обвинителство Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/obvinitelstvo/ За подобро да се разбереме Wed, 27 Nov 2024 14:50:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png обвинителство Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/obvinitelstvo/ 32 32 Мицкоски жестоко разочаран од однесувањето на Обвинителството, најави робусна акција за справување со корумпираните обвинители и судии https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-zhestoko-razocharan-od-odnesuvaneto-na-obvinitelstvoto-najavi-robusna-aktsija-za-spravuvane-so-korumpiranite-obviniteli-i-sudii/ Wed, 27 Nov 2024 14:24:41 +0000 https://republika.mk/?p=842396

Премиерот Мицкоски рече дека е жестоко разочаран од однесувањето на Обвинителството кое не постапува по индициите на ревизорите за корупција и криминал и најави дека доколку за брзо не се промени нешто,ќе спроведат како што рече, робусна акција.

https://www.youtube.com/watch?v=kftlEA8WjTs

The post Мицкоски жестоко разочаран од однесувањето на Обвинителството, најави робусна акција за справување со корумпираните обвинители и судии appeared first on Република.

]]>

Премиерот Мицкоски рече дека е жестоко разочаран од однесувањето на Обвинителството кое не постапува по индициите на ревизорите за корупција и криминал и најави дека доколку за брзо не се промени нешто,ќе спроведат како што рече, робусна акција. https://www.youtube.com/watch?v=kftlEA8WjTs

The post Мицкоски жестоко разочаран од однесувањето на Обвинителството, најави робусна акција за справување со корумпираните обвинители и судии appeared first on Република.

]]>
Идентификувани сите жртви на трагедијата во Нови Сад, следува распит на надлежните https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/identifikuvani-site-zhrtvi-na-tragedijata-vo-novi-sad-sleduva-raspit-na-nadlezhnite/ Sat, 02 Nov 2024 10:55:21 +0000 https://republika.mk/?p=833428

По повод трагичниот настан што се случи на 1 ноември во Нови Сад кога се урна дел од зградата на Железничката станица, Вишото јавно обвинителство во Нови Сад ја извести јавноста дека во меѓувреме ќе биде извршена идентификација на другиот починат, од кои двајца биле машки и пет женски, биле извршени половина.

Во прашање се, како што се наведува, Н.К. (17), Ѓ.Ф. (53), М.А. (16), Ф.В. (10), С.Ф. (6) и Г.Р. (58), К.М. (76) како и повредените од кои две се од женски пол – Т.М. (24) и А.Р. (23) и едно машко лице – В.Ц. (18).

Во текот на досегашните дејствија и мерки, јавниот обвинител на Вишото јавно обвинителство Нови Сад, во соработка со Полициското одделение во Нови Сад, изврши увид на лице место и нареди потребни вештачења. Паралелно со вештачењата што треба да се спроведат во најкраток можен рок, Вишото јавно обвинителство во Нови Сад е целосно ангажирано во прибирањето на сите известувања и информации, при што е наредено за таа цел во текот на денот, ќе бидат сослушани најмалку дваесет лица, меѓу другите одговорни лица од Министерството за градежништво, сообраќај и инфраструктура, како и надлежниот министер, одговорните лица од АД „Железница Србија“, одговорните лица на Заводот за заштита на спомениците на културата на Град Нови Сад, како и други лица, а со цел да се утврдат сите суштински елементи на кривичните дела и кривичната одговорност на лицата, за што јавноста ќе биде навремено информирана“, соопштија оттаму.

The post Идентификувани сите жртви на трагедијата во Нови Сад, следува распит на надлежните appeared first on Република.

Мицкоски за обвинителските притисоци: Шокантно е тоа што прочитав, ако е вистина ДЈО Коцевски треба да објасни пред јавноста https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-za-obvinitelskite-pritisotsi-shokantno-e-toa-shto-prochitav-ako-e-vistina-djo-kotsevski-treba-da-objasni-pred-javnosta/ Fri, 18 Oct 2024 16:52:01 +0000 https://republika.mk/?p=828569

Шокантно е тоа што успеав да го прочитам и ако е навистина така, мислам дека државниот јавен обвинител треба да излезе пред јавноста и да ја објасни вистината, изјави премиерот, Христијан Мицкоски, во врска со обвинувањата на обвинителите од вишото Јавно обвинителство дека државниот обвинител Љупчо Коцевски им вршел притисок во еден судски предмет.

Според премиерот, има многу работи за кои ЈО треба да даде одговор.

Морам да кажам дека е шокантно тоа што успеав да го прочитам. И ако е тоа навистина така, мислам дека и државниот јавен обвинител треба да излезе и да објасни во јавноста што е вистината и мислам дека ако е ова точно и ако се потврди како точно, бидејќи се сеќавате ние уште писмото на Катица Јанева од затвор не сме го виделе. Се сеќавате, тоа писмо што од затвор го пишуваше Катица Јанева овозможи овие процеси што беа дел од поранешното СЈО кое, знаете, се распадна поради една чанта од марката Луј Витон полна со странски валути, продолжија да функционираат и ние како политичка партија сме се уште жртва на системот.

Имаме блокиран имот, често пати блокирана сметка,… иако е јасна пресудата од вториот степен, односно од апелација, што треба да се направи. Така што, има многу работи за кои треба да се даде објаснување. Исто така, треба да се даде објаснување и од оние материјали што беа констатирани за снимање разговори на обвинители, судии, па тогашниот министер за внатрешни работи нешто друго зборуваше,…. Има многу работи за кои ЈО треба да даде одговор, истакна Мицкоски, одговорајќи на новинарски прашања по поставувањето камен-темелник на ново училиште во Ченто.

Премиерот е дециден дека се потребни реформи и во Обвинителствто и во судството, зашто довербата на граѓаните, како што истакна, е под два отсто.

Многу пати досега во јавните настапи сум кажал дека се потребни реформи и во обвинителството и во судството од проста причина што довербата кај граѓаните е многу мала, е под 2 процента. И логично е ако имате таква мала доверба да најдете начин да направите некаква реформа. Долго време чекав да пристигнат предлози, за жал не пристигна ниту еден предлог, така што во овој момент ни преостанува само тоа да си ја напишеме самите домашната задача и да може таа доверба барем да биде со двоцифрен број проценти за да можете вие граѓаните да чувствувате сигурност кога ќе имате некаков судски процес дека ќе ја добиете правдата, рече Мицкоски.

На прашањето за новиот директор на АНБ, Бојан Христовски, Мицкоски уште еднаш кажа дека апсолутно верува во неговите професионални капацитети.

Му посакувам многу среќа и успешна работа на Христовски во делот на обезбедување на безбедноста на Македонија како држава и на вас граѓаните за да можете слободно да се движите и да можете да функционирате. Тој преку фер судска постапка во минатото покажа и докажа дека е жртва на политички мобинг и прогон од претходната разбојничка влада на СДСМ и ДУИ и дека го заслужува местото каде што е назначен, подвлече Мицкоски.

Премиерот останува на ставот за спојување на АНБ со Агенцијата за разузнавање „зашто тоа е реформа што на најголемиот дел од сојузниците во НАТО ја имаат направено“. Тој потврдидека за ова е во комуникација со претседателката Сиљановска-Давкова, бидејќи Агенцијата е во нејзина надлежност.

Ние сме го разговарале ова и апсолутно ова е резултат на потреба како реформа, не зашто некој има сега лична фрустрација па ќе спојува агенции. Така е направено во најголемиот дел од нашите сојузници во НАТО Алијансата, рече Мицкоски.

The post Мицкоски за обвинителските притисоци: Шокантно е тоа што прочитав, ако е вистина ДЈО Коцевски треба да објасни пред јавноста appeared first on Република.

