очила Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ochila/ За подобро да се разбереме Tue, 23 Jul 2024 20:50:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png очила Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ochila/ 32 32 Oчила на Џон Ленон и фотографии од „Битлси“ одат на аукција https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/ochila-na-dhon-lenon-i-fotografii-od-bitlsi-odat-na-auktsija/ Tue, 23 Jul 2024 20:50:19 +0000 https://republika.mk/?p=799682

Еден пар сини очила подарени од Џон Ленон на маж кој го посетувал студиото Еби Роуд наскоро ќе одат на продажба, заедно со колекција на фотографии сликани во познатото музичко студио.

Очилата кои му биле подарени на мажот во 1968 година се очекува да достигнат сума од три илјади фунти.

Фотографиите и очилата ќе бидат ставени на аукција на 31 јули, а помеѓу фотографиите има и некои кои се сликани на денот кога Битлси се фотографирале за познатиот омот на албумот како преминуваат улица.

Аукцијата ја спроведува аукциската куќа „Кетрин Сутон“ и тие велат дека очилата му биле подарени на човекот лично од Џон Ленон.

Колекцијата од 33 црно-бели фотографии слкани во Еби Роуд се очекува да бидат продадени, заедно со авторските права, за 200 до 300 функти.

 

The post Oчила на Џон Ленон и фотографии од „Битлси“ одат на аукција appeared first on Република.

]]>

Еден пар сини очила подарени од Џон Ленон на маж кој го посетувал студиото Еби Роуд наскоро ќе одат на продажба, заедно со колекција на фотографии сликани во познатото музичко студио. Очилата кои му биле подарени на мажот во 1968 година се очекува да достигнат сума од три илјади фунти. Фотографиите и очилата ќе бидат ставени на аукција на 31 јули, а помеѓу фотографиите има и некои кои се сликани на денот кога Битлси се фотографирале за познатиот омот на албумот како преминуваат улица. Аукцијата ја спроведува аукциската куќа „Кетрин Сутон“ и тие велат дека очилата му биле подарени на човекот лично од Џон Ленон. Колекцијата од 33 црно-бели фотографии слкани во Еби Роуд се очекува да бидат продадени, заедно со авторските права, за 200 до 300 функти.  

The post Oчила на Џон Ленон и фотографии од „Битлси“ одат на аукција appeared first on Република.

]]>
Очила со вештачка интелигенција ќе им дадат „супермоќи“ на луѓето: Веднаш ќе знаете дали некој ве лаже или не https://arhiva3.republika.mk/zivot/tehnologija/ochila-so-veshtachka-inteligentsija-ke-im-dadat-supermoki-na-lugeto-vednash-ke-znaete-dali-nekoj-ve-lazhe-ili-ne/ Sat, 01 Jul 2023 16:46:21 +0000 https://republika.mk/?p=657195

Очилата опремени со вештачка интелигенција (ВИ) во блиска иднина ќе им дадат „супермоќи“ на луѓето, на пример, способност да знаат кога некој ги лаже или некого привлекуваат.

Иако сѐ ова на многумина им изгледа како научна фантастика, футуристот Девин Лидел е убеден дека технологијата сѐ побргу ќе напредува. Во изјава за „Дејли мејл“, Лидел вели дека компјутерските системи за вид вградени во очилата ќе можат да ги соберат емоционалните знаци и нијанси што се невидливи со голо око. Тој верува дека оваа проширена реалност во комбинација со ВИ „ќе го пробрази општествениот пејзаж“ за луѓето.

Во иднина технологијата ќе може да им помогне на луѓето да откријат секакви физиолошки и психолошки информации за другите луѓе, како на пр. кога некој лаже или дали вашиот партнер е навистина заљубен во вас. Очилата би можеле да бидат исклучително клучни во многу области од нашиот живот, а тие „суперсили“ ќе може да се користат во сите видови општествени односи, од политички преговори до работа, па дури и излегување на состанок, вели Лидел.

