обрасци Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/obrasci/ За подобро да се разбереме Fri, 08 Mar 2024 22:50:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png обрасци Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/obrasci/ 32 32 Тошковски: Се обезбедува континуитет и навремена испорака на обрасци за лични документи https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/toshkovski-se-obezbeduva-kontinuitet-i-navremena-isporaka-na-obrastsi-za-lichni-dokumenti/ Fri, 08 Mar 2024 15:21:38 +0000 https://republika.mk/?p=752750

Можноста да се забрза динамиката на производство и испорака на обрасците за патни фокументи била тема на разговор на средба во Атина меѓу министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и Марк Џулиан Сиверт, претседателот на бордот на директори на ВЕРИДОС, компанијата која е задолжена за производство на обрасците за лични документи.

На средбата е заклучено дека ќе биде обезбеден континуитет и навремена испорака на обрасци за патни исправи за нареден период.

Со ова се обезбедуваат услови за машините за производство на пасоши да работат без прекин и со полн капацитет и во месеците мај и јуни, вели Тошковски.

The post Тошковски: Се обезбедува континуитет и навремена испорака на обрасци за лични документи appeared first on Република.

]]>

Можноста да се забрза динамиката на производство и испорака на обрасците за патни фокументи била тема на разговор на средба во Атина меѓу министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и Марк Џулиан Сиверт, претседателот на бордот на директори на ВЕРИДОС, компанијата која е задолжена за производство на обрасците за лични документи. На средбата е заклучено дека ќе биде обезбеден континуитет и навремена испорака на обрасци за патни исправи за нареден период.
Со ова се обезбедуваат услови за машините за производство на пасоши да работат без прекин и со полн капацитет и во месеците мај и јуни, вели Тошковски.

The post Тошковски: Се обезбедува континуитет и навремена испорака на обрасци за лични документи appeared first on Република.

]]>
Бoјмацалиев спремен за нов дочек, најави дека доаѓаат нови 85.000 обрасци за патни исправи https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/bojmatsaliev-spremen-za-nov-dochek-najavi-deka-doagaat-novi-85-000-obrastsi-za-patni-ispravi/ Thu, 29 Feb 2024 15:25:39 +0000 https://republika.mk/?p=749719

Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев од Тетово најави дека вечерва или утре изутрина ќе пристигнат нови 85 илјади обрасци за пасоши. Според Бојамацалиев системот за издавање патни исправи функционира нормално.

Како што е информирана македонската јавност, стигнаа 50 илјади, па 20 илјади обрасци пред некое време, пред една недела точно стигнаа 140 илјади обрасци и доцна вечерва или утре сабајле стигаат 85 илјади обрасци. Ја заокружуваме таа бројка од 300 илјади обрасци што е сосем доволно системот да функционира нормално. Бројките се тие, фактите се тие. Обрасците стигаат, граѓаните се услужени тука и во Тетово и во Скопје, се функционира како што треба, ниту има саботажа, ниту има хаос. Имаше само лажна пропаганда и собирање на политички поени дека ќе се укине Преспански договор што ги доведе граѓаните во заблуда, изјави Бојмацалиев.

Бојамацалиев рече дека со старите пасоши нема да може да се патува бидејќи нема да им се дозволи на граѓаните да ја напуштат државата.

Со старите пасоши не може никаде да се патува бидејќи нема да остварите излез од државата. Бидејќи тие со законот кој е со сила на важење повеќе не се во функција, со старото име зборам. А со новите секаде може да се патува. Никој не даде ветување дека законот за продолжување на рокот ќе биде изгласан, затоа нема да се создаде никаков хаос и метеж бидејќи граѓаните знаат дека пред 2021 јули месец веќе се издаваат патни исправи со Република Cеверна Македонија и беше јасно кажано дека ќе важат до февруари 2024 година, истакна дополнителниот заменик министер за внатрешни работи.

Според него, нема право никој сега да рефундира пари дадени за лични карти и возачки дозволи поради тоа што се распишани изборите. Тоа, подвлече, ќе биде можно кога ќе има нова Влада.

The post Бoјмацалиев спремен за нов дочек, најави дека доаѓаат нови 85.000 обрасци за патни исправи appeared first on Република.

СДСM и ДУИ наместо да прават помпезни пречеци на обрасци на граница, нека го изгласаат законот за продолжување на пасошите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sdsm-i-dui-namesto-da-pravat-pompezni-prechetsi-na-obrastsi-na-granitsa-neka-go-izglasaat-zakonot-za-prodolzhuvane-na-pasoshite/ Sun, 25 Feb 2024 09:11:10 +0000 https://republika.mk/?p=748038

СДС уште еднаш ја докажаа својата неспособност. Помпезното пречекување на обрасци на граница од страна на Бојмацалиев, само уште еднаш ги потсети граѓаните на катастрофалното менаџирање со вакцините. Како и за вакцините тогаш, така и со пасошите сега, поради неспособноста на СДС граѓаните патат, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Наместо со фанфари да пречекуваат обрасци, Бојмацалиев како шеф на кабинет на Спасовски треба да се извини на граѓаните за тоа што ги оставија без пасоши, за тоа што немаа никаков план како да ја водат целата операција, за тоа што со анекси намалувале нарачки од 400.000 на неколку десетина илјади.

