обвинител Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/obvinitel/ За подобро да се разбереме Wed, 24 Apr 2024 09:52:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png обвинител Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/obvinitel/ 32 32 Обвинителот Бајрами во 13:00 часот ќе ги соопшти првичните информации за изборите од ЈО низ државата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/obvinitelot-bajrami-vo-13-00-chasot-ke-gi-soopshti-prvichnite-informatsii-za-izborite-od-jo-niz-drzhavata-2/ Wed, 24 Apr 2024 09:52:42 +0000 https://republika.mk/?p=769992

Привремената комисија на Јавното обвинителство за следење евентуални кривични дела против изборите и гласањето, како и други изборни нерегуларности денеска континуирано го следи текот на изборниот процес во првиот круг од изборите за претседател на Република Македонија.

Како што најавува Комисијата, нејзиниот претседател, јавниот обвинител Џељаљ Бајрами во 13:00 часот ќе ги соопшти првичните информации сумирани од јавните обвинителства низ државата.

The post Обвинителот Бајрами во 13:00 часот ќе ги соопшти првичните информации за изборите од ЈО низ државата appeared first on Република.

]]>

Привремената комисија на Јавното обвинителство за следење евентуални кривични дела против изборите и гласањето, како и други изборни нерегуларности денеска континуирано го следи текот на изборниот процес во првиот круг од изборите за претседател на Република Македонија. Како што најавува Комисијата, нејзиниот претседател, јавниот обвинител Џељаљ Бајрами во 13:00 часот ќе ги соопшти првичните информации сумирани од јавните обвинителства низ државата.

The post Обвинителот Бајрами во 13:00 часот ќе ги соопшти првичните информации за изборите од ЈО низ државата appeared first on Република.

]]>
Коцевски вети транспарентност, но нема одговор дали МВР ќе одговара поради издавање документи без „cеверна“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kotsevski-veti-transparentnost-no-nema-odgovor-dali-mvr-ke-odgovara-poradi-izdavane-dokumenti-bez-ceverna/ Thu, 15 Feb 2024 10:37:06 +0000 https://republika.mk/?p=744331

Новоизбраниот државен јавен обвинител, Љупчо Коцевски во првата изјава за медиумите, најавува дека ќе биде транспарентен, но веќе на првото прашање за отворање на предмет поради издавање на документи без „cеверна“ – не даде одговор одговор.

Тој вети дека ќе биде отчетен, но не кажа дали Обвинителството ќе започне предистрага за лицата во МВР кои изминатите години нарачувале и пуштале во промет стари обрасци и не овозможиле издавање на документи со новото уставно име, како што требале да прават законски.

Во оваа прилика знам дека голем интерес на јавноста за предметите кои се во тек и тие кои ќе се отворат. Но во денешниот ден, не би навлегувал во детали. Јавното обвинителство ќе формира предмети по поднесени пријави, кои по чуен глас ќе допре до јавниот обвинител и ќе нема селекција при гонење на кривичните дела. Ако има доволно докази, јавното обвинителство ќе поведе постапка  - рече Коцевски во изјавата за медиумите.

The post Коцевски вети транспарентност, но нема одговор дали МВР ќе одговара поради издавање документи без „cеверна“ appeared first on Република.

]]>

Новоизбраниот државен јавен обвинител, Љупчо Коцевски во првата изјава за медиумите, најавува дека ќе биде транспарентен, но веќе на првото прашање за отворање на предмет поради издавање на документи без „cеверна“ – не даде одговор одговор. Тој вети дека ќе биде отчетен, но не кажа дали Обвинителството ќе започне предистрага за лицата во МВР кои изминатите години нарачувале и пуштале во промет стари обрасци и не овозможиле издавање на документи со новото уставно име, како што требале да прават законски.
Во оваа прилика знам дека голем интерес на јавноста за предметите кои се во тек и тие кои ќе се отворат. Но во денешниот ден, не би навлегувал во детали. Јавното обвинителство ќе формира предмети по поднесени пријави, кои по чуен глас ќе допре до јавниот обвинител и ќе нема селекција при гонење на кривичните дела. Ако има доволно докази, јавното обвинителство ќе поведе постапка  - рече Коцевски во изјавата за медиумите.

The post Коцевски вети транспарентност, но нема одговор дали МВР ќе одговара поради издавање документи без „cеверна“ appeared first on Република.

]]>
Изрешетан додека одел кон судот: Убиен обвинителот што го истражуваше нападот на ТВ станицата во Еквадор https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/izreshetan-dodeka-odel-kon-sudot-ubien-obvinitelot-shto-go-istrazhuvashe-napadot-na-tv-stanitsata-vo-ekvador/ Thu, 18 Jan 2024 07:38:51 +0000 https://republika.mk/?p=734225

Обвинителот Сезар Суарез кој го истражуваше упадот во еквадорската телевизија од страна на членови на банда, бил убиен додека возел кон судот во Гвајакил, најопасниот град во земјата.

Локалната полиција соопшти дека нападот е атентат и додаде дека тој бил застрелан повеќе пати.

Суарез го истражуваше минатонеделниот напад на телевизијата ТЦ, кога членови на банда упаднаа во студио за време на програма во живо и го држеа персоналот под закана со оружје.

Во врска со нападот се уапсени 13 лица, меѓу кои и двајца малолетници.

https://republika.mk/vesti/svet/grupa-vooruzheni-luge-upadnaa-vo-televizisko-studio-vo-zhivo-vo-ekvador/

Тоа се случи набргу откако озлогласен шеф на банда избега од затвор, предизвикувајќи национална вонредна состојба и ноќен полициски час.

Во Еквадор во последно време е регистриран пораст на насилството, вклучително и експлозии во некои градови, киднапирање на полицајци и земање затворски персонал како заложници.

Дваесет и две криминални банди се прогласени за терористички организации додека претседателот Даниел Нобоа се обидува да ги прекине немирите поврзани со трговијата со дрога.

The post Изрешетан додека одел кон судот: Убиен обвинителот што го истражуваше нападот на ТВ станицата во Еквадор appeared first on Република.

