обвиненија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/obvinenija/ За подобро да се разбереме Tue, 13 Jun 2023 12:17:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png обвиненија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/obvinenija/ 32 32 Нови обвинувања против Себастијан Курц за корупција https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/novi-obvinuvana-protiv-sebastijan-kurts-za-koruptsija/ Tue, 13 Jun 2023 12:17:27 +0000 https://republika.mk/?p=650868

Поранешниот австриски канцелар Себастијан Курц се соочува со нова серија обвиненија за корупција, пренесува сајтот Еуроактив.

Новите обвинување се дел од актуелната истрага на австрискиот специјален обвинител поврзани со корупција и поткуп што веќе подолг период се водат против Курц.

Курц, кој во два наврати беше канцелар на Австрија, моментално е под истрага на Обвинителството за економски прашања и корупција за наводно поткупување на различни медиуми за да добие поволно известување во замена за промена на законот.

Сега обвинителството го истражува Фондот за австриски интеграции, поради незаконско користење на буџетот за маркетинг на јавната институција, со намера да ја унапреди политичката агенда на Курц, јави магазинот „Профил“.

Портпаролот на поранешниот австриски канцелар изјави дека станува збор за „измислени обвинувања кои немаат основа“.

Курц поднесе оставка од канцеларската функција откако во октомври 2021 година почна истрагата на обвинителството.

Обвинувањата датираат од 2016 година, кога тој се уште беше министер за надворешни работи.

Според обвинителството, Министерството за финансии користело и даночни пари за да плати за анкетите што го прикажувале Курц во позитивно светло.

Ова е една од неколкуте истраги за корупција што ја погодија Австрија во последниве години, почнувајќи од аферата Ибица што доведе до пад на владата во 2019 година.

Како резултат на овие афери, Австрија продолжи да паѓа на индексот на корупција на Транспаренси интернешнал за 2022 година и се наоѓа под 20 место на листата на најмалку корумпирани земји, со најлош резултат од 2014 година, покажува бриселскиот портал Еуроактив.

The post Нови обвинувања против Себастијан Курц за корупција appeared first on Република.

]]>

Поранешниот австриски канцелар Себастијан Курц се соочува со нова серија обвиненија за корупција, пренесува сајтот Еуроактив. Новите обвинување се дел од актуелната истрага на австрискиот специјален обвинител поврзани со корупција и поткуп што веќе подолг период се водат против Курц. Курц, кој во два наврати беше канцелар на Австрија, моментално е под истрага на Обвинителството за економски прашања и корупција за наводно поткупување на различни медиуми за да добие поволно известување во замена за промена на законот. Сега обвинителството го истражува Фондот за австриски интеграции, поради незаконско користење на буџетот за маркетинг на јавната институција, со намера да ја унапреди политичката агенда на Курц, јави магазинот „Профил“. Портпаролот на поранешниот австриски канцелар изјави дека станува збор за „измислени обвинувања кои немаат основа“. Курц поднесе оставка од канцеларската функција откако во октомври 2021 година почна истрагата на обвинителството. Обвинувањата датираат од 2016 година, кога тој се уште беше министер за надворешни работи. Според обвинителството, Министерството за финансии користело и даночни пари за да плати за анкетите што го прикажувале Курц во позитивно светло. Ова е една од неколкуте истраги за корупција што ја погодија Австрија во последниве години, почнувајќи од аферата Ибица што доведе до пад на владата во 2019 година. Како резултат на овие афери, Австрија продолжи да паѓа на индексот на корупција на Транспаренси интернешнал за 2022 година и се наоѓа под 20 место на листата на најмалку корумпирани земји, со најлош резултат од 2014 година, покажува бриселскиот портал Еуроактив.

The post Нови обвинувања против Себастијан Курц за корупција appeared first on Република.

