оданочување Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/odanochuvanje/ За подобро да се разбереме Sun, 21 Apr 2024 13:10:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png оданочување Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/odanochuvanje/ 32 32 ЕУ не успева да ги оданочува супербогатите: Годишно губи 286,5 милијарди евра приход https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/eu-ne-uspeva-da-gi-odanochuva-superbogatite-godishno-gubi-286-5-milijardi-evra-prihod/ Sun, 21 Apr 2024 13:10:24 +0000 https://republika.mk/?p=768873

Владите на Европската Унија годишно губат 286,5 милијарди евра приход или 33 милиони на час (околу БДП на една Финска), бидејќи не успеваат правично да ги оданочат најбогатите Европејци. Тоа би бил износот што би можел да го донесе данокот на богатство од пет отсто, покажува анализата на „Оксфам“.

Само еден процент од најбогатите во Европа поседуваат речиси половина од финансиското богатство на континентот, вклучувајќи банкарски депозити, акции, обврзници и заеми.

Милијардерите во ЕУ го зголемиле своето акумулирано богатство за една третина од 2020 година, на 1,9 билиони евра во 2023 година. Во исто време, 99 отсто од населението на ЕУ стана посиромашно.

Јазот меѓу супер богатите и „обичните“

Јазот меѓу супербогатите и „обичните“ луѓе во Европа се зголемува секоја година затоа што владите на ЕУ не успеваат да го оданочуваат фер екстремното богатство, се вели во соопштението на меѓународна хуманитарна организација.

Во Франција, просечниот човек плаќа околу 50 отсто од својот економски приход во даноци (сите заедно), додека лице од најбогатите 0,0002 отсто плаќа само два проценти. Во Италија, каде што повеќето граѓани плаќаат 40-50 отсто од приходите како даноци, милијардерите плаќаат само околу 20 отсто.

Владите повеќе не можат да имаат изговор дека ‘нема пари’ за неуспешна борба со климатската криза и ставање крај на сиромаштијата. Парите што им се потребни се во џебовите на супер богатите“, вели даночниот експерт на „Оксфам“, Кјара Путатуро.

Прогресивниот данок со стапка од 2 до 5 отсто за мултимилионерите и милијардерите во ЕУ може да донесе 286,5 милијарди евра годишно. Ова одговара на речиси 40 отсто од фондот на ЕУ за закрепнување по пандемијата, повеќе од три пати повеќе од седумгодишниот буџет за помош на ЕУ и повеќе од половина од проценетите годишни трошоци во светот за адаптација и ублажување на климатските промени во земјите со низок и среден приход.

Европска иницијатива за данок на богатство

Најбогатите луѓе во Европа се и најголемите европски загадувачи. Секој човек од најбогатите 1 отсто испушта во просек 14 пати повеќе ЦO2 од некој од најниските 50 отсто.

Како што велат од „Оксфам“, европскиот данок на богатство, исто така би можел да го реши проблемот со прекумерните емисии на супербогатите преку канализирање на нивното богатство во финансирање јавни услуги и исполнување на климатските цели.

Од „Оксфам“ велат дека седум од десет Европејци се согласуваат со оданочување на богатите за поддршка на сиромашните.

Таа хуманитарна организација, заедно со економисти, мултимилионери и политичари, ја поддржува Европската граѓанска иницијатива за европски данок на богатство.

The post ЕУ не успева да ги оданочува супербогатите: Годишно губи 286,5 милијарди евра приход appeared first on Република.

]]>

Владите на Европската Унија годишно губат 286,5 милијарди евра приход или 33 милиони на час (околу БДП на една Финска), бидејќи не успеваат правично да ги оданочат најбогатите Европејци. Тоа би бил износот што би можел да го донесе данокот на богатство од пет отсто, покажува анализата на „Оксфам“. Само еден процент од најбогатите во Европа поседуваат речиси половина од финансиското богатство на континентот, вклучувајќи банкарски депозити, акции, обврзници и заеми. Милијардерите во ЕУ го зголемиле своето акумулирано богатство за една третина од 2020 година, на 1,9 билиони евра во 2023 година. Во исто време, 99 отсто од населението на ЕУ стана посиромашно.

