образование Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/obrazovanie/ За подобро да се разбереме Tue, 30 Jan 2024 14:22:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png образование Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/obrazovanie/ 32 32 Бизнисот секторот бара пет отсто од Буџетот за образованието и ревизија на работењето на сите факултети во државата https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/biznisot-sektorot-bara-pet-otsto-od-budhetot-za-obrazovanieto-i-revizija-na-raboteneto-na-site-fakulteti-vo-drzhavata/ Tue, 30 Jan 2024 14:22:01 +0000 https://republika.mk/?p=738644

Пет отсто од Буџетот да се одвојуваат за образованието и да се ревидира работењето на сите високообразовни институции во државата, е едно од клучните барања на бизнисот што ќе им биде испорачано на политичките партии.

Како што рече денеска претседателот на Стопанската комора Бранко Азески, мора да се спречи натамошната ерозија на квалитетот на високото образование, но и да се продуцира неопходниот стручен кадар.

Засукани ракави, храброст и преземање ризик се неопходни за да се воведат одредени процеси кои мора да доведат до подобрување на кадровскиот потенцијал. Оваа порака ќе биде силно пренесена и до лидерите на партиите. Ќе бараме за образованието да се одвојуваат пет отсто од Буџетот, но не веднаш, туку во мандатни периоди и ќе бараме ревизија на работењето на сите високообразовни институции во државата за да се спречи натамошната ерозија на квалитетот на високото образование, истакна Азески на прес-конференција.

Според него, земјава е мала и има потреба за специјализирани кадри.

Ние не сме Америка, ние сме мала земја, немаме огромни потреби, туку имаме специјализирана потреба за кадри и треба да се свртиме кон тоа. Оваа порака значи дека во тие дејности ќе одвојуваме средства кои би ги зголемиле активностите. Така ќе дојдеме и до реформиран Буџет кој ќе стане развоен и ќе и овозможи на државата да финансира продуктивни дејности, во нејзин интерес, подвлече Азески.

Тој е оптимист дека земјава може да конкурира и да испорача нешто вредно и значајно во ЕУ со интелигенција, образование и култура.

The post Бизнисот секторот бара пет отсто од Буџетот за образованието и ревизија на работењето на сите факултети во државата appeared first on Република.

]]>

Пет отсто од Буџетот да се одвојуваат за образованието и да се ревидира работењето на сите високообразовни институции во државата, е едно од клучните барања на бизнисот што ќе им биде испорачано на политичките партии. Како што рече денеска претседателот на Стопанската комора Бранко Азески, мора да се спречи натамошната ерозија на квалитетот на високото образование, но и да се продуцира неопходниот стручен кадар.
Засукани ракави, храброст и преземање ризик се неопходни за да се воведат одредени процеси кои мора да доведат до подобрување на кадровскиот потенцијал. Оваа порака ќе биде силно пренесена и до лидерите на партиите. Ќе бараме за образованието да се одвојуваат пет отсто од Буџетот, но не веднаш, туку во мандатни периоди и ќе бараме ревизија на работењето на сите високообразовни институции во државата за да се спречи натамошната ерозија на квалитетот на високото образование, истакна Азески на прес-конференција.
Според него, земјава е мала и има потреба за специјализирани кадри.
Ние не сме Америка, ние сме мала земја, немаме огромни потреби, туку имаме специјализирана потреба за кадри и треба да се свртиме кон тоа. Оваа порака значи дека во тие дејности ќе одвојуваме средства кои би ги зголемиле активностите. Така ќе дојдеме и до реформиран Буџет кој ќе стане развоен и ќе и овозможи на државата да финансира продуктивни дејности, во нејзин интерес, подвлече Азески.
Тој е оптимист дека земјава може да конкурира и да испорача нешто вредно и значајно во ЕУ со интелигенција, образование и култура.  

The post Бизнисот секторот бара пет отсто од Буџетот за образованието и ревизија на работењето на сите факултети во државата appeared first on Република.

]]>
Јаневска: А ПИСА рангирањето? А смешната матура со препишувањето од телефони? А IQ второ од назад во Европа https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/janevska-a-pisa-rangiraneto-a-smeshnata-matura-so-prepishuvaneto-od-telefoni-a-iq-vtoro-od-nazad-vo-evropa/ Thu, 18 Jan 2024 09:28:04 +0000 https://republika.mk/?p=734271

Календарот за средно образование е објавен последните денови од минатата година. Сепак почекав да видам кога Министерот ќе го објави јавно и дали ќе го користи како предизборен маркетинг. Не сум згрешила, активноста беше многу предвидлива, вели професорката Весна Јаневска.

МИНИСТЕРОТ СЕ ДОДВОРУВА, на идните гласачи.
Убаво, ги скрати работните денови на средношколците, што значи СЕ НАМАЛИ БРОЈОТ НА ЧАСОВИ, АМА НЕ СЕ НАМАЛИ МАТЕРИЈАЛОТ (наставната програма), кој што беше ПРЕДВИДЕН ЗА ПОГОЛЕМ БРОЈ ЧАСОВИ.
Така наставниците набрзина ќе испредадат, учениците набрзина “ќе го совладаат материјалот“ и на крај наставниците и ќе ги оценат учениците.
А ПИСА рангирањето? А смешната матура со препишувањето од телефони? А IQ второ од назад во Европа (види претходен пост).
Дополнително ве информирам дека основците ќе учат до 17 - ти јуни, ама овие што ќе полаат матура не мора да УЧАТ.
Еј кутра Македонијо, што те снајде.

The post Јаневска: А ПИСА рангирањето? А смешната матура со препишувањето од телефони? А IQ второ од назад во Европа appeared first on Република.

]]>

Календарот за средно образование е објавен последните денови од минатата година. Сепак почекав да видам кога Министерот ќе го објави јавно и дали ќе го користи како предизборен маркетинг. Не сум згрешила, активноста беше многу предвидлива, вели професорката Весна Јаневска.
МИНИСТЕРОТ СЕ ДОДВОРУВА, на идните гласачи. Убаво, ги скрати работните денови на средношколците, што значи СЕ НАМАЛИ БРОЈОТ НА ЧАСОВИ, АМА НЕ СЕ НАМАЛИ МАТЕРИЈАЛОТ (наставната програма), кој што беше ПРЕДВИДЕН ЗА ПОГОЛЕМ БРОЈ ЧАСОВИ. Така наставниците набрзина ќе испредадат, учениците набрзина “ќе го совладаат материјалот“ и на крај наставниците и ќе ги оценат учениците. А ПИСА рангирањето? А смешната матура со препишувањето од телефони? А IQ второ од назад во Европа (види претходен пост). Дополнително ве информирам дека основците ќе учат до 17 - ти јуни, ама овие што ќе полаат матура не мора да УЧАТ. Еј кутра Македонијо, што те снајде.

The post Јаневска: А ПИСА рангирањето? А смешната матура со препишувањето од телефони? А IQ второ од назад во Европа appeared first on Република.

]]>
Јаневска: Погрешните политики на ДУИ и СДС во овие седум години резултираа со уништено образование https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/janevska-pogreshnite-politiki-na-dui-i-sds-vo-ovie-sedum-godini-rezultiraa-so-unishteno-obrazovanie/ Fri, 05 Jan 2024 10:14:56 +0000 https://republika.mk/?p=729907

Погрешните политики на власта на СДС и ДУИ овие седум години резултираа со уништено образование. Бомбастично најавените реформи завршија неуспешно. Да потсетиме на Националната платформа која никогаш не се стави во функција, одложениот старт на учебните години, промената на наставните содржини со интеграција на предмети па се до т.н. дигитализација која значеше укинување на учебниците како основно средство за едукација, ова денеска преку прес-конференција го истакна Весна Јаневска од ВМРО-ДПМНЕ.

На ден пред официјалниот старт на училишната година образованието кое е клуч за креирање и одржување на државата беше во фаза на тестирање. Родителите, учениците и наставниците најзасегнатите, а и Синдикатот за образование, наука и култура алармираа на бројни недостатоци, надлежните бараа трпение. Власта на Ковачевски и Ахмети правеше бројни експерименти, а почетокот на секоја учебна година беше проследен со скандали. Да потсетиме, учениците кои немаа услови да ја следат онлајн наставата беа насочени кон скратена наставна програма на националните телевизиски канали и учење од скрипти. Новите т.н. реформи за воведување дигитални учебници останаа без дигитални учебници, а учениците и без хартиени учебници, што предизвика дискриминација меѓу најмладите. Само оваа година од 123 учебници за основно образование недостасуваа една третина затоа што надлежните фаворизираа и се фокусираа на изборот на фирма за печатење, а не на квалитетот на учебниците и времетраењето потребно за нивна подготовка и печатење, вели Јаневска.

Таа потсетува на Албанија на исток, Бугарија на запад, збир на агли во триаголник од 190 и 200 степени и слично.

„Надлежните се правдаа дека немале автори, немале рецезенти и средства за печатење на учебниците. Потоа немаа средства ниту за печатење на свидетелства кои учебниците не ги добиваа навреме и се запишуваа во средно училиште со пусулчиња потпишани од директорот. Македонија во сите овие години остана на дното според резултатите од ПИСА тестирањето и од година во година добиваме се полоши пократастрофални резултати. Ова секако е резултат на работата, односно неработата на неспособните кадри кои беа на чело на институциите и ова е резултат од непромислените и насила направени промени во образовниот систем во изминатите седум години. Воопшто не се водеше грижа за континуитет во образовните политики, ниту се водеше грижа за остварливоста на тие политики. Со секој ребаланс на буџетот се кратеа пари за образованието што претставува јасен показател за тоа дека образованието не беше приоритет на оваа влада. Дополнително ги манипулираа и наставниците, односно наставниот кадар со зголемување на платите и дадоа ветувања кои на крај не ги исполнија во целост. На пример, потпишување на колективниот договор во месец мај оваа година. Во Македонија никогаш не било полошо, затоа важно е да ги поразиме. Важно е да се стави приоритет на образованието затоа што какво образование имаме таква државава ќе имаме, вели Јаневска.

https://youtu.be/29qo0kIcZxo?si=xZ_U056AKUqi3G_6

The post Јаневска: Погрешните политики на ДУИ и СДС во овие седум години резултираа со уништено образование appeared first on Република.

Јаневска: Концепцијата е пропадната со тоа што власта нема смелост да го каже тоа на македонската јавност https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/janevska-kontseptsijata-e-propadnata-so-toa-shto-vlasta-nema-smelost-da-go-kazhe-toa-na-makedonskata-javnost/ Thu, 28 Dec 2023 08:35:16 +0000 https://republika.mk/?p=727374

„Не можеме да очекуваме образованието да биде многу поразлично од сите други ресори и настаните кои што се случуваат во целото општество, па така и образованието. Не можеме да очекуваме дека ќе биде оаза на убавина во едно општество во кое де факто гледаме многу црнила“, истакна Весна Јаневска, претседател на Комисија за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „За или против“ на Алфа телевизија.

Јаневска потсети на тоа дека одреден број на ученици се уште немаат учебници. Но, и не се надополнети старите учебници како што е географија, учебници за странски јазици нема. Се сведува на огромен број на часови да се диктирање од страна на наставниците за одреден материјал бидејќи учебници нема.

Не можеме да очекуваме некакви успеси во образованието ниту оваа година, нагласи таа.

„Ние како партија за ова што се случува во образованието го предвидовме и укажувавме. Се ова што се случува во образованието е само на штета на учениците, на нивните родители, па и на наставниците“, рече Јаневска.

Таа посочи дека концепцијата де факто е пропадната со тоа што власта нема смелост да го каже тоа на македонската јавност.

Од власта направија интеграција на предмети, меѓутоа и самите увидоа дека такво нешто не е можно, не само затоа што немаме кадар кој ќе предава интегрирани предмети, туку затоа што и бројот на наставници, паралелки, училишта, подрачни училишта, итн. не дозволуваат вакво нешто да се спроведе. И за да не признаат дека не е можно такво нешто наместо предмети во интегрираните предмети направија по три модули. Па, така во предметот историја и општество имаме модул историја, модул географија и модул граѓанско образование. Што значи де факто имаме три предмети“, појасни таа.

Таа укажа дека оваа година за првпат концепцијата започнува во шесто одделение и е катастрофална.

Наставниците и родителите се сосема свесни каква катастрофа е тоа, рече Јаневска.

Јаневска истакна дека власта не се осмели да го признае неуспехот бидејќи не сакаат да признаат дека направиле голема грешка.

Концепцијата мора да претрпи длабока ревизија, укажа таа.

The post Јаневска: Концепцијата е пропадната со тоа што власта нема смелост да го каже тоа на македонската јавност appeared first on Република.

]]>

„Не можеме да очекуваме образованието да биде многу поразлично од сите други ресори и настаните кои што се случуваат во целото општество, па така и образованието. Не можеме да очекуваме дека ќе биде оаза на убавина во едно општество во кое де факто гледаме многу црнила“, истакна Весна Јаневска, претседател на Комисија за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „За или против“ на Алфа телевизија. Јаневска потсети на тоа дека одреден број на ученици се уште немаат учебници. Но, и не се надополнети старите учебници како што е географија, учебници за странски јазици нема. Се сведува на огромен број на часови да се диктирање од страна на наставниците за одреден материјал бидејќи учебници нема.
Не можеме да очекуваме некакви успеси во образованието ниту оваа година, нагласи таа.
„Ние како партија за ова што се случува во образованието го предвидовме и укажувавме. Се ова што се случува во образованието е само на штета на учениците, на нивните родители, па и на наставниците“, рече Јаневска. Таа посочи дека концепцијата де факто е пропадната со тоа што власта нема смелост да го каже тоа на македонската јавност.
Од власта направија интеграција на предмети, меѓутоа и самите увидоа дека такво нешто не е можно, не само затоа што немаме кадар кој ќе предава интегрирани предмети, туку затоа што и бројот на наставници, паралелки, училишта, подрачни училишта, итн. не дозволуваат вакво нешто да се спроведе. И за да не признаат дека не е можно такво нешто наместо предмети во интегрираните предмети направија по три модули. Па, така во предметот историја и општество имаме модул историја, модул географија и модул граѓанско образование. Што значи де факто имаме три предмети“, појасни таа.
Таа укажа дека оваа година за првпат концепцијата започнува во шесто одделение и е катастрофална.
Наставниците и родителите се сосема свесни каква катастрофа е тоа, рече Јаневска.
Јаневска истакна дека власта не се осмели да го признае неуспехот бидејќи не сакаат да признаат дека направиле голема грешка.
Концепцијата мора да претрпи длабока ревизија, укажа таа.
 
