ОБСЕ/ОДИХР Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/obse-odihr/ За подобро да се разбереме Thu, 25 Apr 2024 06:59:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ОБСЕ/ОДИХР Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/obse-odihr/ 32 32 ОБСЕ/ОДИХР денеска ќе ги соопшти првичните оценки за изборите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/obse-odihr-deneska-ke-gi-soopshti-prvichnite-otsenki-za-izborite/ Thu, 25 Apr 2024 06:59:35 +0000 https://republika.mk/?p=770767

Набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР денеска на прес-конференција во 15 часот ќе ги соопштат првичните согледувања од мониторингот на вчерашниот прв круг претседателски избори во земјава.

Шефицата на мисијата Џилијан Стирк, која ја предводи мисијата на ОДИХР за набљудување на изборите, вчера изјави дека по посетата на неколку избирачки места, оценката е дека почетокот бил добар, но целосна проценка за тоа како се одвивал изборниот процес ќе имаат откако на крајот на денот ќе ги соберат податоците од гласачки места низ целата држава.

Колективно го оценуваме целиот изборен процес, од законодавната рамка до самото спроведување на изборите, вклучувајќи го и финансирањето на кампањата и, секако, улогата на медиумите. Утре ќе ги презентираме нашите првични резултати, ќе одржиме прес-конференција, сите сте добредојдени да ни се придружите таму и ќе има можност за новинарски прашања по кратката изјава што ќе ја дадам јас како и нашите партнери од Советот на Европа, изјави вчера Џилијан Стирк.

ОБСЕ/ОДИХР ги следи претседателските избори со повеќе од 200 набљудувачи распоредени низ сите региони во државава, како и долгорочни набљудувачи кои се тука од отворањето на мисијата, на крајот на март. Тие ги набљудуваат изборите во Македонија оценувајќи ги според меѓународните обврски и домашното законодавство.

The post ОБСЕ/ОДИХР денеска ќе ги соопшти првичните оценки за изборите appeared first on Република.

]]>

Набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР денеска на прес-конференција во 15 часот ќе ги соопштат првичните согледувања од мониторингот на вчерашниот прв круг претседателски избори во земјава. Шефицата на мисијата Џилијан Стирк, која ја предводи мисијата на ОДИХР за набљудување на изборите, вчера изјави дека по посетата на неколку избирачки места, оценката е дека почетокот бил добар, но целосна проценка за тоа како се одвивал изборниот процес ќе имаат откако на крајот на денот ќе ги соберат податоците од гласачки места низ целата држава.
Колективно го оценуваме целиот изборен процес, од законодавната рамка до самото спроведување на изборите, вклучувајќи го и финансирањето на кампањата и, секако, улогата на медиумите. Утре ќе ги презентираме нашите првични резултати, ќе одржиме прес-конференција, сите сте добредојдени да ни се придружите таму и ќе има можност за новинарски прашања по кратката изјава што ќе ја дадам јас како и нашите партнери од Советот на Европа, изјави вчера Џилијан Стирк.
ОБСЕ/ОДИХР ги следи претседателските избори со повеќе од 200 набљудувачи распоредени низ сите региони во државава, како и долгорочни набљудувачи кои се тука од отворањето на мисијата, на крајот на март. Тие ги набљудуваат изборите во Македонија оценувајќи ги според меѓународните обврски и домашното законодавство.  

The post ОБСЕ/ОДИХР денеска ќе ги соопшти првичните оценки за изборите appeared first on Република.

]]>
Тошковски оствари средба со шефот на Мисијата на ОБСЕ-ОДИХР за набљудување на изборите Џилијан Стирк https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/toshkovski-ostvari-sredba-so-shefot-na-misijata-na-obse-odihr-za-nabluduvane-na-izborite-dhilian-stirk/ Fri, 12 Apr 2024 17:11:58 +0000 https://republika.mk/?p=765502

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска оствари работна средба со шефицата на Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР за набљудување на претседателските и парламентарните избори, Џилиан Стирк.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи на средбата, министерот Тошковски ја запознал Стирк со начинот на функционирање на Министерството за внатрешни работи во насока на обезбедување на законито и професионално постапување за организирање и спроведување на фер и демократски изборен процес.