Да потсетиме дека кон крајот на 2023 година, Спасовски и Бојмацалиев ги убедуваа граѓаните дека ќе може да си извадат лични и патни документи навремено согласно рокот кој тие како власт го наметнаа 14 февруари 2024.

Во тој момент кога ги давале овие изјави знаеле дека има над 100 илјади фотографирани луѓе со обработени податоци, ама нема обрасци за печатење на документи, нешто кое тие го предизвикале. Граѓани фотографирани во ноември не можеле со месеци да добијат исправа, ни во редовна, ни во експресна постапка, што е целосно спротивно на роковите за издавање.

Со тоа тие ги ставија над 600 илјади граѓани на Македонија во „државен притвор“.

Сега има едно решение, кое СДСМ ако има доблест треба да го направи. Да гласа за измена на законот со цел продолжување важноста на пасошите и со тоа да се ублажи проблемот кои самите го предизвикаа.

Граѓаните знаат дека како сега со ДУИ и СДС на власт, никогаш не било полошо. Затоа важно е да ги поразиме, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

The post СДСM и ДУИ наместо да прават помпезни пречеци на обрасци на граница, нека го изгласаат законот за продолжување на пасошите appeared first on Република.

]]>

СДС уште еднаш ја докажаа својата неспособност. Помпезното пречекување на обрасци на граница од страна на Бојмацалиев, само уште еднаш ги потсети граѓаните на катастрофалното менаџирање со вакцините. Како и за вакцините тогаш, така и со пасошите сега, поради неспособноста на СДС граѓаните патат, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Наместо со фанфари да пречекуваат обрасци, Бојмацалиев како шеф на кабинет на Спасовски треба да се извини на граѓаните за тоа што ги оставија без пасоши, за тоа што немаа никаков план како да ја водат целата операција, за тоа што со анекси намалувале нарачки од 400.000 на неколку десетина илјади.   Да потсетиме дека кон крајот на 2023 година, Спасовски и Бојмацалиев ги убедуваа граѓаните дека ќе може да си извадат лични и патни документи навремено согласно рокот кој тие како власт го наметнаа 14 февруари 2024.   Во тој момент кога ги давале овие изјави знаеле дека има над 100 илјади фотографирани луѓе со обработени податоци, ама нема обрасци за печатење на документи, нешто кое тие го предизвикале. Граѓани фотографирани во ноември не можеле со месеци да добијат исправа, ни во редовна, ни во експресна постапка, што е целосно спротивно на роковите за издавање.   Со тоа тие ги ставија над 600 илјади граѓани на Македонија во „државен притвор“.   Сега има едно решение, кое СДСМ ако има доблест треба да го направи. Да гласа за измена на законот со цел продолжување важноста на пасошите и со тоа да се ублажи проблемот кои самите го предизвикаа.   Граѓаните знаат дека како сега со ДУИ и СДС на власт, никогаш не било полошо. Затоа важно е да ги поразиме, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

The post СДСM и ДУИ наместо да прават помпезни пречеци на обрасци на граница, нека го изгласаат законот за продолжување на пасошите appeared first on Република.

]]>
Бојмацалиев: Обрасци имало, има и ќе има https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/bojmatsaliev-obrastsi-imalo-ima-i-ke-ima/ Sat, 24 Feb 2024 12:44:01 +0000 https://republika.mk/?p=747834

Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев во интервју за Канал77 рече дека не може да стане збор за неорганизираност во МВР, бидејќи во континуитет се извршуваат услугите кон граѓаните.

Не станува збор за никаков хаос, неорганизираност, саботажа или немање обрасци. Ако ги гледате бројките изминатите години колку била заинтересираност за промена на лични документи, а тоа доведе од целата политичка пропаганда од оние кои денес бараат пасош плус повеќе зборувам за политичарите со Северна, ние од отпочнувањето на самиот процес, од јули 2021 со издавање на сите лични документи со Македонија, сме можеле комотно да го завршиме целиот процес. Сме имале обрасци, машините биле спремни, организацијата на МВР била спремна и од јули до месец февруари 2024, сме можеле комотно 2 милиони документи да испечатиме со Република Македонија. Уште еднаш потврдувам дека обрасци има, имало и ќе има. МВР била на висина на задачата и 2021, 2022 кога имало околу 50.000 граѓани, декември-јануари и кога имало 170.000 заинтересирани граѓани биле примени од страна на службите на МВР и таа услуга им била дадена. Уште еднаш потврдувам и ги демантирам сите гласини дека во МВР немало организација, имало хаос, фалеле обрасци. Напротив, има организација, сме излегле во пресрет на секој еден граѓанин. Обрасци имало, има и ќе има“, наведува Бојмацалиев, додавајќи дека ги кажува бројките и фактите, при што уште еднаш ги зеде како пример пратките на обрасци.

