обвинение Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/obvinenie/ За подобро да се разбереме Sat, 30 Dec 2023 18:43:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png обвинение Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/obvinenie/ 32 32 Сопругата на Раде – Штекли е меѓу обвинетите за шверц на крадени луксузни коли https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/soprugata-na-rade-shtekli-e-megu-obvinetite-za-shverts-na-kradeni-luksuzni-koli/ Sat, 30 Dec 2023 15:03:39 +0000 https://republika.mk/?p=728235

Обвинителството денеска соопшти дека поднело обвинение против 18 луѓе и еден автосалон од Кочани за шверц на крадени луксузни автомобили.

Телма објави дека меѓу обвинетите е и сопругата на Раде Трајковски Штекли, српска државјанка со престој во Македонија. Штекли, кој се поврзува со низа кривични дела, во август и во октомври годинава избегна два обиди за убиство на иста локација – во Ист Гејт Мол во Скопје.

Петмина од обвинетите се вработени во МВР – референти во Одделението за управни работи – Скопје.

Обвинетите се товарат дека од 2020 до 2022 година, со фалсификувани документи, во Македонија внесувале луксузни коли, крадени во различни европски земји, и ја избегнувале царинската контрола. Автомобилите со променет број на шасија ги регистрирале со македонски таблички, а потоа, за да ги скријат трагите, за кратко време по неколкупати ги препродавале од еден на друг. Вработените во МВР во целиот тој период им издавале на другите обвинети регистарски таблици и сообраќајни дозволи спротивно на Законот за возила и со употреба на фалсификувани документи.

Автомобилите, од кои најголем дел биле предмет на меѓународни потраги, се набавувале во различни европски земји и се внесувале во земјава со променети идентификациски броеви на шасиите и со фалсификувани документи за да им се прикрие потеклото. Потоа обвинетите службени лица од МВР вршеле регистрација на возилата врз основа на лажна документација. По повеќекратната меѓусебна купопродажба, обвинетите трајно ги отуѓувале автомобилите, продавајќи ги на физички и правни лица во државава“, соопшти Обвинителството.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/ojo-ponese-obvinenie-protiv-18-litsa-za-kriumcharene-luksuzni-avtomobili/

The post Сопругата на Раде – Штекли е меѓу обвинетите за шверц на крадени луксузни коли appeared first on Република.

]]>

Обвинителството денеска соопшти дека поднело обвинение против 18 луѓе и еден автосалон од Кочани за шверц на крадени луксузни автомобили. Телма објави дека меѓу обвинетите е и сопругата на Раде Трајковски Штекли, српска државјанка со престој во Македонија. Штекли, кој се поврзува со низа кривични дела, во август и во октомври годинава избегна два обиди за убиство на иста локација – во Ист Гејт Мол во Скопје. Петмина од обвинетите се вработени во МВР – референти во Одделението за управни работи – Скопје. Обвинетите се товарат дека од 2020 до 2022 година, со фалсификувани документи, во Македонија внесувале луксузни коли, крадени во различни европски земји, и ја избегнувале царинската контрола. Автомобилите со променет број на шасија ги регистрирале со македонски таблички, а потоа, за да ги скријат трагите, за кратко време по неколкупати ги препродавале од еден на друг. Вработените во МВР во целиот тој период им издавале на другите обвинети регистарски таблици и сообраќајни дозволи спротивно на Законот за возила и со употреба на фалсификувани документи.
Автомобилите, од кои најголем дел биле предмет на меѓународни потраги, се набавувале во различни европски земји и се внесувале во земјава со променети идентификациски броеви на шасиите и со фалсификувани документи за да им се прикрие потеклото. Потоа обвинетите службени лица од МВР вршеле регистрација на возилата врз основа на лажна документација. По повеќекратната меѓусебна купопродажба, обвинетите трајно ги отуѓувале автомобилите, продавајќи ги на физички и правни лица во државава“, соопшти Обвинителството.
https://republika.mk/vesti/crna-hronika/ojo-ponese-obvinenie-protiv-18-litsa-za-kriumcharene-luksuzni-avtomobili/

The post Сопругата на Раде – Штекли е меѓу обвинетите за шверц на крадени луксузни коли appeared first on Република.

]]>
ОЈО понесе обвинение против 18 лица за криумчарење луксузни автомобили https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/ojo-ponese-obvinenie-protiv-18-litsa-za-kriumcharene-luksuzni-avtomobili/ Sat, 30 Dec 2023 14:52:29 +0000 https://republika.mk/?p=728233

Основното јавно обвинителство Скопје ја заврши истражната постапка и поднесе обвинение против 18 физички и едно правно лице за повеќе кривични дела, меѓу кои продолжено криумчарење, фалсификување исправи, компјутерски фалсификат, прикривање стоки кои се предмет на криумчарење и царинска измама, спречување докажување и злоупотреба на лични податоци.

Во периодот од август 2020 година до април 2022 година, обвинетите вршеле пренос преку царинска линија на непријавени стоки – луксузни автомобили во вкупна вредност од големи размери. Тие ја избегнувале царинската контрола, фалсификувале службени исправи и лажните јавни исправи ги употребувале како вистински за да ги регистрираат автомобилите, а потоа со цел да ги прикријат кривичните дела, ги сокривале возилата и меѓусебно ги препродавале по неколкупати во краток временски период. За прикривање на возилата кои биле предмет на криумчарење и царински измами е обвинето и правното лице – авто салон од Кочани.

Меѓу обвинетите се и пет службени лица – референти за управни работи во МВР кои во целиот тој период на останатите им ставале на располагање средства за извршување на кривичните дела – регистарски таблици и сообраќајни дозволи изработени спротивно на Законот за возила и со употреба на фалсификуваните документи.

Автомобилите, од кои најголем дел биле предмет на меѓународни потраги, се набавувале во различни европски земји и се внесувале во земјава со променети идентификациски броеви на шасиите и со фалсификувани документи за да им се прикрие потеклото. Потоа обвинетите службени лица од МВР вршеле регистрација на возилата врз основа на лажна документација. По повеќекратната меѓусебна купопродажба, обвинетите трајно ги отуѓувале автомобилите, продавајќи ги на физички и правни лица во државава.

Во текот на истрагата, јавниот обвинител обезбеди докази дека овој начин бил искористен за криумчарење на вкупно 15 возила со проценета вкупна вредност од над половина милион евра.

За тројца од обвинетите, меѓу кои и една државјанка на Република Србија со привремен престој во земјава, надлежниот јавен обвинител предложи да им биде продолжена претходно определената мерка притвор.

 

The post ОЈО понесе обвинение против 18 лица за криумчарење луксузни автомобили appeared first on Република.

]]>

Основното јавно обвинителство Скопје ја заврши истражната постапка и поднесе обвинение против 18 физички и едно правно лице за повеќе кривични дела, меѓу кои продолжено криумчарење, фалсификување исправи, компјутерски фалсификат, прикривање стоки кои се предмет на криумчарење и царинска измама, спречување докажување и злоупотреба на лични податоци. Во периодот од август 2020 година до април 2022 година, обвинетите вршеле пренос преку царинска линија на непријавени стоки – луксузни автомобили во вкупна вредност од големи размери. Тие ја избегнувале царинската контрола, фалсификувале службени исправи и лажните јавни исправи ги употребувале како вистински за да ги регистрираат автомобилите, а потоа со цел да ги прикријат кривичните дела, ги сокривале возилата и меѓусебно ги препродавале по неколкупати во краток временски период. За прикривање на возилата кои биле предмет на криумчарење и царински измами е обвинето и правното лице – авто салон од Кочани. Меѓу обвинетите се и пет службени лица – референти за управни работи во МВР кои во целиот тој период на останатите им ставале на располагање средства за извршување на кривичните дела – регистарски таблици и сообраќајни дозволи изработени спротивно на Законот за возила и со употреба на фалсификуваните документи. Автомобилите, од кои најголем дел биле предмет на меѓународни потраги, се набавувале во различни европски земји и се внесувале во земјава со променети идентификациски броеви на шасиите и со фалсификувани документи за да им се прикрие потеклото. Потоа обвинетите службени лица од МВР вршеле регистрација на возилата врз основа на лажна документација. По повеќекратната меѓусебна купопродажба, обвинетите трајно ги отуѓувале автомобилите, продавајќи ги на физички и правни лица во државава. Во текот на истрагата, јавниот обвинител обезбеди докази дека овој начин бил искористен за криумчарење на вкупно 15 возила со проценета вкупна вредност од над половина милион евра. За тројца од обвинетите, меѓу кои и една државјанка на Република Србија со привремен престој во земјава, надлежниот јавен обвинител предложи да им биде продолжена претходно определената мерка притвор.  

The post ОЈО понесе обвинение против 18 лица за криумчарење луксузни автомобили appeared first on Република.

]]>
Вработени во МВР и авто-плац од Кочани меѓу обвинетите за шверц на луксузни автомобили https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vraboteni-vo-mvr-i-avto-plats-od-kochani-megu-obvinetite-za-shverts-na-luksuzni-avtomobili/ Sat, 30 Dec 2023 10:15:59 +0000 https://republika.mk/?p=728130

Основното јавно обвинителство Скопје ја заврши истражната постапка и поднесе обвинение против 18 физички и едно правно лице за повеќе кривични дела, меѓу кои продолжено криумчарење, фалсификување исправи, компјутерски фалсификат, прикривање стоки кои се предмет на криумчарење и царинска измама, спречување докажување и злоупотреба на лични податоци.

Како што соопшти Јавното обвинителство, во периодот од август 2020 година до април 2022 година, обвинетите вршеле пренос преку царинска линија на непријавени стоки – луксузни автомобили во вкупна вредност од големи размери. Тие ја избегнувале царинската контрола, фалсификувале службени исправи и лажните јавни исправи ги употребувале како вистински за да ги регистрираат автомобилите, а потоа со цел да ги прикријат кривичните дела, ги сокривале возилата и меѓусебно ги препродавале по неколкупати во краток временски период. За прикривање на возилата кои биле предмет на криумчарење и царински измами е обвинето и правното лице – авто салон од Кочани.