Во тој контекст се заблагодарил за поддршката во изготвувањето на Прирачниците за постапувањето на полицијата за време на избори, истакнувајќи дека тие се добра алатка која значително ќе го олесни овој процес.

Тошковски информирал дека има добра меѓуинституционална соработка со останатите државни институции за кои оценил дека имаат законска улога во учеството на изборниот процес.

The post Тошковски оствари средба со шефот на Мисијата на ОБСЕ-ОДИХР за набљудување на изборите Џилијан Стирк appeared first on Република.

]]>

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска оствари работна средба со шефицата на Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР за набљудување на претседателските и парламентарните избори, Џилиан Стирк. Како што информираат од Министерството за внатрешни работи на средбата, министерот Тошковски ја запознал Стирк со начинот на функционирање на Министерството за внатрешни работи во насока на обезбедување на законито и професионално постапување за организирање и спроведување на фер и демократски изборен процес. Во тој контекст се заблагодарил за поддршката во изготвувањето на Прирачниците за постапувањето на полицијата за време на избори, истакнувајќи дека тие се добра алатка која значително ќе го олесни овој процес. Тошковски информирал дека има добра меѓуинституционална соработка со останатите државни институции за кои оценил дека имаат законска улога во учеството на изборниот процес.

The post Тошковски оствари средба со шефот на Мисијата на ОБСЕ-ОДИХР за набљудување на изборите Џилијан Стирк appeared first on Република.

]]>
Кацарска на средба со шефицата на мисијата за набљудување на изборите при ОБСЕ/ОДИХР, Џилијан Стирк https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/katsarska-na-sredba-so-shefitsata-na-misijata-za-nabluduvane-na-izborite-pri-obse-odihr-dhilijan-stirk/ Fri, 12 Apr 2024 14:12:24 +0000 https://republika.mk/?p=765474

Претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска остварила работна средба со Џилијан Стирк, шефица на Mисијата за набљудување на изборите за претседател на Републиката и пратеници во Собранието при ОБСЕ/ОДИХР.

-Претседателката Кацарска ја информираше Стирк дека Уставниот суд нема надлежност директно да одлучува за изборниот процес, но согласно Уставот, може да одлучува за уставноста на Изборниот законик, односно уставноста и законитоста на друг пропис кој уредува прашања поврзани со изборите, се наведува во соопштението од Судот.

Покрај ова, како што се посочува во соопштението, Судот може да одлучува и за барања поднесени од граѓаните за заштита на слободите и правата утврдени со член 110 алинеја 3 од Уставот, доколку некое од овие слободи и права им се повредени при спроведувањето на изборите.

Како конкретен пример, претседателката на Уставниот суд, го посочила неодамна оформениот предмет за оценување на уставноста и законитоста на Упатството за радиодифузерите за претседателските и парламентарните избори 2024, по повод поднесената иницијатива на независниот претседателски кандидат Билјана Ванковска-Цветковска и политичката партија „Левица”.

На средбата  Кацарска била информирана за тековните и планираните активности на Мисијата, поврзани со претстојните избори.

The post Кацарска на средба со шефицата на мисијата за набљудување на изборите при ОБСЕ/ОДИХР, Џилијан Стирк appeared first on Република.

]]>

Претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска остварила работна средба со Џилијан Стирк, шефица на Mисијата за набљудување на изборите за претседател на Републиката и пратеници во Собранието при ОБСЕ/ОДИХР.
-Претседателката Кацарска ја информираше Стирк дека Уставниот суд нема надлежност директно да одлучува за изборниот процес, но согласно Уставот, може да одлучува за уставноста на Изборниот законик, односно уставноста и законитоста на друг пропис кој уредува прашања поврзани со изборите, се наведува во соопштението од Судот.
Покрај ова, како што се посочува во соопштението, Судот може да одлучува и за барања поднесени од граѓаните за заштита на слободите и правата утврдени со член 110 алинеја 3 од Уставот, доколку некое од овие слободи и права им се повредени при спроведувањето на изборите. Како конкретен пример, претседателката на Уставниот суд, го посочила неодамна оформениот предмет за оценување на уставноста и законитоста на Упатството за радиодифузерите за претседателските и парламентарните избори 2024, по повод поднесената иницијатива на независниот претседателски кандидат Билјана Ванковска-Цветковска и политичката партија „Левица”. На средбата  Кацарска била информирана за тековните и планираните активности на Мисијата, поврзани со претстојните избори.