Јас не кажувам дали некој лаже, јас ги кажувам фактите и бројките. На денот на примопредавање стигаат 50.000 обрасци подоцна 20.000, четвртокот навечер 140.000 обрасци, наредната недела стигаат 85.000 обрасци, или вкупно со тие што ќе пристигнат се 1.734.000 обрасци“, потенцираше Бојмацалиев.

The post Бојмацалиев: Обрасци имало, има и ќе има appeared first on Република.

]]>

Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев во интервју за Канал77 рече дека не може да стане збор за неорганизираност во МВР, бидејќи во континуитет се извршуваат услугите кон граѓаните.
Не станува збор за никаков хаос, неорганизираност, саботажа или немање обрасци. Ако ги гледате бројките изминатите години колку била заинтересираност за промена на лични документи, а тоа доведе од целата политичка пропаганда од оние кои денес бараат пасош плус повеќе зборувам за политичарите со Северна, ние од отпочнувањето на самиот процес, од јули 2021 со издавање на сите лични документи со Македонија, сме можеле комотно да го завршиме целиот процес. Сме имале обрасци, машините биле спремни, организацијата на МВР била спремна и од јули до месец февруари 2024, сме можеле комотно 2 милиони документи да испечатиме со Република Македонија. Уште еднаш потврдувам дека обрасци има, имало и ќе има. МВР била на висина на задачата и 2021, 2022 кога имало околу 50.000 граѓани, декември-јануари и кога имало 170.000 заинтересирани граѓани биле примени од страна на службите на МВР и таа услуга им била дадена. Уште еднаш потврдувам и ги демантирам сите гласини дека во МВР немало организација, имало хаос, фалеле обрасци. Напротив, има организација, сме излегле во пресрет на секој еден граѓанин. Обрасци имало, има и ќе има“, наведува Бојмацалиев, додавајќи дека ги кажува бројките и фактите, при што уште еднаш ги зеде како пример пратките на обрасци. Јас не кажувам дали некој лаже, јас ги кажувам фактите и бројките. На денот на примопредавање стигаат 50.000 обрасци подоцна 20.000, четвртокот навечер 140.000 обрасци, наредната недела стигаат 85.000 обрасци, или вкупно со тие што ќе пристигнат се 1.734.000 обрасци“, потенцираше Бојмацалиев.

The post Бојмацалиев: Обрасци имало, има и ќе има appeared first on Република.

]]>
МВР истражува зошто нарачката за 400.000 обрасци за пасоши, била сменета со нарачка за 22.000 https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mvr-istrazhuva-zoshto-narachkata-za-400-000-obrastsi-za-pasoshi-bila-smeneta-so-narachka-za-22-000/ Fri, 23 Feb 2024 11:47:25 +0000 https://republika.mk/?p=747397

Од МВР без детали додека се истражува како се случи толку голема разлика – од првично нарачаните 400.000 обрасци за пасоши, до испорачаните 20.000 во средината на февруари, објави „Телма“.

https://republika.mk/vesti/makedonija/toshkovski-ke-ispita-zoshto-zasega-pristignaa-samo-20-000-obrastsi/

Министерот Тошковски вчера кажа дека заклучно со 18 месецов, во Македонија требало да пристигнат 400.000 обрасци за пасоши. Првичниот договор бил изменет со одреден акт во декември месец, па наместо 400 илјади, добавувачот имал обврска да испорача 22.000 обрасци.

https://republika.mk/vesti/makedonija/polnoken-teatar-od-sdsm-go-ispratija-zamenikot-da-precheka-obrastsi-za-pasoshi/

Од телевизијата побарале одговори од Министерството, а оттаму само кратко ги информирале.

Во врска со договорот за набавка на патни исправи, ве информираме дека за истиот е отворена постапка при одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, велат од МВР.

The post МВР истражува зошто нарачката за 400.000 обрасци за пасоши, била сменета со нарачка за 22.000 appeared first on Република.

]]>

Од МВР без детали додека се истражува како се случи толку голема разлика – од првично нарачаните 400.000 обрасци за пасоши, до испорачаните 20.000 во средината на февруари, објави „Телма“. https://republika.mk/vesti/makedonija/toshkovski-ke-ispita-zoshto-zasega-pristignaa-samo-20-000-obrastsi/ Министерот Тошковски вчера кажа дека заклучно со 18 месецов, во Македонија требало да пристигнат 400.000 обрасци за пасоши. Првичниот договор бил изменет со одреден акт во декември месец, па наместо 400 илјади, добавувачот имал обврска да испорача 22.000 обрасци. https://republika.mk/vesti/makedonija/polnoken-teatar-od-sdsm-go-ispratija-zamenikot-da-precheka-obrastsi-za-pasoshi/ Од телевизијата побарале одговори од Министерството, а оттаму само кратко ги информирале.
Во врска со договорот за набавка на патни исправи, ве информираме дека за истиот е отворена постапка при одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, велат од МВР.

The post МВР истражува зошто нарачката за 400.000 обрасци за пасоши, била сменета со нарачка за 22.000 appeared first on Република.

