обвини Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/obvini/ За подобро да се разбереме Wed, 11 May 2022 08:31:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png обвини Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/obvini/ 32 32 Ал Џезира го обвини Израел за смртта на новинарката на Западниот Брег https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/al-dzezira-go-obvini-izrael-za-smrtta-na-novinarkata-na-zapadniot-breg/ Wed, 11 May 2022 08:31:58 +0000 https://republika.mk/?p=500934

Ал Џезира денеска го обвини Израел за смртта на новинарката која беше убиена додека известуваше за израелски напад на Западниот Брег.

Како што е наведено, Ширин Абу Аклех, позната палестинска новинарка, била погодена со куршум во главата и набргу потоа починала.

Уште еден палестински новинар кој работи за Ал Кудс со седиште во Ерусалим е ранет, но е во стабилна состојба.

Катарската телевизија го обвини Израел и во соопштение објавено на својот канал ја повика меѓународната заедница „да ги осуди и да ги смета израелските окупаторски сили одговорни за намерното таргетирање и убиство на колешката Ширин Абу Аклех“.

На видеото од инцидентот се гледа како Абу Аклех носи син заштитен елек на кој јасно пишува „ПРЕС“.

Израелската армија соопшти дека нејзините сили биле цел на силен оган и експлозиви за време на операцијата во Џенин и дека возвратиле.

Се додава и дека „армијата го истражува настанот и ја испитува можноста новинарите да биле погодени од вооружени Палестинци“.

 

The post Ал Џезира го обвини Израел за смртта на новинарката на Западниот Брег appeared first on Република.

]]>

Ал Џезира денеска го обвини Израел за смртта на новинарката која беше убиена додека известуваше за израелски напад на Западниот Брег. Како што е наведено, Ширин Абу Аклех, позната палестинска новинарка, била погодена со куршум во главата и набргу потоа починала. Уште еден палестински новинар кој работи за Ал Кудс со седиште во Ерусалим е ранет, но е во стабилна состојба. Катарската телевизија го обвини Израел и во соопштение објавено на својот канал ја повика меѓународната заедница „да ги осуди и да ги смета израелските окупаторски сили одговорни за намерното таргетирање и убиство на колешката Ширин Абу Аклех“. На видеото од инцидентот се гледа како Абу Аклех носи син заштитен елек на кој јасно пишува „ПРЕС“. Израелската армија соопшти дека нејзините сили биле цел на силен оган и експлозиви за време на операцијата во Џенин и дека возвратиле. Се додава и дека „армијата го истражува настанот и ја испитува можноста новинарите да биле погодени од вооружени Палестинци“.  

The post Ал Џезира го обвини Израел за смртта на новинарката на Западниот Брег appeared first on Република.

]]>