The post Кацарска на средба со шефицата на мисијата за набљудување на изборите при ОБСЕ/ОДИХР, Џилијан Стирк appeared first on Република.

]]>
Почна со работа мисијата на ОБСЕ и ОДИХР https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pochna-so-rabota-misijata-na-obse-i-odihr/ Fri, 22 Mar 2024 06:51:28 +0000 https://republika.mk/?p=757218

Државната изборна комисија (ДИК) ги потврди кандидатурите на седуммината претседателски кандидати за изборите на 24 април. Редниот број на кандидатите на избирачкото ливче ќе се знае најдоцна до 28 март кога треба да биде извршена жрепката во ДИК.

На седмите претседателски избори нов мандат ќе бара Стево Пендаровски поддржан од СДСМ и коалицијата, а негови противкандидати се Гордана Силјановска-Давкова поддржана од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Максим Димитриевски од ЗНАМ, Билјана Ванковска Цветковска поддржана од Левица, Бујар Османи од ДУИ, Стевчо Јакимовски од ГРОМ и Арбен Таравари поддржан од албанската опозициска коалиција „Вреди“.

Изборната кампања за претседателските избори закажани за 24 април годинава, започнува на 4 април во 00:00 часот и ќе трае до 24:00 часот на 22 април.

Најголем дел од политичките партии веќе ги соопштуваат носителите на листи за парламентарните избори (8 мај), а дел од нив своите претствувања ќе ги имаат викендов. Кандидатските листи за парламентарните избори до ДИК треба да бидат доставени најдоцна до 2 април - односно 35 дена пред изборите на 8 мај.

Препораките на ОБСЕ/ОДИХР ќе бидат основата за измените на Изборниот законик, рече министерот за правда Бојан Маричиќ на денешната прес-конференција.

Канцеларијата на ОБСЕ за демократски институции и човекови права (ОДИХР) вчера ја отвори набљудувачката мисија во Македонија за претседателските избори што ќе се одржат на 24 април и парламентарните избори закажани на 8 мај. Првпат, ОБСЕ/ОДИХР во земјава ќе набљудуваат два вида избори што ќе се случуваат во исто време – претседателски и парламентарни избори. За двата изборни циклуси ќе бидат ангажирани 320 набљудувачи, од кои 20 долгорочни и 300 краткорочни.

Покрај главниот тим, ОБСЕ/ОДИХР ќе има група на 20 долгорочни набљудувачи, кои ќе бидат распоредени низ земјата во тимови од по двајца и тоа во Тетово, Охрид, Битола, Прилеп, Струмица, Кочани, Куманово и Штип, а два тима ќе има во Скопје. Во Набљудувачката мисија ќе бидат ангажирани и 300 краткорочни набљудувачи кои треба да пристигнат непосредно пред изборите и ќе бидат распоредени низ земјата.  Тие неколку дена пред изборите ќе одат во избирачките места, ќе ги набљудуваат избирачите и процесот на пребројување на гласовите и сумирањето на резултатите.

Sigurimi i zgjedhjeve të drejta dhe demokratike ishte tema e takimit të sotëm të kryeministrit teknik Talat Xhaferi me kryetarin e Komisionit Shtetëror të Zgjedhjeve, Aleksandar Dashtevski dh

Обезбедувањето фер и демократски избори беше тема и на вчерашната средба на техничкиот премиер Талат Џафери и со членовите на ДИК. На средбата, која се одржала на покана на Џафери, тој истакнал дека, обезбедувањето на изборите не значи само обезбедување од аспект на законската регулатива и минимум стандарди, туку и взаемна проактивност за да може да се предвидат потенцијални кризи и да се предложат сценарија и решенија кои ќе бидат водилка за решавањето на тие кризи.