]]>
Полноќен театар од СДСМ, го испратија заменикот да пречека обрасци за пасоши https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/polnoken-teatar-od-sdsm-go-ispratija-zamenikot-da-precheka-obrastsi-za-pasoshi/ Fri, 23 Feb 2024 07:36:02 +0000 https://republika.mk/?p=747228

Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев, синоќа, на Граничниот премин Богородица, ги пречека новите 140.000 обрасци за пасоши. Со тоа, како што соопшти Министерството за внатрешни работи, тој го демонстрираше концептот „МВР за Граѓаните” на дело.

Претходно, Бојмацалиев информираше дека покрај оваа пратка од 140.000 обрасци, за многу скоро време ќе пристигне уште една пратка од 85.000 обрасци, со што се комплетира најавената бројка од 225.000 обрасци .

Досега се пристигнати 1.509.600 обрасци за патни исправи, а со обрасците што ќе стасаат утре и до крај на месецот ќе бидат вкупно 1.734.600, информираше Бојмацалиев.

Во оваа прилика, се додава, Бојмацалиев упати апел до сите граѓани навремено да ги поднесат барањата за промена на своите пасоши, а вработените во управните служби се на располагање за сите потребни информации и поддршка во процесот на поднесување, сликање и издавање на новите документи.

МВР продолжува со одржување на континуитетот на подготвеност да одговори на зголемената побарувачка и да ги задоволиме потребите на нашите граѓани во процесот на промена на личните документи, стои во соопштението.

The post Полноќен театар од СДСМ, го испратија заменикот да пречека обрасци за пасоши appeared first on Република.

]]>

Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев, синоќа, на Граничниот премин Богородица, ги пречека новите 140.000 обрасци за пасоши. Со тоа, како што соопшти Министерството за внатрешни работи, тој го демонстрираше концептот „МВР за Граѓаните” на дело. Претходно, Бојмацалиев информираше дека покрај оваа пратка од 140.000 обрасци, за многу скоро време ќе пристигне уште една пратка од 85.000 обрасци, со што се комплетира најавената бројка од 225.000 обрасци .
Досега се пристигнати 1.509.600 обрасци за патни исправи, а со обрасците што ќе стасаат утре и до крај на месецот ќе бидат вкупно 1.734.600, информираше Бојмацалиев.
Во оваа прилика, се додава, Бојмацалиев упати апел до сите граѓани навремено да ги поднесат барањата за промена на своите пасоши, а вработените во управните служби се на располагање за сите потребни информации и поддршка во процесот на поднесување, сликање и издавање на новите документи.
МВР продолжува со одржување на континуитетот на подготвеност да одговори на зголемената побарувачка и да ги задоволиме потребите на нашите граѓани во процесот на промена на личните документи, стои во соопштението.

The post Полноќен театар од СДСМ, го испратија заменикот да пречека обрасци за пасоши appeared first on Република.

]]>
Тошковски ќе испита зошто засега пристигнаа само 20.000 обрасци https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/toshkovski-ke-ispita-zoshto-zasega-pristignaa-samo-20-000-obrastsi/ Mon, 19 Feb 2024 14:25:33 +0000 https://republika.mk/?p=745765

Македонскиот пасош со старото име се употребува во Германија, Швајцарија, Албанија, Косово и срамота е што не важи и во земјава заради важечкиот законски пропис. Решение за тоа е пратениците, како што го сменија Законот за безбедност во сообраќајот, така да го сменат и Законот за патните исправи и да го решат веќе еднаш проблемот на граѓаните, истакна министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Срамота е Македонија да ги зароби граѓаните на територија на која што сме и притоа доколку пробаат да излезат од Македонија, ние не ги пуштаме, заради тоа што Законот е таков, а слободно може да се движат со македонскиот пасош со старото име во рамки на Германија, Швајцарија, Албанија, Косово. Очигледно е дека МВР превзема максимум во рамки на можностите коишто ги има во овој дел, но би сакал да го повторам решението на маките на граѓаните, а тоа решение е 61 пратеник да си ја заработи платата и да стиснат на тоа пусто копче, како што го сменија Законот за безбедност во сообраќајот, така да го сменат и Законот за патните исправи, и да го решат веќе еднаш проблемот на граѓаните, рече Тошковски во одговор на новинарско прашање на одбележувањето на Денот на Одделот за заштита на определени личности и објекти при Министерството за внатрешни работи.

Македонскиот пасош со старото име се употребува во Германија, Швајцарија, Албанија, Косово срамота е што не важи и во земјава заради важечкиот законски пропис. Решение за тоа е пратениците ка

Тој ги повика пратениците во Собранието да постапат по оној предлог закон кој, како што рече, го доставив истиот ден заедно со Законот со возачките.

Како што го поминаа Законот за возачките, така и да си го поминат и Законот за пасошите. Само тоа е решение. А граѓаните нека судат. Јас мислам дека граѓаните се многу умни и гледаат дека во споредба со она неработење и непрофесионалност од претходно, сега ако ништо друго даваме максимум се од себе, рече Тошковски.

Потврди дека веќе пристигнале 20.000 обрасци со новото име на државата.

