обвинет Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/obvinet/ За подобро да се разбереме Sun, 09 Jun 2024 08:41:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png обвинет Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/obvinet/ 32 32 Познат бизнисмен обвинет за сексуален напад и силување https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/poznat-biznismen-obvinet-za-seksualen-napad-i-siluvane/ Sun, 09 Jun 2024 08:41:18 +0000 https://republika.mk/?p=785857

Канадскиот милијардер Френк Стронах (91) е уапсен под обвинение за пет кривични дела, вклучувајќи силување и сексуален напад, соопшти канадската полиција.

Стронах бил обвинет од неколку лица за овие злосторства, но не е прецизирано колку, а условно бил ослободен од притвор со обврска да се појави пред судот во Брамптон, Онтарио, додаде полицијата, пренесува АП.

Бидејќи се работи за случај од висок профил и поради тоа што полицијата има обврска да ги заштити жртвите, не се соопштуваат дополнителни детали, соопшти полицијата.

The post Познат бизнисмен обвинет за сексуален напад и силување appeared first on Република.

]]>

Канадскиот милијардер Френк Стронах (91) е уапсен под обвинение за пет кривични дела, вклучувајќи силување и сексуален напад, соопшти канадската полиција. Стронах бил обвинет од неколку лица за овие злосторства, но не е прецизирано колку, а условно бил ослободен од притвор со обврска да се појави пред судот во Брамптон, Онтарио, додаде полицијата, пренесува АП. Бидејќи се работи за случај од висок профил и поради тоа што полицијата има обврска да ги заштити жртвите, не се соопштуваат дополнителни детали, соопшти полицијата.

The post Познат бизнисмен обвинет за сексуален напад и силување appeared first on Република.

]]>
НБА играч обвинет за убиство на 23-годишна девојка https://arhiva3.republika.mk/sport/kosarka/nba-igrach-obvinet-za-ubistvo-na-23-godishna-devojka/ Mon, 18 Dec 2023 10:30:36 +0000 https://republika.mk/?p=724255

Американскиот кошаркар Ченс Коменчи е осомничен за убиство во близина на Лас Вегас.

Полицијата го испрашала 27-годишниот центар и неговата 19-годишна девојка Сакари Харнден, откако во пустината кај Лас Вегас е пронајдено телото на 23-годишната Маријана Роџерс, која исчезна на 6 декември.

Според американските медиуми, тој бил уапсен од агенти на ФБИ бидејќи се верува дека ја киднапирал споменатата девојка по потекло од Вашингтон.

Роџерс последен пат била видена во Лас Вегас каде што била на гости кај пријатели и имала договорено да се сретне со Харнден.

Судијата одреди кауција на Харнден од 500.000 долари додека Коначи во вторник, на 19 декември ќе биде сослушан.

Коменчи минатата сезона одигра еден натпревар во НБА за Портланд Трејл Блејзерс каде постигна седум поени против Голден стејт Вориорс.

Сезонава играше во развојната „Џи лига“, во филијалата на Сакраменто Кингс во Стоктон, за која имаше просек од 14 поени со седум скока.

Интересно е што во 2018 година Коменчи беше на проба во Партизан, но тогашниот тренер Ненад Чанак процени дека физички не е подготвен да му се приклучи на тимот.

 

The post НБА играч обвинет за убиство на 23-годишна девојка appeared first on Република.

]]>

Американскиот кошаркар Ченс Коменчи е осомничен за убиство во близина на Лас Вегас. Полицијата го испрашала 27-годишниот центар и неговата 19-годишна девојка Сакари Харнден, откако во пустината кај Лас Вегас е пронајдено телото на 23-годишната Маријана Роџерс, која исчезна на 6 декември. Според американските медиуми, тој бил уапсен од агенти на ФБИ бидејќи се верува дека ја киднапирал споменатата девојка по потекло од Вашингтон. Роџерс последен пат била видена во Лас Вегас каде што била на гости кај пријатели и имала договорено да се сретне со Харнден. Судијата одреди кауција на Харнден од 500.000 долари додека Коначи во вторник, на 19 декември ќе биде сослушан. Коменчи минатата сезона одигра еден натпревар во НБА за Портланд Трејл Блејзерс каде постигна седум поени против Голден стејт Вориорс. Сезонава играше во развојната „Џи лига“, во филијалата на Сакраменто Кингс во Стоктон, за која имаше просек од 14 поени со седум скока. Интересно е што во 2018 година Коменчи беше на проба во Партизан, но тогашниот тренер Ненад Чанак процени дека физички не е подготвен да му се приклучи на тимот.  