Заедничка констатација на средбата била дека, Република Македонија е на европскиот пат, практикува европски вредности и потребен е силен фокус од сите политички субјекти и наратив на меѓусебно почитување, за фер и демократски избори што ќе придонесат во напредокот кон Европската Унија

The post Почна со работа мисијата на ОБСЕ и ОДИХР appeared first on Република.

]]>

Државната изборна комисија (ДИК) ги потврди кандидатурите на седуммината претседателски кандидати за изборите на 24 април. Редниот број на кандидатите на избирачкото ливче ќе се знае најдоцна до 28 март кога треба да биде извршена жрепката во ДИК. На седмите претседателски избори нов мандат ќе бара Стево Пендаровски поддржан од СДСМ и коалицијата, а негови противкандидати се Гордана Силјановска-Давкова поддржана од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Максим Димитриевски од ЗНАМ, Билјана Ванковска Цветковска поддржана од Левица, Бујар Османи од ДУИ, Стевчо Јакимовски од ГРОМ и Арбен Таравари поддржан од албанската опозициска коалиција „Вреди“. Изборната кампања за претседателските избори закажани за 24 април годинава, започнува на 4 април во 00:00 часот и ќе трае до 24:00 часот на 22 април. Најголем дел од политичките партии веќе ги соопштуваат носителите на листи за парламентарните избори (8 мај), а дел од нив своите претствувања ќе ги имаат викендов. Кандидатските листи за парламентарните избори до ДИК треба да бидат доставени најдоцна до 2 април - односно 35 дена пред изборите на 8 мај. Препораките на ОБСЕ/ОДИХР ќе бидат основата за измените на Изборниот законик, рече министерот за правда Бојан Маричиќ на денешната прес-конференција. Канцеларијата на ОБСЕ за демократски институции и човекови права (ОДИХР) вчера ја отвори набљудувачката мисија во Македонија за претседателските избори што ќе се одржат на 24 април и парламентарните избори закажани на 8 мај. Првпат, ОБСЕ/ОДИХР во земјава ќе набљудуваат два вида избори што ќе се случуваат во исто време – претседателски и парламентарни избори. За двата изборни циклуси ќе бидат ангажирани 320 набљудувачи, од кои 20 долгорочни и 300 краткорочни. Покрај главниот тим, ОБСЕ/ОДИХР ќе има група на 20 долгорочни набљудувачи, кои ќе бидат распоредени низ земјата во тимови од по двајца и тоа во Тетово, Охрид, Битола, Прилеп, Струмица, Кочани, Куманово и Штип, а два тима ќе има во Скопје. Во Набљудувачката мисија ќе бидат ангажирани и 300 краткорочни набљудувачи кои треба да пристигнат непосредно пред изборите и ќе бидат распоредени низ земјата.  Тие неколку дена пред изборите ќе одат во избирачките места, ќе ги набљудуваат избирачите и процесот на пребројување на гласовите и сумирањето на резултатите. Sigurimi i zgjedhjeve të drejta dhe demokratike ishte tema e takimit të sotëm të kryeministrit teknik Talat Xhaferi me kryetarin e Komisionit Shtetëror të Zgjedhjeve, Aleksandar Dashtevski dh Обезбедувањето фер и демократски избори беше тема и на вчерашната средба на техничкиот премиер Талат Џафери и со членовите на ДИК. На средбата, која се одржала на покана на Џафери, тој истакнал дека, обезбедувањето на изборите не значи само обезбедување од аспект на законската регулатива и минимум стандарди, туку и взаемна проактивност за да може да се предвидат потенцијални кризи и да се предложат сценарија и решенија кои ќе бидат водилка за решавањето на тие кризи. Заедничка констатација на средбата била дека, Република Македонија е на европскиот пат, практикува европски вредности и потребен е силен фокус од сите политички субјекти и наратив на меѓусебно почитување, за фер и демократски избори што ќе придонесат во напредокот кон Европската Унија

The post Почна со работа мисијата на ОБСЕ и ОДИХР appeared first on Република.