Не сакам да отворам теми во јавност каде што немам точни и информации, но отприлика некаде во осми месец имало договор согласно којшто заклучно со 18 февруари во Македонија требало да пристигнат 400.000 обрасци. Тој договор со одреден акт е заменет и притоа заклучно со 18 февруари согласно тој договор е превземена обврска негде отприлика во декември месец за 22.000 обрасци. Немам уште утврдено со соодветни докази, зошто е така сторено. Но ќе истражиме, посочи Тошковски.

Дополнителниот заемник министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев ја потврди бројката од пристигнати нови 20.000 обрасци.

Како што кажа министерот пристигнати се 20 илјади обрасци и во иднина ќе пристигнат и нови за граѓаните. Кога граѓаните ќе ги добијат готовите документи најави министерот дека ќе ги извести по СМС порака. Во минатото во 2021 и 2022 година ако во декември и јануари имавме барање за сликање за документи од 20 до 40 илјади граѓани во 2023 декември и од почетокот на јануари имаме над 170 илјади луѓе кои побарале и биле услужени да добијат услуга од страна на МВР да бидат сликани дали се работи за лична карта, пасош или возачка дозвола, истакна Бојмацалиев.

The post Тошковски ќе испита зошто засега пристигнаа само 20.000 обрасци appeared first on Република.

]]>

Македонскиот пасош со старото име се употребува во Германија, Швајцарија, Албанија, Косово и срамота е што не важи и во земјава заради важечкиот законски пропис. Решение за тоа е пратениците, како што го сменија Законот за безбедност во сообраќајот, така да го сменат и Законот за патните исправи и да го решат веќе еднаш проблемот на граѓаните, истакна министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.
Срамота е Македонија да ги зароби граѓаните на територија на која што сме и притоа доколку пробаат да излезат од Македонија, ние не ги пуштаме, заради тоа што Законот е таков, а слободно може да се движат со македонскиот пасош со старото име во рамки на Германија, Швајцарија, Албанија, Косово. Очигледно е дека МВР превзема максимум во рамки на можностите коишто ги има во овој дел, но би сакал да го повторам решението на маките на граѓаните, а тоа решение е 61 пратеник да си ја заработи платата и да стиснат на тоа пусто копче, како што го сменија Законот за безбедност во сообраќајот, така да го сменат и Законот за патните исправи, и да го решат веќе еднаш проблемот на граѓаните, рече Тошковски во одговор на новинарско прашање на одбележувањето на Денот на Одделот за заштита на определени личности и објекти при Министерството за внатрешни работи.
Македонскиот пасош со старото име се употребува во Германија, Швајцарија, Албанија, Косово срамота е што не важи и во земјава заради важечкиот законски пропис. Решение за тоа е пратениците ка Тој ги повика пратениците во Собранието да постапат по оној предлог закон кој, како што рече, го доставив истиот ден заедно со Законот со возачките.
Како што го поминаа Законот за возачките, така и да си го поминат и Законот за пасошите. Само тоа е решение. А граѓаните нека судат. Јас мислам дека граѓаните се многу умни и гледаат дека во споредба со она неработење и непрофесионалност од претходно, сега ако ништо друго даваме максимум се од себе, рече Тошковски.
Потврди дека веќе пристигнале 20.000 обрасци со новото име на државата.
Не сакам да отворам теми во јавност каде што немам точни и информации, но отприлика некаде во осми месец имало договор согласно којшто заклучно со 18 февруари во Македонија требало да пристигнат 400.000 обрасци. Тој договор со одреден акт е заменет и притоа заклучно со 18 февруари согласно тој договор е превземена обврска негде отприлика во декември месец за 22.000 обрасци. Немам уште утврдено со соодветни докази, зошто е така сторено. Но ќе истражиме, посочи Тошковски.
Дополнителниот заемник министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев ја потврди бројката од пристигнати нови 20.000 обрасци.
Како што кажа министерот пристигнати се 20 илјади обрасци и во иднина ќе пристигнат и нови за граѓаните. Кога граѓаните ќе ги добијат готовите документи најави министерот дека ќе ги извести по СМС порака. Во минатото во 2021 и 2022 година ако во декември и јануари имавме барање за сликање за документи од 20 до 40 илјади граѓани во 2023 декември и од почетокот на јануари имаме над 170 илјади луѓе кои побарале и биле услужени да добијат услуга од страна на МВР да бидат сликани дали се работи за лична карта, пасош или возачка дозвола, истакна Бојмацалиев.

The post Тошковски ќе испита зошто засега пристигнаа само 20.000 обрасци appeared first on Република.

]]>
Граѓаните се во „државен притвор“ поради неспособност и неодговореност на СДСМ и ДУИ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/graganite-se-vo-drzhaven-pritvor-poradi-nesposobnost-i-neodgovorenost-na-sdsm-i-dui/ Sun, 18 Feb 2024 08:45:33 +0000 https://republika.mk/?p=745274

Постојат основани сомненија дека за да му направат сопки на техничкиот министер од опозицијата, СДСМ и ДУИ свесно креирале недостаток на обрасци поради што 100 илјади веќе фотографирани граѓани, не можат да дојдат до својот документ, обвини ВМРО-ДПМНЕ утрово преку соопштение.

