обука за медицински персонал Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/obuka-za-meditsinski-personal/ За подобро да се разбереме Tue, 27 Feb 2024 14:17:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png обука за медицински персонал Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/obuka-za-meditsinski-personal/ 32 32 Во тек се обуки и едукација на здравствениот персонал што работи на трансплантација на органи https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/vo-tek-se-obuki-i-edukatsija-na-zdravstveniot-personal-shto-raboti-na-transplantatsija-na-organi/ Tue, 27 Feb 2024 14:17:56 +0000 https://republika.mk/?p=748969

Во тек е едукација и обука на здравственот персонал вклучен во Програмата за трансплантација, како и активности за зголемување на јавната свест за донирање органи, изјави министерот за здравство Илир Демири.

Тој денеска присуствуваше на стручен состанок посветен на подобрување на Националниот систем за трансплантација.

Демири упати благодарност до сите експерти кои во континуитет даваат стручен придонес во овој процес, а посебно до тимот на проектот за подобрување на националниот систем за трансплантација во земјава.

Трансплантациите во земјава се вршат во јавното здравство во универзитетските клиники. На Клиниката за урологија, во јануари, годинава ја одбележавме јубилејната 500-та трансплантација на бубрег во јавното здравство, а за првпат пред 4 години беше направена и трансплантација на срце, рече Демири.

Демири потенцираше дека органодарителството претставува едно од најголемите достигнувања во медицината.

Органодарителството спасува животи и горд сум што свесноста и важноста сѐ повеќе се зголемува. Продолжуваме да водиме вистинска грижа за пациентите и за здравствените работници“, изјави Демири.

The post Во тек се обуки и едукација на здравствениот персонал што работи на трансплантација на органи appeared first on Република.

]]>

Во тек е едукација и обука на здравственот персонал вклучен во Програмата за трансплантација, како и активности за зголемување на јавната свест за донирање органи, изјави министерот за здравство Илир Демири. Тој денеска присуствуваше на стручен состанок посветен на подобрување на Националниот систем за трансплантација. Демири упати благодарност до сите експерти кои во континуитет даваат стручен придонес во овој процес, а посебно до тимот на проектот за подобрување на националниот систем за трансплантација во земјава.