]]>

Обвинителот Сезар Суарез кој го истражуваше упадот во еквадорската телевизија од страна на членови на банда, бил убиен додека возел кон судот во Гвајакил, најопасниот град во земјата. Локалната полиција соопшти дека нападот е атентат и додаде дека тој бил застрелан повеќе пати. Суарез го истражуваше минатонеделниот напад на телевизијата ТЦ, кога членови на банда упаднаа во студио за време на програма во живо и го држеа персоналот под закана со оружје. Во врска со нападот се уапсени 13 лица, меѓу кои и двајца малолетници. https://republika.mk/vesti/svet/grupa-vooruzheni-luge-upadnaa-vo-televizisko-studio-vo-zhivo-vo-ekvador/ Тоа се случи набргу откако озлогласен шеф на банда избега од затвор, предизвикувајќи национална вонредна состојба и ноќен полициски час. Во Еквадор во последно време е регистриран пораст на насилството, вклучително и експлозии во некои градови, киднапирање на полицајци и земање затворски персонал како заложници. Дваесет и две криминални банди се прогласени за терористички организации додека претседателот Даниел Нобоа се обидува да ги прекине немирите поврзани со трговијата со дрога.

The post Изрешетан додека одел кон судот: Убиен обвинителот што го истражуваше нападот на ТВ станицата во Еквадор appeared first on Република.

]]>
Таткото на убиената Вања негирал поврзаност со убиството и киднапирањето и пред обвинител https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/tatkoto-na-ubienata-vana-negiral-povrzanost-so-ubistvoto-i-kidnapiraneto-i-pred-obvinitel/ Tue, 05 Dec 2023 13:46:03 +0000 https://republika.mk/?p=719963

Во обвинителството заврши распитот на таткото на 14-годишната Вања Ѓорчевска, Александар Ѓорчевски во врска со нејзиното убиство за кое тој е осомничен дека споделувал информации со останатите осомничени за нејзиното излегување од дома. Од ОЈО Скопје велат дека во основа тој ги негира дејствијата.

Малолетната Вања беше пронајдена мртва на 3 декември во близина на Скопје, по пријавата за нејзино исчезнување на 27 ноември годинава.

Осомничени и во 48-часовен притвор за нејзиното убиство, покрај таткото, се Велибор Манев, Влатко Кешишов и Боре Видевски, кои се дел од партијата Десна на првоосомничениот, Љупчо Палевски - Палчо, кој е во бегство и надвор од државата и за кого е донесена наредба за спроведување истрага и издадена меѓународна потерница.

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, и скопскиот јавен обвинител, Гаврил Бубевски, вчера на прес-конференција ја образложуваа инволвираноста на таткото на Вања во случајот. Според нив, тројцата претходно приведени кажале дека тој му ги дал информациите на првоосомничениот во врска со движењето на неговата ќерка, за излегувањето од дома и маршутата на нејзиното движење.

Поврзано со овој случај е и убиството на 74-годишниот Панче Жежовски, кој, според надлежните, е, исто така, жртва на сопартијците.

Според обвинителот Бубевски, велешанецот е само „прометна жртва“ која била искористена за да се земе неговата кола и да се заврши, како што рече „целокупниот криминален потфат“, односно убиството на Вања, а мотивот за убиството на Панче е и тоа што тој имал должничко-доверителски односи со еден од осомничените.

Додека, според првичните сознанија на полицијата и Обвинителството, мотивот за убиството на Вања е користољубие. Односно,групата сакала да изнуди пари од мајката на Вања, меѓутоа, до тоа не дошло, а ситуацијата, како што посочи обвинителот Бубевски, излегла од контрола кога мајката го пријавила исчезнувањето на својата ќерка и набрзо потоа целата јавност беше крената на нозе.

Обдукцијата врз телото на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски во Институтот за судска медицина и криминалистика е, исто така, завршена, но извештаите сѐ уште не се готови, потврдија претходно од Министерството за внатрешни работи и Основното јавно обвинителство Скопје за МИА.

Извештајот од обдукцијата треба да ги утврди причините за смртта на двете жртви кои беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес на 3 декември, по нивното пријавување за исчезнување на 27, односно 24 ноември годинава.

Освен истрагата за Палевски, се очекува кривична пријава со која би се покренала истрага и за останатите осомничени. Со тоа, јавното обвинителство би имало можност да побара определување на нови мерки за осомничените.

Од Обвинителството соопштија дека очекуваат кривичната пријава да пристигне подоцна попладнево.

- Потоа ќе се подготви наредба за истрага и предлог за притвор, велат оттаму.

The post Таткото на убиената Вања негирал поврзаност со убиството и киднапирањето и пред обвинител appeared first on Република.

]]>

Во обвинителството заврши распитот на таткото на 14-годишната Вања Ѓорчевска, Александар Ѓорчевски во врска со нејзиното убиство за кое тој е осомничен дека споделувал информации со останатите осомничени за нејзиното излегување од дома. Од ОЈО Скопје велат дека во основа тој ги негира дејствијата. Малолетната Вања беше пронајдена мртва на 3 декември во близина на Скопје, по пријавата за нејзино исчезнување на 27 ноември годинава. Осомничени и во 48-часовен притвор за нејзиното убиство, покрај таткото, се Велибор Манев, Влатко Кешишов и Боре Видевски, кои се дел од партијата Десна на првоосомничениот, Љупчо Палевски - Палчо, кој е во бегство и надвор од државата и за кого е донесена наредба за спроведување истрага и издадена меѓународна потерница. Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, и скопскиот јавен обвинител, Гаврил Бубевски, вчера на прес-конференција ја образложуваа инволвираноста на таткото на Вања во случајот. Според нив, тројцата претходно приведени кажале дека тој му ги дал информациите на првоосомничениот во врска со движењето на неговата ќерка, за излегувањето од дома и маршутата на нејзиното движење. Поврзано со овој случај е и убиството на 74-годишниот Панче Жежовски, кој, според надлежните, е, исто така, жртва на сопартијците. Според обвинителот Бубевски, велешанецот е само „прометна жртва“ која била искористена за да се земе неговата кола и да се заврши, како што рече „целокупниот криминален потфат“, односно убиството на Вања, а мотивот за убиството на Панче е и тоа што тој имал должничко-доверителски односи со еден од осомничените. Додека, според првичните сознанија на полицијата и Обвинителството, мотивот за убиството на Вања е користољубие. Односно,групата сакала да изнуди пари од мајката на Вања, меѓутоа, до тоа не дошло, а ситуацијата, како што посочи обвинителот Бубевски, излегла од контрола кога мајката го пријавила исчезнувањето на својата ќерка и набрзо потоа целата јавност беше крената на нозе. Обдукцијата врз телото на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски во Институтот за судска медицина и криминалистика е, исто така, завршена, но извештаите сѐ уште не се готови, потврдија претходно од Министерството за внатрешни работи и Основното јавно обвинителство Скопје за МИА. Извештајот од обдукцијата треба да ги утврди причините за смртта на двете жртви кои беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес на 3 декември, по нивното пријавување за исчезнување на 27, односно 24 ноември годинава. Освен истрагата за Палевски, се очекува кривична пријава со која би се покренала истрага и за останатите осомничени. Со тоа, јавното обвинителство би имало можност да побара определување на нови мерки за осомничените. Од Обвинителството соопштија дека очекуваат кривичната пријава да пристигне подоцна попладнево. - Потоа ќе се подготви наредба за истрага и предлог за притвор, велат оттаму.