За ова малтретирање на народот, велат од партијата, мора да има одговорност и повикаа на измена на законот за патните исправи.

Сега кога се им е јасно на граѓаните и кога е очигледна неспособноста и неодговорноста на СДС, ДУИ, Ковачевски и Спасовски и кога народот е доведен во ќорсокак, ВМРО-ДПМНЕ им нуди решение за оваа состојба. Имено СДС и ДУИ треба да им дозволат на своите пратеници во Парламентот да го поддржат предлог законот на ВМРО-ДПМНЕ и пасошите да продолжат да важат. Ова решение и според експертите и според јавноста е применливо и прифатливо“ велат од партијата.

Заклучуваат дека СДСМ и ДУИ поради инает, неспособност и неодговорност ги ставиле граѓаните во „државен притвор“.

The post Граѓаните се во „државен притвор“ поради неспособност и неодговореност на СДСМ и ДУИ appeared first on Република.

]]>

Постојат основани сомненија дека за да му направат сопки на техничкиот министер од опозицијата, СДСМ и ДУИ свесно креирале недостаток на обрасци поради што 100 илјади веќе фотографирани граѓани, не можат да дојдат до својот документ, обвини ВМРО-ДПМНЕ утрово преку соопштение. За ова малтретирање на народот, велат од партијата, мора да има одговорност и повикаа на измена на законот за патните исправи. Сега кога се им е јасно на граѓаните и кога е очигледна неспособноста и неодговорноста на СДС, ДУИ, Ковачевски и Спасовски и кога народот е доведен во ќорсокак, ВМРО-ДПМНЕ им нуди решение за оваа состојба. Имено СДС и ДУИ треба да им дозволат на своите пратеници во Парламентот да го поддржат предлог законот на ВМРО-ДПМНЕ и пасошите да продолжат да важат. Ова решение и според експертите и според јавноста е применливо и прифатливо“ велат од партијата. Заклучуваат дека СДСМ и ДУИ поради инает, неспособност и неодговорност ги ставиле граѓаните во „државен притвор“.

The post Граѓаните се во „државен притвор“ поради неспособност и неодговореност на СДСМ и ДУИ appeared first on Република.

]]>
Проф. Давитковски: Обвинителството да го повика оној што нарачувал обрасци за лични документи во 2019 година со старото име https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/prof-davitkovski-obvinitelstvoto-da-go-povika-onoj-shto-narachuval-obrastsi-za-lichni-dokumenti-vo-2019-godina-so-staroto-ime/ Mon, 12 Feb 2024 16:29:55 +0000 https://republika.mk/?p=743287

Пензионираниот професор по административно право, Борче Давитковски смета дека оној што нарачувал обрасци за лични документи во 2019 година со старото уставно име, веднаш треба да биде повикан во обвинителството да даде отчет.

https://republika.mk/vesti/makedonija/inaet-na-smetka-na-graganite-spasovski-koj-go-ostavi-mvr-bez-obrastsi-smiruvashe-deka-kazni-nema-da-ima-sega-go-ignoriraat-toshkovski-za-zakonskite-izmeni/

Според мене, јавниот обвинител уште денеска треба да го повика оној кој што во 2019 година нарачувал стари обрасци кои што беа во употреба до 2021 година. И сега на крај, тогаш кога се велеше дека ќе продолжат да важат, а се знаеше дека нема да важат, бидејќи тоа е меѓународен договор, тој треба да биде повикан од јавниот обвинител и да даде отчет, бидејќи на овој начин се кршат многу на граѓаните. И тоа уставно загарантирани права, изјави Давитковски во изјава за Телма ТВ.

The post Проф. Давитковски: Обвинителството да го повика оној што нарачувал обрасци за лични документи во 2019 година со старото име appeared first on Република.

]]>

Пензионираниот професор по административно право, Борче Давитковски смета дека оној што нарачувал обрасци за лични документи во 2019 година со старото уставно име, веднаш треба да биде повикан во обвинителството да даде отчет. https://republika.mk/vesti/makedonija/inaet-na-smetka-na-graganite-spasovski-koj-go-ostavi-mvr-bez-obrastsi-smiruvashe-deka-kazni-nema-da-ima-sega-go-ignoriraat-toshkovski-za-zakonskite-izmeni/
Според мене, јавниот обвинител уште денеска треба да го повика оној кој што во 2019 година нарачувал стари обрасци кои што беа во употреба до 2021 година. И сега на крај, тогаш кога се велеше дека ќе продолжат да важат, а се знаеше дека нема да важат, бидејќи тоа е меѓународен договор, тој треба да биде повикан од јавниот обвинител и да даде отчет, бидејќи на овој начин се кршат многу на граѓаните. И тоа уставно загарантирани права, изјави Давитковски во изјава за Телма ТВ.

The post Проф. Давитковски: Обвинителството да го повика оној што нарачувал обрасци за лични документи во 2019 година со старото име appeared first on Република.

