Одбрана на сакатиот Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/odbrana-na-sakatiot/ За подобро да се разбереме Fri, 31 May 2024 13:47:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Одбрана на сакатиот Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/odbrana-na-sakatiot/ 32 32 „Одбраната на сакатиот“ вечерва во Театар Комедија https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/odbranata-na-sakatiot-vecherva-vo-teatar-komedija/ Fri, 31 May 2024 13:47:48 +0000 https://republika.mk/?p=783584

Во Театар Комедија во Скопје вечер ќе гостува актерот Симон Шербинек од Словенија, со претставата „Одбраната на сакатиот“.

Оваа претстава е продолжение на соработката на актерот Шербинек и режисерот Матјаж Латин, кои во 2021 година ја создадоа монодрамата „Кревкост“. „Кревкост“ е заснована на есеј на познатиот француски режисер Жан-Клод Кариер, додека „Одбраната на сакатиот“ е „комедија“ која на оригинален начин ја прикажува автобиографската приказна на актерот за рехабилитацијата и интеграцијата на лицата со попреченост во општеството.

Претставата тематизира различни видови попреченост, односно физички и психолошки дијагнози.

„Одбраната на сакатиот“ е монодрама со поднаслов „комедија“ и комбинира елементи од различни жанрови, од социјално ангажирана стенд-ап комедија до документарен реализам. Разоткривањето има клучно значење - искрена и интимна лична приказна на актерот, која судбински го одбележала неговиот живот и го стигматизирала.

Режисер на претставата е Матјаж Латин, костимограф: Мири Стрнад, избор на музика е на Матјаж Латин, уредник на звучни записи е Марко Јакопанец, дизајн на куклата е на Петер Шкерл, автор на извадок од бајка е Светлана Макарович, продуцент е Славко Шкворц, продукција Куд Борза, копродуценти Куклен театар Марибор и Друштво на параплегичари од Подравје.

Гостувањето на „Одбраната на сакатиот“ на сцената на Театар Комедија го овозможи Амбасадата на Република Словенија во Скопје.

The post „Одбраната на сакатиот“ вечерва во Театар Комедија appeared first on Република.

]]>

Во Театар Комедија во Скопје вечер ќе гостува актерот Симон Шербинек од Словенија, со претставата „Одбраната на сакатиот“. Оваа претстава е продолжение на соработката на актерот Шербинек и режисерот Матјаж Латин, кои во 2021 година ја создадоа монодрамата „Кревкост“. „Кревкост“ е заснована на есеј на познатиот француски режисер Жан-Клод Кариер, додека „Одбраната на сакатиот“ е „комедија“ која на оригинален начин ја прикажува автобиографската приказна на актерот за рехабилитацијата и интеграцијата на лицата со попреченост во општеството. Претставата тематизира различни видови попреченост, односно физички и психолошки дијагнози. „Одбраната на сакатиот“ е монодрама со поднаслов „комедија“ и комбинира елементи од различни жанрови, од социјално ангажирана стенд-ап комедија до документарен реализам. Разоткривањето има клучно значење - искрена и интимна лична приказна на актерот, која судбински го одбележала неговиот живот и го стигматизирала. Режисер на претставата е Матјаж Латин, костимограф: Мири Стрнад, избор на музика е на Матјаж Латин, уредник на звучни записи е Марко Јакопанец, дизајн на куклата е на Петер Шкерл, автор на извадок од бајка е Светлана Макарович, продуцент е Славко Шкворц, продукција Куд Борза, копродуценти Куклен театар Марибор и Друштво на параплегичари од Подравје. Гостувањето на „Одбраната на сакатиот“ на сцената на Театар Комедија го овозможи Амбасадата на Република Словенија во Скопје.

The post „Одбраната на сакатиот“ вечерва во Театар Комедија appeared first on Република.

]]>