The post НБА играч обвинет за убиство на 23-годишна девојка appeared first on Република.

]]>
Еден од обвинетите за убиството на Ѓинѓиќ по 20 години излегува од затвор https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/eden-od-obvinetite-za-ubistvoto-na-gingik-po-20-godini-izleguva-od-zatvor/ Tue, 07 Mar 2023 11:07:08 +0000 https://republika.mk/?p=616814

Поранешниот член на Земунскиот клан, Душан Крсмановиќ, еден од обвинетите за убиството на српскиот премиер Зоран Ѓинѓиќ во 2003 година, излегува на слобода по 20 години затвор, јави денеска телевизијата Н1.

Крсмановиќ е уапсен во акцијата „Сабја“, со првостепената пресуда беше осуден на 30 години затвор, но со одлука на Апелациониот суд казната му беше намалена на 20 години.

Тој во 2008 година ја призна вината во жалба во која бараше помала казна, а пред него беа ослободени поранешните припадници на Единицата за специјални операции Саша Пејаковиќ и Жељко Тојага.

Зоран Ѓинѓиќ беше убиен на 12 март 2003 година во дворот на зградата на Владата на Србија, а за неговото убиство офицерот на Единицата за специјални операции (ЕСО) на Одделот за државна безбедност, Ѕвездан Јовановиќ и командантот на ЈСО, Милорад. Улемек, беа осудени на 40 години затвор за организирање на атентатот.

The post Еден од обвинетите за убиството на Ѓинѓиќ по 20 години излегува од затвор appeared first on Република.

]]>

Поранешниот член на Земунскиот клан, Душан Крсмановиќ, еден од обвинетите за убиството на српскиот премиер Зоран Ѓинѓиќ во 2003 година, излегува на слобода по 20 години затвор, јави денеска телевизијата Н1. Крсмановиќ е уапсен во акцијата „Сабја“, со првостепената пресуда беше осуден на 30 години затвор, но со одлука на Апелациониот суд казната му беше намалена на 20 години. Тој во 2008 година ја призна вината во жалба во која бараше помала казна, а пред него беа ослободени поранешните припадници на Единицата за специјални операции Саша Пејаковиќ и Жељко Тојага. Зоран Ѓинѓиќ беше убиен на 12 март 2003 година во дворот на зградата на Владата на Србија, а за неговото убиство офицерот на Единицата за специјални операции (ЕСО) на Одделот за државна безбедност, Ѕвездан Јовановиќ и командантот на ЈСО, Милорад. Улемек, беа осудени на 40 години затвор за организирање на атентатот.

The post Еден од обвинетите за убиството на Ѓинѓиќ по 20 години излегува од затвор appeared first on Република.

]]>
Алек Болдвин обвинет за убиство https://arhiva3.republika.mk/scena/film/alek-boldvin-obvinet-za-ubistvo/ Fri, 20 Jan 2023 08:16:15 +0000 https://republika.mk/?p=598913

Обвинителката на Ново Мексико во четвртокот го обвини актерот Алек Болдвин за убиство на кинематографката Халин Хачинс за време на снимањето на вестерн-филмот „Rust“.

Окружната обвинителка Мери Кармак-Алтвис објави обвиненија за убиство од небрежност против Болдвин и оружарката од филмот по повеќе од една година истрага за пукањето во октомври 2021 година на филмскиот сет недалеку од Санта Фе.

Помошникот директор Дејвид Холс потпиша спогодба за признавање на обвинението за несовесна употреба на смртоносно оружје, соопштија обвинителите.

По темелно разгледување на доказите и законите на државата Ново Мексико, утврдив дека има доволно докази за поднесување кривична пријава против Алек Болдвин и остатокот од актерската екипа на „Rust“, рече Кармак-Алтвис.

Според законот на Ново Мексико, убиството од небрежност е кривично дело од четврти степен и се казнува со затвор до 18 месеци и парична казна од 5.000 долари.

Хачинс беше убиена кога од пиштол со кој вежбал Болдвин за време на снимањето во Ново Мексико беше истрелан вистински куршум кој ги погодил неа и режисерот Џоел Соуза, кој преживеа.

Канцеларијата на шерифот се фокусирала на тоа како вистинските куршуми се нашле на филмскиот сет и како огненото оружје било наполнето со нив.

Болдвин ја негираше одговорноста за смртта на камерманката и рече дека никогаш не требало да се дозволат вистински куршуми на филмскиот сет. Болдвин рече дека му било кажано дека пиштолот е „ладен“, термин што значи дека е безбеден за употреба.

