обновливите извори на енергија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/obnovlivite-izvori-na-energija/ За подобро да се разбереме Thu, 20 Oct 2022 14:58:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png обновливите извори на енергија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/obnovlivite-izvori-na-energija/ 32 32 ОАЕ гледаат потенцијал за инвестиции во обновливите извори на енергија, агробизнисот и туризмот https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/oae-gledaat-potencijal-za-investicii-vo-obnovlivite-izvori-na-energija-agrobiznisot-i-turizmot/ Thu, 20 Oct 2022 14:58:33 +0000 https://republika.mk/?p=563648

Напорите на Владата ги прави за ублажување на последиците од енергетската криза и важноста од нови инвестиции за земјава, беа меѓу темите на средбата на премиерот Димитар Ковачевски со потпретседателот и премиер на Обединетите Арапски Емирати, шеикот Мухамед бин Рашид Ал Мактум.

Како што соопшти владината Прес-служба, по средбите со раководствата на инвестициските фондови во рамки на посета на ОАЕ, премиерот Ковачевски во разговорот со Ал Мактум, кој воедно е и министер за одбрана, искажа благодарност за приемот и за добрите односи меѓу двете земји со потенцијал за уште поголема соработка во иднина.

На средбата стана збор за напорите кои ги прави Владата за ублажување на последиците од енергетската криза, за важноста од нови инвестиции за нашата земја во услови на економско-енергетска криза, како и за важноста од поддршката од Фондовите за развојни проекти што ќе значат стимул за домашната економија.

Беше констатирано дека ОАЕ гледаат потенцијал за инвестиции во нашата земја и тоа во обновливи извори на енергија, агробизнис со фокус на производство на храна, туризам и инфраструктура, се додава во соопштението.

Како што посочуваат од владината Прес-служба, оваа средба значи потврда за продлабочување на натамошната соработка и продолжување на разговорите со инвестициските Фондови на Абу Даби за реализација на развојни инвестициски проекти.

The post ОАЕ гледаат потенцијал за инвестиции во обновливите извори на енергија, агробизнисот и туризмот appeared first on Република.

]]>

Напорите на Владата ги прави за ублажување на последиците од енергетската криза и важноста од нови инвестиции за земјава, беа меѓу темите на средбата на премиерот Димитар Ковачевски со потпретседателот и премиер на Обединетите Арапски Емирати, шеикот Мухамед бин Рашид Ал Мактум. Како што соопшти владината Прес-служба, по средбите со раководствата на инвестициските фондови во рамки на посета на ОАЕ, премиерот Ковачевски во разговорот со Ал Мактум, кој воедно е и министер за одбрана, искажа благодарност за приемот и за добрите односи меѓу двете земји со потенцијал за уште поголема соработка во иднина. На средбата стана збор за напорите кои ги прави Владата за ублажување на последиците од енергетската криза, за важноста од нови инвестиции за нашата земја во услови на економско-енергетска криза, како и за важноста од поддршката од Фондовите за развојни проекти што ќе значат стимул за домашната економија.
Беше констатирано дека ОАЕ гледаат потенцијал за инвестиции во нашата земја и тоа во обновливи извори на енергија, агробизнис со фокус на производство на храна, туризам и инфраструктура, се додава во соопштението.
  Како што посочуваат од владината Прес-служба, оваа средба значи потврда за продлабочување на натамошната соработка и продолжување на разговорите со инвестициските Фондови на Абу Даби за реализација на развојни инвестициски проекти.  

The post ОАЕ гледаат потенцијал за инвестиции во обновливите извори на енергија, агробизнисот и туризмот appeared first on Република.

]]>
Гутереш презентираше план за брза транзиција кон обновливи извори на енергија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/guteresh-prezentirashe-plan-za-brza-tranzicija-kon-obnovlivi-izvori-na-energija/ Wed, 18 May 2022 16:10:03 +0000 https://republika.mk/?p=503955

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш денеска претстави план од пет точки за забрзување на пошироката употреба на енергија од обновливи извори, со цел повторно да се насочи вниманието на светот кон климатските промени.

Треба да ставиме крај на загадувањето со фосилни горива и да ја забрзаме транзицијата кон обновлива енергија пред да го запалиме нашиот единствен дом. Времето изминува, рече Гутереш.

Во неговиот план, кој е поттик пред следната конференција на ОН за климатски промени во Египет во ноември, Гутереш повикува на трансфер на технологија и укинување на заштитата на интелектуалната сопственост поврзана со обновливите извори на енергија како што се системите за складирање енергија во батерии.