Меѓу обвинетите се и пет службени лица – референти за управни работи во МВР кои во целиот тој период на останатите им ставале на располагање средства за извршување на кривичните дела – регистарски таблици и сообраќајни дозволи изработени спротивно на Законот за возила и со употреба на фалсификуваните документи.

Автомобилите, од кои најголем дел биле предмет на меѓународни потраги, се набавувале во различни европски земји и се внесувале во земјава со променети идентификациски броеви на шасиите и со фалсификувани документи за да им се прикрие потеклото. Потоа обвинетите службени лица од МВР вршеле регистрација на возилата врз основа на лажна документација. По повеќекратната меѓусебна купопродажба, обвинетите трајно ги отуѓувале автомобилите, продавајќи ги на физички и правни лица во државава.

-Во текот на истрагата, јавниот обвинител обезбеди докази дека овој начин бил искористен за криумчарење на вкупно 15 возила со проценета вкупна вредност од над половина милион евра. За тројца од обвинетите, меѓу кои и една државјанка на Република Србија со привремен престој во земјава, надлежниот јавен обвинител предложи да им биде продолжена претходно определената мерка притвор. За истиот кривично-правен настан веќе има една правосилна пресуда против обвинет врз основа на спогодба, додека за едно инволвирано лице постапката е прекината бидејќи е недостапен на органите на прогон, наведува Јавното обвинителство.

The post Вработени во МВР и авто-плац од Кочани меѓу обвинетите за шверц на луксузни автомобили appeared first on Република.

]]>

Основното јавно обвинителство Скопје ја заврши истражната постапка и поднесе обвинение против 18 физички и едно правно лице за повеќе кривични дела, меѓу кои продолжено криумчарење, фалсификување исправи, компјутерски фалсификат, прикривање стоки кои се предмет на криумчарење и царинска измама, спречување докажување и злоупотреба на лични податоци. Како што соопшти Јавното обвинителство, во периодот од август 2020 година до април 2022 година, обвинетите вршеле пренос преку царинска линија на непријавени стоки – луксузни автомобили во вкупна вредност од големи размери. Тие ја избегнувале царинската контрола, фалсификувале службени исправи и лажните јавни исправи ги употребувале како вистински за да ги регистрираат автомобилите, а потоа со цел да ги прикријат кривичните дела, ги сокривале возилата и меѓусебно ги препродавале по неколкупати во краток временски период. За прикривање на возилата кои биле предмет на криумчарење и царински измами е обвинето и правното лице – авто салон од Кочани. Меѓу обвинетите се и пет службени лица – референти за управни работи во МВР кои во целиот тој период на останатите им ставале на располагање средства за извршување на кривичните дела – регистарски таблици и сообраќајни дозволи изработени спротивно на Законот за возила и со употреба на фалсификуваните документи. Автомобилите, од кои најголем дел биле предмет на меѓународни потраги, се набавувале во различни европски земји и се внесувале во земјава со променети идентификациски броеви на шасиите и со фалсификувани документи за да им се прикрие потеклото. Потоа обвинетите службени лица од МВР вршеле регистрација на возилата врз основа на лажна документација. По повеќекратната меѓусебна купопродажба, обвинетите трајно ги отуѓувале автомобилите, продавајќи ги на физички и правни лица во државава.
-Во текот на истрагата, јавниот обвинител обезбеди докази дека овој начин бил искористен за криумчарење на вкупно 15 возила со проценета вкупна вредност од над половина милион евра. За тројца од обвинетите, меѓу кои и една државјанка на Република Србија со привремен престој во земјава, надлежниот јавен обвинител предложи да им биде продолжена претходно определената мерка притвор. За истиот кривично-правен настан веќе има една правосилна пресуда против обвинет врз основа на спогодба, додека за едно инволвирано лице постапката е прекината бидејќи е недостапен на органите на прогон, наведува Јавното обвинителство.

The post Вработени во МВР и авто-плац од Кочани меѓу обвинетите за шверц на луксузни автомобили appeared first on Република.

]]>
Украина поднесе обвинение против поглаварот на Руската православна црква https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ukraina-podnese-obvinenie-protiv-poglavarot-na-ruskata-pravoslavna-tsrkva/ Sat, 04 Nov 2023 14:07:28 +0000 https://republika.mk/?p=698131

Украинските власти денеска соопштија дека поднеле кривична пријава против патријархот Кирил, поглавар на Руската православна црква.

Највлијателниот духовен водач во Москва, поддржувач на претседателот Владимир Путин, ја нарече војната историска битка против „силите на злото“.

Службата за безбедност на Украина соопшти дека заедно со канцеларијата на јавниот обвинител „собрале докази против поглаварот на Руската православна црква, Владимир Гундјаев (познат како Кирил)“.

Се вели дека тој е „член на потесниот круг на највисокото воено и политичко раководство на Русија и ... еден од првите што јавно ја поддржа војната против Украина во целосен обем“.

Го обвинуваат Кирил за „нарушување“ на територијалниот интегритет на Украина, оправдување на вооружена агресија и планирање и подготвување „агресивна војна“.

„Се преземаат сеопфатни мерки за изведба на сторителот пред лицето на правдата за злосторства против нашата држава“, се вели во соопштението.

The post Украина поднесе обвинение против поглаварот на Руската православна црква appeared first on Република.

]]>

Украинските власти денеска соопштија дека поднеле кривична пријава против патријархот Кирил, поглавар на Руската православна црква. Највлијателниот духовен водач во Москва, поддржувач на претседателот Владимир Путин, ја нарече војната историска битка против „силите на злото“. Службата за безбедност на Украина соопшти дека заедно со канцеларијата на јавниот обвинител „собрале докази против поглаварот на Руската православна црква, Владимир Гундјаев (познат како Кирил)“. Се вели дека тој е „член на потесниот круг на највисокото воено и политичко раководство на Русија и ... еден од првите што јавно ја поддржа војната против Украина во целосен обем“. Го обвинуваат Кирил за „нарушување“ на територијалниот интегритет на Украина, оправдување на вооружена агресија и планирање и подготвување „агресивна војна“. „Се преземаат сеопфатни мерки за изведба на сторителот пред лицето на правдата за злосторства против нашата држава“, се вели во соопштението.

The post Украина поднесе обвинение против поглаварот на Руската православна црква appeared first on Република.

]]>
63-годишен маж во воз се самозадоволувал пред малолетно девојче, поднесено обвинение https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/63-godishen-mazh-vo-voz-se-samozadovoluval-pred-maloletno-devojche-podneseno-obvinenie/ Fri, 20 Oct 2023 11:43:21 +0000 https://republika.mk/?p=693292

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за три кривични дела – Задоволување полови страсти пред друг согласно член 190 од Кривичниот законик, од кои едното полово дејствие го извршил пред дете кое наполнило 14 години.

Патувајќи со воз на 24 јули, 63-годишниот обвинет во еден од вагоните се доближил и започнал да допира малолетно девојче родено 2006 година кое патувало со возот. Тоа вознемирено се преместило на друго седиште, по што обвинетиот продолжил кон друг вагон. Таму седнал спроти други две жртви и започнал да се самозадоволува на јавно место. Оштетените исплашени си ги зеле своите работи, го напуштиле вагонот и го пријавиле. Во возот влегле овластени службени лица, кои го привеле обвинетиот и го однеле во полициска станица.

 

The post 63-годишен маж во воз се самозадоволувал пред малолетно девојче, поднесено обвинение appeared first on Република.

]]>

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за три кривични дела – Задоволување полови страсти пред друг согласно член 190 од Кривичниот законик, од кои едното полово дејствие го извршил пред дете кое наполнило 14 години. Патувајќи со воз на 24 јули, 63-годишниот обвинет во еден од вагоните се доближил и започнал да допира малолетно девојче родено 2006 година кое патувало со возот. Тоа вознемирено се преместило на друго седиште, по што обвинетиот продолжил кон друг вагон. Таму седнал спроти други две жртви и започнал да се самозадоволува на јавно место. Оштетените исплашени си ги зеле своите работи, го напуштиле вагонот и го пријавиле. Во возот влегле овластени службени лица, кои го привеле обвинетиот и го однеле во полициска станица.  

The post 63-годишен маж во воз се самозадоволувал пред малолетно девојче, поднесено обвинение appeared first on Република.

]]>
Вучиќ: Се ќе биде испитано и ќе се покрене обвинение против Милан Радоичиќ https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vuchik-se-ke-bide-ispitano-i-ke-se-pokrene-obvinenie-protiv-milan-radoichik/ Wed, 11 Oct 2023 13:56:38 +0000 https://republika.mk/?p=690199

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека Милан Радоичиќ, кого Обвинителството го товари за тешки кривични дела кои самиот ги признал, да ќе биде испитан од сите аспекти, вклучително и од каде се парите за оружје на црниот пазар, наведувајќи дека тој е не обвинител за да зборува за тоа, јави дописникот на МИА од Белград.

Не би сакал да го бранам Радоичиќ бидејќи тој одговара пред нашите судски органи и допрва му престои обвинение, кога ќе се спроведе истрагата, а дали истрагата ќе се прошири или не, зависи од надлежните државни органи. Тие ќе ги утврдат сите овие факти, рече Вучиќ.

На новинарско прашање од каде ги добил Радоичиќ парите за куќата на езерото Газиводе и оружјето што беше конфискувано по конфликтот на северот на Косово, Вучиќ одговори:

Нема да ви се допадне мојот одговор, многу повеќе пари имаат Драган Ѓилас и Мирослав Алексиќ, а Радоичиќ ги вложил парите во својата куќа на Косово и Метохија и не изнесуваше пари од Србија, како што тоа го прават многу лидери на поранешниот режим и опозицијата, кажа Вучиќ и додаде дека се води истрага, да тој не е обвинител и не е судија да донесува каква било пресуда, што би било незаконски.

Вучиќ кажа дека обвинителот го гони Радоичиќ за многу тешки кривични дела кои тој самиот ги признал.

Самиот се призна, немаше потреба да слушнете некој друг, дојде човекот и рече „јас тоа го направив“ и се понуди себе си, рече Вучиќ и додаде дека истрагата ќе продолжи, а обвинението ќе биде поднесено.

