Обвинети Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/obvineti/ За подобро да се разбереме Fri, 08 Nov 2024 10:05:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Обвинети Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/obvineti/ 32 32 Три лица обвинети за смртта на Лијам Пејн https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/tri-litsa-obvineti-za-smrtta-na-lijam-pejn/ Fri, 08 Nov 2024 10:05:27 +0000 https://republika.mk/?p=835443

Аргентинските власти обвинија три лица во врска со смртта на пејачот Лијам Пејн, објави Обвинителството. Меѓу обвинетите се лице наводно блиско со Пејн, хотелски работник и осомничен дилер на дрога.

Пејачот почина на 16 октомври по пад од балкон на третиот кат на луксузен хотел во туристичката населба Палермо во Буенос Аирес. Неговото тело е пронајдено во внатрешниот двор на хотелот „Касасур“.

Алкохол, кокаин и антидепресиви на рецепт биле пронајдени во крвта на Пејн по неговата смрт, соопштија надлежните.

Подоцна полицијата извршила рација во одморалиштето. Запленети се предмети, како компјутерски хард-дискови и снимки од камерите на хотелот.

The post Три лица обвинети за смртта на Лијам Пејн appeared first on Република.

]]>

Аргентинските власти обвинија три лица во врска со смртта на пејачот Лијам Пејн, објави Обвинителството. Меѓу обвинетите се лице наводно блиско со Пејн, хотелски работник и осомничен дилер на дрога. Пејачот почина на 16 октомври по пад од балкон на третиот кат на луксузен хотел во туристичката населба Палермо во Буенос Аирес. Неговото тело е пронајдено во внатрешниот двор на хотелот „Касасур“. Алкохол, кокаин и антидепресиви на рецепт биле пронајдени во крвта на Пејн по неговата смрт, соопштија надлежните. Подоцна полицијата извршила рација во одморалиштето. Запленети се предмети, како компјутерски хард-дискови и снимки од камерите на хотелот.

The post Три лица обвинети за смртта на Лијам Пејн appeared first on Република.

]]>
Четворица косовски Срби обвинети за тероризам, поради напад врз изборна комисија во Северна Митровица https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/chetvoritsa-kosovski-srbi-obvineti-za-terorizam-poradi-napad-vrz-izborna-komisija-vo-severna-mitrovitsa/ Wed, 13 Dec 2023 17:53:48 +0000 https://republika.mk/?p=722668

Специјалното обвинителство на Косово подигна денеска обвинение против четири лица, осомничени дека во декември минатата година, во текот на локалните избори во Косово, фрлиле рачни гранати и шок-бомби врз канцеларијата на општинската изборна комисија во Северна Митровица, јави дописникот на МИА од Приштина.

Обвинетите, косовски Срби, идентификувани во соопштението на Обвинителството со иницијалите М.М., А.В., Д.П. и М.В., се товарат за кривичното дело тероризам, со оглед дека „сериозно го загрозиле животот на официјалните лица на ЦИК (Централната изборна комисија на Косово) и на припадниците на косовската полиција“.

– Со цел сериозно заплашување на населението, незаконско принудување на јавен орган, во случајов ЦИК, да ги оневозможи локалните избори, како и со цел да се дестабилизираат или уништат основните политички и уставни структури на Република Косово обвинетите, заедно со засега неидентификувани лица, извршиле терористички напад со фрлање две гранати и две шок-бомби во правец на гореспоменатата висока канцеларија, при што експлодирале една граната и две шок-бомби и е причинета значителна материјална штета и сериозно се загрозени животите на функционери на ЦИК и полицајци – се вели во соопштението.

Косовските медиуми објавија дека меѓу обвинетите се Милун Миленковиќ и Дејан Пантиќ, поранешни припадници на косовската полиција, кои и претходно беа апсени.

Пантиќ беше уапсен на почетокот на оваа година, како главен осомничен за нападот на канцелариите на ЦИК минатиот декември, додека неговото апсење предизвика тензии во северно Косово, населено со мнозинско српско население. Граѓаните таму поставија барикади на главните патишта кои водат до граничните премини со Србија, Јариње и Брњак.

Барикадите беа отстранети по неколку недели, но само откако судот му го замени на Пантиќ притворот со домашен притвор.

Милун Миленковиќ – Луне, кого косовските медиуми го опишуваат како „еден од водачите на нелегалната организација, поддржувана од Белград, ‘Цивилна заштита’ и организатор на нападите врз припадниците на КФОР и косовската полиција“ на протестите против градоначалниците Албанци во општините со мнозинско српско население, беше упасен во јуни годинава. Тој беше обвинет за тероризам, промена на уставниот поредок преку насилство и загрозување на лице под меѓународна заштита.