Гутереш, исто така, повикува на проширување на пристапот до синџирите на снабдување и суровините за технологиите за обновлива енергија, кои моментално се концентрирани во неколку земји. Неговиот план вклучува државни реформи за промовирање на обновливите извори на енергија, брзо укинување на државните субвенции за фосилни горива, кои моментално изнесуваат 500 милијарди долари (околу 475 милијарди евра) годишно, и зголемување на јавните и приватните инвестиции на најмалку 4.000 милијарди долари (3.802 милијарди евра), односно трипати повеќе од сегашните.

Гутереш изјави дека во моментов државните субвенции за фосилни горива се три пати повисоки од оние за обновливите извори на енергија. – Додека луѓето страдаат поради високите цени на бензинските пумпи, индустријата за нафта и гас жнее милијарди на деформираниот пазар. Тој скандал мора да престане, истакна генералниот секретар на Светската организација.

Светската метеоролошка организација (СМО) – агенцијата за метеорологија при ОН, претходно објави дека концентрациите на стакленички гасови, топлината на океаните, зголемувањето на нивото на морето и закиселувањето на океаните се искачиле на рекордно ниво минатата година.

Според извештајот на СМО за 2021 година, последните седум години биле седумте најтопли. Влијанието на екстремните временски услови доведе до смртни случаи, болести, миграција и економски загуби вредни стотици милијарди долари, што се случува и оваа година. ссм/

The post Гутереш презентираше план за брза транзиција кон обновливи извори на енергија appeared first on Република.

]]>

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш денеска претстави план од пет точки за забрзување на пошироката употреба на енергија од обновливи извори, со цел повторно да се насочи вниманието на светот кон климатските промени.
Треба да ставиме крај на загадувањето со фосилни горива и да ја забрзаме транзицијата кон обновлива енергија пред да го запалиме нашиот единствен дом. Времето изминува, рече Гутереш.
Во неговиот план, кој е поттик пред следната конференција на ОН за климатски промени во Египет во ноември, Гутереш повикува на трансфер на технологија и укинување на заштитата на интелектуалната сопственост поврзана со обновливите извори на енергија како што се системите за складирање енергија во батерии. Гутереш, исто така, повикува на проширување на пристапот до синџирите на снабдување и суровините за технологиите за обновлива енергија, кои моментално се концентрирани во неколку земји. Неговиот план вклучува државни реформи за промовирање на обновливите извори на енергија, брзо укинување на државните субвенции за фосилни горива, кои моментално изнесуваат 500 милијарди долари (околу 475 милијарди евра) годишно, и зголемување на јавните и приватните инвестиции на најмалку 4.000 милијарди долари (3.802 милијарди евра), односно трипати повеќе од сегашните. Гутереш изјави дека во моментов државните субвенции за фосилни горива се три пати повисоки од оние за обновливите извори на енергија. – Додека луѓето страдаат поради високите цени на бензинските пумпи, индустријата за нафта и гас жнее милијарди на деформираниот пазар. Тој скандал мора да престане, истакна генералниот секретар на Светската организација. Светската метеоролошка организација (СМО) – агенцијата за метеорологија при ОН, претходно објави дека концентрациите на стакленички гасови, топлината на океаните, зголемувањето на нивото на морето и закиселувањето на океаните се искачиле на рекордно ниво минатата година. Според извештајот на СМО за 2021 година, последните седум години биле седумте најтопли. Влијанието на екстремните временски услови доведе до смртни случаи, болести, миграција и економски загуби вредни стотици милијарди долари, што се случува и оваа година. ссм/

The post Гутереш презентираше план за брза транзиција кон обновливи извори на енергија appeared first on Република.

]]>
Бектеши: Со реализација на големи инвестиции во обновливи извори на енергија ги зголемуваме домашните капацитети и во услови на криза https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/bekteshi-so-realizacija-na-golemi-investicii-vo-obnovlivi-izvori-na-energija-gi-zgolemuvame-domashnite-kapaciteti-i-vo-uslovi-na-kriza/ Tue, 10 May 2022 18:34:48 +0000 https://republika.mk/?p=500656

Македонија има преземено низа мерки за справување со енергетската криза, било да се тоа времени мерки, кои имаат за цел да го намалат негативното влијание, особено за социјалните случаи на граѓаните, мерки за зголемување на производството на електрична енергија од домашни извори, но и намалување на цената на струјата за домаќинствата, истакна министерот за економија Крешник Бектеши во своето обраќање на Тирана економскиот форум.

