обвинителка Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/obvinitelka/ За подобро да се разбереме Wed, 03 Jul 2024 10:53:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png обвинителка Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/obvinitelka/ 32 32 Обвинителката сака да има контрола и на тоа кој го следи судењето против Жан Митрев https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/obvinitelkata-saka-da-ima-kontrola-i-na-toa-koj-go-sledi-sudeneto-protiv-zhan-mitrev/ Wed, 03 Jul 2024 10:53:43 +0000 https://republika.mk/?p=793051

На вчерашното рочиште од судењето против Жан Митрев и неговата клиника за кривично дело измама, застапникот на обвинението Искра Хаџи Василева побара информација за тоа во кое својство едно од присутните лица е присутно на судењето. Таа проверила, гуглала, па дознала од која професија доаѓа. На ова нејзино барање судијката Лидија Петровска одговорила дека нема законска основа да се бара причината за нечие присуство кога судењето е јавно.

Зарем е забрането присуство на лица од одредена професија кога во судница може да присуствува секој полнолетен граѓанин. Јас не гледам причина да се утврдува зошто лицето е присутно”, се обрати судијката кон обвинителката.

На ова следеше и остра реакција од одбраната дека целта на ваквиот настап на обвинителката е заплашување на дел од јавноста и притисок за да се елиминира дел од јавноста.

И вчерашното рочиште помина во знакот на целосна конфузија на застапникот на обвинението. Судијката повеќе пати бараше од обвинителката прецизно да каже што точно предлага за натамошниот тек на постапката, а таа одговори дека судот треба да каже што е целисходно.

Судијката побара конкретен предлог, но на ова барање немаше одговор.

Според одбраната, ова е најдобар знак дека постапката во случајов е веќе пропадната, затоа што обвинителството е странка која треба да докажува основаност на обвинението. Но, во случајов со Жан Митрев токму од доказите на обвинението е очигледно дека случајот се води без основа и обвинението одамна требаше да биде повлечено, смета одбраната.

Интересно е и тоа што обвинителката упорно не ги повлекува, ниту пак ги презентира доказите од листата под точка 13, а бараше и повлекување на тројца од своите сведоци.

Можеби барањето на обвинителот да биде исклучен дел од јавноста е заради одбегнување пред јавноста да се открие пропаднатото обвинение и упорното неосновано водење на постапката против Жан Митрев и неговата клиника, коментираат од одбраната.

Наредното рочиште е закажано за 4 септември.

The post Обвинителката сака да има контрола и на тоа кој го следи судењето против Жан Митрев appeared first on Република.

]]>

На вчерашното рочиште од судењето против Жан Митрев и неговата клиника за кривично дело измама, застапникот на обвинението Искра Хаџи Василева побара информација за тоа во кое својство едно од присутните лица е присутно на судењето. Таа проверила, гуглала, па дознала од која професија доаѓа. На ова нејзино барање судијката Лидија Петровска одговорила дека нема законска основа да се бара причината за нечие присуство кога судењето е јавно.
Зарем е забрането присуство на лица од одредена професија кога во судница може да присуствува секој полнолетен граѓанин. Јас не гледам причина да се утврдува зошто лицето е присутно”, се обрати судијката кон обвинителката.
На ова следеше и остра реакција од одбраната дека целта на ваквиот настап на обвинителката е заплашување на дел од јавноста и притисок за да се елиминира дел од јавноста. И вчерашното рочиште помина во знакот на целосна конфузија на застапникот на обвинението. Судијката повеќе пати бараше од обвинителката прецизно да каже што точно предлага за натамошниот тек на постапката, а таа одговори дека судот треба да каже што е целисходно. Судијката побара конкретен предлог, но на ова барање немаше одговор. Според одбраната, ова е најдобар знак дека постапката во случајов е веќе пропадната, затоа што обвинителството е странка која треба да докажува основаност на обвинението. Но, во случајов со Жан Митрев токму од доказите на обвинението е очигледно дека случајот се води без основа и обвинението одамна требаше да биде повлечено, смета одбраната. Интересно е и тоа што обвинителката упорно не ги повлекува, ниту пак ги презентира доказите од листата под точка 13, а бараше и повлекување на тројца од своите сведоци.
Можеби барањето на обвинителот да биде исклучен дел од јавноста е заради одбегнување пред јавноста да се открие пропаднатото обвинение и упорното неосновано водење на постапката против Жан Митрев и неговата клиника, коментираат од одбраната.
Наредното рочиште е закажано за 4 септември.

