Обвинителството за организиран криминал и корупција Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/obvinitelstvoto-za-organiziran-kriminal-i-korupcija/ За подобро да се разбереме Wed, 12 Jul 2023 11:04:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Обвинителството за организиран криминал и корупција Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/obvinitelstvoto-za-organiziran-kriminal-i-korupcija/ 32 32 Организиран криминал и корупција ќе истражуваат две нови обвинителки https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/organiziran-kriminal-i-koruptsija-ke-istrazhuvaat-dve-novi-obvinitelki/ Wed, 12 Jul 2023 11:04:31 +0000 https://republika.mk/?p=660421

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција доби две нови обвинителки, а на една ѝ беше продолжен мандатот.

Станува збор за обвинителките Оливера Проеска, Верица Бержетска Крстева и Милица Гаврилова, која и досега беше обвинител во ОЈО ГОКК.

Помеѓу останатите пријавени кандидати кои не беа избрани се Газменд Мехмети, Елизабета Јосифовска, Александар Марковски и Владимир Милошески.

Претходно, на денешната 82 седница, Советот на јавни обвинители ги избра Наташа Гоџоска и Артан Ајро за јавни обвинители во Вишо Јавно обвинителство Скопје и Наталија Тасевска и Елвин Вели во Јавното обвинителство.

The post Организиран криминал и корупција ќе истражуваат две нови обвинителки appeared first on Република.

]]>

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција доби две нови обвинителки, а на една ѝ беше продолжен мандатот. Станува збор за обвинителките Оливера Проеска, Верица Бержетска Крстева и Милица Гаврилова, која и досега беше обвинител во ОЈО ГОКК. Помеѓу останатите пријавени кандидати кои не беа избрани се Газменд Мехмети, Елизабета Јосифовска, Александар Марковски и Владимир Милошески. Претходно, на денешната 82 седница, Советот на јавни обвинители ги избра Наташа Гоџоска и Артан Ајро за јавни обвинители во Вишо Јавно обвинителство Скопје и Наталија Тасевска и Елвин Вели во Јавното обвинителство.

The post Организиран криминал и корупција ќе истражуваат две нови обвинителки appeared first on Република.

]]>
Соселанецот на Ахмети, кој ја наследи Рускоска без да покаже програма: Не се познавам со лидерот на ДУИ, немам релации со политичка партија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/soselanecot-na-ahmeti-koj-ja-nasledi-ruskoska-bez-da-pokaze-programa-ne-se-poznavam-so-liderot-na-dui-nemam-relacii-so-politichka-partija/ Tue, 08 Nov 2022 13:09:55 +0000 https://republika.mk/?p=571437

Новоизбраниот Основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Ислам Абази работата во ова јавно обвинителство ја гледа како предизвик и смета дека со своето досегашно искуство и работа професионално и законито ќе го претставува ОЈО ГОКК. Како свој приоритет, Абази најави пополнување на празните обвинителски места и на слободните места во истражниот центар, и да се воведе дигитализација во јавното обвинителство.

Освоените 66 гласа од колегите јавни обвинители, Абази рече дека се голема одговорност и мотив, колку што може подобро и професионално да раководи со ова, како што рече, најважно јавно обвинителство кое во својата надлежност ја има борбата против организираниот криминал и корупција.

Иако немав програма, јас бев во постојана комуникација со јавните обвинители и им ја изложував мојата визија, програма и проект како ќе биде и како ќе раководам со обвинителството, изјави Абази, посочувајќи има добиено гласови од сите апелациони подрачја и дека тие во него препознале човек кој ќе биде успешен.

Изборот на шеф на ОЈО ГОКК со гласање на непосредни избори од самата фела, според Абази е гаранција да нема никакви надворешни влијанија, ниту политички, ниту бизнис или лоби групи.

[caption id="attachment_571420" align="alignnone" width="640"] (фото: МИА)[/caption]

Во однос на транспарентноста и јавноста, Абази рече дека согласно Законот за ЈО, тие се должни да бидат транспарентни и да информираат за работата по некои предмети кои будат интерес во јавноста, меѓутоа и дека треба да се зачува угледот и достоинството на обвинетите, оштетените и сите учесници во постапка.

Абази својата кариера ја почнува од јавен обвинител во ОЈО Кичево, потоа пет години во Вишо јавно обвинителство и четири години е раководител на Вишото јавно обвинителство Гостивар и смета дека со своето досегашно искуство и работа професионално и законито ќе го претставувам и ОЈО ГОКК.