]]>
Oбвиненија против 12 лица за инцидентите на протестите https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/obvinenija-protiv-12-lica-za-incidentite-na-protestite/ Tue, 12 Jul 2022 12:23:52 +0000 https://republika.mk/?p=527544

Основното јавно обвинителство Скопје, по спроведената претходна постапка, денеска до надлежниот Суд поднесе обвинителни предлози против вкупно 12 лица за учество во инцидентите за време на протестите во Скопје против францускиот предлог за отпочнување преговори со Европската унија, од кои девет се обвинети за кривично дело „учество во толпа“, а три лица се гонат за „предизвикување општа опасност“.

За седум од обвинетите, Судот во текот на претходна постапка определи мерка куќен притвор, додека за петмина беше определена мерка притвор. Со цел да се обезбеди присуството на обвинетите во текот на постапката, надлежните јавни обвинители денеска до Судот доставија и предлози за продолжување на вака определените мерки.​

Како што информира ЈО, за време на јавен собир на граѓани, на 5 и 6 јули, деветмина обвинети учествувале во толпата што изврши кривично дело „насилство“ пред Собранието.

Тие со камења, бекатон плочки, железни предмети, сообраќајни знаци, корпи за отпадоци и пиротехнички средства фрлале кон полициските службеници распоредени во полициски кордон за заштита на зградата на Собранието. Притоа, на еден полициски службеник му била нанесена тешка телесна повреда, а 26 полицајци се здобиле со телесни повреди. Обвинетите причиниле штета на Собранието во вкупен износ од 576.665 денари, оштетиле полициска опрема и едно полициско возило „Шкода Јети“, соопшти ЈО.

Обвинителен предлог е поднесен и против двајца скопјани, на возраст од 18 и 26 години, кои, посочуваат од ЈО, со општо опасно дејствие предизвикале значителна опасност за животот и телото на луѓето на место каде што биле собрани поголем број луѓе.

Едниот обвинет подготвил „молотов коктел“, ставајќи бензин и парче ткаенина во стаклено шише, по што општо опасното средство го подал на другиот обвинет кој го фрлил кон поставениот кордон од полициски службеници, прецизира ЈО.

За предизвикување општа опасност се гони 40-годишен скопјанец, кој на 6 јули, на платото пред плоштадот „Скендербег“, со општо опасно средство – пиштол марка Волтер модел Р 99 со калибар 9х19 мм, кој го поседувал со дозвола, предизвикал значителна опасност за животот или телото на луѓето.

За време на движењето на групата граѓани кои учествувале на јавниот собир, обвинетиот во два наврати испукал по два куршума во воздух, посочуваат од ЈО.

The post Oбвиненија против 12 лица за инцидентите на протестите appeared first on Република.

]]>

Основното јавно обвинителство Скопје, по спроведената претходна постапка, денеска до надлежниот Суд поднесе обвинителни предлози против вкупно 12 лица за учество во инцидентите за време на протестите во Скопје против францускиот предлог за отпочнување преговори со Европската унија, од кои девет се обвинети за кривично дело „учество во толпа“, а три лица се гонат за „предизвикување општа опасност“. За седум од обвинетите, Судот во текот на претходна постапка определи мерка куќен притвор, додека за петмина беше определена мерка притвор. Со цел да се обезбеди присуството на обвинетите во текот на постапката, надлежните јавни обвинители денеска до Судот доставија и предлози за продолжување на вака определените мерки.​ Како што информира ЈО, за време на јавен собир на граѓани, на 5 и 6 јули, деветмина обвинети учествувале во толпата што изврши кривично дело „насилство“ пред Собранието.
Тие со камења, бекатон плочки, железни предмети, сообраќајни знаци, корпи за отпадоци и пиротехнички средства фрлале кон полициските службеници распоредени во полициски кордон за заштита на зградата на Собранието. Притоа, на еден полициски службеник му била нанесена тешка телесна повреда, а 26 полицајци се здобиле со телесни повреди. Обвинетите причиниле штета на Собранието во вкупен износ од 576.665 денари, оштетиле полициска опрема и едно полициско возило „Шкода Јети“, соопшти ЈО.
Обвинителен предлог е поднесен и против двајца скопјани, на возраст од 18 и 26 години, кои, посочуваат од ЈО, со општо опасно дејствие предизвикале значителна опасност за животот и телото на луѓето на место каде што биле собрани поголем број луѓе.
Едниот обвинет подготвил „молотов коктел“, ставајќи бензин и парче ткаенина во стаклено шише, по што општо опасното средство го подал на другиот обвинет кој го фрлил кон поставениот кордон од полициски службеници, прецизира ЈО.
За предизвикување општа опасност се гони 40-годишен скопјанец, кој на 6 јули, на платото пред плоштадот „Скендербег“, со општо опасно средство – пиштол марка Волтер модел Р 99 со калибар 9х19 мм, кој го поседувал со дозвола, предизвикал значителна опасност за животот или телото на луѓето.
За време на движењето на групата граѓани кои учествувале на јавниот собир, обвинетиот во два наврати испукал по два куршума во воздух, посочуваат од ЈО.