The post Вучиќ: Се ќе биде испитано и ќе се покрене обвинение против Милан Радоичиќ appeared first on Република.

]]>

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека Милан Радоичиќ, кого Обвинителството го товари за тешки кривични дела кои самиот ги признал, да ќе биде испитан од сите аспекти, вклучително и од каде се парите за оружје на црниот пазар, наведувајќи дека тој е не обвинител за да зборува за тоа, јави дописникот на МИА од Белград.
Не би сакал да го бранам Радоичиќ бидејќи тој одговара пред нашите судски органи и допрва му престои обвинение, кога ќе се спроведе истрагата, а дали истрагата ќе се прошири или не, зависи од надлежните државни органи. Тие ќе ги утврдат сите овие факти, рече Вучиќ.
На новинарско прашање од каде ги добил Радоичиќ парите за куќата на езерото Газиводе и оружјето што беше конфискувано по конфликтот на северот на Косово, Вучиќ одговори:
Нема да ви се допадне мојот одговор, многу повеќе пари имаат Драган Ѓилас и Мирослав Алексиќ, а Радоичиќ ги вложил парите во својата куќа на Косово и Метохија и не изнесуваше пари од Србија, како што тоа го прават многу лидери на поранешниот режим и опозицијата, кажа Вучиќ и додаде дека се води истрага, да тој не е обвинител и не е судија да донесува каква било пресуда, што би било незаконски.
Вучиќ кажа дека обвинителот го гони Радоичиќ за многу тешки кривични дела кои тој самиот ги признал.
Самиот се призна, немаше потреба да слушнете некој друг, дојде човекот и рече „јас тоа го направив“ и се понуди себе си, рече Вучиќ и додаде дека истрагата ќе продолжи, а обвинението ќе биде поднесено.

The post Вучиќ: Се ќе биде испитано и ќе се покрене обвинение против Милан Радоичиќ appeared first on Република.

]]>
Големата порота на Џорџија покрена обвинение против Трамп за обид за менување на резултатите од изборите во 2020 година https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/golemata-porota-na-dhordhija-pokrena-obvinenie-protiv-tramp-za-obid-za-menuvane-na-rezultatite-od-izborite-vo-2020-godina/ Tue, 15 Aug 2023 07:14:02 +0000 https://republika.mk/?p=672170

Големата порота во сојузната американска држава Џорџија денеска го обвини Доналд Трамп за обид да ги смени резултатите од изборите во САД во 2020 година, јавија британските меидуми.

Медиумите забележуваат дека ова е четврто обвинение поднесено против поранешниот американски претседател.

Тужбата, поднесена во Окружниот суд Фултон, од обвинителката Фани Вилис, може да ги продлабочи проблемите со правдата на Трамп, кој е водечки кандидат за номинација на Републиканската партија за претседателските избори во 2024 година, додаваат британските медиуми.

Обвинителите поднесоа 11 обвиненија против Трамп и неговите соработници, вклучително и фалсификување и рекетирање од страна на организирана криминална група.

Обвиненија се покренати и против 10 соработници на Трамп, вклучувајќи ги и неговите поранешни адвокати Руди Џулијани и Џон Истман, и поранешниот шеф на кабинетот на Белата куќа, Марк Медоус.

Тужбата се темели на телефонски повик од 2 јануари 2021 година во кој Трамп го притиска највисокиот изборен функционер во државата Џорџија, Бред Рафенспергер, да „најде“ доволно гласови за да ја поништи неговата тесна изборна загуба во државата.

Рафенспергер одби да го стори тоа.

Четири дена подоцна, следеше бура во Капитол, во која гневните поддржувачи на Трамп се обидоа да ја спречат конгресната потврда за победата на Џо Бајден, потсетуваат британските медиуми.

The post Големата порота на Џорџија покрена обвинение против Трамп за обид за менување на резултатите од изборите во 2020 година appeared first on Република.

]]>

Големата порота во сојузната американска држава Џорџија денеска го обвини Доналд Трамп за обид да ги смени резултатите од изборите во САД во 2020 година, јавија британските меидуми. Медиумите забележуваат дека ова е четврто обвинение поднесено против поранешниот американски претседател. Тужбата, поднесена во Окружниот суд Фултон, од обвинителката Фани Вилис, може да ги продлабочи проблемите со правдата на Трамп, кој е водечки кандидат за номинација на Републиканската партија за претседателските избори во 2024 година, додаваат британските медиуми. Обвинителите поднесоа 11 обвиненија против Трамп и неговите соработници, вклучително и фалсификување и рекетирање од страна на организирана криминална група. Обвиненија се покренати и против 10 соработници на Трамп, вклучувајќи ги и неговите поранешни адвокати Руди Џулијани и Џон Истман, и поранешниот шеф на кабинетот на Белата куќа, Марк Медоус. Тужбата се темели на телефонски повик од 2 јануари 2021 година во кој Трамп го притиска највисокиот изборен функционер во државата Џорџија, Бред Рафенспергер, да „најде“ доволно гласови за да ја поништи неговата тесна изборна загуба во државата. Рафенспергер одби да го стори тоа. Четири дена подоцна, следеше бура во Капитол, во која гневните поддржувачи на Трамп се обидоа да ја спречат конгресната потврда за победата на Џо Бајден, потсетуваат британските медиуми.

The post Големата порота на Џорџија покрена обвинение против Трамп за обид за менување на резултатите од изборите во 2020 година appeared first on Република.

]]>
Обвинение за Милорад Додик https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/obvinenie-za-milorad-dodik/ Fri, 11 Aug 2023 13:08:54 +0000 https://republika.mk/?p=671176

Обвинителството на Босна и Херцеговина поднесе обвинителен акт против претседателот на Република Српска Милорад Додик и в.д. директор на Службен весник на РС Милош Лукиќ , потврдено е за сараевскиот портал Кликс.

Причина за поднесување на обвинението е, како што се наведува, неизвршување на одлуките на високиот претставник Кристијан Шмит според новиот член од Кривичниот законик, кој го наложи високиот претставник.

Република Српска не го признава Шмит за висок претставник бидејќи тој не бил назначен во Советот за безбедност на ОН, како што е предвидено со Дејтонскиот договор.

Имено, Додик неодамна го потпиша Указот за објавување на Законот за необјавување на одлуките на високиот претставник за БиХ во Службен весник на РС, како и Указот за објавување на Законот за неизвршување на одлуките на Уставниот суд на БиХ на територијата на Република Српска.

Обвинението е проследено до Судот на Босна и Херцеговина на потврда.

 

The post Обвинение за Милорад Додик appeared first on Република.

]]>

Обвинителството на Босна и Херцеговина поднесе обвинителен акт против претседателот на Република Српска Милорад Додик и в.д. директор на Службен весник на РС Милош Лукиќ , потврдено е за сараевскиот портал Кликс. Причина за поднесување на обвинението е, како што се наведува, неизвршување на одлуките на високиот претставник Кристијан Шмит според новиот член од Кривичниот законик, кој го наложи високиот претставник. Република Српска не го признава Шмит за висок претставник бидејќи тој не бил назначен во Советот за безбедност на ОН, како што е предвидено со Дејтонскиот договор. Имено, Додик неодамна го потпиша Указот за објавување на Законот за необјавување на одлуките на високиот претставник за БиХ во Службен весник на РС, како и Указот за објавување на Законот за неизвршување на одлуките на Уставниот суд на БиХ на територијата на Република Српска. Обвинението е проследено до Судот на Босна и Херцеговина на потврда.  

The post Обвинение за Милорад Додик appeared first on Република.

]]>
Денеска пристигнува најтешкото обвинение против Трамп во кое се обвинува за заговор против државата https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/deneska-pristignuva-najteshkoto-obvinenie-protiv-tramp-vo-koe-se-obvinuva-za-zagovor-protiv-drzhavata/ Thu, 03 Aug 2023 09:38:47 +0000 https://republika.mk/?p=668193

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп денеска на судско рочиште официјално ќе биде обвинет за заговор за поништување на неговиот пораз на изборите во 2020 година. Пред судењето, поранешниот републикански претседател случајот го нарече доказ за „корупција, скандал и неуспех“ на претседателствувањето на Џо Бајден. Во Вашингтон за сослушувањето е зголемено обезбедувањето, пишува Би-Би-Си.

Веќе има два процеси против Трамп, но тој се уште се подготвува за претседателските избори кои ќе се одржат следната година. Денешното обвинение се чини е најсериозно. Во објавата објавена вчера на неговата социјална мрежа Truth Social, поранешниот претседател им се заблагодари на своите поддржувачи од неговиот клуб за голф во Њу Џерси и рече дека „никогаш немал таква поддршка за ништо“.

Во други постови, тој ги нападна своите републикански ривали, вклучително и неговиот поранешен потпретседател Мајк Пенс и гувернерот на Флорида, Рон Де Сантис. Тој ги повтори своите тврдења дека Пенс има законско овластување да го спречи Конгресот да ја потврди изборната победа на Џо Бајден на 6 јануари 2021 година, денот кога неговите поддржувачи го нападнаа тој центар на американската демократија.

Трамп треба да се појави пред федералниот суд во Вашингтон во 16 часот по локално време (22 часот по средноевропско време). Се очекува тој да се изјасни за невин. Иако му била понудена опцијата да се појави преку видео врска, 77-годишниот милијардер многу веројатно ќе се појави на суд.

Во обвинението незапечатено во вторникот, Трамп се соочува со четири точки од обвинението, вклучувајќи заговор за измама на владата, влијание врз сведок и заговор за кршење на граѓанските права. И покрај ова, Трамп во моментов води во анкетите за републиканскиот кандидат на изборите следната година.

Републиканците во Конгресот застанаа зад поранешниот претседател, тврдејќи дека најновиот процес покажува дека САД станале „банана република“ и повторувајќи ги неговите тврдења дека се работи за мешање на државата во изборите, пренесува Би-би-си.

The post Денеска пристигнува најтешкото обвинение против Трамп во кое се обвинува за заговор против државата appeared first on Република.