The post Обвинителката сака да има контрола и на тоа кој го следи судењето против Жан Митрев appeared first on Република.

]]>
Обвинителката Ленче Ристоска била дискриминирана, утврди Комисијата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/obvinitelkata-lenche-ristoska-bila-diskriminirana-utvrdi-komisijata/ Wed, 13 Dec 2023 20:29:54 +0000 https://republika.mk/?p=722697

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација утврдила дека обвинителката Ленче Ристоска била дискриминирана при изборот на обвинители од страна на Советот на јавни обвинители. Ова обвинителката го соопшти на конференцијата што ја организираше Коалцијата „Сите за правично судење“ на која беа презентирани извештајот за работата на Судскиот совет и Советот на јавните обвинители, како и извештајот од набљудувањето на судските постапки.

Оваа одлука се уште не објавена на веб страницата на Комисијата за да се види образложението. Ристоска најави претставка до Комисијата кога по втор пат не беше избрана за обвинител во Вишото јавно обвинителство во Скопје.

Што се однесува до изјавите во кои околноста што користам породилно отсуство се врзува со подобноста за мој избор во Вишото јавно обвинителство Скопје, за истите ќе поднесам претставка до Комисијата за спречување и заштита од дискриминација. Сепак не е прв пат да се соочувам со дискриминаторски изјави и затоа сметам дека треба заштитата на моите права да ја канализирам и институционално, изјави тогаш Ристоска.

Оваа изјава следуваше откако претседателот на Советот на јавни обвинители, Антонио Јолевски во образложението за нејзниот неизбор го спомена нејзиното породилно отсуство.

Кај Ленче имаме недостаток на работа по предмети во овој период, зборуваме за различни предмети со кои би се сретнала и во Вишото обвинителство. Немаме извештај за неа за последните четирите години, таа еден период е и на трудничко отсуство. Во Вишото обвинителство се бара работа по сите видови на предмети, не само на одредена категорија во одредена област. Сепак, Специјалното обвинителство не работеше кривични дела убиства, не работеше со дрога, еден куп предмети кои ги работат во Основното обвинителство, а ќе треба да одлучува и за тие предмети. Тие беа специјализирани за најтешките дела, ама најтешките дела од областа на злоупотреба, рече Јолевски.

Инаку Ристоска јавно ја критикуваше работата на Советот и се најде на тапет на оваа инистуција која бараше Ристоска да одогвара за јавно искажаните ставови.

-Јасно е дека Советот на јавни обвинители е извор на тргuвање со влијание, и сметам дека треба да се реформира. Владее клиентелистички однос за такви што лобираат за нивниот избор и не може да одговори на предизвиците со корупцијата и високиот криминал, рече обвинителката, рече Ристоска на една панел дискусија.

 

The post Обвинителката Ленче Ристоска била дискриминирана, утврди Комисијата appeared first on Република.