Според него, раната употреба ќе резултира со сценарија каде што само една личност има супермоќи, што би било неправедно кон другата личност, па фер ќе биде ако секој да добие такви очила.

Од одредени морално-етички причини, би можело да се очекуваат и барања за забрана на таква технологија, вели тој.

Сепак, стручњакот вели дека со соодветна регулација, таа би можела да стане и помала и поевтина, но и достапна за повеќе луѓе.

The post Очила со вештачка интелигенција ќе им дадат „супермоќи“ на луѓето: Веднаш ќе знаете дали некој ве лаже или не appeared first on Република.

]]>

Очилата опремени со вештачка интелигенција (ВИ) во блиска иднина ќе им дадат „супермоќи“ на луѓето, на пример, способност да знаат кога некој ги лаже или некого привлекуваат. Иако сѐ ова на многумина им изгледа како научна фантастика, футуристот Девин Лидел е убеден дека технологијата сѐ побргу ќе напредува. Во изјава за „Дејли мејл“, Лидел вели дека компјутерските системи за вид вградени во очилата ќе можат да ги соберат емоционалните знаци и нијанси што се невидливи со голо око. Тој верува дека оваа проширена реалност во комбинација со ВИ „ќе го пробрази општествениот пејзаж“ за луѓето.
Во иднина технологијата ќе може да им помогне на луѓето да откријат секакви физиолошки и психолошки информации за другите луѓе, како на пр. кога некој лаже или дали вашиот партнер е навистина заљубен во вас. Очилата би можеле да бидат исклучително клучни во многу области од нашиот живот, а тие „суперсили“ ќе може да се користат во сите видови општествени односи, од политички преговори до работа, па дури и излегување на состанок, вели Лидел.
Според него, раната употреба ќе резултира со сценарија каде што само една личност има супермоќи, што би било неправедно кон другата личност, па фер ќе биде ако секој да добие такви очила. Од одредени морално-етички причини, би можело да се очекуваат и барања за забрана на таква технологија, вели тој. Сепак, стручњакот вели дека со соодветна регулација, таа би можела да стане и помала и поевтина, но и достапна за повеќе луѓе.

The post Очила со вештачка интелигенција ќе им дадат „супермоќи“ на луѓето: Веднаш ќе знаете дали некој ве лаже или не appeared first on Република.

]]>
Швајцарските голмани тренираат со специјални очила кои ја забрзуваат и намалуваат брзината на топката https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/shvajcarskite-golmani-treniraat-so-specijalni-ochila-koi-ja-zabrzuvaat-i-namaluvaat-brzinata-na-topkata/ Wed, 23 Nov 2022 18:51:47 +0000 https://republika.mk/?p=577350

Голманите на Швајцарија тренираат со специјално дизајнирани строб очила што прават топката да изгледа дека се движи побрзо во видното поле отколку во реалноста .

Тие имаат за цел да ја подобрат координацијата на играчите и да ја направат играта побавна.

Станува збор за таканаречените строб очила кои изгледаат како обични очила за сонце, но се далеку посложени и имаат сосема друга намена.

Тие можат да го забават или забрзаат вистинскиот пат на топката во видното поле, за момент да го заслепат лицето што ги носи или да создадат ефект на целосна темнина, се со цел да се подобрат перформансите на голманот.

Особено, тие му помагаат на голманот да донесува побрзи одлуки, да ги подобри рефлексите и брзината на голманот, техниката на фрлање и контролата на телото и концентрацијата.

The post Швајцарските голмани тренираат со специјални очила кои ја забрзуваат и намалуваат брзината на топката appeared first on Република.

]]>

Голманите на Швајцарија тренираат со специјално дизајнирани строб очила што прават топката да изгледа дека се движи побрзо во видното поле отколку во реалноста . Тие имаат за цел да ја подобрат координацијата на играчите и да ја направат играта побавна. Станува збор за таканаречените строб очила кои изгледаат како обични очила за сонце, но се далеку посложени и имаат сосема друга намена. Тие можат да го забават или забрзаат вистинскиот пат на топката во видното поле, за момент да го заслепат лицето што ги носи или да создадат ефект на целосна темнина, се со цел да се подобрат перформансите на голманот. Особено, тие му помагаат на голманот да донесува побрзи одлуки, да ги подобри рефлексите и брзината на голманот, техниката на фрлање и контролата на телото и концентрацијата.