]]>
Нема доволно обрасци за пасоши и затоа доцнат документите за граѓаните кои се фотографирани во декември и јануари: Тошковски најави нова пратка обрасци кон крајот на месецот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nema-dovolno-obrastsi-za-pasoshi-i-zatoa-dotsnat-dokumentite-za-graganite-koi-se-fotografirani-vo-dekemvri-i-januari-toshkovski-najavi-nova-pratka-obrastsi-kon-krajot-na-mesetsot/ Fri, 09 Feb 2024 19:52:31 +0000 https://republika.mk/?p=742326

Поголема пратка на обрасци за пасоши се очекува да пристигне кон крајот на овој месец, изјави вечера министерот за внатрешни работи во техничката Влада, Панче Тошковски.

Тошковски во емисијата „10 минути“ на ТВ 21 рече дека во моментот нема доволно обрасци за пасоши и дека поради тоа доцнат документите за оние кои се фотографирани во декември и јануари.

Нема доволно обврсци во моментот за задоволување на потребите на граѓаните. Очекуваме поголема пратка да стигне на крајот на овој месец, а во однос на лични карти и возачки дозволи има обрасци. Наредната пратка е кон крајот на јуни или почетокот на јули – рече Тошковски.

Во однос на личните карти рече дека согласно законската регулатива тие важат согласно датумот втиснат на нив без оглед дали го имаат новото или старото име на државата и апелираше граѓаните да не се јавуваат за промена на овие документи за да не се оптоварува системот за јавување.

The post Нема доволно обрасци за пасоши и затоа доцнат документите за граѓаните кои се фотографирани во декември и јануари: Тошковски најави нова пратка обрасци кон крајот на месецот appeared first on Република.

]]>

Поголема пратка на обрасци за пасоши се очекува да пристигне кон крајот на овој месец, изјави вечера министерот за внатрешни работи во техничката Влада, Панче Тошковски. Тошковски во емисијата „10 минути“ на ТВ 21 рече дека во моментот нема доволно обрасци за пасоши и дека поради тоа доцнат документите за оние кои се фотографирани во декември и јануари.
Нема доволно обврсци во моментот за задоволување на потребите на граѓаните. Очекуваме поголема пратка да стигне на крајот на овој месец, а во однос на лични карти и возачки дозволи има обрасци. Наредната пратка е кон крајот на јуни или почетокот на јули – рече Тошковски.
Во однос на личните карти рече дека согласно законската регулатива тие важат согласно датумот втиснат на нив без оглед дали го имаат новото или старото име на државата и апелираше граѓаните да не се јавуваат за промена на овие документи за да не се оптоварува системот за јавување.  

The post Нема доволно обрасци за пасоши и затоа доцнат документите за граѓаните кои се фотографирани во декември и јануари: Тошковски најави нова пратка обрасци кон крајот на месецот appeared first on Република.

]]>
Народен правобранител: Добив информација дека има недостаток на обрасци https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/naroden-pravobranitel-dobiv-informatsija-deka-ima-nedostatok-na-obrastsi/ Sun, 21 Jan 2024 15:19:09 +0000 https://republika.mk/?p=735177

До Народниот правобранител се поднесени претставки од граѓани во врска со патните документи кои мора да се сменат со новото име на државата до 12 февруари годинава. Претставките главно се однесувале на неможноста да се закаже термин и за надоместокот за трошоци за обновување на документите. По нова година пристигнале и претставки дека граѓаните не можат да ги добијат документите во рок од осум дена.

Народниот правобранител Насер Зибери во интервју за „Радио Слободна Европа“ најавува дека ќе побараат одговор од МВР зошто се доцни со издавањето на документите. Тврди дека има недостиг на обрасци за двојазичните патни исправи, а мисли дека има недостиг и на обрасци за другите документи.

Овие претставки почнаа да пристигнуваат по Нова година и ние ќе се обратиме до МВР зошто се доцни со издавање на веќе изготвените, претпоставувам дека се изготвени тие патни исправи и ќе реагираме. Во одредени неофицијални разговори добив информација дека има недостаток на обрасци. Со сигурност тврдам дека има недостаток на обрасци за двојазични патни исправи, но мислам дека има недостаток и на обрасци за други документи, вели Зибери.

The post Народен правобранител: Добив информација дека има недостаток на обрасци appeared first on Република.

]]>

До Народниот правобранител се поднесени претставки од граѓани во врска со патните документи кои мора да се сменат со новото име на државата до 12 февруари годинава. Претставките главно се однесувале на неможноста да се закаже термин и за надоместокот за трошоци за обновување на документите. По нова година пристигнале и претставки дека граѓаните не можат да ги добијат документите во рок од осум дена. Народниот правобранител Насер Зибери во интервју за „Радио Слободна Европа“ најавува дека ќе побараат одговор од МВР зошто се доцни со издавањето на документите. Тврди дека има недостиг на обрасци за двојазичните патни исправи, а мисли дека има недостиг и на обрасци за другите документи.
Овие претставки почнаа да пристигнуваат по Нова година и ние ќе се обратиме до МВР зошто се доцни со издавање на веќе изготвените, претпоставувам дека се изготвени тие патни исправи и ќе реагираме. Во одредени неофицијални разговори добив информација дека има недостаток на обрасци. Со сигурност тврдам дека има недостаток на обрасци за двојазични патни исправи, но мислам дека има недостаток и на обрасци за други документи, вели Зибери.