The post Јаневска: Концепцијата е пропадната со тоа што власта нема смелост да го каже тоа на македонската јавност appeared first on Република.

]]>
Василевска: Во Македонија има 33 правни факултети, каде не води тоа? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vasilevska-vo-makedonija-ima-33-pravni-fakulteti-kade-ne-vodi-toa/ Wed, 15 Nov 2023 18:52:18 +0000 https://republika.mk/?p=701937

Вистина е дека правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот Св. Кирил и Методиј Скопје е нај стариот правен факултет и како таков имаме повеќе децениска традиција на развој на правната мисла. Од нашиот организам, практично, е излезен целокупниот правосуден систем и еден огромен број на исклучителни интелектуалци и индивидуи, државно темелители на современата македонска држава, вели пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ и професорка на правниот факултет, Иванка Василевска од дебатата за Македонија насловена „Важно е да имаме квалитетно образование“ во општина Пробиштип во рамки на кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените“

„Каде заостанавме или како се случи во моментов да не нема на мапата на академската регионална и светска мрежа има неколку клучни фактори од кои примарен е нискиот степен на вреднување на академските работници. Кога би биле во нормален систем, еден редовен професор на правниот факултет би земал еквивалентна плата на врховен судија, а не на помошно техничко лице во АЕК, на пример. Но не е тоа клучниот проблем, клучниот проблем е во недоволното разбирање за тоа што значеше евроинтегративниот процес и фаќањето на терк со новите текови на европско и на светско ниво, при што кредит трансфер системот не беше имплементиран во целост како во европските земји“, рече Василевска

Таа укажа на уште еден сегмент кој што е голем проблем во високото образование а тоа е и големиот број на правни факултети, така што во Македонија во моментов имаме 33 правни факултети, при што сериозно треба да се запрашаме каде сме тргнале во овој дел и затоа, не може квалитетот да го наваса квантитетот.

„Доколку вие имате ваква нелојална конкуренција каде што имате навистина преобемен број, еве зборувам само во доменот на правни факултети, ако земеме на 180 илјади по глава на жител, со толку факултети, кажете ми што ќе победи квалитетот или квантитетот? Во македонската реалност работите стојат вака: Ако не положам кај Историја на право кај Иванка и прв пат, и втор пат, можеби и трет пат, нема да се запрашам дали јас сум научил или не, туку тато и мама ќе земат кредит и ќе платат на приватен универзитет правен факултет и екстра експресно брза диплома во рацете и потребен ви е само памет избор на партија која што е на власт, која што ќе ве лансира во институциите на системот. И за тоа моите најдобри студенти се на Харвард, во Оксфорд, во Европската комисија во Брисел, во Париз и во Виена, затоа што не можат да се изборат со овие кои одлучиле или го нашле начинот да го изиграат системот“ истакна Василевска.

Сметам и длабоко сум убедена, рече Василевска, дека нашите следни чекори треба да бидат во насока на рационализација на Законот за високо образование, но не по мерка на тесно партиски структури како што е до сега и не по мерка на интересовни групи.

„Во секоја нормална држава треба да се гледа демографскиот раст на населението, реалните потреби на пазарот на трудот, во период на евроинтеграциски процес треба да се создаваат наставни програми кои што ќе бидат навистина во корелација со потребите на пазарот на трудот“ посочи Василевска.

Таа додаде дека од збирот на идеи од дискусиите кои што го има со колегите професори изминатиов период, тие се движат во насоката, во идната влада на ВМРО-ДПМНЕ да се води сметка и да се остави простор, како во целиот цивилизиран свет, професорите да можат да предаваат до 70 години, бидејќи тоа е професија која што не изумира не завршува со старосна пензија и да се води сметка на достојното плаќање на професорите и наставниот кадар.

The post Василевска: Во Македонија има 33 правни факултети, каде не води тоа? appeared first on Република.

Се кратат пари од образование за да даде на коруптивни тендери, затоа и учебниците се штури https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/se-kratat-pari-od-obrazovanie-za-da-dade-na-koruptivni-tenderi-zatoa-i-uchebnitsite-se-shturi/ Wed, 15 Nov 2023 18:12:02 +0000 https://republika.mk/?p=701927

Од власта воопшто не се грижат за образовниот процес, затоа што компетенциите кои треба да ги добијат тие ги добиваат во нивните партии, а гледате дека тие партии функционираат како компании, мини здруженија. Видовме дека се полагаа правосудни испити без да биде завршен или нејасно е кога бил завршен факултетот. Потенцијалот за криминал ги надминува комптенциите и на тој начин се одлучува кој каде ќе биде вработен, на која функција ќе седне, изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков денеска во Пробиштип на дебатата насловена „Важно е да имаме квалитетно образование“ во рамки на кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените“

Лефков посочи дека учебниците се штури, недоволно обработени и покажувајќи го учебникот за осмо одделение по физика посочи дека истиот го печати Арбериа дизајн кои за 100.000 евра организираа прослава за Рамковен, па прослава за коридорот 8 кога не се знаеше ни трасата, но во истиот е погрешна дефиницијата за брзина.

- Ние знаеме дека светот се трансформира, треба да се запрашаме како нашите деца ќе фатат чекор со тој свет ако не постои образование? Дали тоа ќе го добиеме преку телевизија? Не. Начинот за да постигнеме стандард и економија на ЕУ е растот на БДП, а единствениот начин да дојдеме до светските културни, научно технолошки текови е да си го унапредиме образованието. Ова што ни го напаѓаат образованието и овие сите неприлики се поради тоа што најлесно е кадрите да ги бираат на партиски начин, а се што е вредно да биде понижено, изјави Лефков.

Лефков нагласи дека власта треба да ја унапредува позицијата на образованието, а не да ја уназадува.

- Го видовте почетокот на учебната година, од 123 учебници за основно образование, една третина недостасуваа, да не зборуваме за средно каде стручните скоро сите се оставени без учебници, рече тој.

Лефков укажа дека секоја година власта со ребаланс на буџет крати пари за образование, а истите пари после можеби завршуваат на коруптивни тендери на власта.

- Погледнете ги ребалансите на буџетот. Во 2017 година има кратење на 155 милиони денари за градба на студентски домови, намалување 15 милиони денари за изградба на училишта, 8 милиони денари за реконструкција и 85 милиони за изградба на спортски сали. Ова значи дека не успеале да ги испроектираат. Во 2019 година 14 милиони евра помалку за образование. Парите кои биле предвидени кон средина на годината за ребалансот се крати од образование. Во 2020 година, 21 милион евра е скратено. Затоа што министерот не бил кадарен. Во ребаланс 2021 помалку пари за изградба на основни и средни училишта и спортски сали. Во 2022 повторно се намали сумата за изградба на спортски сали и студентски домови и во 2023 повторно се скрати. Едноставно е министрите се занимаваат повеќе со политика и бизнис интереси, а се помалку на реални проблеми, изјави Лефков.

Лефков истакна дека среќа се наоѓаме на крајот на едно владеење, конечно ќе ставиме крај на сите овие непогоди.

https://www.youtube.com/watch?v=Y5P7J8ZGvNk

The post Се кратат пари од образование за да даде на коруптивни тендери, затоа и учебниците се штури appeared first on Република.

]]>

Од власта воопшто не се грижат за образовниот процес, затоа што компетенциите кои треба да ги добијат тие ги добиваат во нивните партии, а гледате дека тие партии функционираат како компании, мини здруженија. Видовме дека се полагаа правосудни испити без да биде завршен или нејасно е кога бил завршен факултетот. Потенцијалот за криминал ги надминува комптенциите и на тој начин се одлучува кој каде ќе биде вработен, на која функција ќе седне, изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков денеска во Пробиштип на дебатата насловена „Важно е да имаме квалитетно образование“ во рамки на кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените“ Лефков посочи дека учебниците се штури, недоволно обработени и покажувајќи го учебникот за осмо одделение по физика посочи дека истиот го печати Арбериа дизајн кои за 100.000 евра организираа прослава за Рамковен, па прослава за коридорот 8 кога не се знаеше ни трасата, но во истиот е погрешна дефиницијата за брзина.
- Ние знаеме дека светот се трансформира, треба да се запрашаме како нашите деца ќе фатат чекор со тој свет ако не постои образование? Дали тоа ќе го добиеме преку телевизија? Не. Начинот за да постигнеме стандард и економија на ЕУ е растот на БДП, а единствениот начин да дојдеме до светските културни, научно технолошки текови е да си го унапредиме образованието. Ова што ни го напаѓаат образованието и овие сите неприлики се поради тоа што најлесно е кадрите да ги бираат на партиски начин, а се што е вредно да биде понижено, изјави Лефков.
Лефков нагласи дека власта треба да ја унапредува позицијата на образованието, а не да ја уназадува.
- Го видовте почетокот на учебната година, од 123 учебници за основно образование, една третина недостасуваа, да не зборуваме за средно каде стручните скоро сите се оставени без учебници, рече тој.
Лефков укажа дека секоја година власта со ребаланс на буџет крати пари за образование, а истите пари после можеби завршуваат на коруптивни тендери на власта.
- Погледнете ги ребалансите на буџетот. Во 2017 година има кратење на 155 милиони денари за градба на студентски домови, намалување 15 милиони денари за изградба на училишта, 8 милиони денари за реконструкција и 85 милиони за изградба на спортски сали. Ова значи дека не успеале да ги испроектираат. Во 2019 година 14 милиони евра помалку за образование. Парите кои биле предвидени кон средина на годината за ребалансот се крати од образование. Во 2020 година, 21 милион евра е скратено. Затоа што министерот не бил кадарен. Во ребаланс 2021 помалку пари за изградба на основни и средни училишта и спортски сали. Во 2022 повторно се намали сумата за изградба на спортски сали и студентски домови и во 2023 повторно се скрати. Едноставно е министрите се занимаваат повеќе со политика и бизнис интереси, а се помалку на реални проблеми, изјави Лефков.
Лефков истакна дека среќа се наоѓаме на крајот на едно владеење, конечно ќе ставиме крај на сите овие непогоди.   https://www.youtube.com/watch?v=Y5P7J8ZGvNk

The post Се кратат пари од образование за да даде на коруптивни тендери, затоа и учебниците се штури appeared first on Република.

]]>
ЕК: Се одложува донесувањето клучни закони во образованието, остануваат важечки препораките https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ek-se-odlozhuva-donesuvaneto-kluchni-zakoni-vo-obrazovanieto-ostanuvaat-vazhechki-preporakite/ Fri, 10 Nov 2023 07:49:23 +0000 https://republika.mk/?p=700093

ЕК нотира дека се одложува усвојувањето на клучните закони и дека и натаму е бавна имплементацијата на Стратегијата за образование 2018-2025 и развивањето соодветен систем за следење. За Стратегијата нагласува дека е главниот документ со кој се уредува образовниот сектор, но дека нејзините механизми за следење не се добро дефинирани.

Во наредната година во областа образование остануваат да важат препораките од минатогодишниот извештај на Европската комисија. Земјава треба особено да се фокусира на финализирање и усвојување на законите за средно образование и за стручно образование и обука, на формирање и операционализација на регионалните центри за стручно образование и обука (ВЕТ-центри) и на донесување на Законот за образование на возрасни.

Во клучните препораки за образованието наведени во Извештајот на Европската комисија за напредокот на Република Македонија за 2023 година се укажува и дека треба да се подобри пристапот до квалитетно образование за сите, особено за децата со попреченост и децата Роми, да се зголеми уписот во предучилишна возраст и да се подобри поддршката за обука и професионален развој на наставниците.

Македонија е умерено подготвена во областа на образованието. Ограничен напредок e постигнат со усвојувањето и воведувањето насоки и програми за зајакнување на инклузивноста и промовирање на зелените вештини, се наведува во поглавјето за образованието.

ЕК нотира дека се одложува усвојувањето на клучните закони и дека и натаму е бавна имплементацијата на Стратегијата за образование 2018-2025 и развивањето соодветен систем за следење. За Стратегијата нагласува дека е главниот документ со кој се уредува образовниот сектор, но дека нејзините механизми за следење не се добро дефинирани.

Треба да се подобрат целите и индикаторите за да се овозможи соодветна евалуација на спроведувањето на реформите. Властите треба да ја зајакнат координацијата меѓу институциите во развивањето на законодавството, обезбедувајќи погодна институционална средина способна да ја спроведе нејзината имплементација, се наведува во извештајот.

За реформа на средното стручно образование, ЕК укажува дека е суштинско носењето на новиот закон, зашто со него ќе се засили улогата на петте регионални центри за стручно образование и обука.

Воспоставена е соработка меѓу компании, средните стручни училишта, стопанските комори и МОН за поддршка на пракса на учениците во приватни компании, со што се отворени приближно 100 дуални паралелки поддржани од јавно-приватно партнерство, стои во извештајот на ЕК.

Опфатено е и продолжувањето на процесот за примена на Концепцијата за основно образование со изготвување наставни програми за шесто одделение врз основа на националните стандарди, вклучително и обезбедување зелени вештини.

Трошоците за образование и обука во 2022 година се 3,71 проценти од БДП, што е благо намалување во однос на 2021 година (3,98 отсто) и сè уште е, како што се наведува, „далеку под просекот на ЕУ од 5 проценти“.

Иако е постигнат одреден напредок во предучилишното образование, севкупното ниво на запишување останува пониско од регионалните и стандардите на ЕУ, особено за децата Роми.