]]>

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп денеска на судско рочиште официјално ќе биде обвинет за заговор за поништување на неговиот пораз на изборите во 2020 година. Пред судењето, поранешниот републикански претседател случајот го нарече доказ за „корупција, скандал и неуспех“ на претседателствувањето на Џо Бајден. Во Вашингтон за сослушувањето е зголемено обезбедувањето, пишува Би-Би-Си. Веќе има два процеси против Трамп, но тој се уште се подготвува за претседателските избори кои ќе се одржат следната година. Денешното обвинение се чини е најсериозно. Во објавата објавена вчера на неговата социјална мрежа Truth Social, поранешниот претседател им се заблагодари на своите поддржувачи од неговиот клуб за голф во Њу Џерси и рече дека „никогаш немал таква поддршка за ништо“. Во други постови, тој ги нападна своите републикански ривали, вклучително и неговиот поранешен потпретседател Мајк Пенс и гувернерот на Флорида, Рон Де Сантис. Тој ги повтори своите тврдења дека Пенс има законско овластување да го спречи Конгресот да ја потврди изборната победа на Џо Бајден на 6 јануари 2021 година, денот кога неговите поддржувачи го нападнаа тој центар на американската демократија. Трамп треба да се појави пред федералниот суд во Вашингтон во 16 часот по локално време (22 часот по средноевропско време). Се очекува тој да се изјасни за невин. Иако му била понудена опцијата да се појави преку видео врска, 77-годишниот милијардер многу веројатно ќе се појави на суд. Во обвинението незапечатено во вторникот, Трамп се соочува со четири точки од обвинението, вклучувајќи заговор за измама на владата, влијание врз сведок и заговор за кршење на граѓанските права. И покрај ова, Трамп во моментов води во анкетите за републиканскиот кандидат на изборите следната година. Републиканците во Конгресот застанаа зад поранешниот претседател, тврдејќи дека најновиот процес покажува дека САД станале „банана република“ и повторувајќи ги неговите тврдења дека се работи за мешање на државата во изборите, пренесува Би-би-си.

The post Денеска пристигнува најтешкото обвинение против Трамп во кое се обвинува за заговор против државата appeared first on Република.

]]>
Проширено обвинението против Трамп https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/proshireno-obvinenieto-protiv-tramp/ Fri, 28 Jul 2023 13:08:01 +0000 https://republika.mk/?p=666313

Обвинителството ја прошири кривичната постапка против поранешниот американски претседател Доналд Трамп и еден од неговите вработени, во постапката за неовластено чување доверливи документи, јави Гласот на Америка.

Во проширеното обвинение се наведува дека Трамп и неговиот соработник Карлос де Оливеира се обиделе да ги спречат истражителите да ги прегледаат снимките од безбедносните камери од одморалиштето Мар-а-Лаго на поранешниот американски претседател.

Обвинението е проширено за три точки, со што вкупниот број изнесува 40, бидејќи Трамп повторно е обвинет за незаконско задржување доверливи информации поврзани со националната одбрана.

The post Проширено обвинението против Трамп appeared first on Република.

]]>

Обвинителството ја прошири кривичната постапка против поранешниот американски претседател Доналд Трамп и еден од неговите вработени, во постапката за неовластено чување доверливи документи, јави Гласот на Америка. Во проширеното обвинение се наведува дека Трамп и неговиот соработник Карлос де Оливеира се обиделе да ги спречат истражителите да ги прегледаат снимките од безбедносните камери од одморалиштето Мар-а-Лаго на поранешниот американски претседател. Обвинението е проширено за три точки, со што вкупниот број изнесува 40, бидејќи Трамп повторно е обвинет за незаконско задржување доверливи информации поврзани со националната одбрана.

The post Проширено обвинението против Трамп appeared first on Република.

]]>
Подигнато ново обвинение против Трамп, овојпат за задржување на доверливи документи https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/podignato-novo-obvinenie-protiv-tramp-ovojpat-za-zadrzhuvane-na-doverlivi-dokumenti/ Fri, 09 Jun 2023 07:23:45 +0000 https://republika.mk/?p=649437

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп преку социјалните мрежи изјави дека против него е покренато ново обвинение, за што неговите адвокати биле информирани од администрацијата на актуелниот претседател Џо Бајден.

Коруптивната администрација на Бајден ги извести моите адвокати дека сум обвинет“, напиша Трамп на својата платформа „Truth Social“.

Трамп претпоставува дека новото обвинение е за доверливите документи што беа пронајдени на неговиот имот на Флорида, по завршувањето на претседателскиот мандат.

Според него, тој мора во вторник да се појави во судот во Мајами, но поранешниот претседател не даде докази за напишаната изјава.

Британските медиуми не беа во можност веднаш да ги потврдат деталите за напишаното, а адвокатите на Трамп не беа достапни за коментар.

Трамп претходно беше обвинет од Канцеларијата на окружното обвинителство на Менхетен за фалсификување деловни досиеја во врска со пари исплатени за порно ѕвезда во замена за молчење за аферата пред претседателската трка во 2016

Министерството за правда истражува дали Доналд Трамп ги злоупотребил доверливите документи што ги чувал откако ја напушти функцијата во Белата куќа на почетокот на 2021 година.

Пред речиси една година, истражителите запленија приближно 13.000 документи од имотот на Трамп во Мар-а-Лаго, на Палм Бич, во Флорида. Околу 100 од нив се класифицирани како доверливи, иако еден од адвокатите на Трамп претходно изјави дека сите доверливи записи се вратени.

Трамп се бранеше дека ги задржал документите, сугерирајќи дека ги декласифицирал додека бил претседател. Сепак, тој не обезбеди докази за тоа, а неговите адвокати не го искажаа тој аргумент во судските поднесоци.

The post Подигнато ново обвинение против Трамп, овојпат за задржување на доверливи документи appeared first on Република.

]]>

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп преку социјалните мрежи изјави дека против него е покренато ново обвинение, за што неговите адвокати биле информирани од администрацијата на актуелниот претседател Џо Бајден.
Коруптивната администрација на Бајден ги извести моите адвокати дека сум обвинет“, напиша Трамп на својата платформа „Truth Social“.
Трамп претпоставува дека новото обвинение е за доверливите документи што беа пронајдени на неговиот имот на Флорида, по завршувањето на претседателскиот мандат. Според него, тој мора во вторник да се појави во судот во Мајами, но поранешниот претседател не даде докази за напишаната изјава. Британските медиуми не беа во можност веднаш да ги потврдат деталите за напишаното, а адвокатите на Трамп не беа достапни за коментар. Трамп претходно беше обвинет од Канцеларијата на окружното обвинителство на Менхетен за фалсификување деловни досиеја во врска со пари исплатени за порно ѕвезда во замена за молчење за аферата пред претседателската трка во 2016 Министерството за правда истражува дали Доналд Трамп ги злоупотребил доверливите документи што ги чувал откако ја напушти функцијата во Белата куќа на почетокот на 2021 година. Пред речиси една година, истражителите запленија приближно 13.000 документи од имотот на Трамп во Мар-а-Лаго, на Палм Бич, во Флорида. Околу 100 од нив се класифицирани како доверливи, иако еден од адвокатите на Трамп претходно изјави дека сите доверливи записи се вратени. Трамп се бранеше дека ги задржал документите, сугерирајќи дека ги декласифицирал додека бил претседател. Сепак, тој не обезбеди докази за тоа, а неговите адвокати не го искажаа тој аргумент во судските поднесоци.

The post Подигнато ново обвинение против Трамп, овојпат за задржување на доверливи документи appeared first on Република.

]]>
Ова се обвиненијата поднесени против Латас и Лазаров https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/ova-se-obvinenijata-podneseni-protiv-latas-i-lazarov/ Tue, 21 Feb 2023 14:27:55 +0000 https://republika.mk/?p=611564

Основното јавно обвинителство Скопје пред надлежниот суд поднесе Обвинителен предлог против две лица за кривично дело – Ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем од член 394-г став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик, соопштија денеска од ОЈО за случајот со интервјуто на Драган Павловиќ - Латас во поткастот кај Стефан Лазаров. Според ОЈО, двајцата обвинети преку компјутерски систем, ширеле расистичка и ксенофобична репрезентација на идеја која промовира насилство спрема жени, со што предизвикале реакции и чувство на згрозеност и вознемиреност во јавноста.

Првиот обвинет, гостувајќи во интервју објавено на 14 февруари како поткаст на Јутјуб канал на вториот обвинет, јавно промовирал чин на полово насилство, евоцирајќи спомени од неговото наводно минато, без да изнесе морална осуда или каење, со тоа свесно промовирајќи го таквото насилничко однесување.

Вториот обвинет, иако бил свесен за влијанието што го има содржината што ја емитува особено меѓу младата популација, сепак не го спречил или прекинал соговорникот, туку дополнително го наведувал со коментари и потпрашања да го прераскажува спорниот настан.

По наредба на јавен обвинител, Секторот за компјутерски криминал при МВР го документираше и го обезбеди наведениот поткаст и целокупниот доказен материјал кој ги потврдува елементите на кривичното дело за кое е предвидена казна затвор од 1 до 5 години.

Поради опасност од бегство, надлежниот јавен обвинител му предложи на Основниот кривичен суд Скопје да определи мерка на претпазливост за првиот обвинет – привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница. Освен ова, особено имајќи ги предвид меѓународните обврски кои произлегуваат од Конвенцијата на Советот на Европа за спречување и борба против насилството врз жените и семејното насилство, но и влијанието и последиците од постапките на двајцата обвинети врз јавниот морал и интерес, за двајцата обвинети предложена е мерка – забрана за преземање определени работни активности кои се поврзани со кривичното дело кое им се става на товар, односно забрана за каков било јавен настап со кој се промовира ширење расистички и ксенофобичен материјал.

The post Ова се обвиненијата поднесени против Латас и Лазаров appeared first on Република.