Ми претставува предизвик, имајќи предвид моето досегашно искуство, да раководам и со ова обвинителство. Сум учествувал во разни работни групи за донесување закони и подзаконски акти, правилници, коментар на Законот за јавно обвинителство, учесник сум во работната група на Законот за конфискација на имот, изјави Абази.

Прашан дали е точно дека е во блиски релации со ДУИ, Абази рече дека јавнообвинителската функција е неспоива со вршење на друга јавна функција или членување во политичка партија.

Никогаш не сум бил или пак сум член на некоја политичка партија. Ниту пак во моето досегашно работење сум оставил впечаток дека имам одредени релации или позиции со одредена политичка партија, изјави Абази, посочувајќи дека нема лични контакти со Али Ахмети или некој друг од ДУИ.

[caption id="attachment_571412" align="alignnone" width="640"] (фото: МИА)[/caption]

Во однос на тоа дали ќе ги преземе и продолжи случаите кои ги водеше Вилма Русковска, Абази, рече дека е неблагодарно е да коментира предмети што не ги проучил.

Кога ќе стапам во обвинителството ќе побарам од колегите да ме запознаат со тие истраги кои будат поголем интерес во јавноста, да ме запознаат со предметите каде е определена мерката притвор, со старите и нерешени предмети и да почнеме со работа, изјави Абази.

Прашан за наводите дека неговата сопруга скоро ги завршува студиите на Академијата за судии и јавни обвинители, Абази рече дека согласно закон брачен другар не смее да работат во исто јавно обвинителство и дека Вишото јавно обвинителство и Основното јавно обвинителство не се исто јавно обвинителство, и таа ќе има право да конкурира на секој јавен оглас.

The post Соселанецот на Ахмети, кој ја наследи Рускоска без да покаже програма: Не се познавам со лидерот на ДУИ, немам релации со политичка партија appeared first on Република.

]]>

Новоизбраниот Основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Ислам Абази работата во ова јавно обвинителство ја гледа како предизвик и смета дека со своето досегашно искуство и работа професионално и законито ќе го претставува ОЈО ГОКК. Како свој приоритет, Абази најави пополнување на празните обвинителски места и на слободните места во истражниот центар, и да се воведе дигитализација во јавното обвинителство. Освоените 66 гласа од колегите јавни обвинители, Абази рече дека се голема одговорност и мотив, колку што може подобро и професионално да раководи со ова, како што рече, најважно јавно обвинителство кое во својата надлежност ја има борбата против организираниот криминал и корупција.
Иако немав програма, јас бев во постојана комуникација со јавните обвинители и им ја изложував мојата визија, програма и проект како ќе биде и како ќе раководам со обвинителството, изјави Абази, посочувајќи има добиено гласови од сите апелациони подрачја и дека тие во него препознале човек кој ќе биде успешен.
Изборот на шеф на ОЈО ГОКК со гласање на непосредни избори од самата фела, според Абази е гаранција да нема никакви надворешни влијанија, ниту политички, ниту бизнис или лоби групи. [caption id="attachment_571420" align="alignnone" width="640"] (фото: МИА)[/caption] Во однос на транспарентноста и јавноста, Абази рече дека согласно Законот за ЈО, тие се должни да бидат транспарентни и да информираат за работата по некои предмети кои будат интерес во јавноста, меѓутоа и дека треба да се зачува угледот и достоинството на обвинетите, оштетените и сите учесници во постапка. Абази својата кариера ја почнува од јавен обвинител во ОЈО Кичево, потоа пет години во Вишо јавно обвинителство и четири години е раководител на Вишото јавно обвинителство Гостивар и смета дека со своето досегашно искуство и работа професионално и законито ќе го претставувам и ОЈО ГОКК.
Ми претставува предизвик, имајќи предвид моето досегашно искуство, да раководам и со ова обвинителство. Сум учествувал во разни работни групи за донесување закони и подзаконски акти, правилници, коментар на Законот за јавно обвинителство, учесник сум во работната група на Законот за конфискација на имот, изјави Абази.
Прашан дали е точно дека е во блиски релации со ДУИ, Абази рече дека јавнообвинителската функција е неспоива со вршење на друга јавна функција или членување во политичка партија.
Никогаш не сум бил или пак сум член на некоја политичка партија. Ниту пак во моето досегашно работење сум оставил впечаток дека имам одредени релации или позиции со одредена политичка партија, изјави Абази, посочувајќи дека нема лични контакти со Али Ахмети или некој друг од ДУИ.
[caption id="attachment_571412" align="alignnone" width="640"] (фото: МИА)[/caption] Во однос на тоа дали ќе ги преземе и продолжи случаите кои ги водеше Вилма Русковска, Абази, рече дека е неблагодарно е да коментира предмети што не ги проучил.
Кога ќе стапам во обвинителството ќе побарам од колегите да ме запознаат со тие истраги кои будат поголем интерес во јавноста, да ме запознаат со предметите каде е определена мерката притвор, со старите и нерешени предмети и да почнеме со работа, изјави Абази.
Прашан за наводите дека неговата сопруга скоро ги завршува студиите на Академијата за судии и јавни обвинители, Абази рече дека согласно закон брачен другар не смее да работат во исто јавно обвинителство и дека Вишото јавно обвинителство и Основното јавно обвинителство не се исто јавно обвинителство, и таа ќе има право да конкурира на секој јавен оглас.