Администрацијата за безбедност и здравје при работа во Њу Мексико ја казни компанијата за филмска продукција со максимален можен износ во април за, како што рече, „намерни“ безбедносни пропусти што доведоа до смрт на Хачинс.

Агенцијата откри дека „Rust Move Productions LLC“ знаела дека не се почитуваат безбедносните процедури за огнено оружје и покажала „чиста рамнодушност“ кон опасностите.

The post Алек Болдвин обвинет за убиство appeared first on Република.

]]>

Обвинителката на Ново Мексико во четвртокот го обвини актерот Алек Болдвин за убиство на кинематографката Халин Хачинс за време на снимањето на вестерн-филмот „Rust“. Окружната обвинителка Мери Кармак-Алтвис објави обвиненија за убиство од небрежност против Болдвин и оружарката од филмот по повеќе од една година истрага за пукањето во октомври 2021 година на филмскиот сет недалеку од Санта Фе. Помошникот директор Дејвид Холс потпиша спогодба за признавање на обвинението за несовесна употреба на смртоносно оружје, соопштија обвинителите.
По темелно разгледување на доказите и законите на државата Ново Мексико, утврдив дека има доволно докази за поднесување кривична пријава против Алек Болдвин и остатокот од актерската екипа на „Rust“, рече Кармак-Алтвис.
Според законот на Ново Мексико, убиството од небрежност е кривично дело од четврти степен и се казнува со затвор до 18 месеци и парична казна од 5.000 долари. Хачинс беше убиена кога од пиштол со кој вежбал Болдвин за време на снимањето во Ново Мексико беше истрелан вистински куршум кој ги погодил неа и режисерот Џоел Соуза, кој преживеа. Канцеларијата на шерифот се фокусирала на тоа како вистинските куршуми се нашле на филмскиот сет и како огненото оружје било наполнето со нив. Болдвин ја негираше одговорноста за смртта на камерманката и рече дека никогаш не требало да се дозволат вистински куршуми на филмскиот сет. Болдвин рече дека му било кажано дека пиштолот е „ладен“, термин што значи дека е безбеден за употреба. Администрацијата за безбедност и здравје при работа во Њу Мексико ја казни компанијата за филмска продукција со максимален можен износ во април за, како што рече, „намерни“ безбедносни пропусти што доведоа до смрт на Хачинс. Агенцијата откри дека „Rust Move Productions LLC“ знаела дека не се почитуваат безбедносните процедури за огнено оружје и покажала „чиста рамнодушност“ кон опасностите.

The post Алек Болдвин обвинет за убиство appeared first on Република.

]]>
Славниот актери Чарли Шин е обвинет дека силувал момче и тоа сред бел ден https://arhiva3.republika.mk/scena/estrada/slavniot-akteri-charli-shin-e-obvinet-deka-siluval-momche-i-toa-sred-bel-den/ Tue, 22 Nov 2022 10:05:13 +0000 https://republika.mk/?p=576848

Нов скандал го потресе Холивуд! Имено, Кори Фелдман јавно изнел страшни обвинувања на сметка на Чарли Шин. Истакнал дека актерот го силувал Кори Хејм на снимањето на филмот „Лукас“ од 1986 година. Меѓутоа, Шин веднаш остро ги демантирал овие шокантни тврдења.

Според медиумите, Шин бил обвинет за силувањето на тогаш 13-годишниот Хејм на снимањето на култниот филм во новиот документарец на Фелдман „Мојата вистина: Силувањето на двајцата Кори“.

„Чарли ме наведна помеѓу две приколки, стави масло на мојот задник и ме силуваше среде бел ден. Секој можеше да помине, секој можеше да го види тоа“, истакнал Фелдман.

Неговата поранешна партнерка Сузана Спраг исто така ги потврдила овие тврдења. Од друга страна, Чарли рекол:

„Овие болни, изопачени и необични обвинувања никогаш не се случиле. Се надевам дека луѓето ќе го земат предвид тоа што мајката на Хејм, Џуди, имаше да го каже“, нагласил тој.

Првите обвинувања за овој одвратен чин се случиле пред пет години, а ги открил Доминик Браш. Тогаш, токму Џуди го одбранила Чарли од обвинувањата.

 

The post Славниот актери Чарли Шин е обвинет дека силувал момче и тоа сред бел ден appeared first on Република.

