оценки Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ocenki/ За подобро да се разбереме Thu, 25 Apr 2024 06:59:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png оценки Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ocenki/ 32 32 ОБСЕ/ОДИХР денеска ќе ги соопшти првичните оценки за изборите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/obse-odihr-deneska-ke-gi-soopshti-prvichnite-otsenki-za-izborite/ Thu, 25 Apr 2024 06:59:35 +0000 https://republika.mk/?p=770767

Набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР денеска на прес-конференција во 15 часот ќе ги соопштат првичните согледувања од мониторингот на вчерашниот прв круг претседателски избори во земјава.

Шефицата на мисијата Џилијан Стирк, која ја предводи мисијата на ОДИХР за набљудување на изборите, вчера изјави дека по посетата на неколку избирачки места, оценката е дека почетокот бил добар, но целосна проценка за тоа како се одвивал изборниот процес ќе имаат откако на крајот на денот ќе ги соберат податоците од гласачки места низ целата држава.

Колективно го оценуваме целиот изборен процес, од законодавната рамка до самото спроведување на изборите, вклучувајќи го и финансирањето на кампањата и, секако, улогата на медиумите. Утре ќе ги презентираме нашите првични резултати, ќе одржиме прес-конференција, сите сте добредојдени да ни се придружите таму и ќе има можност за новинарски прашања по кратката изјава што ќе ја дадам јас како и нашите партнери од Советот на Европа, изјави вчера Џилијан Стирк.

ОБСЕ/ОДИХР ги следи претседателските избори со повеќе од 200 набљудувачи распоредени низ сите региони во државава, како и долгорочни набљудувачи кои се тука од отворањето на мисијата, на крајот на март. Тие ги набљудуваат изборите во Македонија оценувајќи ги според меѓународните обврски и домашното законодавство.

The post ОБСЕ/ОДИХР денеска ќе ги соопшти првичните оценки за изборите appeared first on Република.

]]>

Набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР денеска на прес-конференција во 15 часот ќе ги соопштат првичните согледувања од мониторингот на вчерашниот прв круг претседателски избори во земјава. Шефицата на мисијата Џилијан Стирк, која ја предводи мисијата на ОДИХР за набљудување на изборите, вчера изјави дека по посетата на неколку избирачки места, оценката е дека почетокот бил добар, но целосна проценка за тоа како се одвивал изборниот процес ќе имаат откако на крајот на денот ќе ги соберат податоците од гласачки места низ целата држава.