The post Народен правобранител: Добив информација дека има недостаток на обрасци appeared first on Република.

]]>
Џабе сте се сликале за пасош? Во моментов МВР нема направено набавка на обрасци, предупредува Муцунски https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dhabe-ste-se-slikale-za-pasosh-vo-momentov-mvr-nema-napraveno-nabavka-na-obrastsi-predupreduva-mutsunski/ Wed, 17 Jan 2024 20:05:31 +0000 https://republika.mk/?p=734158

Ако целокупната состојба ја сумираме со зборот срамно е преблага за тоа што секојдневно се случува на македонските граѓани при обидот да извади нов личен документ, при обидот да извади нова патна исправа, односно при обидот за нормално вршење на секојдневните услуги од државата, изјави Тимчо Муцунски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и градиначалник на Општина Аеродром, во интервју во „Топ тема“ на ТВ Телма, во контекст на промената на личните документи на граѓаните, мешаниците на шалтерите за нивно подигнување и јавните препукувања на високи политички претставници.

https://republika.mk/vesti/makedonija/kolku-pari-se-sobraa-od-zamena-na-lichni-karti-i-vozachki-pa-sega-kazhuvaat-deka-ke-vazhat/

Излегува претседателот на државата и вели ова е срамно. Апсолутно се согласувам со него. Целосно е во право претседателот Пендаровски. Премиерот потоа вели дека очекува претседателот да се слушне со претседателката на Грција. Претседателот потоа го возвраќа ударот кон премиерот, заборавајќи дека тоа е една иста извршна власт која што треба да комуницира и да ги решава работите и рече дека тоа е обврска на премиерот да ја реши. Премиерот неколку пати јавно изјавува дека треба да се разгледа решение, за министерот за надворешни работи денеска да каже дека проблемот е нерешлив. Ова се луѓето кои што имаат обврска, законски и уставни надлежности да решаваат ваков тип на предизвици кога истите постојат во системот, истакна Муцунски.

Очигледно е, додава Муцунски, дека нема комуникација меѓу претседател на држава, претседател на влада и министер за надворешни работи.

Десет дена од сите тројца слушаме различни изјави, рече Муцунски.

Муцунски додаде дека во моментот МВР нема направено набавка на обрасци укажувајќи дека граѓаните и покрај тоа што се сликале за нови патни исправи нема да може да им се издадат новите патни исправи.

Проблемот е што во моментот МВР нема направено соодветна набавка и ние можеме да бидеме во ситуација во следните неколку месеци да имаме луѓе кои што биле сликани, но не може да им се издадат патни исправи, и дури да се најде решение на сето тоа, секако прв приоритет на идната влада на ВМРО-ДПМНЕ посебно во делот на управната функција на државата во рамки на МВР ќе биде да се најде итно решавање на овој пробелм, изјави Муцунски.

За зборувањата во јавноста околу недостигот на обрасци за пасошите и за проблемите кои ги имаат граѓаните кои иако се сликале на почеток на декември, документите не им се готови, „Република“ испрати прашања до МВР уште пред два дена, но одговор сè уште не сме добиле.

Во однос на иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ до Уставниот суд за времена мерка, рече дека уставните судии треба да ја прифатат се со цел да ја спречат голготата низ која поминуваат граѓаните.

Уставните судии сега имаат една специфична предност да можат да решат голгота на илјадници граѓани, а истовремено да изврѓат една пошироко општествена правна функција а тоа е да спречат непоправлива штета. Која е фунцкијата на времената мерка? Имаме иницијатива која сметаме дека треба да се разгледа за да не се создадат по однос на оваа иницијатива и се што е во нејзината содржина било какви негативни последици во државата, се носи времената мерка и ние добиваме и техничка помош од гледна точка на тие предизвици кои што ги имаме во овој момент, заклучи Муцунски.

The post Џабе сте се сликале за пасош? Во моментов МВР нема направено набавка на обрасци, предупредува Муцунски appeared first on Република.

]]>

Ако целокупната состојба ја сумираме со зборот срамно е преблага за тоа што секојдневно се случува на македонските граѓани при обидот да извади нов личен документ, при обидот да извади нова патна исправа, односно при обидот за нормално вршење на секојдневните услуги од државата, изјави Тимчо Муцунски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и градиначалник на Општина Аеродром, во интервју во „Топ тема“ на ТВ Телма, во контекст на промената на личните документи на граѓаните, мешаниците на шалтерите за нивно подигнување и јавните препукувања на високи политички претставници. https://republika.mk/vesti/makedonija/kolku-pari-se-sobraa-od-zamena-na-lichni-karti-i-vozachki-pa-sega-kazhuvaat-deka-ke-vazhat/