обуки Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/obuki/ За подобро да се разбереме Mon, 30 Oct 2023 12:27:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png обуки Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/obuki/ 32 32 СЗО и УНИЦЕФ почнаа со обуки на жени-лидерки за подигнување на свеста за менталното здравје, по алармантните податоци за осаменоста на тинејџерите https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/szo-i-unitsef-pochnaa-so-obuki-na-zheni-liderki-za-podignuvane-na-svesta-za-mentalnoto-zdravje-po-alarmantnite-podatotsi-za-osamenosta-na-tinejdherite/ Mon, 30 Oct 2023 12:27:14 +0000 https://republika.mk/?p=696283

Канцеларијата на Светската здравствена организација (СЗО) во Македонија и Фондот за децата на Обединетите нации (УНИЦЕФ) почнаа со обуки на жени-лидерки со цел поддршка и подигнување на свеста за менталното здравје на тинејџерите.

Како дел од Заедничката глобална иницијатива на СЗО и УНИЦЕФ за ментално здравје и психосоцијална добросостојба и развој на децата и адолесцентите, воспоставуваме соработка со жени-лидери од одбрани локални заедници и им помагаме да ја подигнат јавната свест за важноста на превенцијата и навремениот третман на проблеми поврзани со менталното здравје. Целта ни е да им обезбедиме на ангажираните жени-лидери знаење и алатки и да ги охрабриме да го кренат гласот во средините каде живеат за оваа значајна тема, соопштија од канцеларијата на СЗО во Македонија.

Обуката денеска беше организирана во хотел „Солун“ во Скопје и како што велат, е појдовна основа за една последователна низа активности во општините Битола, Карпош (Скопје), Гостивар и Крива Паланка, во кои, во текот на ноември 2023. година, ќе се одржат форуми во заедниците со жени-лидери, како и разговори со претставници на училиштата коишто го унапредуваат здравјето. Ваквите активности ќе продолжат и во 2024 година во други општини.

Според последниот попис на населението спроведен во 2021 година, околу една петтина од вкупното население во Македонија го сочинуваат деца и адолесценти, а повеќе од една третина се лица помлади од 30 години.

Според последното истражување што го спроведе Универзитетската клиника за психијатрија со поддршка од УНИЦЕФ, околу 30% од адолесцентите имаат умерени до тешки симптоми на депресија, додека скоро половината од нив, односно 48,4%, изјавиле дека се чувствувале потиштено или тажно подолг временски период во текот на изминатата година.

Најновите резултатите од последното истражување за однесувањето на децата од училишна возраст (на 11, 13 и 15 г.) во нашата земја, спроведено со поддршка на УНФПА, објавени минатата недела, покажаа дека дури 57% од девојчињата на 15 години пријавиле чести нерасположенија, речиси секојдневно во последните шест месеци. И задоволството од животот опаѓа со возраста од 11 до 15 години, кај девојчињата многу побрзо отколку кај момчињата.

Ова е одлична можност да се искористи на најдобар начин потенцијалот на жените-лидери во заедницата за остварување позитивен исчекор во една важна област како што е поддршката за подобро ментално здравје на децата и адолесцентите. Веруваме дека тие имаат длабоко разбирање за културната и социјалната динамика во рамките на заедниците во коишто живеат, и ќе бидат гласни застапници за ментално здравје, смета д-р Ане Јохансен, специјален претставник на СЗО во Македонија, по повод отворањето на првата работилница за обука.

Според Патриција ДиЏовани, претставничка на УНИЦЕФ во Македониа, преземањето активности за превенција и поддршка во заедницата и во училиштата е од големо значење за менталното здравје и психосоцијалната добросотојба на децата, а особено на девојчињата и момчињата во ранливите ситуации.