The post Соселанецот на Ахмети, кој ја наследи Рускоска без да покаже програма: Не се познавам со лидерот на ДУИ, немам релации со политичка партија appeared first on Република.

]]>
Ислам Абази избран за наследник на Вилма Русковска, ова е новиот шеф на ОЈО ГОКК https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/islam-abazi-izbran-za-naslednik-na-vilma-ruskovska-ova-e-noviot-shef-na-ojo-gokk/ Mon, 07 Nov 2022 17:17:16 +0000 https://republika.mk/?p=571061

По сублимирањето на гласовите од денешното гласање  за нов шеф на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Комисијата за избори соопшти дека најмногу гласови, 66, добил Ислам Абази.

Втор, од четворицата кандидати по број на гласови е Ермон Незири со 64 гласови. Деса Пауновска има добиено 10 гласови, а Вилма  Русковска 14.

Од Комисијата наведоа дека во рок од седум дена Ислам Абази треба да биде именуван за шеф на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Согласно Законот, како што укажаа од Комисијата, четворицата кандидати, како и избирачите имаат право на приговор во однос на резултатите од гласањето.

Согласно со Законот за јавното обвинителство, на изборите за шеф на ОЈО ГОКК право на глас имаат сите јавни обвинители во земјава. Гласањето се спроведуваше во тек на работното време на гласачки места во четирите виши јавни обвинителства и во Јавното обвинителство на Република Македонија.

Според избирачки список, 163 јавни обвинители од земјава имаат право на глас за избор на нов шеф на ОЈО ГОКК.

На кандидатската листа под број 1 е Ислам Абази, број 2 Незири Ермон, број 3 е Деса Пауновска и под број 4 е Вилма Русковска.

На огласот за избор на основен јавен обвинител на ОЈО ГОКК беа пријавени петмина кандидати, но Енѓелуше Кадриу – Леши ја повлече пријавата.

Ова е прв ваков избор на шеф на ОЈО ГОКК по измените на Законот за јавни обвинители, каде согласно член 66, основен јавен обвинител на ОЈО ГОКК се избира од страна на Советот на јавни обвинители по спроведено гласање од страна на сите јавни обвинители во земјава.

Советот на ЈО по денешното гласање, согласно законот, во рок од седум дена треба да одржи седница на која ќе донесе одлука за именување на јавниот обвинител што добил најмногу гласови од листата на пријавени кандидати.

Основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција се избира за време од четири години од редот на избраните јавни обвинители со право на повторен избор.

The post Ислам Абази избран за наследник на Вилма Русковска, ова е новиот шеф на ОЈО ГОКК appeared first on Република.

]]>

По сублимирањето на гласовите од денешното гласање  за нов шеф на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Комисијата за избори соопшти дека најмногу гласови, 66, добил Ислам Абази. Втор, од четворицата кандидати по број на гласови е Ермон Незири со 64 гласови. Деса Пауновска има добиено 10 гласови, а Вилма  Русковска 14. Од Комисијата наведоа дека во рок од седум дена Ислам Абази треба да биде именуван за шеф на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција. Согласно Законот, како што укажаа од Комисијата, четворицата кандидати, како и избирачите имаат право на приговор во однос на резултатите од гласањето. Согласно со Законот за јавното обвинителство, на изборите за шеф на ОЈО ГОКК право на глас имаат сите јавни обвинители во земјава. Гласањето се спроведуваше во тек на работното време на гласачки места во четирите виши јавни обвинителства и во Јавното обвинителство на Република Македонија. Според избирачки список, 163 јавни обвинители од земјава имаат право на глас за избор на нов шеф на ОЈО ГОКК. На кандидатската листа под број 1 е Ислам Абази, број 2 Незири Ермон, број 3 е Деса Пауновска и под број 4 е Вилма Русковска. На огласот за избор на основен јавен обвинител на ОЈО ГОКК беа пријавени петмина кандидати, но Енѓелуше Кадриу – Леши ја повлече пријавата. Ова е прв ваков избор на шеф на ОЈО ГОКК по измените на Законот за јавни обвинители, каде согласно член 66, основен јавен обвинител на ОЈО ГОКК се избира од страна на Советот на јавни обвинители по спроведено гласање од страна на сите јавни обвинители во земјава. Советот на ЈО по денешното гласање, согласно законот, во рок од седум дена треба да одржи седница на која ќе донесе одлука за именување на јавниот обвинител што добил најмногу гласови од листата на пријавени кандидати. Основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција се избира за време од четири години од редот на избраните јавни обвинители со право на повторен избор.

