обраќање Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/obrakjanje/ За подобро да се разбереме Wed, 13 Nov 2024 10:21:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png обраќање Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/obrakjanje/ 32 32 ВО ЖИВО: Обраќање на премиерот Мицкоски на научниот собир по повод 80 години од првото заседание на АСНОМ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vo-zhivo-obrakane-na-premierot-mitskoski-na-nauchniot-sobir-po-povod-80-godini-od-prvoto-zasedanie-na-asnom/ Wed, 13 Nov 2024 10:21:25 +0000 https://republika.mk/?p=837107

Обраќање на премиерот Христијан Мицкоски на меѓународниот научен собир „Антифашизмот помеѓу меморијата и заборавот“ по повод 80 години од првото заседание на АСНОМ.

 

The post ВО ЖИВО: Обраќање на премиерот Мицкоски на научниот собир по повод 80 години од првото заседание на АСНОМ appeared first on Република.

]]>

Обраќање на премиерот Христијан Мицкоски на меѓународниот научен собир „Антифашизмот помеѓу меморијата и заборавот“ по повод 80 години од првото заседание на АСНОМ.  

The post ВО ЖИВО: Обраќање на премиерот Мицкоски на научниот собир по повод 80 години од првото заседание на АСНОМ appeared first on Република.

]]>
Бајден ќе ѝ се обрати на нацијата по убедливата победа на Трамп https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/bajden-ke-se-obrati-na-natsijata-po-ubedlivata-pobeda-na-tramp/ Thu, 07 Nov 2024 11:39:30 +0000 https://republika.mk/?p=835126

Американскиот претседател Џо Бајден денеска ќе и се обрати на нацијата по загубата на неговата кандидатка за претседател на Демократската партија Камала Харис на нејзиниот републикански противкандидат Доналд Трамп.

Бајден ќе зборува во 16:00 часот по Гринич.

Тој се повлече од претседателската трка по неговиот слаб настап во телевизиските дебати со Трамп, покренувајќи прашања за тоа дали тој сè уште е способен за функцијата. Потпретседателката Камала Харис го замени Бајден како кандидат на Демократската партија.

Харис и Бајден ветија дека ќе му помогнат на Трамп во транзицијата на власта до инаугурацијата на новоизбраниот претседател на 20 јануари следната година. Сепак, Харис рече дека не е подготвена да ја прифати визијата на Трамп за земјата.

Републиканците ја одземаа контролата на американскиот Сенат од демократите. Мнозинството гарантира дека Трамп ќе контролира барем еден дом на Конгресот следната година. Не е јасно дали републиканците ќе го задржат мнозинството во Претставничкиот дом на САД, а резултатите во десетици изборни единици се уште се непознати.

The post Бајден ќе ѝ се обрати на нацијата по убедливата победа на Трамп appeared first on Република.

]]>

Американскиот претседател Џо Бајден денеска ќе и се обрати на нацијата по загубата на неговата кандидатка за претседател на Демократската партија Камала Харис на нејзиниот републикански противкандидат Доналд Трамп. Бајден ќе зборува во 16:00 часот по Гринич. Тој се повлече од претседателската трка по неговиот слаб настап во телевизиските дебати со Трамп, покренувајќи прашања за тоа дали тој сè уште е способен за функцијата. Потпретседателката Камала Харис го замени Бајден како кандидат на Демократската партија. Харис и Бајден ветија дека ќе му помогнат на Трамп во транзицијата на власта до инаугурацијата на новоизбраниот претседател на 20 јануари следната година. Сепак, Харис рече дека не е подготвена да ја прифати визијата на Трамп за земјата. Републиканците ја одземаа контролата на американскиот Сенат од демократите. Мнозинството гарантира дека Трамп ќе контролира барем еден дом на Конгресот следната година. Не е јасно дали републиканците ќе го задржат мнозинството во Претставничкиот дом на САД, а резултатите во десетици изборни единици се уште се непознати.

The post Бајден ќе ѝ се обрати на нацијата по убедливата победа на Трамп appeared first on Република.

]]>
Сиљановска-Давкова: Како и пред повеќе од 80 години, така и ние денес живееме во период на големи премрежја што можат да се пребродат само со храбри одлуки https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/silanovska-davkova-kako-i-pred-poveke-od-80-godini-taka-i-nie-denes-zhiveeme-vo-period-na-golemi-premrezhja-shto-mozhat-da-se-prebrodat-samo-so-hrabri-odluki/ Fri, 11 Oct 2024 13:27:53 +0000 https://republika.mk/?p=825582

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска се обрати на свечената академија по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, што под нејзино покровителство се одржа во Музејот на македонската борба за самостојност.

Во рамки на Свечената академија настапи Воениот оркестар на Армијата со сплет на македонски патриотски и партизански песни.

Во продолжение е интегралното обраќање на претседателката Сиљановска Давкова:

Во историјата на секој народ постојат периоди на големи премрежја што можат да се пребродат само со храбри одлуки. Таков мрачен период беше Втората светска војна, кога речиси цела Европа беше под фашистичка окупација, и кога Хитлер и неговите сојузници изгледаа незапирливи и непобедливи. Во такви услови, на 11 октомври 1941-та, македонскиот народ посегна по непресушното човеково право на отпор против опресијата, неправдата и окупацијата и храбро, без колебање, ја избра вистинската страна во најголемата војна во историјата на човештвото. 11 октомври е меѓникот што ја одреди нашата иднина, денот кога ние храбро и одлучно се вклучивме во антифашистичката коалиција на слободољубиви и правдољубиви народи.

Херојската борба против фашизмот нè сплоти, нè прероди и ни даде легитимитет како народ да се самоопределиме и да создадеме слободна македонска држава на Првото заседание на АСНОМ. Како еден од најголемите демократски триумфи на човештвото, антифашизмот ни овозможи на историската сцена да настапиме рамноправно и со чиста совест да учествуваме во обновата на разрушениот свет. Не случајно, македонската држава за која копнееја Илинденците и за која се изборија антифашистите, трае веќе 80 години. Нејзината сегашност и нејзината иднина се сраснати со нејзиното минато.

Нас никој не нѐ ослободи. Сами се ослободивме со помош на над 110-илјадната Народноослободителна војска на Македонија. Нам никој не ни ја подари државата. Сами се изборивме за неа. За нас, антифашистичката беше и истовремено и народноослободителна војна во која дадовме 24.000 жртви.

Затоа, ние не смееме да дозволиме историски ревизионизам и релативизирање на народноослободителната и антифашистичка борба, бидејќи со тоа би се поткопале илинденските и антифашистичките темели врз кои е изградена македонската држава. Со тоа би се обезвреднила жртвата на илјадници млади борци кои несебично гинеа за слободата и правдината. Ние тоа не смееме да го дозволиме.

Како партизанска ќерка многу добро знам дека мојот татко и неговите соборци, во нерамната борба со фашистичкиот окупатор имале две оружја. Првото била пушката. Второто било песната. Некои од најважните битки во народноослободителната војна биле добиени со револуционерните песни што им давале храброст на борците да ја окрупнуваат слободната територија, да го изодат Февруарскиот поход и да ја создадат асномска Македонија. Една од најпопуларните била токму песната што беше изведена на почетокот на денешново чествување.

Напишана од Владо Малески и прв пат испеана во Струга на преминот од 1941-та кон 1942-та година, „Денес над Македонија се раѓа“ ја симболизира незапирливата борба за правда, го опева континуитетот со Илинден и ја навестува слободата на Македонија.

Но, во македонската химна е впишано и едно предупредување. Дали некогаш сте се запрашале зошто текстот на химната е испеан во сегашно, наместо во минато време? Зошто, по АСНОМ ние не пееме дека над Македонија веќе се родило новото сонце на слободата, дека Македонците веќе се избориле за своите правдини? Зошто, и по 8 септември 1991-та, македонската химна се уште е во сегашно, а не во минато време?

Верувам дека тоа делумно се должи на самата природа на слободата и правдата. Секоја нова генерација се соочува со нови предизвици и мора одново да се избори за овие врвни вредности, да ги интернализира. Секоја нова генерација, вклучително и нашава, треба да даде своја жртва за слободата и за правдата, затоа што само жртвата нè освестува за нивната вредност. А најголема жртва треба да дадат оние кои имаат најголема одговорност – луѓето, политичките лидери, избрани од македонските граѓани да ги застапуваат, да ги претставуваат и со својот личен пример, да се борат за државните интереси.

Смислата на постоењето на секоја држава, па и на македонска држава, е да ја заштити слободата и да ја спроведе правдата. Народот којшто ќе ја запостави слободата и ќе ја занемари правдата, неминовно ќе престане да се грижи и за државата.

Притоа, кога зборуваме за слобода, не мислиме само на политичката слобода од окупатори, таа е минато, туку и на слобода од потреби и од немаштија, слобода да се планира животот и да се напредува без роднински врски, без поткуп, без партиски книшки, туку само со сопственото знаење, способност и компетенција.

Кога зборуваме за правда, не мислиме само на правосудството, туку и на социјалната, еколошката и генерациската правда. А предуслов за правдата е владеењето на правото, наместо владеењето на луѓето.

Од денешен аспект, може да се каже дека во химната, во зборовите „Македонците се борат за своите правдини“ ни е сумирана и независноста. Изминативе 33 години ние се боревме за признавање на независноста, за членство во меѓународните организации, за зачувување на мирот, поредокот и соживотот во нашата татковина. И денес, таа борба за нашите правдини продолжува.

Како што партизаните се бореа против фашистичката окупација, така и ние секојдневно треба да се бориме против неправдите на нашето време, против социјалната неправда и сиромаштијата, против корупцијата и непотизмот. Треба да се бориме против неправедните препреки и блокади на нашата европска интеграција, но и против обидите за кривотворење на нашата историја и бришење на нашата колективна меморија. Ние мора постојано, секојдневно да се бориме за слободата и за правдата, бидејќи народот што не се бори, однапред изгубил.

Но, за да истраеме во таа борба, потребно ни е одново да се навраќаме на изворите. Ова не води до прашањето, дали денес, кога се изведува македонската химна, ние пасивно стоиме или, пак, како и партизаните, активно учествуваме во тој чин? Дали само ја слушаме или, пак, како и партизаните, од срце ја пееме македонската химна? Бидејќи, химната не е церемонијален декор, туку симбол на македонската држава во кој е кодирана македонската приказна за непрекинатата борба за правдини и за слобода.

Секогаш кога ја пееме македонската химна, ние правиме мал чекор кон истиснување на себичното ЈАС и МОЕ, за да направиме повеќе место за алтруистичкото НИЕ и НАШЕ, за македонската држава како наше општо добро, за јавниот интерес што ги надминува тесните лични, партиски, и други интереси.

Притоа, НИЕ и НАШЕ ниту е, ниту смее да биде сведено на која било етничка, верска, или идеолошка категорија. Прочитајте ги манифестите и прогласите на Главниот штаб на НОВ и ПОМ и ќе видите дека тие се упатени до Македонците, до Албанците, до Турците, до Власите, до Србите, доРомите и до сите други. Погледнете ги спомениците на кои се врежани имињата на борците и ќе го забележите соживотот во борбената акција. Фрлете поглед врз учесниците на АСНОМ и ќе ја видите Македонија во мало, со сета нејзина етничка, верска, социјална и идеолошка различност. Македонците кои се борат за своите правдини не се само етничките Македонци, туку и сите македонски граѓани кои ја доживуваат и ја сакаат оваа земја како своја татковина. Сите оние кои сакаат нивните деца, нивните млади да не се иселат во туѓина, туку да останат тука, во својата татковина, за да работат, да основаат семејства и да градат иднина.

Како и пред повеќе од 80 години, така и ние денес живееме во период на големи премрежја што можат да се пребродат само со храбри одлуки. Во светот повторно има војни и страдања, и тоа во региони што се блиску до нашиот. Нашите предци се сплотија за заедно да го постигнат она што не можат да го постигнат засебно – слободна македонска држава, втемелена врз праведни идеали. И ние треба да ги оставиме меѓусебните делби и да се сплотиме околу нашата борба, која веќе не е борба за политички слободи, туку за просперитет на државата и нејзините македонски граѓани. Така ќе изградиме иднина за младите во праведно и прогресивно македонско општество.

Само ако Македонија ја градиме како пристојно место за живеење на сите нејзини граѓани, ќе можеме со право да кажеме, да пееме дека навистина, таа е слободна и дека слободно живее.

Нека ни е за многу години 11 Октомври - Денот на Народното востание!

Нека ни е вековита македонската држава!

The post Сиљановска-Давкова: Како и пред повеќе од 80 години, така и ние денес живееме во период на големи премрежја што можат да се пребродат само со храбри одлуки appeared first on Република.

]]>

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска се обрати на свечената академија по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, што под нејзино покровителство се одржа во Музејот на македонската борба за самостојност. Во рамки на Свечената академија настапи Воениот оркестар на Армијата со сплет на македонски патриотски и партизански песни. Во продолжение е интегралното обраќање на претседателката Сиљановска Давкова:
Во историјата на секој народ постојат периоди на големи премрежја што можат да се пребродат само со храбри одлуки. Таков мрачен период беше Втората светска војна, кога речиси цела Европа беше под фашистичка окупација, и кога Хитлер и неговите сојузници изгледаа незапирливи и непобедливи. Во такви услови, на 11 октомври 1941-та, македонскиот народ посегна по непресушното човеково право на отпор против опресијата, неправдата и окупацијата и храбро, без колебање, ја избра вистинската страна во најголемата војна во историјата на човештвото. 11 октомври е меѓникот што ја одреди нашата иднина, денот кога ние храбро и одлучно се вклучивме во антифашистичката коалиција на слободољубиви и правдољубиви народи. Херојската борба против фашизмот нè сплоти, нè прероди и ни даде легитимитет како народ да се самоопределиме и да создадеме слободна македонска држава на Првото заседание на АСНОМ. Како еден од најголемите демократски триумфи на човештвото, антифашизмот ни овозможи на историската сцена да настапиме рамноправно и со чиста совест да учествуваме во обновата на разрушениот свет. Не случајно, македонската држава за која копнееја Илинденците и за која се изборија антифашистите, трае веќе 80 години. Нејзината сегашност и нејзината иднина се сраснати со нејзиното минато. Нас никој не нѐ ослободи. Сами се ослободивме со помош на над 110-илјадната Народноослободителна војска на Македонија. Нам никој не ни ја подари државата. Сами се изборивме за неа. За нас, антифашистичката беше и истовремено и народноослободителна војна во која дадовме 24.000 жртви. Затоа, ние не смееме да дозволиме историски ревизионизам и релативизирање на народноослободителната и антифашистичка борба, бидејќи со тоа би се поткопале илинденските и антифашистичките темели врз кои е изградена македонската држава. Со тоа би се обезвреднила жртвата на илјадници млади борци кои несебично гинеа за слободата и правдината. Ние тоа не смееме да го дозволиме. Како партизанска ќерка многу добро знам дека мојот татко и неговите соборци, во нерамната борба со фашистичкиот окупатор имале две оружја. Првото била пушката. Второто било песната. Некои од најважните битки во народноослободителната војна биле добиени со револуционерните песни што им давале храброст на борците да ја окрупнуваат слободната територија, да го изодат Февруарскиот поход и да ја создадат асномска Македонија. Една од најпопуларните била токму песната што беше изведена на почетокот на денешново чествување. Напишана од Владо Малески и прв пат испеана во Струга на преминот од 1941-та кон 1942-та година, „Денес над Македонија се раѓа“ ја симболизира незапирливата борба за правда, го опева континуитетот со Илинден и ја навестува слободата на Македонија. Но, во македонската химна е впишано и едно предупредување. Дали некогаш сте се запрашале зошто текстот на химната е испеан во сегашно, наместо во минато време? Зошто, по АСНОМ ние не пееме дека над Македонија веќе се родило новото сонце на слободата, дека Македонците веќе се избориле за своите правдини? Зошто, и по 8 септември 1991-та, македонската химна се уште е во сегашно, а не во минато време? Верувам дека тоа делумно се должи на самата природа на слободата и правдата. Секоја нова генерација се соочува со нови предизвици и мора одново да се избори за овие врвни вредности, да ги интернализира. Секоја нова генерација, вклучително и нашава, треба да даде своја жртва за слободата и за правдата, затоа што само жртвата нè освестува за нивната вредност. А најголема жртва треба да дадат оние кои имаат најголема одговорност – луѓето, политичките лидери, избрани од македонските граѓани да ги застапуваат, да ги претставуваат и со својот личен пример, да се борат за државните интереси. Смислата на постоењето на секоја држава, па и на македонска држава, е да ја заштити слободата и да ја спроведе правдата. Народот којшто ќе ја запостави слободата и ќе ја занемари правдата, неминовно ќе престане да се грижи и за државата. Притоа, кога зборуваме за слобода, не мислиме само на политичката слобода од окупатори, таа е минато, туку и на слобода од потреби и од немаштија, слобода да се планира животот и да се напредува без роднински врски, без поткуп, без партиски книшки, туку само со сопственото знаење, способност и компетенција. Кога зборуваме за правда, не мислиме само на правосудството, туку и на социјалната, еколошката и генерациската правда. А предуслов за правдата е владеењето на правото, наместо владеењето на луѓето. Од денешен аспект, може да се каже дека во химната, во зборовите „Македонците се борат за своите правдини“ ни е сумирана и независноста. Изминативе 33 години ние се боревме за признавање на независноста, за членство во меѓународните организации, за зачувување на мирот, поредокот и соживотот во нашата татковина. И денес, таа борба за нашите правдини продолжува. Како што партизаните се бореа против фашистичката окупација, така и ние секојдневно треба да се бориме против неправдите на нашето време, против социјалната неправда и сиромаштијата, против корупцијата и непотизмот. Треба да се бориме против неправедните препреки и блокади на нашата европска интеграција, но и против обидите за кривотворење на нашата историја и бришење на нашата колективна меморија. Ние мора постојано, секојдневно да се бориме за слободата и за правдата, бидејќи народот што не се бори, однапред изгубил. Но, за да истраеме во таа борба, потребно ни е одново да се навраќаме на изворите. Ова не води до прашањето, дали денес, кога се изведува македонската химна, ние пасивно стоиме или, пак, како и партизаните, активно учествуваме во тој чин? Дали само ја слушаме или, пак, како и партизаните, од срце ја пееме македонската химна? Бидејќи, химната не е церемонијален декор, туку симбол на македонската држава во кој е кодирана македонската приказна за непрекинатата борба за правдини и за слобода. Секогаш кога ја пееме македонската химна, ние правиме мал чекор кон истиснување на себичното ЈАС и МОЕ, за да направиме повеќе место за алтруистичкото НИЕ и НАШЕ, за македонската држава како наше општо добро, за јавниот интерес што ги надминува тесните лични, партиски, и други интереси. Притоа, НИЕ и НАШЕ ниту е, ниту смее да биде сведено на која било етничка, верска, или идеолошка категорија. Прочитајте ги манифестите и прогласите на Главниот штаб на НОВ и ПОМ и ќе видите дека тие се упатени до Македонците, до Албанците, до Турците, до Власите, до Србите, доРомите и до сите други. Погледнете ги спомениците на кои се врежани имињата на борците и ќе го забележите соживотот во борбената акција. Фрлете поглед врз учесниците на АСНОМ и ќе ја видите Македонија во мало, со сета нејзина етничка, верска, социјална и идеолошка различност. Македонците кои се борат за своите правдини не се само етничките Македонци, туку и сите македонски граѓани кои ја доживуваат и ја сакаат оваа земја како своја татковина. Сите оние кои сакаат нивните деца, нивните млади да не се иселат во туѓина, туку да останат тука, во својата татковина, за да работат, да основаат семејства и да градат иднина. Како и пред повеќе од 80 години, така и ние денес живееме во период на големи премрежја што можат да се пребродат само со храбри одлуки. Во светот повторно има војни и страдања, и тоа во региони што се блиску до нашиот. Нашите предци се сплотија за заедно да го постигнат она што не можат да го постигнат засебно – слободна македонска држава, втемелена врз праведни идеали. И ние треба да ги оставиме меѓусебните делби и да се сплотиме околу нашата борба, која веќе не е борба за политички слободи, туку за просперитет на државата и нејзините македонски граѓани. Така ќе изградиме иднина за младите во праведно и прогресивно македонско општество. Само ако Македонија ја градиме како пристојно место за живеење на сите нејзини граѓани, ќе можеме со право да кажеме, да пееме дека навистина, таа е слободна и дека слободно живее. Нека ни е за многу години 11 Октомври - Денот на Народното востание! Нека ни е вековита македонската држава!