]]>

Основното јавно обвинителство Скопје пред надлежниот суд поднесе Обвинителен предлог против две лица за кривично дело – Ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем од член 394-г став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик, соопштија денеска од ОЈО за случајот со интервјуто на Драган Павловиќ - Латас во поткастот кај Стефан Лазаров. Според ОЈО, двајцата обвинети преку компјутерски систем, ширеле расистичка и ксенофобична репрезентација на идеја која промовира насилство спрема жени, со што предизвикале реакции и чувство на згрозеност и вознемиреност во јавноста. Првиот обвинет, гостувајќи во интервју објавено на 14 февруари како поткаст на Јутјуб канал на вториот обвинет, јавно промовирал чин на полово насилство, евоцирајќи спомени од неговото наводно минато, без да изнесе морална осуда или каење, со тоа свесно промовирајќи го таквото насилничко однесување. Вториот обвинет, иако бил свесен за влијанието што го има содржината што ја емитува особено меѓу младата популација, сепак не го спречил или прекинал соговорникот, туку дополнително го наведувал со коментари и потпрашања да го прераскажува спорниот настан. По наредба на јавен обвинител, Секторот за компјутерски криминал при МВР го документираше и го обезбеди наведениот поткаст и целокупниот доказен материјал кој ги потврдува елементите на кривичното дело за кое е предвидена казна затвор од 1 до 5 години. Поради опасност од бегство, надлежниот јавен обвинител му предложи на Основниот кривичен суд Скопје да определи мерка на претпазливост за првиот обвинет – привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница. Освен ова, особено имајќи ги предвид меѓународните обврски кои произлегуваат од Конвенцијата на Советот на Европа за спречување и борба против насилството врз жените и семејното насилство, но и влијанието и последиците од постапките на двајцата обвинети врз јавниот морал и интерес, за двајцата обвинети предложена е мерка – забрана за преземање определени работни активности кои се поврзани со кривичното дело кое им се става на товар, односно забрана за каков било јавен настап со кој се промовира ширење расистички и ксенофобичен материјал.

The post Ова се обвиненијата поднесени против Латас и Лазаров appeared first on Република.

]]>
На 28 февруари почнува судењето на Жан Митрев, Кривичен го прифати обвиненинието https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/na-28-fevruari-pochnuva-sudeneto-na-d-r-zhan-mitrev-krivichen-go-prifati-obvineninieto/ Mon, 13 Feb 2023 14:00:49 +0000 https://republika.mk/?p=608451

Советот за оценка на обвинителниот акт го одобри во целост обвинението против кардиохирургот, Жан Митрев и неговата приватна болница и првото судско рочиште го закажа на 28 февруари.

-Советот за оценка на обвинителен акт, постапувајќи во оценка на обвинението против едно физичко лице и Приватна здравствена установа, а поврзано со соопштението на ОЈО Скопје: https://jorm.gov.mk/podneseno-obvinenie-za-izmama-vo-privatna-zdravstvena-ustanova/ ценејќи ги сите приложени факти и аргументи на странките донесе решени со кое актот го одобри во целост. По одобрениот обвинител акт, оформен е кривично правен предмет со К.бр. 349/23 кој согласно АКМИС системот е распределен кај судија на понатамошно постапување и насрочен е термин за главна расправа на 28.02.2023 година во 09:30 за што ќе бидат испратени покани до странките, се наведува во соопштението од Основниот кривичен суд Скопје.
Основното јавно обвинителство – Скопје на 10 јануари поднесе обвинителен акт против доктор Жан Митрев, како физичко лице и Обвинителен предлог против неговата болница, како правно лице, за продолжено кривично дело „измама“ од член 247 од Кривичниот законик. За ова кривично дело „измама“ предвидената казна затвор е од една до 10 години.

Како што посочија тогаш од ОЈО Скопје, не станува збор за „измама на пациенти“, односно совесноста и несовесноста на лекувањето не е предмет на ова кривично дело, туку за класична измама, односно прикривање на клучни факти во однос на хемофилтрацијата, метод за кој пациентите не биле јасно информирани за сите негови позитивни и негативни ефекти, со што тие биле доведени во заблуда, а со цел противправно прибавување на имотна корист.

Во текот на постапката, како што информирааат од ОЈО Скопје, јавниот обвинител обезбедил докази за поткрепа на основаните сомненија дека обвинетиот, во периодот од јуни 2020 година до јуни 2022 година, со намера за правното лице – приватна здравствена установа да прибави значителна противправна имотна корист, со прикривање факти ги довел во заблуда оштетените пациенти лекувани во болницата од Ковид – 19, кај кои е извршена хемофилтрација и членови на нивните семејства, со што ги навел секој од нив да стори штета на својот имот во различни износи, а во вкупен износ од 97.461.600 денари или 1,57 милиони евра.

Обвинетиот на пациентите и во јавноста прикажувал дека методот хемофилтрација е одобрен да се применува и е ефикасен за лекување од Ковид-19, притоа користејќи ги приликите на здравствената криза предизвикана од пандемијата.

Тој се повикувал на документ издаден од Американската управа за храна и лекови во април 2020 година, со кој на компанијата „Бакстер“ и било издадено овластување за вонредна употреба на Оксирис сетот (Oxiris Set Device), како медицинско средство со кое се спроведува постапката за хемофилтрација кај пациенти со потврден коронавирус, на возраст од 18 години или повеќе кои се на интезивна нега со потврдена или итна респираторна слабост и потреба за прочистување на крвта. Меѓутоа, можноста за употреба на методот кај пациенти заболени од Ковид-19 тој не смеел да ја промовира, истовремено прикривајќи го фактот дека методот не е одобрен во третманот на оваа болест, ниту од издавачот, ниту во нашата земја, како и дека овластувањето за медицинското средство е издадено само во вонредна постапка поради пандемијата, со дефинирани критериуми и опсег на примена. Исто така, покрај потенцијалниот бенефит, третманот имал и сериозни потенцијални ризици за кои пациентот морал да биде запознаен, па средството не смеело да се прикажува како безбедно или ефикасно во третманот или превенцијата од Ковид-19.

На овој начин обвинетиот кај секој од оштетените создал лажна претстава и заблуда, па најголем дел од нив при приемот на конкретен пациент во болницата, однапред уплаќале средства за по два циклуси на хемофилтрација како дел од болнички пакети, без да им биде објаснет овoj метод и потенцијалните ризици од него и без да се прибави соодветна согласност за примената на таква процедура кај пациентите, што е спротивно на условите утврдени во овластувањето и на здравствените прописи и стандарди, се наведува во соопштението од ОЈО Скопје.

Жан Митрев уверува дека е невин и тврди дека не бил измамен ниту еден пациент.

Предметот е оформен по допрен глас, откако ИРЛ минатата година го објави документарец „Нечиста крв“, во кој обелодени дека приватната болница „Жан Митрев“ им наплаќала на пациенти високи суми на пари за хемофилитрација при лечење од Ковид -19, по по што беше отворен и предметот во ОЈО Скопје.

 

The post На 28 февруари почнува судењето на Жан Митрев, Кривичен го прифати обвиненинието appeared first on Република.

]]>

Советот за оценка на обвинителниот акт го одобри во целост обвинението против кардиохирургот, Жан Митрев и неговата приватна болница и првото судско рочиште го закажа на 28 февруари. -Советот за оценка на обвинителен акт, постапувајќи во оценка на обвинението против едно физичко лице и Приватна здравствена установа, а поврзано со соопштението на ОЈО Скопје: https://jorm.gov.mk/podneseno-obvinenie-za-izmama-vo-privatna-zdravstvena-ustanova/ ценејќи ги сите приложени факти и аргументи на странките донесе решени со кое актот го одобри во целост. По одобрениот обвинител акт, оформен е кривично правен предмет со К.бр. 349/23 кој согласно АКМИС системот е распределен кај судија на понатамошно постапување и насрочен е термин за главна расправа на 28.02.2023 година во 09:30 за што ќе бидат испратени покани до странките, се наведува во соопштението од Основниот кривичен суд Скопје. Основното јавно обвинителство – Скопје на 10 јануари поднесе обвинителен акт против доктор Жан Митрев, како физичко лице и Обвинителен предлог против неговата болница, како правно лице, за продолжено кривично дело „измама“ од член 247 од Кривичниот законик. За ова кривично дело „измама“ предвидената казна затвор е од една до 10 години. Како што посочија тогаш од ОЈО Скопје, не станува збор за „измама на пациенти“, односно совесноста и несовесноста на лекувањето не е предмет на ова кривично дело, туку за класична измама, односно прикривање на клучни факти во однос на хемофилтрацијата, метод за кој пациентите не биле јасно информирани за сите негови позитивни и негативни ефекти, со што тие биле доведени во заблуда, а со цел противправно прибавување на имотна корист. Во текот на постапката, како што информирааат од ОЈО Скопје, јавниот обвинител обезбедил докази за поткрепа на основаните сомненија дека обвинетиот, во периодот од јуни 2020 година до јуни 2022 година, со намера за правното лице – приватна здравствена установа да прибави значителна противправна имотна корист, со прикривање факти ги довел во заблуда оштетените пациенти лекувани во болницата од Ковид – 19, кај кои е извршена хемофилтрација и членови на нивните семејства, со што ги навел секој од нив да стори штета на својот имот во различни износи, а во вкупен износ од 97.461.600 денари или 1,57 милиони евра. Обвинетиот на пациентите и во јавноста прикажувал дека методот хемофилтрација е одобрен да се применува и е ефикасен за лекување од Ковид-19, притоа користејќи ги приликите на здравствената криза предизвикана од пандемијата. Тој се повикувал на документ издаден од Американската управа за храна и лекови во април 2020 година, со кој на компанијата „Бакстер“ и било издадено овластување за вонредна употреба на Оксирис сетот (Oxiris Set Device), како медицинско средство со кое се спроведува постапката за хемофилтрација кај пациенти со потврден коронавирус, на возраст од 18 години или повеќе кои се на интезивна нега со потврдена или итна респираторна слабост и потреба за прочистување на крвта. Меѓутоа, можноста за употреба на методот кај пациенти заболени од Ковид-19 тој не смеел да ја промовира, истовремено прикривајќи го фактот дека методот не е одобрен во третманот на оваа болест, ниту од издавачот, ниту во нашата земја, како и дека овластувањето за медицинското средство е издадено само во вонредна постапка поради пандемијата, со дефинирани критериуми и опсег на примена. Исто така, покрај потенцијалниот бенефит, третманот имал и сериозни потенцијални ризици за кои пациентот морал да биде запознаен, па средството не смеело да се прикажува како безбедно или ефикасно во третманот или превенцијата од Ковид-19. На овој начин обвинетиот кај секој од оштетените создал лажна претстава и заблуда, па најголем дел од нив при приемот на конкретен пациент во болницата, однапред уплаќале средства за по два циклуси на хемофилтрација како дел од болнички пакети, без да им биде објаснет овoj метод и потенцијалните ризици од него и без да се прибави соодветна согласност за примената на таква процедура кај пациентите, што е спротивно на условите утврдени во овластувањето и на здравствените прописи и стандарди, се наведува во соопштението од ОЈО Скопје. Жан Митрев уверува дека е невин и тврди дека не бил измамен ниту еден пациент. Предметот е оформен по допрен глас, откако ИРЛ минатата година го објави документарец „Нечиста крв“, во кој обелодени дека приватната болница „Жан Митрев“ им наплаќала на пациенти високи суми на пари за хемофилитрација при лечење од Ковид -19, по по што беше отворен и предметот во ОЈО Скопје.  