]]>

Шокантно е тоа што успеав да го прочитам и ако е навистина така, мислам дека државниот јавен обвинител треба да излезе пред јавноста и да ја објасни вистината, изјави премиерот, Христијан Мицкоски, во врска со обвинувањата на обвинителите од вишото Јавно обвинителство дека државниот обвинител Љупчо Коцевски им вршел притисок во еден судски предмет.
Според премиерот, има многу работи за кои ЈО треба да даде одговор.
Морам да кажам дека е шокантно тоа што успеав да го прочитам. И ако е тоа навистина така, мислам дека и државниот јавен обвинител треба да излезе и да објасни во јавноста што е вистината и мислам дека ако е ова точно и ако се потврди како точно, бидејќи се сеќавате ние уште писмото на Катица Јанева од затвор не сме го виделе. Се сеќавате, тоа писмо што од затвор го пишуваше Катица Јанева овозможи овие процеси што беа дел од поранешното СЈО кое, знаете, се распадна поради една чанта од марката Луј Витон полна со странски валути, продолжија да функционираат и ние како политичка партија сме се уште жртва на системот.   Имаме блокиран имот, често пати блокирана сметка,… иако е јасна пресудата од вториот степен, односно од апелација, што треба да се направи. Така што, има многу работи за кои треба да се даде објаснување. Исто така, треба да се даде објаснување и од оние материјали што беа констатирани за снимање разговори на обвинители, судии, па тогашниот министер за внатрешни работи нешто друго зборуваше,…. Има многу работи за кои ЈО треба да даде одговор, истакна Мицкоски, одговорајќи на новинарски прашања по поставувањето камен-темелник на ново училиште во Ченто.
Премиерот е дециден дека се потребни реформи и во Обвинителствто и во судството, зашто довербата на граѓаните, како што истакна, е под два отсто.
Многу пати досега во јавните настапи сум кажал дека се потребни реформи и во обвинителството и во судството од проста причина што довербата кај граѓаните е многу мала, е под 2 процента. И логично е ако имате таква мала доверба да најдете начин да направите некаква реформа. Долго време чекав да пристигнат предлози, за жал не пристигна ниту еден предлог, така што во овој момент ни преостанува само тоа да си ја напишеме самите домашната задача и да може таа доверба барем да биде со двоцифрен број проценти за да можете вие граѓаните да чувствувате сигурност кога ќе имате некаков судски процес дека ќе ја добиете правдата, рече Мицкоски.
На прашањето за новиот директор на АНБ, Бојан Христовски, Мицкоски уште еднаш кажа дека апсолутно верува во неговите професионални капацитети.
Му посакувам многу среќа и успешна работа на Христовски во делот на обезбедување на безбедноста на Македонија како држава и на вас граѓаните за да можете слободно да се движите и да можете да функционирате. Тој преку фер судска постапка во минатото покажа и докажа дека е жртва на политички мобинг и прогон од претходната разбојничка влада на СДСМ и ДУИ и дека го заслужува местото каде што е назначен, подвлече Мицкоски.
Премиерот останува на ставот за спојување на АНБ со Агенцијата за разузнавање „зашто тоа е реформа што на најголемиот дел од сојузниците во НАТО ја имаат направено“. Тој потврдидека за ова е во комуникација со претседателката Сиљановска-Давкова, бидејќи Агенцијата е во нејзина надлежност.
Ние сме го разговарале ова и апсолутно ова е резултат на потреба како реформа, не зашто некој има сега лична фрустрација па ќе спојува агенции. Така е направено во најголемиот дел од нашите сојузници во НАТО Алијансата, рече Мицкоски.

The post Мицкоски за обвинителските притисоци: Шокантно е тоа што прочитав, ако е вистина ДЈО Коцевски треба да објасни пред јавноста appeared first on Република.

]]>
Ја фатил за коса, ја извадил од такси возилото, ја удрил со глава и ѝ ја пукнал левата аркада: Обвинителството поведе постапка против скопјанец https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/ja-fatil-za-kosa-ja-izvadil-od-taksi-voziloto-ja-udril-so-glava-i-ja-puknal-levata-arkada-obvinitelstvoto-povede-postapka-protiv-skopjanets/ Wed, 16 Oct 2024 07:17:09 +0000 https://republika.mk/?p=827377

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 32-годишен скопјанец поради основано сомнение за кривично дело – Тешка телесна повреда според член 131 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот, на 14 октомври, со умисла при вршење семејно насилство тешко телесно ја повредил својата вонбрачна партнерка. Двајцата со такси возило се враќале во нивниот дом кога меѓу нив настанала вербална расправија. Во моментот кога дошле во близина домот, осомничениот ја фатил оштетената за коса, ја извадил од такси возилото и ја удрил со глава во челото со што и ја пукнал левата аркада. Потоа продолжил да ја удира по носот, вилицата, стомакот и грбот, нанесувајќи и тешки телесни повреди – контузија, фрактури и крвни подливи.

Според проценката на јавниот обвинител, во конкретниот кривично-правен настан се исполнети законските претпоставки за определување на мерка притвор – опасност од бегство и можност да го повтори семејното насилство кон оштетената. Од тие причини, до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје, обвинителството достави предлог за определување мерка притвор.

The post Ја фатил за коса, ја извадил од такси возилото, ја удрил со глава и ѝ ја пукнал левата аркада: Обвинителството поведе постапка против скопјанец appeared first on Република.

]]>

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 32-годишен скопјанец поради основано сомнение за кривично дело – Тешка телесна повреда според член 131 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот, на 14 октомври, со умисла при вршење семејно насилство тешко телесно ја повредил својата вонбрачна партнерка. Двајцата со такси возило се враќале во нивниот дом кога меѓу нив настанала вербална расправија. Во моментот кога дошле во близина домот, осомничениот ја фатил оштетената за коса, ја извадил од такси возилото и ја удрил со глава во челото со што и ја пукнал левата аркада. Потоа продолжил да ја удира по носот, вилицата, стомакот и грбот, нанесувајќи и тешки телесни повреди – контузија, фрактури и крвни подливи. Според проценката на јавниот обвинител, во конкретниот кривично-правен настан се исполнети законските претпоставки за определување на мерка притвор – опасност од бегство и можност да го повтори семејното насилство кон оштетената. Од тие причини, до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје, обвинителството достави предлог за определување мерка притвор.

The post Ја фатил за коса, ја извадил од такси возилото, ја удрил со глава и ѝ ја пукнал левата аркада: Обвинителството поведе постапка против скопјанец appeared first on Република.

]]>
Обвинителство: Материјалот за случајот со поранешната министерка за култура е пристигнат и се проучува https://arhiva3.republika.mk/vesti/obvinitelstvo-materijalot-za-sluchajot-so-poraneshnata-ministerka-za-kultura-e-pristignat-i-se-prouchuva/ Wed, 02 Oct 2024 18:35:15 +0000 https://republika.mk/?p=821902

Од Јавното обвинителство информираа дека вчера кај нив е пристигнато известување од Министерството за внатрешни работи и документацијата од Министерството за култура за наводната злоупотреба на буџетски средства од поранешната министерка за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска.

До Јавното обвинителство вчера од Министерството за внатрешни работи е доставено известување и документацијата од Министерството за култура. Обвинителството веќе го проучува материјалот и ќе преземе дејствија, стои во информацијата од Јавното обвинителство.

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска во изјава за медиумите рече дека се уште нема новости од Јавното обвинителство во врска со овој случај.

Не, се уште немаме новости од Јавното обвинителство. Целата документација е испратена. Кога ќе не известат нас, веројатно ќе знаете и вие, рече Љутков за време на неговата посета на Националната опера и балет.

ВМРО-ДПМНЕ ја обвини поранешната министерка Бисера Костадиновска-Стојчевска дека користела буџетски пари за приватни цели за време на нејзиното службено патување во Лондон во октомври минатата година. Веднаш потоа и Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) отвори предмет по допрен глас. Костадиновска-Стојчевска на прес-конференција посочи дека ќе одговара ако се утврди неправилност, а во спротивно најави тужба против ВМРО-ДПМНЕ.

The post Обвинителство: Материјалот за случајот со поранешната министерка за култура е пристигнат и се проучува appeared first on Република.

Вонреден инспекциски надзор во кумановската болница за случајот со починатата родилка https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vonreden-inspektsiski-nadzor-vo-kumanovskata-bolnitsa-za-sluchajot-so-pochinatata-rodilka/ Wed, 02 Oct 2024 15:02:13 +0000 https://republika.mk/?p=821839

Државниот санитарен и здравствен инспекторат, вчера извршил вонреден инспекциски надзор во кумановската општа болница за случајот со починатата родилка, соопшти в.д. директорот на ДЗСИ, Кирил Лазов. Состојбата со новороденчето е непромената, информираа од Детска клиника. Од Јавното обвинителтво (ЈОРСМ) ги чекаат потребните анализи од надлежните институции за утврдување на фактичката состојба.

Триесет и едногодишната родилка која почина во кумановската болница при породување била во добра здравствена состојба, редовно се прегледувала кај матичен гинеколог покажа вонредниот инспекциски надзор што вчера го спровеле инспекторите од Државниот здравствен и санитарен инспекторат. Надзорот кај матичниот гинеколог покажал дека родилката навремено се јавувала во текот на бременоста, правела редовни контроли, пациентката била во добра здравствена состојба при втора уредно контролирана бременост и немало отстапувања. Инспекторите извршиле и вонреден надзор и во болницата.

Ден по приемот, на 27 септември поставена е индикација за породување и околу 15.00 часот отпочнало аплицирањето терапија за отпочнување на породувањето. Истата терапија повторно е дадена во 19:30 часот кога дошло до нагло влошување на здравствената состојба на родилката (во 19.40) после кое била итно спроведена во операциска сала и извршен царски од страна на дежурниот тим лекари (специјалист по гинекологија и акушерство, специјализант по гинекологија и акушерство и специјалист анестезиолог). Во 20 ч 30 миннути изваден е плодот а во 20 часот и 45 минути е констатирана смрт на родилката од страна на анестезиолог, се вели во извештајот на Државниот здравствен и санитарен инспекторат.