The post Сиљановска-Давкова: Како и пред повеќе од 80 години, така и ние денес живееме во период на големи премрежја што можат да се пребродат само со храбри одлуки appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: 8 Септември нè потсетува на долгото патување до слободата, на нашата борба за независност и на неизвесноста, но 33 години подоцна ако заедно се бориме, заедно ќе успееме! https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-8-septemvri-ne-potsetuva-na-dolgoto-patuvane-do-slobodata-na-nashata-borba-za-nezavisnost-i-na-neizvesnosta-no-33-godini-podotsna-ako-zaedno-se-borime-zaedno-ke-uspeeme/ Sun, 08 Sep 2024 13:02:45 +0000 https://republika.mk/?p=814394

На Свечената академија по повод 8 Септември - Денот на независноста на Република Македонија се обрати Премиерот, Христијан Мицкоски.

Во продолжение го пренесуваме целосното обраќање на Премиерот Мицкоски.

Денес се одбележува најголемиот светилник на постоењето на македонската држава, финалниот чин по повеќе столетната борба за слобода и независност, или што би се рекло денот над деновите- 8 септември, празникот на нашата независност.

И до овој ден не се дојде само преку референдумот туку референдумот беше производ на една епопеја на големи херојства, дигнати востанија, два Илиндени, 6 вековна борба за слобода. И секогаш во нашиот идеал, во нашето верују беше сонот за Републиката. Не кралства, не монархии, туку републиката како стожер на нашето постоење, како израз во верувањето на владеењето на мнозинството и одлуките низ кое може да се слуша и почитува гласот на народот.

Темелите на македонската држава се полевани со крвта и страдањата на генерации и генерации Македонци кои веруваа во иднината и слободата.

Затоа денес, под слоганот „Заедно се бориме, заедно ќе успееме“ одбележуваме еден од најголемите празници во нашата историја – Денот на независноста.

Овој ден нè потсетува на долгото патување до слободата, на нашата борба за независност и на неизвесноста што ја носеше тој трнлив и полн со опасности пат.

Во времето на распадот на Југославија, светот се менуваше со невидена брзина. Сведочевме за големи турбуленции и насилства кои беснееја низ поранешните југословенски републики. Истовремено, и нашата демократска иднина беше полна со нејаснотии и предизвици.

Во тие моменти на голема несигурност и страв, повторно се роди за да успее идејата за независна, самостојна и суверена Македонија - реализирана од една генерација национални лидери кои беа цврсто решени дека патот на мирот и на демократијата е единствениот пат кој ќе не води кон нова европска иднина.

Со храброст и визија овие личности јасно му соопштија на светот дека татковината не се сака затоа што е голема, туку затоа што е наша.

Во моментите кога други народи беа вовлечени во крвави конфликти, таа генерација водачи ја избраа мудроста наместо насилството; компромисот наместо конфликтот.

Благодарение на нивната решителност, но пред се со мудроста на народот и силната верба државата го зачува мирот и се издигна високо кон небото како независна држава. Тоа е благослов кој го добивме и тој благослов нè обврзува да ја чуваме и унапредуваме нашата држава бидејќи тоа е најголемата животна, цивилизациска и историска привилегија на една нација

Денес сме исправени пред нова борба еднакво значајна како и создавањето на татковина. Тогаш владееше ентузијазам, голема енергија и одобрување на референдумот. 33 години подоцна многу работи се изменети, а сите ние повеќе искусни. Многу порази, многу неуспеси и потфрлање во системот. Цврсто сум убеден дека човекот кој тогаш гласаше на референдумот тој 8 септември 91ва година, тогаш не ја замислуваше Македонија каква ја имаме денес 33 години подоцна. Но дали после децениски разочарувања битката треба да престане? Одговорот е никако. И тоа не е опција. Затоа што патриотизмот постои и денес, и денес оваа генерација ја има битката која треба да се издвојува. Тогаш битката беше како ќе се исправи на нозе, денес битката е како ќе направиме големи чекори напред.

Патриотизмот е ист, но целите и работите кои мораме да ги победиме се различни.

Како нација имаме две големи цели. Првата мораме да го победиме разочарувањето кај секој еден човек кој е напластено од сите претходни порази и неуспеси. Втората е уште поголема цел, а тоа е да го сузбиеме криминалот и корупцијата метастазирана во сите делови од општеството.

Денес голем дел од луѓето сосема оправдано се разочарани од многу работи. Таквото разочарување е плод на континуирано рушење на системот и газење на базичните принципи и отстапки кои се правени во децениите претходно. Многу одлуки се донесоа кои граѓаните ги почувствува како личен пораз. Големи кнедли беа проголтани и кои како диво месо се распространија во срцето на нашиот организам. Сето тоа искуство сега ни носи разочарување и постојана дилема кај многу луѓе дали ќе успееме. Истото тоа разочарување натера многу луѓе да си заминат, и мнозина да се дистанцираат од политиката. Но, ве уверувам дека има надеж и ќе се борам до последниот атом да кажам дека сме поразлични од се до сега и дека ги менуваме работите.

За само два месеци решивме проблеми како тие со пасошите и новите учебници за сите ученици кои постоеле со години претходно. А и покажавме дека тие кои сметаа дека се вечна власт мора да одат во опозиција. Тоа е заеднички успех исто како што заедничко достигнување се 4 нови инвестиции за само два месеци, покачените пензии, исплатените субвенции, 250те милиони евра за капитални инфраструктурни проекти за општините и редица други проекти.

Вториот голем проблем е криминалот и корупцијата. Ова зло ја разјадува државата одвнатре и ги руши темелите на довербата меѓу институциите и граѓаните. Корупцијата е како отров кој го слабее нашето општество, правејќи да се изгуби неповратно надежта за подобро утре.

Како премиер јавно истакнувам уште еднаш дека ја преземам личната обврска бескомпромисно да ја водам оваа борба со непоколебливост и со одлучност.

Секој од нас мора да биде дел од оваа битка, бидејќи корупцијата не е само проблем на владата, туку проблем на целото општество, а јас би рекол и безбедносен проблем.

Граѓаните премногу долго време беа жртви на политичари кои ја злоупотребуваа својата моќ, продавајќи го достоинството на граѓаните за свои лични интереси.

Ова мора конечно да престане!

Мојата визија е јасна: земја каде што владее законот и каде што нема место за корумпирани личности.

Граѓаните заслужуваат да живеат во држава каде што чесноста и правдата се водечки принципи. Време е да се стави крај на беззаконието и да се изгради држава која ќе ги заштити интересите на своите граѓани. Криминалот не смее да биде посилен од Владата и на ова зло му доаѓа крајот. Сите што шетаа со ташни кај претходната Влада сега бегаат зошто го знаат одговорот. И ние ова зло ќе го победиме.

Во изминатите 33 години се соочивме и со многу предавства од страна на неодговорни политички лидери кои ги продаваа нашите национални интереси.

Денес сме тука да се увериме дека тоа никогаш повеќе нема да се повтори.

Имаме свои национални интереси и тие интереси ќе бидат заштитени по секоја цена.

Нема да бидеме монета за поткусурување на никој.

Ние ќе се бориме за нашите интереси и за нашето достоинство и ве уверувам дека ќе успееме!

Ова е држава на сите нејзини граѓани, без разлика на верата или националноста.

Соживотот не е само политичка идеја, туку тоа е темелот на нашата држава.

Наша обврска е да ги негуваме и почитуваме нашите разлики и преку дијалог и разбирање да изградиме заедничка иднина.

Заедно сме посилни, заедно можеме да ги надминеме сите пречки.

Мораме да си признаеме дека на народот му треба верба во принципи и јасен план. И тие принципи мора да се нештото околу кое сите ќе се согласиме и ќе постигнеме општествен консензус и тие принципи ќе бидат производ на нашите реални потреби и верувања.

Господа, тоа е нешто што ние мораме сами да го направиме произведеме, а не нешто кое ќе но биде подарено на тацна или ќе биде напишан документ хартија даден однадвор. Да покажеме зрелост во работата и во тоа дека оваа генерација е достојна.

Разочараноста и цинизмот се пораснати веројатно оправдано, но секој мора да е општествено активен, да придонесува кон заедничкото добро. На Владата и мене како премиер ни се потребни сите.

Опозицијата мора да созрее и да се реформира наместо да е приврзок и параван на криминални политичари кои ја доведоа државата до ова дереџе. По етничките основи мора да сме обединети затоа што споделуваме исти проблеми и предизвици и само заедно можеме да успееме. Успехот е предодреден од заедничката борба. Колку сме посплотени толку ќе сме поуспешни. И сите победи во минатото се остварувани со заедништво.

Деструкцијата и поделбите не се решение. Тие одговараат на секого освен на граѓаните. Народот очекува од нас резултати лојалност кон него и посветеност во остварување на ветените проекти мерки за подобар живот. Очекува ред и систем. Наспроти безредието кое го гледавме до сега. Потребно ново поглавје. На развој и напредок. На стабилност и просперитет. И тоа можеме да го направиме само ако сме заедно.

Затоа денеска од овде соопштувам десет принципи околу кои требаа да создадеме заедништво и сплотеност на сите фактори и општествени чинители, не само на власта, или неколку партии од опозицијата. Туку на сите, универзитетите, синдикатите, стопанствениците и коморите, земјоделците, МАНУ, професорите, лекарите, на сите општествени двигатели.

Прво, мора да воспоставиме правда и правна држава. И тоа не само флоскуларно и декларативно како до сега, туку суштински преку лични примери и колективни откажувања од сите оние срамни кои решиле да се посрамотат себе и своите семејства и отидат на другата страна на законот. Незаконието не смее да биде поведението кое ќе се следи. Без оглед кој е и што е во оваа земја, или ќе е чесен граѓанин или ќе има одговорност и одговара за своите постапки. Без оглед дали е власт или опозиција.

Второ, мора да се прекине партизацијата на општеството, да не ги делиме луѓето од една или друга партија, туку на способни и помалку способни. Способните мора да напредуваат. Не смее партиската книшка да биде дозволата за напредок, туку дипломата и реалното знаење. Мора мерит системот да биде над се друго. Напредување врз основа на способности и компетенции. Вредните мора да добијат шанса, наместо оние кои со врски напредуваат.

Трето мораме да се оградиме и етничките конфликти и да ги изолираме елементите кои создаваат меѓуетничко неединство. Мора да ставиме мораториум на етнички произведените теми зад кои стои лукративниот интерес на поединци. Мора да се стави крај на листата, на долгата листа желби за етнички права зад кои вистински стои ништо повеќе, туку личниот интерес на тие кои ги произведуваат, за сметка на колективниот. Колку само отсутно звучи кога некој ќе побара дводомност, а во Липково и Тетовско нема вода за пиење. Јас сакам решенија за личните проблеми на народот а не решенија за личните интереси на малите групи политичари кои ја злоупотребуваат колективната мака на народот.

Четврто, да го заштитиме и подобриме стандардот на граѓаните. Економијата да е фокусот и полето на натпревар. А тоа ќе го постигнеме преку работа, и само работа.

Петто, мора да создадеме праведно општество. Јас ги разбирам и критиките на поединците и компаниите чии маржи ги ограничивме за набавка на школски прибор како дел од мерката ПОМАЛКУ ТРОШОЦИ, ПОВЕЌЕ ЗА ТЕБЕ, но да го објавам и списокот на маржи од кои боли глава и каде ќе видите дека некој дебело заработува врз осиромашениот народ. Ја почитувам слободната економија и се борам за тоа, но народот не е наивен и не треба низ плаштот на слободна економија, а во суштина создавање на монопол или дуопол дебело да се полнат приватните џебови.

Шесто, мора образованието да е билетот за успех и сите сили да ги вложиме во тоа. Нашите луѓе низ светот постигнуваат извонредни резултати, а дома факултети во некои сомнителни објекти штампаат дипломи. И сето ова ќе биде испитано. Образованието е силата која може да не избави од сиромаштијата и да не придвижи напред и во економијата и во технологијата.

Седмо, мораме да имаме општа согласност за исполнување на нашата стратешка цел а тоа е членството во Европската Унија. Немаме друга алтернатива, ниту пак постои друга реална шанса. Желбата на народот за членство во Унијата е желба за подобар стандард, повисоки критериуми и повеќе пари и среден систем. И ние како Влада и општество не смееме да отстапиме од Европскиот пат.

Но, воедно мора се знае горкото чувство кое го има секој наш човек дека предолго чекаме пред вратите на Унијата, а вербата во таквата иднина е напаѓана со безброј политички препреки, наместо суштински и системски критериуми кои ќе го направат животот подобар.

Затоа денес секој македонски граѓанин има грутка во грлото од премногу постапки и штетни договори. Спремен сум да разговарам за секое прашање, но не сум спремен за секоја отстапка по секоја цена. Дајте да направиме големи чекори и да градиме вистински процес на напредок.

Осмиот принцип, е единството. Можеме и природно да имаме различни мислења, ставови, но за државните прашања, и темите од заеднички интерес мораме да покажеме единство. Може да се делиме, но македонскиот сон мора сите заедно да го отсонуваме и за него сите заедно да победиме. Да не се делиме за крупните прашања, да не го пропуштаме времето на кавги, за сметка на напредок. Внатре дома ќе дебатираме за сите прашања, но надвор мораме да бидеме единствени. Тоа мора да биде нашата сила.