Во учебната 2021/2022 година во основно образование се запишани 96,63 отсто од децата и 85,59 отсто во средно образование. Во високото образование останува ниско нивото на вкупните уписи и бројот на студенти запишани во прва година на студии бележи опаѓање во последните три години.

Иако Македонија презела чекори кон дигитална трансформација на нејзиниот систем за образование и обука и дигиталните вештини се опфатени во основното и средното образование, ЕК препорачува властите да продолжат да ги зајакнуваат напорите кон ефективна, кохерентна и инклузивна дигитална трансформација на системите за образование и обука, вклучувајќи го и капацитетот на системите за развој на дигитални вештини.

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност организирала и поддржала повеќе од 100 активности и настани наменети за млади, а бројот на учесници во финансираните проекти за младинска размена во 2022 бил 465 наспроти 294 во 2020 година.

Македонија продолжи да учествува во Еразмус+ и Европскиот корпус за солидарност и учествуваше и на повикот за предлози за иницијативата за европските универзитети, при што еден универзитет доби грант како дел од успешна алијанса. Македонија учествува во работните групи на Европскиот образовен простор 2021-2025, се наведува во поглавјето за образование.

Во однос на инклузијата, нотирано е дека во октомври 2022 година е почната модифицирана програма за ученици со комплексни потреби. Бирото за развој на образованието подготвило упатства за развој и имплементација на изменета наставна програма за ученици од основните училишта со комплексни потреби, а исто така БРО развило и два модула за обука за инклузивни училишни тимови.

Во периодот на кој се однесува извештајот, доделени се 450 стипендии за деца од основно образование за поддршка на инклузивноста, а во високото образование се доделени 135 стипендии за студенти Роми.

The post ЕК: Се одложува донесувањето клучни закони во образованието, остануваат важечки препораките appeared first on Република.

]]>

ЕК нотира дека се одложува усвојувањето на клучните закони и дека и натаму е бавна имплементацијата на Стратегијата за образование 2018-2025 и развивањето соодветен систем за следење. За Стратегијата нагласува дека е главниот документ со кој се уредува образовниот сектор, но дека нејзините механизми за следење не се добро дефинирани. Во наредната година во областа образование остануваат да важат препораките од минатогодишниот извештај на Европската комисија. Земјава треба особено да се фокусира на финализирање и усвојување на законите за средно образование и за стручно образование и обука, на формирање и операционализација на регионалните центри за стручно образование и обука (ВЕТ-центри) и на донесување на Законот за образование на возрасни. Во клучните препораки за образованието наведени во Извештајот на Европската комисија за напредокот на Република Македонија за 2023 година се укажува и дека треба да се подобри пристапот до квалитетно образование за сите, особено за децата со попреченост и децата Роми, да се зголеми уписот во предучилишна возраст и да се подобри поддршката за обука и професионален развој на наставниците. Македонија е умерено подготвена во областа на образованието. Ограничен напредок e постигнат со усвојувањето и воведувањето насоки и програми за зајакнување на инклузивноста и промовирање на зелените вештини, се наведува во поглавјето за образованието. ЕК нотира дека се одложува усвојувањето на клучните закони и дека и натаму е бавна имплементацијата на Стратегијата за образование 2018-2025 и развивањето соодветен систем за следење. За Стратегијата нагласува дека е главниот документ со кој се уредува образовниот сектор, но дека нејзините механизми за следење не се добро дефинирани. Треба да се подобрат целите и индикаторите за да се овозможи соодветна евалуација на спроведувањето на реформите. Властите треба да ја зајакнат координацијата меѓу институциите во развивањето на законодавството, обезбедувајќи погодна институционална средина способна да ја спроведе нејзината имплементација, се наведува во извештајот. За реформа на средното стручно образование, ЕК укажува дека е суштинско носењето на новиот закон, зашто со него ќе се засили улогата на петте регионални центри за стручно образование и обука. Воспоставена е соработка меѓу компании, средните стручни училишта, стопанските комори и МОН за поддршка на пракса на учениците во приватни компании, со што се отворени приближно 100 дуални паралелки поддржани од јавно-приватно партнерство, стои во извештајот на ЕК. Опфатено е и продолжувањето на процесот за примена на Концепцијата за основно образование со изготвување наставни програми за шесто одделение врз основа на националните стандарди, вклучително и обезбедување зелени вештини. Трошоците за образование и обука во 2022 година се 3,71 проценти од БДП, што е благо намалување во однос на 2021 година (3,98 отсто) и сè уште е, како што се наведува, „далеку под просекот на ЕУ од 5 проценти“. Иако е постигнат одреден напредок во предучилишното образование, севкупното ниво на запишување останува пониско од регионалните и стандардите на ЕУ, особено за децата Роми. Во учебната 2021/2022 година во основно образование се запишани 96,63 отсто од децата и 85,59 отсто во средно образование. Во високото образование останува ниско нивото на вкупните уписи и бројот на студенти запишани во прва година на студии бележи опаѓање во последните три години. Иако Македонија презела чекори кон дигитална трансформација на нејзиниот систем за образование и обука и дигиталните вештини се опфатени во основното и средното образование, ЕК препорачува властите да продолжат да ги зајакнуваат напорите кон ефективна, кохерентна и инклузивна дигитална трансформација на системите за образование и обука, вклучувајќи го и капацитетот на системите за развој на дигитални вештини. Националната агенција за европски образовни програми и мобилност организирала и поддржала повеќе од 100 активности и настани наменети за млади, а бројот на учесници во финансираните проекти за младинска размена во 2022 бил 465 наспроти 294 во 2020 година. Македонија продолжи да учествува во Еразмус+ и Европскиот корпус за солидарност и учествуваше и на повикот за предлози за иницијативата за европските универзитети, при што еден универзитет доби грант како дел од успешна алијанса. Македонија учествува во работните групи на Европскиот образовен простор 2021-2025, се наведува во поглавјето за образование. Во однос на инклузијата, нотирано е дека во октомври 2022 година е почната модифицирана програма за ученици со комплексни потреби. Бирото за развој на образованието подготвило упатства за развој и имплементација на изменета наставна програма за ученици од основните училишта со комплексни потреби, а исто така БРО развило и два модула за обука за инклузивни училишни тимови. Во периодот на кој се однесува извештајот, доделени се 450 стипендии за деца од основно образование за поддршка на инклузивноста, а во високото образование се доделени 135 стипендии за студенти Роми.

The post ЕК: Се одложува донесувањето клучни закони во образованието, остануваат важечки препораките appeared first on Република.

]]>
Маричиќ од Тетово: Наша цел е да ги задржиме младите и образовани кадри дома https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/marichik-od-tetovo-nasha-tsel-e-da-gi-zadrzhime-mladite-i-obrazovani-kadri-doma/ Fri, 06 Oct 2023 18:31:18 +0000 https://republika.mk/?p=688723

На денешната средба реализирана во рамките на кампањата Ние сме Европа заменикот претседател на владата за европски прашања, Бојан Маричиќ заедно со министерот за информатичко општество и администрација, го посетија Универзитетот на Југоисточна Европа каде што се сретнаа со проректорката Беса Арифи и студентите на универзитетот. На средбата се осврнаа на значењето на Еразмус Плус програмата, проектите за мобилност и нивното значење за академски напредок.

„Програмата Еразмус Плус им овозможува на студентите да се образовуваат, стекнуваат знаење и искуство, исто како и студентите од другите земји членки на ЕУ. Еразмус Плус се издигна како една од најпрепознатите програми на Европската Унија за образование, обука, млади и спорт.

Можноста за размена на идеи и добри практики во европски и меѓународни рамки претставува инспирација за бројни генерации на ученици, студенти, образовен кадар како и организации и институции кои се во позиција да ги искористат придобивките што ни се на располагање.“ истакна Маричиќ

Програмата Еразмус Плус значително ги зголемува компетенциите на младите и им создава многу нови можност за нив во формалното и неформалното образование. Мобилноста, знаењето и вештините што им стануваат достапни на младите преку програмите и фондовите на ЕУ им отвораат светла перспектива.

Нашата цел е да ги задржиме нашите образовани кадри и млади луѓе дома, во Македонија, со стекнатото знаење од европските образовни институции. Затоа ги охрабруваме младите да бараат стручна надградба и образование, кои подоцна ќе ги применат и со тоа значително ќе придонесат за средината од која потекнуваат и во која живеат.

На крај Заменик претседателот на владата за европски прашања ги поттикна студентите и младите луѓе да бараат начин како да ги реализираат своите амбиции и да ги остварат своите цели за прогресивна иднина на Македонија во ЕУ.

The post Маричиќ од Тетово: Наша цел е да ги задржиме младите и образовани кадри дома appeared first on Република.

]]>

На денешната средба реализирана во рамките на кампањата Ние сме Европа заменикот претседател на владата за европски прашања, Бојан Маричиќ заедно со министерот за информатичко општество и администрација, го посетија Универзитетот на Југоисточна Европа каде што се сретнаа со проректорката Беса Арифи и студентите на универзитетот. На средбата се осврнаа на значењето на Еразмус Плус програмата, проектите за мобилност и нивното значење за академски напредок. „Програмата Еразмус Плус им овозможува на студентите да се образовуваат, стекнуваат знаење и искуство, исто како и студентите од другите земји членки на ЕУ. Еразмус Плус се издигна како една од најпрепознатите програми на Европската Унија за образование, обука, млади и спорт.   Можноста за размена на идеи и добри практики во европски и меѓународни рамки претставува инспирација за бројни генерации на ученици, студенти, образовен кадар како и организации и институции кои се во позиција да ги искористат придобивките што ни се на располагање.“ истакна Маричиќ Програмата Еразмус Плус значително ги зголемува компетенциите на младите и им создава многу нови можност за нив во формалното и неформалното образование. Мобилноста, знаењето и вештините што им стануваат достапни на младите преку програмите и фондовите на ЕУ им отвораат светла перспектива.   Нашата цел е да ги задржиме нашите образовани кадри и млади луѓе дома, во Македонија, со стекнатото знаење од европските образовни институции. Затоа ги охрабруваме младите да бараат стручна надградба и образование, кои подоцна ќе ги применат и со тоа значително ќе придонесат за средината од која потекнуваат и во која живеат. На крај Заменик претседателот на владата за европски прашања ги поттикна студентите и младите луѓе да бараат начин како да ги реализираат своите амбиции и да ги остварат своите цели за прогресивна иднина на Македонија во ЕУ.    

The post Маричиќ од Тетово: Наша цел е да ги задржиме младите и образовани кадри дома appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Имаме план ќе се посветиме на суштински теми, економија и систем кој обезбедува правна сигурност, нема да правиме естрада како што сега прават https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-imame-plan-ke-se-posvetime-na-sushtinski-temi-ekonomija-i-sistem-koj-obezbeduva-pravna-sigurnost-nema-da-pravime-estrada-kako-shto-sega-pravat/ Fri, 06 Oct 2023 18:22:08 +0000 https://republika.mk/?p=688718

На сите анкети топ-тема за сите граѓани е економијата и сите поттеми – слаб стандард, ниски плати и пензии, инфлација... Сето тоа конвергира кон економијата, повеќе од 30 отсто од граѓаните велат - тоа е тоа. За да имаме ние стабилна економија мора да имаме пред се систем кој ќе обезбедува правна сигурност за секој. Значи, ќе треба да се посветиме тука, ова октроирано судство да го реформираме и имаме план, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за Фокус, на прашањето дека во земјава се говори повеќе за естрада, а не за суштинските теми.

Мицкоски потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ ќе излезе со детални потези.

Како што додаде за решавање на проблемот со корупцијата треба и да им се дадат одврзани раце на чесни обвинители и судии и ќе се знае кој како што стекнал.

- Еве отсега можам да им кажам дека, иако имало многу обиди за средби со мене, ниту имам намера ниту познавам некого на кого ќе му извршам влијание, потенцираше Мицкоски.

Тој нагласи дека треба да се обезбеди правна сигурност, по што ќе дојдат инвестициите, а на инвестициите им треба работоспособно население, значи треба да се занимаваме со здравството, со образовниот процес.

Тој нагласи дека образованието продуцира кадри.

- Немам мислење дека се доволни за пазарот на труд, тука треба сериозна анализа и реформа и таков тип на кадри да се продуцираат. Се сеќавам пред 5 6 години имаше јавна дебата околу дуално образование, дали некој уште зборува за тоа? Нашиот образовен систем за жал мака мачи да обезбеди учебници. Некаде нема ни просторни услови, рече тој.

Мицкоски воедно нагласи дека поради немањето стратегија во овие 6 години во здравството се доведовме во ситуација готов проект за нов клинички да се растури и денес да сме пред арбитража со големи суми на пенали на фирмата чиј договор беше раскинат од страна на владата. Потоа ќе правеа во Визбегово, па не во Визбегово туку накај Сарај.

- Тоа е без концепт, колку да се каже и да се вергла без проекти. Ние имаме 2 предизвици. Прво, дали ќе инвестираме во тули или медицински кадар. Ако инвестираме во тули, потребен ни е репрезентативен нов клинички кој идната влада треба да го изгради. Или втората работа е да се искористат моменталните капацитети, но да се адаптираат, да се донесе нова опрема, да се вложи во медицинскиот кадар и да се обезбеди солиден здравствен систем. Се ова да направиме и ако повторно имаме луѓе од здравствениот систем што заработуваат на смртта на пациентите, како во случајот Онкологија, попусто, изјави Мицкоски.

The post Мицкоски: Имаме план ќе се посветиме на суштински теми, економија и систем кој обезбедува правна сигурност, нема да правиме естрада како што сега прават appeared first on Република.