Лекарите од Детска клиника сè уште ја следат состојбата на новороденчето.

Состојбата на новороденото е непроменета, лекарите ја следат здравствената состојба. Новороденчето е на одделот за интензивна нега и терапија и е на механичка вентилација и ја добива потребната здравствена нега, изјави директорот Клиниката за детски болести, Реџеп Мемеди.

Од ЈОРСМ ги чекаат анализите од надлежните институции за утврдување на фактичката состојба и евентуалната одговорност за случајот со младата кумановка.

The post Вонреден инспекциски надзор во кумановската болница за случајот со починатата родилка appeared first on Република.

]]>

Државниот санитарен и здравствен инспекторат, вчера извршил вонреден инспекциски надзор во кумановската општа болница за случајот со починатата родилка, соопшти в.д. директорот на ДЗСИ, Кирил Лазов. Состојбата со новороденчето е непромената, информираа од Детска клиника. Од Јавното обвинителтво (ЈОРСМ) ги чекаат потребните анализи од надлежните институции за утврдување на фактичката состојба. Триесет и едногодишната родилка која почина во кумановската болница при породување била во добра здравствена состојба, редовно се прегледувала кај матичен гинеколог покажа вонредниот инспекциски надзор што вчера го спровеле инспекторите од Државниот здравствен и санитарен инспекторат. Надзорот кај матичниот гинеколог покажал дека родилката навремено се јавувала во текот на бременоста, правела редовни контроли, пациентката била во добра здравствена состојба при втора уредно контролирана бременост и немало отстапувања. Инспекторите извршиле и вонреден надзор и во болницата.
Ден по приемот, на 27 септември поставена е индикација за породување и околу 15.00 часот отпочнало аплицирањето терапија за отпочнување на породувањето. Истата терапија повторно е дадена во 19:30 часот кога дошло до нагло влошување на здравствената состојба на родилката (во 19.40) после кое била итно спроведена во операциска сала и извршен царски од страна на дежурниот тим лекари (специјалист по гинекологија и акушерство, специјализант по гинекологија и акушерство и специјалист анестезиолог). Во 20 ч 30 миннути изваден е плодот а во 20 часот и 45 минути е констатирана смрт на родилката од страна на анестезиолог, се вели во извештајот на Државниот здравствен и санитарен инспекторат.
Лекарите од Детска клиника сè уште ја следат состојбата на новороденчето.
Состојбата на новороденото е непроменета, лекарите ја следат здравствената состојба. Новороденчето е на одделот за интензивна нега и терапија и е на механичка вентилација и ја добива потребната здравствена нега, изјави директорот Клиниката за детски болести, Реџеп Мемеди.
Од ЈОРСМ ги чекаат анализите од надлежните институции за утврдување на фактичката состојба и евентуалната одговорност за случајот со младата кумановка.

The post Вонреден инспекциски надзор во кумановската болница за случајот со починатата родилка appeared first on Република.

]]>
Обвинителството предлага условна осуда за обвинет за загрозување на сигурноста на уставен судија https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/obvinitelstvoto-predlaga-uslovna-osuda-za-obvinet-za-zagrozuvane-na-sigurnosta-na-ustaven-sudija/ Tue, 01 Oct 2024 14:58:53 +0000 https://republika.mk/?p=821470

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје достави Предлог за издавање казнен налог против едно лице за кривично дело – Загрозување на сигурноста согласно член 144 став 5 од Кривичниот законик.

На 21 јуни, преку информатички систем, обвинетиот се заканил дека ќе стори кривично дело – Убиство од член 123 став 2 од Кривичниот законик за кое е пропишана затворска казна од најмалку 10 години, спрема оштетена – судија на Уставниот суд на Република Македонија.

На својот профил на социјална мрежа, незадоволен од одлука на Уставниот суд во врска со законот за застареност на долгови, обвинетиот објавил пост со закани дека ќе го стори кривичното дело, директно споменувајќи ја посочената уставна судијка, со што кај оштетената предизвикал чувство на несигурност, загрозување и страв, информираат од Обвинителството.

Со казнениот налог обвинителството предлага на обвинетиот да му биде изречена кривична санкција – условна осуда со која ќе му биде определена казна затвор од три месеци која нема да се изврши доколку тој не стори ново кривично дело во рок од една година од правосилноста на пресудата.

The post Обвинителството предлага условна осуда за обвинет за загрозување на сигурноста на уставен судија appeared first on Република.

]]>

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје достави Предлог за издавање казнен налог против едно лице за кривично дело – Загрозување на сигурноста согласно член 144 став 5 од Кривичниот законик. На 21 јуни, преку информатички систем, обвинетиот се заканил дека ќе стори кривично дело – Убиство од член 123 став 2 од Кривичниот законик за кое е пропишана затворска казна од најмалку 10 години, спрема оштетена – судија на Уставниот суд на Република Македонија.
На својот профил на социјална мрежа, незадоволен од одлука на Уставниот суд во врска со законот за застареност на долгови, обвинетиот објавил пост со закани дека ќе го стори кривичното дело, директно споменувајќи ја посочената уставна судијка, со што кај оштетената предизвикал чувство на несигурност, загрозување и страв, информираат од Обвинителството.
Со казнениот налог обвинителството предлага на обвинетиот да му биде изречена кривична санкција – условна осуда со која ќе му биде определена казна затвор од три месеци која нема да се изврши доколку тој не стори ново кривично дело во рок од една година од правосилноста на пресудата.  

The post Обвинителството предлага условна осуда за обвинет за загрозување на сигурноста на уставен судија appeared first on Република.

]]>
По несреќата во која загинаа татко и син, нареден инспекциски надзор над работите на автопатот Скопје-Куманово, издадено решение за итно запирање https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/po-nesrekata-vo-koja-zaginaa-tatko-i-sin-nareden-inspektsiski-nadzor-nad-rabotite-na-avtopatot-skopje-kumanovo-izdadeno-reshenie-za-itno-zapirane/ Thu, 05 Sep 2024 17:27:36 +0000 https://republika.mk/?p=813624

По наредба на јавен обвинител, инспектор за патишта од Државниот инспекторат за транспорт изврши вонреден инспекциски надзор над градежните работи што ги изведува правно лице на автопатот А2, клучка Хиподром-наплатна станица Миладиновци, каде во сообраќајната несреќа која се случи на 2 септември автомобил „Мерцедес“ удри во товарно возило, сопственост на правното лице ангажирано на проектот, при што животот го загубија возачот на автомобилот „Мерцедес“ и неговиот малолетен син, велат од Обвинителството.

По надзорот, изготвен е записник и донесено е решение со кое се задолжува правното лице веднаш да ги запре сите градежни работи до добивање на одобрение од надлежен орган за времена измена на режимот на сообраќај за изведување работи на левата – брза сообраќајна лента. Во меѓувреме, правното лице треба да постави и одржува времена вертикална и хоризонтална сообраќајна сигнализација со која ќе овозможи безбедно и непречено одвивање на сообраќајот на автопатската делница.

Непосредно по тешката сообраќајна несреќа, Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против две лица поради сомненија дека сториле кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот. Проверките за целосно испитување на кривичната одговорност за настанот се во тек, а по краткотрајниот притвор од 48 часа, по предлог на јавниот обвинител, на двете лица им се определени мерки на претпазливост, соопшти Обвинителството.

The post По несреќата во која загинаа татко и син, нареден инспекциски надзор над работите на автопатот Скопје-Куманово, издадено решение за итно запирање appeared first on Република.

]]>

По наредба на јавен обвинител, инспектор за патишта од Државниот инспекторат за транспорт изврши вонреден инспекциски надзор над градежните работи што ги изведува правно лице на автопатот А2, клучка Хиподром-наплатна станица Миладиновци, каде во сообраќајната несреќа која се случи на 2 септември автомобил „Мерцедес“ удри во товарно возило, сопственост на правното лице ангажирано на проектот, при што животот го загубија возачот на автомобилот „Мерцедес“ и неговиот малолетен син, велат од Обвинителството. По надзорот, изготвен е записник и донесено е решение со кое се задолжува правното лице веднаш да ги запре сите градежни работи до добивање на одобрение од надлежен орган за времена измена на режимот на сообраќај за изведување работи на левата – брза сообраќајна лента. Во меѓувреме, правното лице треба да постави и одржува времена вертикална и хоризонтална сообраќајна сигнализација со која ќе овозможи безбедно и непречено одвивање на сообраќајот на автопатската делница.
Непосредно по тешката сообраќајна несреќа, Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против две лица поради сомненија дека сториле кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот. Проверките за целосно испитување на кривичната одговорност за настанот се во тек, а по краткотрајниот притвор од 48 часа, по предлог на јавниот обвинител, на двете лица им се определени мерки на претпазливост, соопшти Обвинителството.

The post По несреќата во која загинаа татко и син, нареден инспекциски надзор над работите на автопатот Скопје-Куманово, издадено решение за итно запирање appeared first on Република.