Деветто, мораме да се бориме против иселувањето. Премногу добри луѓе се иселија во потрага за подобар живот. И премногу светилки се изгасија. Нема луѓе за работа. Погледнете ги полињата, период е на гроздобер, тие се полни со многу возрасни луѓе и по некој млад човек кој не сака да ги разочара родителите. Врз нивни плеќи се крепат основите на она во што веруваме. Но генерално младите луѓе си одат. И тоа е поразително. Мораме да ги задржиме со подобри услови за живот и шанса за младите кои мора да бидат движечка сила.

Десетто, мораме да издвојуваме и веруваме во идеолошки битки. Нашата, мојата е заедничкиот патриотизам, кој треба да не обедини. Тој не е ништо друго туку заедничко верување и заедничка борба за иднината во државата. Тој треба да не обедини сите, Македонци, Албанци, Турци, Власи, Срби, Бошњаци и сите останати под македонското сонце. Не да се радуваме на мали искри, туку заеднички за големи победи и големи чекори напред. Премногу е пропуштено и треба многу да се направи.

Затоа за сите овие принципи барам единство и сплотеност. Испраќам порака до лидерите во опозицијата околу овие 10 принципи да се обединиме сите, исчистете се од криминалот во своите редови и реформирајте се. И прифатете го ова што го нудам како платформа околу кое се обединуваме.

Сите партии, и сите чинители, да седнеме на заедничка маса и да изградиме македонска платформа за делување. Платформа за иднината и наредното доба. Од нас зависи. Во наши раце е иднината, и ние можеме.

Нашата визија за иднината вклучува и силен ангажман за економски раст и развој кој ќе обезбеди подобар животен стандард за сите граѓани.

Има потенцијал да стане економски лидер во регионот, со модерна инфраструктура, со конкурентна економија и со иновации кои ќе ги поддржат младите и претприемачите.

Ние ќе продолжиме со реформи кои ќе ја подобрат бизнис климата и ќе овозможат нови инвестиции и работни места.

Со заеднички напори ќе создадеме услови каде што младите ќе гледаат иднина, каде што ќе можат да ги остварат своите соништа и каде што ќе сакаат да останат и да придонесуваат за општеството.

Во оваа прилика сакам да се обратам и до опозицијата која тоне во тотална безидејност и целосна неконструктивност.

Ве повикувам да престанете со деструктивните игри кои ја ставаат државата во опасност.

Дојде време да завртите нова страница во која опозицијата нема да биде повеќе фактор на нестабилност, туку активен учесник во градењето на нашата заедничка иднина. Треба да престане старата пракса во која кога сте на власт тргувате со слободата и државноста на нашиот народ, а кога сте во опозиција ги ставате вашите лични и партиски интереси пред интересите на татковината.

Силна опозиција е од суштинско значење за секоја демократска држава и јас се надевам дека процесот на консолидација на СДСМ по катастрофалниот пораз ќе заврши брзо и дека ќе дојде едно ново време на демократско, но патриотско опозициско делување.

Татковината е толку силна колку што се обединети и единствени нејзините политички партии. Да работиме заедно, за доброто на граѓаните.

Ние сме народ кој преживеал многу предизвици и кој секогаш успевал да се издигне над нив.

Како што рекол големиот Аристотел: „Целта на политиката е да создаде услови каде што луѓето ќе можат да живеат добар живот“.

Тоа е нашата мисија – да создадеме татковина каде што секој граѓанин ќе може да живее достоинствено, во мир и во просперитет.

Јас верувам во вас, во вашата сила и решеност.

Верувам дека заедно можеме да ги надминеме сите предизвици и да создадеме подобра иднина за нашите деца и за идните генерации.

Македонија не е само територија, таа е нашата надеж, наша најголема визија и наша најзначајна иднина.

Ние сме одговорни за нејзиното наследство и за нејзиниот просперитет.

Заедно ќе се бориме и знам дека заедно ќе успееме.

Ајде да ја градиме татковината со љубов, со решеност и со визија. Сите заедно!

Ова е нашата земја и никој не може да ни ја одземе.

Со заеднички сили ќе создадеме татковина која ќе биде гордост за сите нас, денес и за сите идни генерации.

Нека ни е честит денот на независноста!

Нека е вечна и вековита нашата татковина!

Среќен роденден Македонијо!

Бог да ја благослови Македонија!“

The post Мицкоски: 8 Септември нè потсетува на долгото патување до слободата, на нашата борба за независност и на неизвесноста, но 33 години подоцна ако заедно се бориме, заедно ќе успееме! appeared first on Република.

]]>

На Свечената академија по повод 8 Септември - Денот на независноста на Република Македонија се обрати Премиерот, Христијан Мицкоски. Во продолжение го пренесуваме целосното обраќање на Премиерот Мицкоски.
Денес се одбележува најголемиот светилник на постоењето на македонската држава, финалниот чин по повеќе столетната борба за слобода и независност, или што би се рекло денот над деновите- 8 септември, празникот на нашата независност. И до овој ден не се дојде само преку референдумот туку референдумот беше производ на една епопеја на големи херојства, дигнати востанија, два Илиндени, 6 вековна борба за слобода. И секогаш во нашиот идеал, во нашето верују беше сонот за Републиката. Не кралства, не монархии, туку републиката како стожер на нашето постоење, како израз во верувањето на владеењето на мнозинството и одлуките низ кое може да се слуша и почитува гласот на народот. Темелите на македонската држава се полевани со крвта и страдањата на генерации и генерации Македонци кои веруваа во иднината и слободата. Затоа денес, под слоганот „Заедно се бориме, заедно ќе успееме“ одбележуваме еден од најголемите празници во нашата историја – Денот на независноста. Овој ден нè потсетува на долгото патување до слободата, на нашата борба за независност и на неизвесноста што ја носеше тој трнлив и полн со опасности пат. Во времето на распадот на Југославија, светот се менуваше со невидена брзина. Сведочевме за големи турбуленции и насилства кои беснееја низ поранешните југословенски републики. Истовремено, и нашата демократска иднина беше полна со нејаснотии и предизвици. Во тие моменти на голема несигурност и страв, повторно се роди за да успее идејата за независна, самостојна и суверена Македонија - реализирана од една генерација национални лидери кои беа цврсто решени дека патот на мирот и на демократијата е единствениот пат кој ќе не води кон нова европска иднина. Со храброст и визија овие личности јасно му соопштија на светот дека татковината не се сака затоа што е голема, туку затоа што е наша. Во моментите кога други народи беа вовлечени во крвави конфликти, таа генерација водачи ја избраа мудроста наместо насилството; компромисот наместо конфликтот. Благодарение на нивната решителност, но пред се со мудроста на народот и силната верба државата го зачува мирот и се издигна високо кон небото како независна држава. Тоа е благослов кој го добивме и тој благослов нè обврзува да ја чуваме и унапредуваме нашата држава бидејќи тоа е најголемата животна, цивилизациска и историска привилегија на една нација Денес сме исправени пред нова борба еднакво значајна како и создавањето на татковина. Тогаш владееше ентузијазам, голема енергија и одобрување на референдумот. 33 години подоцна многу работи се изменети, а сите ние повеќе искусни. Многу порази, многу неуспеси и потфрлање во системот. Цврсто сум убеден дека човекот кој тогаш гласаше на референдумот тој 8 септември 91ва година, тогаш не ја замислуваше Македонија каква ја имаме денес 33 години подоцна. Но дали после децениски разочарувања битката треба да престане? Одговорот е никако. И тоа не е опција. Затоа што патриотизмот постои и денес, и денес оваа генерација ја има битката која треба да се издвојува. Тогаш битката беше како ќе се исправи на нозе, денес битката е како ќе направиме големи чекори напред. Патриотизмот е ист, но целите и работите кои мораме да ги победиме се различни. Како нација имаме две големи цели. Првата мораме да го победиме разочарувањето кај секој еден човек кој е напластено од сите претходни порази и неуспеси. Втората е уште поголема цел, а тоа е да го сузбиеме криминалот и корупцијата метастазирана во сите делови од општеството. Денес голем дел од луѓето сосема оправдано се разочарани од многу работи. Таквото разочарување е плод на континуирано рушење на системот и газење на базичните принципи и отстапки кои се правени во децениите претходно. Многу одлуки се донесоа кои граѓаните ги почувствува како личен пораз. Големи кнедли беа проголтани и кои како диво месо се распространија во срцето на нашиот организам. Сето тоа искуство сега ни носи разочарување и постојана дилема кај многу луѓе дали ќе успееме. Истото тоа разочарување натера многу луѓе да си заминат, и мнозина да се дистанцираат од политиката. Но, ве уверувам дека има надеж и ќе се борам до последниот атом да кажам дека сме поразлични од се до сега и дека ги менуваме работите. За само два месеци решивме проблеми како тие со пасошите и новите учебници за сите ученици кои постоеле со години претходно. А и покажавме дека тие кои сметаа дека се вечна власт мора да одат во опозиција. Тоа е заеднички успех исто како што заедничко достигнување се 4 нови инвестиции за само два месеци, покачените пензии, исплатените субвенции, 250те милиони евра за капитални инфраструктурни проекти за општините и редица други проекти. Вториот голем проблем е криминалот и корупцијата. Ова зло ја разјадува државата одвнатре и ги руши темелите на довербата меѓу институциите и граѓаните. Корупцијата е како отров кој го слабее нашето општество, правејќи да се изгуби неповратно надежта за подобро утре. Како премиер јавно истакнувам уште еднаш дека ја преземам личната обврска бескомпромисно да ја водам оваа борба со непоколебливост и со одлучност. Секој од нас мора да биде дел од оваа битка, бидејќи корупцијата не е само проблем на владата, туку проблем на целото општество, а јас би рекол и безбедносен проблем. Граѓаните премногу долго време беа жртви на политичари кои ја злоупотребуваа својата моќ, продавајќи го достоинството на граѓаните за свои лични интереси. Ова мора конечно да престане! Мојата визија е јасна: земја каде што владее законот и каде што нема место за корумпирани личности. Граѓаните заслужуваат да живеат во држава каде што чесноста и правдата се водечки принципи. Време е да се стави крај на беззаконието и да се изгради држава која ќе ги заштити интересите на своите граѓани. Криминалот не смее да биде посилен од Владата и на ова зло му доаѓа крајот. Сите што шетаа со ташни кај претходната Влада сега бегаат зошто го знаат одговорот. И ние ова зло ќе го победиме. Во изминатите 33 години се соочивме и со многу предавства од страна на неодговорни политички лидери кои ги продаваа нашите национални интереси. Денес сме тука да се увериме дека тоа никогаш повеќе нема да се повтори. Имаме свои национални интереси и тие интереси ќе бидат заштитени по секоја цена. Нема да бидеме монета за поткусурување на никој. Ние ќе се бориме за нашите интереси и за нашето достоинство и ве уверувам дека ќе успееме! Ова е држава на сите нејзини граѓани, без разлика на верата или националноста. Соживотот не е само политичка идеја, туку тоа е темелот на нашата држава. Наша обврска е да ги негуваме и почитуваме нашите разлики и преку дијалог и разбирање да изградиме заедничка иднина. Заедно сме посилни, заедно можеме да ги надминеме сите пречки. Мораме да си признаеме дека на народот му треба верба во принципи и јасен план. И тие принципи мора да се нештото околу кое сите ќе се согласиме и ќе постигнеме општествен консензус и тие принципи ќе бидат производ на нашите реални потреби и верувања. Господа, тоа е нешто што ние мораме сами да го направиме произведеме, а не нешто кое ќе но биде подарено на тацна или ќе биде напишан документ хартија даден однадвор. Да покажеме зрелост во работата и во тоа дека оваа генерација е достојна. Разочараноста и цинизмот се пораснати веројатно оправдано, но секој мора да е општествено активен, да придонесува кон заедничкото добро. На Владата и мене како премиер ни се потребни сите. Опозицијата мора да созрее и да се реформира наместо да е приврзок и параван на криминални политичари кои ја доведоа државата до ова дереџе. По етничките основи мора да сме обединети затоа што споделуваме исти проблеми и предизвици и само заедно можеме да успееме. Успехот е предодреден од заедничката борба. Колку сме посплотени толку ќе сме поуспешни. И сите победи во минатото се остварувани со заедништво. Деструкцијата и поделбите не се решение. Тие одговараат на секого освен на граѓаните. Народот очекува од нас резултати лојалност кон него и посветеност во остварување на ветените проекти мерки за подобар живот. Очекува ред и систем. Наспроти безредието кое го гледавме до сега. Потребно ново поглавје. На развој и напредок. На стабилност и просперитет. И тоа можеме да го направиме само ако сме заедно. Затоа денеска од овде соопштувам десет принципи околу кои требаа да создадеме заедништво и сплотеност на сите фактори и општествени чинители, не само на власта, или неколку партии од опозицијата. Туку на сите, универзитетите, синдикатите, стопанствениците и коморите, земјоделците, МАНУ, професорите, лекарите, на сите општествени двигатели. Прво, мора да воспоставиме правда и правна држава. И тоа не само флоскуларно и декларативно како до сега, туку суштински преку лични примери и колективни откажувања од сите оние срамни кои решиле да се посрамотат себе и своите семејства и отидат на другата страна на законот. Незаконието не смее да биде поведението кое ќе се следи. Без оглед кој е и што е во оваа земја, или ќе е чесен граѓанин или ќе има одговорност и одговара за своите постапки. Без оглед дали е власт или опозиција. Второ, мора да се прекине партизацијата на општеството, да не ги делиме луѓето од една или друга партија, туку на способни и помалку способни. Способните мора да напредуваат. Не смее партиската книшка да биде дозволата за напредок, туку дипломата и реалното знаење. Мора мерит системот да биде над се друго. Напредување врз основа на способности и компетенции. Вредните мора да добијат шанса, наместо оние кои со врски напредуваат. Трето мораме да се оградиме и етничките конфликти и да ги изолираме елементите кои создаваат меѓуетничко неединство. Мора да ставиме мораториум на етнички произведените теми зад кои стои лукративниот интерес на поединци. Мора да се стави крај на листата, на долгата листа желби за етнички права зад кои вистински стои ништо повеќе, туку личниот интерес на тие кои ги произведуваат, за сметка на колективниот. Колку само отсутно звучи кога некој ќе побара дводомност, а во Липково и Тетовско нема вода за пиење. Јас сакам решенија за личните проблеми на народот а не решенија за личните интереси на малите групи политичари кои ја злоупотребуваат колективната мака на народот. Четврто, да го заштитиме и подобриме стандардот на граѓаните. Економијата да е фокусот и полето на натпревар. А тоа ќе го постигнеме преку работа, и само работа. Петто, мора да создадеме праведно општество. Јас ги разбирам и критиките на поединците и компаниите чии маржи ги ограничивме за набавка на школски прибор како дел од мерката ПОМАЛКУ ТРОШОЦИ, ПОВЕЌЕ ЗА ТЕБЕ, но да го објавам и списокот на маржи од кои боли глава и каде ќе видите дека некој дебело заработува врз осиромашениот народ. Ја почитувам слободната економија и се борам за тоа, но народот не е наивен и не треба низ плаштот на слободна економија, а во суштина создавање на монопол или дуопол дебело да се полнат приватните џебови. Шесто, мора образованието да е билетот за успех и сите сили да ги вложиме во тоа. Нашите луѓе низ светот постигнуваат извонредни резултати, а дома факултети во некои сомнителни објекти штампаат дипломи. И сето ова ќе биде испитано. Образованието е силата која може да не избави од сиромаштијата и да не придвижи напред и во економијата и во технологијата. Седмо, мораме да имаме општа согласност за исполнување на нашата стратешка цел а тоа е членството во Европската Унија. Немаме друга алтернатива, ниту пак постои друга реална шанса. Желбата на народот за членство во Унијата е желба за подобар стандард, повисоки критериуми и повеќе пари и среден систем. И ние како Влада и општество не смееме да отстапиме од Европскиот пат. Но, воедно мора се знае горкото чувство кое го има секој наш човек дека предолго чекаме пред вратите на Унијата, а вербата во таквата иднина е напаѓана со безброј политички препреки, наместо суштински и системски критериуми кои ќе го направат животот подобар. Затоа денес секој македонски граѓанин има грутка во грлото од премногу постапки и штетни договори. Спремен сум да разговарам за секое прашање, но не сум спремен за секоја отстапка по секоја цена. Дајте да направиме големи чекори и да градиме вистински процес на напредок. Осмиот принцип, е единството. Можеме и природно да имаме различни мислења, ставови, но за државните прашања, и темите од заеднички интерес мораме да покажеме единство. Може да се делиме, но македонскиот сон мора сите заедно да го отсонуваме и за него сите заедно да победиме. Да не се делиме за крупните прашања, да не го пропуштаме времето на кавги, за сметка на напредок. Внатре дома ќе дебатираме за сите прашања, но надвор мораме да бидеме единствени. Тоа мора да биде нашата сила. Деветто, мораме да се бориме против иселувањето. Премногу добри луѓе се иселија во потрага за подобар живот. И премногу светилки се изгасија. Нема луѓе за работа. Погледнете ги полињата, период е на гроздобер, тие се полни со многу возрасни луѓе и по некој млад човек кој не сака да ги разочара родителите. Врз нивни плеќи се крепат основите на она во што веруваме. Но генерално младите луѓе си одат. И тоа е поразително. Мораме да ги задржиме со подобри услови за живот и шанса за младите кои мора да бидат движечка сила. Десетто, мораме да издвојуваме и веруваме во идеолошки битки. Нашата, мојата е заедничкиот патриотизам, кој треба да не обедини. Тој не е ништо друго туку заедничко верување и заедничка борба за иднината во државата. Тој треба да не обедини сите, Македонци, Албанци, Турци, Власи, Срби, Бошњаци и сите останати под македонското сонце. Не да се радуваме на мали искри, туку заеднички за големи победи и големи чекори напред. Премногу е пропуштено и треба многу да се направи. Затоа за сите овие принципи барам единство и сплотеност. Испраќам порака до лидерите во опозицијата околу овие 10 принципи да се обединиме сите, исчистете се од криминалот во своите редови и реформирајте се. И прифатете го ова што го нудам како платформа околу кое се обединуваме. Сите партии, и сите чинители, да седнеме на заедничка маса и да изградиме македонска платформа за делување. Платформа за иднината и наредното доба. Од нас зависи. Во наши раце е иднината, и ние можеме. Нашата визија за иднината вклучува и силен ангажман за економски раст и развој кој ќе обезбеди подобар животен стандард за сите граѓани. Има потенцијал да стане економски лидер во регионот, со модерна инфраструктура, со конкурентна економија и со иновации кои ќе ги поддржат младите и претприемачите. Ние ќе продолжиме со реформи кои ќе ја подобрат бизнис климата и ќе овозможат нови инвестиции и работни места. Со заеднички напори ќе создадеме услови каде што младите ќе гледаат иднина, каде што ќе можат да ги остварат своите соништа и каде што ќе сакаат да останат и да придонесуваат за општеството. Во оваа прилика сакам да се обратам и до опозицијата која тоне во тотална безидејност и целосна неконструктивност. Ве повикувам да престанете со деструктивните игри кои ја ставаат државата во опасност. Дојде време да завртите нова страница во која опозицијата нема да биде повеќе фактор на нестабилност, туку активен учесник во градењето на нашата заедничка иднина. Треба да престане старата пракса во која кога сте на власт тргувате со слободата и државноста на нашиот народ, а кога сте во опозиција ги ставате вашите лични и партиски интереси пред интересите на татковината. Силна опозиција е од суштинско значење за секоја демократска држава и јас се надевам дека процесот на консолидација на СДСМ по катастрофалниот пораз ќе заврши брзо и дека ќе дојде едно ново време на демократско, но патриотско опозициско делување. Татковината е толку силна колку што се обединети и единствени нејзините политички партии. Да работиме заедно, за доброто на граѓаните. Ние сме народ кој преживеал многу предизвици и кој секогаш успевал да се издигне над нив. Како што рекол големиот Аристотел: „Целта на политиката е да создаде услови каде што луѓето ќе можат да живеат добар живот“. Тоа е нашата мисија – да создадеме татковина каде што секој граѓанин ќе може да живее достоинствено, во мир и во просперитет. Јас верувам во вас, во вашата сила и решеност. Верувам дека заедно можеме да ги надминеме сите предизвици и да создадеме подобра иднина за нашите деца и за идните генерации. Македонија не е само територија, таа е нашата надеж, наша најголема визија и наша најзначајна иднина. Ние сме одговорни за нејзиното наследство и за нејзиниот просперитет. Заедно ќе се бориме и знам дека заедно ќе успееме. Ајде да ја градиме татковината со љубов, со решеност и со визија. Сите заедно! Ова е нашата земја и никој не може да ни ја одземе. Со заеднички сили ќе создадеме татковина која ќе биде гордост за сите нас, денес и за сите идни генерации. Нека ни е честит денот на независноста! Нека е вечна и вековита нашата татковина! Среќен роденден Македонијо! Бог да ја благослови Македонија!“