The post Таткото на убиената Вања негирал поврзаност со убиството и киднапирањето и пред обвинител appeared first on Република.

]]>
Лога разговарал со швајцарскиот обвинител Блатлер за јакнење на капацитетите во борбата против криминалот и корупцијата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/loga-razgovaral-so-shvajtsarskiot-obvinitel-blatler-za-jaknene-na-kapatsitetite-vo-borbata-protiv-kriminalot-i-koruptsijata/ Sun, 27 Aug 2023 15:54:27 +0000 https://republika.mk/?p=676355

Министерот за правда Кренар Лога денеска разговорал со државниот обвинител на Швајцарија, Стефан Блатлер во насока на зајакнување на капацитетите за борба против криминалот и корупцијата.

Лога за разговорот информира преку објава на Фејсбук, што ја пренесе Министерството за правда.

-Ги зајакнуваме капацитетите за бескомпромисна борба против криминалот и корупцијата, користејќи ја поддршката и искуството на нашите пријатели. Во исто време, отвораме нов прозорец на државни и професионални односи со швајцарските тела за кривично гонење, благодарение на нашата проактивна улога. Отворен, пријателски разговор, во доверба, за нови патеки за соработка со државниот обвинител на Швајцарија, г. Стефан Блатлер. Борба против организираниот криминал, валканите пари на политичарите и олигарсите, помош за реформа на правосудниот систем итн,. Прозорецот за соработка останува отворен за понатамошни состаноци на високо ниво со мојот швајцарски колега, наскоро, наведува Лога.

The post Лога разговарал со швајцарскиот обвинител Блатлер за јакнење на капацитетите во борбата против криминалот и корупцијата appeared first on Република.

]]>

Министерот за правда Кренар Лога денеска разговорал со државниот обвинител на Швајцарија, Стефан Блатлер во насока на зајакнување на капацитетите за борба против криминалот и корупцијата. Лога за разговорот информира преку објава на Фејсбук, што ја пренесе Министерството за правда. -Ги зајакнуваме капацитетите за бескомпромисна борба против криминалот и корупцијата, користејќи ја поддршката и искуството на нашите пријатели. Во исто време, отвораме нов прозорец на државни и професионални односи со швајцарските тела за кривично гонење, благодарение на нашата проактивна улога. Отворен, пријателски разговор, во доверба, за нови патеки за соработка со државниот обвинител на Швајцарија, г. Стефан Блатлер. Борба против организираниот криминал, валканите пари на политичарите и олигарсите, помош за реформа на правосудниот систем итн,. Прозорецот за соработка останува отворен за понатамошни состаноци на високо ниво со мојот швајцарски колега, наскоро, наведува Лога.

The post Лога разговарал со швајцарскиот обвинител Блатлер за јакнење на капацитетите во борбата против криминалот и корупцијата appeared first on Република.

]]>
Обвинителот што не гледа непотизам оти е син на судија: Ќе да продолжиме со добрата работа како обвинители https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/obvinitelot-shto-ne-gleda-nepotizam-oti-e-sin-na-sudija-ke-da-prodolzhime-so-dobrata-rabota-kako-obviniteli/ Fri, 14 Jul 2023 10:32:51 +0000 https://republika.mk/?p=661254

Предизвикот, како и досега, е максимално, професионално и во рамки на закон, бидејќи сите денеска кои што дадовме заклетва сме обвинители кои долги години сме во обвинителството и останува на нас, да продолжиме со добрата работа, изјави јавниот обвинител Елвин Вели, на денешното потпишување на свечените изјави во Советот на јавни обвинители.

Вели, како и обвинителката Наталија Тасевска, денеска потпишаа свечена изјава во Јавното обвинителство.

Во однос на прашањето за предизвикот во државното обвинителство кога во државата граѓаните на правосудниот систем даваат само еден процент доверба, тој одговори дека во тој дел треба да се поработи.

Ќе треба да поработиме на тој дел, во делот на довербата и во делот на транспарентноста. Најпрво со соработка поголема со вас медиумите и со поголема отвореност спрема граѓаните, и, нормално, со извршување на работните задачи и обврски, рече тој.

Транспарентноста ја издвои како приоритет, како и навременото завршување на работните обврски.

Во Советот на јавни обвинители свечена изјава денеска потпишаа и кандидатите во Вишото јавно обвинителство Скопје, Основното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и од Основните јавни обвинителства во Скопје, Гостивар и Кавадарци.

https://republika.mk/vesti/makedonija/veli-i-jas-sum-dete-na-sudija-sekade-e-ubava-traditsija-a-kaj-nas-e-nepotizam/

The post Обвинителот што не гледа непотизам оти е син на судија: Ќе да продолжиме со добрата работа како обвинители appeared first on Република.

]]>

Предизвикот, како и досега, е максимално, професионално и во рамки на закон, бидејќи сите денеска кои што дадовме заклетва сме обвинители кои долги години сме во обвинителството и останува на нас, да продолжиме со добрата работа, изјави јавниот обвинител Елвин Вели, на денешното потпишување на свечените изјави во Советот на јавни обвинители. Вели, како и обвинителката Наталија Тасевска, денеска потпишаа свечена изјава во Јавното обвинителство. Во однос на прашањето за предизвикот во државното обвинителство кога во државата граѓаните на правосудниот систем даваат само еден процент доверба, тој одговори дека во тој дел треба да се поработи.
Ќе треба да поработиме на тој дел, во делот на довербата и во делот на транспарентноста. Најпрво со соработка поголема со вас медиумите и со поголема отвореност спрема граѓаните, и, нормално, со извршување на работните задачи и обврски, рече тој.
Транспарентноста ја издвои како приоритет, како и навременото завршување на работните обврски. Во Советот на јавни обвинители свечена изјава денеска потпишаа и кандидатите во Вишото јавно обвинителство Скопје, Основното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и од Основните јавни обвинителства во Скопје, Гостивар и Кавадарци. https://republika.mk/vesti/makedonija/veli-i-jas-sum-dete-na-sudija-sekade-e-ubava-traditsija-a-kaj-nas-e-nepotizam/

The post Обвинителот што не гледа непотизам оти е син на судија: Ќе да продолжиме со добрата работа како обвинители appeared first on Република.

