оддел за заштита на личности и објекти Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/oddel-za-zashtita-na-lichnosti-i-objekti/ За подобро да се разбереме Wed, 15 May 2024 15:44:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png оддел за заштита на личности и објекти Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/oddel-za-zashtita-na-lichnosti-i-objekti/ 32 32 Тошковски во посета на Одделот за заштита на определени личности и објекти https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/toshkovski-vo-poseta-na-oddelot-za-zashtita-na-opredeleni-lichnosti-i-objekti/ Wed, 15 May 2024 15:44:36 +0000 https://republika.mk/?p=778424

Министерот за внатрешни работи во техничката Влада, Панче Тошковски денеска го посети Одделот за заштита на определени личности и објекти при Бирото за јавна безбедност, каде одржа состанок со поширокото раководство, информираат попладнево од надлежното министерство, соопшти МВР.

Тошковски бил запознат со структурата на Одделот и делокругот на работа што опфаќа обезбедување на домашни и странски ВИП-личности, обезбедување на објекти од посебно значење, обезбедување на дипломатско-конзуларни претставништва во државава, како и обезбедување на манифестации.

Тошковски изјавил дека дека „во делот на човечките ресурси и овој оддел се соочува со недостаток, бидејќи пополнетоста е на незадоволителни 55 отсто, имајќи ги предвид видот и спецификите на нивната работа“.

- Состојбата со возила е лоша како и во најголем дел од организациските единици во МВР, а освен возилата за оперативно работење што се стари и амортизирани, има недостаток и на соодветни возила за превезување странски делегации. Имајќи предвид дека ова е специфична служба што е лицето на Министерството за внатрешни работи при посети на странски делегации, во иднина е потребно да се изврши преструктуирање, спроведување соодветни обуки за вработените и инвестирање во современа опрема и возила, неопходна за ефикасно и професионално извршување на нивните задачи, смета Тошковски.

The post Тошковски во посета на Одделот за заштита на определени личности и објекти appeared first on Република.

]]>

Министерот за внатрешни работи во техничката Влада, Панче Тошковски денеска го посети Одделот за заштита на определени личности и објекти при Бирото за јавна безбедност, каде одржа состанок со поширокото раководство, информираат попладнево од надлежното министерство, соопшти МВР. Тошковски бил запознат со структурата на Одделот и делокругот на работа што опфаќа обезбедување на домашни и странски ВИП-личности, обезбедување на објекти од посебно значење, обезбедување на дипломатско-конзуларни претставништва во државава, како и обезбедување на манифестации. Тошковски изјавил дека дека „во делот на човечките ресурси и овој оддел се соочува со недостаток, бидејќи пополнетоста е на незадоволителни 55 отсто, имајќи ги предвид видот и спецификите на нивната работа“. - Состојбата со возила е лоша како и во најголем дел од организациските единици во МВР, а освен возилата за оперативно работење што се стари и амортизирани, има недостаток и на соодветни возила за превезување странски делегации. Имајќи предвид дека ова е специфична служба што е лицето на Министерството за внатрешни работи при посети на странски делегации, во иднина е потребно да се изврши преструктуирање, спроведување соодветни обуки за вработените и инвестирање во современа опрема и возила, неопходна за ефикасно и професионално извршување на нивните задачи, смета Тошковски.

The post Тошковски во посета на Одделот за заштита на определени личности и објекти appeared first on Република.

]]>