The post Мицкоски: 8 Септември нè потсетува на долгото патување до слободата, на нашата борба за независност и на неизвесноста, но 33 години подоцна ако заедно се бориме, заедно ќе успееме! appeared first on Република.

]]>
Мицкоски ќе се обрати на свечената седница по повод 23 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-ke-se-obrati-na-svechenata-sednitsa-po-povod-23-godini-od-potpishuvaneto-na-ohridskiot-ramkoven-dogovor/ Tue, 13 Aug 2024 09:15:57 +0000 https://republika.mk/?p=806054

Денеска 13.08.2024 година, (вторник) година ќе се одржи одбележување на 23 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, соопшти владината прес служба.

По тој повод со почеток во 13:00 часот во свечената сала во владата на Република Македонија ќе се одржи Свечена седница на која ќе се обратат:

• Христијан Мицкоски, Претседател на Владата на Република Македонија

• Изет Меџити – Прв заменик-претседател на Владата на Македонија, министер за животна средина и просторно планирање.

The post Мицкоски ќе се обрати на свечената седница по повод 23 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор appeared first on Република.

]]>

Денеска 13.08.2024 година, (вторник) година ќе се одржи одбележување на 23 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, соопшти владината прес служба.
По тој повод со почеток во 13:00 часот во свечената сала во владата на Република Македонија ќе се одржи Свечена седница на која ќе се обратат: • Христијан Мицкоски, Претседател на Владата на Република Македонија • Изет Меџити – Прв заменик-претседател на Владата на Македонија, министер за животна средина и просторно планирање.

The post Мицкоски ќе се обрати на свечената седница по повод 23 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор appeared first on Република.

]]>
ЕУ треба соодветно да одговори, затоа што ако сте кандидат од 2005 година, а денеска е 2024, се плашам дека некогаш тоа чекање личи на она на господинот Годо, а не сакам да верувам во такво нешто https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/eu-treba-soodvetno-da-odgovori-zatoa-shto-ako-ste-kandidat-od-2005-godina-a-deneska-e-2024-se-plasham-deka-nekogash-toa-chekane-lichi-na-ona-na-gospodinot-godo-a-ne-sakam-da-veruvam-vo-takvo-neshto/ Tue, 04 Jun 2024 12:46:15 +0000 https://republika.mk/?p=784676

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова се обрати на настанот „Европската Унија како предизвик и предизвиците на ЕУ: Европа 74 години од Шумановата декларација“ што во организација на Европското движење во Република Македонија и претставништвото на Фондацијата Конрад Аденауер во Скопје, се одржа денеска, а по повод 9 Мај – Денот на Европа.

Претседателката Сиљановска Давкова во своето обраќање нагласи дека ние отсекогаш, историски, географски и културно сме биле дел од Европа и дека не зборуваме за евроинтеграција, туку за реунификација, посочувајќи дека втемелувачите на Европската Унија биле вистински државници, водени од мировната идеја и кои верувале во мировните решенија.

За нас веќе реков дека се перцепираме како Европјани, а логично е ако се перцепирате како Европјани да бидете и третирани како Европјани. Третманот го гледам пред се низ призма, не на ЕУ реториката, туку на ЕУ логиката, во смисла на владеење на правото, компетитивна економија, независно судство, стручна и компетентна администрација, демократска политичка култура, нешто што обединува, рече претседателката Сиљановска Давкова.

Претседателката истакна дека скрининг процесот покажа дека во поглед на хармонизацијата ние сме во врвот на Западниот Балкан, но имплементацијата останува наш важен предизвик.

Ние мораме да тргнеме со суштински и сериозни реформи, излез немаме бидејќи не е само сега критериум хомогенизацијата, хармонизацијата, туку и имплементацијата. Мислам дека треба и ЕУ соодветно да одговори, затоа што ако сте кандидат од 2005 година, а денеска е 2024, се плашам дека некогаш тоа чекање личи на она на господинот Годо, а не сакам да верувам во такво нешто. Јас знам дека ние бевме перцепирани и сеуште сме како ахилова пета, но мислам дека и за тоа има решенија и е потребен соодветен одговор, истакна во обраќањето претседателката Сиљановска Давкова.

Таа изрази очекување од новите власти во Собранието да сфатат дека Лисабонскиот договор е договор за парламентите, дека Парламентот мора да се отвори во евроинтеграцискиот процес и дека евроинтеграцијата не може да биде само работа на Владата.

Сугерирав и сè уште сугерирам меѓу преговарачите да има и експерти, а не само политичари за да создадеме институционална меморија. Каде е континуитетот ако двајцата преговарачи беа политичари?, запраша во обраќањето претседателката.

Претседателката Сиљановска Давкова посочи дека мора да се активира Националниот совет за евроинтеграции, како обединувачко хетерогено тело, а на Комисијата за европски прашања да бидат поканети и претставници на Европската комисија.

Таа изрази очекување дека ЕУ нема да заборави на логиката и филозофијата на проширувањето, оти тоа докажува дека е незаменлива, а таквата кондиција создава, кај сите нас кои чекаме на ред за да влеземе во Европската Унија, исто така, демократска кондиција.

Претседателката порача дека регионално треба да резонираме, регионално да соработуваме и регионално да се поддржуваме едни со други, по примерот на скандинавските земји, додавајќи дека ветото не е европски и мировен инструмент, иако е некогаш силно оружје на малите држави. Таа нагласи дека на патот кон ЕУ, со помош на оние коишто се внатре, треба да зачекориме заедно и да се поддржуваме едни со други.

The post ЕУ треба соодветно да одговори, затоа што ако сте кандидат од 2005 година, а денеска е 2024, се плашам дека некогаш тоа чекање личи на она на господинот Годо, а не сакам да верувам во такво нешто appeared first on Република.

]]>

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова се обрати на настанот „Европската Унија како предизвик и предизвиците на ЕУ: Европа 74 години од Шумановата декларација“ што во организација на Европското движење во Република Македонија и претставништвото на Фондацијата Конрад Аденауер во Скопје, се одржа денеска, а по повод 9 Мај – Денот на Европа.

Претседателката Сиљановска Давкова во своето обраќање нагласи дека ние отсекогаш, историски, географски и културно сме биле дел од Европа и дека не зборуваме за евроинтеграција, туку за реунификација, посочувајќи дека втемелувачите на Европската Унија биле вистински државници, водени од мировната идеја и кои верувале во мировните решенија.

За нас веќе реков дека се перцепираме како Европјани, а логично е ако се перцепирате како Европјани да бидете и третирани како Европјани. Третманот го гледам пред се низ призма, не на ЕУ реториката, туку на ЕУ логиката, во смисла на владеење на правото, компетитивна економија, независно судство, стручна и компетентна администрација, демократска политичка култура, нешто што обединува, рече претседателката Сиљановска Давкова.

Претседателката истакна дека скрининг процесот покажа дека во поглед на хармонизацијата ние сме во врвот на Западниот Балкан, но имплементацијата останува наш важен предизвик.

Ние мораме да тргнеме со суштински и сериозни реформи, излез немаме бидејќи не е само сега критериум хомогенизацијата, хармонизацијата, туку и имплементацијата. Мислам дека треба и ЕУ соодветно да одговори, затоа што ако сте кандидат од 2005 година, а денеска е 2024, се плашам дека некогаш тоа чекање личи на она на господинот Годо, а не сакам да верувам во такво нешто. Јас знам дека ние бевме перцепирани и сеуште сме како ахилова пета, но мислам дека и за тоа има решенија и е потребен соодветен одговор, истакна во обраќањето претседателката Сиљановска Давкова.

Таа изрази очекување од новите власти во Собранието да сфатат дека Лисабонскиот договор е договор за парламентите, дека Парламентот мора да се отвори во евроинтеграцискиот процес и дека евроинтеграцијата не може да биде само работа на Владата.

Сугерирав и сè уште сугерирам меѓу преговарачите да има и експерти, а не само политичари за да создадеме институционална меморија. Каде е континуитетот ако двајцата преговарачи беа политичари?, запраша во обраќањето претседателката.

Претседателката Сиљановска Давкова посочи дека мора да се активира Националниот совет за евроинтеграции, како обединувачко хетерогено тело, а на Комисијата за европски прашања да бидат поканети и претставници на Европската комисија.

Таа изрази очекување дека ЕУ нема да заборави на логиката и филозофијата на проширувањето, оти тоа докажува дека е незаменлива, а таквата кондиција создава, кај сите нас кои чекаме на ред за да влеземе во Европската Унија, исто така, демократска кондиција.

Претседателката порача дека регионално треба да резонираме, регионално да соработуваме и регионално да се поддржуваме едни со други, по примерот на скандинавските земји, додавајќи дека ветото не е европски и мировен инструмент, иако е некогаш силно оружје на малите држави. Таа нагласи дека на патот кон ЕУ, со помош на оние коишто се внатре, треба да зачекориме заедно и да се поддржуваме едни со други.

The post ЕУ треба соодветно да одговори, затоа што ако сте кандидат од 2005 година, а денеска е 2024, се плашам дека некогаш тоа чекање личи на она на господинот Годо, а не сакам да верувам во такво нешто appeared first on Република.

]]>
Сиљановска Давкова се обрати на конференција во чест на 85 годишнината од раѓањето на професорот Ѓорѓи Марјановиќ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/silanovska-davkova-se-obrati-na-konferentsija-vo-chest-na-85-godishninata-od-raganeto-na-profesorot-gorgi-marjanovik/ Tue, 28 May 2024 14:29:36 +0000 https://republika.mk/?p=782469

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска се обрати на конференцијата „Разговори со Ѓорѓи Марјановиќ“, организирана во чест на одбележувањето 85 години од раѓањето на професорот Ѓорѓи Марјановиќ, кој почина во 2022 година.

Говорејќи за професорот Марјановиќ, таа го нарече првото перо на југословенското кривично право, совест на правниот факултет и на општеството и луциден интелектуалец кој имаше чиста совест и критички став за секое општествено и политичко прашање.

Претседателката Сиљановска Давкова посочи дека за прашањето поврзано за името, професорот Марјановиќ укажуваше на апсурдноста на спорот.

„Осврнувајќи се на именувањето кон нас, велеше дека е несфатливо како може едно име да се користи на беџот, друго на столчето, трето во документите, четврто во говорната практика и велеше дека дискриминацијата не може да се практикува од Советот на Европа и дека некои нешта едноставно не се бранат“, рече во обраќањето претседателката.

Таа додаде дека професорот Марјановиќ и во надворешната политика бил остар и не поднесувал двојни стандарди кон македонскиот случај и велел дека треба да се стави крај на предрасудите кон Балканот. 

Претседателката истакна дека Марјановиќ отсекогаш укажувал на европските вредности, бил проевропски ориентиран, осврнувајќи се на негов труд од 1999 – та година, во којшто тој велел дека Македонија е 100 светлосни години далеку од правната држава и декa сѐ додека законите важат за едни, но не и за други, Европа нема да не прими без оглед на тоа колку убави закони прават владите на хартија.

Неговата политичка и животна цел, рече претседателката, беше од Македонија да направиме пристојно место за живеење и тоа го промовираше и во програмата на Лигата за демократија.

„Пристојно место за живеење е правната држава, заштитените слободи и права на човекот и граѓанинот, ограничена власт, значи силни институции, а не силни поединци, бидејќи која и да дојде власт треба да функционира државата“, рече  претседателката Сиљановска Давкова.

Таа додаде дека всушност професорот Марјановиќ ги промовирал Копенхагенските критериуми, како врвен приоритет на македонската држава, во време кога тоа не било официјално утврдено како Копенхагенски критериуми.

Конференцијата на тема: „Како Македонија може да стане пристојно место за живеење“, е во организација на фондацијата „Ѓорѓи Марјановиќ“ и Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

За време на денешниот настан беа промовирани книгите „Собрани стручни трудови“ од Ѓорѓи Марјановиќ и „Разговори со професорот Ѓорѓи Марјановиќ“ од Бранко Секуловски.

The post Сиљановска Давкова се обрати на конференција во чест на 85 годишнината од раѓањето на професорот Ѓорѓи Марјановиќ appeared first on Република.

]]>

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска се обрати на конференцијата „Разговори со Ѓорѓи Марјановиќ“, организирана во чест на одбележувањето 85 години од раѓањето на професорот Ѓорѓи Марјановиќ, кој почина во 2022 година.

Говорејќи за професорот Марјановиќ, таа го нарече првото перо на југословенското кривично право, совест на правниот факултет и на општеството и луциден интелектуалец кој имаше чиста совест и критички став за секое општествено и политичко прашање.

Претседателката Сиљановска Давкова посочи дека за прашањето поврзано за името, професорот Марјановиќ укажуваше на апсурдноста на спорот.

„Осврнувајќи се на именувањето кон нас, велеше дека е несфатливо како може едно име да се користи на беџот, друго на столчето, трето во документите, четврто во говорната практика и велеше дека дискриминацијата не може да се практикува од Советот на Европа и дека некои нешта едноставно не се бранат“, рече во обраќањето претседателката.

Таа додаде дека професорот Марјановиќ и во надворешната политика бил остар и не поднесувал двојни стандарди кон македонскиот случај и велел дека треба да се стави крај на предрасудите кон Балканот. 