]]>

На сите анкети топ-тема за сите граѓани е економијата и сите поттеми – слаб стандард, ниски плати и пензии, инфлација... Сето тоа конвергира кон економијата, повеќе од 30 отсто од граѓаните велат - тоа е тоа. За да имаме ние стабилна економија мора да имаме пред се систем кој ќе обезбедува правна сигурност за секој. Значи, ќе треба да се посветиме тука, ова октроирано судство да го реформираме и имаме план, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за Фокус, на прашањето дека во земјава се говори повеќе за естрада, а не за суштинските теми. Мицкоски потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ ќе излезе со детални потези. Како што додаде за решавање на проблемот со корупцијата треба и да им се дадат одврзани раце на чесни обвинители и судии и ќе се знае кој како што стекнал.
- Еве отсега можам да им кажам дека, иако имало многу обиди за средби со мене, ниту имам намера ниту познавам некого на кого ќе му извршам влијание, потенцираше Мицкоски.
Тој нагласи дека треба да се обезбеди правна сигурност, по што ќе дојдат инвестициите, а на инвестициите им треба работоспособно население, значи треба да се занимаваме со здравството, со образовниот процес. Тој нагласи дека образованието продуцира кадри.
- Немам мислење дека се доволни за пазарот на труд, тука треба сериозна анализа и реформа и таков тип на кадри да се продуцираат. Се сеќавам пред 5 6 години имаше јавна дебата околу дуално образование, дали некој уште зборува за тоа? Нашиот образовен систем за жал мака мачи да обезбеди учебници. Некаде нема ни просторни услови, рече тој.
Мицкоски воедно нагласи дека поради немањето стратегија во овие 6 години во здравството се доведовме во ситуација готов проект за нов клинички да се растури и денес да сме пред арбитража со големи суми на пенали на фирмата чиј договор беше раскинат од страна на владата. Потоа ќе правеа во Визбегово, па не во Визбегово туку накај Сарај.
- Тоа е без концепт, колку да се каже и да се вергла без проекти. Ние имаме 2 предизвици. Прво, дали ќе инвестираме во тули или медицински кадар. Ако инвестираме во тули, потребен ни е репрезентативен нов клинички кој идната влада треба да го изгради. Или втората работа е да се искористат моменталните капацитети, но да се адаптираат, да се донесе нова опрема, да се вложи во медицинскиот кадар и да се обезбеди солиден здравствен систем. Се ова да направиме и ако повторно имаме луѓе од здравствениот систем што заработуваат на смртта на пациентите, како во случајот Онкологија, попусто, изјави Мицкоски.

The post Мицкоски: Имаме план ќе се посветиме на суштински теми, економија и систем кој обезбедува правна сигурност, нема да правиме естрада како што сега прават appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Образованието е основа на се, идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе работи да биде квалитетно, конкурентно и компетитивно https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-obrazovanieto-e-osnova-na-se-idnata-vlada-na-vmro-dpmne-ke-raboti-da-bide-kvalitetno-konkurentno-i-kompetitivno/ Thu, 05 Oct 2023 19:57:50 +0000 https://republika.mk/?p=688358

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во неговото обраќање на трибината по повод Светскиот ден на учителот насловена „Учителот - некогаш, денес и утре“ истакна дека образованието ни е важно затоа што без образование нема економија, а без економија нема живот, а без живот нема народ и нема држава.

Затоа е многу важно образованието кое е основа на се ова да биде конкурентно, компетитивно и тој трансфер на знаење кој доаѓа од учителите до учениците да биде современ за да можеме понатаму да конкурираме на пазарот на труд и да конкурираме во економијата и на други држави кои ни се конкуренција во делот на странски инвестиции, потенцираше Мицкоски.

Toj истакна дека во идната влада економијата ќе биде врвен приоритет, но составен дел од економијата е тој кадар кој зборуваше, односно кадарот кој ќе добие квалитетно и конкурентно образование.

Затоа очекувам да се поразговара поконкретно во образованието што е тоа што денеска констатирано дека може да биде подобрено. А ние како идна влада понатаму тоа да го коригираме, подобриме, надградиме или да имплементираме нешто автентично кое ние ќе го понудиме, порача Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ нагласи дека ќе се добијат одговори на многу прашања и нема дилема и убеден е дека тие одговори ќе ги слушнеме.

Дозволете ми да го честитам денот на учителот и да посакам многу полни училишни клупи со многу ученици кои понатаму ќе ја градат нашата Македонија бидејќи без нив ќе нема народ, а без народ нема ни држава, изјави Мицкоски.

The post Мицкоски: Образованието е основа на се, идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе работи да биде квалитетно, конкурентно и компетитивно appeared first on Република.

Зоран Коцевски: Министре Јетон Шакири, погледај го народот, послушај го народот, прстот на чело и размисли добро што одлука ќе донесеш https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/zoran-kotsevski-ministre-jeton-shakiri-pogledaj-go-narodot-poslushaj-go-narodot-prstot-na-chelo-i-razmisli-dobro-shto-odluka-ke-donesesh/ Thu, 05 Oct 2023 10:44:05 +0000 https://republika.mk/?p=688141

Министре Јетон Шакири, погледај го народот, послушај го народот, прстот на чело и размисли добро што одлука ќе донесеш, затоа што потоа ќе биде касно!, напиша на својот фејсбук профил пратеникот Зоран Коцевски.

Ветеното училиште од страна на ДУИ и СДС изградете го и се' ќе биде во ред, е сега тоа што Вие сте до толку неспособни, па две години учениците се без учебници, а не па училиште да изградите, е тоа е ВАШ проблем, а не на овој насобран народ!
А јас како пратеник избран од овие граѓани, секогаш, ама баш секогаш ќе ја имаат мојата поддршка, секаде и во секое време‼️
Се' за доброто на Гази Баба‼️
Се' за доброто на Македонија

The post Зоран Коцевски: Министре Јетон Шакири, погледај го народот, послушај го народот, прстот на чело и размисли добро што одлука ќе донесеш appeared first on Република.

]]>

Министре Јетон Шакири, погледај го народот, послушај го народот, прстот на чело и размисли добро што одлука ќе донесеш, затоа што потоа ќе биде касно!, напиша на својот фејсбук профил пратеникот Зоран Коцевски.
Ветеното училиште од страна на ДУИ и СДС изградете го и се' ќе биде во ред, е сега тоа што Вие сте до толку неспособни, па две години учениците се без учебници, а не па училиште да изградите, е тоа е ВАШ проблем, а не на овој насобран народ! А јас како пратеник избран од овие граѓани, секогаш, ама баш секогаш ќе ја имаат мојата поддршка, секаде и во секое време‼️ Се' за доброто на Гази Баба‼️ Се' за доброто на Македонија

The post Зоран Коцевски: Министре Јетон Шакири, погледај го народот, послушај го народот, прстот на чело и размисли добро што одлука ќе донесеш appeared first on Република.

]]>
Ковачевски: Младите образовани луѓе ѝ се потребни на државата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-mladite-obrazovani-luge-se-potrebni-na-drzhavata/ Mon, 02 Oct 2023 09:54:27 +0000 https://republika.mk/?p=687045

Претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски, денеска се обрати по повод почетокот на академската 2023/2024 година.

Премиерот Ковачевски присуствуваше на првиот академски час и доделувањето индекси на новите студенти на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, а на настанот се обратија и министерот за образование, Јетон Шаќири и министерот за здравство, Фатмир Меџити, како и проф. д-р Биљана Ангелова, ректор на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј” во Скопје и проф. д-р Светозар Антовиќ, в.д. декан на Медицинскиот факултет при УКИМ.

Во продолжение е интегралното обраќање на премиерот Ковачевски:

„Драги студенти и почитувани професори, овде на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, како и на сите државни и приватни универзитети низ државата, каде денеска започнува студиската година,

Почитувани проф. д-р Биљана Ангелова, ректор на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј” во Скопје, проф. д-р Светозар Антовиќ, в.д. декан на Медицинскиот факултет при УКИМ, почитувани присутни,

Нека е среќен и успешен почетокот на новата, академска 2023/2024 година!

И исто така нека е среќен и успешен и мандатот на новиот декан, на медицинскиот факултет и на новиот ректор на УКИМ Скопје. Кога ќе се погледне оваа слика тука, она во што сум сигурен е дека медицинскиот кадар не е и нема да биде дефицитарен во нашата држава, бидејќи сите места се исполнети и уште толку нови студенти на медицинскиот факултет стојат и ја исполнуваат оваа сала, овој амфитеатар во кој што од денес ќе почнат да студираат на медицинскиот факултет.

На сите студенти, кои денеска го започнуваат своето академското образование и на сите кои ги продолжуваат студиите, сакам да им порачам:

Секогаш вложувајте во вашето знаење, тоa е она што ќе ве формира и како личности и како професионалци и е влог кој ќе ви се врати повеќекратно низ животот. Знаењето е единственото нешто кое никој никогаш не може да ви го одземе. Таму всушност лежи моќта на сите промени кои ќе ги направите и за самите себе и за општеството. Јасно ми е дека многу работи од денешна перспектива ќе ви изгледаат непознати, тешки, и ќе ви изгледаат можеби недостижни, но сакам да ве уверам дека ако сте фокусирани, ако имате отворен ум, ако сте гладни за знаење, за вас нема да има никаква пречка. Вие - и секој поединечно и сите заедно, ако сакате и ако си го поставите како цел, можете да го смените светот околу вас.

Гледајќи ве сите тука денес, се потсетив на деновите кога бев на ваше место и на мојот пат . Бев и студент. Бев и 22 години дел од различни компании во приватниот сектор. Бев и еден од оние кои правеа први чекори во воведување нови технологии во нашата држава кои денес се користат. Сум дел и од академската заедница. И денес после позицијата заменик министер за финансии, без избран за најголемата чест која може да му припадне некого, а тоа е да ја предводам Владата и да бидам претседател на Владата.

И низ сите овие години, во сите тие чекори, без разлика на достигнувањата, или на позицијата која сум ја имал, она што го научив и што го стекнав како знаење низ годините и она што го учам секој ден, со тие со кои соработувам, беше, и останува единствена константа на секојдневието. Таа желба за знаење е она кое ме направи тоа што сум денес, единственото нешто кое ми даваше верба дека можам. Дека можам повеќе и можам подобро.

Сакам да ви посочам нешто многу важно: Не заборавајте дека секој ден е можност да научите многу повеќе и да постигнете многу повеќе. И затоа ве охрабрувам да сте љубопитни и да прашувате, секој ден, затоа што тоа е единствениот начин како ќе учите и ќе продолжите да се стекнувате со знаења. Така ќе станете добри доктори, научници. На другите факултети студентите ќе станат добри економисти, уметници, градители, музичари, инженери, лидери – луѓе кои ќе се иднината на нашата земја.
Често велам, со напорна работа, нема недостижна цел. И тоа е точно и тука и денес. И ќе биде точно и утре кога ќе сте веќе навлезени во она море на информации, податоци, искуства и знаења кои ќе ви помогнат да си го поставите вашиот пат и целосно да си ги исполните желбите и соништата, но и вашите лични капацитети и амбиции.

Професорите се тука за ви дадат насока и знаење, а на вас ќе остане да го употребите тоа и да ги придвижите работите напред. И за себе и за сите нас.

Вие имате среќа на овој факултет и на овој универзитет што имате професори кои се врвни експерти признаени во светот. Сите ние сме горди на нив секојдневно. Вие имате декан кој е наградуван декан и професор. Имате професори кои што спасиле животи. Јас имам многубројни лични искуства со професорите на медицинскиот факултет кои што се доктори на клиниките во универзитетскиот клинички центар. И благодарение и на проф. Караџов, и на проф. Филипче и на проф. Кондовски и на проф. Џонов, и на многу други, веројатно и моето семејство немаше да биде на број како што е денес доколку не беше нивната стручност и доколку не беше нивното знаење. Затоа и во мое име и во име на сите граѓани сакам да се заблагодарам на целиот образовен и стручен персонал на медицинскиот факултет во Скопје, меѓутоа и на сите професори, на сите други факултет и универзитети во државата за она што направиле и што вложиле во развојот на нашата држава.

Затоа ве повикувам и вас, заедно да направиме држава на успешни и среќни луѓе, кои ќе ја градат својата иднина во својата родна земја. Држава на амбициозни луѓе, луѓе кои сакаат да направат повеќе, а не луѓе кои ќе се жалат дека некој ги спречил и направиле помалку.

Луѓето се најважен ресурс за развојот на која било држава. Развојот значи економски раст, но значи и подобрување на квалитетот на живот на луѓето. Значи подобро здравство, подобро образование, социјална стабилност, шанси за личен напредок, перспективи – дома. И затоа ние денес, како Влада, вложуваме во човечкиот капитал. Клучно значење има квалитетот на високото образование, што го унапредуваме во соработка со универзитетите и со нашите стратешки партнери од Европската Унија и САД. Резултатите ги очекуваме на среден рок, затоа што секоја квалитетна реформа бара време, бара човечки и бара финансиски ресурси. Но, насоката е заземена - тоа е македонско образование, по успешни европски пракси. Во 2018 година донесовме целосно нов Закон за високо образование што ја гарантира академската слобода на делување и изразување и обезбедува повеќе права и можности за наставниот и научниот кадар, како и за студентите. А веќе дискутираме и за надградба на Законот и тоа наскоро ќе се случи. Исто така, во моментов се работи на 4 клучни стратешки документи за изградба на квалитетен национален систем за високо образование до 2025 година.

Во меѓувреме го унапредуваме и студентскиот стандард. Преку Министерството за образование и наука доделуваме повеќе различни категории државни стипендии, по различни основи. Најголем дел од категориите на стипендии ги изедначивме на сума од 6.050 денари месечно, што е зголемување за 80% од претходно. За студентите пак кои се запишани на дефицитарни студиски програми по математика, физика и хемија, а од минатата година и на земјоделство, шумарство и ветеринарство - има месечни стипендии во износ од 18 илјади денари. Од лани воведовме стипендии и за студенти на студиските програми за превод, историја на уметност, археологија, ликовна уметност и етнологија и антропологија, во износ од 6.050 денари.