Истражувањата исто така покажуваат дека менталното здравје на родителите и згрижувачите е од корист за сите. Затоа ни се потребни услуги во областа на менталното здравјте прилагодени на специфичните потреби на децата и на адолесцентите. Но истотака, потребно е да се разбие стигмата околу менталните болести и менталното здравје, за да се промовира здрава и поддржувачка средина којашто ја негува општата добросотојба на децата, нивните згрижувачи и општеството во целина, смета ДиЏовани.

Министерството за здравство во соработка со Министерството за образование и Министерството за труд и социјална политика, презеде обврска да изготви „Национален акциски план за ментално здравје и психосоцијална добросостојба на децата“ и адолесцентите до декември 2023 година, сакајќи да им помогне на сите деца и адолесценти од гледна точка на трите сектори: здравство, образование и социјална заштита.

Наша обврска е да бидеме проактивни во оваа област и да создадеме подобар и поповолен амбиент за нашите деца. Секое девојче и момче го заслужува правото да биде поддржано и да расте во безбедна и здрава средина!, изјави д-р Фатмир Меџити, министер за здравство.

 

The post СЗО и УНИЦЕФ почнаа со обуки на жени-лидерки за подигнување на свеста за менталното здравје, по алармантните податоци за осаменоста на тинејџерите appeared first on Република.

]]>

Канцеларијата на Светската здравствена организација (СЗО) во Македонија и Фондот за децата на Обединетите нации (УНИЦЕФ) почнаа со обуки на жени-лидерки со цел поддршка и подигнување на свеста за менталното здравје на тинејџерите.
Како дел од Заедничката глобална иницијатива на СЗО и УНИЦЕФ за ментално здравје и психосоцијална добросостојба и развој на децата и адолесцентите, воспоставуваме соработка со жени-лидери од одбрани локални заедници и им помагаме да ја подигнат јавната свест за важноста на превенцијата и навремениот третман на проблеми поврзани со менталното здравје. Целта ни е да им обезбедиме на ангажираните жени-лидери знаење и алатки и да ги охрабриме да го кренат гласот во средините каде живеат за оваа значајна тема, соопштија од канцеларијата на СЗО во Македонија.
Обуката денеска беше организирана во хотел „Солун“ во Скопје и како што велат, е појдовна основа за една последователна низа активности во општините Битола, Карпош (Скопје), Гостивар и Крива Паланка, во кои, во текот на ноември 2023. година, ќе се одржат форуми во заедниците со жени-лидери, како и разговори со претставници на училиштата коишто го унапредуваат здравјето. Ваквите активности ќе продолжат и во 2024 година во други општини. Според последниот попис на населението спроведен во 2021 година, околу една петтина од вкупното население во Македонија го сочинуваат деца и адолесценти, а повеќе од една третина се лица помлади од 30 години. Според последното истражување што го спроведе Универзитетската клиника за психијатрија со поддршка од УНИЦЕФ, околу 30% од адолесцентите имаат умерени до тешки симптоми на депресија, додека скоро половината од нив, односно 48,4%, изјавиле дека се чувствувале потиштено или тажно подолг временски период во текот на изминатата година. Најновите резултатите од последното истражување за однесувањето на децата од училишна возраст (на 11, 13 и 15 г.) во нашата земја, спроведено со поддршка на УНФПА, објавени минатата недела, покажаа дека дури 57% од девојчињата на 15 години пријавиле чести нерасположенија, речиси секојдневно во последните шест месеци. И задоволството од животот опаѓа со возраста од 11 до 15 години, кај девојчињата многу побрзо отколку кај момчињата.
Ова е одлична можност да се искористи на најдобар начин потенцијалот на жените-лидери во заедницата за остварување позитивен исчекор во една важна област како што е поддршката за подобро ментално здравје на децата и адолесцентите. Веруваме дека тие имаат длабоко разбирање за културната и социјалната динамика во рамките на заедниците во коишто живеат, и ќе бидат гласни застапници за ментално здравје, смета д-р Ане Јохансен, специјален претставник на СЗО во Македонија, по повод отворањето на првата работилница за обука.
Според Патриција ДиЏовани, претставничка на УНИЦЕФ во Македониа, преземањето активности за превенција и поддршка во заедницата и во училиштата е од големо значење за менталното здравје и психосоцијалната добросотојба на децата, а особено на девојчињата и момчињата во ранливите ситуации.
Истражувањата исто така покажуваат дека менталното здравје на родителите и згрижувачите е од корист за сите. Затоа ни се потребни услуги во областа на менталното здравјте прилагодени на специфичните потреби на децата и на адолесцентите. Но истотака, потребно е да се разбие стигмата околу менталните болести и менталното здравје, за да се промовира здрава и поддржувачка средина којашто ја негува општата добросотојба на децата, нивните згрижувачи и општеството во целина, смета ДиЏовани.
Министерството за здравство во соработка со Министерството за образование и Министерството за труд и социјална политика, презеде обврска да изготви „Национален акциски план за ментално здравје и психосоцијална добросостојба на децата“ и адолесцентите до декември 2023 година, сакајќи да им помогне на сите деца и адолесценти од гледна точка на трите сектори: здравство, образование и социјална заштита.
Наша обврска е да бидеме проактивни во оваа област и да создадеме подобар и поповолен амбиент за нашите деца. Секое девојче и момче го заслужува правото да биде поддржано и да расте во безбедна и здрава средина!, изјави д-р Фатмир Меџити, министер за здравство.
 