The post На 28 февруари почнува судењето на Жан Митрев, Кривичен го прифати обвиненинието appeared first on Република.

]]>
Поднесено обвинение за инцидентот со Пендиков во Охрид https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/podneseno-obvinenie-za-intsidentot-so-pendikov-vo-ohrid/ Wed, 08 Feb 2023 14:19:51 +0000 https://republika.mk/?p=606559

Основното јавно обвинителство Охрид поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Тешка телесна повреда според член 131 став 1 во врска со став 2 и во врска со член 22 од Кривичниот законик.

Според обвинението, обвинетиот, заедно со уште едно до овој момент непознато лице, од „омраза поради националната и етничката припадност, тешко телесно повредиле еден оштетен“.

На 19 јануари, во кафе бар во Охрид, обвинетиот најпрвин пристапил до масата на која седел оштетениот и му забележал затоа што се изјаснувал како Бугарин. Подоцна, кога оштетениот го напуштил објектот и се движел кон неговото возило, обвинетиот и другото непознато лице почнале да го следат, го нападнале и го удирале со раце и нозе по главата и телото, нанесувајќи му тешки телесни повреди. Во текот на истражната постапка, сега обвинетиот се бранеше со молчење, но сите околности беа проверени и потврдени со изјави на сведоци на настанот и со обезбедените снимки од видео надзорот, велат од ОЈО.

Надлежниот јавен обвинител до Основниот суд во Охрид достави и посебен предлог за продолжување на притворската мерка за обвинетиот, бидејќи се уште постои опасност тој да се даде во бегство за да го избегне кривичниот прогон.

Во меѓувреме, по насоки на јавниот обвинител, и натаму се преземаат дејствија за идентификација и лишување од слобода на другото лице инволвирано во настанот. ​​

The post Поднесено обвинение за инцидентот со Пендиков во Охрид appeared first on Република.

]]>

Основното јавно обвинителство Охрид поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Тешка телесна повреда според член 131 став 1 во врска со став 2 и во врска со член 22 од Кривичниот законик. Според обвинението, обвинетиот, заедно со уште едно до овој момент непознато лице, од „омраза поради националната и етничката припадност, тешко телесно повредиле еден оштетен“.
На 19 јануари, во кафе бар во Охрид, обвинетиот најпрвин пристапил до масата на која седел оштетениот и му забележал затоа што се изјаснувал како Бугарин. Подоцна, кога оштетениот го напуштил објектот и се движел кон неговото возило, обвинетиот и другото непознато лице почнале да го следат, го нападнале и го удирале со раце и нозе по главата и телото, нанесувајќи му тешки телесни повреди. Во текот на истражната постапка, сега обвинетиот се бранеше со молчење, но сите околности беа проверени и потврдени со изјави на сведоци на настанот и со обезбедените снимки од видео надзорот, велат од ОЈО.
Надлежниот јавен обвинител до Основниот суд во Охрид достави и посебен предлог за продолжување на притворската мерка за обвинетиот, бидејќи се уште постои опасност тој да се даде во бегство за да го избегне кривичниот прогон. Во меѓувреме, по насоки на јавниот обвинител, и натаму се преземаат дејствија за идентификација и лишување од слобода на другото лице инволвирано во настанот. ​​

The post Поднесено обвинение за инцидентот со Пендиков во Охрид appeared first on Република.

]]>
Болдвин официјално обвинет за убиство од небрежност, му се заканува затворска казна од пет години https://arhiva3.republika.mk/scena/film/boldvin-ofitsijalno-obvinet-za-ubistvo-od-nebrezhnost-mu-se-zakanuva-zatvorska-kazna-od-pet-godini/ Wed, 01 Feb 2023 11:49:55 +0000 https://republika.mk/?p=603333

Алек Болдвин е официјално обвинет за убиство од небрежност за убиство на Халина Хачинс на сетот на нивниот филм Rust во октомври 2021 година.

Обвинителите во Санта Фе, Ново Мексико денеска официјално ги поднесоа обвиненијата.

Тие ја објавија својата намера да го обвинат Болдвин претходно овој месец, но го одложија поднесувањето на случајот за да си дадат време да ја објаснат контроверзната одлука.

Болдвин вети дека ќе се бори против обвиненијата.

Тој вели дека никогаш не го повлекол чкрапалото и дека тоа било трагична несреќа.

Доколку биде прогласен за виновен, му се заканува затворска казна до пет години. Обвинет беше и пиштолот Хана Гутиерез-Рид.

The post Болдвин официјално обвинет за убиство од небрежност, му се заканува затворска казна од пет години appeared first on Република.

]]>

Алек Болдвин е официјално обвинет за убиство од небрежност за убиство на Халина Хачинс на сетот на нивниот филм Rust во октомври 2021 година. Обвинителите во Санта Фе, Ново Мексико денеска официјално ги поднесоа обвиненијата. Тие ја објавија својата намера да го обвинат Болдвин претходно овој месец, но го одложија поднесувањето на случајот за да си дадат време да ја објаснат контроверзната одлука. Болдвин вети дека ќе се бори против обвиненијата. Тој вели дека никогаш не го повлекол чкрапалото и дека тоа било трагична несреќа. Доколку биде прогласен за виновен, му се заканува затворска казна до пет години. Обвинет беше и пиштолот Хана Гутиерез-Рид.

The post Болдвин официјално обвинет за убиство од небрежност, му се заканува затворска казна од пет години appeared first on Република.

]]>
Обвинение против Панделески, Митревски и Тасковски за предметот „Империја“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/obvinenie-protiv-pandeleski-mitrevski-i-taskovski-za-predmetot-imperija/ Wed, 21 Dec 2022 18:45:15 +0000 https://republika.mk/?p=588527

Сопственикот на „Пелистерка“ Цветан Панделески, сопственик на компанија Зоранчо Митревски и берзанскиот брокер Јованче Тасковски, се тројцата против кои Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција поднесе обвинение за „Империја“. Од 19 лица кои биле во предистражната постапка само овие тројца осомничени ќе ја докажуваат невиноста пред суд. Панделески се гони за злоупотреба на службена положба, перење пари и измама. Митревски се гони за злоупотреба на службена положба и овластување и перење пари. Брокерот Митревски се гони за овие две дела, како и за измама.

Според опишаните дејствија во Обвинителниот акт прво и второобвинетиот и веќе едно осудено лице, во периодот од месец мај до месец август 2013 година како соизвршители ги искористиле своите овластувања како одговорни лица – членови на Одбор на директори на правно лице и претставници на акционерскиот капитал. Тие заедно по претходен договор, со умисла помогнати од сведок – соработник на правдата и веќе осудено лице во предметот, прибавиле значителна имотна корист во износ од 4.000.000 евра за три правни лица, а на штета на оштетеното правно лице и 150 малцински акционери. Со намера да го прикријат изворот од казненото дело, прво и второобвинетиот паричните средства ги пренесувале на жиро сметки на други правни лица. Во периодот од месец октомври 2013 година до месец јануари 2014 година двајца сведоци – соработници на правдата, заедно, како соизвршители со прво и третообвинетиот, со намера за себе и за друг да прибават значителна противправна имотна корист, довеле во заблуда едно физичко и едно правно лице. Со цел по пониска цена да ги земат акциите што во друго правно лице ги поседувале оштетената и оштетеното правно лице, лажно прикажувајќи факти ја довеле во заблуда оштетената да преземе дејствија со кои нанела значителна имотна штета од 283.591.535,00 денари на себе си и правното лице за сметка на акциите што ги поседувале и што биле продадени на физички и правни лица за износ од 433.592.465,00 денари, велат од ОЈО-ГОКК.

Обвинителката Лиле Стефанова, која го водеше предметот, посочува и како парите се префрлувале во Белизе.

Откако со извршување на кривичното дело измама била прибавена корист за правно лице во кое еден од сведоците на правдата бил сопственик и управител, за да ги прикрие парите дека потекнуваат од кривично дело, по основ на позајмици ги пренел на три правни и едно физичко лице, а потоа уделот од правното лице што го поседувал го пренел на трите правни лица на кои им биле дадени позајмици, па откако имотната корист прибавена со кривичното дело им била исплатена како дивиденда од по 107.833.000,00 денари, правното лице било пренесено на оф шор компанија од Белизе и ликвидирано. Паричните средства прибавени од кривично дело и исплатени по основ на дивидендата на правното лице каде членовите на семсјтвото на првообвинетиот биле сопственици,за да се прикрие дека потекнуваат од кривично дело по насоки на првообвинетиот 62.000.000,00 денари по основ на позајмица биле префрлени на неговата лична сметка, а останатите во износ од 45.833.000,00 денари правното лице ги пуштило во оптек за плаќање по разни основи, соопштуваат од ОЈО-ГОКК.