Јазот меѓу супер богатите и „обичните“

Јазот меѓу супербогатите и „обичните“ луѓе во Европа се зголемува секоја година затоа што владите на ЕУ не успеваат да го оданочуваат фер екстремното богатство, се вели во соопштението на меѓународна хуманитарна организација.
Во Франција, просечниот човек плаќа околу 50 отсто од својот економски приход во даноци (сите заедно), додека лице од најбогатите 0,0002 отсто плаќа само два проценти. Во Италија, каде што повеќето граѓани плаќаат 40-50 отсто од приходите како даноци, милијардерите плаќаат само околу 20 отсто.
Владите повеќе не можат да имаат изговор дека ‘нема пари’ за неуспешна борба со климатската криза и ставање крај на сиромаштијата. Парите што им се потребни се во џебовите на супер богатите“, вели даночниот експерт на „Оксфам“, Кјара Путатуро.
Прогресивниот данок со стапка од 2 до 5 отсто за мултимилионерите и милијардерите во ЕУ може да донесе 286,5 милијарди евра годишно. Ова одговара на речиси 40 отсто од фондот на ЕУ за закрепнување по пандемијата, повеќе од три пати повеќе од седумгодишниот буџет за помош на ЕУ и повеќе од половина од проценетите годишни трошоци во светот за адаптација и ублажување на климатските промени во земјите со низок и среден приход.

Европска иницијатива за данок на богатство

Најбогатите луѓе во Европа се и најголемите европски загадувачи. Секој човек од најбогатите 1 отсто испушта во просек 14 пати повеќе ЦO2 од некој од најниските 50 отсто. Како што велат од „Оксфам“, европскиот данок на богатство, исто така би можел да го реши проблемот со прекумерните емисии на супербогатите преку канализирање на нивното богатство во финансирање јавни услуги и исполнување на климатските цели. Од „Оксфам“ велат дека седум од десет Европејци се согласуваат со оданочување на богатите за поддршка на сиромашните. Таа хуманитарна организација, заедно со економисти, мултимилионери и политичари, ја поддржува Европската граѓанска иницијатива за европски данок на богатство.

The post ЕУ не успева да ги оданочува супербогатите: Годишно губи 286,5 милијарди евра приход appeared first on Република.

]]>
МФ убедува: Основните прехранбени производи остануваат со најниска повластена стапка од 5% https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/mf-ubeduva-osnovnite-prehranbeni-proizvodi-ostanuvaat-so-najniska-povlastena-stapka-od-5/ Fri, 06 Oct 2023 12:39:09 +0000 https://republika.mk/?p=688596

Основните прехранбени производи, кои се дел од секојдневната употреба на граѓаните ќе се и понатаму оданочуваат по најниска даночна стапка на ДДВ, односно нема промена и таа останува на 5% како што тоа е предвидено со Законот за Данок на додадена вредност и поблиску дефинирано со Одлуката за определување на добрата и услугите кои подлежат на повластена стапка на ДДВ која Владата ја донесе на 28 септември, а која стапува на сила од денеска. Донесените одлуки нема да влијаат на пораст на крајната цена на основните прехранбени производи, информираат од Министерството за финансии.

Листата останува долга и таа претставува најширока листа во однос на земјите од регионот и во земјите од ЕУ, а целта на донесувањето на одлуката за примена на повластена стапка од 5% кај одредени производи е со цел заштита на стандардот на граѓаните, заштита на здравјето на граѓаните, како и оданочување со праведна даночна стапка на производите кои што не претставуваат основна човечка исхрана.

Одлуката содржи над 1600 производи, кои со новата одлука ќе продолжат и понатаму да се оданочуваат со најниската даночна стапка од 5%. Тука спаѓаат месо – говедско и свинско, кланични производи во саламура, чадено и сушено, риба – пастрмка, крап, други слатководни риби, ослич, млеко, павлака, кисело млеко, јогурт, ќефир, сирење, најголем дел од кашкавалот, путер, јајца, природен мед, желудници, зеленчукот и овошјето, урми, смокви, агруми (портокали, лимон, мандарина, грејфрут), брашно од пченица и и брашно од жита, пченица, јачмен, рж, ориз, пченка, соја, кикиритки, сончогледово масло, маслиново масло, пченкарно масло, маргарин, колбаси и други конзервирани производи од месо, конзервирани риби – туна, сардина, сардинели, паплини, шеќер, какао во прав, тестенини, леб, бисквити, ајвар, конзервирани кратставици и корнишони, кисела зелка, конзервирани печурки, слатки пиперки, џемови и слатка, ќечап и други сосови од домат, супи, оцет, сол, ореви, костени…..