]]>
Пуштена во употреба лабораторија за дигитална форензика во ОЈО ГОКК https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pushtena-vo-upotreba-laboratorija-za-digitalna-forenzika-vo-ojo-gokk/ Tue, 03 Sep 2024 12:56:38 +0000 https://republika.mk/?p=812724

Во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, во присуство на заменик амбасадорката на САД Никол Варнс, денеска и официјално е пуштена во употреба лабораторија за дигитална форензика.

Со поддршка на Амбасадата на САД се набавени неопходните хардверски и софтверски компоненти за хардверско и софтверско опремување во областа на дигиталната форензика во вредност од околу 500.000 американски долари. Опремата вклучува најсовремени форензички станици за работа во лабораториски услови, лап топ компјутери, ултраблок китови со врајт блокери за различни видови носачи на електронски податоци што ќе бидат предмет на анализа, како и форензички софтвери што се користат за исчитување и анализа на одземена или запленета електронска опрема. Во лабораторијата за дигитална форензика ќе можат непречено да се отвораат и декодираат одземените електронски уреди со цел да се пронајдат електронски докази што ќе бидат корисни за понатамошниот тек на постапките и кои како валидни, законски прибавени докази ќе се користат во постапка и пред судот.

Воедно, за потребите на аналитичкиот центар во Обвинителството, Амбасадата на САД донираше софтверска алатка Analyst’s Notebook 10 со помош на која се овозможува големи количини на податоци да се претворат во визуелни дијаграми, како мрежи на односи, временски линии и шеми на настани и на тој начин полесно да се откријат скриени врски и модели.

The post Пуштена во употреба лабораторија за дигитална форензика во ОЈО ГОКК appeared first on Република.

]]>

Во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, во присуство на заменик амбасадорката на САД Никол Варнс, денеска и официјално е пуштена во употреба лабораторија за дигитална форензика. Со поддршка на Амбасадата на САД се набавени неопходните хардверски и софтверски компоненти за хардверско и софтверско опремување во областа на дигиталната форензика во вредност од околу 500.000 американски долари. Опремата вклучува најсовремени форензички станици за работа во лабораториски услови, лап топ компјутери, ултраблок китови со врајт блокери за различни видови носачи на електронски податоци што ќе бидат предмет на анализа, како и форензички софтвери што се користат за исчитување и анализа на одземена или запленета електронска опрема. Во лабораторијата за дигитална форензика ќе можат непречено да се отвораат и декодираат одземените електронски уреди со цел да се пронајдат електронски докази што ќе бидат корисни за понатамошниот тек на постапките и кои како валидни, законски прибавени докази ќе се користат во постапка и пред судот. Воедно, за потребите на аналитичкиот центар во Обвинителството, Амбасадата на САД донираше софтверска алатка Analyst’s Notebook 10 со помош на која се овозможува големи количини на податоци да се претворат во визуелни дијаграми, како мрежи на односи, временски линии и шеми на настани и на тој начин полесно да се откријат скриени врски и модели.

The post Пуштена во употреба лабораторија за дигитална форензика во ОЈО ГОКК appeared first on Република.

]]>
Обвинителството не нашло одговорност кај Беким Максути за несервисираните „Ер трактори“ на ДЗС https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/obvinitelstvoto-ne-nashlo-odgovornost-kaj-bekim-maksuti-za-neservisiranite-er-traktori-na-dzs/ Fri, 30 Aug 2024 10:01:10 +0000 https://republika.mk/?p=811494

Поранешниот директор на Дирекцијата за заштита и спасување, Беким Максути нема да одговара за несервисираните „ер трактори“ кои не беа во функција за време на големите пожари летото 2021 година.

Обвинителството, постапувајќи по кривичната пријава поднесена од „Левица“, не нашло елементи за кривично дело ниту за постапките за јавни набавки за поправка и сервисирање на авионите, ниту дека Максути несовесно работел.

Пo поднесената пријава од една политичка партија, постапуваше јавен обвинител ОЈО ГОКК кој во предистражна постапка прибави материјални докази од кои произлезе дека во дејствијата преземени од директорот на Дирекцијата за заштита и спасување нема елементи на законско битие на кривично дело што е во надлежност на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, бидејќи прибраните докази упатуваат на фактот дека постапките за јавните набавки за поправка и сервисирање на авионите во 2020 и 2021 година биле спроведени во согласност со одредбите од Законот за јавните набавки. Во однос на евентуално постоење на кривичното дело Несовесно работење во служба од чл. 353 – в од КЗ предметот беше доставен на надлежност на ОЈО Скопје, каде јавен обвинител утврди дека во дејствијата на пријавениот не се содржани елементи на наведеното кривично дело, потврдуваат за МИА од Обвинителството.

Од Обвинитлество, исто така, информираат дека во Основното јавно обвинителство Скопје е оформен предмет врз основа на извештај Ревизија на успешност „Систем за управување со кризи и заштита од пожари“ од Државниот завод за ревизија, кој е во фаза на предистражна постапка.

Предметот е во фаза на предистражна постапка, а надлежен јавен обвинител има издадено наредба до Управата за финансиска полиција за да изврши соодветни проверки. По наредбата се уште се постапува. Во однос на актуелните пожари, надлежните јавни обвинителства постапуваат по сите поднесени кривични пријави од надлежни органи кои откриле конкретни сторители кои што намерно предизвикале пожар, информираат од Обвинителство.

Авионите „ер трактор“, со кои може да се дејствува од воздух за гаснење на шумските пожари, останаа приземјени во 2021 година. Тогаш Максути откри дека канадерите не биле во функција две години зашто немало кој да ги сервисира, односно немало фирма што е овластена за да им направи сервис.

Проблемот со „Ер тракторите“ беше актуелен и годинава, кога тие беа сервисирани, но немаше пилоти, поради пензионирање на двајца. Со одлука на Влада, тие беа повторно ангажирани со договор на дело.

The post Обвинителството не нашло одговорност кај Беким Максути за несервисираните „Ер трактори“ на ДЗС appeared first on Република.

]]>

Поранешниот директор на Дирекцијата за заштита и спасување, Беким Максути нема да одговара за несервисираните „ер трактори“ кои не беа во функција за време на големите пожари летото 2021 година. Обвинителството, постапувајќи по кривичната пријава поднесена од „Левица“, не нашло елементи за кривично дело ниту за постапките за јавни набавки за поправка и сервисирање на авионите, ниту дека Максути несовесно работел.
Пo поднесената пријава од една политичка партија, постапуваше јавен обвинител ОЈО ГОКК кој во предистражна постапка прибави материјални докази од кои произлезе дека во дејствијата преземени од директорот на Дирекцијата за заштита и спасување нема елементи на законско битие на кривично дело што е во надлежност на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, бидејќи прибраните докази упатуваат на фактот дека постапките за јавните набавки за поправка и сервисирање на авионите во 2020 и 2021 година биле спроведени во согласност со одредбите од Законот за јавните набавки. Во однос на евентуално постоење на кривичното дело Несовесно работење во служба од чл. 353 – в од КЗ предметот беше доставен на надлежност на ОЈО Скопје, каде јавен обвинител утврди дека во дејствијата на пријавениот не се содржани елементи на наведеното кривично дело, потврдуваат за МИА од Обвинителството.
Од Обвинитлество, исто така, информираат дека во Основното јавно обвинителство Скопје е оформен предмет врз основа на извештај Ревизија на успешност „Систем за управување со кризи и заштита од пожари“ од Државниот завод за ревизија, кој е во фаза на предистражна постапка.
Предметот е во фаза на предистражна постапка, а надлежен јавен обвинител има издадено наредба до Управата за финансиска полиција за да изврши соодветни проверки. По наредбата се уште се постапува. Во однос на актуелните пожари, надлежните јавни обвинителства постапуваат по сите поднесени кривични пријави од надлежни органи кои откриле конкретни сторители кои што намерно предизвикале пожар, информираат од Обвинителство.
Авионите „ер трактор“, со кои може да се дејствува од воздух за гаснење на шумските пожари, останаа приземјени во 2021 година. Тогаш Максути откри дека канадерите не биле во функција две години зашто немало кој да ги сервисира, односно немало фирма што е овластена за да им направи сервис. Проблемот со „Ер тракторите“ беше актуелен и годинава, кога тие беа сервисирани, но немаше пилоти, поради пензионирање на двајца. Со одлука на Влада, тие беа повторно ангажирани со договор на дело.

The post Обвинителството не нашло одговорност кај Беким Максути за несервисираните „Ер трактори“ на ДЗС appeared first on Република.