Тоа што вас може да ве интересира, како студенти во областа на медицината – следуваат 500 стипендии во висина од 6.050 денари, за студенти на природно-математичките, техничко-технолошките, биотехничките или медицинските науки, за што може да аплицирате набрзо, кога ќе се отвори конкурсот. По примерот на држави членки на ЕУ, воведовме и субвенциониран студентски оброк. И веќе од денеска, на самиот почеток на студентската година, на над 20.000 студенти, им се достапни средства за студентски оброк, сума која годинaва е покачена, од 120 на 140 денари на ден или околу 50 евра, на месечно ниво. Во нашето општество често се водат дебати на различни теми, се водеше и за ова, во однос на тоа колку треба да биде износот на студентскиот оброк. Јас ќе потсетам една работа, студентски оброк пред стапувањето на функција на оваа Влада, не постоеше. Така да за ова е за прв пат сите студенти, без исклучок, да имаат обезбеден студентски оброк во државниот буџет.
Од пред неколку дена објавени се и резултатите од конкурсите за сместување и на бруцошите во студентските домови.

Сакам да потенцирам дека Министерството за образование и наука веќе склучи договор за обезбедување средства во износ од 25 милиони евра за реконструкција на сите 9 државни студентски домови во Скопје, Прилеп, Битола, Штип и Охрид. По три децении, конечно оваа Влада се зафати да го реши ова важно прашање за квалитетот на живот на студентите таму. И очекувам инвестициската активност да започне уште во оваа година.

Соопштив некои информации од интерес за сите студенти од државата. Но, вам почитувани студенти на Медицинскиот факултет – идни лекари, посебно сакам да ви порачам – дека сте многу важни.

Избравте хумана професија, што од вас ќе бара многу учење и откажувања на личен план, а во името на доброто на другите. И тоа е нешто за што треба да ви се честита, јас лично сакам да ви честитам за изборот кој што сте го направиле. И воедно сакам да ви се заблагодарам, бидејќи утре вие ќе бидете тие кои ќе се грижите за здравјето на сите ваши сограѓани. Од Медицинскиот факултет при УКИМ, во досегашните 76 години постоење, излезени се многу успешни кадри, познати, признаени и барани во целиот свет. Со капацитетите на дел од нив, изминатиов период беа направени револуционерни чекори во државата во областа на трансплантацијата на органи, за што сите бевме горди и како граѓани, лекарите како доктори, меѓутоа и државата со тоа што успеаа нашите стручни професори да го направат. Овие наши лекари – експерти, се потврдува дека можат да направат успеси и дека тие успеси се можни, на наше македонско тло. Верувам дека ве охрабривме да ја изберете медицината и со низата политики со коишто здравството го поставивме како еден од врвните државни приоритети. Во изминатите неколку години го вративме достоинството на лекарите и медицинскиот персонал. Основната плата на лекарите специјалисти е зголемена за над 40%, на медицинските сестри над 20%, на општите лекари над 25%, на здравствените соработници над 15%.

Во текот на изминатите денови беше потпишан нов колективен договор со синдикатот на здравствените работници. Секогаш може повеќе, и секогаш може подобро и ќе биде и подобро и ќе биде и поуспешно. Платите на лекарите специјалисти во некои области се и двојно повисоки. Корегиран е коефициентот за дежурства. За младите специјализанти овозможено е здравствено осигурување, платени дежурства, месечен надомест колку основна плата на општ лекар. Бидејќи така се гради прогрес, со вложување во човечкиот капитал. Државата може да се развива само меѓу други демократски држави, а не во изолација. Поголемата конкурентност, конкретно на европскиот пазар од половина милијарда луѓе, дава можности, како стручен кадар, да сте барани и вреднувани на пазарот на трудот.

Затоа, правиме пат за членство во Европската Унија, во динамичен процес до 2030 година, за европски услови за живот, работа и развој, тука, во нашата држава. Уверен сум дека со вас, младите луѓе, со вашата енергија, интелигенција, со вашите потенцијали и поддршка, која што ќе ви ја дадат и професорите и институциите, заедничката цел - ќе ја постигнеме. Заеднички ќе ја направиме оваа држава европска, со европско образование и здравство, и заеднички ќе ги поставиме основите за брз развој понатаму. Сметаме на вашата желба да ја направите оваа земја поубаво место за живеење, земја во која и вие и идните генерации ќе ја градат својата иднина.

Нам и вам ни е доделена таа благородна задача, да направиме нешто повеќе за нас, за нашите најблиски, за нашите семејства, за сите граѓани, тука дома, во татковината. Затоа што, ако не ние, кој? Ако не сега, кога?

Ќе завршам со она што го посочив на почетокот - сонувајте, верувајте во себе и пред сѐ бидете отворени за нови знаења затоа што тоа е вашата најдобра инвестиција. И работете напорно, затоа што со напорна работа, нема недостижна цел.
Во име на Владата и во мое лично име, на сите студенти и професори во државата им посакувам среќна и успешна академска година.

Со среќа на сите, многу успех и само напред!“

The post Ковачевски: Младите образовани луѓе ѝ се потребни на државата appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски, денеска се обрати по повод почетокот на академската 2023/2024 година. Премиерот Ковачевски присуствуваше на првиот академски час и доделувањето индекси на новите студенти на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, а на настанот се обратија и министерот за образование, Јетон Шаќири и министерот за здравство, Фатмир Меџити, како и проф. д-р Биљана Ангелова, ректор на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј” во Скопје и проф. д-р Светозар Антовиќ, в.д. декан на Медицинскиот факултет при УКИМ. Во продолжение е интегралното обраќање на премиерот Ковачевски: „Драги студенти и почитувани професори, овде на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, како и на сите државни и приватни универзитети низ државата, каде денеска започнува студиската година, Почитувани проф. д-р Биљана Ангелова, ректор на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј” во Скопје, проф. д-р Светозар Антовиќ, в.д. декан на Медицинскиот факултет при УКИМ, почитувани присутни, Нека е среќен и успешен почетокот на новата, академска 2023/2024 година! И исто така нека е среќен и успешен и мандатот на новиот декан, на медицинскиот факултет и на новиот ректор на УКИМ Скопје. Кога ќе се погледне оваа слика тука, она во што сум сигурен е дека медицинскиот кадар не е и нема да биде дефицитарен во нашата држава, бидејќи сите места се исполнети и уште толку нови студенти на медицинскиот факултет стојат и ја исполнуваат оваа сала, овој амфитеатар во кој што од денес ќе почнат да студираат на медицинскиот факултет. На сите студенти, кои денеска го започнуваат своето академското образование и на сите кои ги продолжуваат студиите, сакам да им порачам: Секогаш вложувајте во вашето знаење, тоa е она што ќе ве формира и како личности и како професионалци и е влог кој ќе ви се врати повеќекратно низ животот. Знаењето е единственото нешто кое никој никогаш не може да ви го одземе. Таму всушност лежи моќта на сите промени кои ќе ги направите и за самите себе и за општеството. Јасно ми е дека многу работи од денешна перспектива ќе ви изгледаат непознати, тешки, и ќе ви изгледаат можеби недостижни, но сакам да ве уверам дека ако сте фокусирани, ако имате отворен ум, ако сте гладни за знаење, за вас нема да има никаква пречка. Вие - и секој поединечно и сите заедно, ако сакате и ако си го поставите како цел, можете да го смените светот околу вас. Гледајќи ве сите тука денес, се потсетив на деновите кога бев на ваше место и на мојот пат . Бев и студент. Бев и 22 години дел од различни компании во приватниот сектор. Бев и еден од оние кои правеа први чекори во воведување нови технологии во нашата држава кои денес се користат. Сум дел и од академската заедница. И денес после позицијата заменик министер за финансии, без избран за најголемата чест која може да му припадне некого, а тоа е да ја предводам Владата и да бидам претседател на Владата. И низ сите овие години, во сите тие чекори, без разлика на достигнувањата, или на позицијата која сум ја имал, она што го научив и што го стекнав како знаење низ годините и она што го учам секој ден, со тие со кои соработувам, беше, и останува единствена константа на секојдневието. Таа желба за знаење е она кое ме направи тоа што сум денес, единственото нешто кое ми даваше верба дека можам. Дека можам повеќе и можам подобро. Сакам да ви посочам нешто многу важно: Не заборавајте дека секој ден е можност да научите многу повеќе и да постигнете многу повеќе. И затоа ве охрабрувам да сте љубопитни и да прашувате, секој ден, затоа што тоа е единствениот начин како ќе учите и ќе продолжите да се стекнувате со знаења. Така ќе станете добри доктори, научници. На другите факултети студентите ќе станат добри економисти, уметници, градители, музичари, инженери, лидери – луѓе кои ќе се иднината на нашата земја. Често велам, со напорна работа, нема недостижна цел. И тоа е точно и тука и денес. И ќе биде точно и утре кога ќе сте веќе навлезени во она море на информации, податоци, искуства и знаења кои ќе ви помогнат да си го поставите вашиот пат и целосно да си ги исполните желбите и соништата, но и вашите лични капацитети и амбиции. Професорите се тука за ви дадат насока и знаење, а на вас ќе остане да го употребите тоа и да ги придвижите работите напред. И за себе и за сите нас. Вие имате среќа на овој факултет и на овој универзитет што имате професори кои се врвни експерти признаени во светот. Сите ние сме горди на нив секојдневно. Вие имате декан кој е наградуван декан и професор. Имате професори кои што спасиле животи. Јас имам многубројни лични искуства со професорите на медицинскиот факултет кои што се доктори на клиниките во универзитетскиот клинички центар. И благодарение и на проф. Караџов, и на проф. Филипче и на проф. Кондовски и на проф. Џонов, и на многу други, веројатно и моето семејство немаше да биде на број како што е денес доколку не беше нивната стручност и доколку не беше нивното знаење. Затоа и во мое име и во име на сите граѓани сакам да се заблагодарам на целиот образовен и стручен персонал на медицинскиот факултет во Скопје, меѓутоа и на сите професори, на сите други факултет и универзитети во државата за она што направиле и што вложиле во развојот на нашата држава. Затоа ве повикувам и вас, заедно да направиме држава на успешни и среќни луѓе, кои ќе ја градат својата иднина во својата родна земја. Држава на амбициозни луѓе, луѓе кои сакаат да направат повеќе, а не луѓе кои ќе се жалат дека некој ги спречил и направиле помалку. Луѓето се најважен ресурс за развојот на која било држава. Развојот значи економски раст, но значи и подобрување на квалитетот на живот на луѓето. Значи подобро здравство, подобро образование, социјална стабилност, шанси за личен напредок, перспективи – дома. И затоа ние денес, како Влада, вложуваме во човечкиот капитал. Клучно значење има квалитетот на високото образование, што го унапредуваме во соработка со универзитетите и со нашите стратешки партнери од Европската Унија и САД. Резултатите ги очекуваме на среден рок, затоа што секоја квалитетна реформа бара време, бара човечки и бара финансиски ресурси. Но, насоката е заземена - тоа е македонско образование, по успешни европски пракси. Во 2018 година донесовме целосно нов Закон за високо образование што ја гарантира академската слобода на делување и изразување и обезбедува повеќе права и можности за наставниот и научниот кадар, како и за студентите. А веќе дискутираме и за надградба на Законот и тоа наскоро ќе се случи. Исто така, во моментов се работи на 4 клучни стратешки документи за изградба на квалитетен национален систем за високо образование до 2025 година. Во меѓувреме го унапредуваме и студентскиот стандард. Преку Министерството за образование и наука доделуваме повеќе различни категории државни стипендии, по различни основи. Најголем дел од категориите на стипендии ги изедначивме на сума од 6.050 денари месечно, што е зголемување за 80% од претходно. За студентите пак кои се запишани на дефицитарни студиски програми по математика, физика и хемија, а од минатата година и на земјоделство, шумарство и ветеринарство - има месечни стипендии во износ од 18 илјади денари. Од лани воведовме стипендии и за студенти на студиските програми за превод, историја на уметност, археологија, ликовна уметност и етнологија и антропологија, во износ од 6.050 денари. Тоа што вас може да ве интересира, како студенти во областа на медицината – следуваат 500 стипендии во висина од 6.050 денари, за студенти на природно-математичките, техничко-технолошките, биотехничките или медицинските науки, за што може да аплицирате набрзо, кога ќе се отвори конкурсот. По примерот на држави членки на ЕУ, воведовме и субвенциониран студентски оброк. И веќе од денеска, на самиот почеток на студентската година, на над 20.000 студенти, им се достапни средства за студентски оброк, сума која годинaва е покачена, од 120 на 140 денари на ден или околу 50 евра, на месечно ниво. Во нашето општество често се водат дебати на различни теми, се водеше и за ова, во однос на тоа колку треба да биде износот на студентскиот оброк. Јас ќе потсетам една работа, студентски оброк пред стапувањето на функција на оваа Влада, не постоеше. Така да за ова е за прв пат сите студенти, без исклучок, да имаат обезбеден студентски оброк во државниот буџет. Од пред неколку дена објавени се и резултатите од конкурсите за сместување и на бруцошите во студентските домови. Сакам да потенцирам дека Министерството за образование и наука веќе склучи договор за обезбедување средства во износ од 25 милиони евра за реконструкција на сите 9 државни студентски домови во Скопје, Прилеп, Битола, Штип и Охрид. По три децении, конечно оваа Влада се зафати да го реши ова важно прашање за квалитетот на живот на студентите таму. И очекувам инвестициската активност да започне уште во оваа година. Соопштив некои информации од интерес за сите студенти од државата. Но, вам почитувани студенти на Медицинскиот факултет – идни лекари, посебно сакам да ви порачам – дека сте многу важни. Избравте хумана професија, што од вас ќе бара многу учење и откажувања на личен план, а во името на доброто на другите. И тоа е нешто за што треба да ви се честита, јас лично сакам да ви честитам за изборот кој што сте го направиле. И воедно сакам да ви се заблагодарам, бидејќи утре вие ќе бидете тие кои ќе се грижите за здравјето на сите ваши сограѓани. Од Медицинскиот факултет при УКИМ, во досегашните 76 години постоење, излезени се многу успешни кадри, познати, признаени и барани во целиот свет. Со капацитетите на дел од нив, изминатиов период беа направени револуционерни чекори во државата во областа на трансплантацијата на органи, за што сите бевме горди и како граѓани, лекарите како доктори, меѓутоа и државата со тоа што успеаа нашите стручни професори да го направат. Овие наши лекари – експерти, се потврдува дека можат да направат успеси и дека тие успеси се можни, на наше македонско тло. Верувам дека ве охрабривме да ја изберете медицината и со низата политики со коишто здравството го поставивме како еден од врвните државни приоритети. Во изминатите неколку години го вративме достоинството на лекарите и медицинскиот персонал. Основната плата на лекарите специјалисти е зголемена за над 40%, на медицинските сестри над 20%, на општите лекари над 25%, на здравствените соработници над 15%. Во текот на изминатите денови беше потпишан нов колективен договор со синдикатот на здравствените работници. Секогаш може повеќе, и секогаш може подобро и ќе биде и подобро и ќе биде и поуспешно. Платите на лекарите специјалисти во некои области се и двојно повисоки. Корегиран е коефициентот за дежурства. За младите специјализанти овозможено е здравствено осигурување, платени дежурства, месечен надомест колку основна плата на општ лекар. Бидејќи така се гради прогрес, со вложување во човечкиот капитал. Државата може да се развива само меѓу други демократски држави, а не во изолација. Поголемата конкурентност, конкретно на европскиот пазар од половина милијарда луѓе, дава можности, како стручен кадар, да сте барани и вреднувани на пазарот на трудот. Затоа, правиме пат за членство во Европската Унија, во динамичен процес до 2030 година, за европски услови за живот, работа и развој, тука, во нашата држава. Уверен сум дека со вас, младите луѓе, со вашата енергија, интелигенција, со вашите потенцијали и поддршка, која што ќе ви ја дадат и професорите и институциите, заедничката цел - ќе ја постигнеме. Заеднички ќе ја направиме оваа држава европска, со европско образование и здравство, и заеднички ќе ги поставиме основите за брз развој понатаму. Сметаме на вашата желба да ја направите оваа земја поубаво место за живеење, земја во која и вие и идните генерации ќе ја градат својата иднина. Нам и вам ни е доделена таа благородна задача, да направиме нешто повеќе за нас, за нашите најблиски, за нашите семејства, за сите граѓани, тука дома, во татковината. Затоа што, ако не ние, кој? Ако не сега, кога? Ќе завршам со она што го посочив на почетокот - сонувајте, верувајте во себе и пред сѐ бидете отворени за нови знаења затоа што тоа е вашата најдобра инвестиција. И работете напорно, затоа што со напорна работа, нема недостижна цел. Во име на Владата и во мое лично име, на сите студенти и професори во државата им посакувам среќна и успешна академска година. Со среќа на сите, многу успех и само напред!“