Од досегашните постапки во предметот „Империја“ , освен Обвинителниот акт против три лица произлегоа: пресуди за седум лица врз основа на предлог спогодби, истражната постапка што се однесува за МПМ и е против четири лица, меѓу кои едно лице е сведок – соработник на правдата во друг дел од предметот, е доставена на надлежно постапување во Основното јавно обвинителство Скопје, за две лица донесена е Наредба за запирање на истражната постапка врз основа на чл.304 бидејќи за дејствијата што им се ставаат на товар извршени во период 2002-2004 веќе е донесено решение за истата работа од страна на друго обвинителство, за едно лице истражната постапка е запрена поради настапување на застареност на кривично гонење, за две лица меѓу кои е и лице кое за дел од истражната постапка се спогоди со обвинителствотое донесена Наредба за прекин на истрага поради настапување на околности што привремено го спречуваат кривичното гонење, а се однесува на укинувањето на пресудата за предметот Трезор каде против лицето се водеше постапка за предикативното дело на кривичното дело Перење пари , а во овој предмет се овде за перење и други приноси од казниво дело опфатено во овој предмет и за дејствија од 2009-2015 година за три лица меѓу кои се и двајца сведоци – соработници на правдата се донесени решенија за непреземање на кривично гонење.

Воедно, со одлука на судот, а по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во корист на РС Македонија е конфискуван имот во вредност од 10.676.653,00 евра, а со Обвинителниот акт е доставен и предлог во корист на државата од тројцата обвинети да се конфискува имот во вкупна вредност од 292.333.000,00 денари или 4.753.382 евра, додава Обвинителството.

The post Обвинение против Панделески, Митревски и Тасковски за предметот „Империја“ appeared first on Република.

]]>

Сопственикот на „Пелистерка“ Цветан Панделески, сопственик на компанија Зоранчо Митревски и берзанскиот брокер Јованче Тасковски, се тројцата против кои Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција поднесе обвинение за „Империја“. Од 19 лица кои биле во предистражната постапка само овие тројца осомничени ќе ја докажуваат невиноста пред суд. Панделески се гони за злоупотреба на службена положба, перење пари и измама. Митревски се гони за злоупотреба на службена положба и овластување и перење пари. Брокерот Митревски се гони за овие две дела, како и за измама. Според опишаните дејствија во Обвинителниот акт прво и второобвинетиот и веќе едно осудено лице, во периодот од месец мај до месец август 2013 година како соизвршители ги искористиле своите овластувања како одговорни лица – членови на Одбор на директори на правно лице и претставници на акционерскиот капитал. Тие заедно по претходен договор, со умисла помогнати од сведок – соработник на правдата и веќе осудено лице во предметот, прибавиле значителна имотна корист во износ од 4.000.000 евра за три правни лица, а на штета на оштетеното правно лице и 150 малцински акционери. Со намера да го прикријат изворот од казненото дело, прво и второобвинетиот паричните средства ги пренесувале на жиро сметки на други правни лица. Во периодот од месец октомври 2013 година до месец јануари 2014 година двајца сведоци – соработници на правдата, заедно, како соизвршители со прво и третообвинетиот, со намера за себе и за друг да прибават значителна противправна имотна корист, довеле во заблуда едно физичко и едно правно лице. Со цел по пониска цена да ги земат акциите што во друго правно лице ги поседувале оштетената и оштетеното правно лице, лажно прикажувајќи факти ја довеле во заблуда оштетената да преземе дејствија со кои нанела значителна имотна штета од 283.591.535,00 денари на себе си и правното лице за сметка на акциите што ги поседувале и што биле продадени на физички и правни лица за износ од 433.592.465,00 денари, велат од ОЈО-ГОКК. Обвинителката Лиле Стефанова, која го водеше предметот, посочува и како парите се префрлувале во Белизе. Откако со извршување на кривичното дело измама била прибавена корист за правно лице во кое еден од сведоците на правдата бил сопственик и управител, за да ги прикрие парите дека потекнуваат од кривично дело, по основ на позајмици ги пренел на три правни и едно физичко лице, а потоа уделот од правното лице што го поседувал го пренел на трите правни лица на кои им биле дадени позајмици, па откако имотната корист прибавена со кривичното дело им била исплатена како дивиденда од по 107.833.000,00 денари, правното лице било пренесено на оф шор компанија од Белизе и ликвидирано. Паричните средства прибавени од кривично дело и исплатени по основ на дивидендата на правното лице каде членовите на семсјтвото на првообвинетиот биле сопственици,за да се прикрие дека потекнуваат од кривично дело по насоки на првообвинетиот 62.000.000,00 денари по основ на позајмица биле префрлени на неговата лична сметка, а останатите во износ од 45.833.000,00 денари правното лице ги пуштило во оптек за плаќање по разни основи, соопштуваат од ОЈО-ГОКК. Од досегашните постапки во предметот „Империја“ , освен Обвинителниот акт против три лица произлегоа: пресуди за седум лица врз основа на предлог спогодби, истражната постапка што се однесува за МПМ и е против четири лица, меѓу кои едно лице е сведок – соработник на правдата во друг дел од предметот, е доставена на надлежно постапување во Основното јавно обвинителство Скопје, за две лица донесена е Наредба за запирање на истражната постапка врз основа на чл.304 бидејќи за дејствијата што им се ставаат на товар извршени во период 2002-2004 веќе е донесено решение за истата работа од страна на друго обвинителство, за едно лице истражната постапка е запрена поради настапување на застареност на кривично гонење, за две лица меѓу кои е и лице кое за дел од истражната постапка се спогоди со обвинителствотое донесена Наредба за прекин на истрага поради настапување на околности што привремено го спречуваат кривичното гонење, а се однесува на укинувањето на пресудата за предметот Трезор каде против лицето се водеше постапка за предикативното дело на кривичното дело Перење пари , а во овој предмет се овде за перење и други приноси од казниво дело опфатено во овој предмет и за дејствија од 2009-2015 година за три лица меѓу кои се и двајца сведоци – соработници на правдата се донесени решенија за непреземање на кривично гонење. Воедно, со одлука на судот, а по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во корист на РС Македонија е конфискуван имот во вредност од 10.676.653,00 евра, а со Обвинителниот акт е доставен и предлог во корист на државата од тројцата обвинети да се конфискува имот во вкупна вредност од 292.333.000,00 денари или 4.753.382 евра, додава Обвинителството.

The post Обвинение против Панделески, Митревски и Тасковски за предметот „Империја“ appeared first on Република.

]]>
Стигна обвинението против поранешниот ген-сек, Зеќири го оштетил буџетот за скоро 1,5 милиони евра https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/stigna-obvinenieto-protiv-poraneshniot-gen-sek-zekjiri-go-oshtetil-budzetot-za-skoro-1-5-milioni-evra/ Tue, 04 Oct 2022 10:50:53 +0000 https://republika.mk/?p=557197

По спроведена истражна постапка и извршен увид од страна на обвинетиот и неговата одбрана, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против поранешен генерален секретар на Владата за злоупотреба на службена положба и овластување.

Според описот во Обвинителниот акт, обвинетиот се товари дека сторил продолжено кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.5 в.в. со ст.3 в.в. со ст.1 в.в. со чл.45 од Кривичниот законик. Обвинетиот како службено лице – Генерален секретар на Владата на РСМ, со умисла извршил две временски поврзани дејствија што претставуваат повеќекратно остварување на исто дело. Тој, во периодот од април 2021 година до март 2022 година, искористувајќи ја својата службена положба и овластување постапил спротивно на одредбите од Законот за јавни набавки и во два наврата, без спроведување соодветна постапка за јавна набавка во која на конкурентен начин би се одбрало правно лице за спроведување на потребните активности, склучил два договора со две правни лица како даватели на услуги, соопштија денеска од Јавното обвинителство.

Како што појаснуваат, на 04.05.2021 година, обвинетиот, без да спроведе постапка за јавна набавка, со умисла потпомогнат од осомничените хрватски државјани, недостапни на органите на прогон, склучил договор за консултантски услуги со правно лице на износ од 795.000 евра без ДДВ во денарска противвредност. Ова правно лице, во кое еден од осомничените хрватски државјани е соосновач и управител, било основано дваесет дена пред склучувањето на Договорот.

По склучениот договор, правното лице склучило Договор за консултантски услуги за постапка на процена на вредноста, како и длабинско снимање на АД Пошта со вториот осомничен хрватски државјанин, за износ од 130.000 евра во денарска противвредност. Во критичниот период, во повеќе наврати од сметката на Владата на РСМ се исплаќани парични средства на сметката на правното лице, со што за правното лице е прибавена значителна противправна имотна корист во вкупен износ од 57.932.100,00 денари, што го претставува износот согласно договорот зголемен за 18 проценти ДДВ, а за кој износ е оштетен Буџетот на РСМ, се наведува во соопштението.

Вториот Договор за консултантски услуги е за поддршка во процесот на потенцијална приватизација на Железници на РСМ Транспорт АД Скопје и бил склучен наредниот месец, односно на 23.06.2021 година, со друго правно лице како давател на услуги (консултант).

Договорот, информираат од Јавното обвинителство, бил со вкупна вредност во износ од 772.400 евра во денарска противвредност без пресметан ДДВ.

На сметка на ова правно лице Владата на РСМ врз основа на издадена фактура првично исплатила аванс од 11.284.162,00 денари за одржување на почетен состанок со правното лице, односно за официјално започнување на проектот, а потоа врз основа на уште четири фактури биле исплатени буџетски средства во износ од 26.247.138,00 денари, за кој износ е оштетен Буџетот на РСМ, се посочува во соопштението.

Со опишаните дејствија обвинетиот прибавил противправна имотна корист од значителна вредност за двете правни лица во вкупен износ од 89.385.255,00 денари, за колку и го оштетил Буџетот на РСМ.

Од Јавното обвинителство информираат дека сметајќи оти се уште постојат околностите врз основа на кои на обвинетиот му беше определена мерката куќен притвор, предметниот обвинител на судот му предложи нејзино продолжување.​

The post Стигна обвинението против поранешниот ген-сек, Зеќири го оштетил буџетот за скоро 1,5 милиони евра appeared first on Република.