The post Швајцарските голмани тренираат со специјални очила кои ја забрзуваат и намалуваат брзината на топката appeared first on Република.

]]>
Луѓето кои редовно носат очила имаат помал ризик од инфекција со Ковид-19, покажува масовно истражување во Британија https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/lugjeto-koi-redovno-nosat-ochila-imaat-pomal-rizik-od-infekcija-so-kovid-19-pokazuva-masovno-istrazuvanje-vo-britanija/ Sat, 09 Apr 2022 17:52:22 +0000 https://republika.mk/?p=485577

Луѓето кои редовно носат очила имаат умерено помал ризик од инфекција со Ковид-19, додека контактните леќи немаат дополнителна заштита, покажува големо истражување кое ја нагласува важноста на окото како пат за инфекција со корона вирусот.

Повеќе од 19.000 испитаници на студијата „Virus Watch“ во Англија и Велс одговориле на прашалник за употреба на очила и контактни леќи.

Почнувајќи од јуни 2020 година, испитаниците неделно го пријавуваа својот статус на Ковид-19, а повеќе од 11.000 од нив давале месечни примероци крв за да утврдат дали се заразени со корона вирусот.

15% помал ризик од инфекција кај оние кои постојано носат очила

Откако ги разгледале другите фактори на ризик, истражувачите откриле дека има 15 отсто помал ризик од инфекција кај оние кои рекле дека секогаш носат очила за општа употреба во споредба со оние кои никогаш не носеле очила.

Заштитниот ефект бил намален кај оние кои рекле дека нивните очила го попречуваат носењето маски и не е забележан заштитен ефект кај луѓето кои носат контактни леќи, се вели во извештајот објавен во во „medRxiva“.

Очилата треба да се земат предвид како дел од пошироките стратегии за спречување на пренос на инфекција во заедницата и ова може да биде вредно да се земе предвид во случај на идни пандемии и во занимања со висока изложеност, вклучително и здравствената заштита - велат научниците.

The post Луѓето кои редовно носат очила имаат помал ризик од инфекција со Ковид-19, покажува масовно истражување во Британија appeared first on Република.

]]>

Луѓето кои редовно носат очила имаат умерено помал ризик од инфекција со Ковид-19, додека контактните леќи немаат дополнителна заштита, покажува големо истражување кое ја нагласува важноста на окото како пат за инфекција со корона вирусот. Повеќе од 19.000 испитаници на студијата „Virus Watch“ во Англија и Велс одговориле на прашалник за употреба на очила и контактни леќи. Почнувајќи од јуни 2020 година, испитаниците неделно го пријавуваа својот статус на Ковид-19, а повеќе од 11.000 од нив давале месечни примероци крв за да утврдат дали се заразени со корона вирусот.

15% помал ризик од инфекција кај оние кои постојано носат очила

Откако ги разгледале другите фактори на ризик, истражувачите откриле дека има 15 отсто помал ризик од инфекција кај оние кои рекле дека секогаш носат очила за општа употреба во споредба со оние кои никогаш не носеле очила. Заштитниот ефект бил намален кај оние кои рекле дека нивните очила го попречуваат носењето маски и не е забележан заштитен ефект кај луѓето кои носат контактни леќи, се вели во извештајот објавен во во „medRxiva“.
Очилата треба да се земат предвид како дел од пошироките стратегии за спречување на пренос на инфекција во заедницата и ова може да биде вредно да се земе предвид во случај на идни пандемии и во занимања со висока изложеност, вклучително и здравствената заштита - велат научниците.

The post Луѓето кои редовно носат очила имаат помал ризик од инфекција со Ковид-19, покажува масовно истражување во Британија appeared first on Република.

]]>