Претседателката истакна дека Марјановиќ отсекогаш укажувал на европските вредности, бил проевропски ориентиран, осврнувајќи се на негов труд од 1999 – та година, во којшто тој велел дека Македонија е 100 светлосни години далеку од правната држава и декa сѐ додека законите важат за едни, но не и за други, Европа нема да не прими без оглед на тоа колку убави закони прават владите на хартија.

Неговата политичка и животна цел, рече претседателката, беше од Македонија да направиме пристојно место за живеење и тоа го промовираше и во програмата на Лигата за демократија.

„Пристојно место за живеење е правната држава, заштитените слободи и права на човекот и граѓанинот, ограничена власт, значи силни институции, а не силни поединци, бидејќи која и да дојде власт треба да функционира државата“, рече  претседателката Сиљановска Давкова.

Таа додаде дека всушност професорот Марјановиќ ги промовирал Копенхагенските критериуми, како врвен приоритет на македонската држава, во време кога тоа не било официјално утврдено како Копенхагенски критериуми.

Конференцијата на тема: „Како Македонија може да стане пристојно место за живеење“, е во организација на фондацијата „Ѓорѓи Марјановиќ“ и Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

За време на денешниот настан беа промовирани книгите „Собрани стручни трудови“ од Ѓорѓи Марјановиќ и „Разговори со професорот Ѓорѓи Марјановиќ“ од Бранко Секуловски.

The post Сиљановска Давкова се обрати на конференција во чест на 85 годишнината од раѓањето на професорот Ѓорѓи Марјановиќ appeared first on Република.

]]>
Тошковски: Најголем двигател за регионална соработка во земјите од Западен Балкан е приклучувањето кон ЕУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/toshkovski-najgolem-dvigatel-za-regionalna-sorabotka-vo-zemjite-od-zapaden-balkan-e-prikluchuvaneto-kon-eu/ Tue, 19 Mar 2024 11:21:21 +0000 https://republika.mk/?p=756264

Денеска имав воведно обраќање на Инаугуративниот меѓународен симпозиум на Меѓународната асоцијација за безбедност на администратори на кампуси на агенциите за спроведување на законот (IACLEA), објави на Фејсбук, министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.
Овој симпозиум ќе ги опфати темите поврзани со сајбер безбедноста, спречувањето на криминалот од омраза, обезбедувањето при собири од поголеми размери, спречувањето и борбата против трговијата со луѓе и криумчарењето мигранти, а на истиот свое учество имаат и реномирани меѓународни експерти од оваа област, вклучително и од македонското министерство за внатрешни работи.
Истакнувајќи ја меѓусебната соработка во борбата против транснационалниот криминал потенцирав дека географијата нé прави соседи, историјата нé прави пријатели, економијата нé прави партнери, а неопходноста од заедничко дејствување против сите закани и опасности - нé направи сојузници. Најголем двигател за регионална соработка во земјите од Западен Балкан е приклучувањето кон Европската унија. Во Европската Унија, регионалната соработка е средство за постигнување стабилизација, еден од чекорите за натамошна интеграција на ЕУ. Со други зборови, сите сме „за“ регионална соработка, но заради различни причини, напиша Тошковски.

The post Тошковски: Најголем двигател за регионална соработка во земјите од Западен Балкан е приклучувањето кон ЕУ appeared first on Република.

]]>

Денеска имав воведно обраќање на Инаугуративниот меѓународен симпозиум на Меѓународната асоцијација за безбедност на администратори на кампуси на агенциите за спроведување на законот (IACLEA), објави на Фејсбук, министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски. Овој симпозиум ќе ги опфати темите поврзани со сајбер безбедноста, спречувањето на криминалот од омраза, обезбедувањето при собири од поголеми размери, спречувањето и борбата против трговијата со луѓе и криумчарењето мигранти, а на истиот свое учество имаат и реномирани меѓународни експерти од оваа област, вклучително и од македонското министерство за внатрешни работи. Истакнувајќи ја меѓусебната соработка во борбата против транснационалниот криминал потенцирав дека географијата нé прави соседи, историјата нé прави пријатели, економијата нé прави партнери, а неопходноста од заедничко дејствување против сите закани и опасности - нé направи сојузници. Најголем двигател за регионална соработка во земјите од Западен Балкан е приклучувањето кон Европската унија. Во Европската Унија, регионалната соработка е средство за постигнување стабилизација, еден од чекорите за натамошна интеграција на ЕУ. Со други зборови, сите сме „за“ регионална соработка, но заради различни причини, напиша Тошковски.

The post Тошковски: Најголем двигател за регионална соработка во земјите од Западен Балкан е приклучувањето кон ЕУ appeared first on Република.

]]>
Јас кога канам луѓе, ги канам да влезат, а не да останат на улица: На Ковачевски не му било дозволено да влезе на собирот на Европските социјалисти? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/jas-koga-kanam-luge-gi-kanam-da-vlezat-a-ne-da-ostanat-na-ulitsa-na-kovachevski-ne-mu-bilo-dozvoleno-da-vleze-na-sobirot-na-evropskite-sotsijalisti/ Mon, 04 Mar 2024 09:18:52 +0000 https://republika.mk/?p=750978

Лидерот на СДСМ Димитар Ковачевски доживеал непријатност во Рим каде што пред два дена бил поканет на собир на Партијата на Европските социјалисти, а сепак не му било дозволено да влезе на собирот.

Како што објави влијателниот медиум Политико, Ковачевски, иако бил повикан, не успеал веднаш да влезе на собирот на европските социјалисти во Рим.

Новинарите на Политико дури и пренесуваат што точно Ковачевски им рекол на организаторите на настанот:

Јас кога канам луѓе ги канам да влезат, а не да останат на улица, изјавил наводно Ковачевски откако бил одбиен да влезе на собирот на елитата на Европските социјалисти, пренесе Политика.

На крајот, сепак, очигледно недоразбирањето било решено и Ковачевски се обратил на панел-сесијата „Решенија за подобар квалитет на живот“. Тој се сретнал и со премиерката на Данска, Мете Фредериксен, со шпанскиот премиер Педро Санчез, како и со германскиот канцелар Олаф Шолц.

По завршување на конгресот Ковачевски изјави:

Денеска учествував на Изборниот конгрес на ПЕС, насловен како ‘Европа што ја сакаме, социјална, демократска и одржлива’, на којшто беше усвоен Манифестот на Партијата на европски социјалисти за претстојните избори и како заеднички кандидат на партијата кој ќе го води европското социјалистичко семејство на европските избори во 2024 година се избра еврокомесарот за работни места и социјални права, Николас Шмит – изјави Ковачевски.

Сличен регионален состанок со Партијата на европски социјалисти (ПЕС) се одржа и на 10 февруари годинава во седиштето на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија во Скопје.

 

The post Јас кога канам луѓе, ги канам да влезат, а не да останат на улица: На Ковачевски не му било дозволено да влезе на собирот на Европските социјалисти? appeared first on Република.

]]>

Лидерот на СДСМ Димитар Ковачевски доживеал непријатност во Рим каде што пред два дена бил поканет на собир на Партијата на Европските социјалисти, а сепак не му било дозволено да влезе на собирот. Како што објави влијателниот медиум Политико, Ковачевски, иако бил повикан, не успеал веднаш да влезе на собирот на европските социјалисти во Рим. Новинарите на Политико дури и пренесуваат што точно Ковачевски им рекол на организаторите на настанот: Јас кога канам луѓе ги канам да влезат, а не да останат на улица, изјавил наводно Ковачевски откако бил одбиен да влезе на собирот на елитата на Европските социјалисти, пренесе Политика. На крајот, сепак, очигледно недоразбирањето било решено и Ковачевски се обратил на панел-сесијата „Решенија за подобар квалитет на живот“. Тој се сретнал и со премиерката на Данска, Мете Фредериксен, со шпанскиот премиер Педро Санчез, како и со германскиот канцелар Олаф Шолц. По завршување на конгресот Ковачевски изјави:
Денеска учествував на Изборниот конгрес на ПЕС, насловен како ‘Европа што ја сакаме, социјална, демократска и одржлива’, на којшто беше усвоен Манифестот на Партијата на европски социјалисти за претстојните избори и како заеднички кандидат на партијата кој ќе го води европското социјалистичко семејство на европските избори во 2024 година се избра еврокомесарот за работни места и социјални права, Николас Шмит – изјави Ковачевски.
Сличен регионален состанок со Партијата на европски социјалисти (ПЕС) се одржа и на 10 февруари годинава во седиштето на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија во Скопје.  

The post Јас кога канам луѓе, ги канам да влезат, а не да останат на улица: На Ковачевски не му било дозволено да влезе на собирот на Европските социјалисти? appeared first on Република.

]]>
Ахмети се обрати само на албански јазик без превод на македонски: Утрешниот ден е историски, го бираме првиот премиер Албанец https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ahmeti-se-obrati-samo-na-albanski-jazik-bez-prevod-na-makedonski-utreshniot-den-e-istoriski-go-birame-prviot-premier-albanets/ Sat, 27 Jan 2024 12:38:55 +0000 https://republika.mk/?p=737451

Лидерот на ДУИ Али Ахмети денеска имаше обраќање на Фејсбук во кое кажа дека утрешниот ден е историски бидејќи во Република Македонија ќе биде избран првиот премиер Албанец. Обраќањето на претседателот на ДУИ на Фејсбук беше само на албански јазик, без превод на македонски јазик.

Ахмети, како што кажа, Албанците сонувале за слобода и за еднаквост. – Верував и во Охридскиот рамковен договор, Како и во официјализирање на албанскиот јазик и албанското знаме. Верував, дека ќе станеме дел од НАТО и дека ќе отвориме преговори за членство во Европската Унија. Верувам и дека наскоро ќе станеме дел од Европската Унија, бидејќи Соединетите Европски држави се мојот идеал за кој што работам секојдневно, рече Ахмети.

Утре е историски ден. Утре, потенцира тој, недела, 28 јануари 2024 година, го избираме првиот премиер Албанец во Република Македонија.

Овој ден е историски како за Албанците така и за Македонците, како и за сите, други бидејќи стануваме рамноправна држава и општество и ги надминуваме сите предрасуди. Заедно, ја преземаме одговорноста да ја водиме државата, не еден позади друг, туку рамо до рамо еден до друг, заедно, за Европска Македонија, рече Ахмети.

Лидерот на ДУИ се заблагодари на граѓаните што верувале и пти застанале зад нивниот сон. Но, вели Ахмети, ова не е крајот, ова е само почетокот, имаме уште многу работа и сништа за остварување.

Денес, имаме потреба од обединување, да подадеме рака еден на друг, да ги оставиме настрана нештата што не разделуваат и да се обединиме околу нештата што не зближуваат, рече Ахмети

Изрази убедување дека она што ќе биде направено утре ќе го дефинира животот на генерациите по нас.

Дали треба на нашите внуки и внуци да им оставиме Европска Македонија или проруска Македонија, демократска или диктаторска земја, мир или конфликт, напредок или статус кво? Токму затоа мора да се обединиме, рече Ахмети.

 

The post Ахмети се обрати само на албански јазик без превод на македонски: Утрешниот ден е историски, го бираме првиот премиер Албанец appeared first on Република.

]]>

Лидерот на ДУИ Али Ахмети денеска имаше обраќање на Фејсбук во кое кажа дека утрешниот ден е историски бидејќи во Република Македонија ќе биде избран првиот премиер Албанец. Обраќањето на претседателот на ДУИ на Фејсбук беше само на албански јазик, без превод на македонски јазик. Ахмети, како што кажа, Албанците сонувале за слобода и за еднаквост. – Верував и во Охридскиот рамковен договор, Како и во официјализирање на албанскиот јазик и албанското знаме. Верував, дека ќе станеме дел од НАТО и дека ќе отвориме преговори за членство во Европската Унија. Верувам и дека наскоро ќе станеме дел од Европската Унија, бидејќи Соединетите Европски држави се мојот идеал за кој што работам секојдневно, рече Ахмети.
Утре е историски ден. Утре, потенцира тој, недела, 28 јануари 2024 година, го избираме првиот премиер Албанец во Република Македонија.
Овој ден е историски како за Албанците така и за Македонците, како и за сите, други бидејќи стануваме рамноправна држава и општество и ги надминуваме сите предрасуди. Заедно, ја преземаме одговорноста да ја водиме државата, не еден позади друг, туку рамо до рамо еден до друг, заедно, за Европска Македонија, рече Ахмети.
Лидерот на ДУИ се заблагодари на граѓаните што верувале и пти застанале зад нивниот сон. Но, вели Ахмети, ова не е крајот, ова е само почетокот, имаме уште многу работа и сништа за остварување.
Денес, имаме потреба од обединување, да подадеме рака еден на друг, да ги оставиме настрана нештата што не разделуваат и да се обединиме околу нештата што не зближуваат, рече Ахмети
Изрази убедување дека она што ќе биде направено утре ќе го дефинира животот на генерациите по нас.
Дали треба на нашите внуки и внуци да им оставиме Европска Македонија или проруска Македонија, демократска или диктаторска земја, мир или конфликт, напредок или статус кво? Токму затоа мора да се обединиме, рече Ахмети.
 

The post Ахмети се обрати само на албански јазик без превод на македонски: Утрешниот ден е историски, го бираме првиот премиер Албанец appeared first on Република.

]]>
Пендаровски: Државата мора да остане на евроинтегративниот пат без разлика кој ќе биде на власт по изборите во 2024 https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pendarovski-drzhavata-mora-da-ostane-na-evrointegrativniot-pat-bez-razlika-koj-ke-bide-na-vlast-po-izborite-vo-2024/ Tue, 19 Dec 2023 13:03:30 +0000 https://republika.mk/?p=724544

Државата мора да остане на патот на европските интеграции без оглед на тоа која извршна власт ќе раководи по изборите во мај 2024-та и какви ќе бидат раздвижувањата по изборите за Европскиот Парламент и претседателските избори во САД, порача денеска шефот на државата Стево Пендаровски во годишното обраќање пред пратениците во Собранието.

Пендаровски, кој истакна дека му претставува особена чест по петти пат во законодавниот дом да ѝ се обрати на македонската јавност, сега за последен пат во овој мандат како претседател, говореше на повеќе теми, а акцент меѓу другото стави на евроинтегративниот процес на земјава, особено по последниот самит на ЕУ, на кој не беше донесена одлука за практичен почеток на преговорите, поради неусвоените уставни измени.

Претседателот на државата нагласи дека евентуалното забавување, уште повеќе, како, што посочи, целосното запирање на европските интеграции нема да се одрази добро врз ниту една сфера од општественото живеење, почнувајќи од економијата, па, сѐ до меѓуетничките односи.

-Ентузијазмот меѓу граѓаните за членство во Унијата драматично опаѓа, се наоѓаме на критична точка и ова е последната шанса да ја сочуваме мнозинската поддршка за преговорите кои секогаш имаат неутрализирачки ефект наспроти структурите кои сакаат да ја поткопаат демократијата. Последните одлуки на Европскиот совет, за жал, го потврдија песимистичкото сценарио за Западниот Балкан, кое некои дипломатски кругови го најавуваа од почетокот на војната во Украина. Неспорно е дека ние не ја завршивме нашата домашна задача во однос на преземените обврски, но, тешко е да се пронајде логика и во последните одлуки на Брисел со кој практично беше целосно заобиколен регионот, што сигурно дополнително ќе придонесе за опаѓање на атрактивноста на проектот наречен „Обединета Европа“. Изјавата дека ќе биде геополитичка катастрофа ако Украина и Молдавија добијат приоритет во однос на Балканот не е моја, ниту на некој македонски политичар, туку на австрискиот министер за надворешни работи во која се содржани сите наши фрустрации и изневерена надеж, рече Пендаровски.

Во однос на уставните промени, шефот на државата нагласи дека идниот собраниски состав ќе мора да ја продолжи дебатата врз реални основи и со далеку почесен однос кон македонската јавност.

-Кристално јасно е дека Европската рамка не може да се промени на подобро, ниту билатералниот договор со Бугарија, независно кој е на власт во Брисел или во Софија, порача претседателот на државата.

Во тој контекст го спомена Самитот на НАТО во Букурешт во 2008 година, на кој, како што рече, како член на македонската делегација, директно сведочел за пропуштената историска прилика, поради национално неединство и ситни партиски калкулации.

-Десет години потоа, прифативме многу полош предлог, а, севкупно, изгубивме 12 години надвор од Алијансата. Не верувам дека историјата се повторува во идентични циклуси, меѓутоа, постојат сличности со тоа време во домашниот политички амбиент, при што, како и тогаш, некои мислат дека Европа и светот ќе чекаат на нас. Се разбира, политички е сосема легитимно да бидете против европската преговарачка рамка, но, политички е доблесно, исто така, да признаете дека постои огромна разлика помеѓу она што Бугарите го бараа од нас на почетокот, и она што од сите тие барања остана на крајот во тој документ, истакна шефот на државата.