]]>
Подарок за обвинител требало да биде мобилен телефон за да „заврши работа“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/podarok-za-obvinitel-trebalo-da-bide-mobilen-telefon-za-da-zavrshi-rabota/ Sat, 24 Jun 2023 16:10:29 +0000 https://republika.mk/?p=654762

Во СВР Скопје вчера 36-годишен скопјанец пријавил дека тој, неговиот татко и неговиот брат биле измамени од едно лице, кое се претставувало дека е полициски службеник и дека ќе им помогне за случај од пред неколку години, при што им побарал мобилен телефон како подарок за обвинител.

Според пријавеното, како што информираат од МВР, на почетокот на април оваа година лицето дошло со брат му во нивниот дом и претставувајќи се дека е полициски службеник, им ветил дека преку обвинител ќе може да им помогне за случај од пред неколку години, во кој биле измамени од друго лице.

Како што е пријавено, за услугата тој им побарал мобилен телефон како подарок за обвинителот, а откако му го дале телефонот продолжиле со комуникација до крајот на мај, од кога лицето станало недостапно, по што сфатиле дека се измамени.

The post Подарок за обвинител требало да биде мобилен телефон за да „заврши работа“ appeared first on Република.

]]>

Во СВР Скопје вчера 36-годишен скопјанец пријавил дека тој, неговиот татко и неговиот брат биле измамени од едно лице, кое се претставувало дека е полициски службеник и дека ќе им помогне за случај од пред неколку години, при што им побарал мобилен телефон како подарок за обвинител. Според пријавеното, како што информираат од МВР, на почетокот на април оваа година лицето дошло со брат му во нивниот дом и претставувајќи се дека е полициски службеник, им ветил дека преку обвинител ќе може да им помогне за случај од пред неколку години, во кој биле измамени од друго лице. Како што е пријавено, за услугата тој им побарал мобилен телефон како подарок за обвинителот, а откако му го дале телефонот продолжиле со комуникација до крајот на мај, од кога лицето станало недостапно, по што сфатиле дека се измамени.

The post Подарок за обвинител требало да биде мобилен телефон за да „заврши работа“ appeared first on Република.

]]>
Главниот обвинител во Бугарија ја искина оставката и му објави „војна“ на Борисов https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/glavniot-obvinitel-vo-bugarija-ja-iskina-ostavkata-i-mu-objavi-vojna-na-borisov/ Mon, 15 May 2023 11:09:18 +0000 https://republika.mk/?p=640966

Поранешниот премиер и лидер на ГЕРБ, Бојко Борисов и главниот обвинител Иван Гешев стапија во „војна“. Гешев, кој беше избран во времето кога Борисов беше премиер и двајцата имаа одлично разбирање за покривања на многу афери, денеска објави дека ќе го одработи мандатот до крајоит и театрално ја скина оставката.

Тој тоа го направи во судската палата, а до него седеа неговите заменици, но го немаше началникот на истрагите Борислав Сарафов кој бараше Гешев да си замине. Во контраудар Гешев му порача на Сарафов дека ќе побара оставка од него ако тој самиот не ја поднесе денеска.

За време на брифингот главниот обвинител зборуваше за „лицето Бојко Методиев Борисов. Тој рече дека му се заканувале на неговото семејство и се прогласи за жртва на политичката мафија, олигархија и криминал.

Главниот обвинител рече дека бил предупреден да ја напушти функцијата до 10 часот денеска и бил заплашен дека во спротивно некој ќе го притисне копчето „ентер“. Тој одби да именува кој го известил, но кога ќе добие докази ќе открие.

Според Гешев, се обединиле политичката мафија, олигарсите и сите што сакаат да крадат. „Се надевам дека денес е почеток на крајот на овој олигархиски модел“.

Во своето едночасовно образложение, главниот обвинител директно го нападна „лицето Бојко Методиев Борисов“ дека стои зад обидот за негово отстранување, дури наведувајќи дека добил прикриена понуда да стане амбасадор и во Израел или Турција, но и да има политичка кариера евентуално во ГЕРБ.

Во четвртокот Габриел (Марија Габриел, кандидатот на ГЕРБ за премиер) рече дека прво што ќе направи ако состави влада е да побара оставка од јавниот обвинител. Нема да коментирам колку тоа ја нарушува поделбата на власта и независното судство. Се јавив на политичарка, која ја познавам и мислев дека ми е другарка. А таа ми рече: ‘Разбери ме, јас бев до неа. Првпат го слушнав од неа - коментира Гешев.

На овие остри изјави реагираше Бојко Борисов: „Не сум во позиција да нудам амбасадорски позиции кои се одобрени и потпишани од претседателот Радев. Не сум повикал ниту еден обвинител, не сум му испратил ливчиња на Иван Гешев“, им рече на новинарите лидерот на ГЕРБ.

Тој додаде дека по она што го слушнал на брифингот, уште повеќе е убеден дека „законите за реформирање на правосудниот систем мора да се донесат што е можно побрзо“.

The post Главниот обвинител во Бугарија ја искина оставката и му објави „војна“ на Борисов appeared first on Република.