На листата меѓу другото се и семенски материјал, ѓубрива, земјоделски алати и механизација, а истата е дополнета со менструални производи а додека пак прометот на пелетите за греење останува да се оданочува со 5%, појаснуваат од ресорот финансии.

Од таму листата на производи коишто ќе се оданочуваат со повластена стапка од 10% се производи кои не претставуваат производи за основна исхрана односно имаат карактеристика на производи кои не се дел од секојдневната трпеза и производи а дел од производите не се препорачуваат за човековото здравје.

На оваа листа меѓу другите се различни производи од лососи, козјо месо, посебни видови на туна кои се ретки, и кои не се во општа употреба, бадеми, индиски ореви, бразилски ореви, тропско овошје, некои видови зачини, палмино масло, кавијар, посебен вид на кашкавали кои не претставуваат традиционален производи и се од растително потекло и слично. Исто така поместувањето на некои од производите на оваа листа се со цел и заштита на домашното производство и заштита на економијата.

Направените измени се дел од пошироката даночна реформа, која претставува усогласување со европската легислатива, согласно препораките од ЕУ и Меѓунродниот монетарен фонд и истатата е за поголема правично, праведност и заштаита на стандардот на граѓаните. Исто така предлог-листата во рамки на инклузивниот процес што се водеше за воспоставување на новиот даночен концепт, беше споделена со сите засегнати страни и подолг период беше споделена со јавноста и преку веб-страната на Министерството за финансии.

Примената на овие две одлуки не влијаат на донесената одлука на Владата за замрзнати цени на основните производи, затоа што тие производи опфатени со владината одлука се дел од листата со повластена даночна стапка од 5% и кај нив нема промена.

Република Македонија останува со најниски даночни стапки на ДДВ (редовни и повластени) и целата човечка исхрана останува да се оданочува со повластена стапка на ДДВ, а најголем дел од истата односно основните човечки производи продолжуваат да се оданочуваат со пониска повласта стапка од 5%, стои во соопштението на Министерството за финансии.

The post МФ убедува: Основните прехранбени производи остануваат со најниска повластена стапка од 5% appeared first on Република.

]]>

Основните прехранбени производи, кои се дел од секојдневната употреба на граѓаните ќе се и понатаму оданочуваат по најниска даночна стапка на ДДВ, односно нема промена и таа останува на 5% како што тоа е предвидено со Законот за Данок на додадена вредност и поблиску дефинирано со Одлуката за определување на добрата и услугите кои подлежат на повластена стапка на ДДВ која Владата ја донесе на 28 септември, а која стапува на сила од денеска. Донесените одлуки нема да влијаат на пораст на крајната цена на основните прехранбени производи, информираат од Министерството за финансии. Листата останува долга и таа претставува најширока листа во однос на земјите од регионот и во земјите од ЕУ, а целта на донесувањето на одлуката за примена на повластена стапка од 5% кај одредени производи е со цел заштита на стандардот на граѓаните, заштита на здравјето на граѓаните, како и оданочување со праведна даночна стапка на производите кои што не претставуваат основна човечка исхрана. Одлуката содржи над 1600 производи, кои со новата одлука ќе продолжат и понатаму да се оданочуваат со најниската даночна стапка од 5%. Тука спаѓаат месо – говедско и свинско, кланични производи во саламура, чадено и сушено, риба – пастрмка, крап, други слатководни риби, ослич, млеко, павлака, кисело млеко, јогурт, ќефир, сирење, најголем дел од кашкавалот, путер, јајца, природен мед, желудници, зеленчукот и овошјето, урми, смокви, агруми (портокали, лимон, мандарина, грејфрут), брашно од пченица и и брашно од жита, пченица, јачмен, рж, ориз, пченка, соја, кикиритки, сончогледово масло, маслиново масло, пченкарно масло, маргарин, колбаси и други конзервирани производи од месо, конзервирани риби – туна, сардина, сардинели, паплини, шеќер, какао во прав, тестенини, леб, бисквити, ајвар, конзервирани кратставици и корнишони, кисела зелка, конзервирани печурки, слатки пиперки, џемови и слатка, ќечап и други сосови од домат, супи, оцет, сол, ореви, костени….. На листата меѓу другото се и семенски материјал, ѓубрива, земјоделски алати и механизација, а истата е дополнета со менструални производи а додека пак прометот на пелетите за греење останува да се оданочува со 5%, појаснуваат од ресорот финансии. Од таму листата на производи коишто ќе се оданочуваат со повластена стапка од 10% се производи кои не претставуваат производи за основна исхрана односно имаат карактеристика на производи кои не се дел од секојдневната трпеза и производи а дел од производите не се препорачуваат за човековото здравје. На оваа листа меѓу другите се различни производи од лососи, козјо месо, посебни видови на туна кои се ретки, и кои не се во општа употреба, бадеми, индиски ореви, бразилски ореви, тропско овошје, некои видови зачини, палмино масло, кавијар, посебен вид на кашкавали кои не претставуваат традиционален производи и се од растително потекло и слично. Исто така поместувањето на некои од производите на оваа листа се со цел и заштита на домашното производство и заштита на економијата. Направените измени се дел од пошироката даночна реформа, која претставува усогласување со европската легислатива, согласно препораките од ЕУ и Меѓунродниот монетарен фонд и истатата е за поголема правично, праведност и заштаита на стандардот на граѓаните. Исто така предлог-листата во рамки на инклузивниот процес што се водеше за воспоставување на новиот даночен концепт, беше споделена со сите засегнати страни и подолг период беше споделена со јавноста и преку веб-страната на Министерството за финансии. Примената на овие две одлуки не влијаат на донесената одлука на Владата за замрзнати цени на основните производи, затоа што тие производи опфатени со владината одлука се дел од листата со повластена даночна стапка од 5% и кај нив нема промена. Република Македонија останува со најниски даночни стапки на ДДВ (редовни и повластени) и целата човечка исхрана останува да се оданочува со повластена стапка на ДДВ, а најголем дел од истата односно основните човечки производи продолжуваат да се оданочуваат со пониска повласта стапка од 5%, стои во соопштението на Министерството за финансии.