]]>
Мицкоски го повика Обвинителството да ги провери тврдењата на СДСМ за бегството на Рамадани https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-go-povika-obvinitelstvoto-da-gi-proveri-tvrdenata-na-sdsm-za-begstvoto-na-ramadani/ Fri, 23 Aug 2024 12:24:51 +0000 https://republika.mk/?p=809473

Премиерот Христијан Мицкоски денеска го повика Јавното обвинителство да ги провери тврдењата на СДСМ дека бегството на поранешниот припадник на ОВК Блерим Рамадани на Косово е реализирано со помош на луѓе од државни институции. Тврдењата на СДСМ, според Мицкоски, се ноторна лага.

Добро е што конечно излегоа со тврдење. Го охрабрувам Јавното обвинителство уште денес да влезе, го повикувам јавниот обвинител кој е избран од СДС и ДУИ веднаш да влезе и да констатира фактичка состојба, а јас ви тврдам дека тоа што го изнесе пратеникот на СДСМ е ноторна лага - изјави Мицкоски по посетата на Агенцијата за катастар на недвижности.

Мицкоски го охрабри и раководството на МВР да поднесе тужба за клевета.

Мораме на ваков начин да се заштитиме од ваквите лаги и конструкции. Чудно е што се конструираат вакви монструозни работи и практично тоа нас ни дава одговор со какви луѓе сме имале работа овие седум години кога тие сега од опозиција ова го конструираат. Практично, тие така и владееле, така функционирале - рече Мицкоски.

Пратеникот на СДСМ Митко Трајчулески денеска на прес-конференција соопшти дека имаат докази од „свиркачи“ дека Рамадани ја напуштил државава и заминал во Косово на 10 август со Наим Рамука, началник на северната граница со Косово, а на 14 август, кога и избегал од земјава, бил превезен од вработен во општина Чаир по наредба на Рамука. И во двата случаја границата на Блаце ја поминале по лентата за товарен сообраќај без никаква контрола.

Трајчулески побара од Основсното јавно обвинителство (ОЈО) итна истрага на случајот, да се декласифицираат снимките од камерите на ГП Блаце за да може и целата јавност да увиди дека е вистина тоа што го тврдат, како и неотповиклива оставка од Тошковски и сите лица за кои имаат информации дека се вклучени во организација на бегството на Рамадани.

Рамадани, врз основа на меѓународната потерница издадена до Интерпол од Србија, беше уапсен на 17 јули годинава на граничниот премин Јажинце и однесен на 30 дена екстрадиционен притвор во затворот во Шутка. На 1 август, мерката на Рамадани му беше преиначена во „куќен притвор“ и со оваа одлука се предвидуваше тој да остане во „куќен притвор“ до 16 август. На 15 август од страна на надлежен судски орган доставена е документација до МВР за распишување на централна потерница за Блерим Рамадани, бидејќи тој е недостапен за органите на прогонот.

The post Мицкоски го повика Обвинителството да ги провери тврдењата на СДСМ за бегството на Рамадани appeared first on Република.

]]>

Премиерот Христијан Мицкоски денеска го повика Јавното обвинителство да ги провери тврдењата на СДСМ дека бегството на поранешниот припадник на ОВК Блерим Рамадани на Косово е реализирано со помош на луѓе од државни институции. Тврдењата на СДСМ, според Мицкоски, се ноторна лага.
Добро е што конечно излегоа со тврдење. Го охрабрувам Јавното обвинителство уште денес да влезе, го повикувам јавниот обвинител кој е избран од СДС и ДУИ веднаш да влезе и да констатира фактичка состојба, а јас ви тврдам дека тоа што го изнесе пратеникот на СДСМ е ноторна лага - изјави Мицкоски по посетата на Агенцијата за катастар на недвижности.
Мицкоски го охрабри и раководството на МВР да поднесе тужба за клевета.
Мораме на ваков начин да се заштитиме од ваквите лаги и конструкции. Чудно е што се конструираат вакви монструозни работи и практично тоа нас ни дава одговор со какви луѓе сме имале работа овие седум години кога тие сега од опозиција ова го конструираат. Практично, тие така и владееле, така функционирале - рече Мицкоски.
Пратеникот на СДСМ Митко Трајчулески денеска на прес-конференција соопшти дека имаат докази од „свиркачи“ дека Рамадани ја напуштил државава и заминал во Косово на 10 август со Наим Рамука, началник на северната граница со Косово, а на 14 август, кога и избегал од земјава, бил превезен од вработен во општина Чаир по наредба на Рамука. И во двата случаја границата на Блаце ја поминале по лентата за товарен сообраќај без никаква контрола. Трајчулески побара од Основсното јавно обвинителство (ОЈО) итна истрага на случајот, да се декласифицираат снимките од камерите на ГП Блаце за да може и целата јавност да увиди дека е вистина тоа што го тврдат, како и неотповиклива оставка од Тошковски и сите лица за кои имаат информации дека се вклучени во организација на бегството на Рамадани. Рамадани, врз основа на меѓународната потерница издадена до Интерпол од Србија, беше уапсен на 17 јули годинава на граничниот премин Јажинце и однесен на 30 дена екстрадиционен притвор во затворот во Шутка. На 1 август, мерката на Рамадани му беше преиначена во „куќен притвор“ и со оваа одлука се предвидуваше тој да остане во „куќен притвор“ до 16 август. На 15 август од страна на надлежен судски орган доставена е документација до МВР за распишување на централна потерница за Блерим Рамадани, бидејќи тој е недостапен за органите на прогонот.

The post Мицкоски го повика Обвинителството да ги провери тврдењата на СДСМ за бегството на Рамадани appeared first on Република.

]]>
Иџет Мемети признал вина и се спогодил со Обвинителството за условна осуда https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/idhet-memeti-priznal-vina-i-se-spogodil-so-obvinitelstvoto-za-uslovna-osuda/ Wed, 14 Aug 2024 12:52:27 +0000 https://republika.mk/?p=806513

Членот на Советот на јавни обвинители, Иџет Мемети признал вина и се спогодил со обвинителството за условна осуда, дознава Телма. Тој беше осомничен за примање награда за против законито влијание, за што Кривчниот законик предвидува од 1 до 5 години затвор.

Заедно со провосомничениот, врховниот судија Наке Георгиев беа осомничени дека лажно ветувале дека ќе влијаат и ќе му овозможат олеснување на екс градоначалникот на Ново Село, Боро Стојчев во предметот за шверц со марихуана.

Од Обвинителството за гонење организиран криминал за Телма кусо одговорија дека ќе следи информација во текот на денот.

Наке Георгиев беше приведен со 10 илјади евра на паркинг во Скопје кои му ги предал синот на Стојчев. Тврдеше дека Стојчев помладиот го наместил затоа што одбил да издејствува поблага казна во спогодба со обвинителството, за неговиот татко.

Дека не сторил ништо незаконско пред медимите тврдеше и и поранешниот Народен правобранител Иџет Мемети. На крајот на истрагата одлучил да признае вина и да се спогодат.

Мемети се брани од слобода додека Георгиев е во Шутка речиси три месеци а деновиве скопска Апелација ја одбила неговата жалба за притворот.

The post Иџет Мемети признал вина и се спогодил со Обвинителството за условна осуда appeared first on Република.

]]>

Членот на Советот на јавни обвинители, Иџет Мемети признал вина и се спогодил со обвинителството за условна осуда, дознава Телма. Тој беше осомничен за примање награда за против законито влијание, за што Кривчниот законик предвидува од 1 до 5 години затвор. Заедно со провосомничениот, врховниот судија Наке Георгиев беа осомничени дека лажно ветувале дека ќе влијаат и ќе му овозможат олеснување на екс градоначалникот на Ново Село, Боро Стојчев во предметот за шверц со марихуана. Од Обвинителството за гонење организиран криминал за Телма кусо одговорија дека ќе следи информација во текот на денот. Наке Георгиев беше приведен со 10 илјади евра на паркинг во Скопје кои му ги предал синот на Стојчев. Тврдеше дека Стојчев помладиот го наместил затоа што одбил да издејствува поблага казна во спогодба со обвинителството, за неговиот татко. Дека не сторил ништо незаконско пред медимите тврдеше и и поранешниот Народен правобранител Иџет Мемети. На крајот на истрагата одлучил да признае вина и да се спогодат. Мемети се брани од слобода додека Георгиев е во Шутка речиси три месеци а деновиве скопска Апелација ја одбила неговата жалба за притворот.

The post Иџет Мемети признал вина и се спогодил со Обвинителството за условна осуда appeared first on Република.

]]>
Полицијата трага по сторителите, ОЈО поведе истрага за убиство во Батинци https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/politsijata-traga-po-storitelite-ojo-povede-istraga-za-ubistvo-vo-batintsi/ Fri, 02 Aug 2024 09:18:23 +0000 https://republika.mk/?p=802564

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица кои се осомничени дека заедно сториле кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 3, како и – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи согласно член 396 став 5 во врска со став 3 од Кривичниот законик.

