обвинителен акт Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/obvinitelen-akt/ За подобро да се разбереме Mon, 19 Sep 2022 15:49:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png обвинителен акт Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/obvinitelen-akt/ 32 32 Поранешниот обвинител Димоски: Задоволство ми е што Јовески решил со мене да се пресмета на ваков начин https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/poraneshniot-obvinitel-dimoski-zadovolstvo-mi-e-shto-joveski-reshil-so-mene-da-se-presmeta-na-vakov-nachin/ Mon, 19 Sep 2022 15:49:23 +0000 https://republika.mk/?p=552353

Со оглед дека последните речиси две години, заканите кои ги добивав од различни центри се однесуваа на мојот физички интегритет, морам да признам дека ми е задоволство што Јовески решил со мене да се пресмета на ваков начин, пишува на својот фејсбук-профил Воислав Димоски, поранешен обвинител по денешната објава дека против него е покренат обвинителен акт.

Без оглед каква е состојбата во правосудството, судницата сепак е мој терен, а околноста дека некој во сопствената интелектуална и стручна немоќ зел да ја злоупотребува позицијата за пресметка со неистомисленици, најмалку зборува за мене. И покрај непријатностите и околноста што е надвор од етиката и од законот лиферувањето на вакви информации, ми претставува задоловолство што самата дебата се преместува на терен на јавноста. Очекувајте целосно да ве информирам за текот на нарачаниот и политички мотивиран прогон кон мене и при тоа со задоволство да ги разобличам нарачателите на истиот.
Дедо ми велеше дека чавките секојпат напаѓаат во јато. Така и овојпат. Арно ама ние сме родени за посериозни битки, а не за бркање чавки. Слобода или смрт!“, напиша на својот фејсбук-профил Димоски, кој неодамна поднесе оставка од функцијата обвинител, а беше и кандидат за уставен судија.

The post Поранешниот обвинител Димоски: Задоволство ми е што Јовески решил со мене да се пресмета на ваков начин appeared first on Република.

]]>

Со оглед дека последните речиси две години, заканите кои ги добивав од различни центри се однесуваа на мојот физички интегритет, морам да признам дека ми е задоволство што Јовески решил со мене да се пресмета на ваков начин, пишува на својот фејсбук-профил Воислав Димоски, поранешен обвинител по денешната објава дека против него е покренат обвинителен акт.
Без оглед каква е состојбата во правосудството, судницата сепак е мој терен, а околноста дека некој во сопствената интелектуална и стручна немоќ зел да ја злоупотребува позицијата за пресметка со неистомисленици, најмалку зборува за мене. И покрај непријатностите и околноста што е надвор од етиката и од законот лиферувањето на вакви информации, ми претставува задоловолство што самата дебата се преместува на терен на јавноста. Очекувајте целосно да ве информирам за текот на нарачаниот и политички мотивиран прогон кон мене и при тоа со задоволство да ги разобличам нарачателите на истиот. Дедо ми велеше дека чавките секојпат напаѓаат во јато. Така и овојпат. Арно ама ние сме родени за посериозни битки, а не за бркање чавки. Слобода или смрт!“, напиша на својот фејсбук-профил Димоски, кој неодамна поднесе оставка од функцијата обвинител, а беше и кандидат за уставен судија.

The post Поранешниот обвинител Димоски: Задоволство ми е што Јовески решил со мене да се пресмета на ваков начин appeared first on Република.

]]>