Тој изрази длабоко уверување дека ниту еден од денешната генерација политичари никогаш нема да преговара за идентитетските прашања, затоа што, како што посочи, „нашите црвени линии не ги утврдивме ние, нив одамна ги имаат утврдено оние кои ја формираа оваа држава во 1944-та година со државотворните акти на Првото заседание на АСНОМ“.

Пендаровски се осврна и на македонско-бугарските односи, нагласувајќи дека Софија направиле серија лоши потези, кои довеле до заладување на односите, но додаде дека во интерес на Македонија е да има продуктивна соработка со сите соседи.

-Дали владите на Бугарија во последниве години, сосема непотребно, повлекоа серија лоши потези кон македонскиот народ - повлекоа, дали довербата на Македонците кон источниот сосед во голема мерка е разнишана и ќе требаат години, можеби и генерации таа да се обнови - и тоа е неспорно, но, сигурно не е во наш стратешки интерес да правиме непријател од Бугарија, затоа што, наш интерес е да имаме стабилно опкружување и продуктивна соработка со сите соседи, наместо бесполезно да ја трошиме енергијата со нив, расправајќи се за историја, нагласи Пендаровски.

Во своето обраќање пред пратениците претседателот на државата потенцира дека со одлагање на уставните промени ќе се пропушти уште една прилика која може, како што рече, да не чини најмалку уште една деценија надвор од интеграциите, а тоа ќе значи, помал економски прогрес, полош стандард за граѓаните и поголемо иселување. Во таа деценија, додаде претседателот, сигурно нема да ги вратиме младите од Канада, Австралија и Нов Зеланд, ниту од новите дестинации на „емигрантска Македонија“ – Емирати, Малта, Хрватска или Словенија.

Шефот на државата говореше и за негативните последици кои ги има поделеноста на македонското национално ткиво, нагласувајќи оти таа е плодна почна за странските пропаганди.

-Поделбите во македонското национално ткиво за ова прашање се контрапродуктивни за виталноста на нашата кауза. Во таа смисла, обновените странски пропаганди „одлично“ си ја вршат својата работа, практично без прекин, повеќе од еден век, така што нема потреба ние дополнително да копаме за да го продлабочиме јазот меѓу нас. Истовремено, крајно неодговорно е да си играме со чувствата на Македонецот и на темата страв од наводно губење на идентитетските атрибути да печалиме ситни политички поени. И ова сум го кажал многу пати досега, но, морам да го повторам: доколку обезличувањето на Македонецот е патот по кој треба да одиме за да стигнеме до Унијата, не познавам некој кој е подготвен да чекори по тој пат, истакна Пендаровски.

Шефот на државата рече и дека во јавниот простор, на социјалните мрежи последниве години се водат вистински војни за тоа кој е поголем патриот или предавник.

-Крајно време е да го редефинираме патриотизмот, кој во една модерна форма, индивидуално и колективно треба да се темели на интегритетот на личноста и лојалноста кон државата. Патриотизам е кога не ја злоупотребувате функцијата за лично богатење, кога квалификувани лица доаѓаат на чело на институциите. Патриотизам е кога оставате простор вашите политичките противници слободно да го кажат своето мислење, кога покажувате витешки однос кон оние со кои не се согласувате, патриоти се оние кои работат за подобри јавни услуги, подобро образование и здравство, патриотите не ја загадуваат животната средина, истакна Пендаровски во обраќањето пред пратениците.

The post Пендаровски: Државата мора да остане на евроинтегративниот пат без разлика кој ќе биде на власт по изборите во 2024 appeared first on Република.

]]>

Државата мора да остане на патот на европските интеграции без оглед на тоа која извршна власт ќе раководи по изборите во мај 2024-та и какви ќе бидат раздвижувањата по изборите за Европскиот Парламент и претседателските избори во САД, порача денеска шефот на државата Стево Пендаровски во годишното обраќање пред пратениците во Собранието. Пендаровски, кој истакна дека му претставува особена чест по петти пат во законодавниот дом да ѝ се обрати на македонската јавност, сега за последен пат во овој мандат како претседател, говореше на повеќе теми, а акцент меѓу другото стави на евроинтегративниот процес на земјава, особено по последниот самит на ЕУ, на кој не беше донесена одлука за практичен почеток на преговорите, поради неусвоените уставни измени. Претседателот на државата нагласи дека евентуалното забавување, уште повеќе, како, што посочи, целосното запирање на европските интеграции нема да се одрази добро врз ниту една сфера од општественото живеење, почнувајќи од економијата, па, сѐ до меѓуетничките односи. -Ентузијазмот меѓу граѓаните за членство во Унијата драматично опаѓа, се наоѓаме на критична точка и ова е последната шанса да ја сочуваме мнозинската поддршка за преговорите кои секогаш имаат неутрализирачки ефект наспроти структурите кои сакаат да ја поткопаат демократијата. Последните одлуки на Европскиот совет, за жал, го потврдија песимистичкото сценарио за Западниот Балкан, кое некои дипломатски кругови го најавуваа од почетокот на војната во Украина. Неспорно е дека ние не ја завршивме нашата домашна задача во однос на преземените обврски, но, тешко е да се пронајде логика и во последните одлуки на Брисел со кој практично беше целосно заобиколен регионот, што сигурно дополнително ќе придонесе за опаѓање на атрактивноста на проектот наречен „Обединета Европа“. Изјавата дека ќе биде геополитичка катастрофа ако Украина и Молдавија добијат приоритет во однос на Балканот не е моја, ниту на некој македонски политичар, туку на австрискиот министер за надворешни работи во која се содржани сите наши фрустрации и изневерена надеж, рече Пендаровски. Во однос на уставните промени, шефот на државата нагласи дека идниот собраниски состав ќе мора да ја продолжи дебатата врз реални основи и со далеку почесен однос кон македонската јавност. -Кристално јасно е дека Европската рамка не може да се промени на подобро, ниту билатералниот договор со Бугарија, независно кој е на власт во Брисел или во Софија, порача претседателот на државата. Во тој контекст го спомена Самитот на НАТО во Букурешт во 2008 година, на кој, како што рече, како член на македонската делегација, директно сведочел за пропуштената историска прилика, поради национално неединство и ситни партиски калкулации. -Десет години потоа, прифативме многу полош предлог, а, севкупно, изгубивме 12 години надвор од Алијансата. Не верувам дека историјата се повторува во идентични циклуси, меѓутоа, постојат сличности со тоа време во домашниот политички амбиент, при што, како и тогаш, некои мислат дека Европа и светот ќе чекаат на нас. Се разбира, политички е сосема легитимно да бидете против европската преговарачка рамка, но, политички е доблесно, исто така, да признаете дека постои огромна разлика помеѓу она што Бугарите го бараа од нас на почетокот, и она што од сите тие барања остана на крајот во тој документ, истакна шефот на државата. Тој изрази длабоко уверување дека ниту еден од денешната генерација политичари никогаш нема да преговара за идентитетските прашања, затоа што, како што посочи, „нашите црвени линии не ги утврдивме ние, нив одамна ги имаат утврдено оние кои ја формираа оваа држава во 1944-та година со државотворните акти на Првото заседание на АСНОМ“. Пендаровски се осврна и на македонско-бугарските односи, нагласувајќи дека Софија направиле серија лоши потези, кои довеле до заладување на односите, но додаде дека во интерес на Македонија е да има продуктивна соработка со сите соседи. -Дали владите на Бугарија во последниве години, сосема непотребно, повлекоа серија лоши потези кон македонскиот народ - повлекоа, дали довербата на Македонците кон источниот сосед во голема мерка е разнишана и ќе требаат години, можеби и генерации таа да се обнови - и тоа е неспорно, но, сигурно не е во наш стратешки интерес да правиме непријател од Бугарија, затоа што, наш интерес е да имаме стабилно опкружување и продуктивна соработка со сите соседи, наместо бесполезно да ја трошиме енергијата со нив, расправајќи се за историја, нагласи Пендаровски. Во своето обраќање пред пратениците претседателот на државата потенцира дека со одлагање на уставните промени ќе се пропушти уште една прилика која може, како што рече, да не чини најмалку уште една деценија надвор од интеграциите, а тоа ќе значи, помал економски прогрес, полош стандард за граѓаните и поголемо иселување. Во таа деценија, додаде претседателот, сигурно нема да ги вратиме младите од Канада, Австралија и Нов Зеланд, ниту од новите дестинации на „емигрантска Македонија“ – Емирати, Малта, Хрватска или Словенија. Шефот на државата говореше и за негативните последици кои ги има поделеноста на македонското национално ткиво, нагласувајќи оти таа е плодна почна за странските пропаганди. -Поделбите во македонското национално ткиво за ова прашање се контрапродуктивни за виталноста на нашата кауза. Во таа смисла, обновените странски пропаганди „одлично“ си ја вршат својата работа, практично без прекин, повеќе од еден век, така што нема потреба ние дополнително да копаме за да го продлабочиме јазот меѓу нас. Истовремено, крајно неодговорно е да си играме со чувствата на Македонецот и на темата страв од наводно губење на идентитетските атрибути да печалиме ситни политички поени. И ова сум го кажал многу пати досега, но, морам да го повторам: доколку обезличувањето на Македонецот е патот по кој треба да одиме за да стигнеме до Унијата, не познавам некој кој е подготвен да чекори по тој пат, истакна Пендаровски. Шефот на државата рече и дека во јавниот простор, на социјалните мрежи последниве години се водат вистински војни за тоа кој е поголем патриот или предавник. -Крајно време е да го редефинираме патриотизмот, кој во една модерна форма, индивидуално и колективно треба да се темели на интегритетот на личноста и лојалноста кон државата. Патриотизам е кога не ја злоупотребувате функцијата за лично богатење, кога квалификувани лица доаѓаат на чело на институциите. Патриотизам е кога оставате простор вашите политичките противници слободно да го кажат своето мислење, кога покажувате витешки однос кон оние со кои не се согласувате, патриоти се оние кои работат за подобри јавни услуги, подобро образование и здравство, патриотите не ја загадуваат животната средина, истакна Пендаровски во обраќањето пред пратениците.

The post Пендаровски: Државата мора да остане на евроинтегративниот пат без разлика кој ќе биде на власт по изборите во 2024 appeared first on Република.

]]>
Претседателот на Израел ќе се обрати вечерва до јавноста https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/pretsedatelot-na-izrael-ke-se-obrati-vecherva-do-javnosta/ Sun, 08 Oct 2023 16:51:58 +0000 https://republika.mk/?p=689284

Претседателот на Израел, Исак Херцог ќе има обраќање до нацијата во 19:30 часот. по локално време, соопштија од неговиот кабинет.

Во 19 часот треба да зборува и поранешниот министер за одбрана на Израел и опозиционер Бени Ганц.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху разговараше денеска со европски лидери и со американскиот претседател Џо Бајден. Нетанјаху денеска разговараше со украинскиот претседател Зеленски, германскиот канцелар Шолц, италијанската премиерка Џорџа Мелони и британскиот премиер Риши Сунак.

Нетанјаху рече дека лидерите со кои разговарал изразиле целосна поддршка за Израел да се брани онолку долго колку што е потребно.

Нетанјаху денеска повторно разговараше со Бајден, јавија израелските медиуми.

The post Претседателот на Израел ќе се обрати вечерва до јавноста appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Израел, Исак Херцог ќе има обраќање до нацијата во 19:30 часот. по локално време, соопштија од неговиот кабинет. Во 19 часот треба да зборува и поранешниот министер за одбрана на Израел и опозиционер Бени Ганц. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху разговараше денеска со европски лидери и со американскиот претседател Џо Бајден. Нетанјаху денеска разговараше со украинскиот претседател Зеленски, германскиот канцелар Шолц, италијанската премиерка Џорџа Мелони и британскиот премиер Риши Сунак. Нетанјаху рече дека лидерите со кои разговарал изразиле целосна поддршка за Израел да се брани онолку долго колку што е потребно. Нетанјаху денеска повторно разговараше со Бајден, јавија израелските медиуми.

The post Претседателот на Израел ќе се обрати вечерва до јавноста appeared first on Република.

]]>
Ковачевски ќе се обрати на денешната 123-та седница на Собранието https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-ke-se-obrati-na-deneshnata-123-ta-sednitsa-na-sobranieto/ Fri, 18 Aug 2023 07:51:16 +0000 https://republika.mk/?p=673240

Претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски ќе присуствува и ќе се обрати на денешната 123-та седница на Собранието на Република Македонија на која ќе се дискутира по предлогот за пристапување кон измена на Уставот на Република Македонија, соопштија од владината прес служба.

 

Цврсто веруваме дека денеска како држава ќе го направиме првиот одлучен чекор кон посакуваниот напредок на Македонија, ќе застанеме гордо и ќе ја искористиме историската шанса за остварување на стратешката цел - полноправно членство во Европската Унија.

Денеска е денот кога ќе стане јасно кој навистина сака државата да стане просперитетна држава, земја-членка на ЕУ, а кој ја блокира европската иднина на граѓаните.

Денес пред пратениците ќе биде образложен предлогот за уставни измени кој е јавно достапен и од кој сите граѓани може да видат и да се уверат дека станува збор за измени кои го унапредуваат Уставот, кои не загрозуваат ниту едно идентитетско прашање, а кои го отвораат патот кон ЕУ.

Очекуваме сите 120 пратеници да покажат државничко однесување, да бидат на ниво на задачата и да обезбедат подобра иднина за сите граѓани чии претставници се тие.

Граѓаните на Република Македонија сакаат да живеат во ЕУ. Токму затоа и токму денеска пратениците ќе имаат можност преку аргументирана и издржана дебата да обезбедат национален консензус за уставните измени, за европската иднина на Македонија исполнувајќи ги обврските од преговарачката рамка со кои ќе се овозможи продолжување по европскиот пат и отворањето на кластерите и поглавјата во рамки на преговорите на Македонија со Европската Унија.

Република Македонија практикува европски вредности и заслужува, по членството во НАТО, да биде и полноправна членка на Европската Унија. Пред нас е неповторлива шанса за потврдување на европскиот пат, забрзување на европските интеграции и остварување на оваа европска цел до 2030 година.

Гласот за Европа е глас за подобра македонска иднина. Од сите пратеници зависи дали ќе дадат придонес во остварување на генерацискиот сон или ќе ја втурнат земјата во изолација и десетици години неизвесност, се вели во соопштението.

The post Ковачевски ќе се обрати на денешната 123-та седница на Собранието appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски ќе присуствува и ќе се обрати на денешната 123-та седница на Собранието на Република Македонија на која ќе се дискутира по предлогот за пристапување кон измена на Уставот на Република Македонија, соопштија од владината прес служба.  
Цврсто веруваме дека денеска како држава ќе го направиме првиот одлучен чекор кон посакуваниот напредок на Македонија, ќе застанеме гордо и ќе ја искористиме историската шанса за остварување на стратешката цел - полноправно членство во Европската Унија. Денеска е денот кога ќе стане јасно кој навистина сака државата да стане просперитетна држава, земја-членка на ЕУ, а кој ја блокира европската иднина на граѓаните. Денес пред пратениците ќе биде образложен предлогот за уставни измени кој е јавно достапен и од кој сите граѓани може да видат и да се уверат дека станува збор за измени кои го унапредуваат Уставот, кои не загрозуваат ниту едно идентитетско прашање, а кои го отвораат патот кон ЕУ. Очекуваме сите 120 пратеници да покажат државничко однесување, да бидат на ниво на задачата и да обезбедат подобра иднина за сите граѓани чии претставници се тие. Граѓаните на Република Македонија сакаат да живеат во ЕУ. Токму затоа и токму денеска пратениците ќе имаат можност преку аргументирана и издржана дебата да обезбедат национален консензус за уставните измени, за европската иднина на Македонија исполнувајќи ги обврските од преговарачката рамка со кои ќе се овозможи продолжување по европскиот пат и отворањето на кластерите и поглавјата во рамки на преговорите на Македонија со Европската Унија. Република Македонија практикува европски вредности и заслужува, по членството во НАТО, да биде и полноправна членка на Европската Унија. Пред нас е неповторлива шанса за потврдување на европскиот пат, забрзување на европските интеграции и остварување на оваа европска цел до 2030 година. Гласот за Европа е глас за подобра македонска иднина. Од сите пратеници зависи дали ќе дадат придонес во остварување на генерацискиот сон или ќе ја втурнат земјата во изолација и десетици години неизвесност, се вели во соопштението.

The post Ковачевски ќе се обрати на денешната 123-та седница на Собранието appeared first on Република.

]]>
Ковачевски: 60 години од катастрофалниот земјотрес, Скопје стана симбол на светската солидарност, да градиме општество врз темелите на пожртвуваноста и заедништвото https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-60-godini-od-katastrofalniot-zemjotres-skopje-stana-simbol-na-svetskata-solidarnost-da-gradime-opshtestvo-vrz-temelite-na-pozhrtvuvanosta-i-zaednishtvoto/ Wed, 26 Jul 2023 11:42:02 +0000 https://republika.mk/?p=665519

Претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски денеска присуствуваше и се обрати на свечената седница во Собранието на Република Македонија по повод шеесетгодишнината од катастрофалниот земјотрес кој го погоди Скопје во 1963 година.