]]>

Поранешниот премиер и лидер на ГЕРБ, Бојко Борисов и главниот обвинител Иван Гешев стапија во „војна“. Гешев, кој беше избран во времето кога Борисов беше премиер и двајцата имаа одлично разбирање за покривања на многу афери, денеска објави дека ќе го одработи мандатот до крајоит и театрално ја скина оставката. Тој тоа го направи во судската палата, а до него седеа неговите заменици, но го немаше началникот на истрагите Борислав Сарафов кој бараше Гешев да си замине. Во контраудар Гешев му порача на Сарафов дека ќе побара оставка од него ако тој самиот не ја поднесе денеска. За време на брифингот главниот обвинител зборуваше за „лицето Бојко Методиев Борисов. Тој рече дека му се заканувале на неговото семејство и се прогласи за жртва на политичката мафија, олигархија и криминал. Главниот обвинител рече дека бил предупреден да ја напушти функцијата до 10 часот денеска и бил заплашен дека во спротивно некој ќе го притисне копчето „ентер“. Тој одби да именува кој го известил, но кога ќе добие докази ќе открие. Според Гешев, се обединиле политичката мафија, олигарсите и сите што сакаат да крадат. „Се надевам дека денес е почеток на крајот на овој олигархиски модел“. Во своето едночасовно образложение, главниот обвинител директно го нападна „лицето Бојко Методиев Борисов“ дека стои зад обидот за негово отстранување, дури наведувајќи дека добил прикриена понуда да стане амбасадор и во Израел или Турција, но и да има политичка кариера евентуално во ГЕРБ.
Во четвртокот Габриел (Марија Габриел, кандидатот на ГЕРБ за премиер) рече дека прво што ќе направи ако состави влада е да побара оставка од јавниот обвинител. Нема да коментирам колку тоа ја нарушува поделбата на власта и независното судство. Се јавив на политичарка, која ја познавам и мислев дека ми е другарка. А таа ми рече: ‘Разбери ме, јас бев до неа. Првпат го слушнав од неа - коментира Гешев.
На овие остри изјави реагираше Бојко Борисов: „Не сум во позиција да нудам амбасадорски позиции кои се одобрени и потпишани од претседателот Радев. Не сум повикал ниту еден обвинител, не сум му испратил ливчиња на Иван Гешев“, им рече на новинарите лидерот на ГЕРБ. Тој додаде дека по она што го слушнал на брифингот, уште повеќе е убеден дека „законите за реформирање на правосудниот систем мора да се донесат што е можно побрзо“.

The post Главниот обвинител во Бугарија ја искина оставката и му објави „војна“ на Борисов appeared first on Република.

]]>
ЕК најостро го осудува обидот за атентат врз бугарскиот државен обвинител https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ek-najostro-go-osuduva-obidot-za-atentat-vrz-bugarskiot-drzhaven-obvinitel/ Tue, 02 May 2023 12:26:42 +0000 https://republika.mk/?p=636084

Европската комисија денеска соопшти дека најостро го осудува обидот за бомбашки атентат на главниот обвинител на Бугарија. Дознавме за ова недозволиво дејствие, рече портпаролот на комисијата во одговор на прашање на прес-конференција, јави БТА.

Ова е бесмислен и кукавички чин на насилство за кој нема место во нашето општество. Очекуваме националните власти одлучно и брзо да ги изведат сторителите на овој грозоморен чин пред лицето на правдата. Засега не можевме да претпоставиме кои се причините за таквиот напад, додаде портпаролот.

Вчера попладне одекна експлозија на патот, во момент кога автомобилот на главниот обвинител на Бугарија, Иван Гешев и неговата колона се движела на патот од Самоков кон Софија.

Главниот обвинител бил цел на убиство, изјави заменик-главниот обвинител и директор на Националната истражна служба Борислав Сарафов. Тој нагласи дека не станува збор за заплашување, туку за обид за атентат.

Сарафов извести дека дошло до екстремно силна експлозија и дека од експлозијата е формиран кратер со длабочина од 30-40 см и дијаметар од близу три метри.

Експлозивната направа очигледно била наменета да убие. Не била со намера да заплаши, рече заменик-јавниот обвинител.

The post ЕК најостро го осудува обидот за атентат врз бугарскиот државен обвинител appeared first on Република.

]]>

Европската комисија денеска соопшти дека најостро го осудува обидот за бомбашки атентат на главниот обвинител на Бугарија. Дознавме за ова недозволиво дејствие, рече портпаролот на комисијата во одговор на прашање на прес-конференција, јави БТА. Ова е бесмислен и кукавички чин на насилство за кој нема место во нашето општество. Очекуваме националните власти одлучно и брзо да ги изведат сторителите на овој грозоморен чин пред лицето на правдата. Засега не можевме да претпоставиме кои се причините за таквиот напад, додаде портпаролот. Вчера попладне одекна експлозија на патот, во момент кога автомобилот на главниот обвинител на Бугарија, Иван Гешев и неговата колона се движела на патот од Самоков кон Софија. Главниот обвинител бил цел на убиство, изјави заменик-главниот обвинител и директор на Националната истражна служба Борислав Сарафов. Тој нагласи дека не станува збор за заплашување, туку за обид за атентат. Сарафов извести дека дошло до екстремно силна експлозија и дека од експлозијата е формиран кратер со длабочина од 30-40 см и дијаметар од близу три метри. Експлозивната направа очигледно била наменета да убие. Не била со намера да заплаши, рече заменик-јавниот обвинител.

The post ЕК најостро го осудува обидот за атентат врз бугарскиот државен обвинител appeared first on Република.

]]>
Со сите се гушка и слика, ама се знаат само од видување: Ислам Абази се дружи со целото раководство на ДУИ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/so-site-se-gushka-i-slika-ama-se-znaat-samo-od-viduvanje-islam-abazi-se-druzi-so-celoto-rakovodstvo-na-dui/ Wed, 09 Nov 2022 21:57:25 +0000 https://republika.mk/?p=572082

Додека, Ислам Абази, новиот шеф на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, од петни жили се труди да ги убеди сите дека иако е од исто село, нема лични контакти со Али Ахмети и со никој друг од ДУИ, секојдневно излегуваат нови докази кои покажуваат дека и тоа како е поврзан со сите видни луѓе од партијата.

Фотографиите говорат повеќе од зборовите. На последната обвинителот Абази е во друштво на Али Ахмети, Субхи Јакупи, Блерим Беџети, Талат Џафери.

Новиот обвинител за гонење на организиран криминал бадијала се обидуваше да го релативизира фактот што доаѓа од исто село како првиот човек на ДУИ Али Ахмети. Двајцата се од Зајас, но според Абази немале лични контакти.

Дружењето со тие лица не е забрането. Тоа е непристојно во смисла ако има непристојно дружење. Можеби сме се сретнале со Ахмети, но лични контакти немам - вели новоизбраниот шеф на ОЈОГОКК, Ислам Абази.

Но, каменот доаѓа од блиску, па така токму медиумите на албански јазик побрзаа да го демантираат Абази.Тој не само што што се знае со првите луѓе на ДУИ туку има и близок контакт.

Па така почнаа да се редат фотографии на обвинителот со Невзат Бејта, па на лов со Дилавер Бектеши кој му е колега обвинител од Кичево близок до ДУИ, па тоа на некоја семејна средба со братот на Али Ахмети.

Дискутабилно е како Абази би гонел криминал во редовите на ДУИ кога е повеќе од јасно дека не се познаници туку пријатели.