]]>

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација утврдила дека обвинителката Ленче Ристоска била дискриминирана при изборот на обвинители од страна на Советот на јавни обвинители. Ова обвинителката го соопшти на конференцијата што ја организираше Коалцијата „Сите за правично судење“ на која беа презентирани извештајот за работата на Судскиот совет и Советот на јавните обвинители, како и извештајот од набљудувањето на судските постапки. Оваа одлука се уште не објавена на веб страницата на Комисијата за да се види образложението. Ристоска најави претставка до Комисијата кога по втор пат не беше избрана за обвинител во Вишото јавно обвинителство во Скопје.
Што се однесува до изјавите во кои околноста што користам породилно отсуство се врзува со подобноста за мој избор во Вишото јавно обвинителство Скопје, за истите ќе поднесам претставка до Комисијата за спречување и заштита од дискриминација. Сепак не е прв пат да се соочувам со дискриминаторски изјави и затоа сметам дека треба заштитата на моите права да ја канализирам и институционално, изјави тогаш Ристоска.
Оваа изјава следуваше откако претседателот на Советот на јавни обвинители, Антонио Јолевски во образложението за нејзниот неизбор го спомена нејзиното породилно отсуство.
Кај Ленче имаме недостаток на работа по предмети во овој период, зборуваме за различни предмети со кои би се сретнала и во Вишото обвинителство. Немаме извештај за неа за последните четирите години, таа еден период е и на трудничко отсуство. Во Вишото обвинителство се бара работа по сите видови на предмети, не само на одредена категорија во одредена област. Сепак, Специјалното обвинителство не работеше кривични дела убиства, не работеше со дрога, еден куп предмети кои ги работат во Основното обвинителство, а ќе треба да одлучува и за тие предмети. Тие беа специјализирани за најтешките дела, ама најтешките дела од областа на злоупотреба, рече Јолевски.
Инаку Ристоска јавно ја критикуваше работата на Советот и се најде на тапет на оваа инистуција која бараше Ристоска да одогвара за јавно искажаните ставови. -Јасно е дека Советот на јавни обвинители е извор на тргuвање со влијание, и сметам дека треба да се реформира. Владее клиентелистички однос за такви што лобираат за нивниот избор и не може да одговори на предизвиците со корупцијата и високиот криминал, рече обвинителката, рече Ристоска на една панел дискусија.  

The post Обвинителката Ленче Ристоска била дискриминирана, утврди Комисијата appeared first on Република.

]]>
Главната обвинителка на Украина одржа говор откако Зеленски ја разреши https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/glavnata-obvinitelka-na-ukraina-odrza-govor-otkako-zelenski-ja-razreshi/ Tue, 19 Jul 2022 16:24:14 +0000 https://republika.mk/?p=531158

Во украинскиот Парламент денеска за последен пат се обрати главната украинска обвинителка Ирина Венедиктова, која неодамна беше разрешена од украинскиот претседател.

Дали претседателот имаше право да донесе таква одлука? Да, претседателот има право на тоа. Верувам дека војникот во рововите не треба да ги доведува во прашање одлуките на своите претпоставени. Мораме да бидеме пообединети од кога било, изјави Венедиктова во парламентот, кој денеска го потврди нејзиното разрешување.

Уште еднаш ве потсетувам. Нашите луѓе ги убиваат, како војниците така и цивилите, исто како и децата. Имаме шанса за идните генерации. Наша заедничка задача е да не ја потрошиме таа шанса. Победата мора да дојде што е можно поскоро - рече разрешената обвинителка.

Сега веќе поранешната главна обвинителка нагласи дека е „горда“ на работата што ја направи и го повика нејзиниот наследник да ги следи нејзините стапки, особено во истрагата и гонењето на воените злосторства извршени од Русија за време на инвазијата врз Украина.

Треба внимателно се гледаат и следат сите оние никаквеци кои силуваа, убиваа деца, пукаа во цивилни згради и да се изведат пред лицето на правдата. Имаме мобилни тимови на терен, тие вклучуваат голем број експерти од различни области, имаме докажана методологија. Важно е да продолжиме во таа насока -истакна Венедиктова.

The post Главната обвинителка на Украина одржа говор откако Зеленски ја разреши appeared first on Република.