Бектеши, како што информираат од Министерството за економија, кој говореше на панел дискусијата насловена „Енергетската политика во Албанија-Постигнување на енергетска независност и издржливост во енергетската криза” истакна дека со цел да се стимулираат потрошувачите да штедат струја во време на криза во финална фаза се реформите во делот на тарифите за електрична енергија, со поставување тарифни блокови.

– Направивме реформи во делот на тарифи за електрична енергија со што ќе се воведат блок тарифи со цел да ги стимулираме потрошувачите да штедат електрична енергија особено во услови на криза, рече Бектеши.

Тој потенцира дека Македонија започна процес на олеснување на процедурите за инвестиции во обновливи извори на енергија, вклучително и ветерна и сончева енергија.

– Македонија почна да ги олеснува процедурите за инвестиции во обновливи извори на енергија, вклучително и ветер и сончева енергија, така што обезбедивме дополнителни можности секое домаќинство да има можност да инвестира сопствени фотоволтаични панели со што секое домаќинство ќе може да се продава на пазарот по истата цена што ја купуваат од универзалниот снабдувач. Микро и малите компании ќе имаат можност да инсталираат до 40 kw со истиот модел, рече Бектеши.

Со олеснетите мерки, како што додаде министерот Бектеши, ќе се зголеми инсталациониот капацитет на електрична енергија од сонцето, дури и само кај домаќинствата и микро и малите компании во следните две години околу 150 до 180 мегавати, не земајќи ги предвид тековните инвестиции во Македонија од 140 мегавати и од приватни инвеститори во фотоволтаични центри.

Меѓу другото, Бектеши посочи дека треба да се насочат субвенциите, пред се на социјалните категории или домаќинства, семејства на кои тоа навистина им е потребно.

– Треба да се насочи потребата од субвенции и помош, имајќи предвид дека треба да им се помогне на социјалните категории или на оние домаќинства, на семејствата на кои навистина им е потребна и не можат да си ја дозволат почетната инвестиција со сопствени средства, но и во стимулација или иницијатива за кредитни линии што ги имаме. како што имплементира Македонија преку Банката за развој која е во состав на Министерството за финансии во Република Македонија, додаде министерот за економија, Крешник Бектеши.

The post Бектеши: Со реализација на големи инвестиции во обновливи извори на енергија ги зголемуваме домашните капацитети и во услови на криза appeared first on Република.

]]>

Македонија има преземено низа мерки за справување со енергетската криза, било да се тоа времени мерки, кои имаат за цел да го намалат негативното влијание, особено за социјалните случаи на граѓаните, мерки за зголемување на производството на електрична енергија од домашни извори, но и намалување на цената на струјата за домаќинствата, истакна министерот за економија Крешник Бектеши во своето обраќање на Тирана економскиот форум. Бектеши, како што информираат од Министерството за економија, кој говореше на панел дискусијата насловена „Енергетската политика во Албанија-Постигнување на енергетска независност и издржливост во енергетската криза” истакна дека со цел да се стимулираат потрошувачите да штедат струја во време на криза во финална фаза се реформите во делот на тарифите за електрична енергија, со поставување тарифни блокови.
– Направивме реформи во делот на тарифи за електрична енергија со што ќе се воведат блок тарифи со цел да ги стимулираме потрошувачите да штедат електрична енергија особено во услови на криза, рече Бектеши.
Тој потенцира дека Македонија започна процес на олеснување на процедурите за инвестиции во обновливи извори на енергија, вклучително и ветерна и сончева енергија.
– Македонија почна да ги олеснува процедурите за инвестиции во обновливи извори на енергија, вклучително и ветер и сончева енергија, така што обезбедивме дополнителни можности секое домаќинство да има можност да инвестира сопствени фотоволтаични панели со што секое домаќинство ќе може да се продава на пазарот по истата цена што ја купуваат од универзалниот снабдувач. Микро и малите компании ќе имаат можност да инсталираат до 40 kw со истиот модел, рече Бектеши.
Со олеснетите мерки, како што додаде министерот Бектеши, ќе се зголеми инсталациониот капацитет на електрична енергија од сонцето, дури и само кај домаќинствата и микро и малите компании во следните две години околу 150 до 180 мегавати, не земајќи ги предвид тековните инвестиции во Македонија од 140 мегавати и од приватни инвеститори во фотоволтаични центри. Меѓу другото, Бектеши посочи дека треба да се насочат субвенциите, пред се на социјалните категории или домаќинства, семејства на кои тоа навистина им е потребно.