]]>

По спроведена истражна постапка и извршен увид од страна на обвинетиот и неговата одбрана, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против поранешен генерален секретар на Владата за злоупотреба на службена положба и овластување.
Според описот во Обвинителниот акт, обвинетиот се товари дека сторил продолжено кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.5 в.в. со ст.3 в.в. со ст.1 в.в. со чл.45 од Кривичниот законик. Обвинетиот како службено лице – Генерален секретар на Владата на РСМ, со умисла извршил две временски поврзани дејствија што претставуваат повеќекратно остварување на исто дело. Тој, во периодот од април 2021 година до март 2022 година, искористувајќи ја својата службена положба и овластување постапил спротивно на одредбите од Законот за јавни набавки и во два наврата, без спроведување соодветна постапка за јавна набавка во која на конкурентен начин би се одбрало правно лице за спроведување на потребните активности, склучил два договора со две правни лица како даватели на услуги, соопштија денеска од Јавното обвинителство.
Како што појаснуваат, на 04.05.2021 година, обвинетиот, без да спроведе постапка за јавна набавка, со умисла потпомогнат од осомничените хрватски државјани, недостапни на органите на прогон, склучил договор за консултантски услуги со правно лице на износ од 795.000 евра без ДДВ во денарска противвредност. Ова правно лице, во кое еден од осомничените хрватски државјани е соосновач и управител, било основано дваесет дена пред склучувањето на Договорот.
По склучениот договор, правното лице склучило Договор за консултантски услуги за постапка на процена на вредноста, како и длабинско снимање на АД Пошта со вториот осомничен хрватски државјанин, за износ од 130.000 евра во денарска противвредност. Во критичниот период, во повеќе наврати од сметката на Владата на РСМ се исплаќани парични средства на сметката на правното лице, со што за правното лице е прибавена значителна противправна имотна корист во вкупен износ од 57.932.100,00 денари, што го претставува износот согласно договорот зголемен за 18 проценти ДДВ, а за кој износ е оштетен Буџетот на РСМ, се наведува во соопштението.
Вториот Договор за консултантски услуги е за поддршка во процесот на потенцијална приватизација на Железници на РСМ Транспорт АД Скопје и бил склучен наредниот месец, односно на 23.06.2021 година, со друго правно лице како давател на услуги (консултант). Договорот, информираат од Јавното обвинителство, бил со вкупна вредност во износ од 772.400 евра во денарска противвредност без пресметан ДДВ.
На сметка на ова правно лице Владата на РСМ врз основа на издадена фактура првично исплатила аванс од 11.284.162,00 денари за одржување на почетен состанок со правното лице, односно за официјално започнување на проектот, а потоа врз основа на уште четири фактури биле исплатени буџетски средства во износ од 26.247.138,00 денари, за кој износ е оштетен Буџетот на РСМ, се посочува во соопштението.
Со опишаните дејствија обвинетиот прибавил противправна имотна корист од значителна вредност за двете правни лица во вкупен износ од 89.385.255,00 денари, за колку и го оштетил Буџетот на РСМ. Од Јавното обвинителство информираат дека сметајќи оти се уште постојат околностите врз основа на кои на обвинетиот му беше определена мерката куќен притвор, предметниот обвинител на судот му предложи нејзино продолжување.​

The post Стигна обвинението против поранешниот ген-сек, Зеќири го оштетил буџетот за скоро 1,5 милиони евра appeared first on Република.

]]>
JO: Сопственикот на „Беса-транс“ ќе одговара за фалсификување исправа https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/jo-sopstvenikot-na-besa-trans-kje-odgovara-za-falsifikuvanje-isprava/ Mon, 05 Sep 2022 13:26:59 +0000 https://republika.mk/?p=547672

Сопственикот на фирмата „Беса-транс“, во чиј автобус во Бугарија лани во ноември загинаа 45 патници, меѓу кои и 12 деца, ќе одговара за фалсификување исправа откако Скопското обвинителство ја заврши истрагата и поднесе обвинение до судот.

Обвинетиот употребувал лажна лиценца за вршење на јавен превоз во меѓународниот сообраќај, која што воопшто не била издадена од Министерството за транспорт и врски.

Сопственикот лажната лиценца им ја давал на шоферите на автобусот и со неа тие ја преминувале државната граница.

Со опишаните дејствија обвинетиот сторил кривично дело – Фалсификување исправа по чл. 378 ст.3 вв со ст.1 вв со чл. 45 од Кривичниот законик, а правниот субјект сторил кривично дело – Фалсификување исправа по чл. 378 ст. 4 вв со ст.3 вв со ст.1 вв со чл. 45 од Кривичниот законик“, соопштуваат од Јавното обвинителство.

The post JO: Сопственикот на „Беса-транс“ ќе одговара за фалсификување исправа appeared first on Република.

]]>

Сопственикот на фирмата „Беса-транс“, во чиј автобус во Бугарија лани во ноември загинаа 45 патници, меѓу кои и 12 деца, ќе одговара за фалсификување исправа откако Скопското обвинителство ја заврши истрагата и поднесе обвинение до судот. Обвинетиот употребувал лажна лиценца за вршење на јавен превоз во меѓународниот сообраќај, која што воопшто не била издадена од Министерството за транспорт и врски. Сопственикот лажната лиценца им ја давал на шоферите на автобусот и со неа тие ја преминувале државната граница.
Со опишаните дејствија обвинетиот сторил кривично дело – Фалсификување исправа по чл. 378 ст.3 вв со ст.1 вв со чл. 45 од Кривичниот законик, а правниот субјект сторил кривично дело – Фалсификување исправа по чл. 378 ст. 4 вв со ст.3 вв со ст.1 вв со чл. 45 од Кривичниот законик“, соопштуваат од Јавното обвинителство.

The post JO: Сопственикот на „Беса-транс“ ќе одговара за фалсификување исправа appeared first on Република.

]]>
Обвивение против монструм: Со месеци ја малтретирал и тепал девојката, ѝ забранувал да излезе од дома https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/obvivenie-protiv-monstrum-so-meseci-ja-maltretiral-i-tepal-devojkata-zabranuval-da-izleze-od-doma/ Wed, 24 Aug 2022 13:00:43 +0000 https://republika.mk/?p=543688

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило продолжени кривични дела „противправно лишување од слобода“ и „телесна повреда“.

Обвинетиот, како што е наведено во соопштението од Обвинителството, во периодот од 10.10.2021 година до 12.03.2022 година, при вршење семејно насилство, во два наврати и ја ограничил слободата на движење и телесно ја повредил оштетената со која живеел во вонбрачна заедница. Физички ја напаѓал оштетената, удирајќи ја со тупаници по главата и телото и нанесувајќи и телесни повреди, а потоа и забранувал со денови да го напушта заедничкиот дом.

Надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје заедно со поднесеното обвинение доставил и предлог за определување мерка притвор за обвинетото лице.

The post Обвивение против монструм: Со месеци ја малтретирал и тепал девојката, ѝ забранувал да излезе од дома appeared first on Република.

]]>

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило продолжени кривични дела „противправно лишување од слобода“ и „телесна повреда“. Обвинетиот, како што е наведено во соопштението од Обвинителството, во периодот од 10.10.2021 година до 12.03.2022 година, при вршење семејно насилство, во два наврати и ја ограничил слободата на движење и телесно ја повредил оштетената со која живеел во вонбрачна заедница. Физички ја напаѓал оштетената, удирајќи ја со тупаници по главата и телото и нанесувајќи и телесни повреди, а потоа и забранувал со денови да го напушта заедничкиот дом. Надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје заедно со поднесеното обвинение доставил и предлог за определување мерка притвор за обвинетото лице.

The post Обвивение против монструм: Со месеци ја малтретирал и тепал девојката, ѝ забранувал да излезе од дома appeared first on Република.

]]>
Покренато обвинение за пожарот во тетовската болница https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pokrenato-obvinenie-za-pozarot-vo-tetovskata-bolnica/ Wed, 27 Jul 2022 15:18:48 +0000 https://republika.mk/?p=533920

Безмалку една година од пожарот што ја зафати модуларната болница во Тетово, тетовското јавно обвинителство денеска поднесе обвинение против тројца одговорни во болницата но и против здравствената установа а поради избувнувањето на пожарот што се случи на 8 септември 2021 година.

- „ОЈО Тетово до надлежниот суд поднесе Обвинителен предлог против тројца обвинети. Првите двајца се товарат дека сториле по едно кривично дело „Тешки дела против општата сигурност“ а третиот обвинет сторил кривично дело „Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. Што се однесува до правното лице, тоа ќе се гони за кривично дело „Предизвикување општа опасност“ и за „Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, велат од ОЈО Тетово.

Според извшетјаот на експертите од крим техниката, пожарот настанал како последица од куса електрична врска преку висок преоден отпор во приклучниот кабел на дефибрилатор со кој се вршела реанимација на пациент во една од болничките соби. Во истрагата беа вклучени и германски истражители чиј извештај не беше јавно објавен. Во пожарот изгореа 14 луѓе. 12 беа пациенти и двајца придружба на ковид заразените.

The post Покренато обвинение за пожарот во тетовската болница appeared first on Република.

]]>

Безмалку една година од пожарот што ја зафати модуларната болница во Тетово, тетовското јавно обвинителство денеска поднесе обвинение против тројца одговорни во болницата но и против здравствената установа а поради избувнувањето на пожарот што се случи на 8 септември 2021 година.
- „ОЈО Тетово до надлежниот суд поднесе Обвинителен предлог против тројца обвинети. Првите двајца се товарат дека сториле по едно кривично дело „Тешки дела против општата сигурност“ а третиот обвинет сторил кривично дело „Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. Што се однесува до правното лице, тоа ќе се гони за кривично дело „Предизвикување општа опасност“ и за „Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, велат од ОЈО Тетово.
Според извшетјаот на експертите од крим техниката, пожарот настанал како последица од куса електрична врска преку висок преоден отпор во приклучниот кабел на дефибрилатор со кој се вршела реанимација на пациент во една од болничките соби. Во истрагата беа вклучени и германски истражители чиј извештај не беше јавно објавен. Во пожарот изгореа 14 луѓе. 12 беа пациенти и двајца придружба на ковид заразените.

The post Покренато обвинение за пожарот во тетовската болница appeared first on Република.

]]>