Затоа министерот за правда Тупанчевски не треба да релативизира дека „времето ќе покажело дали обвинувањата за поврзаност на Абази со ДУИ имаат основа.“.

Во целиот циркус со изборот на новиот обвинител можеби најискрен е претседателот на Собранието Џафери кој барем си призна дека е некоректно да каже дека не го познава Абази во оваа мала држава.

Инаку Абази се пофали дека правел анализи за кривични предмети за сериозен криминал и корупција, но кога беше прашан каква му е анализата зошто за 20 години владеење на ДУИ ниту еден функционер на партијата не бил кривично гонет, вели не го анализирал тоа. Абази е соселанец на лидерот на Интегративците, но тврди дека можеби се сретнал некогаш со него, но нема блиски врски со него.

Абази вели лидерот на ДУИ можеби го сретнал, ама затоа дружбата во домашна атмосфера со неговиот брат Фекри Ахмети ја овековечил.

Телевизија Алфа објави фотографија од која јасно се гледа дека Абази е во блиска корелација со Фекри Ахмети, насмеани и опуштени седат на гаранитура очигледно во неговиот или домот на фамилијата Ахмети. Ама ете, човекот не знае дека Али Ахмети му е брат.

https://republika.mk/vesti/makedonija/islam-abazi-se-znae-so-celo-rakovodstvo-na-dui-kako-noviot-obvinitel-kje-goni-kriminal-vo-mala-rechica/?fbclid=IwAR0Qw64VRnR_3vFGdJXF-vTcoopni8Jj85555aMlo6YSIY7xHonuS4xNMPU

The post Со сите се гушка и слика, ама се знаат само од видување: Ислам Абази се дружи со целото раководство на ДУИ appeared first on Република.

]]>

Додека, Ислам Абази, новиот шеф на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, од петни жили се труди да ги убеди сите дека иако е од исто село, нема лични контакти со Али Ахмети и со никој друг од ДУИ, секојдневно излегуваат нови докази кои покажуваат дека и тоа како е поврзан со сите видни луѓе од партијата. Фотографиите говорат повеќе од зборовите. На последната обвинителот Абази е во друштво на Али Ахмети, Субхи Јакупи, Блерим Беџети, Талат Џафери. Новиот обвинител за гонење на организиран криминал бадијала се обидуваше да го релативизира фактот што доаѓа од исто село како првиот човек на ДУИ Али Ахмети. Двајцата се од Зајас, но според Абази немале лични контакти.
Дружењето со тие лица не е забрането. Тоа е непристојно во смисла ако има непристојно дружење. Можеби сме се сретнале со Ахмети, но лични контакти немам - вели новоизбраниот шеф на ОЈОГОКК, Ислам Абази.
Но, каменот доаѓа од блиску, па така токму медиумите на албански јазик побрзаа да го демантираат Абази.Тој не само што што се знае со првите луѓе на ДУИ туку има и близок контакт. Па така почнаа да се редат фотографии на обвинителот со Невзат Бејта, па на лов со Дилавер Бектеши кој му е колега обвинител од Кичево близок до ДУИ, па тоа на некоја семејна средба со братот на Али Ахмети. Дискутабилно е како Абази би гонел криминал во редовите на ДУИ кога е повеќе од јасно дека не се познаници туку пријатели. Затоа министерот за правда Тупанчевски не треба да релативизира дека „времето ќе покажело дали обвинувањата за поврзаност на Абази со ДУИ имаат основа.“. Во целиот циркус со изборот на новиот обвинител можеби најискрен е претседателот на Собранието Џафери кој барем си призна дека е некоректно да каже дека не го познава Абази во оваа мала држава. Инаку Абази се пофали дека правел анализи за кривични предмети за сериозен криминал и корупција, но кога беше прашан каква му е анализата зошто за 20 години владеење на ДУИ ниту еден функционер на партијата не бил кривично гонет, вели не го анализирал тоа. Абази е соселанец на лидерот на Интегративците, но тврди дека можеби се сретнал некогаш со него, но нема блиски врски со него. Абази вели лидерот на ДУИ можеби го сретнал, ама затоа дружбата во домашна атмосфера со неговиот брат Фекри Ахмети ја овековечил. Телевизија Алфа објави фотографија од која јасно се гледа дека Абази е во блиска корелација со Фекри Ахмети, насмеани и опуштени седат на гаранитура очигледно во неговиот или домот на фамилијата Ахмети. Ама ете, човекот не знае дека Али Ахмети му е брат. https://republika.mk/vesti/makedonija/islam-abazi-se-znae-so-celo-rakovodstvo-na-dui-kako-noviot-obvinitel-kje-goni-kriminal-vo-mala-rechica/?fbclid=IwAR0Qw64VRnR_3vFGdJXF-vTcoopni8Jj85555aMlo6YSIY7xHonuS4xNMPU

The post Со сите се гушка и слика, ама се знаат само од видување: Ислам Абази се дружи со целото раководство на ДУИ appeared first on Република.

]]>
Објавен огласот за избор на Основен јавен обвинител на ОЈО ГОКК, гласањето на 7 ноември https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/objaven-oglasot-za-izbor-na-osnoven-javen-obvinitel-na-ojo-gokk-glasanjeto-na-7-noemvri-2/ Thu, 06 Oct 2022 10:47:35 +0000 https://republika.mk/?p=557963

Советот на јавните обвинители на Република Македонија објави оглас за избор на обвинители во повеќе обвинителства како и Основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција-Скопје.

Ова прв ваков избор по измените на Законот за јавни обвинители, каде согласно член 66 Основен јавен обвинител на ОЈО ГОКК се избира од страна на Советот на јавни обвинители по спроведено гласање од страна на сите јавни обвинители во Република Македонија.

Како што информира за МИА претседателот на Советот на ЈО Антонио Јолевски, на 7 ноември обвинителите ќе гласаат, по што се доствавуваат резултатите, а Советот во рок од седум дена по гласањето треба да одржи седница на која ќе донесе одлука за именување на јавниот обвинител што добил најмногу гласови од листата на пријавени кандидати.

