 1: Кривичниот суд определи куќен притвор за странец кој беше уапсен по меѓународна потерница од Интерпол. Факт број 2: Согласно член 163 став 5 од Законот за кривична постапка, „судот врши надзор над куќниот притвор, а надзорот може да го довери на полицијата, определувајќи го и начинот на неговото извршување“. Факт број 3: Во овој случај, во решението за куќен притвор на предметното лице, судот определил дека надзорот над куќниот притвор се доверува на МВР, СВР Скопје, ПС ОН Чаир, притоа не определувајќи го начинот на извршување, иако тоа е законска обврска согласно горенаведената одредба од членот 163. Факт број 4: Во моето повеќегодишно искуство како адвокат, се имам сретнато со решенија за определување на куќен притвор каде прецизно било определено на кој начин да се извршува надзорот од страна на полицијата. Факт број 5: Согласно досегашната воспоставена пракса, добропозната за Судот, при извршување на мерка “куќен притвор“, полицијата не го обезбедува 24 часа домот каде се извршува мерката, туку повремено, во определени временски интервали, ненајавено го проверува присуството на лицето во неговиот дом. И покрај тоа што судот не го определил начинот на вршење надзор, од страна на СВР Скопје во повеќе наврати биле вршени проверки, при што последната проверка е извршена на 13.08.2024 година, кога лицето било на предметната адреса, за што од страна на полициските службеници е изготвен и соодветен службен материјал. Ја повикувам јавноста, особено стручната фела, внимателно да го следи овој случај, бидејќи неговиот исход ќе биде од суштинско значење за воспоставувањето на правдата и довербата во судскиот систем во Македонија.“, вели Тошковски.

The post Тошковски му одговори на Кривичниот суд: Определивме куќен притвор за странец appeared first on Република.

]]>
Маската значи дека верниците не треба да бидат пијаници, им одговорија вевчанци на свештениците од Бигорски манастир https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/maskata-znachi-deka-vernitsite-ne-treba-da-bidat-pijanitsi-im-odgovorija-vevchantsi-na-sveshtenitsite-od-bigorski-manastir/ Mon, 15 Jan 2024 12:52:17 +0000 https://republika.mk/?p=733258

Вевчанци им одговорија на свештениците од Бигорски манастир, кој ги обвинија за богохулие поради маската на Исус со крст од пивски гајби. Преку социјалните мрежи, вевчанци велат: „Св.Васиља е традиција стара поќе од 1400 години. Постара од МПЦ, постара од Бигорски Манастир“.

Ова доаѓа откако и цела јавност побараа религијата да не биде дел од карневал.

„Маските што се присутни на карневалот се олицетворење на неубајната, со цел таа неубајна да се истерат, да избегат лошјот дух. Маскава конкретно што е коментирате и што непотребно барате извинвење го отсликвит чвекот „верник“ како пијаница. Верниците не требит да се пијаници и затва пијаницата е претставена во ваква форма. Пример како не требит да е чвекот кој го носит божјот дух во себе и е создаден од Господ. Драги монаси од Бигорски кој до вчера имавте голема почит од сите вевчанци. Видете се порво самите. Видете го вашјот Епископ Партениј, па чвекот носит илјадници евра златен керст на него. Не е страмота? Не е страмота деца да гладовет, љуѓе со 100 денари да го ворвет денот, а вие да носите керстој златни што чинет илјадници евра?“, велат вевчанци.

https://republika.mk/vesti/kultura/ostri-kritiki-za-maskata-so-isus-i-krstot-od-gajbi/

Тие додаваат: „За останатата јавност. Не мојт секој да разберит. Не мојт секој да го разберит значењето на хуморот и сатирата која Вевчани е прикажвит кон вас. Истите вие што критиковате за маските Вевчани, маските ве отсликвет вас, вашите грешни постапки низ целата година вметнати се во маските кој на 13 и 14 јануари продефилирвет во Вевчани.
Вевчани било и ќа бидит. Св.Васиља била и ќа бидит. Вие мојт да не сте, ама Св.Васиља Ѐ и ќа Ѐ, стално!“.

 

The post Маската значи дека верниците не треба да бидат пијаници, им одговорија вевчанци на свештениците од Бигорски манастир appeared first on Република.

]]>

Вевчанци им одговорија на свештениците од Бигорски манастир, кој ги обвинија за богохулие поради маската на Исус со крст од пивски гајби. Преку социјалните мрежи, вевчанци велат: „Св.Васиља е традиција стара поќе од 1400 години. Постара од МПЦ, постара од Бигорски Манастир“. Ова доаѓа откако и цела јавност побараа религијата да не биде дел од карневал. „Маските што се присутни на карневалот се олицетворење на неубајната, со цел таа неубајна да се истерат, да избегат лошјот дух. Маскава конкретно што е коментирате и што непотребно барате извинвење го отсликвит чвекот „верник“ како пијаница. Верниците не требит да се пијаници и затва пијаницата е претставена во ваква форма. Пример како не требит да е чвекот кој го носит божјот дух во себе и е создаден од Господ. Драги монаси од Бигорски кој до вчера имавте голема почит од сите вевчанци. Видете се порво самите. Видете го вашјот Епископ Партениј, па чвекот носит илјадници евра златен керст на него. Не е страмота? Не е страмота деца да гладовет, љуѓе со 100 денари да го ворвет денот, а вие да носите керстој златни што чинет илјадници евра?“, велат вевчанци. https://republika.mk/vesti/kultura/ostri-kritiki-za-maskata-so-isus-i-krstot-od-gajbi/ Тие додаваат: „За останатата јавност. Не мојт секој да разберит. Не мојт секој да го разберит значењето на хуморот и сатирата која Вевчани е прикажвит кон вас. Истите вие што критиковате за маските Вевчани, маските ве отсликвет вас, вашите грешни постапки низ целата година вметнати се во маските кој на 13 и 14 јануари продефилирвет во Вевчани. Вевчани било и ќа бидит. Св.Васиља била и ќа бидит. Вие мојт да не сте, ама Св.Васиља Ѐ и ќа Ѐ, стално!“.  

The post Маската значи дека верниците не треба да бидат пијаници, им одговорија вевчанци на свештениците од Бигорски манастир appeared first on Република.

]]>