The post Ковачевски: Младите образовани луѓе ѝ се потребни на државата appeared first on Република.

]]>
Проблемите во школството се последица на тоа што тендерите служат за лично богатење на мафијата во образованието https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/problemite-vo-shkolstvoto-se-posleditsa-na-toa-shto-tenderite-sluzhat-za-lichno-bogatene-na-mafijata-vo-obrazovanieto/ Sat, 02 Sep 2023 13:38:56 +0000 https://republika.mk/?p=678145

Бидејќи сум дел од образовниот процес на одреден начин можам да кажам дека откако оваа влада на ДУИ и СДСМ е дел од владата, нема година да не почне со проблеми коишто се поврзани со образованието, немање учебници итн., а повторно ќе кажам, присетете се на оние билборди коишто велеа европско образование, бесплатно и не знам какво, вака претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговори на новинарско прашање за коментар околу проблемите на стартот на новата учебна година.

Мицкоски исто така истакна дека луѓето од власта овие проблеми ги предизвикуваат бидејќи преку тендерите гледаат можност за лично богатење и се многу неорганизирани.

„Тоа го прават поради две работи. Првата работа е затоа што преку тендерите гледаат можност за местење, профитирање и лично богатење, односно да сумирам крадење и втората работа, дури и тука слабо можат да се организираат, па некако ја пропуштаат годината секоја година, па децата дури и на крајот од учебната година ги добиваат учебниците. Значи покрај тоа што имаме мафија во здравството, имаме и мафија во образованието“ потенцираше Мицкоски и додаде:

„Ова се реалните проблеми. Некако исчезна тој билборд за бесплатно европско здравство, исчезна билбордот за бесплатно европско високо образование итн., проблемите ни останаа. За жал тешката и мачна реалност ни остана. Бирократите од Брисел доаѓаат, остануваат тука по неколку часа, си заминуваат, ни ветуваат, а со проблемите за жал вие, ние треба да живееме“.

https://www.youtube.com/watch?v=pG17V8W-VQg

The post Проблемите во школството се последица на тоа што тендерите служат за лично богатење на мафијата во образованието appeared first on Република.

]]>

Бидејќи сум дел од образовниот процес на одреден начин можам да кажам дека откако оваа влада на ДУИ и СДСМ е дел од владата, нема година да не почне со проблеми коишто се поврзани со образованието, немање учебници итн., а повторно ќе кажам, присетете се на оние билборди коишто велеа европско образование, бесплатно и не знам какво, вака претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговори на новинарско прашање за коментар околу проблемите на стартот на новата учебна година. Мицкоски исто така истакна дека луѓето од власта овие проблеми ги предизвикуваат бидејќи преку тендерите гледаат можност за лично богатење и се многу неорганизирани.
„Тоа го прават поради две работи. Првата работа е затоа што преку тендерите гледаат можност за местење, профитирање и лично богатење, односно да сумирам крадење и втората работа, дури и тука слабо можат да се организираат, па некако ја пропуштаат годината секоја година, па децата дури и на крајот од учебната година ги добиваат учебниците. Значи покрај тоа што имаме мафија во здравството, имаме и мафија во образованието“ потенцираше Мицкоски и додаде:
„Ова се реалните проблеми. Некако исчезна тој билборд за бесплатно европско здравство, исчезна билбордот за бесплатно европско високо образование итн., проблемите ни останаа. За жал тешката и мачна реалност ни остана. Бирократите од Брисел доаѓаат, остануваат тука по неколку часа, си заминуваат, ни ветуваат, а со проблемите за жал вие, ние треба да живееме“. https://www.youtube.com/watch?v=pG17V8W-VQg

The post Проблемите во школството се последица на тоа што тендерите служат за лично богатење на мафијата во образованието appeared first on Република.

]]>
Весна Јаневска: Потребна е брза и одлучна акција за укинување на пропаднатата реформа во образованието https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vesna-janevska-potrebna-e-brza-i-odluchna-aktsija-za-ukinuvane-na-propadnatata-reforma-vo-obrazovanieto/ Fri, 01 Sep 2023 11:35:34 +0000 https://republika.mk/?p=677887

Почитувани ученици и наставници ви посакувам среќен почеток на новата учебна година. На првачињата им истурам река вода по нивните стапки за образованието да им тече како вода, да им биде убаво и забавно во училиште, да учат најмногу што можат и да бидат најдобри што можат, рече на денешната прес-конференција Весна Јаневска од ВМРО-ДПМНЕ.

На овој убав ден сепак со јавноста треба да споделам со кои предизвици ќе се соочуваат и учениците и наставниците. Вчера еден од креаторите на фамозната Концепција за реформи во образованието, кој држеше обуки и ја промовираше Концепцијата, Кирил Барбареев изјави дека реформата во основното образование е веќе пропадната. ВМРО-ДПМНЕ и експертската јавност во Македонија од сам почеток тврдеа дека оваа реформа е неспроведлива и крајно лошо обмислена. На Кирил Барбареев тоа му станува јасно по 2,5 години, а Владата се уште се обидува да ја спроведе таа пропадната реформа. Учебници за сите ученици на првиот училишен ден нема да има, а и не само на првиот и понатаму. Учениците ќе бидат дискриминирани со тоа што едни ќе имаат учебници, а други материјали за учење, односно линк до ПДФ формат некакви материјали. Огромен број на ученици ќе имаат полураспагнати учебници користени во претходните години. Врв на хипокризијата на оваа Влада во однос на учебниците е изјавата на премиерот дека министерот не пишува учебници и не е одговорен за нивниот недостаток. Премиере и изминатите 30 години министерот не пишуваше учебници ама нив ги имаше. Наставниците ќе бидат фрустрирани бидејќи оваа година ќе држат различен број часови за иста плата. Историја, во шесто одделение учениците ќе учат само во прво полугодие, а потоа следната година, во седмо. Кога сме кај историја, уште една важна информација за наставниците, ве молам да не ги учите учениците дека Тигар и Еуфрат се наоѓаат во Африка, така пишува во новите материјали за учење објавени на страната на БРО, дека Нил, Тигар и Еуфрат се наоѓаат во Африка. Ве молам, направете напори и науштете ги учениците дека Нил е во Африка, а Тигар и Еуфрат во Азија. Дел од наставниците ќе предаваат предмети за кои немаат компетенции и вештини. Наместо оценки по предмет наставниците ќе пишуваат оценки на модули. Сето ова како резултат на Насоките за планирање, организација и реализација на наставата, документ кој ако се спроведува води до кршење на најмалку 3 закони. Значи ли тоа дека ако директорите ги спроведуваат овие насоки, утре може да бидат и разрешени и казнети за непочитување на постоечкиот важечки закон? Потоа Владата ќе побара одговорност и од градоначалниците. Проѕирна е играта, но не зборавајте дека директорот на Бирото за развој на образованието ставил потпис на документот, а над него е министерот. За да го сврти вниманието на наставниците од проблемите во училиштето и наставата, Владата ги замајува деновиве со проценти од плата, иако вети потпишување на Колективниот договор требаше да биде потпишан уште пролетта. Во ваквата хаотична состојба само оваа Влада може да очекува подобри резултати на учениците. Тоа не е можно. Можеби таа и не очекува, но упорно не убедува дека се е добро и многу европски, истакна Јаневска.

Почитувани, не треба да поминат нови 2,5 години за на Владата и стане јасно што прави, потребна е брза и одлучна акција (кажано во нивен стил на изразување) за укинување на пропаднатата реформа, додаде Јаневска.

The post Весна Јаневска: Потребна е брза и одлучна акција за укинување на пропаднатата реформа во образованието appeared first on Република.

НСОН најавува штрајк во училиштата во септември https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nson-najavuva-shtrajk-vo-uchilishtata-vo-septemvri/ Wed, 30 Aug 2023 07:42:25 +0000 https://republika.mk/?p=677177

Независниот синдикат за образование и наука (НСОН) најави штрајк во училиштата во текот на септември заради повисоки плати на вработените во образованието и за почитување на колективниот договор. Претседателот на НСОН, Томислав Гиевски, за МИА изјави дека активно работат на терен и се во преговори со училишта за окрупнување на членството за да постигнат репрезентативност и да покренат штрајк.

Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК), пак, не е за штрајк и со Министерството за образование и наука веќе преговара за зголемување на платите. Претседателот на СОНК, Јаким Неделков, за МИА изјави дека поддржуваат сѐ што е конструктивно и аргументирано. Соопшти дека со МОН се во преговори за покачување на платите од септември за дополнителен процент на најавените 10 отсто што вработените во образованието треба да ги добијат со Општиот колективен договор (ОКД).

Гиевски од НСОН посочи дека за штрајк ќе се организираат во текот на септември и веќе испратиле повик до сите колективи во училиштата и се во преговори со нив, како што рече, да им ја дадат довербата за покренување штрајк. Нагласи дека НСОН е подготвен за штрајк, но треба да имаат повеќе членови односно дваесет отсто од вработените во секое училиште.

Потпретседателот на Независниот синдикат за образование и наука (НСОН) Енвер Ајдини реагира дека директори во училишта од, како што вели, политички позиции вршат притисок врз нивни колеги да

Не само што размислуваме за штрајк, туку ако ја постигнеме бројката ќе има штрајк и сме 100 проценти сигурни во тоа. Има огромни можности во септември да ја постигнеме бројката и да го почнеме штрајкот поради непочитување на колективните договори. Плата добиваме по 10-ти во месецот и е многу пониска од таа што треба да ја добиваме. Просветен работник во ниеден случај не смее да добива плата која е пониска од републичкиот просек, изјави Гиевски и додаде дека и со 10-те отсто покачување на платите од септември, согласно Општиот колективен договор, платата ќе им биде пониска од просечната во државава.

На прашањето дали министерот за образование и наука е запознат со нивните барања и со одлуката за штрајк, Гиевски одговори дека средба со Јетон Шаќири имале пред околу два и пол месеца кога начелно, како што рече, ги отвориле сите теми и министерот им одговорил дека писмено ќе ги извести откако ќе разговара со правната служба. Повторна средба со министерот, пред почетокот на учебната година, рече, не побарале.

Тогаш не добивме никаков одговор, а бевме известени дека ќе го добиеме за една недела. Сега сме известени дека е на одмор, ќе побараме средба, но во моментов сме максимално посветени на колегите што нѐ бараат да имаме состаноци, додаде претседателот на НСОН.

Претседателот на СОНК, Јаким Неделков, пак, смета дека не постојат реални услови за штрајк за такви барања кои се наведени како причина, ниту барањата, рече, се со таква тежина за да не може да се уредат со преговори.

Неделков за МИА изјави дека СОНК е во континуирани преговори со Министерството за образование и наука просветните работници со септемвриската плата да добијат дополнително покачување од оние 10 отсто што ќе им следуваат со ОКД. Исто така, очекува наскоро да биде потпишан и нов колективен договор за основно и средно образование со што, рече, ќе се уредат многу права на вработените во дејноста образование.

Дополнителното покачување е сигурно, нагласи Неделков, и СОНК преговара со МОН колкав да биде процентот.

Тие даваат толку колку што даваат, ние бараме повеќе. Да видиме каде ќе се сретнеме и затоа не би сакал да шпекулирам со проценти во јавноста, додаде Неделков.

Во Министерството за образование и наука е во тек новата преговарачка средба меѓу Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) на која двете страни треба да се усогласат за от

Во однос на барањата на НСОН, одговори дека „СОНК ќе поддржи сѐ што е конструктивно и што држи вода“, но смета дека тој образовен синдикат „погрешно толкува одредби од колективен договор“ кога тврди дека тие се кршат.