Мандатот на суспендираната шефица на ОЈО ГОКК Вилма Русковска трае до 14-ти ноември, а за нејзина времена замена на 29 август беше назначен обвинителот Трајче Пеливанов.
Со одлука на републичкиот јавен обвинител врз основа на член 81 од Законот за јавното обвинителство, минатиот месец донесе Решение за оддалечување од функцијата на шефицата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Вилма Русковска додека трае кривичната постапка поведена по поднесена кривична пријава против неа, а по претресот во Управата за финансиска полиција од страна на ОЈО ГОКК.
Основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција се избира за време од четири години, од редот на избраните јавни обвинители со право на повторен избор.
Советот на ЈО објави оглас за избор и на јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство Скопје, Виш јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство Гостивар, Основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Битола, Основното јавно обвинителство Кавадарци, Основното јавно обвинителство Куманово, Основното јавно обвинителство Гостивар и Основното јавно обвинителство Велес.

The post Објавен огласот за избор на Основен јавен обвинител на ОЈО ГОКК, гласањето на 7 ноември appeared first on Република.

]]>

Советот на јавните обвинители на Република Македонија објави оглас за избор на обвинители во повеќе обвинителства како и Основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција-Скопје. Ова прв ваков избор по измените на Законот за јавни обвинители, каде согласно член 66 Основен јавен обвинител на ОЈО ГОКК се избира од страна на Советот на јавни обвинители по спроведено гласање од страна на сите јавни обвинители во Република Македонија. Како што информира за МИА претседателот на Советот на ЈО Антонио Јолевски, на 7 ноември обвинителите ќе гласаат, по што се доствавуваат резултатите, а Советот во рок од седум дена по гласањето треба да одржи седница на која ќе донесе одлука за именување на јавниот обвинител што добил најмногу гласови од листата на пријавени кандидати. Мандатот на суспендираната шефица на ОЈО ГОКК Вилма Русковска трае до 14-ти ноември, а за нејзина времена замена на 29 август беше назначен обвинителот Трајче Пеливанов. Со одлука на републичкиот јавен обвинител врз основа на член 81 од Законот за јавното обвинителство, минатиот месец донесе Решение за оддалечување од функцијата на шефицата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Вилма Русковска додека трае кривичната постапка поведена по поднесена кривична пријава против неа, а по претресот во Управата за финансиска полиција од страна на ОЈО ГОКК. Основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција се избира за време од четири години, од редот на избраните јавни обвинители со право на повторен избор. Советот на ЈО објави оглас за избор и на јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство Скопје, Виш јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство Гостивар, Основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Битола, Основното јавно обвинителство Кавадарци, Основното јавно обвинителство Куманово, Основното јавно обвинителство Гостивар и Основното јавно обвинителство Велес.

The post Објавен огласот за избор на Основен јавен обвинител на ОЈО ГОКК, гласањето на 7 ноември appeared first on Република.

]]>
Руското обвинителство побара 13 години затвор за Навални https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ruskoto-obvinitelstvo-pobara-13-godini-zatvor-za-navalni/ Tue, 15 Mar 2022 13:31:15 +0000 https://republika.mk/?p=473221

Руското обвинителство денеска побара 13 години затвор за најгласниот критичар на Кремљ и опозициски лидер, Алексеј Навални, обвинет за измама и непочитување на судот.

Четириесет и петгодишниот Навални веќе отслужува затворска казна од две и пол години.

Истражните органи го обвинуваат за проневера на милиони рубљи во вид на подароци дадени на неговите антикорупциски организации и поради „навреда на судот“ за време на едно од неговите претходни рочишта.

Во 2020 година Навални помина неколку месеци на лекување во Германија откако беше отруен со нервен агенс, за што го смета за одговорен рускиот претседател Владимир Путин.

Тој потоа беше уапсен во јануари 2021 година, откако се врати во земјата од Германија и беше осуден на две и пол години затвор за стар случај на проневера што датира од 2014 година. Таа пресуда предизвика многубројни осуди на Западот и санкции против Москва.

Во јуни 2021 година, судот ги прогласи неговите главни организации како „екстремистички“, што доведе до нивно затворање и кривично гонење на многу нивни активисти.

Навални, инаку остар критичар на Кремљ, досега во неколку наврати се изјасни против руската инвазија во Украина и ги повика своите поддржувачи да демонстрираат за мир и покрај ризиците од апсење и судско гонење.

The post Руското обвинителство побара 13 години затвор за Навални appeared first on Република.

]]>

Руското обвинителство денеска побара 13 години затвор за најгласниот критичар на Кремљ и опозициски лидер, Алексеј Навални, обвинет за измама и непочитување на судот. Четириесет и петгодишниот Навални веќе отслужува затворска казна од две и пол години. Истражните органи го обвинуваат за проневера на милиони рубљи во вид на подароци дадени на неговите антикорупциски организации и поради „навреда на судот“ за време на едно од неговите претходни рочишта. Во 2020 година Навални помина неколку месеци на лекување во Германија откако беше отруен со нервен агенс, за што го смета за одговорен рускиот претседател Владимир Путин. Тој потоа беше уапсен во јануари 2021 година, откако се врати во земјата од Германија и беше осуден на две и пол години затвор за стар случај на проневера што датира од 2014 година. Таа пресуда предизвика многубројни осуди на Западот и санкции против Москва. Во јуни 2021 година, судот ги прогласи неговите главни организации како „екстремистички“, што доведе до нивно затворање и кривично гонење на многу нивни активисти. Навални, инаку остар критичар на Кремљ, досега во неколку наврати се изјасни против руската инвазија во Украина и ги повика своите поддржувачи да демонстрираат за мир и покрај ризиците од апсење и судско гонење.

The post Руското обвинителство побара 13 години затвор за Навални appeared first on Република.

]]>
ДУИ го условува изборот на нови обвинители поради Арсим Адеми – роднина на Ахмети, кој пресуди 6 месеци за Кичеец https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dui-go-uslovuva-izborot-na-novi-obviniteli-poradi-arsim-ademi-rodnina-na-ahmeti-koj-presudi-6-meseci-za-kicheec/ Tue, 15 Mar 2022 10:06:08 +0000 https://republika.mk/?p=473048

За два дена Советот на јавни обвинители уште еднаш ќе се обиде да избере пет обвинители во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал по конкурсот распишан уште лани на 15 ноември. Минатиот четврток немаше кворум за избор. МКД.мк дознава дека се работи за класично условување од страна на ДУИ за избор на обвинителот од Гостивар Арсим Адеми, против кого Државната комисија за спречување на корупцијата има неколку постапки.

За петте испразнети места во ОЈО ГОК се пријавија 10 обвинители, од кои петмина се обвинителите на кои им истече мандатот: Ивана Трајчева, Марија Ѓоргева, Валентина Беслимовска, Сузана Мирческа–Кузмановска и Енѓулуше Кадриу–Леши. а останатите петмина кои конкурираа се Златко Биковски, Елизабета Јосифовска, Наташа Сарамандова, Имран Османи и Арсим Адеми.