]]>

Нов скандал го потресе Холивуд! Имено, Кори Фелдман јавно изнел страшни обвинувања на сметка на Чарли Шин. Истакнал дека актерот го силувал Кори Хејм на снимањето на филмот „Лукас“ од 1986 година. Меѓутоа, Шин веднаш остро ги демантирал овие шокантни тврдења. Според медиумите, Шин бил обвинет за силувањето на тогаш 13-годишниот Хејм на снимањето на култниот филм во новиот документарец на Фелдман „Мојата вистина: Силувањето на двајцата Кори“. „Чарли ме наведна помеѓу две приколки, стави масло на мојот задник и ме силуваше среде бел ден. Секој можеше да помине, секој можеше да го види тоа“, истакнал Фелдман. Неговата поранешна партнерка Сузана Спраг исто така ги потврдила овие тврдења. Од друга страна, Чарли рекол: „Овие болни, изопачени и необични обвинувања никогаш не се случиле. Се надевам дека луѓето ќе го земат предвид тоа што мајката на Хејм, Џуди, имаше да го каже“, нагласил тој. Првите обвинувања за овој одвратен чин се случиле пред пет години, а ги открил Доминик Браш. Тогаш, токму Џуди го одбранила Чарли од обвинувањата.  

The post Славниот актери Чарли Шин е обвинет дека силувал момче и тоа сред бел ден appeared first on Република.

]]>
Рочиште за нападот на Капитол: Трамп обвинет за обид за државен удар https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/rochishte-za-napadot-na-kapitol-tramp-obvinet-za-obid-za-drzaven-udar/ Fri, 10 Jun 2022 08:11:44 +0000 https://republika.mk/?p=513435

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп го организираше минатогодишното востание во Капитол, јавува Би-Би-Си, според тврдењата на конгресните истражители за време на сослушувањето за нападот на Капитол, кое беше јавно емитувано на американската телевизија.

Лиз Чејни, републиканскиот потпретседател на Комитетот, рече дека Трамп го запалил фитилот на нападот, а Бени Томпсон, демократ, рече дека бунтот ја загрозува американската демократија.

Томпсон, претседател на комитетот и советник во Мисисипи, рече на сослушувањето:

– 6 јануари беше кулминација, тоа беше обид за државен удар, дрзок обид, како што кажа некој веднаш по 6 јануари, за рушење на власта. Насилството не било случајно. Тоа беше последниот обид на Трамп.

– Претседателот Трамп ја повика толпата, се собра и го запали фитилот на овој напад – рече Циниј.

По речиси една година истрага, Изборниот комитет на Претставничкиот дом на САД, предводен од демократите, се отвори со прикажување извадоци од интервјуа што тој ги водел со луѓе блиски до Трамп.

Беше емитувана снимка од сведочењето на поранешниот американски државен обвинител Бил Бар, кој вели дека тврдењата на поранешниот претседател дека изборите биле украдени се неосновани.

„Не можеме да живееме во свет во кој сегашната администрација останува на власт врз основа на нејзината позиција, непотврдена со конкретни докази, дека имало изборна измама“, рече поранешниот јавен обвинител.

На сослушувањето беше прикажано и видео од сведочењето на Иванка Трамп, ќерката на поранешниот претседател, која рече дека го прифаќа отфрлањето на теоријата на заговор на нејзиниот татко од страна на Бар.

Трамп ја отфрли истрагата и испрашувањето, нарекувајќи се како политичка измама.

Во следните две недели се очекуваат уште пет рочишта.

На денот на нападот загинаа четири лица. По инцидентот четворица полицајци се самоубија, а во нападот беа повредени над 100,пренесуваат американските медиуми.

 

The post Рочиште за нападот на Капитол: Трамп обвинет за обид за државен удар appeared first on Република.

]]>

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп го организираше минатогодишното востание во Капитол, јавува Би-Би-Си, според тврдењата на конгресните истражители за време на сослушувањето за нападот на Капитол, кое беше јавно емитувано на американската телевизија. Лиз Чејни, републиканскиот потпретседател на Комитетот, рече дека Трамп го запалил фитилот на нападот, а Бени Томпсон, демократ, рече дека бунтот ја загрозува американската демократија. Томпсон, претседател на комитетот и советник во Мисисипи, рече на сослушувањето: – 6 јануари беше кулминација, тоа беше обид за државен удар, дрзок обид, како што кажа некој веднаш по 6 јануари, за рушење на власта. Насилството не било случајно. Тоа беше последниот обид на Трамп. – Претседателот Трамп ја повика толпата, се собра и го запали фитилот на овој напад – рече Циниј. По речиси една година истрага, Изборниот комитет на Претставничкиот дом на САД, предводен од демократите, се отвори со прикажување извадоци од интервјуа што тој ги водел со луѓе блиски до Трамп. Беше емитувана снимка од сведочењето на поранешниот американски државен обвинител Бил Бар, кој вели дека тврдењата на поранешниот претседател дека изборите биле украдени се неосновани. „Не можеме да живееме во свет во кој сегашната администрација останува на власт врз основа на нејзината позиција, непотврдена со конкретни докази, дека имало изборна измама“, рече поранешниот јавен обвинител. На сослушувањето беше прикажано и видео од сведочењето на Иванка Трамп, ќерката на поранешниот претседател, која рече дека го прифаќа отфрлањето на теоријата на заговор на нејзиниот татко од страна на Бар. Трамп ја отфрли истрагата и испрашувањето, нарекувајќи се како политичка измама. Во следните две недели се очекуваат уште пет рочишта. На денот на нападот загинаа четири лица. По инцидентот четворица полицајци се самоубија, а во нападот беа повредени над 100,пренесуваат американските медиуми.  