]]>
Двојните избори ќе ги следат 320 набљудувачи на ОБСЕ/ОДИХР https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dvojnite-izbori-ke-gi-sledat-320-nabluduvachi-na-obse-odihr/ Thu, 21 Mar 2024 13:50:42 +0000 https://republika.mk/?p=757017

Канцеларијата на ОБСЕ за демократски институции и чевекови права (ОДИХР) денеска ја отвори набљудувачката мисија во Македонија за претседателските избори што ќе се одржат на 24 април и парламентарните избори закажани на 8 мај, која се спроведува на покана од властите на земјава.

Шефот на мисијата амбасадорката од Канада Џилијан Стирк на денешната прес-конференција во Скопје истакна дека ова се 22 избори во Македонија што ОДИХР ќе ги набљудува. Последните избори коишто ги набљудуваа беа локалните избори во 2021 година.

ОДИХР работи во согласност со установена методологија за набљудување на избори. Ние сме целосно непристрасни и се засноваме на факти. Во рамките на мисијата ќе се направи проценка дали изборите се во согласност со заложбите кон ОБСЕ и други меѓународни обврски, како и со националното законодавство. Имаме клучен тим од 12 меѓународни експерти во Скопје од 12 земји учеснички на ОБСЕ. Станува збор за многу разнообразна група. Ќе бидеме во земјата и за претседателските избори и за парламентарните избори и ќе заминеме на 19 мај, рече амбасадорката Стирк.

Покрај главниот тим, ќе има група долгорочни набљудувачи, вкупно 20 лица кои ќе бидат распоредени низ земјата во тимови од по двајца и тоа во Тетово, Охрид, Битола, Прилеп, Струмица, Кочани, Куманово и Штип, а два тима ќе има во Скопје.

Ние исто така побаравме и 300 краткорочни набљудувачи коишто треба да пристигнат непосредно пред изборите. Неколку дена пред изборите ќе одат во избирачките места, ќе ги набљудуваат избирачите и процесот на пребројување на гласовите и сумирање на резултатите. Тие ќе дојдат непосредно пред изборите, 24 април и 8 мај, додаде амбасадорката Стирк.

На новинарско прашање дали предоцна беа усвоени препораките на ОБСЕ/ОДИХР што се однесуваат на некои од измени на Изборниот законик, со оглед дека тие беа донесени пред само две недели и дали имаат време институциите да се подготват, шефицата на набљудувачката мисија вели дека сѐ уште се во фаза на анализирање.

Имавме иницијален состанок со ДИК, но ова е нашиот прв работен ден како набљудувачка мисија па почнуваме со овие проценки. Свесни сме за работата и претходните препораки, но сѐ уште не сме направиле целосна проценка. Сѐ уште сме во фазата на анализирање, но секако ова е едно од нештата коишто ќе бидат анализирани во рамките на нашата набљудувачка мисија, односно дали претходните препораки се земени предвид, рече амабасадорката Стирк.

Во однос на тоа дали е навистина зголемен бројот на набљудувачи и имаат ли некакви сознанија дека се очекуваат некакви конфликти, Стирк нагласи дека бројот на набљудувачи се заснова на препораките од мисијата за проценка на потребите по реализираната посета во јануари годинава.

Има два вида избори коишто се случуваат во ист ден, па не е невообичаено да имаме голем број набљудувачи и бараме голем број набљудувачи низ двата вида избори. Како што кажав, ова се заснова на препораките од мисијата за проценка на потребите, рече шефицата на набљудувачката мисија, амбасадорката Стирк.

The post Двојните избори ќе ги следат 320 набљудувачи на ОБСЕ/ОДИХР appeared first on Република.

]]>

Канцеларијата на ОБСЕ за демократски институции и чевекови права (ОДИХР) денеска ја отвори набљудувачката мисија во Македонија за претседателските избори што ќе се одржат на 24 април и парламентарните избори закажани на 8 мај, која се спроведува на покана од властите на земјава. Шефот на мисијата амбасадорката од Канада Џилијан Стирк на денешната прес-конференција во Скопје истакна дека ова се 22 избори во Македонија што ОДИХР ќе ги набљудува. Последните избори коишто ги набљудуваа беа локалните избори во 2021 година.