The post СЗО и УНИЦЕФ почнаа со обуки на жени-лидерки за подигнување на свеста за менталното здравје, по алармантните податоци за осаменоста на тинејџерите appeared first on Република.

]]>
Кинотека врши обуки за проектот како да се зачуваат „спомените“ на човештвото- аматерските и полуаматерските, домашни, филмски записи https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/kinoteka-vrshi-obuki-za-proektot-kako-da-se-zachuvaat-spomenite-na-choveshtvoto-amaterskite-i-poluamaterskite-domashni-filmski-zapisi/ Thu, 20 Jul 2023 08:55:50 +0000 https://republika.mk/?p=663419

Кинотека на Македонија по прв пат е дел од проект во рамките на ЕРАЗМУС + програмата, подржана од Европската Унија. Проектот е од областа на стручното образование и обуки и е во соработка со партнери од Бугарија (СОКИ од Бугарија се раководители на проектот), Германија и Холандија. Евтината дигитализација на стари филмови реферира на дигитализација на 8-милиметарски и 16-милиметарски филмски ленти како и магнетни носачи на слика (VHS, BETA, S-VHS, SUPER8…). Проектот се реализира преку развој на дигитална подготвеност, одржливост и капацитет и произведува систем за управување со учење и онлајн алатки за оценување. Секој учесник во проектот развива (снима) филмови за полесно прифаќање на разработените содржини т.е. евтината дигитализација на наведените домашни филмски формати и развива туторијали за темата како на пример: Подготовка на материјали за дигитализација, Селекција и приоритизација на филмски материјали, Зачувајте ги спомените, Дигитализација, Десеминација на дигитализираните материјали... Овие алатки се во склад со денешните тенденции за дигитално образование. Пристапот за обука на корисниците на проектот се заснова на отворено учење и учење на далечина. Содржините на проектот го прават учењето флексибилно и приспособливо.

Проектот обработува важна тема не само за Европа, туку и за целиот свет: како да се зачуваат „спомените“ на човештвото односно аматерските и полуаматерските, домашни, филмски записи. Ова е глобално популарно во последно време. Многу културни и историски настани се снимени на таканаречени домашни филмови и видеа: историски настани, културни настани, места, луѓе, традиции итн. А пак овие филмови не секогаш се наоѓаат во раце на професионалци како кај нас во Кинотеката. Во светот веќе постојат архиви (кинотеки) посветени само на „домашни филмови“, а еден конгрес на ФИАФ (Светската асоцијација на филмски архиви) беше посветен на овие формати. Меѓународно прилагодените материјали за обука со бесплатен пристап, развиени од страна на проектот, ќе придонесат, во пошироки размери, да ја објаснат потребата од зачувување и дигитализација на ваквите филмови. Производство на такви меѓународно приспособени едукативни материјали ќе бидат корисни за луѓето што ќе го користат проектот.