]]>

Во украинскиот Парламент денеска за последен пат се обрати главната украинска обвинителка Ирина Венедиктова, која неодамна беше разрешена од украинскиот претседател. Дали претседателот имаше право да донесе таква одлука? Да, претседателот има право на тоа. Верувам дека војникот во рововите не треба да ги доведува во прашање одлуките на своите претпоставени. Мораме да бидеме пообединети од кога било, изјави Венедиктова во парламентот, кој денеска го потврди нејзиното разрешување.
Уште еднаш ве потсетувам. Нашите луѓе ги убиваат, како војниците така и цивилите, исто како и децата. Имаме шанса за идните генерации. Наша заедничка задача е да не ја потрошиме таа шанса. Победата мора да дојде што е можно поскоро - рече разрешената обвинителка.
Сега веќе поранешната главна обвинителка нагласи дека е „горда“ на работата што ја направи и го повика нејзиниот наследник да ги следи нејзините стапки, особено во истрагата и гонењето на воените злосторства извршени од Русија за време на инвазијата врз Украина.
Треба внимателно се гледаат и следат сите оние никаквеци кои силуваа, убиваа деца, пукаа во цивилни згради и да се изведат пред лицето на правдата. Имаме мобилни тимови на терен, тие вклучуваат голем број експерти од различни области, имаме докажана методологија. Важно е да продолжиме во таа насока -истакна Венедиктова.

The post Главната обвинителка на Украина одржа говор откако Зеленски ја разреши appeared first on Република.

]]>
Обвинителката очекува притвор за Зеќири https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/obvinitelkata-ochekuva-pritvor-za-zekjiri/ Fri, 08 Apr 2022 19:57:06 +0000 https://republika.mk/?p=485578

Обвинителката Катерина Коларевиќ кажа дека се очекува притвор за Мухамед Зеќири, иако вели дека немаат докази, но постојат сомнежи дека може да биде недостапен за полицијата.

https://republika.mk/vesti/makedonija/zavrshi-raspitot-na-muhamed-zekjiri/

Коларевиќ вели дека осомничени се и хрватски државјани, кои во моментов не се на територијата на Македонија.

Во моментов немаме доказ во формална смисла дека ќе бега, но постои сомнеж. Тоа се оперативни сознанија, кои се изнесени и доколку ги прифати судот, истите ќе бидат соопштени, кажа Коларевиќ.

The post Обвинителката очекува притвор за Зеќири appeared first on Република.

]]>

Обвинителката Катерина Коларевиќ кажа дека се очекува притвор за Мухамед Зеќири, иако вели дека немаат докази, но постојат сомнежи дека може да биде недостапен за полицијата. https://republika.mk/vesti/makedonija/zavrshi-raspitot-na-muhamed-zekjiri/ Коларевиќ вели дека осомничени се и хрватски државјани, кои во моментов не се на територијата на Македонија.
Во моментов немаме доказ во формална смисла дека ќе бега, но постои сомнеж. Тоа се оперативни сознанија, кои се изнесени и доколку ги прифати судот, истите ќе бидат соопштени, кажа Коларевиќ.

The post Обвинителката очекува притвор за Зеќири appeared first on Република.

]]>
Обвинителка принудила жртва на силување заедно со напаѓачот да присуствува на реконструкција на силувањето https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/obvinitelka-prinudila-zrtva-na-siluvanje-zaedno-so-napagjachot-da-prisustvuva-na-rekonstrukcija-na-siluvanjeto/ Tue, 01 Feb 2022 09:47:13 +0000 https://republika.mk/?p=452273

Обвинителка од Велес направила реконструкција на силување во кола, во присуство на силуваната и пријавениот насилник, изложувајќи ја жртвата на повторна виктимизација и психички трауми.

Случајот девојката го пријавила на 2 август 2020 година, веднаш откако се случил. Утре е точно година ипол од физичкиот напад и од силувањето, Основното јавно обвинителство Велес уште нема одлука.

Девојката чека правда додека, од таа ноќ па до денес, живее под тежок притисок и во психички трауми за кои вели со секој изминат ден и изгубена надеж дека Обвинителството ќе ја заврши истрагата, стануваат сè подлабоки и подлабоки.

Обвинителката дала наредба за реконструкција на силувањето, зашто верзиите на жртвата и на пријавениот биле различни. Ова е редок случај во судската пракса да се прави реконструкција за вакво чувствително дело. Поради тоа Хелсиншкиот комитет за човекови права и слободи поднел претставка против обвинителката. Советот на јавни обвинители вели дека ја препратил до Вишото јавно обвинителство да го испита случајот и да утврди дали има евентуална одговорност.