Во продолжение ја пренесуваме интегралната изјава на премиерот Димитар Ковачевски:

Денеска Скопје одбележува шеесет години од катастрофалниот земјотрес, кој во не толку далечната 1963 година градот го срамни со земја, оставајќи бројни жртви и последици.

Шеесет години незаборав и длабока лузна во нашите срца за изгубените животи на кои денеска им оддаваме должна почит. Шеесет години тажни спомени на една слика и едно време, препознатливо по својата уникатност по која и денес се копнее.

Во нашата колективна меморија вечно ќе остане врежан 26 јули, кога точно во 5 часот и 17 минути, разорниот земјотрес го погоди нашиот главен град, a трагата која ја остави беа бројни загинати, повредени и илјадници без покрив над главата.

Денес се сеќаваме на загинатите, сочувствуваме со нивните семејства кои сѐ уште ја чувствуваат болката, но исто така се сеќаваме и на храброста на сите оние кои од хаосот и руините на 26 јули, помогнаа да се роди едно ново Скопје.

Од една од најголемите трагедии кои ги доживува, градот со помош на скопјани, но и со помош од целиот свет успева да се издигне повторно.

Градот убав повторно никна.

Скопје се издигна врз темелите на урнатините и уништеното, се роди едно ново, модерно Скопје кое внесе нов, космополитски дух и енергија во која се сплотуваат старото и новото, современото и традиционалното.

Таа моќ на трансформација, идеја за подобро утре, никогаш нема да престане да нѐ инспирира.

Скопје стана симбол на светската солидарност, сплотеност и огромната пожртвуваност на сите оние кои помогнаа да се изгради градот кој доби нов архитектонски изглед.

Скопје денес е познат како град на солидарноста, и тоа дефинитивно не е само фраза. Град на солидарноста е кодот на Скопје.

Потресните слики од разрушените згради, тагата и болката за загинатите, за повредените ја поттикнаа големината на хуманоста, солидарноста, човечноста. Повикот за помош се слушна насекаде, а помошта почна да пристига од сите страни на светот.

Луѓето од целиот свет подадоа рака и заедно со нашите граѓани помогнаа Скопје да добие нов лик. Во тие моменти, непроценливи беа зборовите на утеха и споделување на тагата и болката со скопјани од последиците кои зад себе ги остави разорниот земјотрес.

Многу бројки има од тие денови кои на хартија се можеби само бројки, но во реалниот живот значат искрена човечка солидарност и помош кога е најпотребно.

Речиси секој дел, зграда, улица во Скопје е споменик на солидарноста. Над 80 земји оставиле толку многу зад себе. Тафталиџе, Маџари, Ѓорче, Козле, Центар засекогаш ќе се сеќаваат на долгите списоци на објекти, училишта, поликлиники, станови, бараки, детски градинки подарок од целиот свет. Музејот на современата уметност каде се наоѓаат делата на големите Пикасо, Вазарели, Лубарда и голем број други, кои на разрушениот град, како подарок, му ги испратија своите дела.

Основното училиште Јан Амос Коменски во Тафталиџе, специјалната болница во Козле, но и препознатливата Универзална Сала која е подарок на 37 земји од светот ќе нѐ потсетуваат вечно на тоа што значи солидарност во најтешките моменти.

Никогаш нема да ја заборавиме оваа солидарност и затоа денес ја покажуваме на дело.

Македонија секогаш знаела да понуди помош и поддршка и да помогне на загрозените, на немоќните, на изнемоштените. Помогнавме и подадовме рака кога тоа беше потребно. Бевме дел од спасувачките мисии и помогнавме со учество во хуманитарни акции и со парична помош во санирањето на последиците од катастрофалните земјотреси во Турција и Сирија.

Учествувавме и во спасувачките акции по силниот земјотрес кој ја погоди Албанија, каде испративме и парична помош за санирање на последиците од земјотресот.

Со финансиска и хуманитарна помош помогнавме и за санирање на последиците од големите поплави во Албанија.

Се придруживме на глобалните напори за помош на украинскиот народ, каде испративме хуманитарна и воена помош и даваме поддршка на Украина во зачувување на нејзиниот територијален интегритет и суверенитет.

Светот го памети и нашето гостопримство и за илјадниците, стотиците бегалци кои поминале, транзитирале или привремено останувале тука.

Но и во бројни други прилики сме ја покажале нашата грижа за благосостојбата на другите, кога и тие биле соочени со деструктивните последици од природните непогоди.

Ја покажавме и сега, кога нашиот сосед Грција се бори со огнените јазици, на кои, исто така, им понудивме помош како што го практикувавме и претходни години кога помош беше потребна во справување со пожарите кај нашиот јужен сосед.

Солидарноста живее во нас и со нас. И затоа, вечно ќе бидеме благодарни за несебичната помош од над 80 нации низ светот, помош која се втисна во душата на Скопје, пренесувајќи порака дека само здружени и заедно можеме да ги надминеме сите предизвици и да ја оствариме секоја цел и секоја визија.

Катастрофалниот скопски земјотрес кој е длабоко врежан во нашето минато, за нас е поука и порака да продолжиме сплотени да го чуваме и градиме нашето општество врз темелите на солидарноста, пожртвуваноста и заедништвото.

Да градиме општество базирано на демократски вредности, на грижа за другиот, емпатија и хуманост, вредности кои ќе ги пренесеме и на генерациите кои следат.

Заедништвото, почитта кон другите и подавањето рака секаде и секому нека бидат наш мотив како на приватен, така и на работен план.

Скопје е нашиот главен град. Да го негуваме и чуваме и да се грижиме за него и за нашата држава како што тоа го правеле и предците пред нас, а ќе продолжат генерациите по нас.

Скопје памети, Скопје благодари и Скопје продолжува да живее!

The post Ковачевски: 60 години од катастрофалниот земјотрес, Скопје стана симбол на светската солидарност, да градиме општество врз темелите на пожртвуваноста и заедништвото appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски денеска присуствуваше и се обрати на свечената седница во Собранието на Република Македонија по повод шеесетгодишнината од катастрофалниот земјотрес кој го погоди Скопје во 1963 година.

Во продолжение ја пренесуваме интегралната изјава на премиерот Димитар Ковачевски:

Денеска Скопје одбележува шеесет години од катастрофалниот земјотрес, кој во не толку далечната 1963 година градот го срамни со земја, оставајќи бројни жртви и последици. Шеесет години незаборав и длабока лузна во нашите срца за изгубените животи на кои денеска им оддаваме должна почит. Шеесет години тажни спомени на една слика и едно време, препознатливо по својата уникатност по која и денес се копнее. Во нашата колективна меморија вечно ќе остане врежан 26 јули, кога точно во 5 часот и 17 минути, разорниот земјотрес го погоди нашиот главен град, a трагата која ја остави беа бројни загинати, повредени и илјадници без покрив над главата. Денес се сеќаваме на загинатите, сочувствуваме со нивните семејства кои сѐ уште ја чувствуваат болката, но исто така се сеќаваме и на храброста на сите оние кои од хаосот и руините на 26 јули, помогнаа да се роди едно ново Скопје. Од една од најголемите трагедии кои ги доживува, градот со помош на скопјани, но и со помош од целиот свет успева да се издигне повторно. Градот убав повторно никна. Скопје се издигна врз темелите на урнатините и уништеното, се роди едно ново, модерно Скопје кое внесе нов, космополитски дух и енергија во која се сплотуваат старото и новото, современото и традиционалното. Таа моќ на трансформација, идеја за подобро утре, никогаш нема да престане да нѐ инспирира. Скопје стана симбол на светската солидарност, сплотеност и огромната пожртвуваност на сите оние кои помогнаа да се изгради градот кој доби нов архитектонски изглед. Скопје денес е познат како град на солидарноста, и тоа дефинитивно не е само фраза. Град на солидарноста е кодот на Скопје. Потресните слики од разрушените згради, тагата и болката за загинатите, за повредените ја поттикнаа големината на хуманоста, солидарноста, човечноста. Повикот за помош се слушна насекаде, а помошта почна да пристига од сите страни на светот. Луѓето од целиот свет подадоа рака и заедно со нашите граѓани помогнаа Скопје да добие нов лик. Во тие моменти, непроценливи беа зборовите на утеха и споделување на тагата и болката со скопјани од последиците кои зад себе ги остави разорниот земјотрес. Многу бројки има од тие денови кои на хартија се можеби само бројки, но во реалниот живот значат искрена човечка солидарност и помош кога е најпотребно. Речиси секој дел, зграда, улица во Скопје е споменик на солидарноста. Над 80 земји оставиле толку многу зад себе. Тафталиџе, Маџари, Ѓорче, Козле, Центар засекогаш ќе се сеќаваат на долгите списоци на објекти, училишта, поликлиники, станови, бараки, детски градинки подарок од целиот свет. Музејот на современата уметност каде се наоѓаат делата на големите Пикасо, Вазарели, Лубарда и голем број други, кои на разрушениот град, како подарок, му ги испратија своите дела.

Основното училиште Јан Амос Коменски во Тафталиџе, специјалната болница во Козле, но и препознатливата Универзална Сала која е подарок на 37 земји од светот ќе нѐ потсетуваат вечно на тоа што значи солидарност во најтешките моменти. Никогаш нема да ја заборавиме оваа солидарност и затоа денес ја покажуваме на дело.

Македонија секогаш знаела да понуди помош и поддршка и да помогне на загрозените, на немоќните, на изнемоштените. Помогнавме и подадовме рака кога тоа беше потребно. Бевме дел од спасувачките мисии и помогнавме со учество во хуманитарни акции и со парична помош во санирањето на последиците од катастрофалните земјотреси во Турција и Сирија. Учествувавме и во спасувачките акции по силниот земјотрес кој ја погоди Албанија, каде испративме и парична помош за санирање на последиците од земјотресот.

Со финансиска и хуманитарна помош помогнавме и за санирање на последиците од големите поплави во Албанија. Се придруживме на глобалните напори за помош на украинскиот народ, каде испративме хуманитарна и воена помош и даваме поддршка на Украина во зачувување на нејзиниот територијален интегритет и суверенитет. Светот го памети и нашето гостопримство и за илјадниците, стотиците бегалци кои поминале, транзитирале или привремено останувале тука. Но и во бројни други прилики сме ја покажале нашата грижа за благосостојбата на другите, кога и тие биле соочени со деструктивните последици од природните непогоди.

Ја покажавме и сега, кога нашиот сосед Грција се бори со огнените јазици, на кои, исто така, им понудивме помош како што го практикувавме и претходни години кога помош беше потребна во справување со пожарите кај нашиот јужен сосед. Солидарноста живее во нас и со нас. И затоа, вечно ќе бидеме благодарни за несебичната помош од над 80 нации низ светот, помош која се втисна во душата на Скопје, пренесувајќи порака дека само здружени и заедно можеме да ги надминеме сите предизвици и да ја оствариме секоја цел и секоја визија. Катастрофалниот скопски земјотрес кој е длабоко врежан во нашето минато, за нас е поука и порака да продолжиме сплотени да го чуваме и градиме нашето општество врз темелите на солидарноста, пожртвуваноста и заедништвото. Да градиме општество базирано на демократски вредности, на грижа за другиот, емпатија и хуманост, вредности кои ќе ги пренесеме и на генерациите кои следат. Заедништвото, почитта кон другите и подавањето рака секаде и секому нека бидат наш мотив како на приватен, така и на работен план. Скопје е нашиот главен град. Да го негуваме и чуваме и да се грижиме за него и за нашата држава како што тоа го правеле и предците пред нас, а ќе продолжат генерациите по нас. Скопје памети, Скопје благодари и Скопје продолжува да живее!

The post Ковачевски: 60 години од катастрофалниот земјотрес, Скопје стана симбол на светската солидарност, да градиме општество врз темелите на пожртвуваноста и заедништвото appeared first on Република.

]]>
ВМРО-ДПМНЕ и владата која ќе ја предводи ќе ги исполни вистинските критериуми за членство https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-i-vladata-koja-ke-ja-predvodi-ke-gi-ispolni-vistinskite-kriteriumi-za-chlenstvo-mitskoski-se-obrati-na-generalnoto-sobranie-na-tsdi/ Thu, 18 May 2023 11:56:18 +0000 https://republika.mk/?p=642284

На Македонија, и покрај 30 годишната аспирација да стане членка на евроатлантските организации, и е ускратено тоа право. Тоа е заради непринципиелните барања на соседите кои кулминираа со историските етнонационални барања на Бугарија, рече во своето обраќање на Генералното собрание на ЦДИ претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Како држава ние секогаш правиме сѐ за да придонесеме кон европските вредности, регионалната стабилност и безбедност. Но, прашањето е дали истите тие вредности се споделуваат кога станува збор за нашето пристапување кон ЕУ. Ние бевме првата држава од регионот која го потпиша Договорот за стабилизација и асоцијација, станавме кандидат за ЕУ заедно со Хрватска, а требаше и да станеме членка на НАТО во исто време. Сепак, од непринципиелните барања на нашите соседи, ние и денес сме во лобито, надвор од преговорите - истакна Мицкоски.

Но, не смееме да се откажуваме. ВМРО-ДПМНЕ и владата која ќе ја предводи ќе направи сѐ што е во наша моќ да ги исполниме вистинските критериуми за членство, да направиме вистински реформи во економијата, да завладее правото и да се избориме со корупцијата во општеството. Само на тој начин ќе ја донесеме Европа во Македонија и за македонските граѓани, но и Македонија поблиску до Европа, додаде Мицкоски.

The post ВМРО-ДПМНЕ и владата која ќе ја предводи ќе ги исполни вистинските критериуми за членство appeared first on Република.

]]>

На Македонија, и покрај 30 годишната аспирација да стане членка на евроатлантските организации, и е ускратено тоа право. Тоа е заради непринципиелните барања на соседите кои кулминираа со историските етнонационални барања на Бугарија, рече во своето обраќање на Генералното собрание на ЦДИ претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Како држава ние секогаш правиме сѐ за да придонесеме кон европските вредности, регионалната стабилност и безбедност. Но, прашањето е дали истите тие вредности се споделуваат кога станува збор за нашето пристапување кон ЕУ. Ние бевме првата држава од регионот која го потпиша Договорот за стабилизација и асоцијација, станавме кандидат за ЕУ заедно со Хрватска, а требаше и да станеме членка на НАТО во исто време. Сепак, од непринципиелните барања на нашите соседи, ние и денес сме во лобито, надвор од преговорите - истакна Мицкоски.
Но, не смееме да се откажуваме. ВМРО-ДПМНЕ и владата која ќе ја предводи ќе направи сѐ што е во наша моќ да ги исполниме вистинските критериуми за членство, да направиме вистински реформи во економијата, да завладее правото и да се избориме со корупцијата во општеството. Само на тој начин ќе ја донесеме Европа во Македонија и за македонските граѓани, но и Македонија поблиску до Европа, додаде Мицкоски.

The post ВМРО-ДПМНЕ и владата која ќе ја предводи ќе ги исполни вистинските критериуми за членство appeared first on Република.

]]>
Пендаровски се обрати на настан во рамки на програмата „Супер училишта“ во ДУРДМОВ „Димитар Влахов“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pendarovski-se-obrati-na-nastan-vo-ramki-na-programata-super-uchilishta-vo-durdmov-dimitar-vlahov/ Mon, 15 May 2023 14:42:53 +0000 https://republika.mk/?p=641055

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Државното училиште за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“ – Скопје се обрати на настан во рамки на програмата „Супер училишта“, а на кој присуствуваа ученици и претставници од училиштето за слепи и слабовидни во Сараево, Босна и Херцеговина.

 

Програмата е дел од мултидонаторскиот проект „Шема за размена на училишта за Западен Балкан“, кофинансиран од Европската Унија и германското Сојузно Министерство за економска соработка и развој и имплементиран од Германското друштво за меѓународна соработка (ГИЗ) заедно со Регионалната канцеларија за младинска соработка (РИКО).

Во рамките на проектот се реализираат активности со ученици со оштетен вид, кои се однесуваат на социјална инклузија, интеркултурен дијалог и градење мир.

 

На настанот се обратија и шефот на делегацијата на Европската Унија, амбасадорот Дејвид Гир, амбасадорка на Сојузна Република Германија, Петра ДрекслерГенералниот секретар на РИКО, Алберт Хани и директорот на ДУРДМОВ „Димитар Влахов“, Бобан Спасенцовски.

 

Во рамки на настанот се одржа и панел дискусија на тема „Инклузија и можности за млади со пречки во видот на западен Балкан“ со ученици од ДУРДМОВ „Димитар Влахов“.

Чест ми е да ве поздравам на овој настан посветен на лицата со оштетен вид.

Пред 90 години, познатата американска активистка за правата на лицата со попреченост, Хелен Келер, објави есеј со наслов Вид за три дена". Во есејот ја опишува средбата со нејзина пријателка која се вратила од подолга прошетка низ шумата, а на прашањето што видела, пријателката и одговорила дека не видела ништо посебно. Келер се прашала како е возможно, човек да шета цел час во шумата без да види нешто вредно? Самата таа, која била слепа и глува од најраното детство, имала поизострена перцепција преку допир и мирис од повеќето луѓе со вид и слух.