Тврдат дека минималната плата треба да се множи со соодветен коефициент на сложеност на работно место, што апсолутно така не пишува во колективниот договор. Ние сите би биле пресреќни да беше така, но не е така. Во јавноста се пушта таква шпекулација и се обвинува СОНК дека е сојузник на непочитување на колективниот договор. Да било така, досега барем еден член ќе тужел и ќе добиел. Но, никој не тужи од причина што не е така, изјави Неделков.

Во однос на ниските плати на просветните работници, што е исто така основа на мотивот на НСОН за покренување штрајк, Неделков рече дека „не би ја фалел Владата дека направила многу за вработените во образованието“, но дека СОНК, сепак, издејстувал 10 проценти покачување во 2020 година, 18 проценти во 2022 и ново покачување оваа година што ќе биде над 10 проценти.

Факт е дека има инфлација, високи цени и платите се потпросечни, меѓутоа тоа што ние како синдикат континуирано го работиме треба некој да го цени. Не е доволно, но дали ние како синдикат сме виновни што платите од памтивек биле ниски и сега наеднаш, дефинитивно, не може да се исправи таа неправда, рече претседателот на СОНК.

На прашањето од МИА за став во врска со намерата за штрајк на еден од образовните синдикати, Министерството за образование и наука одговори дека „во моментов најмалку се потребни нови грижи за учениците и прекинување на нивниот воспитно-образовен процес“, имајќи предвид, како што наведе, дека е загубено многу од наставата во изминатите години поради КОВИД-пандемијата и штрајкот од минатата учебна година.

Рокот по конкурсите на Министерството за образование и наука за стипендии за ученици во средно образование во учебната 2022/2023 година истекува в недела, 13 ноември. Девет видови стипендии с

Предизвиците мора да се надминуваат преку дискусија, за секое прашање треба да се дебатира. МОН е отворена институција и од особена важност е соработката со синдикалните организации и здруженија во кои гледаме сериозни партнери за градење квалитетен образовен систем и секогаш сме имале добра релација преку која се остварени бројни заеднички цели, посочи МОН.

Потврди и дека е во преговори со, како што наведе „репрезентативниот синдикат во образованието – СОНК“, за потпишување нов колективен договор со кој е предвидено повисоки плати за наставниците и стручните соработници и нови права и можности за нивниот кариерен и професионален развој.

The post НСОН најавува штрајк во училиштата во септември appeared first on Република.

]]>

Независниот синдикат за образование и наука (НСОН) најави штрајк во училиштата во текот на септември заради повисоки плати на вработените во образованието и за почитување на колективниот договор. Претседателот на НСОН, Томислав Гиевски, за МИА изјави дека активно работат на терен и се во преговори со училишта за окрупнување на членството за да постигнат репрезентативност и да покренат штрајк. Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК), пак, не е за штрајк и со Министерството за образование и наука веќе преговара за зголемување на платите. Претседателот на СОНК, Јаким Неделков, за МИА изјави дека поддржуваат сѐ што е конструктивно и аргументирано. Соопшти дека со МОН се во преговори за покачување на платите од септември за дополнителен процент на најавените 10 отсто што вработените во образованието треба да ги добијат со Општиот колективен договор (ОКД). Гиевски од НСОН посочи дека за штрајк ќе се организираат во текот на септември и веќе испратиле повик до сите колективи во училиштата и се во преговори со нив, како што рече, да им ја дадат довербата за покренување штрајк. Нагласи дека НСОН е подготвен за штрајк, но треба да имаат повеќе членови односно дваесет отсто од вработените во секое училиште. Потпретседателот на Независниот синдикат за образование и наука (НСОН) Енвер Ајдини реагира дека директори во училишта од, како што вели, политички позиции вршат притисок врз нивни колеги да
Не само што размислуваме за штрајк, туку ако ја постигнеме бројката ќе има штрајк и сме 100 проценти сигурни во тоа. Има огромни можности во септември да ја постигнеме бројката и да го почнеме штрајкот поради непочитување на колективните договори. Плата добиваме по 10-ти во месецот и е многу пониска од таа што треба да ја добиваме. Просветен работник во ниеден случај не смее да добива плата која е пониска од републичкиот просек, изјави Гиевски и додаде дека и со 10-те отсто покачување на платите од септември, согласно Општиот колективен договор, платата ќе им биде пониска од просечната во државава.
На прашањето дали министерот за образование и наука е запознат со нивните барања и со одлуката за штрајк, Гиевски одговори дека средба со Јетон Шаќири имале пред околу два и пол месеца кога начелно, како што рече, ги отвориле сите теми и министерот им одговорил дека писмено ќе ги извести откако ќе разговара со правната служба. Повторна средба со министерот, пред почетокот на учебната година, рече, не побарале.
Тогаш не добивме никаков одговор, а бевме известени дека ќе го добиеме за една недела. Сега сме известени дека е на одмор, ќе побараме средба, но во моментов сме максимално посветени на колегите што нѐ бараат да имаме состаноци, додаде претседателот на НСОН.
Претседателот на СОНК, Јаким Неделков, пак, смета дека не постојат реални услови за штрајк за такви барања кои се наведени како причина, ниту барањата, рече, се со таква тежина за да не може да се уредат со преговори. Неделков за МИА изјави дека СОНК е во континуирани преговори со Министерството за образование и наука просветните работници со септемвриската плата да добијат дополнително покачување од оние 10 отсто што ќе им следуваат со ОКД. Исто така, очекува наскоро да биде потпишан и нов колективен договор за основно и средно образование со што, рече, ќе се уредат многу права на вработените во дејноста образование. Дополнителното покачување е сигурно, нагласи Неделков, и СОНК преговара со МОН колкав да биде процентот.
Тие даваат толку колку што даваат, ние бараме повеќе. Да видиме каде ќе се сретнеме и затоа не би сакал да шпекулирам со проценти во јавноста, додаде Неделков.
Во Министерството за образование и наука е во тек новата преговарачка средба меѓу Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) на која двете страни треба да се усогласат за от Во однос на барањата на НСОН, одговори дека „СОНК ќе поддржи сѐ што е конструктивно и што држи вода“, но смета дека тој образовен синдикат „погрешно толкува одредби од колективен договор“ кога тврди дека тие се кршат.
Тврдат дека минималната плата треба да се множи со соодветен коефициент на сложеност на работно место, што апсолутно така не пишува во колективниот договор. Ние сите би биле пресреќни да беше така, но не е така. Во јавноста се пушта таква шпекулација и се обвинува СОНК дека е сојузник на непочитување на колективниот договор. Да било така, досега барем еден член ќе тужел и ќе добиел. Но, никој не тужи од причина што не е така, изјави Неделков.
Во однос на ниските плати на просветните работници, што е исто така основа на мотивот на НСОН за покренување штрајк, Неделков рече дека „не би ја фалел Владата дека направила многу за вработените во образованието“, но дека СОНК, сепак, издејстувал 10 проценти покачување во 2020 година, 18 проценти во 2022 и ново покачување оваа година што ќе биде над 10 проценти.
Факт е дека има инфлација, високи цени и платите се потпросечни, меѓутоа тоа што ние како синдикат континуирано го работиме треба некој да го цени. Не е доволно, но дали ние како синдикат сме виновни што платите од памтивек биле ниски и сега наеднаш, дефинитивно, не може да се исправи таа неправда, рече претседателот на СОНК.
На прашањето од МИА за став во врска со намерата за штрајк на еден од образовните синдикати, Министерството за образование и наука одговори дека „во моментов најмалку се потребни нови грижи за учениците и прекинување на нивниот воспитно-образовен процес“, имајќи предвид, како што наведе, дека е загубено многу од наставата во изминатите години поради КОВИД-пандемијата и штрајкот од минатата учебна година. Рокот по конкурсите на Министерството за образование и наука за стипендии за ученици во средно образование во учебната 2022/2023 година истекува в недела, 13 ноември. Девет видови стипендии с
Предизвиците мора да се надминуваат преку дискусија, за секое прашање треба да се дебатира. МОН е отворена институција и од особена важност е соработката со синдикалните организации и здруженија во кои гледаме сериозни партнери за градење квалитетен образовен систем и секогаш сме имале добра релација преку која се остварени бројни заеднички цели, посочи МОН.
Потврди и дека е во преговори со, како што наведе „репрезентативниот синдикат во образованието – СОНК“, за потпишување нов колективен договор со кој е предвидено повисоки плати за наставниците и стручните соработници и нови права и можности за нивниот кариерен и професионален развој.

The post НСОН најавува штрајк во училиштата во септември appeared first on Република.

]]>
Весна Јаневска: Сте помислиле ли дека пак се’ ќе се сведе на притисок врз наставниците да пишуваат петки? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vesna-janevska-ste-pomislile-li-deka-pak-se-ke-se-svede-na-pritisok-vrz-nastavnitsite-da-pishuvaat-petki/ Sat, 26 Aug 2023 14:51:20 +0000 https://republika.mk/?p=676102

Продолжувам со анализа на Насоките за планирање, организација и реализација на наставата, пишува професорката Весна Јаневска на својот фејсбук профил.

Во документот пишува:

ЗАДОЛЖИТЕЛЕН ПРЕСТОЈ НА УЧЕНИЦИТЕ ВО УЧИЛИШТЕ

● Сите ученици од 1. до 5. одделение престојуваат во училиште 5 саати дневно (исклучок се оние кои поради продолжен престој може да престојуваат и повеќе саати во училиште). Учениците од 6. одделение престојуваат во училиште 6 саати дневно.

● Поголемиот дел од времето во текот на задолжителниот престој, учениците го поминуваат во редовна настава по задолжителните и изборните предмети (оние од 1. до 5. одделение во просек 3-3,5 саати дневно, а оние од 6. одделение, во просек 4-4,5 саати дневно), а остатокот од времето е наменет за неструктурирани активности (како што се одморите меѓу часовите), а дел за активности што се структурирани и организирани од наставниците или од училиштето во вид на одделенски час, дополнителни или додатни активности поврзани со наставата или со воннаставните активности со кои се задоволуваат потребите и интересите на учениците (какви што, на пример, се: хор, оркестар, спортски клуб, подготовка на театарска претстава, еколошки и хуманитарни акции).

Претпоставувам дека на оние кои не се во настава, овој текст и не им кажува многу, но со пример тоа би изгледало вака:

Во Македонија огромен број училишта работат во 2 смени, во кои се ротираат пониските и повисоките одделенија. Учениците од VI одделение ќе престојуваат 6 часа девно на училиште. Значи ако се прва смена од 7.30 часот до 13.30 часот. Во 14 часот почнува втора смена. Ако учениците од VI одделеие се втора смена на училиште ќе бидат од 14 часот до 20 часот. Додека стигнат дома сигурно ќе помине половина до 1 час, значи 21 часот.

Се надевам дека после 6 часа на училиште не очекувате веднаш да седнат над книга. Значи треба да учат следниот ден наутро, за да се подготват за тој ден. Да претпоставиме дека ќе учат од 8 часот до 12 часот затоа што треба да совладаат повеќе предмети, да истражуваат литература, да користат интернет, да анализираа, да пишуваат домашна, проекти и слично. После тоа продолжуваат на училиште уште 6 часа и некој очекува да одржат концентрација, да не почуствуваат умор, да им биде забавно и интересно и да покажат успех?

За училиштата (помал број) кои работат во 3 смени немам коментар.

Да, јас сум согласна дека учениците треба да поминуваат повеќе време на училиште, но во тоа време да ги совладаат содржините или „постигнат стандарди за оценување“. Ако во 6- те часа поминати на училиште учениците не го совладаат поголемиот дел од материјалот, молам да ми се објасни како тоа учениците ќе постигнат успех без да поминат на училиште и дома во учење, збирно, најмалку 10, а по потреба и 12 часа.

Ве молам објаснете вие кои го одобривте овој „супер модерен и напреден“ документ како децата ќе совладаат се’ предвидено во програмата за 10 те часа граѓанско? Кога наставникот ќе предаде, кога децава ќе научат, истражуваат, анализираат и кога наставникот ќе ги испраша за да формира оценка?

Сте помислиле ли дека пак се’ ќе се сведе на притисок врз наставниците да пишуваат петки?

The post Весна Јаневска: Сте помислиле ли дека пак се’ ќе се сведе на притисок врз наставниците да пишуваат петки? appeared first on Република.

Ковачевски се сомнева во исправноста на реформите во образованието https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-se-somneva-vo-ispravnosta-na-reformite-vo-obrazovanieto/ Thu, 01 Jun 2023 18:38:43 +0000 https://republika.mk/?p=646981

Премиерот Димитар Ковачевски побарал од министерот за образование и наука Јетон Шаќири со советничкиот тим уште еднаш да ги разгледаат реформите што беа предложени во овој ресор, а за спроведените да се види ефектот.

Се води прилично широка дискусија во однос на реформата во образованието. Разговарав со министерот за образование да седне со неговиот советнички тим, со советите што ги имаат во делот на образованието, уште еднаш да се разгледаат реформите што беа предложени, а оние што беа спроведени да се види нивниот ефект. Таму каде се уште не се почнати да се види каков е ставот на наставниците, на родителите, експертите, за на крај да донесеме одлука што ќе биде најповолна за сите страни, рече Ковачевски вечерва во гостување на ТВ Сител.

Тој говореше за доцнењето на учебниците и рече дека причина е тоа што морало да се направат нарачки и да се напишат со оглед на промената на образовните концепции во основното образование.

Ковачевски порача дека мора да се унапредува образованието и учениците да се стекнуваат со знаења што ќе бидат веднаш применливи.

Дуалното образование го посетуваат веќе неколку илјада ученици и со тоа, според него, успеваме да обезбедиме работа сила за фабриките што се отвораат во државава во се поголем број. За кратко време, како што рече, ќе имаме инвестиција на „Гересхајмер“ за производство на високософистицирани производи во медицинската индустрија, на литиумски батерии на „БМЗ груп“ од Германија, на „Јагео“ за производство на чипови, на коишто ќе им треба работна сила што ќе ги произведе тие софистицирани производи. Образованието мора да биде во чекор со тоа, наведе Ковачевски.