Реконструкцијата била направена во март лани, со актерка и актер, во соработка со Драмскиот театар. Тие прават сè што кажува пријавениот за силување, значи прво по едната верзија, а потоа глумат пред обвинител, судски вештаци и адвокати по спротивната верзија, т.е. по верзијата на жртвата.

Ова е овозможено со Законот за кривична постапка, но тој забранува натамошно изложување на опасност на психичкото и физичкото здравје, во случајов на девојката која пријавила силување. Таа на реконструкцијата на настанот морала да стои до насилникот и да го гледа како ѝ се смее во лице.

Жртвата за „СДК.мк“ вели дека тој ден кога била повикана одново и одново да раскажува за тоа што го претрпела и за кое веќе била сослушана, што исто така не е законски, испила една рака лекови за да го издржи сето тоа. Најмногу, вели, зашто ѝ било кажано дека и тој ќе биде таму, во близина од два-три метра, истовремено со неа.

Во многу лоша состојба, помодрена од гмечење и ќотек, со напукната уста и модринки на вратот од давење, во тотален шок, жртвата заедно со родителот уште истата вечер го пријавила настанот.

Па поради таа прашува:

Ако на жртвите кои не молчат, кои се охрабриле да пријават силување, им се случува ова мене што ми се случува - да ме тераат повеќепати да поминувам низ хоророт, да ме сретнуваат повторно со тој што ме тепаше и силуваше, да ме испрашуваат за едно исто исти вештаци двапати - тогаш која е пораката кон девојките и жените-жртви кои се плашат да пријават?

Токму затоа Хелсиншкиот комитет во претставката вели дека целосно е нејасно зошто е издадена наредба за реконструкција и таа е извршена, со оглед на битието и на природата на кривичното дело, но и на праксата во однос на тоа за кои кривични дела се спроведува реконструкција на настан.

Реконструкцијата на настанот била извршена во присуство и на оштетената и на пријавениот во возилото на пријавениот, каде се случил настанот согласно пријавата, со што самата жртва доживеала двојна виктимизација. Самиот настан е спротивен на сите морални вредности и мерки за заштита на жртвите на ваквите кривични дела. Исто така, ваквиот настан негативно влијае на нејзиното ментално здравје, со оглед на стресот и последиците што жртвата ги има доживеано со настанот - наведува Тона Карева, правен советник од Хелсиншкиот комитет што е напишано во претставката.

Дополнително, Карева вели дека жртвата за истиот правен настан била испитана двапати, согласно известувањето од ОЈО- Велес. И претходно уште еднаш, кога пријавила, што ја прави жртва и на двојна, но и на тројна виктимизација.

Карева вели дека во претставката, Советот на јавни обвинители е потсетен за член 234 од Законот за кривична постапка, кој е јасен: „За проверување на прибавените докази или утврдување на фактите кои се од значење за разјаснување на работите, органот што ја води постапката може да одреди реконструкција на настанот, која се врши така што ќе се повторат дејствијата или ситуациите во условите под кои според прибавените докази се одиграл настанот. Ако во исказите на одделни сведоци или осомничени, односно обвинети, дејствијата или ситуациите се различно прикажани, реконструкцијата на настанот, по правило, посебно ќе се изврши со секој од нив“.

Дополнително во став 3 е наведено дека реконструкцијата не смее да се врши на начин со кој се навредува јавниот ред и морал или се доведува во опасност животот или здравјето на луѓето.

И член 54 од ЗКП, за Посебни права на ранливи категории жртви вели дека тие имаат право на посебни мерки на процесна заштита при давањето исказ и испитувањето во сите фази на постапката, ако: „Со давањето исказ или одговор на определено прашање би се изложиле себе си или блиско лице на сериозна опасност по животот, здравјето или физичкиот интегритет (загрозени жртви) и заради возраста, природата и последиците на кривичното дело, физичкиот или психичкиот инвалидитет или друга од значење здравствена состојба, општественото и културното минато, семејните околности, религиозните уверувања и етничката припадност на жртвата, однесувањето на обвинетиот, членовите на семејството или пријателите на обвинетиот кон жртвата би имало штетни последици по нивното психичко или физичко здравје или негативно ќе влијае врз квалитетот на дадениот исказ (посебно чувствителни жртви)“.