Како што соопштија од ОЈО, двајцата жители на Батинци, на 1 јули, во автомобил со странски регистарски таблички неовластено држеле три автоматски пушки чие поседување е целосно забрането за граѓаните. Со возилото пресекле пат на друг автомобил во кој имало две лица, излегле надвор и веднаш почнале да пукаат.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/ubieniot-e-brat-na-povredeniot-eve-kako-izgleda-batintsi-po-pukaneto-so-avtomatsko-oruzhje/

Едниот од оштетените го лишиле од живот, додека на другиот му го довеле во опасност животот и му нанеле телесни повреди, по што осомничените во близина на селото Драчевица го запалиле нивниот автомобил и избегале.

Двајцата осомничени се во бегство и недостапни на органите на прогонот од моментот на сторување на делата. Со оглед на тоа, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничените која ќе започне да се применува од нивното пронаоѓање и лишување од слобода, стои во соопштението на ОЈО.

До Министерството за внатрешни работи се издадени соодветни наредби за пронаоѓање на осомничените лица.

The post Полицијата трага по сторителите, ОЈО поведе истрага за убиство во Батинци appeared first on Република.

]]>

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица кои се осомничени дека заедно сториле кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 3, како и – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи согласно член 396 став 5 во врска со став 3 од Кривичниот законик. Како што соопштија од ОЈО, двајцата жители на Батинци, на 1 јули, во автомобил со странски регистарски таблички неовластено држеле три автоматски пушки чие поседување е целосно забрането за граѓаните. Со возилото пресекле пат на друг автомобил во кој имало две лица, излегле надвор и веднаш почнале да пукаат. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/ubieniot-e-brat-na-povredeniot-eve-kako-izgleda-batintsi-po-pukaneto-so-avtomatsko-oruzhje/ Едниот од оштетените го лишиле од живот, додека на другиот му го довеле во опасност животот и му нанеле телесни повреди, по што осомничените во близина на селото Драчевица го запалиле нивниот автомобил и избегале. Двајцата осомничени се во бегство и недостапни на органите на прогонот од моментот на сторување на делата. Со оглед на тоа, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничените која ќе започне да се применува од нивното пронаоѓање и лишување од слобода, стои во соопштението на ОЈО. До Министерството за внатрешни работи се издадени соодветни наредби за пронаоѓање на осомничените лица.

The post Полицијата трага по сторителите, ОЈО поведе истрага за убиство во Батинци appeared first on Република.

]]>
Тројца браќа пукале кон соселанец – обвинителството бара притвор https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/trojtsa-braka-pukale-kon-soselanets-obvinitelstvoto-bara-pritvor/ Sat, 27 Jul 2024 07:04:49 +0000 https://republika.mk/?p=800670

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица затоа што постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 4 од Кривичниот законик.

Тројцата браќа од селото Дебреше, на 23 јули, со умисла и од безобзирна одмазда лишиле од живот еден соселанец со кого имале подолготрајни недоразбирања.

На критичниот ден, најпрво настанала физичка пресметка меѓу еден од браќата и жртвата. По тепачката, осомничениот ги повикал и своите браќа, кои револтирани од домовите зеле огнено оружје – калашников и пиштол. Сите тројца со автомобил “Волво” со швајцарски регистарски таблички се упатиле кон куќата на оштетениот.

Кога го пронашле, пукале кон него и со пиштолот и со автоматската пушка, нанесувајќи му повеќе огнострелни повреди од кои жртвата веднаш починала.

По настанот тројцата осомничени беа задржани во краткотраен 48-часовен притвор со цел да се извршат сите вештачења. Со поведувањето на истрагата, надлежниот јавен обвинител до Основниот суд во Гостивар достави предлог за определување мерка притвор за осомничените, бидејќи постојат околности што укажуваат на опасност од бегство и основан страв дека ќе ја попречуваат кривичната постапка со влијание врз сведоците кои евентуално би било потребно да се сослушаат, се вели во соопштението од Обвинителството.

The post Тројца браќа пукале кон соселанец – обвинителството бара притвор appeared first on Република.

]]>

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица затоа што постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 4 од Кривичниот законик. Тројцата браќа од селото Дебреше, на 23 јули, со умисла и од безобзирна одмазда лишиле од живот еден соселанец со кого имале подолготрајни недоразбирања. На критичниот ден, најпрво настанала физичка пресметка меѓу еден од браќата и жртвата. По тепачката, осомничениот ги повикал и своите браќа, кои револтирани од домовите зеле огнено оружје – калашников и пиштол. Сите тројца со автомобил “Волво” со швајцарски регистарски таблички се упатиле кон куќата на оштетениот. Кога го пронашле, пукале кон него и со пиштолот и со автоматската пушка, нанесувајќи му повеќе огнострелни повреди од кои жртвата веднаш починала. По настанот тројцата осомничени беа задржани во краткотраен 48-часовен притвор со цел да се извршат сите вештачења. Со поведувањето на истрагата, надлежниот јавен обвинител до Основниот суд во Гостивар достави предлог за определување мерка притвор за осомничените, бидејќи постојат околности што укажуваат на опасност од бегство и основан страв дека ќе ја попречуваат кривичната постапка со влијание врз сведоците кои евентуално би било потребно да се сослушаат, се вели во соопштението од Обвинителството.

The post Тројца браќа пукале кон соселанец – обвинителството бара притвор appeared first on Република.

]]>
Косовското обвинителство бара притвор за уапсените за шпионажа https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/kosovskoto-obvinitelstvo-bara-pritvor-za-uapsenite-za-shpionazha/ Thu, 06 Jun 2024 15:45:23 +0000 https://republika.mk/?p=785314

Специјалното обвинителство на Косово побара од судијата на Специјалното одделение на Основниот суд во Приштина да им одреди притвор на Б.Ш. и М.К. кои се товарат за кривично дело „шпионажа“.

Обвинителот, како што се наведува, поднел барање за определување притвор бидејќи постои основано сомнение дека сториле кривично дело „шпионажа“, додека обвинетиот М.К. сторил уште едно кривично дело – „неовластено поседување оружје“, а постои сомнение дека пријавените „морале да ги сторат кривичните дела за кои се осомничени“.

На осомничените вчера им беше одреден притвор до 48 часа.

Безбедносно информативната агенција на Србија демантираше дека уапсените се поврзани со таа разузнавачка агенција.

The post Косовското обвинителство бара притвор за уапсените за шпионажа appeared first on Република.

]]>

Специјалното обвинителство на Косово побара од судијата на Специјалното одделение на Основниот суд во Приштина да им одреди притвор на Б.Ш. и М.К. кои се товарат за кривично дело „шпионажа“. Обвинителот, како што се наведува, поднел барање за определување притвор бидејќи постои основано сомнение дека сториле кривично дело „шпионажа“, додека обвинетиот М.К. сторил уште едно кривично дело – „неовластено поседување оружје“, а постои сомнение дека пријавените „морале да ги сторат кривичните дела за кои се осомничени“. На осомничените вчера им беше одреден притвор до 48 часа. Безбедносно информативната агенција на Србија демантираше дека уапсените се поврзани со таа разузнавачка агенција.

The post Косовското обвинителство бара притвор за уапсените за шпионажа appeared first on Република.

]]>
Пет години без резултати: Курти го прозва Специјалното обвинителство https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/pet-godini-bez-rezultati-kurti-go-prozva-spetsijalnoto-obvinitelstvo/ Fri, 31 May 2024 12:06:03 +0000 https://republika.mk/?p=783435

Косовскиот премиер Албин Курти му порача на Специјалното обвинителство на Косово дека треба да биде поефикасно во гонењето на воените злосторници, критикувајќи дека судењето во отсуство е можно веќе пет години, но според него без резултати, јави дописникот на МИА од Приштина.

Курти на својот Фејсбук напиша дека на Косово му требаат „мудри обвинители и ефикасни и учени судии кои ќе ги изведат пред лицето на правдата сите оние кои се одговорни за злосторствата извршени за време на војната“.

Се навршија пет години откако нашите правосудни институции имаат можност да ги гонат и судат воените злосторници дури и во нивно отсуство. Пет години државна политика која носи побрз пристап до правдата. Пет години од првите повици да се искористи државниот апарат на располагање за да се подигнат обвиненија против криминалците и нивните монструозни злосторства против нашиот народ. Пет години без резултати, пишува Курти.

Тој порача дека е „крајно време да се донесе правда за жртвите од војната“, нагласувајќи дека Владата го зголемила буџетот и дека Советот на обвинители мора „под итно да ги зголеми капацитетите за решавање на воените злосторства“.

Во нашите напори за правда за жртвите од војната 1998-1999 година, решавањето на злосторствата на Србија извршени на Косово мора да биде приоритет. Од сите масакри има сведоци и искази, кои Обвинителството би требало да ги претвори во доказни досиеја за обвиненија за воени злосторства… Некои од нивните имиња се јавно познати, а многу од нив се познати на преживеаните и членовите на семејствата на жртвите. Затоа, повторно го повикуваме вториот столб на власта во Косово, правосудниот систем, да дејствува, бидејќи крајно време е да се донесе правда за жртвите од војната. Владата го зголеми буџетот, затоа го повикуваме Советот на обвинители под итно да ги зголеми капацитетите за решавање на воените злосторства, напиша Курти.