The post Ислам Абази избран за наследник на Вилма Русковска, ова е новиот шеф на ОЈО ГОКК appeared first on Република.

]]>
Ислам Абази, Незири Ермон, Деса Пауновска или Вилма Рускоска – 163 обвинители избираат шеф на Организиран криминал https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/islam-abazi-neziri-ermon-desa-paunovska-ili-vilma-ruskoska-163-obviniteli-kje-izberat-shef-na-organiziran-kriminal/ Mon, 07 Nov 2022 07:12:00 +0000 https://republika.mk/?p=570561

На непосредни избори денеска јавните обвинители од земјава ќе гласаат за избор на нов шеф на Основното јавно обвинителство за гонење на oрганизиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК). На гласачкото ливче се четворица кандидати Деса Пауновска и Ислам Абази, кои доаѓаат од Вишото обвинителство – Гостивар, Ермон Незири од скопското Обвинителство и суспендираната шефица на ОЈО ГОКК, Вилма Русковска.

Согласно Законот за јавното обвинителство, на изборите за шеф на ОЈО ГОКК право на глас имаат сите јавни обвинители во земјава. Гласањето ќе се спроведе во текот на работното време на гласачки места во четирите виши јавни обвинителства и во Јавното обвинителство на Република Македонија.

Според избирачки список, 163 јавни обвинители од земјава имаат право на глас за избор на нов шеф на ОЈО ГОКК. Гласањето, како што појасни за МИА претседателот на Советот на јавни обвинители, Антонио Јолевски, ќе биде од 8 до 16 часот, по што Советот ќе направи јавно сумирање на резултатите.

На кандидатската листа под број 1 е Ислам Абази, број 2 Незири Ермон, број 3 е Деса Пауновска и под број 4 е Вилма Русковска.

На огласот за избор на основен јавен обвинител на ОЈО ГОКК беа пријавени петмина кандидати, но Енѓелуше Кадриу – Леши ја повлече пријавата.

Ова е прв ваков избор на шеф на ОЈО ГОКК по измените на Законот за јавни обвинители, каде согласно член 66, основен јавен обвинител на ОЈО ГОКК се избира од страна на Советот на јавни обвинители по спроведено гласање од страна на сите јавни обвинители во земјава.

Советот на ЈО по денешното гласање, согласно законот, во рок од седум дена треба да одржи седница на која ќе донесе одлука за именување на јавниот обвинител што добил најмногу гласови од листата на пријавени кандидати.

Основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција се избира за време од четири години од редот на избраните јавни обвинители со право на повторен избор.

The post Ислам Абази, Незири Ермон, Деса Пауновска или Вилма Рускоска – 163 обвинители избираат шеф на Организиран криминал appeared first on Република.

]]>

На непосредни избори денеска јавните обвинители од земјава ќе гласаат за избор на нов шеф на Основното јавно обвинителство за гонење на oрганизиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК). На гласачкото ливче се четворица кандидати Деса Пауновска и Ислам Абази, кои доаѓаат од Вишото обвинителство – Гостивар, Ермон Незири од скопското Обвинителство и суспендираната шефица на ОЈО ГОКК, Вилма Русковска. Согласно Законот за јавното обвинителство, на изборите за шеф на ОЈО ГОКК право на глас имаат сите јавни обвинители во земјава. Гласањето ќе се спроведе во текот на работното време на гласачки места во четирите виши јавни обвинителства и во Јавното обвинителство на Република Македонија. Според избирачки список, 163 јавни обвинители од земјава имаат право на глас за избор на нов шеф на ОЈО ГОКК. Гласањето, како што појасни за МИА претседателот на Советот на јавни обвинители, Антонио Јолевски, ќе биде од 8 до 16 часот, по што Советот ќе направи јавно сумирање на резултатите. На кандидатската листа под број 1 е Ислам Абази, број 2 Незири Ермон, број 3 е Деса Пауновска и под број 4 е Вилма Русковска. На огласот за избор на основен јавен обвинител на ОЈО ГОКК беа пријавени петмина кандидати, но Енѓелуше Кадриу – Леши ја повлече пријавата. Ова е прв ваков избор на шеф на ОЈО ГОКК по измените на Законот за јавни обвинители, каде согласно член 66, основен јавен обвинител на ОЈО ГОКК се избира од страна на Советот на јавни обвинители по спроведено гласање од страна на сите јавни обвинители во земјава. Советот на ЈО по денешното гласање, согласно законот, во рок од седум дена треба да одржи седница на која ќе донесе одлука за именување на јавниот обвинител што добил најмногу гласови од листата на пријавени кандидати. Основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција се избира за време од четири години од редот на избраните јавни обвинители со право на повторен избор.