Членот 232 е уште поригорозен: „Испитување на посебно ранливи жртви и сведоци: Оштетениот или сведокот од ставот (1) на овој член не смеат да се соочуваат со обвинетиот, а со другите сведоци само по нивно барање“.

Од Обвинителството на Велес каде година ипол се води истрага, за повторното физичко соочување на жртвата и пријавениот велат дека тоа било неопходно, за да се утврди дали во неговото возило е можно да се изврши силување на начин како што го опишува оштетената.

На прашање зошто толку време нема јавнообвинителска одлука и зошто еднаш веќе испрашана на Клиниката за психијатрија, жртвата во ноември повторно е пратена таму на допрашување пред вешти лица, од Обвинителството велат дека тоа е последниот чекор.

Кога ќе стигнат резултатите од тоа вештачење, ќе следи одлука, уверуваат од ОЈО Велес. Оттаму додаваат дека се работи за многу тежок случај, во кој мора да се обезбедат докази и тие убаво да се преиспитаат, со оглед на тоа дека за настанот има две дијаметрално спротивни верзии.

Од Клиниката, за „СДК.мк“ изјавиле дека „Знаат за случајот и дека извештајот само што го испратиле до надлежното обвинителство“.

 

The post Обвинителка принудила жртва на силување заедно со напаѓачот да присуствува на реконструкција на силувањето appeared first on Република.

