образовна криза Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/obrazovna-kriza/ За подобро да се разбереме Fri, 07 Jul 2023 09:49:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png образовна криза Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/obrazovna-kriza/ 32 32 Во Македонија владее образовна криза: Над половина од учениците не можат да ги постигнат основните стандарди за читање, математика и природни науки https://arhiva3.republika.mk/vesti/vo-makedonija-vladee-obrazovna-kriza-nad-polovina-od-uchenitsite-ne-mozhat-da-gi-postignat-osnovnite-standardi-za-chitane-matematika-i-prirodni-nauki/ Fri, 07 Jul 2023 09:30:52 +0000 https://republika.mk/?p=658864

Претставничката на УНИЦЕФ Патриција ДиЏовани рече дека земјава се соочува со образовна криза и дека над половина од учениците во државава не можат да ги постигнат основните стандарди/вештини за читање, математика и природни науки. Рече дека инвестициите во образованието се предуслов за неговиот квалитет и укажа дека постои сериозен недостиг од финансии, нема доволно ресурси, капитални расходи, нема одржување во објектите и нема инвестиции во професионалниот развој на кадарот.

Не е доволно ни да има повеќе пари туку парите кои веќе ги имаме подобро да ги трошиме. Мора да донесеме многу тешки одлуки како се прават инвестициите кои се и во човечки капитал т.е. во наставници и кадар. Треба повеќе ресурси да се насочат кон подобрување на образовните исходи и начинот на кој тие може најдобро да се постигнат, рече ДиЏовани.

Додаде дека УНИЦЕФ и Светска банка ги поддржуваат МОН и Министерството за финансии во креирањето на новата формула за финансирање во образованието и им помагаат на првите десет општини во кои ќе се пилотира проектот за оптимизација на училишната мрежа.

Бојана Нацева, виш специјалист за образование од Светска банка - Македонија, истакна дека неефикасното искористување на ресурсите е предизвик за земјава.

Најголем процент од расходите во образованието се наменети за плати што го стеснува просторот за инвестиции во други важни сегменти кои се директно поврзани со квалитетот на образованието, како што е професионалниот развој на наставниците, капиталните инвестиции и подобрување на средината за учење во училиштата, рече Нацева.

Како што рече, Македонија нема големи ресурси и нејзиниот најважен ресурс во обезбедувањето одржлив раст и развој е човечкиот капитал.

Инвестирањето во луѓе преку квалитетно образование е клучен елемент за ставање крај на сиромаштијата, подобрување на здравјето на населението и создавање инклузивно општество... Затоа што поскоро треба да се направи промена во пристапот на размислувањето со тоа што на расходите за образование ќе се гледа како на стратешка инвестиција во иднината на земјата, додаде Нацева.

За да се избегне понатамошната ерозија на ефиканоста на системот, како и на еднаквоста и квалитетот, рече таа, земјата ќе треба да воспостави принцип според кој кратењето на финансии во образованието ќе дојде последно.

Посочи и дека новите формули за финансирање ќе ги следат учениците и нивните потреби, така што најранливите ученици ќе бидат приоритет, ќе ги стимулираат и наградуваат училиштата кои работат добро и одговорно врз јасни критериуми, ќе ја подобруваат ефиканоста со што, како што рече, ќе се ослободи повеќе простор за инвестиции во средините за учење и поддршка на наставниците.

 

The post Во Македонија владее образовна криза: Над половина од учениците не можат да ги постигнат основните стандарди за читање, математика и природни науки appeared first on Република.

]]>

Претставничката на УНИЦЕФ Патриција ДиЏовани рече дека земјава се соочува со образовна криза и дека над половина од учениците во државава не можат да ги постигнат основните стандарди/вештини за читање, математика и природни науки. Рече дека инвестициите во образованието се предуслов за неговиот квалитет и укажа дека постои сериозен недостиг од финансии, нема доволно ресурси, капитални расходи, нема одржување во објектите и нема инвестиции во професионалниот развој на кадарот.
Не е доволно ни да има повеќе пари туку парите кои веќе ги имаме подобро да ги трошиме. Мора да донесеме многу тешки одлуки како се прават инвестициите кои се и во човечки капитал т.е. во наставници и кадар. Треба повеќе ресурси да се насочат кон подобрување на образовните исходи и начинот на кој тие може најдобро да се постигнат, рече ДиЏовани.
Додаде дека УНИЦЕФ и Светска банка ги поддржуваат МОН и Министерството за финансии во креирањето на новата формула за финансирање во образованието и им помагаат на првите десет општини во кои ќе се пилотира проектот за оптимизација на училишната мрежа. Бојана Нацева, виш специјалист за образование од Светска банка - Македонија, истакна дека неефикасното искористување на ресурсите е предизвик за земјава.
Најголем процент од расходите во образованието се наменети за плати што го стеснува просторот за инвестиции во други важни сегменти кои се директно поврзани со квалитетот на образованието, како што е професионалниот развој на наставниците, капиталните инвестиции и подобрување на средината за учење во училиштата, рече Нацева.
Како што рече, Македонија нема големи ресурси и нејзиниот најважен ресурс во обезбедувањето одржлив раст и развој е човечкиот капитал.
Инвестирањето во луѓе преку квалитетно образование е клучен елемент за ставање крај на сиромаштијата, подобрување на здравјето на населението и создавање инклузивно општество... Затоа што поскоро треба да се направи промена во пристапот на размислувањето со тоа што на расходите за образование ќе се гледа како на стратешка инвестиција во иднината на земјата, додаде Нацева.
За да се избегне понатамошната ерозија на ефиканоста на системот, како и на еднаквоста и квалитетот, рече таа, земјата ќе треба да воспостави принцип според кој кратењето на финансии во образованието ќе дојде последно. Посочи и дека новите формули за финансирање ќе ги следат учениците и нивните потреби, така што најранливите ученици ќе бидат приоритет, ќе ги стимулираат и наградуваат училиштата кои работат добро и одговорно врз јасни критериуми, ќе ја подобруваат ефиканоста со што, како што рече, ќе се ослободи повеќе простор за инвестиции во средините за учење и поддршка на наставниците.  

The post Во Македонија владее образовна криза: Над половина од учениците не можат да ги постигнат основните стандарди за читање, математика и природни науки appeared first on Република.

]]>