Како што дознава порталот, Советот на јавни обвинители има најголем проблем со кандидатурата на Арсим Адеми, за која ДУИ дала налог дека мора да пројде. Не случајно тој е ставен прв на листата за избор, па ако помине ќе може да се продолжи приемот и на другите. А дел од членовите на Советот на јавни обвинители, како што дознаваме, веќе се изјасниле дека ќе гласаат против изборот на Адеми. Претседателот на Советот Антонио Јолевски во изјава за медиуми отфрла какви било политички притисоци.

А токму за овој обвинител од Гостивар, деновиве медиумите јавуваат за неколку негови спорни одлуки – за сообраќајката што ја предизвика Зоран Милески Кичеец со смртни последици, а пресудата на предлог на обвинителот беше само 6 месеци затвор и сообраќајката во која загина еден полицаец, за која пресудата беше една година затвор, а обвинителот не поднесе жалба.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/od-grupchin-navamu-vladeat-drugi-zakoni-velat-roditelite-na-policaecot-gjurchinoski-koj-beshe-pregazen-duri-vrshel-uvid/

Повеќе на МКД.мк

The post ДУИ го условува изборот на нови обвинители поради Арсим Адеми – роднина на Ахмети, кој пресуди 6 месеци за Кичеец appeared first on Република.

]]>

За два дена Советот на јавни обвинители уште еднаш ќе се обиде да избере пет обвинители во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал по конкурсот распишан уште лани на 15 ноември. Минатиот четврток немаше кворум за избор. МКД.мк дознава дека се работи за класично условување од страна на ДУИ за избор на обвинителот од Гостивар Арсим Адеми, против кого Државната комисија за спречување на корупцијата има неколку постапки. За петте испразнети места во ОЈО ГОК се пријавија 10 обвинители, од кои петмина се обвинителите на кои им истече мандатот: Ивана Трајчева, Марија Ѓоргева, Валентина Беслимовска, Сузана Мирческа–Кузмановска и Енѓулуше Кадриу–Леши. а останатите петмина кои конкурираа се Златко Биковски, Елизабета Јосифовска, Наташа Сарамандова, Имран Османи и Арсим Адеми. Како што дознава порталот, Советот на јавни обвинители има најголем проблем со кандидатурата на Арсим Адеми, за која ДУИ дала налог дека мора да пројде. Не случајно тој е ставен прв на листата за избор, па ако помине ќе може да се продолжи приемот и на другите. А дел од членовите на Советот на јавни обвинители, како што дознаваме, веќе се изјасниле дека ќе гласаат против изборот на Адеми. Претседателот на Советот Антонио Јолевски во изјава за медиуми отфрла какви било политички притисоци. А токму за овој обвинител од Гостивар, деновиве медиумите јавуваат за неколку негови спорни одлуки – за сообраќајката што ја предизвика Зоран Милески Кичеец со смртни последици, а пресудата на предлог на обвинителот беше само 6 месеци затвор и сообраќајката во која загина еден полицаец, за која пресудата беше една година затвор, а обвинителот не поднесе жалба. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/od-grupchin-navamu-vladeat-drugi-zakoni-velat-roditelite-na-policaecot-gjurchinoski-koj-beshe-pregazen-duri-vrshel-uvid/ Повеќе на МКД.мк

The post ДУИ го условува изборот на нови обвинители поради Арсим Адеми – роднина на Ахмети, кој пресуди 6 месеци за Кичеец appeared first on Република.

]]>
Обвинителот за кого Кичеец лекомислено предизвикал смрт, не се жали на пресудата за смрт на полицаец https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/obvinitelot-za-kogo-kicheec-lekomisleno-predizvikal-smrt-ne-se-zali-na-presudata-za-smrt-na-policaec/ Wed, 02 Feb 2022 09:52:13 +0000 https://republika.mk/?p=452849

Судскиот процес против кичевецот кој во декември 2019 година во тешка сообраќајка на влезот во Гостивар усмртил еден полицаец, а уште еден бил тешко повреден, лани во ноември заврши со првостепена пресуда од само една година затвор, без очекувана жалба од обвинителот Арсим Адеми. Родителите за загинатиот 23-годишен полицаец реагираат, пишува порталот „МКД.мк“.

На казната се жалеше адвокатката на предизвикувачот на тешката сообраќајна несреќа и побара враќање на неговиот пасош. Обвинителот Aдеми е познат по случајот со Зоран Милевски Кичеец каде за сообраќајка со жртва која се случи поради преминување на полна линија, утврдил небрежност.

Ова не е судство. Ова нема никаква врска со право и правда. Од Групчин наваму владеат други закони“, велат родителите на Петар Ѓурчиноски кои веќе две години бараат само праведна судска разврска на тешката сообраќајна несреќа која се случи на 28 декември 2019 година во 19,10 часот на влезот во Гостивар во која загина нивниот син полицаец, а уште еден беше тешко повреден.

Целиот текст тука

The post Обвинителот за кого Кичеец лекомислено предизвикал смрт, не се жали на пресудата за смрт на полицаец appeared first on Република.

]]>

Судскиот процес против кичевецот кој во декември 2019 година во тешка сообраќајка на влезот во Гостивар усмртил еден полицаец, а уште еден бил тешко повреден, лани во ноември заврши со првостепена пресуда од само една година затвор, без очекувана жалба од обвинителот Арсим Адеми. Родителите за загинатиот 23-годишен полицаец реагираат, пишува порталот „МКД.мк“. На казната се жалеше адвокатката на предизвикувачот на тешката сообраќајна несреќа и побара враќање на неговиот пасош. Обвинителот Aдеми е познат по случајот со Зоран Милевски Кичеец каде за сообраќајка со жртва која се случи поради преминување на полна линија, утврдил небрежност.
Ова не е судство. Ова нема никаква врска со право и правда. Од Групчин наваму владеат други закони“, велат родителите на Петар Ѓурчиноски кои веќе две години бараат само праведна судска разврска на тешката сообраќајна несреќа која се случи на 28 декември 2019 година во 19,10 часот на влезот во Гостивар во која загина нивниот син полицаец, а уште еден беше тешко повреден.
Целиот текст тука

The post Обвинителот за кого Кичеец лекомислено предизвикал смрт, не се жали на пресудата за смрт на полицаец appeared first on Република.

]]>