The post МФ убедува: Основните прехранбени производи остануваат со најниска повластена стапка од 5% appeared first on Република.

]]>
Рускиот парламент подготвува поголемо оданочување за оние кои ја напуштиле земјата по почетокот на војната во Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ruskiot-parlament-podgotvuva-pogolemo-oddanochuvanje-za-onie-koi-ja-napushtile-zemjata-po-pochetokot-na-vojnata-vo-ukraina/ Sun, 25 Dec 2022 09:39:12 +0000 https://republika.mk/?p=589653

Претседателот на Думата, Вјачеслав Володин, изјави дека Долниот дом на рускиот Парламент подготвува закон за воведување повисоко оданочување за луѓето кои ја напуштиле земјата по почетокот на војната во Украина.

Реално е да се откажат преференциите за оние кои ја напуштиле Руската Федерација и да се воведе зголемена даночна стапка за нив“, напиша Володин на Телеграм. „Работиме на соодветните измени во законската регулатива“.

Засега не е објавен точниот број на Русите кои заминале од почетокот на војната.

До почетокот на октомври, некои локални медиуми објавија дека до 700.000 избегале од најавата во септември за мобилизација со цел да се регрутираат 300.000 луѓе кои ќе бидат испратени на бојното поле. Во тоа време, владата ја отфрли таа бројка како неточна.

Тринаесет отсто персонален данок на доход во Русија автоматски се задржува од локалните работодавци. Русите кои работат во странство мора самостојно да го плаќаат данокот, е проценката на Федералната даночна служба на Русија.

The post Рускиот парламент подготвува поголемо оданочување за оние кои ја напуштиле земјата по почетокот на војната во Украина appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Думата, Вјачеслав Володин, изјави дека Долниот дом на рускиот Парламент подготвува закон за воведување повисоко оданочување за луѓето кои ја напуштиле земјата по почетокот на војната во Украина. Реално е да се откажат преференциите за оние кои ја напуштиле Руската Федерација и да се воведе зголемена даночна стапка за нив“, напиша Володин на Телеграм. „Работиме на соодветните измени во законската регулатива“. Засега не е објавен точниот број на Русите кои заминале од почетокот на војната. До почетокот на октомври, некои локални медиуми објавија дека до 700.000 избегале од најавата во септември за мобилизација со цел да се регрутираат 300.000 луѓе кои ќе бидат испратени на бојното поле. Во тоа време, владата ја отфрли таа бројка како неточна. Тринаесет отсто персонален данок на доход во Русија автоматски се задржува од локалните работодавци. Русите кои работат во странство мора самостојно да го плаќаат данокот, е проценката на Федералната даночна служба на Русија.

The post Рускиот парламент подготвува поголемо оданочување за оние кои ја напуштиле земјата по почетокот на војната во Украина appeared first on Република.

]]>