Проектот развива и интернет платформата на која секој ќе може бесплатно да се обучи во сферата на евтина дигитализација на стари филмови, и истата е веќе функционална за запознавање со проектот (https://mobireel.eu/). Во текот на следниве месеци, обуката ќе биде достапна на пет јазици, меѓу кои и македонскиот. Тој што ќе ја помине целата обука ќе обезбеди поени за себе и со тоа ќе добие сертификат за успешно завршена обука во сферата на стручното континуирано образование. Тоа значи дека овој сертификат ќе биде меѓународно признат и ќе може да се користи во земјите на Европската Унија.

The post Кинотека врши обуки за проектот како да се зачуваат „спомените“ на човештвото- аматерските и полуаматерските, домашни, филмски записи appeared first on Република.

]]>

Кинотека на Македонија по прв пат е дел од проект во рамките на ЕРАЗМУС + програмата, подржана од Европската Унија. Проектот е од областа на стручното образование и обуки и е во соработка со партнери од Бугарија (СОКИ од Бугарија се раководители на проектот), Германија и Холандија. Евтината дигитализација на стари филмови реферира на дигитализација на 8-милиметарски и 16-милиметарски филмски ленти како и магнетни носачи на слика (VHS, BETA, S-VHS, SUPER8…). Проектот се реализира преку развој на дигитална подготвеност, одржливост и капацитет и произведува систем за управување со учење и онлајн алатки за оценување. Секој учесник во проектот развива (снима) филмови за полесно прифаќање на разработените содржини т.е. евтината дигитализација на наведените домашни филмски формати и развива туторијали за темата како на пример: Подготовка на материјали за дигитализација, Селекција и приоритизација на филмски материјали, Зачувајте ги спомените, Дигитализација, Десеминација на дигитализираните материјали... Овие алатки се во склад со денешните тенденции за дигитално образование. Пристапот за обука на корисниците на проектот се заснова на отворено учење и учење на далечина. Содржините на проектот го прават учењето флексибилно и приспособливо. Проектот обработува важна тема не само за Европа, туку и за целиот свет: како да се зачуваат „спомените“ на човештвото односно аматерските и полуаматерските, домашни, филмски записи. Ова е глобално популарно во последно време. Многу културни и историски настани се снимени на таканаречени домашни филмови и видеа: историски настани, културни настани, места, луѓе, традиции итн. А пак овие филмови не секогаш се наоѓаат во раце на професионалци како кај нас во Кинотеката. Во светот веќе постојат архиви (кинотеки) посветени само на „домашни филмови“, а еден конгрес на ФИАФ (Светската асоцијација на филмски архиви) беше посветен на овие формати. Меѓународно прилагодените материјали за обука со бесплатен пристап, развиени од страна на проектот, ќе придонесат, во пошироки размери, да ја објаснат потребата од зачувување и дигитализација на ваквите филмови. Производство на такви меѓународно приспособени едукативни материјали ќе бидат корисни за луѓето што ќе го користат проектот. Проектот развива и интернет платформата на која секој ќе може бесплатно да се обучи во сферата на евтина дигитализација на стари филмови, и истата е веќе функционална за запознавање со проектот (https://mobireel.eu/). Во текот на следниве месеци, обуката ќе биде достапна на пет јазици, меѓу кои и македонскиот. Тој што ќе ја помине целата обука ќе обезбеди поени за себе и со тоа ќе добие сертификат за успешно завршена обука во сферата на стручното континуирано образование. Тоа значи дека овој сертификат ќе биде меѓународно признат и ќе може да се користи во земјите на Европската Унија.

The post Кинотека врши обуки за проектот како да се зачуваат „спомените“ на човештвото- аматерските и полуаматерските, домашни, филмски записи appeared first on Република.

]]>