The post Oбвиненија против 12 лица за инцидентите на протестите appeared first on Република.

]]>
Уапсен лидерот на американската крајна десница, обвинувањата се тешки https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/uapsen-liderot-na-amerikanskata-krajna-desnica-obvinuvanjata-se-teshki/ Fri, 14 Jan 2022 08:56:30 +0000 https://republika.mk/?p=444449

Стјуарт Роудс, харизматичниот водач и основач на Чувари на заветот, една од главните организации на американската крајна десница, беше уапсен во четвртокот под обвинение за учество во бунтот и насилната инвазија на Капитол на 6 јануари 2021 година.

Ова е најтешката точка од досегашното обвинение против сторителот на еден од најдраматичните немири во американската историја, бидејќи за прв пат по повеќе од 200 години директно беше нападната зградата на Конгресот.

Немирите дојдоа во време кога пратениците требаше да ја потврдат победата на Џо Бајден на претседателските избори, па многу од нив останаа заробени во познатата зграда на Капитол Хил во Вашингтон, оставени на милост и немилост на разбеснетите маси.

Роудс (56) е обвинет за „бунт“ заедно со уште десет членови на „Чувари на заветот“. Деветмина од нив веќе се приведени и чекаат гонење за „злосторничко здружување“ за попречување на службениот процес и за насилство. Обвинението за „бунт“, кое ретко се користи и се казнува со 20 години затвор, е уште построго. Тоа вклучува заговор против владата или нејзините закони, кои имаат поголема политичка моќ.

The post Уапсен лидерот на американската крајна десница, обвинувањата се тешки appeared first on Република.

]]>

Стјуарт Роудс, харизматичниот водач и основач на Чувари на заветот, една од главните организации на американската крајна десница, беше уапсен во четвртокот под обвинение за учество во бунтот и насилната инвазија на Капитол на 6 јануари 2021 година. Ова е најтешката точка од досегашното обвинение против сторителот на еден од најдраматичните немири во американската историја, бидејќи за прв пат по повеќе од 200 години директно беше нападната зградата на Конгресот. Немирите дојдоа во време кога пратениците требаше да ја потврдат победата на Џо Бајден на претседателските избори, па многу од нив останаа заробени во познатата зграда на Капитол Хил во Вашингтон, оставени на милост и немилост на разбеснетите маси. Роудс (56) е обвинет за „бунт“ заедно со уште десет членови на „Чувари на заветот“. Деветмина од нив веќе се приведени и чекаат гонење за „злосторничко здружување“ за попречување на службениот процес и за насилство. Обвинението за „бунт“, кое ретко се користи и се казнува со 20 години затвор, е уште построго. Тоа вклучува заговор против владата или нејзините закони, кои имаат поголема политичка моќ.

The post Уапсен лидерот на американската крајна десница, обвинувањата се тешки appeared first on Република.

]]>