The post Рочиште за нападот на Капитол: Трамп обвинет за обид за државен удар appeared first on Република.

]]>
Флорин Бесими ќе биде еден од обвинетите за пожарот во тетовската модуларна болница https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/florin-besimi-kje-bide-eden-od-obvinetite-za-pozarot-vo-tetovskata-modularna-bolnica/ Mon, 16 May 2022 14:20:08 +0000 https://republika.mk/?p=502975

Поранешниот директор на Клиничката болница во Тетово, Флорин Бесими, ќе биде еден од обвинетите за минатогодишниот пожар во модуларната ковид-болница во кој загинаа 14 лица, објави А1он.

Извори од тетовското јавно обвинителство тврдат дела истрагата покажала дека има одговорност за пожарот во модуларната болница. Освен Бесими одговорност ќе се бара и од други две физички лица, кои исто така, имале раководни позиции.

Одговорноста се темели на хиерархиската поставеност, односно обврската функционерите да водат грижа за воспоставување на правилата и нивно почитување во болницата.

Според извештајот на обвинителството, пожарот настанал по спој на струја во продолжен кабел, на кој бил приклучен дефибрилатор со кој се реанимирал пациент.

Д-р Флорин Бесими поднесе оставка два дена по пожарот во ковид центарот во кој загинаа 14 лица, од кои 12 пациенти и двајца роднини.

Д-р Бесими беше 11 години вршител на должноста директор на Тетовската болница. Според Законот за здравствена заштита, в. д. директор може да биде на функција најмногу до 6 месеци, а Управниот одбор на болницата е должен да распише оглас за избор на директор, кого по препорака на Здравствениот совет го именува министерот за здравство. За функцијата директор на јавна здравствена установа мора да се се исполнат одредени критериуми. Болницата во Тетово како клиничка болница и регионален центар поврзан со Медицинскиот факултет во Тетово е од највисок ранг во системот на јавното здравство.

The post Флорин Бесими ќе биде еден од обвинетите за пожарот во тетовската модуларна болница appeared first on Република.

]]>

Поранешниот директор на Клиничката болница во Тетово, Флорин Бесими, ќе биде еден од обвинетите за минатогодишниот пожар во модуларната ковид-болница во кој загинаа 14 лица, објави А1он. Извори од тетовското јавно обвинителство тврдат дела истрагата покажала дека има одговорност за пожарот во модуларната болница. Освен Бесими одговорност ќе се бара и од други две физички лица, кои исто така, имале раководни позиции. Одговорноста се темели на хиерархиската поставеност, односно обврската функционерите да водат грижа за воспоставување на правилата и нивно почитување во болницата. Според извештајот на обвинителството, пожарот настанал по спој на струја во продолжен кабел, на кој бил приклучен дефибрилатор со кој се реанимирал пациент. Д-р Флорин Бесими поднесе оставка два дена по пожарот во ковид центарот во кој загинаа 14 лица, од кои 12 пациенти и двајца роднини. Д-р Бесими беше 11 години вршител на должноста директор на Тетовската болница. Според Законот за здравствена заштита, в. д. директор може да биде на функција најмногу до 6 месеци, а Управниот одбор на болницата е должен да распише оглас за избор на директор, кого по препорака на Здравствениот совет го именува министерот за здравство. За функцијата директор на јавна здравствена установа мора да се се исполнат одредени критериуми. Болницата во Тетово како клиничка болница и регионален центар поврзан со Медицинскиот факултет во Тетово е од највисок ранг во системот на јавното здравство.

The post Флорин Бесими ќе биде еден од обвинетите за пожарот во тетовската модуларна болница appeared first on Република.

]]>