The post Ислам Абази, Незири Ермон, Деса Пауновска или Вилма Рускоска – 163 обвинители избираат шеф на Организиран криминал appeared first on Република.

]]>
Ќе го задржи ли Вилма ОЈО-ГОКК: Советот на јавните обвинители ќе гласа за наследник на Рускоска https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kje-go-zadrzi-li-vilma-ojo-gokk-sovetot-na-javnite-obviniteli-kje-glasa-za-naslednik-na-ruskoska/ Thu, 27 Oct 2022 06:47:01 +0000 https://republika.mk/?p=566072

Советот на јавните обвинители на Република Македонија утре ќе ја одржи 67-та седница на која, како што е најавено, ќе треба да гласа за избор на јавни обвинители во Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција – Скопје.

Претседателот на Советот на ЈО, Антонио Јолевски, за МИА појасни дека ќе се гласа за избор на четворица јавни обвинители, по огласот кој е објавен во април годинава.

На дневен ред на 67-та седница на Советот, меѓу другото, е и донесување одлука за формирање Комисија за спроведување на гласањето за избор на основен јавен обвинител на ОЈО ГОКК-Скопје.

Ова е прв ваков избор на шеф на ОЈО-ГОКК по измените на Законот за јавни обвинители, каде во согласност со член 66 основен јавен обвинител на ОЈО ГОКК се избира од страна на Советот на јавни обвинители по спроведено гласање од страна на сите јавни обвинители во Република Македонија.

На огласот за избор се пријавени петмина кандидати, а гласањето ќе биде на 7 ноември.

Советот на ЈО во рок од седум дена по гласањето треба да одржи седница на која ќе донесе одлука за именување на јавниот обвинител што добил најмногу гласови од листата на пријавени кандидати.

Мандатот на суспендираната шефица на ОЈО ГОКК Вилма Русковска трае до 14 ноември, а за нејзина времена замена на 29 август беше назначен обвинителот Трајче Пеливанов.

Основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција се избира за време од четири години, од редот на избраните јавни обвинители со право на повторен избор.

The post Ќе го задржи ли Вилма ОЈО-ГОКК: Советот на јавните обвинители ќе гласа за наследник на Рускоска appeared first on Република.

]]>

Советот на јавните обвинители на Република Македонија утре ќе ја одржи 67-та седница на која, како што е најавено, ќе треба да гласа за избор на јавни обвинители во Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција – Скопје. Претседателот на Советот на ЈО, Антонио Јолевски, за МИА појасни дека ќе се гласа за избор на четворица јавни обвинители, по огласот кој е објавен во април годинава. На дневен ред на 67-та седница на Советот, меѓу другото, е и донесување одлука за формирање Комисија за спроведување на гласањето за избор на основен јавен обвинител на ОЈО ГОКК-Скопје. Ова е прв ваков избор на шеф на ОЈО-ГОКК по измените на Законот за јавни обвинители, каде во согласност со член 66 основен јавен обвинител на ОЈО ГОКК се избира од страна на Советот на јавни обвинители по спроведено гласање од страна на сите јавни обвинители во Република Македонија. На огласот за избор се пријавени петмина кандидати, а гласањето ќе биде на 7 ноември. Советот на ЈО во рок од седум дена по гласањето треба да одржи седница на која ќе донесе одлука за именување на јавниот обвинител што добил најмногу гласови од листата на пријавени кандидати. Мандатот на суспендираната шефица на ОЈО ГОКК Вилма Русковска трае до 14 ноември, а за нејзина времена замена на 29 август беше назначен обвинителот Трајче Пеливанов. Основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција се избира за време од четири години, од редот на избраните јавни обвинители со право на повторен избор.

The post Ќе го задржи ли Вилма ОЈО-ГОКК: Советот на јавните обвинители ќе гласа за наследник на Рускоска appeared first on Република.

]]>