Тој нагласи дека судењето и казнувањето на воените злосторници е должност и обврска.

За страдањата од минатото и надежта за иднината. За жртвата на оние што ги загубивме во војната и за генерациите што растат во слобода, напиша тој.

Ова не е првпат Курти да го критикува Специјалното обвинителство. Неколку пати досега го критикуваше обвинителството, но и главниот обвинител Блерим Исуфај. Тој упати критики и за справувањето со терористичкиот напад во Бањска од страна на ова обвинителство.

The post Пет години без резултати: Курти го прозва Специјалното обвинителство appeared first on Република.

]]>

Косовскиот премиер Албин Курти му порача на Специјалното обвинителство на Косово дека треба да биде поефикасно во гонењето на воените злосторници, критикувајќи дека судењето во отсуство е можно веќе пет години, но според него без резултати, јави дописникот на МИА од Приштина. Курти на својот Фејсбук напиша дека на Косово му требаат „мудри обвинители и ефикасни и учени судии кои ќе ги изведат пред лицето на правдата сите оние кои се одговорни за злосторствата извршени за време на војната“. Се навршија пет години откако нашите правосудни институции имаат можност да ги гонат и судат воените злосторници дури и во нивно отсуство. Пет години државна политика која носи побрз пристап до правдата. Пет години од првите повици да се искористи државниот апарат на располагање за да се подигнат обвиненија против криминалците и нивните монструозни злосторства против нашиот народ. Пет години без резултати, пишува Курти. Тој порача дека е „крајно време да се донесе правда за жртвите од војната“, нагласувајќи дека Владата го зголемила буџетот и дека Советот на обвинители мора „под итно да ги зголеми капацитетите за решавање на воените злосторства“. Во нашите напори за правда за жртвите од војната 1998-1999 година, решавањето на злосторствата на Србија извршени на Косово мора да биде приоритет. Од сите масакри има сведоци и искази, кои Обвинителството би требало да ги претвори во доказни досиеја за обвиненија за воени злосторства… Некои од нивните имиња се јавно познати, а многу од нив се познати на преживеаните и членовите на семејствата на жртвите. Затоа, повторно го повикуваме вториот столб на власта во Косово, правосудниот систем, да дејствува, бидејќи крајно време е да се донесе правда за жртвите од војната. Владата го зголеми буџетот, затоа го повикуваме Советот на обвинители под итно да ги зголеми капацитетите за решавање на воените злосторства, напиша Курти. Тој нагласи дека судењето и казнувањето на воените злосторници е должност и обврска. За страдањата од минатото и надежта за иднината. За жртвата на оние што ги загубивме во војната и за генерациите што растат во слобода, напиша тој. Ова не е првпат Курти да го критикува Специјалното обвинителство. Неколку пати досега го критикуваше обвинителството, но и главниот обвинител Блерим Исуфај. Тој упати критики и за справувањето со терористичкиот напад во Бањска од страна на ова обвинителство.

The post Пет години без резултати: Курти го прозва Специјалното обвинителство appeared first on Република.

]]>
Сведок во случајот против Жан Митрев од медиумите и од обвинителството дознал дека е измамен https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/svedok-vo-sluchajot-protiv-zhan-mitrev-od-mediumite-i-od-obvinitelstvoto-doznal-deka-e-izmamen/ Tue, 28 May 2024 12:50:15 +0000 https://republika.mk/?p=782445

На денешното рочиште во процесот против д-р Жан Митрев сведочеше еден сведок кој изјави дека од медиумите и од обвинителството дознал дека е оштетен и измамен. Ова е уште еден сведок кој цела година после настанот пред јавниот обвинител изјавил „откако ми објаснивте за што се води постапката јас се чувствувам за измамен и оштетен”.

Овој сведок јавниот обвинител го предложи како оштетен за тоа што неговата мајка и брат примиле хемофилтрација, но на судењето изјави дека тој се согласил да им биде аплицирана хемофилтрација и тоа за првата хемофилтрација лично во телефонски разговор со лекар, а потоа согласноста ја давал преку друг роднина кој бил наведен како контакт со болницата во име на семејството. И самиот бил болен од ковид и се лекувал во клиниката Жан Митрев, а после смртта на брат му и мајка му како последица на ковид, продолжил да оди во клиниката Жан Митрев на контроли и на прашање на одбраната одговори дека се лекувал и понатаму во болницата затоа што тогаш не бил информиран дека е измамен и оштетен. Тој рече дека дознал дека бил измамен и оштетен подоцна, од медиумите и од обвинителството, велат од одбраната.

Проф. д-р Гордан Калајџиев во врска со ваквите постапки на обвинителството изјави:

Не е законито ниту професионално ЈО да им сугерира на сведоците дека се измамени, односно жртви и оштетени, а уште помалку да сугерира што да изјават пред судот! Тезата на обвинителството треба да произлезе од изјавите на сведоците, а не обратно. Ова укажува на сериозна опасност дека процесот е монтиран. Битно е и тоа дека сведоците, односно пациентите, најчесто немале никаков директен контакт со докторот, а тврдат дека лично ги измамил.

На сведокот хемофилтрација воопшто не му била понудена, ниту му била направена, затоа што здравствената состојба му била полесна.

И овој, како и претходните сведоци, рекле дека немале никаков контакт со д-р Митрев и дека не се познавале лично. Ова е уште еден сведок кој пред судот потврди дека пред обвинителот бил сослушуван во присуство на други сведоци и го слушал нивниот исказ.

На денешното рочиште не се појавија тројца сведоци на обвинителството, иако беа уредно и навремено поканети.

The post Сведок во случајот против Жан Митрев од медиумите и од обвинителството дознал дека е измамен appeared first on Република.

]]>

На денешното рочиште во процесот против д-р Жан Митрев сведочеше еден сведок кој изјави дека од медиумите и од обвинителството дознал дека е оштетен и измамен. Ова е уште еден сведок кој цела година после настанот пред јавниот обвинител изјавил „откако ми објаснивте за што се води постапката јас се чувствувам за измамен и оштетен”.
Овој сведок јавниот обвинител го предложи како оштетен за тоа што неговата мајка и брат примиле хемофилтрација, но на судењето изјави дека тој се согласил да им биде аплицирана хемофилтрација и тоа за првата хемофилтрација лично во телефонски разговор со лекар, а потоа согласноста ја давал преку друг роднина кој бил наведен како контакт со болницата во име на семејството. И самиот бил болен од ковид и се лекувал во клиниката Жан Митрев, а после смртта на брат му и мајка му како последица на ковид, продолжил да оди во клиниката Жан Митрев на контроли и на прашање на одбраната одговори дека се лекувал и понатаму во болницата затоа што тогаш не бил информиран дека е измамен и оштетен. Тој рече дека дознал дека бил измамен и оштетен подоцна, од медиумите и од обвинителството, велат од одбраната.
Проф. д-р Гордан Калајџиев во врска со ваквите постапки на обвинителството изјави:
Не е законито ниту професионално ЈО да им сугерира на сведоците дека се измамени, односно жртви и оштетени, а уште помалку да сугерира што да изјават пред судот! Тезата на обвинителството треба да произлезе од изјавите на сведоците, а не обратно. Ова укажува на сериозна опасност дека процесот е монтиран. Битно е и тоа дека сведоците, односно пациентите, најчесто немале никаков директен контакт со докторот, а тврдат дека лично ги измамил.
На сведокот хемофилтрација воопшто не му била понудена, ниту му била направена, затоа што здравствената состојба му била полесна. И овој, како и претходните сведоци, рекле дека немале никаков контакт со д-р Митрев и дека не се познавале лично. Ова е уште еден сведок кој пред судот потврди дека пред обвинителот бил сослушуван во присуство на други сведоци и го слушал нивниот исказ. На денешното рочиште не се појавија тројца сведоци на обвинителството, иако беа уредно и навремено поканети.

The post Сведок во случајот против Жан Митрев од медиумите и од обвинителството дознал дека е измамен appeared first on Република.

]]>
Два нови обвинителни предлога против Рамиз Мерко https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dva-novi-obvinitelni-predloga-protiv-ramiz-merko/ Fri, 17 May 2024 20:18:17 +0000 https://republika.mk/?p=779299

Основното јавно обвинителство Струга поднесе два обвинителни предлози за кривични дела – Несовесно работење во службата од 353-в и продолжено кривично дело – Фалсификување исправа според член 378 од Кривичниот законик, а поврзани со работата на училишта на територијата на општина Струга.