The post Ковачевски се сомнева во исправноста на реформите во образованието appeared first on Република.

]]>

Премиерот Димитар Ковачевски побарал од министерот за образование и наука Јетон Шаќири со советничкиот тим уште еднаш да ги разгледаат реформите што беа предложени во овој ресор, а за спроведените да се види ефектот.
Се води прилично широка дискусија во однос на реформата во образованието. Разговарав со министерот за образование да седне со неговиот советнички тим, со советите што ги имаат во делот на образованието, уште еднаш да се разгледаат реформите што беа предложени, а оние што беа спроведени да се види нивниот ефект. Таму каде се уште не се почнати да се види каков е ставот на наставниците, на родителите, експертите, за на крај да донесеме одлука што ќе биде најповолна за сите страни, рече Ковачевски вечерва во гостување на ТВ Сител.
Тој говореше за доцнењето на учебниците и рече дека причина е тоа што морало да се направат нарачки и да се напишат со оглед на промената на образовните концепции во основното образование. Ковачевски порача дека мора да се унапредува образованието и учениците да се стекнуваат со знаења што ќе бидат веднаш применливи.
Дуалното образование го посетуваат веќе неколку илјада ученици и со тоа, според него, успеваме да обезбедиме работа сила за фабриките што се отвораат во државава во се поголем број. За кратко време, како што рече, ќе имаме инвестиција на „Гересхајмер“ за производство на високософистицирани производи во медицинската индустрија, на литиумски батерии на „БМЗ груп“ од Германија, на „Јагео“ за производство на чипови, на коишто ќе им треба работна сила што ќе ги произведе тие софистицирани производи. Образованието мора да биде во чекор со тоа, наведе Ковачевски.

The post Ковачевски се сомнева во исправноста на реформите во образованието appeared first on Република.

]]>
Македонско образование: На самиот истек на учебната година учениците од петто одделение добиваат учебник по македонски јазик https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/makedonsko-obrazovanie-na-samiot-istek-na-uchebnata-godina-uchenitsite-od-petto-oddelenie-dobivaat-uchebnik-po-makedonski-jazik/ Mon, 29 May 2023 12:10:53 +0000 https://republika.mk/?p=645726

Дел од учениците од петто одделение денеска, 29 мај, ги добија учебниците по Македонски јазик за учебната 2022/2023 година. Тие имаат уште 12 работни дена во училиште да учат од новите учебници, откако цела учебна година ја поминаа без соодветни материјали.

-Ќерка ми е петто одделение во училиште во општина Центар. Денеска си дојде дома со учебник по Македонски јазик, книга која ја чекавме од 1 септември. Откако цела година им диктираа, им принтаам печатевме и дома материјали, конечно, во период кога броиме денови до крај на школска година, учебниците стигнаа кај децата. Заминуваат на екскурзија пет дена, така што ќе имаат учебници последната недела од учебната година. Зошто воопшто за една недела трошеа пари да ги испечатат. Да се брои дека имало учебници?! Нека ги зачуваат за следната година -коментира мајка на ученик од петто одделение.

Дел од училиштата се уште ги немаат добиено учениците. Им било најавено дека до понеделник следната недела ќе бидат дистрибуирани во сите училишта. Се прашуваат дали воопшто треба да ги земат учениците учебниците или да ја истераат годината без книги до самиот крај.

Пред еден месец, по седум месеци и 20 дена по почетокот на учебната година првачињата ги добија учебниците по Општество. Учебник од 36 страници, на кој се потпишани пет автори им беше поделен на учениците на 20 април, откако најголем дел од содржината ја имаа обработено на часовите во текот на учебната година, со помош на материјали испринтани од наставниците.

На 18 ноември Министерството за образование и наука информираше дека во текот започнала испораката на новите учебници за прво, второ, четврто и петто одделение во основното образование, но учебнивите на училишните клупи пристигнаа непосредно пред крајот на учебната година

https://republika.mk/vesti/makedonija/praznik-vo-domovite-na-prvachinata-na-20-april-prostigna-uchebnikot-op-opshtestvo/

The post Македонско образование: На самиот истек на учебната година учениците од петто одделение добиваат учебник по македонски јазик appeared first on Република.

]]>

Дел од учениците од петто одделение денеска, 29 мај, ги добија учебниците по Македонски јазик за учебната 2022/2023 година. Тие имаат уште 12 работни дена во училиште да учат од новите учебници, откако цела учебна година ја поминаа без соодветни материјали.
-Ќерка ми е петто одделение во училиште во општина Центар. Денеска си дојде дома со учебник по Македонски јазик, книга која ја чекавме од 1 септември. Откако цела година им диктираа, им принтаам печатевме и дома материјали, конечно, во период кога броиме денови до крај на школска година, учебниците стигнаа кај децата. Заминуваат на екскурзија пет дена, така што ќе имаат учебници последната недела од учебната година. Зошто воопшто за една недела трошеа пари да ги испечатат. Да се брои дека имало учебници?! Нека ги зачуваат за следната година -коментира мајка на ученик од петто одделение.
Дел од училиштата се уште ги немаат добиено учениците. Им било најавено дека до понеделник следната недела ќе бидат дистрибуирани во сите училишта. Се прашуваат дали воопшто треба да ги земат учениците учебниците или да ја истераат годината без книги до самиот крај. Пред еден месец, по седум месеци и 20 дена по почетокот на учебната година првачињата ги добија учебниците по Општество. Учебник од 36 страници, на кој се потпишани пет автори им беше поделен на учениците на 20 април, откако најголем дел од содржината ја имаа обработено на часовите во текот на учебната година, со помош на материјали испринтани од наставниците. На 18 ноември Министерството за образование и наука информираше дека во текот започнала испораката на новите учебници за прво, второ, четврто и петто одделение во основното образование, но учебнивите на училишните клупи пристигнаа непосредно пред крајот на учебната година https://republika.mk/vesti/makedonija/praznik-vo-domovite-na-prvachinata-na-20-april-prostigna-uchebnikot-op-opshtestvo/

The post Македонско образование: На самиот истек на учебната година учениците од петто одделение добиваат учебник по македонски јазик appeared first on Република.

]]>
Митева: ДУИ и од образованието прави бизнис, да кажат по чиј налог се кроени условите од тендерот за учебници по англиски https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/miteva-dui-i-od-obrazovanieto-pravi-biznis-da-kazhat-po-chij-nalog-se-kroeni-uslovite-od-tenderot-za-uchebnitsi-po-angliski/ Tue, 16 May 2023 11:29:22 +0000 https://republika.mk/?p=641329

Бизнисмените од ДУИ никако да сфатат дека со образованието не смее да се импровизира, а буџетот служи пред се да се обезбедат квалитетни услови за школување, а не бизниси за профитерите блиски до власта, ова денеска преку прес-конференција го истакна Марија Митева од ВМРО-ДПМНЕ.

По вчерашната пресконференција на која објавивме дека МОН преку тендер со фризирани услови сака да намести тендер за учебниците по странски јазик, веќе денес следи признание преку министерството со самиот факт што има нов оглас во кои ги нема претходно предвидените услови.

МОН со условите кои ги предвидуваше, целосно ги исфрлаше од право на учество учебниците на „Оксфорд” и „Пирсон”, кои се професионални учебници од кои учат деца низ целиот свет, во приватните школи низ државата, но од кои до сега учеле и во државното образование. Бизнисмените од ДУИ, треба да одговорат за кого беа кроени условите во тендерот? По чиј налог во тендерот беа внесени условите, економскиот оператор да има годишен приход од над 20 милиони денари во последните три години? Дали стануваше збор за исполнување на желби на фирми блиски до власта? Распишувањето на нов тендер не ги исклучува од одговорност и напротив е поголем индикатор за интенцијата која ја имале - вели Митева.

Таа додава образованието со години тоне, затоа што ДУИ не се грижи за негов раст и развој, туку за раст на нечии приватни сметки. Потрошените денови и месеци за местење на тендери ги чинат учениците изгубени години без квалитетни учебници. На ваков начин, власта оневозможува учебници од врвни издавачки куќи и научни институции да бидат квалитетен наставен материјал.

Со ДУИ во власта, образованието тоне. Време е власта на ДУИ и СДС да оди во пензија - вели Митева.

The post Митева: ДУИ и од образованието прави бизнис, да кажат по чиј налог се кроени условите од тендерот за учебници по англиски appeared first on Република.

]]>

Бизнисмените од ДУИ никако да сфатат дека со образованието не смее да се импровизира, а буџетот служи пред се да се обезбедат квалитетни услови за школување, а не бизниси за профитерите блиски до власта, ова денеска преку прес-конференција го истакна Марија Митева од ВМРО-ДПМНЕ. По вчерашната пресконференција на која објавивме дека МОН преку тендер со фризирани услови сака да намести тендер за учебниците по странски јазик, веќе денес следи признание преку министерството со самиот факт што има нов оглас во кои ги нема претходно предвидените услови.
МОН со условите кои ги предвидуваше, целосно ги исфрлаше од право на учество учебниците на „Оксфорд” и „Пирсон”, кои се професионални учебници од кои учат деца низ целиот свет, во приватните школи низ државата, но од кои до сега учеле и во државното образование. Бизнисмените од ДУИ, треба да одговорат за кого беа кроени условите во тендерот? По чиј налог во тендерот беа внесени условите, економскиот оператор да има годишен приход од над 20 милиони денари во последните три години? Дали стануваше збор за исполнување на желби на фирми блиски до власта? Распишувањето на нов тендер не ги исклучува од одговорност и напротив е поголем индикатор за интенцијата која ја имале - вели Митева.
Таа додава образованието со години тоне, затоа што ДУИ не се грижи за негов раст и развој, туку за раст на нечии приватни сметки. Потрошените денови и месеци за местење на тендери ги чинат учениците изгубени години без квалитетни учебници. На ваков начин, власта оневозможува учебници од врвни издавачки куќи и научни институции да бидат квалитетен наставен материјал.
Со ДУИ во власта, образованието тоне. Време е власта на ДУИ и СДС да оди во пензија - вели Митева.

The post Митева: ДУИ и од образованието прави бизнис, да кажат по чиј налог се кроени условите од тендерот за учебници по англиски appeared first on Република.

]]>
Јаневска: Ние не можеме да спроведеме образование на споени предмети, тие што ја правеле концепцијата не се соочиле со реалноста https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/janevska-nie-ne-mozheme-da-sprovedeme-obrazovanie-na-spoeni-predmeti-tie-shto-ja-pravele-kontseptsijata-ne-se-soochile-so-realnosta/ Wed, 19 Apr 2023 18:47:54 +0000 https://republika.mk/?p=632231

Јас верувам дека наставна програма за историја и општество ќе излезе, малку подоцна, но ова што ја нема во моментов на веб страната на Бирото за развој на образование укажува на тоа дека раководството, Владата и тие што ги поставуваат за директори немаат никаков сенс за она што се случува кај народот, кај наставниците, кај родителите. Зошто доцнат со програмата тие треба да кажат. Но, можеле да почекаат и целосно да ги објават програмите за сите предмети. А, зошто доцнат можеме да претпоставиме. Нормално затоа што историјата е проблем, тие се обидоа да ја укинат историјата, но после силни реакции на стручната фела, на наставниците, на активистите, на родителите, тие ја вратија историјата во еден предмет историја и општество“, истакна претседателката на Комисија за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ, Весна Јаневска, во емисијата „За или против“.

Јаневска додаде дека преку историјата се учи за настаните, причините за настаните, се изучуваат историски херои. Таа додава дека преку изучување на историјата се гради идентитет и се гради чувство на патриотизам.

Претпоставка е меѓу сите нас кои не сме во групата која ја создава програмата дека да има проблеми во однос на историските програми. Особено затоа што сите знаеме дека ние имаме проблем со нашиот сосед во врска со историските настани, во врска со идентитетот, во врска со јазикот.

Верувам дека тие што ја правеле концепцијата не се соочиле со реалноста. Ние не можеме да спроведеме такво образование на споени предмети. Прво, затоа што немаме кадар. Ние не сме произведеле кадар наставник кој ќе може да предава биолошки науки“, нагласи Јаневска.

Таа укажа дека и оценувањето исто така не им е решено како ќе се одвива на овие споени предмети.

The post Јаневска: Ние не можеме да спроведеме образование на споени предмети, тие што ја правеле концепцијата не се соочиле со реалноста appeared first on Република.

]]>

Јас верувам дека наставна програма за историја и општество ќе излезе, малку подоцна, но ова што ја нема во моментов на веб страната на Бирото за развој на образование укажува на тоа дека раководството, Владата и тие што ги поставуваат за директори немаат никаков сенс за она што се случува кај народот, кај наставниците, кај родителите. Зошто доцнат со програмата тие треба да кажат. Но, можеле да почекаат и целосно да ги објават програмите за сите предмети. А, зошто доцнат можеме да претпоставиме. Нормално затоа што историјата е проблем, тие се обидоа да ја укинат историјата, но после силни реакции на стручната фела, на наставниците, на активистите, на родителите, тие ја вратија историјата во еден предмет историја и општество“, истакна претседателката на Комисија за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ, Весна Јаневска, во емисијата „За или против“.
Јаневска додаде дека преку историјата се учи за настаните, причините за настаните, се изучуваат историски херои. Таа додава дека преку изучување на историјата се гради идентитет и се гради чувство на патриотизам.
Претпоставка е меѓу сите нас кои не сме во групата која ја создава програмата дека да има проблеми во однос на историските програми. Особено затоа што сите знаеме дека ние имаме проблем со нашиот сосед во врска со историските настани, во врска со идентитетот, во врска со јазикот.   Верувам дека тие што ја правеле концепцијата не се соочиле со реалноста. Ние не можеме да спроведеме такво образование на споени предмети. Прво, затоа што немаме кадар. Ние не сме произведеле кадар наставник кој ќе може да предава биолошки науки“, нагласи Јаневска.