Апсењето на Миленковиќ предизвика дополнително влошување на односите меѓу Приштина и Белград, нови протести на косовските Срби и, генерално, зголемување на напнатоста во северно Косово.

 

The post Четворица косовски Срби обвинети за тероризам, поради напад врз изборна комисија во Северна Митровица appeared first on Република.

]]>

Специјалното обвинителство на Косово подигна денеска обвинение против четири лица, осомничени дека во декември минатата година, во текот на локалните избори во Косово, фрлиле рачни гранати и шок-бомби врз канцеларијата на општинската изборна комисија во Северна Митровица, јави дописникот на МИА од Приштина. Обвинетите, косовски Срби, идентификувани во соопштението на Обвинителството со иницијалите М.М., А.В., Д.П. и М.В., се товарат за кривичното дело тероризам, со оглед дека „сериозно го загрозиле животот на официјалните лица на ЦИК (Централната изборна комисија на Косово) и на припадниците на косовската полиција“. – Со цел сериозно заплашување на населението, незаконско принудување на јавен орган, во случајов ЦИК, да ги оневозможи локалните избори, како и со цел да се дестабилизираат или уништат основните политички и уставни структури на Република Косово обвинетите, заедно со засега неидентификувани лица, извршиле терористички напад со фрлање две гранати и две шок-бомби во правец на гореспоменатата висока канцеларија, при што експлодирале една граната и две шок-бомби и е причинета значителна материјална штета и сериозно се загрозени животите на функционери на ЦИК и полицајци – се вели во соопштението. Косовските медиуми објавија дека меѓу обвинетите се Милун Миленковиќ и Дејан Пантиќ, поранешни припадници на косовската полиција, кои и претходно беа апсени. Пантиќ беше уапсен на почетокот на оваа година, како главен осомничен за нападот на канцелариите на ЦИК минатиот декември, додека неговото апсење предизвика тензии во северно Косово, населено со мнозинско српско население. Граѓаните таму поставија барикади на главните патишта кои водат до граничните премини со Србија, Јариње и Брњак. Барикадите беа отстранети по неколку недели, но само откако судот му го замени на Пантиќ притворот со домашен притвор. Милун Миленковиќ – Луне, кого косовските медиуми го опишуваат како „еден од водачите на нелегалната организација, поддржувана од Белград, ‘Цивилна заштита’ и организатор на нападите врз припадниците на КФОР и косовската полиција“ на протестите против градоначалниците Албанци во општините со мнозинско српско население, беше упасен во јуни годинава. Тој беше обвинет за тероризам, промена на уставниот поредок преку насилство и загрозување на лице под меѓународна заштита. Апсењето на Миленковиќ предизвика дополнително влошување на односите меѓу Приштина и Белград, нови протести на косовските Срби и, генерално, зголемување на напнатоста во северно Косово.  

The post Четворица косовски Срби обвинети за тероризам, поради напад врз изборна комисија во Северна Митровица appeared first on Република.

]]>
Германски контраразузнавач и негов соработник, бизнисмен, се обвинети за шпионажа во корист на Русија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/germanski-kontrarazuznavach-i-negov-sorabotnik-biznismen-se-obvineti-za-shpionazha-vo-korist-na-rusija-2/ Fri, 08 Sep 2023 19:59:20 +0000 https://republika.mk/?p=680080

Вработен во германската контраразузнавачка служба и негов познаник се обвинети за предавство откако наводно и предале доверливи документи на Русија, соопшти денеска Обвинителството.

Разузнавачот „Карстен Л.“ беше уапсен во Берлин на 21 декември минатата година, а вториот осомничен, германскиот бизнисмен „Артур Е“, беше уапсен на аеродромот во Минхен на 22 јануари кога пристигна од САД.

Германската Федерална разузнавачка служба (БНД) во моментот на првото апсење соопшти дека ги вовела обвинителите во случајот веднаш откако внатрешната истрага ги потврдила сомневањата за предавство.

Федералните обвинители денеска соопштија дека во мај 2021 година, Карстен Л. се сретнал со Артур Е., кој бил во контакт со извесен руски бизнисмен поврзан со руската разузнавачка агенција ФСБ.

Тројцата, наводно, се сретнале во септември 2022 година и се согласиле да ги пренесат чувствителните информации од БНД на ФСБ.