]]>

Обвинителка од Велес направила реконструкција на силување во кола, во присуство на силуваната и пријавениот насилник, изложувајќи ја жртвата на повторна виктимизација и психички трауми. Случајот девојката го пријавила на 2 август 2020 година, веднаш откако се случил. Утре е точно година ипол од физичкиот напад и од силувањето, Основното јавно обвинителство Велес уште нема одлука. Девојката чека правда додека, од таа ноќ па до денес, живее под тежок притисок и во психички трауми за кои вели со секој изминат ден и изгубена надеж дека Обвинителството ќе ја заврши истрагата, стануваат сè подлабоки и подлабоки. Обвинителката дала наредба за реконструкција на силувањето, зашто верзиите на жртвата и на пријавениот биле различни. Ова е редок случај во судската пракса да се прави реконструкција за вакво чувствително дело. Поради тоа Хелсиншкиот комитет за човекови права и слободи поднел претставка против обвинителката. Советот на јавни обвинители вели дека ја препратил до Вишото јавно обвинителство да го испита случајот и да утврди дали има евентуална одговорност. Реконструкцијата била направена во март лани, со актерка и актер, во соработка со Драмскиот театар. Тие прават сè што кажува пријавениот за силување, значи прво по едната верзија, а потоа глумат пред обвинител, судски вештаци и адвокати по спротивната верзија, т.е. по верзијата на жртвата. Ова е овозможено со Законот за кривична постапка, но тој забранува натамошно изложување на опасност на психичкото и физичкото здравје, во случајов на девојката која пријавила силување. Таа на реконструкцијата на настанот морала да стои до насилникот и да го гледа како ѝ се смее во лице. Жртвата за „СДК.мк“ вели дека тој ден кога била повикана одново и одново да раскажува за тоа што го претрпела и за кое веќе била сослушана, што исто така не е законски, испила една рака лекови за да го издржи сето тоа. Најмногу, вели, зашто ѝ било кажано дека и тој ќе биде таму, во близина од два-три метра, истовремено со неа. Во многу лоша состојба, помодрена од гмечење и ќотек, со напукната уста и модринки на вратот од давење, во тотален шок, жртвата заедно со родителот уште истата вечер го пријавила настанот. Па поради таа прашува:
Ако на жртвите кои не молчат, кои се охрабриле да пријават силување, им се случува ова мене што ми се случува - да ме тераат повеќепати да поминувам низ хоророт, да ме сретнуваат повторно со тој што ме тепаше и силуваше, да ме испрашуваат за едно исто исти вештаци двапати - тогаш која е пораката кон девојките и жените-жртви кои се плашат да пријават?
Токму затоа Хелсиншкиот комитет во претставката вели дека целосно е нејасно зошто е издадена наредба за реконструкција и таа е извршена, со оглед на битието и на природата на кривичното дело, но и на праксата во однос на тоа за кои кривични дела се спроведува реконструкција на настан.
Реконструкцијата на настанот била извршена во присуство и на оштетената и на пријавениот во возилото на пријавениот, каде се случил настанот согласно пријавата, со што самата жртва доживеала двојна виктимизација. Самиот настан е спротивен на сите морални вредности и мерки за заштита на жртвите на ваквите кривични дела. Исто така, ваквиот настан негативно влијае на нејзиното ментално здравје, со оглед на стресот и последиците што жртвата ги има доживеано со настанот - наведува Тона Карева, правен советник од Хелсиншкиот комитет што е напишано во претставката.
Дополнително, Карева вели дека жртвата за истиот правен настан била испитана двапати, согласно известувањето од ОЈО- Велес. И претходно уште еднаш, кога пријавила, што ја прави жртва и на двојна, но и на тројна виктимизација. Карева вели дека во претставката, Советот на јавни обвинители е потсетен за член 234 од Законот за кривична постапка, кој е јасен: „За проверување на прибавените докази или утврдување на фактите кои се од значење за разјаснување на работите, органот што ја води постапката може да одреди реконструкција на настанот, која се врши така што ќе се повторат дејствијата или ситуациите во условите под кои според прибавените докази се одиграл настанот. Ако во исказите на одделни сведоци или осомничени, односно обвинети, дејствијата или ситуациите се различно прикажани, реконструкцијата на настанот, по правило, посебно ќе се изврши со секој од нив“. Дополнително во став 3 е наведено дека реконструкцијата не смее да се врши на начин со кој се навредува јавниот ред и морал или се доведува во опасност животот или здравјето на луѓето. И член 54 од ЗКП, за Посебни права на ранливи категории жртви вели дека тие имаат право на посебни мерки на процесна заштита при давањето исказ и испитувањето во сите фази на постапката, ако: „Со давањето исказ или одговор на определено прашање би се изложиле себе си или блиско лице на сериозна опасност по животот, здравјето или физичкиот интегритет (загрозени жртви) и заради возраста, природата и последиците на кривичното дело, физичкиот или психичкиот инвалидитет или друга од значење здравствена состојба, општественото и културното минато, семејните околности, религиозните уверувања и етничката припадност на жртвата, однесувањето на обвинетиот, членовите на семејството или пријателите на обвинетиот кон жртвата би имало штетни последици по нивното психичко или физичко здравје или негативно ќе влијае врз квалитетот на дадениот исказ (посебно чувствителни жртви)“. Членот 232 е уште поригорозен: „Испитување на посебно ранливи жртви и сведоци: Оштетениот или сведокот од ставот (1) на овој член не смеат да се соочуваат со обвинетиот, а со другите сведоци само по нивно барање“. Од Обвинителството на Велес каде година ипол се води истрага, за повторното физичко соочување на жртвата и пријавениот велат дека тоа било неопходно, за да се утврди дали во неговото возило е можно да се изврши силување на начин како што го опишува оштетената. На прашање зошто толку време нема јавнообвинителска одлука и зошто еднаш веќе испрашана на Клиниката за психијатрија, жртвата во ноември повторно е пратена таму на допрашување пред вешти лица, од Обвинителството велат дека тоа е последниот чекор. Кога ќе стигнат резултатите од тоа вештачење, ќе следи одлука, уверуваат од ОЈО Велес. Оттаму додаваат дека се работи за многу тежок случај, во кој мора да се обезбедат докази и тие убаво да се преиспитаат, со оглед на тоа дека за настанот има две дијаметрално спротивни верзии. Од Клиниката, за „СДК.мк“ изјавиле дека „Знаат за случајот и дека извештајот само што го испратиле до надлежното обвинителство“.  

The post Обвинителка принудила жртва на силување заедно со напаѓачот да присуствува на реконструкција на силувањето appeared first on Република.

]]>