Во првиот предмет обвинети се четири лица. Првообвинетата – наставник по француски јазик во основно училиште во Велешта употребила три лажни јавни исправи како вистинити, кои ги искористила за полагање стручен испит во Државниот испитен центар. Останатите тројца – градоначалник на општина Струга, директор и помошник-директор на училиштето ги прифатиле фалсификуваните документи во постапката за полагање стручен испит, вработување како наставник, но и за назначување на првоосомничената за в.д. директор на училиштето во периодот од 19.04.2022 до 06.09.2023 година.

Во вториот предмет, обвинет е градоначалникот на општина Струга за кривично дело – Несовесно работење во службата од 353-в, бидејќи донел решение со кое за в.д директор на основно училиште во селото Подгорци именувал лице кое не ги исполнувало условите, односно немало работно искуство од најмалку пет години во воспитно-образовна работа, како што е предвидено во Законот за основно образование. Иако не ги исполнувало условите, лицето ја извршувало директорската функција во периодот од 11.11.2022 до 25.04.2023 година.

The post Два нови обвинителни предлога против Рамиз Мерко appeared first on Република.

]]>

Основното јавно обвинителство Струга поднесе два обвинителни предлози за кривични дела – Несовесно работење во службата од 353-в и продолжено кривично дело – Фалсификување исправа според член 378 од Кривичниот законик, а поврзани со работата на училишта на територијата на општина Струга. Во првиот предмет обвинети се четири лица. Првообвинетата – наставник по француски јазик во основно училиште во Велешта употребила три лажни јавни исправи како вистинити, кои ги искористила за полагање стручен испит во Државниот испитен центар. Останатите тројца – градоначалник на општина Струга, директор и помошник-директор на училиштето ги прифатиле фалсификуваните документи во постапката за полагање стручен испит, вработување како наставник, но и за назначување на првоосомничената за в.д. директор на училиштето во периодот од 19.04.2022 до 06.09.2023 година. Во вториот предмет, обвинет е градоначалникот на општина Струга за кривично дело – Несовесно работење во службата од 353-в, бидејќи донел решение со кое за в.д директор на основно училиште во селото Подгорци именувал лице кое не ги исполнувало условите, односно немало работно искуство од најмалку пет години во воспитно-образовна работа, како што е предвидено во Законот за основно образование. Иако не ги исполнувало условите, лицето ја извршувало директорската функција во периодот од 11.11.2022 до 25.04.2023 година.

The post Два нови обвинителни предлога против Рамиз Мерко appeared first on Република.

]]>
Поведена постапка за насилство во училиште во Битола https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/povedena-postapka-za-nasilstvo-vo-uchilishte-vo-bitola/ Fri, 17 May 2024 14:20:15 +0000 https://republika.mk/?p=779225

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против две лица – маж и жена кои се осомничени дека во група извршиле грубо насилство врз дете родено 2009 година, со што сториле кривично дело – Насилство согласно член 386 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Двајцата сопружници, на 15 мај, влегле во основно училиште во Битола, при што таткото физички ја оттурнал наставничката и директно нападнал еден од учениците, соученик на нивното дете, заканувајќи му се дека ќе го убие. Го фатил детето за уво, го стапнал на ногата и го тегнел, а за тоа време неговата сопруга ја држела наставничката за да не може да му помогне и да го одбрани ученикот. Со насилството двајцата предизвикале чувство на несигурност и вознемиреност кај другите ученици, кои од страв кога заминале осомничените барале наставничката да ги заклучи во училницата за да не се вратат.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување куќен притвор за осомничениот татко. Предлогот беше прифатен и на осомничениот му е определена притворска мерка.

The post Поведена постапка за насилство во училиште во Битола appeared first on Република.

]]>

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против две лица – маж и жена кои се осомничени дека во група извршиле грубо насилство врз дете родено 2009 година, со што сториле кривично дело – Насилство согласно член 386 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Двајцата сопружници, на 15 мај, влегле во основно училиште во Битола, при што таткото физички ја оттурнал наставничката и директно нападнал еден од учениците, соученик на нивното дете, заканувајќи му се дека ќе го убие. Го фатил детето за уво, го стапнал на ногата и го тегнел, а за тоа време неговата сопруга ја држела наставничката за да не може да му помогне и да го одбрани ученикот. Со насилството двајцата предизвикале чувство на несигурност и вознемиреност кај другите ученици, кои од страв кога заминале осомничените барале наставничката да ги заклучи во училницата за да не се вратат. Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување куќен притвор за осомничениот татко. Предлогот беше прифатен и на осомничениот му е определена притворска мерка.

The post Поведена постапка за насилство во училиште во Битола appeared first on Република.

]]>
Случајот со писмото на Битиќи до компаниите е сличен на „Траекторија“, обвинителството веднаш да постапи, вели Мицкоски https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sluchajot-so-pismoto-na-bitiki-do-kompaniite-e-slichen-na-traektorija-obvinitelstvoto-vednash-da-postapi-veli-mitskoski/ Fri, 03 May 2024 12:34:30 +0000 https://republika.mk/?p=773773

„Јас го повикувам Обвинителството да нема двојни аршини и да постапи исто и со господинот Битиќи. Ако не постапи, тогаш се потврдува нашата теза дека имаме работа со октруирано обвинителство, партизирано обвинителство, но наскоро и тоа ќе го ослободиме“, додаде Мицкоски.

Мицкоски исто така додаде дека ова што го направил Битиќи е кршење на членот 353 од КЗ, бидејќи ја злоупотребува положбата со цел да прибави политичка корист.

„Јас ви гарантирам дека истражните органи ќе отворат истрага за ова што го прави Битиќи. Тој во својство на вицепремиер испраќа писма до компании каде што наведува дека, внимавајте јас како вицепремиер ви дадов пари, а сега треба мене да ме гласате на овие избори. Тоа е кршење на членот 353 од КЗ, односно злоупотреба на службена положба и овластувања за прибавување корист, а таа корист е политичка“, рече Мицкоски.

Тој уште еднаш го повика обвинителството да постапи, бидејќи во спротивно ќе се потврди тезата на ВМРО-ДПМНЕ дека Обвинителството е октруирано и партизирано и дека е потребно целосно распуштање на Судскиот совет, на советот на обвинители и проверка на нивните имоти и на нивните семејства.

„Ќе ве потсетам, случајот „Траекторија“ токму за нешто вакво слично се водеше и го повикувам јавниот обвинител, овој новиот, го повикувам него или тие надлежните коишто се, да отворат веднаш истрага. Во спротивно ќе се потврди нашата теза дека имаме работа со октруирано и партизирано Обвинителство и уште еднашка ќе се потврди нашата заложба за целосно распушатање на Судскиот совет, на советот на обвинители и проверка на нивните имоти и на нивните семејства, бидејќи навистина не може македонија понатаму да се развива со вакви луѓе ако тие не постапуваат согласно закон“, нагласи Мицкоски.

The post Случајот со писмото на Битиќи до компаниите е сличен на „Траекторија“, обвинителството веднаш да постапи, вели Мицкоски appeared first on Република.

]]>

„Јас го повикувам Обвинителството да нема двојни аршини и да постапи исто и со господинот Битиќи. Ако не постапи, тогаш се потврдува нашата теза дека имаме работа со октруирано обвинителство, партизирано обвинителство, но наскоро и тоа ќе го ослободиме“, додаде Мицкоски. Мицкоски исто така додаде дека ова што го направил Битиќи е кршење на членот 353 од КЗ, бидејќи ја злоупотребува положбата со цел да прибави политичка корист. „Јас ви гарантирам дека истражните органи ќе отворат истрага за ова што го прави Битиќи. Тој во својство на вицепремиер испраќа писма до компании каде што наведува дека, внимавајте јас како вицепремиер ви дадов пари, а сега треба мене да ме гласате на овие избори. Тоа е кршење на членот 353 од КЗ, односно злоупотреба на службена положба и овластувања за прибавување корист, а таа корист е политичка“, рече Мицкоски. Тој уште еднаш го повика обвинителството да постапи, бидејќи во спротивно ќе се потврди тезата на ВМРО-ДПМНЕ дека Обвинителството е октруирано и партизирано и дека е потребно целосно распуштање на Судскиот совет, на советот на обвинители и проверка на нивните имоти и на нивните семејства. „Ќе ве потсетам, случајот „Траекторија“ токму за нешто вакво слично се водеше и го повикувам јавниот обвинител, овој новиот, го повикувам него или тие надлежните коишто се, да отворат веднаш истрага. Во спротивно ќе се потврди нашата теза дека имаме работа со октруирано и партизирано Обвинителство и уште еднашка ќе се потврди нашата заложба за целосно распушатање на Судскиот совет, на советот на обвинители и проверка на нивните имоти и на нивните семејства, бидејќи навистина не може македонија понатаму да се развива со вакви луѓе ако тие не постапуваат согласно закон“, нагласи Мицкоски.

The post Случајот со писмото на Битиќи до компаниите е сличен на „Траекторија“, обвинителството веднаш да постапи, вели Мицкоски appeared first on Република.

]]>