Овие луѓе ги поттикнуваат оние кои немаат вакви препреки, да бидат солидарни кон нашите сограѓани со оштетен вид, слух или говор. Нејзината порака е дека ако сакаме да им помогнеме да се вклучат во сите сфери на општественото живеење, ние треба да се поистоветиме со нивната состојба и да ги разбереме нивните предизвици.

Секојдневието на лицата со оштетен вид, слух или говор не е ни малку лесно. Тие се соочуваат со предрасуди и дискриминација. Иако многу институции и организации работат на обезбедување патеки за лица со оштетен вид, литература со брајово писмо и преводи за глувонеми, сепак на тој план, како држава имаме уште многу работа.

Затоа сме денеска тука. Да ги поддржиме инклузивноста и солидарноста преку почитување и прифаќање на различностите. Во таа насока ќе спомнам два важни потфати.

Првиот е оној на Државното училиште за деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“. Ова училиште е основано со цел да ги едуцира и рехабилитира децата и младинците со оштетен вид до степен на осамостојување за професионален и личен живот. Неодамна, „Димитар Влахов“ стана дел од програмата „Супер училишта“, која е пак дел од „Шемата за размена на училишта на западниот Балкан“. Овој проект кој е поддржан од Европската Комисија, Германската агенција за меѓународна соработка и Регионалната канцеларија за младинска соработка има за цел да овозможи размена меѓу училиштата кои се истакнуваат со својот активизам и инклузивност.

Вториот потфат е оној на Филозофскиот факултет во Скопје. Неодамна, овој факултет стана првата инклузивна високообразовна институција во државата. Минатата година, мојот Кабинет потпиша меморандум за соработка со факултетот со кој, меѓу другото, е предвидена промоција на материјали печатени со Брајово писмо за ученици и студенти и изработка на материјали со фонт за лица со дислексија.

Денеска, тука со нас е и Беира Салифоска, која на 24 февруари оваа година, на Институтот за специјална едукација и рехабилитација при Филозофскиот факултет ја одбрани својата дипломска работа на тема „Предизвиците на лицата со оштетен вид за време на Ковид-19 пандемијата“. Со нејзиниот труд, желба и големата мотивираност, Беира покажа дека кога се сака, не постојат пречки и предизвици кои не можат да бидат надминати. Со својот пример, слично како Хелен Келер, Беира дава поттик на сите останати сограѓани, особено на лицата со оштетен вид да ги остварат своите желби и соништа.

Нема порелевантно мерило за карактерот на едно општество од односот кон неговите најранливи членови. Затоа, надлежните институции и граѓанските организации треба системски да работат на подигнување на општествената свест за целосно укинување на сите облици на дискриминација кон слепите лица. Унапредувањето на нивните права треба да биде наш заеднички приоритет, бидејќи општество во кое има простор за сите има повеќе шанси за успех.

The post Пендаровски се обрати на настан во рамки на програмата „Супер училишта“ во ДУРДМОВ „Димитар Влахов“ appeared first on Република.

]]>

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Државното училиште за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“ – Скопје се обрати на настан во рамки на програмата „Супер училишта“, а на кој присуствуваа ученици и претставници од училиштето за слепи и слабовидни во Сараево, Босна и Херцеговина.

 

Програмата е дел од мултидонаторскиот проект „Шема за размена на училишта за Западен Балкан“, кофинансиран од Европската Унија и германското Сојузно Министерство за економска соработка и развој и имплементиран од Германското друштво за меѓународна соработка (ГИЗ) заедно со Регионалната канцеларија за младинска соработка (РИКО).

Во рамките на проектот се реализираат активности со ученици со оштетен вид, кои се однесуваат на социјална инклузија, интеркултурен дијалог и градење мир.

 

На настанот се обратија и шефот на делегацијата на Европската Унија, амбасадорот Дејвид Гир, амбасадорка на Сојузна Република Германија, Петра ДрекслерГенералниот секретар на РИКО, Алберт Хани и директорот на ДУРДМОВ „Димитар Влахов“, Бобан Спасенцовски.

 

Во рамки на настанот се одржа и панел дискусија на тема „Инклузија и можности за млади со пречки во видот на западен Балкан“ со ученици од ДУРДМОВ „Димитар Влахов“.

Чест ми е да ве поздравам на овој настан посветен на лицата со оштетен вид.

Пред 90 години, познатата американска активистка за правата на лицата со попреченост, Хелен Келер, објави есеј со наслов Вид за три дена". Во есејот ја опишува средбата со нејзина пријателка која се вратила од подолга прошетка низ шумата, а на прашањето што видела, пријателката и одговорила дека не видела ништо посебно. Келер се прашала како е возможно, човек да шета цел час во шумата без да види нешто вредно? Самата таа, која била слепа и глува од најраното детство, имала поизострена перцепција преку допир и мирис од повеќето луѓе со вид и слух.

Овие луѓе ги поттикнуваат оние кои немаат вакви препреки, да бидат солидарни кон нашите сограѓани со оштетен вид, слух или говор. Нејзината порака е дека ако сакаме да им помогнеме да се вклучат во сите сфери на општественото живеење, ние треба да се поистоветиме со нивната состојба и да ги разбереме нивните предизвици.

Секојдневието на лицата со оштетен вид, слух или говор не е ни малку лесно. Тие се соочуваат со предрасуди и дискриминација. Иако многу институции и организации работат на обезбедување патеки за лица со оштетен вид, литература со брајово писмо и преводи за глувонеми, сепак на тој план, како држава имаме уште многу работа.

Затоа сме денеска тука. Да ги поддржиме инклузивноста и солидарноста преку почитување и прифаќање на различностите. Во таа насока ќе спомнам два важни потфати.

Првиот е оној на Државното училиште за деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“. Ова училиште е основано со цел да ги едуцира и рехабилитира децата и младинците со оштетен вид до степен на осамостојување за професионален и личен живот. Неодамна, „Димитар Влахов“ стана дел од програмата „Супер училишта“, која е пак дел од „Шемата за размена на училишта на западниот Балкан“. Овој проект кој е поддржан од Европската Комисија, Германската агенција за меѓународна соработка и Регионалната канцеларија за младинска соработка има за цел да овозможи размена меѓу училиштата кои се истакнуваат со својот активизам и инклузивност.

Вториот потфат е оној на Филозофскиот факултет во Скопје. Неодамна, овој факултет стана првата инклузивна високообразовна институција во државата. Минатата година, мојот Кабинет потпиша меморандум за соработка со факултетот со кој, меѓу другото, е предвидена промоција на материјали печатени со Брајово писмо за ученици и студенти и изработка на материјали со фонт за лица со дислексија.

Денеска, тука со нас е и Беира Салифоска, која на 24 февруари оваа година, на Институтот за специјална едукација и рехабилитација при Филозофскиот факултет ја одбрани својата дипломска работа на тема „Предизвиците на лицата со оштетен вид за време на Ковид-19 пандемијата“. Со нејзиниот труд, желба и големата мотивираност, Беира покажа дека кога се сака, не постојат пречки и предизвици кои не можат да бидат надминати. Со својот пример, слично како Хелен Келер, Беира дава поттик на сите останати сограѓани, особено на лицата со оштетен вид да ги остварат своите желби и соништа.

Нема порелевантно мерило за карактерот на едно општество од односот кон неговите најранливи членови. Затоа, надлежните институции и граѓанските организации треба системски да работат на подигнување на општествената свест за целосно укинување на сите облици на дискриминација кон слепите лица. Унапредувањето на нивните права треба да биде наш заеднички приоритет, бидејќи општество во кое има простор за сите има повеќе шанси за успех.

The post Пендаровски се обрати на настан во рамки на програмата „Супер училишта“ во ДУРДМОВ „Димитар Влахов“ appeared first on Република.

]]>
Владата ќе одржи седница, на покана на премиерот Ковачевски ќе се обрати амбасадорката на Кралството Шведска https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vladata-ke-odrzhi-sednitsa-na-pokana-na-premierot-kovachevski-ke-se-obrati-ambasadorkata-na-kralstvoto-shvedska/ Tue, 07 Mar 2023 10:33:24 +0000 https://republika.mk/?p=616793

Владата на Република Македонија, денеска, 07.03.2023 година (вторник), ќе одржи седница.

На покана на премиерот Димитар Ковачевски, на почетокот на седницата ќе се обрати амбасадорката на Кралството Шведска, Ами Ларсон Јаин, која пред претставниците на Владата ќе направи осврт на приоритетите и актуелностите на шведското претседателство со Советот на ЕУ.

За заклучоците и одлуките од владината седница, јавноста ќе биде информирана по завршувањето.

The post Владата ќе одржи седница, на покана на премиерот Ковачевски ќе се обрати амбасадорката на Кралството Шведска appeared first on Република.

]]>

Владата на Република Македонија, денеска, 07.03.2023 година (вторник), ќе одржи седница. На покана на премиерот Димитар Ковачевски, на почетокот на седницата ќе се обрати амбасадорката на Кралството Шведска, Ами Ларсон Јаин, која пред претставниците на Владата ќе направи осврт на приоритетите и актуелностите на шведското претседателство со Советот на ЕУ. За заклучоците и одлуките од владината седница, јавноста ќе биде информирана по завршувањето.

The post Владата ќе одржи седница, на покана на премиерот Ковачевски ќе се обрати амбасадорката на Кралството Шведска appeared first on Република.

]]>
Путин ќе ѝ се обрати на нацијата на 21 февруари https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/putin-ke-se-obrati-na-natsijata-na-21-fevruari/ Fri, 10 Feb 2023 12:12:34 +0000 https://republika.mk/?p=607363

Рускиот претседател Владимир Путин на 21 февруари ќе одржи говор за состојбата на нацијата, соопшти денеска Кремљ.

Обраќањето на Путин ќе биде три дена пред првата годишнина од почетокот на руската воена офанзива во Украина.

„На 21 февруари претседателот на Руската Федерација ќе се обрати пред Федералното собрание (кое ги обединува двата дома на рускиот Парламент)“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Тој рече дека говорот ќе се однесува на „актуелната ситуација“, особено на руската офанзива во Украина и на економската ситуација во земјата, а ќе се одржи во Конгресната палата во близина на Црвениот плоштад.

Песков рече дека списокот на оние кои ќе бидат поканети, покрај пратениците, сè уште се подготвува и дека Кремљ сè уште не одлучил дали ќе акредитира странски новинари.

The post Путин ќе ѝ се обрати на нацијата на 21 февруари appeared first on Република.

]]>

Рускиот претседател Владимир Путин на 21 февруари ќе одржи говор за состојбата на нацијата, соопшти денеска Кремљ. Обраќањето на Путин ќе биде три дена пред првата годишнина од почетокот на руската воена офанзива во Украина. „На 21 февруари претседателот на Руската Федерација ќе се обрати пред Федералното собрание (кое ги обединува двата дома на рускиот Парламент)“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Тој рече дека говорот ќе се однесува на „актуелната ситуација“, особено на руската офанзива во Украина и на економската ситуација во земјата, а ќе се одржи во Конгресната палата во близина на Црвениот плоштад. Песков рече дека списокот на оние кои ќе бидат поканети, покрај пратениците, сè уште се подготвува и дека Кремљ сè уште не одлучил дали ќе акредитира странски новинари.

The post Путин ќе ѝ се обрати на нацијата на 21 февруари appeared first on Република.

]]>
Пендаровски ќе се обрати во Собранието на Република Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pendarovski-kje-se-obrati-vo-sobranieto-na-republika-makedonija/ Wed, 21 Dec 2022 18:04:12 +0000 https://republika.mk/?p=588515

Претседателот Стево Пендаровски, утре, 22 декември 2022 година, четврток, со почеток во 11:00 часот ќе се обрати во Собранието на Република Македонија.

Обраќањето ќе се пренесува во живо на Facebook профилот и YouTube каналот на претседателот Пендаровски.

The post Пендаровски ќе се обрати во Собранието на Република Македонија appeared first on Република.

]]>

Претседателот Стево Пендаровски, утре, 22 декември 2022 година, четврток, со почеток во 11:00 часот ќе се обрати во Собранието на Република Македонија. Обраќањето ќе се пренесува во живо на Facebook профилот и YouTube каналот на претседателот Пендаровски.

The post Пендаровски ќе се обрати во Собранието на Република Македонија appeared first on Република.

]]>
Вучиќ вечерва ќе ѝ се обрати на јавноста https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vuchikj-vecherva-kje-se-obrati-na-javnosta/ Thu, 15 Dec 2022 11:16:11 +0000 https://republika.mk/?p=585912

Српската влада вечерва ќе одржи седница, на која ќе присуствува и претседателот Александар Вучиќ, на која ќе се донесе одлука за враќање на војската и полицијата на Косово, по што е најавено обраќање на Вучиќ. Како што најави Вучиќ пред пет дена, усогласен е текстот со кој согласно Резолуцијата 1244 Србија ќе упати барање до КФОР да обезбеди распоредување на српската војска и полиција на Косово.

Според медиумите, седница на владата е закажано во 20 часот, а Вучиќ ќе се обрати на јавноста на РТС во 21 часот. Во текот на денот, тој е во работна посета на Унгарија, каде со унгарската претседателка Каталин Новак е во обиколка на привремените гранични бариери на унгарско-српката граница.

Вучиќ, како што пренесуваат медиумите ќе ја соопшти одлуката на владата, а се очекува да ги каже и деталите од вчерашните разговори со специјалните пратеници на САД и ЕУ, Габриел Ескобар и Мирослав Лакчак.

САД не се согласуваат со испраќањето барање до КФОР, а нивниот специјален пратеник за Западен Балкан, Габриел Ескобар, пред вчерашната средба со Вучиќ изјави дека САД категорично се противат на можноста за враќање на српските сили на територијата на Косово.

По средбата со Вучиќ, тој повтори дека САД „категорично го отфрлаат враќањето на српската војска на северот на Косово“.

-Не треба да ја милитаризираме оваа криза. Не е време да се користи војската, време е да се користи дипломатија, дијалогот и компромисот, како и имагинацијата, да се замисли што носи иднината на регионот, рече Ескобар.

И Германија не го поддржува испраќањето на српската војска на Косово.

Шефицата на германската дипломатија Аналена Бербок изјави дека враќањето на војската на Србија на Косово е неприфатливо.

Според Новости, во барањето на Белград за враќање на дел од војската и полицијата на Косово, детално се наведени причините зошто е неопходно доаѓањето на српските безбедносни сили, а со документот на командантот на меѓународната воена мисија Анџело Ристучи испратаени се шест детални прилози со податоци за заканите кон Србите и другите неалбанци.

 

The post Вучиќ вечерва ќе ѝ се обрати на јавноста appeared first on Република.

]]>

Српската влада вечерва ќе одржи седница, на која ќе присуствува и претседателот Александар Вучиќ, на која ќе се донесе одлука за враќање на војската и полицијата на Косово, по што е најавено обраќање на Вучиќ. Како што најави Вучиќ пред пет дена, усогласен е текстот со кој согласно Резолуцијата 1244 Србија ќе упати барање до КФОР да обезбеди распоредување на српската војска и полиција на Косово. Според медиумите, седница на владата е закажано во 20 часот, а Вучиќ ќе се обрати на јавноста на РТС во 21 часот. Во текот на денот, тој е во работна посета на Унгарија, каде со унгарската претседателка Каталин Новак е во обиколка на привремените гранични бариери на унгарско-српката граница. Вучиќ, како што пренесуваат медиумите ќе ја соопшти одлуката на владата, а се очекува да ги каже и деталите од вчерашните разговори со специјалните пратеници на САД и ЕУ, Габриел Ескобар и Мирослав Лакчак. САД не се согласуваат со испраќањето барање до КФОР, а нивниот специјален пратеник за Западен Балкан, Габриел Ескобар, пред вчерашната средба со Вучиќ изјави дека САД категорично се противат на можноста за враќање на српските сили на територијата на Косово. По средбата со Вучиќ, тој повтори дека САД „категорично го отфрлаат враќањето на српската војска на северот на Косово“. -Не треба да ја милитаризираме оваа криза. Не е време да се користи војската, време е да се користи дипломатија, дијалогот и компромисот, како и имагинацијата, да се замисли што носи иднината на регионот, рече Ескобар. И Германија не го поддржува испраќањето на српската војска на Косово. Шефицата на германската дипломатија Аналена Бербок изјави дека враќањето на војската на Србија на Косово е неприфатливо. Според Новости, во барањето на Белград за враќање на дел од војската и полицијата на Косово, детално се наведени причините зошто е неопходно доаѓањето на српските безбедносни сили, а со документот на командантот на меѓународната воена мисија Анџело Ристучи испратаени се шест детални прилози со податоци за заканите кон Србите и другите неалбанци.  

The post Вучиќ вечерва ќе ѝ се обрати на јавноста appeared first on Република.

]]>