Во два наврати, од средината на септември до почетокот на октомври минатата година, Карстен Л. добил девет документи поврзани со германскиот проект за собирање податоци од техничко разузнавање, кои ги отпечатил или фотографирал од својот компјутерски екран, се вели во соопштението на обвинителот.

Карстен Л потоа му го дал материјалот на Артур Е, кој ги фотографирал датотеките, ги однел дигитализираните податоци во Москва, ги испечатил и ги предал на ФСБ на состаноците со руски офицери.

Според нивните тврдења, Карстен Л. добил најмалку 450.000 евра од ФСБ, а Артур Е. најмалку 400.000 евра во кеш. Овие пари Артур Е. ги добил во Москва во ноември 2022 година. Карстен Л. потоа организирал Артур Е, кога пристигнал во Германија, да биде „прошверцуван“ покрај германските цариници, наводно од професионални причини, тврдат обвинителите.

Двајцата беа обвинети пред судот во Берлин за „заедничко извршување на особено тешко предавство“, соопштија обвинителите, додавајќи дека информацијата доставена до ФСБ е државна тајна.

The post Германски контраразузнавач и негов соработник, бизнисмен, се обвинети за шпионажа во корист на Русија appeared first on Република.

]]>

Вработен во германската контраразузнавачка служба и негов познаник се обвинети за предавство откако наводно и предале доверливи документи на Русија, соопшти денеска Обвинителството. Разузнавачот „Карстен Л.“ беше уапсен во Берлин на 21 декември минатата година, а вториот осомничен, германскиот бизнисмен „Артур Е“, беше уапсен на аеродромот во Минхен на 22 јануари кога пристигна од САД. Германската Федерална разузнавачка служба (БНД) во моментот на првото апсење соопшти дека ги вовела обвинителите во случајот веднаш откако внатрешната истрага ги потврдила сомневањата за предавство. Федералните обвинители денеска соопштија дека во мај 2021 година, Карстен Л. се сретнал со Артур Е., кој бил во контакт со извесен руски бизнисмен поврзан со руската разузнавачка агенција ФСБ. Тројцата, наводно, се сретнале во септември 2022 година и се согласиле да ги пренесат чувствителните информации од БНД на ФСБ. Во два наврати, од средината на септември до почетокот на октомври минатата година, Карстен Л. добил девет документи поврзани со германскиот проект за собирање податоци од техничко разузнавање, кои ги отпечатил или фотографирал од својот компјутерски екран, се вели во соопштението на обвинителот. Карстен Л потоа му го дал материјалот на Артур Е, кој ги фотографирал датотеките, ги однел дигитализираните податоци во Москва, ги испечатил и ги предал на ФСБ на состаноците со руски офицери. Според нивните тврдења, Карстен Л. добил најмалку 450.000 евра од ФСБ, а Артур Е. најмалку 400.000 евра во кеш. Овие пари Артур Е. ги добил во Москва во ноември 2022 година. Карстен Л. потоа организирал Артур Е, кога пристигнал во Германија, да биде „прошверцуван“ покрај германските цариници, наводно од професионални причини, тврдат обвинителите. Двајцата беа обвинети пред судот во Берлин за „заедничко извршување на особено тешко предавство“, соопштија обвинителите, додавајќи дека информацијата доставена до ФСБ е државна тајна.

The post Германски контраразузнавач и негов соработник, бизнисмен, се обвинети за шпионажа во корист на Русија appeared first on Република.

]]>
Три лица обвинети за трговија со дете и силување https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/tri-lica-obvineti-za-trgovija-so-dete-i-siluvanje/ Tue, 25 Jan 2022 19:29:14 +0000 https://republika.mk/?p=449402

По спроведената истражна постапка предметниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против три лица. Спроред дејствијата опишани во четири точки во Обвинителниот акт првообвинетиот сторил две кривични дела и тоа продолжено кривично дело – Родосквернавење и кривично дело Трговија со дете, второобвинетата сторила продолжено кривично дело Трговија со дете, а третообвинетиот сторил продолжено кривично дело Трговија со дете и кривично дело Силување.

Во временски период од четири години, првообвинетиот искористувајќи ист траен однос и исти прилики, во семејната куќа секојдневно вршел обљуба врз неговата малолетна ќерка. Во текот на месец март 2018 година злоупотребувајќи ја својата положба како татко, на интернет нашол маж од Косово и го продал девојчето заради склучување присилен брак. По два месеци девојчето дошло на гости кај нејзините родители, а првоосомничениот не ја вратил назад во Косово со оправдување дека било многу далеку и продолжил да врши обљуба врз неа. Во месец декември 2018 година, девојчето заедно со еден од нејзините браќа и второобвинетата – нивната мајка, избегале од семејната куќа и се упатиле во куќата на третоосомничениот.

