образовни Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/obrazovni/ За подобро да се разбереме Wed, 24 Aug 2022 14:19:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png образовни Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/obrazovni/ 32 32 МОН: Во нова учебна година ќе бидат ангажирани 720 образовни асистенти во основните училишта https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mon-vo-nova-uchebna-godina-kje-bidat-angazirani-720-obrazovni-asistenti-vo-osnovnite-uchilishta/ Wed, 24 Aug 2022 14:19:14 +0000 https://republika.mk/?p=543719

Во претстојната учебна 2022/2023 година ќе бидат ангажирани 720 образовни асистенти во основните училишта, што е 220 повеќе од минатата учебна година. Одлуката ја донесе Владата имајќи ги предвид искажаните потреби на родителите на учениците со попреченост, соопшти Министерството за образование и наука.

Зголемувањето на бројот на образовни асистенти од 500 на 720 во споредба со учебната 2021/2022 година е показател дека МОН и Владата работат на подигнување на степенот на инклузивност во наставата и дополнително зголемување на квалитетот на воспитно-образовниот процес во училиштата, вклучувајќи ги и подрачните училишта во руралните средини, велат од МОН.

Ангажирањето образовни асистенти за учениците со попреченост кои следат настава во редовните основни училишта втора година по ред, повеќе не е грижа и трошок за семејствата на учениците со попреченост, туку обврска на државата, потенцираат од МОН

Асистентите остануваат фокусирани на обезбедување квалитетно образование на ученикот преку соработка со наставниците и родителите, со стручните работници и инклузивниот тим кој се грижи за ученикот, а истовремено ја поттикнуваат соработката меѓу децата и заедницата, се наведува во соопштенето.

The post МОН: Во нова учебна година ќе бидат ангажирани 720 образовни асистенти во основните училишта appeared first on Република.

]]>