Второобвинетата во тригодишен временски период искорисила ист траен однос и исти прилики и злоупотребувајќи ја својата положба како мајка на девојчето, со сила го подвела да врши полови дејствија за паричен надомест со третообвинетиот. Таа откако го запознала третообвинетиот со својата малолетна ќерка, употребувајќи физичка сила ја носела во неговата куќа и за паричен надомест од по 2.000,00 денари, а понекогаш и од по 500,00 денари му овозможила да врши полови дејствија со нејзината ќерка.

Третообвинетиот, искористувајќи исти прилики, за паричен надомест во тригодишен временски период во својата куќа користел сексуални услуги од дете кое не наполнило 14 години. Истиот во текот на месец декември 2018 година, со употреба на сила и закана дека непосредно ќе нападне врз неговиот живот, извршил и друго полово дејствие врз малолетниот брат на девојчето.

За кривичните дела што им се ставаат на товар запретени се високи казни затвор во траење од најмалку десет односно 12 години.

Со обвинителниот акт, предметниот обвинител му предложи на судот да ја продолжи мерката притвор спрема обвинетите, при што како клучен фактор при одлуката за продолжување на мерката притвор ќе треба да ги има предвид начинот и мотивот на извршување на кривичните дела, односно дека истите се сторени со директна умисла од страна на обвинетите, како и околноста што предметните кривични дела директно го кршат Протоколот кон Конвенцијата за правата на детото што се однесува на трговија со деца, детска проституција и детска порнографија (МД-44/03-95).​

The post Три лица обвинети за трговија со дете и силување appeared first on Република.

]]>

По спроведената истражна постапка предметниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против три лица. Спроред дејствијата опишани во четири точки во Обвинителниот акт првообвинетиот сторил две кривични дела и тоа продолжено кривично дело – Родосквернавење и кривично дело Трговија со дете, второобвинетата сторила продолжено кривично дело Трговија со дете, а третообвинетиот сторил продолжено кривично дело Трговија со дете и кривично дело Силување. Во временски период од четири години, првообвинетиот искористувајќи ист траен однос и исти прилики, во семејната куќа секојдневно вршел обљуба врз неговата малолетна ќерка. Во текот на месец март 2018 година злоупотребувајќи ја својата положба како татко, на интернет нашол маж од Косово и го продал девојчето заради склучување присилен брак. По два месеци девојчето дошло на гости кај нејзините родители, а првоосомничениот не ја вратил назад во Косово со оправдување дека било многу далеку и продолжил да врши обљуба врз неа. Во месец декември 2018 година, девојчето заедно со еден од нејзините браќа и второобвинетата – нивната мајка, избегале од семејната куќа и се упатиле во куќата на третоосомничениот. Второобвинетата во тригодишен временски период искорисила ист траен однос и исти прилики и злоупотребувајќи ја својата положба како мајка на девојчето, со сила го подвела да врши полови дејствија за паричен надомест со третообвинетиот. Таа откако го запознала третообвинетиот со својата малолетна ќерка, употребувајќи физичка сила ја носела во неговата куќа и за паричен надомест од по 2.000,00 денари, а понекогаш и од по 500,00 денари му овозможила да врши полови дејствија со нејзината ќерка. Третообвинетиот, искористувајќи исти прилики, за паричен надомест во тригодишен временски период во својата куќа користел сексуални услуги од дете кое не наполнило 14 години. Истиот во текот на месец декември 2018 година, со употреба на сила и закана дека непосредно ќе нападне врз неговиот живот, извршил и друго полово дејствие врз малолетниот брат на девојчето. За кривичните дела што им се ставаат на товар запретени се високи казни затвор во траење од најмалку десет односно 12 години. Со обвинителниот акт, предметниот обвинител му предложи на судот да ја продолжи мерката притвор спрема обвинетите, при што како клучен фактор при одлуката за продолжување на мерката притвор ќе треба да ги има предвид начинот и мотивот на извршување на кривичните дела, односно дека истите се сторени со директна умисла од страна на обвинетите, како и околноста што предметните кривични дела директно го кршат Протоколот кон Конвенцијата за правата на детото што се однесува на трговија со деца, детска проституција и детска порнографија (МД-44/03-95).​

The post Три лица обвинети за трговија со дете и силување appeared first on Република.

]]>